ТВ серија за натприродната моќ, која доаѓа без разлика дали ја сакате или не, за обидот таа да се контролира, за спротивставувањето на црната магија и откривањето на долгогодишните мистерии во Ченс Харборrnrn
Автор: Ел Џеј Смит („Вампирски дневници“)rnrnГлавни улоги: Британи Робертсон, Томас Декер, Гејл Харолд, Фиби Тонкин, Шели ХенигrnrnЖанр: драма, хорор, мистерија, романсаrnrnПремиера: 15 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 45 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnШто ако цел живот сте криеле некој потенцијал за кој не сте биле свесни? Потоа, во еден момент, една случка ви го менува цел живот, и тогаш, колку и да е голема трагедијата, всушност дознавате кои навистина сте. Можеби дознавате повеќе одошто сакате или сте добиле повеќе одошто сте барале, но иако ја имате моќта да се занимавате со натприродното, сепак ви недостасува една вештина – да се откажете од таквата моќ по сопствена желба.rn———————————————————————————————————————————————————————rn
rnПриказна: Кеси Блејк е 16-годишна тинејџерка, која живее со својата мајка во Калифорнија. За жал, нејзината мајка е жртва на трагична несреќа во пожар, од кој не успева да се извлече. Ова ја води Кеси во Ченс Харбор, измислено гратче во Вашингтон, каде се вселува во куќата на нејзината баба. Ова е мало место во кое се чини, сите знаат повеќе за Кеси одошто таа знае за себе.
Овде Кеси се среќава со неколку нејзини врсници кои како да го очекувале нејзиното пристигање за конечно да ù покажат што таа може да прави, да ù објаснат која е и што е – моќна вештерка, а потоа и да ја убедат да стане дел од „кругот“. Таа е изненадена и не верува во ништо, но набргу Адам, со кој воедно е „напишано во ѕвездите“ да бидат заедно, ù ја покажува моќта која ја има во себе.
Соединувањето во кругот станува неизбежно, но тоа не ги решава сите проблеми. Она што сега го искусува оваа група од 6 тинејџери, влече свои корени од нивните родители и од родителите на нивните родители. Многу од нив починале од чудна смрт, а оние кои останале живи, прават доволно сплетки за да се запрашате кого всушност се обидуваат да заштитат.
Кога и како да ја гледате: Иако некои епизоди имаат повеќе хорор елементи од други, мистеријата е она што провејува во текот на целото дејство на серијата. Поради ова, добро е, но не и задолжително, да ја гледате навечер. Бидејќи во делови од светот се прикажува во четврток, веќе во петок станува достапна за гледање и кај нас, па ако не излегувате на почетокот од викендот, фино ќе ви „легне“ тогаш.rnrnНе ви е потребно друштво. Ова е серија за да се замотате во ќебенце пред компјутерот или телевизорот и да изгледате дури 2-3 епизоди едно по друго на само.rnrnАко сепак сакате да лумпувате во петок навечер, слободно пуштете ја наредниот ден наутро, додека се „трезните“ со утринското кафе.
Слични серии: „Вампирски дневници“, „Младиот врколак“, „Натприродни“, „Убави мали лажливки“
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
И во двете филмски етапи, фокусот е на меланхолијата само гледана во поинаков контекст. Од една страна, на нејзината разорна моќ како болест во еден мини семеен универзум, а од друга, како планета која ќе не срамни со земја. Како и да е, ефектот е ист само прашањето е дали уништувањето е физичко или пак психичко. Покрај очигледните анализи, Трир наметнува и прашања за односот кон смртта, за тоа каде се, во одредени ситуации, границите на лудоста и на нормалноста, за безрезервните семејни односи. Сепак, успева да задржи цврста филмска линија која е (по)едноставна да се следи.
Кинематографија:
Кога и како да го гледате:
rnrn
Режија
Плус, тој не бил сингл две декади и не знае ни како да се однесува со други жени. Поминувајќи ја секоја вечер во локалниот бар, осамен, очаен и намуртен, го запознава неодоливиот триесет и нешто годишен Џејкоб, секси маж, кој ќе го учи како да брка женски и да ја врати мажественоста во себе. Со цел да му помогне на Кал да ја преболи жена му, Џејкоб му ги отвора очите кон многу можности: како да заведува згодни девојки, да пие „машки“ алкохолни пијалаци и да оформи сопствен имиџ. 
Кал и неговата жена Емили не се единствените кои ја бараат љубовта на погрешно место. Нивниот тринаесетгодишен син Роби е лудо заљубен во неговата седумнаесетгодишна бебиситерка Џесика, која пак е вљубена во татко му, Кал.
Веднаш зад него е Стив Карел кому одлично му прилега улогата на маж во години, кој е „изгубен во вселената“ откако жена му го остава за друг. Останатите актери во филмот, како Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон и четиринаесетгодишниот Џона Бобо, одлично си ја донесуваат нивната улога, исто така.



Режија:
Додека минуваат минутите во „Возење“, речиси во секој момент имате барем по едно мало неодговорено прашање кое ве „копка“, па од пасивен, се трасформирате во љубопитен гледач и чекате одговор на некое „зошто“ и „како“.rnrnРајан Гослинг својот лик го гради и зацврстува меѓу вербалните паузи, а верувајте дека ги има многу. И иако во периодов е пред сè познат како момчето по кое тинејџерките лудуваат или едноставно кажано „poster boy“, Рајан почнува паметно да гради и сериозен актерски багаж, кој со сигурност ќе го одвои од трупата холивудски глумци кои самите себеси се заглавуваат во еден актерски калап и постојано одбираат ист тип улоги. Веднаш до него во „Возење“ е Кери Мулиган. Со оглед дека Гослинг го крева нивото во филмот, оваа млада актерка е веднаш до него и според емоцијата и според точните реакции.



Режија:
Сепак, иницијаторот на големите дејствија во филмот е Еугенија (Ема Стоун), која е поинаква од нејзините врснички. Се обидува да стане новинарка, нема и немала момче и на крајот на краиштата, не се однесува со презир, надмоќ и гадење кон црните жени. Таа решава да напише книга во која ќе ја прикаже приказната на слугинките, нивното гледање на белото семејство, на сето она низ кое мора секојдневно да поминуваат. Прва прозборува Ејбелин (Виола Дејвис), а по неа Мини (Октавија Спенсер), а по нив… и многу повеќе слугинки.
Во „Послуга“ речиси воопшто не може да се почувствува досада и „спуштање“ на дејствието. Толку е преполно со нови моменти, со воајерско навлегување во животите и на госпоѓите и на слугинките, што тоа постојано темпо како гледач комплетно те исполнува и забавува (ако воопшто тоа е идејата на филмот).rnrnВо ова кинематографско парче, иако на моменти се појавува хумор, тој повеќе ни се дава дозирано и на лажичка отколку во големи дози. Почести се тие емотивни сцени од кои на некои ти доаѓаат солзи во очите, а од други само пцовки во устата. Интересно е што комплетното дејство не заглавува само на расизмот, туку се води и една мала заднинска приказна за бела жена која исто така е дискриминирана од префинетите дами, што значи дека тој начин на однесување е повеќе вродено чувство и некои луѓе во светот едноставно го имаат, без разлика дали им е диктиран од некој закон или пак времето во кое живеат.

rn
Режија:
Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „



Главни улоги:
Дејството станува интересно откако добива едно анонимно злобно писмо кое е составено од неколку пораки кои го напаѓаат начинот на кој таа го живее животот, но истовремено на некој начин и ù помагаат да ги совладува секојдневните предизвици. Нејзиниот обид да одговори на писмото проследен со случаен пад, води до општата слика која изгледа како обид за самоубиство. Џена воопшто не е таков тип човек, но изгледа дека таа е единствената која верува во тоа. Како и да е, оваа лажна несреќа го насочува вниманието на целото училиште кон неа, па набрзо многуте вперени погледи во знак на сожалување стануваат мерка за нејзината голема популарност.
Напоредно со нејзината животна драма, таа води тајна врска со Мети Меккибен, кој е ултрапопуларен згоден дечко за кој никој не би поверувал дека има врска со девојка како Џена. Но, на Мети му се допаѓа Џена, само што не е сигурен дека сака јавноста тоа да го знае.rn
Мајка ù на Џена немала време да ги проживее своите младешки години онака како што е нормално бидејќи останала бремена како многу млада, па со својата лудост изгледа како да го живее тинејџерскиот живот наместо нејзината ќерка. За среќа, нејзиниот татко е малку поразумен, па постои некој хармоничен баланс во семејството.rn
Во животот на Џена има пријатели и непријатели, родители и други возрасни кои се однесуваат како деца… Фокусот е целосно на неа, на тој начин откривајќи ги и карактеристиките на другите ликови во серијата.rn
Глумата е одлична, сцените се ведри, а хуморот дозиран, онаков од кој нема да ви доаѓа премногу.
rnrn
Главни улоги


На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.



Режија:
Иако филмовите за трговија со бело робје се можеби веќе кажана работа, свежината на „Свиркачот“ е во тоа што прво е правен според вистинита приказна, а второ открива да кажеме една „

Кога и како да го гледате:
rn
Главни улоги:

Приказната е толку едноставно поставена, а толку сложено се развива. Нема епизода која ќе ве разочара (освен можеби една или две), нема момент кој ќе ви дозволи да одлутате, нема секунда во која ќе престанете да се запрашувате што ќе се случи потоа.




rnrn