Џесика Кјулик е блогер од Њујорк која додека патува низ светот се осврнува на својот роден град. Таа сфатила дека светот погрешно гледа на ноќниот живот во Њујорк и ни ги открива петте најчести митови поврзани со него.rnrn
rn
Мит бр. 1: Кери Бредшо
rnЏесика вели дека познава многу девојки кои се преселиле во Њујорк затоа што „биле инспирирани од Кери Бредшо“. Таа тврди дека ноќниот живот претставен во „Сексот и градот“ е само мит. Во серијата четирите пријателки собираат машки погледи и воздишки додека поминуваат по улиците во својата скапа облека и скапи чевли, а потоа налетуваат на богат маж кој е спремен да направи многу нешта за нив. Според Џесика, работите во реалноста стојат поинаку: девојката може да го чека своето згодно момче во некој бар, облечена во небрендирана облека. Додека чека се наоѓа некој друг маж кој нападно ќе ѝ се пушта, а кога момчето конечно ќе стигне ќе се налути поради тоа и веројатно ќе фрла погледи по други девојки.rn
Мит бр. 2: Сите се излезени во петок навечер
rnТочно е дека њујоршките барови и клубови се полни во петок и во сабота навечер, но не со Њујорчани. Оние што ќе ги сретнете таму најчесто се туристи или тазе богаташи преселени од руралните делови на Америка. Њујорчаните преферираат да излегуваат во работните денови. Градот нуди извонредна забава секој ден, па тие се решаваат да ги искористат разните попусти кои им се на располагање од понеделник до четврток. За викендите добар избор е седенка со друштво во нечиј стан.rnrn
rn
Мит бр. 3: Бруклин е популарен, значи Бруклин е одлично место
rnБруклин, некогаш сиромашниот дел на Њујорк, денес е местото каде што „живеат сите кул деца“. Сепак, Џесика вели дека тој дел на градот и покрај препородувањето што му се случи изминативе години и понатаму не е место на кое му се восхитува. Таа го вкусила ноќниот живот во Бруклин, но е разочарана од своето искуство, пред сè затоа што самите Бруклинци не се трудат да го подигнат својот стандард.rn
Мит бр. 4: Тајмс Сквер е центарот на њујоршкиот ноќен живот
rnНиту еден Њујорчанец не оди на Тајмс Сквер со драго срце. Таму е најголемата гужва која ја прават туристите, а тие не сакаат да гледаат како тинејџери вриштат пред зградата на Ем-ти-ви или туристи како надвор чекаат ред за маса во некој ресторан. Според Џесика, тоа е најпреценетиот дел на Менхетн.rnrn
rn
Мит бр. 5: Вреди да се чека во редица за влез
rnЌе се облечете во најубавата и најнова облека, ќе излезете со најубавите пријателки и пријатели, а потоа ќе чекате за влез во некој нов клуб или бар во кој се очекува да ги видите познатите од шоу бизнисот. Ќе се правите дека не ви е тешко што чекате долго за да изгледате кул, а кога конечно ќе влезете внатре, вие сте првиот гостин. Њујорчаните не го прават ова.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
