За време на новогодишните и божиќните празници, голем дел од времето го поминуваме седејќи дома со блиските и уживајќи во топлата атмосфера, најчесто стуткани на каучот пред телевизорот. За таа цел, тимот на Кафе пауза ви подготви листа на филмови кои ги доживеаја своите премиери во текот на 2011 и кои овие денови ќе ви ги исполнат со неверојатни приказни, смешни ситуации и потресни моменти.
rn
1. Нашиот брат идиот (Our Idiot Brother)
rn
Жанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 26 август 2011rnГлавни улоги: Пол Рад, Елизабет Бенкс, Зои Дешанел, Емили МортимерrnВреметраење: 90 минутиrnКратка содржина: Нед е непоправлив оптимист со позитивен пристап кон сè во животот. Сака да биде добар со сите, па непомислувајќи дека некој воопшто може да го намести, завршува во затвор заради продажба на марихуана на полицаец. Излегува од затвор обидувајќи се да си го врати животот, додека истовремено прави хаос од животите на неговите 3 сестри.rn
rn
2. Кој е твојот број (What’s Your Number)
rn
Жанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Ана Фарис, Крис ЕвансrnВреметраење: 106 минутиrnКратка содржина: Али е девојка која има спиено со многу мажи во животот, но ниеден не останал доволно долго за да стане нејзин потенцијален сопруг. Во едно списание случајно ќе прочита дека просечно жените спијат со по 10,5 мажи во текот на својот живот и сфаќа дека одамна ја поминала таа граница. Случајно сретнува едно поранешно момче кое се има трансформирано во прекрасен згоден маж. За жал, тој е на пат да ѝ го подари срцето на друга девојка – неговата вереница.rnrnТака таа одлучува да апстинира од влегување во нови врски и да провери што се случува со сите нејзини поранешни момчиња. Во тоа ѝ помага нејзиниот сосед Колин, кој пак и самиот завршува со различна девојка во кревет секоја вечер.rn
rn
3. (Новогодишна ноќ) New Year’s Eve
rn
Жанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 9 декември 2011rnГлавни улоги: Сара Џесика Паркер, Хилари Свонк, Џесика Бил, Ештон Кучер, Мишел Фајфер, Роберт де Ниро, Хали БериrnВреметраење: 118 минутиrnКратка содржина: Приказната на филмот ја градат многу ликови и нивните врски кои се испреплетуваат, а дејството се одвива во Њујорк, за дочекот на новата година. Филмот доби доста негативни критики, но приказната е новогодишна, играат многу познати глумци и е многу нов, па затоа и се најде на оваа листа.rn
rn
4. Настанокот на планетата на мајмуните (Rise of the Planet of the Apes)
rn
Жанр: драма, акција, научна фантастикаrnЈазик: англискиrnПремиера: 5 август 2011rnГлавни улоги: Џејмс Франко, Фрида Пинто, Џон ЛитгоуrnВреметраење: 105 минутиrnКратка содржина: Вил Родман се обидува да пронајде лек за својот татко кој боледува од Алцхајмерова болест. Тестирањата ги изведува на мајмуни, при што еден од нив се здобива со неверојатно интелигентни својства кои ќе му помогнат во ослободувањето на целиот негов вид и менување на планетата засекогаш.rn
rn
5. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)
rn
Жанр: комедија, фантазија, романсаrnЈазик: англиски, француски, шпанскиrnПремиера: 10 јуни 2011rnГлавни улоги: Овен Нилсон, Рејчел Мекадамс, Кети БејтсrnВреметраење: 94 минутиrnКратка содржина: Гил и Инес одат на краток одмор во Париз, како придружба на родителите на Инес, кои се таму на службено патување. Гил се заљубува во градот и додека неговата вереница ги поминува вечерите со нејзините пријатели кои таму ги среќаваат, тој секоја вечер на полноќ го открива Париз во најинспиративниот период, во 1920 година. Овие полноќни прошетки го доближуваат до неговата страст кон пишувањето и до некои ликови од минатото на кои целосно им се воодушевува, но истовремено се оддалечува од неговата вереница Инес.rn
rn
6. The Lincoln Lawyer (Адвокатот со Линколн)
rn
Жанр: криминалистика, драма, тирлерrnЈазик: англискиrnПремиера: 18 март 2011rnГлавни улоги: Метју Меконахи, Мариса Томеи, Рајан Филипrn Времетраење: 118 минутиrnКратка содржина: Мик е адвокат-бранител кој е препознатлив по неговиот автомобил Линколн. Тој е повикан да го застапува случајот на Луис, кој доаѓа од богата фамилија, а е обвинет за убиство на проститутка. Мик сака да ја знае вистината, а Луис тврди дека ја кажува. Но, копајќи по стари докази, Мик наоѓа нешто што овој случај го поврзува со поранешен случај против Луис. Тоа го усложнува целиот процес и повлекува нови криминални дејства.rn
rn
7. The Tree of Life (Дрвото на животот)
rn
Жанр: драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 17 мај 2011rnГлавни улоги: Бред Пит, Шон Пен, Џесика ЧестејнrnВреметраење: 139 минутиrnКратка содржина: Приказната се развива околу животот на едно семејство во 1950 година, кое се соочува со голема трагедија, загуба на еден член. Дејството го следи животот на најстариот син на семејството О’Брајан, Џек, од неговите невини, безгрижни години, па сè до неговото постење како возрасен, разочаран човек. Тој бара одговори за неговото потекло и за значењето на животот, додека истовремено ја преиспитува судбината.rnrnФилмот изобилува со апстрактни сцени, надреални експериментални елементи, нелинеарно дејство и карактеристичен спој на визуелното и аудитивното. Низ ваквиот спој со приказната, гледаме како бруталната природа и духовната милост ги обликуваат нашите животи, животите на нашите семејства, но и животот генерално.rn
rn
8. 50/50
rn
Жанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Џозеф Гордон-Левит, Сет Роген, Ана КендрикrnВреметраење: 100 минутиrnКратка содржина: Адам е 27-годишно момче кое има одличен живот, работи во радиостаница, има девојка и пријател кој му го прави секојдневието интересно. Открива дека боледува од редок тип рак на ‘рбетот, но додека се бори со болеста, заедно со неговата мајка, неговиот најдобар пријател и една млада терапевтка, сфаќа кои се всушност најважните нешта во животот.rn
rn
9. Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo)
rn
Жанр: криминалистика, драма, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 20 декември 2011rnГлавни улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер ПламерrnВреметраење: 158 минутиrnКратка содржина: Блумквист е новинар кој неславно си го нарушува својот имиџ откако ја губи правната битка за изречена клевета против еден милијардер. Набрзо потоа е повикан од страна на Хенрик Вангер, кој е пензиониран директор на корпорацијата Вангер за да го истражува исчезнувањето на неговата внука од пред 40 години. Во тоа му помага испирсаната, тетовирана хакерка Лизбет Саландер. Работејќи заедно тие откриваат ужасна семејна тајна.rn
rn
10. (Развод) Jodaeiye Nader az Simin
rn
Жанр: драмаrnЈазик: персискиrnПремиера: 16 март 2011rnГлавни улоги: Пејман Маади, Лејла Хатами, Сарех БајатrnВреметраење: 123 минутиrnКратка содржина: Брачна двојка живее во Иран, но ги разгледува можностите за селење со цел да ѝ овозможи подобри услови на својата ќерка. Симин сака да живее на друго место, додека нејзиниот сопруг смета дека треба да остане за да се грижи за неговиот болен татко кој пати од Алцхајмерова болест. Ова ќе доведе до нивно разделување.rn
rnВо продолжение, листата ја дополнуваме со филмови од 2011 година, за кои веќе сме пишувале:rnrnrn11. Лоша учителка (Bad Teacher) – комедијаrn12. Зараза (Contagion) – трилер, драмаrn13. Меланхолија (Melancholia) – драмаrn14. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.) – романтична комедија, драмаrn15. Возење (Drive) – акција, драма, трилерrn16. Само продолжи со тоа (Just go with it) – романтична комедијаrn17. Изворен код (Source Code) – научна фантастика, трилерrn18. Ужасни шефови (Horrible Bosses) – комедијаrn19. Живот во еден ден (Life in a Day) – документарецrn20. Послуга (The Help) – драмаrn21. Непознат (Unknown) – трилер, мистеријаrn22. Срам (Shame) – драмаrn23. Хана (Hanna) – акција, мистеријаrn24. Ранго (Rango) – анимација, комедија, авантураrn25. Деверуши (Bridesmaids) – комедијаrn26. Пуштени од ланец (Hall Pass) – комедијаrnrnИ ако сето ова не ви е доволно, погледнете ја и листата на романтични филмови.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.