КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • Романтична драма која ќе ја изгледате во еден здив!

    Романтична драма која ќе ја изгледате во еден здив!

    Летото се приближува кон крајот и се враќаме на вообичаените рутини. Во последно време има многу интересни филмови и серии, а овој пат ви предлагаме една нова романтична драма која сигурно ќе ја изгледате во еден здив.rnrnРомантична драма на Нетфликс која ќе ја изгледате во еден здив!rnrn„The Lost Husband“ e романтична драма која ја раскажува приказната за една нова љубов што се раѓа после загубата на саката личност. После смртта на сопругот Либи наоѓа нова љубов и започнува врска во која мора внимателно да ги вклучи своите деца, а и животот што го водела досега. Оваа приказна ќе ве потсети дека во животот она што е важно се љубовта и среќата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=DXcYWLu8tx4&feature=emb_titlernrnПогледнете ги овие романтични комедии што ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта.

  • Кралици на драмата: 5 хороскопски знаци кои мора да бидат главните ликови во која било претстава

    Кралици на драмата: 5 хороскопски знаци кои мора да бидат главните ликови во која било претстава

    Целиот свет е театар и сите ние сме актери во оваа голема претстава наречена живот. На некои луѓе им треба повеќе драма во животот, без оглед на тоа дали станува збор за облеката, за изгледот или за начинот на разговарање. Астролозите велат дека постојат хороскопски знаци кои се повеќе склони кон драма и тие мора да бидат главните ликови во која било претстава. Откријте дали ве има на овој список.rnrnКралици на драмата: 5 хороскопски знаци кои мора да бидат главните ликови во која било претставаrn

    1. Лав

    rnНеговите карактеристики и неговото однесување се театрални, а дури и заслепувачките работи што ги носи  на себе се театрални.rnrnХаризмата на Лавовите привлекува, тие пленат и ги освојуваат другите луѓе многу лесно. Припадниците на овој хороскопски знак едноставно не можат да живеат ако не се во центарот на вниманието.rn

    2. Девица

    rnДевиците лесно се вознемируваат и тоа не е улогата што ја играат, туку нивниот вистински карактер. Начинот на кој тие ги искажуваат своето знаење и искуство никогаш не е здодевен или банален.rnrnОвие личности не се обидуваат да бидат во центарот на вниманието, тоа се случува многу природно.rn

    3. Скорпија

    rnСкорпиите се вистински актери кои ги внесуваат сите свои страсти при играњето на улогата. Тие не заостануваат кога се повредени и не се плашат од конфликти.rnrnЛичностите родени во овој хороскопски знак не очекуваат ништо и може да ве фасцинираат кога ќе видите како се борат за внимание.rn

    4. Бик

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак може да облечат здодевна облека и веднаш да заблескаат дури и во неа.rnrnСите сметаат дека Бикот е тврдоглав, но тоа не е ништо друго освен неговата претстава.rn

    5. Вага

    rnВагите не сакаат конфликти, но им се допаѓа начинот на кој луѓето комуницираат.rnrnОвие личности имаат одреден стил што привлекува и се доволно дружељубиви за да имаат поддршка во секоја ситуација.rnrnПрочитајте кои се најнељубезните хороскопски знаци.

  • 4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените

    4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените

    Иако вие сакате да се воздржите од каква било драма, универзумот ќе предизвика изненадувачка напнатост на најромантичниот ден во годината. Хороскопските знаци што ќе бидат емотивно погодени од позицијата на Месечината обично не се наоѓаат среде драма, па нема да може да се справат со новонастанатата ситуација.rnrn4 хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубенитеrnrnДобрата вест е дека овие хороскопски знаци сепак може да уживаат во Денот на вљубените ако внимателно ги испитаат сопствените чувства и ако одвојат време да разговараат со партнерот пред Месечината да ги инспирира да се нурнат во емотивната бездна. Погледнете кои хороскопски знаци ги очекува драма за Денот на вљубените.rn

    Водолија

    rnФрустрациите на работното место може да создадат конфликт во вашиот личен живот бидејќи постои можност да ве натераат да останете на работа прекувремено. Наместо да се вознемирувате, обидете се да се фокусирате и да ги завршите задачите, но и малку да ги поместите плановите. Останувањето прекувремено на работа за да го завршите тоа што го работите ќе ви се исплати понатаму.rn

    Бик

    rnБиковите ги контролираат своите чувства прилично добро, но вашите емоции може да бидат засилени за Денот на вљубените. Тоа ќе предизвика да им се спротивставите на другите ако не ве третираат онака како што заслужувате. За да избегнете драма, обидете се веднаш да ги решите сите нерешени проблеми што ги имате со партнерот. Пронајдете мирен и јасен начин за комуникација додека сè уште можете да ги контролирате своите чувства.rn

    Лав

    rnПодгответе се за бура затоа што ќе бидете изгубени во вашите емоции, а тоа е навистина голем предизвик за вашата личност. На овој ден е најдобро да останете дома наместо да правите големи планови. Ако сакате да избегнете драма, поминете ја вечерта во мирна атмосфера без да чувствувате притисок дека треба да стигнете навреме или дека треба да внимавате да бидете постојано расположени затоа што сте во јавност.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите ќе почувствуваат низа екстремни емоции на Денот на вљубените – ќе бидат расположени, а потоа нема да бидат расположени, ќе бидат премногу критички настроени кон себе, ќе бидат недоверливи и сл. Треба да бидете подготвени за интензивните емотивни предизвици. Сè додека сте искрени, можете да избегнете драма. Објаснете му на вашиот партнер што се случува со вас и обидете се да не се потпирате на моменталното расположение.rnrnПрочитајте кои 8 работи (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените.

  • ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

    ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

    Во Лондон за време на раните 1900-ти години, Џорџ и Ејми се обидуваат да почнат заеднички живот кој ќе биде прекинат од марсовска инвазија на Земјата

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Еленор Томлисон, Рејф Спал, Џонатан АрисrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnПремиера: 6 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=r-yas0yPbLUrnrnИзгледа дека никогаш нема да ни здодее да гледаме како оживуваат дел од нашите омилени приказни, особено оние што се култни како книгата „Војна на световите“ (The War of the Worlds) од Х. Г. Велс. Овој пат, преку кратка ТВ серија, имаме можност да видиме британска верзија на епскиот напад на Земјата од страна на напредна вонземна раса. И иако Том Круз овој пат не е дел од тимот, сепак приказната има добар потенцијал.rnrnrnrnПред да решите дали ќе ја гледате оваа ТВ серија треба да ве предупредиме дека не е толку динамична и брза како книгата или пак, како досегашните адаптации. Приказната тече бавно, дозволувајќи ни да впиеме што е можно повеќе детали од околината и карактерите. Ова ќе ве направи да се чувствувате како и вие да сте дел од настаните. Што се однесува до специјалните ефекти, подобро е да не очекувате многу бидејќи можете да бидете разочарани.rnrnrnrnНајдобриот дел од оваа приказна е внимателно одбраниот тим актери кои завршуваат навистина добра работа. Еленор Томлисон сјае во улогата на тврдоглавата Ејми која е вистинскиот протагонист на приказната. Може слободно да се каже дека таа и ја носи целата ТВ серија на својот грб. Но да не должиме и да не случајно ви откриеме нешто што не треба – ако сте расположени за добра научна фантастика базирана на класика, дајте ѝ шанса на серијата!

  • ТВ серија: Појава (Emergence)

    ТВ серија: Појава (Emergence)

    Полициски началник истражува случај со мало девојче кое ќе биде пронајдено во мистериозна несреќа

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Алисон Толман, Алекса Свинтон, Роберт Бејли ЏуниорrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Тара Батерс, Мишел ФазекасrnrnПремиера: 24 септември 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aAD2deAqxCErnrnАко сте расположени за добар мистериозен трилер, тогаш се наоѓате на вистинското место. Оваа ТВ серија ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај, не откривајќи ви ништо сè додека не дојде вистинскиот момент. И сите теории што ќе ги создадете во меѓувреме, најверојатно нема да бидат вистинити, бидејќи развивањето на приказната е толку добро и детално направено, што едноставно нема да можете ништо да предвидите.rnrnrnrnПриказната започнува со мистериозно урнување на авион, каде што началникот на полицијата на мало, заспано гратче, Џоу Еванс (Алисон Толман) ќе пронајде мало девојче без ниту една гребнатинка на неа. Таа уште веднаш ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Токму затоа и ќе ја однесе во својот дом. Но, нештата нема да се смират тука. Одеднаш цела група негативци ќе почнат да ја ловат малата Пајпер (Алекса Свинтон), а меѓу неа и нив ќе стои само храбрата Џоу!rnrnrnrnДосега има излезено само 3 епизоди од оваа ТВ серија која покажува голем потенцијал, па не знаеме многу за приказната. Тоа што може да се забележи од нив е дека најверојатно оваа драма ќе има и натприродни елементи, бидејќи Пајпер изгледа дека поседува некаков вид телекинетски моќи. Ве заинтересиравме? Без разлика дали ќе решите да почнете да ја гледате веднаш или ќе почекате прво да излезат сите епизоди, ви гарантираме дека во никој случај нема да бидете разочарани!

  • Филм: Ад Астра (Ad Astra)

    Филм: Ад Астра (Ad Astra)

    Астронаутот Рој Мекбрајд тргнува во мисија низ Сончевиот систем за да ја открие вистината за неговиот исчезнат татко и неговата мисија што му се заканува на универзумот

    rnРежија: Џејмс ГрејrnrnУлоги: Бред Пит, Томи Ли Џоунс, Рут НегаrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 20 септември 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, авантура, мистеријаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=SYLQdxec5lMrnrnАд Астра во превод од латински значи до ѕвездите, и токму тоа е главната тема на овој филм. Станува збор за вселенска драма која ќе ве одведе од Земјата, до месечината, па до Марс и на крај сè до Нептун, потсетувајќи ве на една од најголемите животни лекции. Моќната порака што ја пренесува овој филм со Бред Пит во главната улога, ќе ве замисли и ќе ве натера да се запрашате што можете да смените во вашиот живот за да се доближите до она што навистина ви треба и што го сакате. Она што вам ви е најважно. Исто така ќе ви покаже и дека понекогаш тоа што очајно го бараме во далечината, а не можеме да го пронајдеме, всушност отсекогаш било до нас.rnrn rnrnИако станува збор за вселенска драма, со елементи на авантура и мистерија, сепак треба да ве предупредиме дека станува збор за многу, многу бавен (на моменти и досаден ако очекувате акција) филм. Друго нешто што е важно да го знаете пред да решите да го гледате е дека приказната е фокусирана на односот помеѓу Рој (Брад Пит) и неговиот исчезнат татко, Х. Клифорд (Томи Ли Џоунс). Иако можеби вниманието ќе ви биде одвлечено од многуте настани што се случуваат околу Рој (психолошките проверки, војните на месечината, експериментите со животни во вселената…), нема да добиете одговор на ниту едно прашање за нив и ќе остане на вашата фантазија за да ги пополните дупките.rnrn rnrnИмајќи го тоа на ум, целото патување на Рој, кое е истовремено и физичко и психолошко, е објаснето толку детално, што и вие ќе се почувствувате како да минувате низ истото. Тој трагајќи по татко си, всушност е во потрага по себе. Рој цел живот се борел со чувството дека не припаѓа на планетата, дека не треба да биде меѓу други луѓе и дека неговото место е меѓу ѕвездите, исто како татко му. Тој дури и ќе ја загуби љубовта на животот поради тоа. Но, како што ќе се доближува до Нептун, и како што ќе открива повеќе за кој навистина бил татко му, така тој и конечно ќе сфати кој е, но и што ќе изгуби ако конечно не се приземји.

  • ТВ серија: Друг живот (Another Life)

    ТВ серија: Друг живот (Another Life)

    Вселенскиот брод Салваре, под водство на Нико, тргнува во мисија што ќе го промени човештвото засекогаш

    rnГлавни улоги: Кејти Сакоф, Семјуел Андерсон, Блу ХантrnrnЖанр: авантура, драма, мистеријаrnrnКреатор: Арон МартинrnrnПремиера: 25 јули 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=qAtBbgtMnZ8rnrnАко сте ја гледале ТВ серијата „Ноќни летачи“ (Nightflyers), тогаш едноставно нема да можете да не чувствувате дежа ву при одредени сцени и во оваа. Тоа може и да ви пречи, особено ако не ви се допаднала првата. Да бидеме искрени, нема да ве обвиниме за ова, бидејќи како што се развиваше приказната, така таа стануваше сè поапсурдна. За разлика од неа, „Друг живот“ почнува послабо, но со секоја нова епизода приказната станува подобра и подбра. Дур стигнете до крајот, веќе ќе се чувствувате како да сте гледале една од најдобрите научни фантастики на декадата.rnrn rnrnПриказната започнува со лансирањето на вселенското возило Салваре, чија мисија е да открие каде се испраќаат сигналите од непознатото вселенско летало што слетало на Земјата. Луѓето долго се обидувале да комуницираат со него, но неуспешно. Но, кога конечно ќе откријат каде се испраќаат мистериозните сигнали, Нико ќе поведе тим истражувачи со неа за да воспостават прв контакт со вонземјаните. Тие се впуштаат во една од најтешките мисии досега што целосно ќе го промени човештвото!rnrn rnrnКако и во секоја друга вселенска мисија, така и овој пат екипажот брзо почнува да се соочува со проблеми. Од предавство до погрешни процени – екипажот ќе претрпи многу загуби дур стигне на крајната дестинација. Да не зборуваме и за фактот дека локацијата била погрешно одредена, па нивното патување ќе трае многу подолго од очекуваното. Дали тие ќе го издржат ова и дали ќе успеат да воспостават прв контакт? Останува на вас да гледате за да откриете!rnrn

  • ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

    ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

    3 средношколки формираат неочекувано пријателство откако се запознаваат на група за поддршка

    rnГлавни улоги: Бријана Хилдербранд, Киана Мадеира, Куинтеса СвинделrnrnЖанр: драмаrnrnКреатори: Ејми Анделсон, Емили Мејер, Кристен СмитrnrnПремиера: 14 јуни 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xz1IkeXs6yIrnrn„Тракатанци“ е една од новите драми на Нетфликс што ни ја раскажува приказната за три средношколки што не можат да се воздржат да украдат нешто ситно од продавниците што ги посетуваат. Тие не го прават тоа поради немање финансии, туку исклучиво за возбудата што им ја предизвикува. Токму затоа и се притиснати од најблиските да посетуваат група за поддршка за луѓе што се борат со истиот проблем.rnrn rnrnЕлоди (Бријана Хилдербранд), Моу (Киана Мадеира) и Табита (Куинтеса Свиндел) на прв поглед изгледаат како да припаѓаат на сосема различни светови. Но, нивната тајна ќе ги зближи и ќе им помогне да формираат цврсто пријателство базирано на разбирање, доверба и почит. Тие ќе почнат да поминуваат сè повеќе време заедно и да си ги споделуваат сите оние тајни што долго време ги чувале само за себе. Со оглед на тоа што сите три ги очекува многу тежок период, изгледа како нивното пријателство да е судбинско.rnrn rnrnАко сте расположени за лесна драма, што ќе го исполни вашето попладне со смеа но и солзи, тогаш оваа ТВ серија е одличен избор за вас. Не само што ќе се поврзете со младите девојки, туку исто така и ќе се замислите за вашиот живот – ќе почнете да се прашувате дали тоа е тоа што навистина го сакате и дали можете да направите нешто да го подобрите, исто како и главните хероини во „Тракатанци“.rnrn

  • ТВ серија: После живот (After Life)

    ТВ серија: После живот (After Life)

    По неочекуваната смрт на неговата сопруга, Тони се претвора од добар во човек, во импулсивен злобник којшто не се грижи за ништо и за никого

    rnГлавни улоги: Рики Гервес, Том Басден, Тони ВејrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eIGGKSHMQOMrnrnТони не е лош човек. Баш напротив, тој има нежна и мила душа, полна со љубов. Но, откако ќе ја изгуби жената од своите соништа, тој едноставно нема да знае како да продолжи да биде човекот кој беше покрај неа. Тони дури и ќе помисли да се самоубие, бидејќи болката е преголема за него, но неговото куче ќе го спаси, така што ќе му побара храна. Тој нема да сака да го остави гладно, па ќе стане да го нахрани и во тие моменти ќе направи договор со себе – ќе продолжи да го живее животот без никакви правила, ќе прави сè што сака, како што сака и кога сака и кога ќе му дојде премногу, едноставно ќе стави крај. Во неговите мисли, ова е како еден вид супермоќ.rnrn rnrnТони ќе почне да живее без влакна на јазикот и без никаков обѕир кон последиците од своите дела. Тој ќе биде брутално искрен, директен и нема да се грижи дали притоа можеби повредува некого со своите зборови. Токму ова ќе го одведе на необичен пат, каде што ќе запознае многу нови луѓе, сите со свој сет проблеми и потешкотии. И пред да забележи, неговата константна тага ќе почне да се меша со куси, но интензивни моменти на смеа и среќа. Но, дали тоа ќе биде доволно за да го натера Тони да почне повторно да оди меѓу живите? Или пак, тагата ќе победи и тој сепак ќе одлучи да престане да постои, заедно со својата сопруга?rnrn

  • ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    Цинична млада жена од Њујорк постојано умира и се враќа назад, неколку часа порано, на забавата што ѝ е приредена за нејзиниот 36-ти роденден

    rnГлавни улоги: Наташа Лион, Чарли Барнет, Грета ЛиrnrnЖанр: комедија, драма, мистеријаrnrnКреатори: Лезли Хедленд, Наташа Лион, Ејми ПоелерrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YHcKoAMGGvYrnrnРуската кукла позната како матрјошка или бабушка, е серија од тркалезни дрвени жени со розови образи, скриени една во друга. Секоја од овие насмеани кукли изгледа целосно сè додека не ја свртите и отворите, притоа откривајќи ја нивната шуплина во која се крие друга кукла. Само најмалото девојче, со големина на кикиритка има цврсто јадро. Оваа кукла изобилува со метафори. Исто како и ТВ серијата со истото име.rnrn rnrnРуска кукла е една од најдобрите ТВ серии за 2019 година досега. Таа е составена од 8 епизоди и лесно може да се категоризира како драмедија (комбинација од драма и комедија). Дејството се врти околу антихеројот Надја, која се опишува како цинична и самодеструктивна девојка од Њујорк со глас сличен на Марџ Симпсон. Таа полни 36 години, па првата епизода започнува со бледото зјапање на Надја во одразот на огледало во тоалет, на забавата што нејзините пријателки ја подготвиле за неа.rnrn rnrnНо, има нешто чудно во врска со овој роденден, нешто што не ја остава Надја на мир. Наместо да ужива со нејзините најблиски, таа си оди порано за да се забавува со непознат странец. Часови подоцна, таа ја забележува нејзината исчезната мачка, па излетува на улица без да погледне дали има автомобил и е удрена од такси… дур трепне, таа повторно е во истиот тоалет каде што ја започна вечерта, избезумена. Што се случи со неа? Дали таа почина? Дали доби втора шанса? Дали можеби го изгуби умот? Ќе треба да ги изгледаме сите епизоди за да дознаеме!