Филм за однесувањето на луѓето во пост-апокалиптичен свет, за опстанокот и за вербатаrnrn
Локација и време: С. Америка, во иднинатаrnrnУлоги: Дензел Вашингтон, Гери Олдман, Реј Стивенсон, Мила Кунис, Џенифер БилсrnrnРежисери: Алберт Хаџис, Ален ХаџисrnrnЖанр: акција, трилер, авантура, драма, мистерија, вестернrnrnВреметраење: 118 мин.rnrnПремиера: 15 јануари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnВеб-сајт: thebookofeli.warnerbros.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrn[divider scroll_text=””]rnШто се случува со луѓето кога на светот каков што го знаеме сите му дошол крајот? – Тотална анархија, состојба во која луѓето не знаат за чувства и совест… сите живеат за да опстанат, а опстанокот на едните значи загрозување на животите на други. Во потрагата по храна, вода и безбедно преноќиште, малкумината кои го познаваат светот од порано, трагаат и по нешто многу позначајно – изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.rn[divider scroll_text=””]rnrnrn
Илај: „Сиве овие години ја носев (библијата) со себе и ја читав секојдневно, толку се занесов во чувањето, што заборавив да живеам според она што го научив од неа.“
rnНеговата цел е да ја заштити книгата која ја носи со себе и да ја однесе на запад каде може да добие значење од кое ќе се роди новиот свет. На патот е пресретнат од мафијашот Карнеги кој владее со едно опустошено и разрушено гратче. Откако тој ќе разбере дека Илај ја има светата книга, ќе се обиде да направи се за да ја добие. Имајќи ја, тој би владеел со луѓето.rnrnrnrnКинематографија: „Книгата на Илај“ е спој од уметнички кадри кој го одземаат здивот. Со оглед на тематиката, сосема оправдано се застапени тмурни и еднолични бои, помеѓу кои доминира бојата на земјената прашина. Затоа пак, специфичните локации кои се внимателно избрани (Ново Мексико), силно влијаат за доловување на чувството кое се стреми да го наметне приказната – самотија, напуштеност, суровост, нечовечност. Од ваквите кадри ќе посакате да си направите постер за во дневната соба.rnrnПерфектната кинематографија, специфично развиената приказна и улогата која беспрекорно ја носи Дензел Вашингтон до самиот крај, му даваат на овој филм, квалитети кои дефинитивно го разликуваат од останатите филмови од овој тип..rnrnrn.rn
Солара: „Како беше порано?“rnИлај: „Луѓето имаа повеќе отколку што им беше потребно. Немавме поим што е скапоцено, а што не е. Фрлавме ствари за кои денес луѓето се убиваат едни со други.“
rnКога и како да го гледате? Филмот гледајте го во друштво за да не се почувствувате како да сте сами во светот кој станал одвратно место за живеење. Сепак, гледајте го внимателно и посветено, иако и нема да можете поинаку. Тој самиот ќе ви го привлече вниманието. Совршено би било филмот да го гледате на филмското платно или барем на голем екран или проекција. Но, ако не сте во можност, направете си мини домашно кино – испружете се на каучот во дневната соба, изгасете го светлото и уживајте на раат, без да ве вознемируваат.rnrnrnrnСлични филмови: „Јас сум легенда“, „Воден свет“, „Пат“ (не го препорачуваме), „Лудиот Макс“rn









