Приказна за текот на животот кој се одредува уште од самото раѓање, за семејството и семејните драми, за животот во изобилие наспроти скромниот живот кој е судбина на две тинејџеркиrnrn
Главни улоги: Кејти Леклерк, Ванеса Марано, Констанс Мари, Д.В. Мофет, Леа Томпсон, Лукас ГрејбилrnrnЖанр: семејна драмаrnrnПремиера: 6 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnЗаменети при раѓање зборува за две различни семејства во кои живее по една тинејџерка на иста возраст. Едното живее во богатство и изобилие, тоа е семејство од високата класа, семејство кое вози скапи автомобили, приредува добротворни забави и ги праќа своите деца во скапи приватни училишта. Другото семејство е сосема нормално, типичен претставник на работничката класа, составено од мајка која заработува како фризерка и нејзината ќерка тинејџерка, кои одамна се напуштени од непознатиот татко. Сè изгледа навистина нормално, освен што не е баш…rn———————————————————————————————————————————————————————–rn
rnПриказна: Ќерката на Џорџи, Дафни е глува од малечка, кога нејзиниот слух настрадал како резултат на менингитис. Оттогаш нивниот живот претставува тешка борба за нормален живот, да се биде нормално прифатен од средината, додека истовремено средината треба да има разбирање за потребите кои ги наметнува таквата состојба. Сепак, и покрај слабата финансиска состојба, животот во периферијата и отсуството на машка фигура во семејството, изгледа како Џорџи и Дафни да се снаоѓаат сосема добро, па дури постои и некоја ведрина во нивните животи.
На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни.
Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.
Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.


Порака: Заменети при раѓање сака да го прикаже проблемот со слухот и користењето знаковен јазик, како нешто нормално, како дел од животот со кој многумина се соочуваат. Згора на тоа, Кејти Леклерк, која ја толкува улогата на Дафни, има проблем со слушањето и во вистинскиот живот, како и луѓето од нејзината средина во серијата, што на приказната ù дава автентичност, како резултат на одличната, природна глума.
Кога и како да ја гледате: Бидејќи е семејна драма, оди одлично по заедничкиот семеен ручек, во присуство на сите членови. Засега се прикажани 5 епизоди, па тек треба да чекаме да се развива дејството и да видиме што ќе понуди приказната. Во секој случај, замислата е интересна, оригинална и барем засега ветува добар развој во иднина.
Слични серии: „Родители“, „Седмо небо“, „Неочекуван живот“, „Три Хил“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Главни улоги
Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“?
Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.
Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. 
На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.
Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата.
Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси.
Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа.
Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrn

Главни улоги:
Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. 
Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. 





Режија:
Низа различни прашања како загуба на родител или пак, дилемата на доктроската етика да лекуваш некој кој знаеш дека безмислосно убил илјданици луѓе, во овој филм се третираат од еден аспект, неправдата и човечкиот однос кон тие проблеми. Дека понекогаш е нормално, и покрај целиот труд, сепак, да се скршиш и да се претвориш во нешто што не го сакаш, но најважно е да станеш свесен за тоа и да ја продолжиш борбата за подобро јас понатаму.



Главни улоги
Приказна

И покрај тоа што сексот е застапен во секоја епизода, централниот фокус на серијата е поставен во психологијата на личноста на Хана, нејзината борба сама со себе, да успее да води паралелен живот, притоа не откажувајќи се од работата која ја исполнува, ниту од нормалниот живот на една девојка.rn



Режија: 
Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.
Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.




Режија:

Неговата авантура продолжува, сè додека не му се случи мала незгода. Спуштајќи се по карпите, тој се лизнува и паѓа во тесниот кањон, и притоа огромна карпа целосно му ја приклештува раката за едниот ѕид. Тука работите стануваат интересни и непредвидливи. Со многу малку храна и вода, фото-апарат, камера, џебно ноже, батерија и неколку јажиња тој прави чуда за да преживее физички, но пред сè и психички, борејќи се со сопствените чувства и халуцинации.
Камера и глума:


Режија:
Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.



Режија:
Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди. Во овој дел се запознаваат и многу нови ликови, меѓу кои се Барби и Кен.rn




Режија:
Целата оваа морбидна семејна идила ја нарушува Кристина, чуварка во фирмата каде што работи таткото. Тој повремено ја носи девојката во куќата со цел да има секс со синот, за да го прочисти од неговите машки нагони. Но, сето тоа се менува кога Кристина решава сексуално да си поигра со една од ќерките. Тука ланците почнуваат да се кинат. „Песјак” е снимен за да биде извртена рефлексија во огледалото на сето она што на овој свет е сметано за нормално. Она што те тера да повратиш во овој филм е направено без помпа, додека најприродната работа како водењето љубов помеѓу маж и жена, во „Песјак” е морничава.rnrnЕдна од главните причини за горчливиот вкус по филмот е и феноменалното портретирање на инфантилните сестри. Агелика Папулија ја игра постарата сестра кај која веќе почнува по малку да се појавува бунт којшто е повеќе пасивен, но во таа мирна и болна атмосфера секако е забележлив. Таа повеќе се бунтува против себеси отколку кон оние вистински виновници и сé уште немо ги прифаќа шлаканиците. Но, до кога? Покрај неа е Мари Цони, помладата сестра, која пак е дете заробено во тело на возрасен човек, таа го бара тато кога и е потребен и послушно ги исполнува сите наредби. 

rnrn