КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

    ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

    ТВ серија за изборот, должноста и за животот помеѓу два сосема различни света – медицината и мафијатаrnrnТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Главни улоги: Џордана Спиро, Жељко Иванек, Вилијам ФорсајтrnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnКреатори: Џош Берман, Роб РајтrnrnПремиера: 16 септември 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnКога го видовте насловот сигурно си помисливте „ах, уште една медицинска драма“. Се согласуваме дека веќе има премногу вакви ТВ серии кои горе-долу ја обработуваат истата тематика, но во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Во „Докторот на мафијата“ има целосно испреплетување на доброто и злото, лагата и вистината, стравот и сигурноста… како и сосема нов поглед во животот на оние кои поседуваат целосна моќ да спасуваат или пак, да убиваат.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Грејс (Џордана Спиро) стажира во една болница во Чикаго каде што е една од најдобрите млади хирурзи. Но, тоа што никој не го знае за неа е дека таа живее на работ помеѓу два света. По сплет на околности таа станува должник на мафијата и мора да биде достапна за нив исто толку колку што е достапна и за болницата во која работи. Од друга страна, и покрај сè, таа себеси се обврзува да ја почитува заклетвата која ја направила кога станала доктор и токму поради тоа мора постојано да одржува рамнотежа помеѓу нејзините обврски, што и не секогаш е многу едноставна работа.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Досега се излезени само две епизоди кои не ни откриваат многу за животот на ликовите, но досегашните критики велат дека оваа ТВ серија има потенцијал да го достигне успехот како и останатите популарни медицински драми. Во некои постапки ликот на Грејс малку наликува и на д-р Хаус, но сепак таа е сосема различна од типичната „докторка“ која можете да ја видите на малите екрани. Ако го обожавате овој жанр, дајте ù шанса барем на првата епизода. Поради мистеријата која ја крие буквално секој лик, нема да можете да одолеете да продолжите редовно да ја следите…ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Костуми (Suits)

    ТВ серија: Костуми (Suits)

    ТВ серија за професионалните предизвици и за секојдневната борба да се биде најдобар во она што се работи rnrnТВ серија: Костуми (Suits)Главни улоги: Патрик Џеј Адамс, Габриел Махт, Рик ХофманrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Арон КоршrnrnПремиера: 23 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 2rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnОдамна не сме препорачале ТВ серија која е толку добра за да заслужи сериозна 9-ка. За ваква оценка, не е доволно таа да е само интересна, забавна и заразна, потребно е да биде сплет од овие неколку работи, но и да има нешто плус. Во „Костуми“ тоа е инспиративноста – чувството кое ви се создава додека ја гледате, кое ве држи кога ќе престанете и спонтано ги менува вашите погледи за професионалниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)Харви Спектор е успешен адвокат во престижна адвокатска компанија, кој е познат по својот остроумен шарм и по тоа дека секогаш победува. Неговите обврски наложуваат да најми асистент, чие место случајно го пополнува Мајк Рос. Мајк никогаш не завршил правни студии, но многупати полагал правосуден испит за други. Има неверојатна способност за помнење, доволно е само еднаш да прочита нешто за тоа да остане запаметено во неговата глава. Импресионирајќи го Харви на интервјуто за работа, тој ја добива шансата да го живее својот сон.ТВ серија: Костуми (Suits)Нека не ве одбива правниот аспект во приказната. Навистина, сè во серијата се базира на правото, но случаите се интересни, а нивното вешто решавање проследено со неуспеси и надмудрувања, „местенки“ и финти ќе направи да посакате да ја работите оваа работа, дури и ако вашиот сон е нешто друго. Хуморот во серијата е стегнат, вплеткан во куси интервали помеѓу редици сериозни правни дијалози. Просто, немате време да се изнасмеете кога ќе се случат.ТВ серија: Костуми (Suits)И глумата во серијата е фантастична. Ќе биде невозможно да не го сакате Харви Спектор, без разлика дали како љубовник или како ваш идол, да се воодушевувате на држењето на неговата шефица Џесика – сопственичката на фирмата, да го презирате неговиот опонент Луис, да посакате да имате колешка како неговата асистентка Дона и да сочувствувате со Мајк, кога се сопнува на интригите кои му ги приредуваат поискусните.ТВ серија: Костуми (Suits)Најсилно од сè е што во секоја епизода градуално се зголемува елементот на емотивност кој ги поврзува карактерите и прави да се чувствувате како да сте дел од нивниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)ТВ серија: Костуми (Suits)Досега се излезени вкупно 22 епизоди организирани во 2 сезони, но ако почнете да гледате „Suits“, брзо ќе сфатите зошто продолжението закажано за јануари, 2013 изгледа толку далечно.ТВ серија: Костуми (Suits)
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Завет (The Vow)

    Завет (The Vow)

    Филм за моментите кои можат засекогаш да го променат текот на живототrnrnЗавет (The Vow)Режија: Мајкл СаксиrnrnУлоги: Рејчел Мекадамс, Ченинг Тејтум, Скот Спидман, Сем Нил, Џесика ЛангrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 февруари 2012rnrnЖанр: романса, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnОткако ќе го изгледате овој филм ќе си помислите дека е базиран на некој од романите на Николас Спаркс, но всушност се работи за книгата „Завет“ (The Vow) напишана од брачниот пар Ким и  Крикит Карпентер кои во неа ја раскажуваат својата животна приказна. Во 1993 година, десет недели по нивната венчавка, тие двајцата доживеале ужасна сообраќајна несреќа. Ким поминал со лесни повреди, но Крикит останала четири месеци во кома. Кога се разбудила не се сеќавала на периодот во кој била во врска со својот сегашен сопруг, ниту на венчавката. Од тој момент лудо вљубениот Ким започнал нова борба за освојување на срцето на својата сопруга. Денес живеат во среќен брак. Заслугите ги припишуваат на заветите кои си ги дале на венчавката.rnrnСвесни за сличноста со романтичните новели на Спаркс и нивните успешни екранизации, холивудските продуценти направиле интересен спој на актери. Ликот на Пејџ го глуми Рејчел Мекадамс, која се појави како Али во „Страници на нашата љубов“ (The Notebook), а Лео го игра Ченинг Тејтум кој порано сме го виделе како Џон во „Драги Џон“ (Dear John). И повторно, Мекадамс е девојката од соништата која се љуби цел живот, а Тејтум е мажот за кој вреди таа да се откаже од сè и да го помине остатокот од животот со него.rnrnОчигледно дека веќе испробаниот рецепт дава резултат, па крајниот продукт е 104 минути исполнети со романтични сцени кои изобилуваат со нежност и беспоштедна борба во име на љубовта.rn



    rn

    rnrnПриказна: Лео и Пејџ се лудо вљубена двојка која штотуку стапила во брак. Таа привршува со студиите на Институтот за уметност, откако го оставила дотогашниот живот зад себе. Не можела да го поднесе фактот што нејзините родители ѝ наметнуваат стегнат стил на живот, нејзиното дотогашно момче и неинтересниот правен факултет. Си заминала од дома, го сретнала Лео, сопственик на музичко студио, се вљубила, а потоа и се омажила за него.Завет (The Vow)Завет (The Vow)Една ноќ тие двајцата ќе доживеат тешка сообраќајна несреќа. Лео ќе помине со полесни повреди, но Пејџ сериозно ќе настрада. Оштетувањата на мозокот ќе предизвикаат губење на меморијата од последните неколку години. Таа нема да се сеќава на својот сопруг, на романсата со него, ниту на нивната венчавка.rn
    rn

    „Животот е составен од моменти кои се судираат меѓу себе и засекогаш ги менуваат нашите животи. Но, што ако еден ден не можеш да се сетиш на нив?“ – Лео

    rnЗавет (The Vow)Завет (The Vow)Лео ќе се најде во многу непријатна ситуација, која понатаму само ќе се влошува. Ќе даде сè од себе за да ја потсети Пејџ на нештата кои ги заборавила. Ќе ја однесе во станот каде што живееле, на местата каде што излегувале, на местата за кои ги врзуваат спомени… но тоа нема да му донесе ништо. Таа ќе се врати на својот поранешен начин на живот. Ќе се пресели кај родителите, времето ќе го поминува со старите пријатели, повторно ќе се запише на правен факултет, а ќе се сретне и со поранешното момче Џереми чудејќи се зошто не се сè уште во врска.Завет (The Vow)Завет (The Vow)Во меѓувреме состојбата со меморијата на Пејџ никако не се подобрува. Лео делува загубено, но силната љубов нема да му дозволи да ја загуби надежта и ќе продолжи да се бори за одново да го освои нејзиното срце.Завет (The Vow)Завет (The Vow)Кога и како да го гледате: „Завет“ е филм кој се врти околу митот за совршена љубов во еден несекојдневен сплет на околности. Кога на тоа ќе се додаде приказната за девојка која живеела стегнат живот според строго дефинирани правила, од кој се откажала за да живее слободен уметнички живот и е вљубена во уметник, јасно е дека филмот е идеална можност за привремено бегство од реалноста. Тој пред сè е наменет за женската публика, но не е премногу „лигав“ за да не можат да го гледаат и машките. Можете да го гледате сами или во друштво на љубители на овој жанр во кое било време резервирано за релаксација.rnrnЗавет (The Vow)
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Недофатливите (The Intouchables)

    Недофатливите (The Intouchables)

    Филм за тешките човечки судбини, социјалните разлики и инцидентните пријателства…rnrnНедофатливите (The Intouchables)Режија: Ерик Толедано и Оливие НакашrnrnУлоги: Франсоа Клузе, Омар Си, Ана Ле НиrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: францускиrnrnПремиера: 02 ноември 2011, БелгијаrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn


    Кога хуманоста умерено ќе се нагласи, таква каква што и може да се очекува во реалноста, а хуморот ќе ве остави гладни за уште, веднаш станува јасно дека зад филмот не стои Холивуд. Се работи за европска драма, која се темели на вистинска приказна. Во нејзиниот фокус се социјалните разлики и тешки човечки судбини, но неизбежната патетика е сведена на минимум. Токму така, приказната е суптилна, во европски стил. Единствена мана е тоа што во филмот речиси и да нема никаква тензија.rnrn „Недофатливите“ стигна до заработка од 281 милион долари, девет номинации за „Цезари“ и едно признание за најдобра машка улога, на 37-то издание на француските филмски награди, кои претставуваат своевиден еквивалент на „Оскарите“. Тој е во првите три најгледани европски филмови за изминатата година. Киносалите изброија преку 20 милиони гледачи.rnrnrn


    rn

    rnПриказна: Ноќ во Париз. Во фокусот е црн автомобил кој беснее по улиците и го привлекува вниманието на полицијата. Вистински адреналински почеток за прилично мирниот остаток од дејството на филмот, во кој комичните елементи не се многу на број, но се умешно одбрани и добро спакувани. Автомобилот го управува Дрис (Омар Си), проблематично, но харизматично момче од сиромашно гето, а на совозачкото седиште е Филип (Франсоа Клузе), парализиран богат аристократ, кој останал инвалид како резултат на параглајдерството. Ќе ги спои темпераментот и зависноста од адреналин, но за сосема различни работи. На пример, и двајцата се страсни уживатели на музиката, но како што и претпоставувате, жанровите кон кои се наклонети се меѓусебно скарани. 🙂Недофатливите (The Intouchables)Дрис доаѓа од многучлено семејство, во кое тој не е единствениот проблем. Буквално по грешка станува негувател на Филип, бидејќи се пријавува за работното место, сигурен дека ќе го одбијат, само за да добие потпис со кој ќе продолжи да зема социјална парична помош. Сосем неочекувано, неговиот арогантен однос и бунтовен дух ќе му ја загарантираат работата.rnrnВо филмот, високите банкарски сметки на Филип од една страна се прикажани како практични, но небитни, како нешто што не може да ви ја даде посакуваната моќ, но од друга страна и како оружје со кое најлесно се доаѓа до решение на проблемите. Дали станува збор за баланс или за контрадикторност, оценете сами.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Кинематографија: На моменти ќе се соочите со темни, празни и безлични сцени, но на моменти ќе уживате во кадри со совршено небо, мирен океан и разиграни бои, налик разгледници од Париз. Можеби приказната е веќе продадена во Холивуд, но начинот на кој се подредени сцените и уметничкиот пристап во секоја од нив, прават впечаток дека се работи за нешто сосема поинакво. Инаку, нема долго да се дружите со тмурните моменти или барем нема силно да ги почувствувате, бидејќи повремено нив ги разбива дискретно уфрлена силна боја (најчесто црвена) или по некоја забавна реплика. Но, како и да е, ведрите сцени остануваат подолго во сеќавање. Секоја од нив е проследена со соодветна музичка поддршка. 🙂Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Улоги: Може слободно да кажеме дека Омар Си заслужено доби „Цезар“ за најдобра машка улога на француските филмски награди. За огромната популарност на филмот и неговото претворање во меѓународен хит, најверојатно придонесува и тоа што Омар е силно обожуван и ултрапопуларен кај публиката. Тој совршено се надополнува со неговиот партнер во филмот, Франсоа Клузе, кој пак е зачудувачки умерен и смирен во неговата задача. И останатите нивни колеги одлично се носат со улогите. Тие се како мали, но неопходни парчиња од мозаикот.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Кога и како да го гледате: Гледајте го навечер, со пријателите кои обожаваат малку драма и европски хумор. Чипс и пивце се добредојдени. Со оглед на тоа што трае безмалку два часа, заземете си ги вашите омилени положби за гледање филм и стиснете плеј. 🙂 Големото платно не е задолжително, бидејќи филмот не изобилува со ефекти, но, сепак, не е лошо пред да одлучите да го гледате, да проверите дали е можеби на репертоарот, на пример, во Кинотеката на Македонија.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Филм за проблемите и предизвиците на британската разузнавачка служба во времето на студената војна…rnrnСкитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Режија: Томас АлфредсонrnrnУлоги: Гери Олдман, Џон Харт, Колин Фирт, Том Херди, Марк СтронгrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англиски, руски, француски, унгарскиrnrnПремиера: 6 јануари 2012rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    „Скитник, кројач, војник, шпион“ е филм снимен по истоимениот роман на Џон Ла Каре, напишан во 1974 година. Зборува за британската разузнавачка служба во времето на студената војна, за начинот на кој се справувала со проблемите, внатре и надвор од неа. Иако, екранизацијата на романот беше окарактеризирана како исклучително ризичен потег на шведскиот режисер, филмот сепак стигна до три номинации за Оскар, за најголемо филмско музичко достигнување, за најдобра главна улога и за најдобра адаптација на сценарио. rnrnЗа разлика од досегашните шпионски филмови, во ова остварување куршумите се помалк убројни, драматичните „бондовски“ акции сведени на минимум, а интелигенцијата искачена на пиедесталот. Сцените се уникатни, тензични и непредвидливи, а фотографијата навистина беспрекорна.



    rn

    rnПриказна: Шефот на британската разузнавачка служба – МИ6 (Џон Харт) се сомнева дека меѓу нив има шпион, кој со години им дава доверливи информации на Русите. Тој одлучува да поведе истрага, потпирајќи се на неговиот лојален пријател, агентот Џим (Марк Стронг). Го испраќа на тајна задача во Будимпешта, за да се сретне со унгарски генерал, кој треба да му продаде информации и да му го открие идентитетот на шпионот во нивните редови. Но, не оди сè по планираното, агентот е застрелан и операцијата се откажува.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Немајќи друг избор, шефот на МИ6 познат под шифрата „Контрола“ ја напушта функцијата, односно се пензионира заедно со неговиот пријател и колега Џорџ Смајли (Гери Олдман). Кусо после повлекувањето, умира. На чело на службата застанува Перси (Тоби Џонс). Во новонастанатите околности, Смајли одлучува да ја преземе истрагата која ја започна „Контролата“ и да го пронајде предавникот. Во таа мисија ги вклучува неговите луѓе од доверба, Питер (Бенедикт Кумбербат) и Рики (Том Херди). Но, шпионот ниту на повидок, се наоѓаат на крстосница без ниту еден знак…Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Филмот е мистерија до самиот крај. Колку и да се обидувате, нема да можете да ја одгатнете предвреме. Низ безброј заплети и неочекувани пресврти, прецизно е прикажано како британската разузнавачка служба функционирала за време на студената војна. Во текот на целиот филм службата ја нарекуваат „Циркус“. Тоа се должи на нејзината местоположба, бидејќи се наоѓала во близина на циркусот Кембриџ, а името на филмот доаѓа од старата англиска бројалица  „Tinker, Tailor, Soldier, Sailor, Rich Man, Poor Man, Beggar Man, Thief“.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Глума: За улогите не би зборувале многу. Само ќе ви кажеме дека речиси сите глумци сме ги виделе во остварувања каде се надминале себеси. Ова не е едно од нив. Би ја издвоиле единствено руската актерка Светлана Кодченкова, за која можеме да кажеме дека одлично се снаоѓа во друштвото на големите ѕверки. Карактеристично е и тоа што покрај Кодченкова, во филмот се појавуваат само уште неколку жени. Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Кога и како да го гледате: За викенд! Бидете добро одморени и потрудете се концентрацијата да ви биде на исклучително високо ниво. Во спротивно или предвреме ќе заспиете или ќе останате со прашалници во главата. Филмот го заслужува вашето внимание, но не два пати. 🙂Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрите христијанки (Good Christian Belles)

    Добрите христијанки (Good Christian Belles)

    ТВ серија за животот на група христијанки и за новиот почеток на нивната поранешна соученичка…rn

    ДХУ (GCB)Креатор: Роберт Харлинг

    rnГлавни улоги: Лесли Биб, Ени Потс, Кристин Ченоувет, Дејвид Џејмс Елиот, Џенифер Аспен, Бред Бајер, Мириам Шор, Марк Деклин, Марисол Николс и Тајлер Џејкоб МурrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Добредојдовте во Далас, Тексас каде што секој ден е „судниот“ ден. Од креаторот на „Сексот и градот“ доаѓа нова ТВ серија која ќе ви покаже што се случува доколку одлучите да си играте со Тексас. Работите никогаш не се такви како што изгледаат и оваа серија совршено го доловува тој момент. Непредвидливите ситуации проследени со хумористични пресврти целосно ќе го задржат вашето внимание и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие необични и добри христијанки-убавици.rn



    rn

    rnПриказна: Аманда Вон (Лесли Биб), поранешна „лоша девојка“ е приморана да се врати дома откако нејзиниот брак завршува со скандал. Нејзината мајка Џиџи (Ени Потс) е пресреќна бидејќи добива втора шанса со својата ќерка, но поранешните соученички на Аманда не го делат нејзиното мислење. Предводени од Карлин Кокбрн (Кристин Ченоувет), Крикет Карут-Рејли (Мириам Шор) и Шерон Пичам (Џенифер Аспен) се потсетуваат на старите лоши времиња и пробуваат да ги „израмнат сметките“ со Аманда. Но, тие полека ќе почнат да сфаќаат дека таа веќе не е тоа што била во средно училиште.ДХУ (GCB)Карлин и Рип Кокбрн (Дејвид Џејмс Елиот) имаат таканаречен „совршен“ христијански брак. Карлин постојано се води според Библијата и во некои ситуации кога ќе тргне во погрешна насока, Рип е тука да ја потсети на вистинскиот пат. И покрај тоа што таа воопшто не ја сака Аманда, нејзините верувања ја спречуваат да ја мрази и да ù наштети на кој било начин, па затоа постојано смислува креативни и „легални“ начини за да ù се спротистави.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Шерон и Зек Пичам (Бред Бајер) биле кралот и кралицата на матурската вечер, најубавиот пар во училиштето. Тие имале големи планови за иднината, но некако работите не им испаднале баш така како што си ги замислувале. Враќањето на Аманда ќе предизвика низа настани кои ќе ги потсети на оние работи кои тие навистина ги сакаат. Што се однесува до Крикет и Блејк Рејли (Марк Деклин), тие имаат малку специфичен брак кој се темели на длабоко пријателство, но не и на љубов. И двајцата имаат партнери надвор од нивната врска – Крикет најчесто излегува со нејзините инструктори (таеквондо, јога…), додека пак Блејк е повеќе заинтересиран за личности од машкиот пол.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Заедничко кај сите овие ликови е неделната посета на црквата. Пастор Џон Тудор (Тајлер Џејкоб Мур) e проповедник во таа црква и покрај неговата редовна работа многу често има улога и на брачен советник, како и на официјален психолог во предградието. Најтешката задача му е да се справува со групата на христијанките-убавици и поради тоа ќе ја вработи Аманда како негова секретарка за да му помага во одредени „тешки“ ситуации. Оваа нова позиција на моќ нема многу да им се допадне на девојките, но Аманда одлично ќе ја искористи за да докаже дека е сменета, како и за да поправи некои сфаќања за жените кои владеат во нивното предградие.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Кога да ја гледате: Оваа ТВ серија е одлична за време на паузата за кафе. Непредвидливите ситуации целосно ќе го задржат вашето внимание, а хумористичните пресврти ќе ве насмеат до солзи и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие девојки кои секојдневно дознаваат нешто повеќе за себе и за нивните најблиски.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Буден (Awake)

    Буден (Awake)

    ТВ серија за еден детектив, кој живее два паралелни животи, едниот со неговата сопруга, другиот со неговиот синrnrnБуден (Awake)Главни улоги: Џејсон Ајзекс, Лора Ален, Стив Харис, Дилан Минет, Вилмер Валдемара, Б.Д. Вонг, Чери ЏоунсrnrnЖанр: криминалистика, драма, трилерrnrnКреатор: Кајл КиленrnrnПремиера: 1 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Кога имаме лоши соништа, сакаме само да се разбудиме за да најдеме утеха во реалноста, а понекогаш дури сакаме да продолжиме да сонуваме за да го решиме случајот кој ни создавал мака додека сме спиеле. Замислете како би изгледал животот кога будењето од еден сон веднаш би нè сместувало во друг и кога двата последователни соништа всушност креираат само една реалност. Сон или јаве, впрочем не е ни важно, важно е да ни се допаѓа она што притоа го искусуваме.rnrn



    rn

    rnПриказна: Семејството на полицискиот детектив Мајкл Бритн е жртва на ужасна сообраќајна несреќа, во која животот го губи еден од неговите членови. Ќе помислите дека тоа е жена му, додека не ја видите следната сцена во која Мајкл се буди наидувајќи на синот во својата кујна. Нормално, во второто сценарио, недостасува сопругата.Буден (Awake)Буден (Awake)Во едниот живот тој носи црвено ластиче на раката, на тој начин помагајќи ѝ на публиката да го следи дејството во кое преживеаниот член на семејството е неговата сопруга Хана. Во другата реалност носи зелено ластиче за да го симболизира животот со неговиот син. Двајцата преживеани во двете паралелни реалности на различен начин се обидуваат да излезат на крај со загубата, но интересно е дека Мајкл функционира сосема добро. Тој има можност да го живее животот со двајцата, не обидувајќи се да навлезе во суштината на неговиот необичен животен тек.Буден (Awake)Во двата животи, Мајкл посетува двајца различни психотерапевти кои го убедуваат дека она што го искусува во другиот живот е само многу реален сон и репрезентација на неговата загуба.Буден (Awake)Буден (Awake) Тој има и различен партнер во секој од паралелните животи, кои пак не знаат за неговата друга реалност.Буден (Awake)Паралелно со неговиот двоен приватен живот, имаме можност да го следиме и напредокот во неговата детективска кариера. Ова пак е резултат на тоа што одредени знаци од едниот живот му помагаат во решавањето на случаите од другиот.Буден (Awake)Што е причината за постоењето на двете подеднакво реални реалности во кои живее детективот Мајкл Бритн сè уште не ѝ е откриено на публиката, но дознаваме дека сообраќајната несреќа е наместена од „високите фаци“ во неговиот полициски оддел.Буден (Awake)Кога и како да ја гледате: Гледајте ја кога сте одморени за да можете да ги поврзувате знаците кои се испреплетуваат меѓу случаите од двата животи на детективот Бритн. Уште поважно, не гледајте ја токму пред спиење, бидејќи може да се разбудите во некоја неочекувана реалност. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Челичната дама (The Iron Lady)

    Челичната дама (The Iron Lady)

    Автор: Симона РистоскаrnrnКоја е цената што треба да ја плати интелигентна и амбициозна жена во време во кое владеат мажите, уште повеќе, во светот на политиката?rnrnЧеличната дама (The Iron Lady)Режија: Филида ЛојдrnrnСценарио: Аби МорганrnrnУлоги: Мерил Стрип, Џим Броудбент, Александра Роуч, Ричард Е. Грант…rnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, биографијаrnrnПремиера: 13 јануари 2012rnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnВаша оценка: [ratings]
    rnrn


    Оваа прекрасна, интимна приказна за животот на првата претседателка на Конзервативната партија и првата претседателка на Владата на Велика Британија, не може, а да не ве остави без зборови.  Приказна за неверојатната упорност и амбициозност на жената која не потклекна пред социјалните и полови бариери и остави свој траг во историјата. rnrnФилмот ја следи нејзината борба за успех, непоколебливата верба во себеси  и патот што треба да го изоди една ќерка на трговец, за да дојде на позиција на првата жена премиер во Велика Британија и таму да остане цели 11 години.


    rn

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Приказна: Според голем дел од критичарите, освен беспрекорната глума на Мерил Стрип, филмот ја губи својата насока и не ѝ оддава доволно почит на самата Маргарет Тачер. Наводно, целата приказна се врти околу Маргарет, која веќе е во поизминати години и за жал страда од деменција, па токму поради тоа нејзините сеќавања врз кои се гради филмот се измешани и му додаваат некоја доза на конфузија. Но, од друга страна, токму тие сеќавања и халуцинации со веќе починатиот маж, даваат чувство за тоа со каква грижа на совест Маргарет се соочувала целиот свој живот, како успешна жена која поголем дел од времето го поминувала во канцеларија поради своите обврски, а не со своето семејство.Челичната дама (The Iron Lady)Иако поголем дел од критиките се однесуваат на недоволното време посветено на сите настани што се случувале во Велика Британија за време на владеењето на Тачер, сепак токму тоа остава доволно време за оние моменти на цврстина и одлучност кога Маргарет ја открива пред светот Челичната дама. Тука се и моментите од младоста на Маргарет, кога со воодушевување го следи говорот на нејзиниот татко, кој толку силно се одразува на нејзиниот карактер и одлучност за припаѓање во Конзервативната партија, па сè до понудата за брак од Денис Тачер кога го предупредува дека не е создадена за да го помине животот во кујната.rn
    rn

    „Нема да умрам миејќи шолји“

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Особено интересни моменти се деловите на формирањето на имиџот на Тачер, сè она што морала да го промени кај себе за да стане подопадлива во очите на јавноста. Како се калеше Челичната дама е дефинитивно дел од филмот кој ја надополнува целата слика за посветеноста на Магарет на своите амбиции.rnrnГлума: Мерил Стрип толку добро си ја има завршено работата, што поголем дел од времето заборавате кој всушност се крие зад маската, а најверојатно и поради тоа филмот го доби целосно заслужениот Оскар за најдобра шминка. Самата актерка има изјавено дека со месеци ги следела говорите и јавните појавувања на Маргарет Тачер со цел што подобро да ги совлада нејзините гестови, движења и начин на зборување. На едната страна имаме цврста и непопустлива дама, а од другата, жена која сака своите последни години да ги помине во мир, но не може поради постојаните присеќавања на сите големи одлуки кои морала да ги донесе, а влијаеле врз илјадници луѓе. Оскарот за најдобра женска главна улога, дефинитивно заврши во вистински раце!Челичната дама (The Iron Lady)Не смее да биде незабележана и улогата на Џим Бродбент, кој се појавува како сопругот Денис Тачер и одлично го доловува ликот на човекот кој цел живот морал да биде зад толку упорна жена и покрај сите животни компликации, да остане со неа до крај.rnrnУште еден лик остава значаен траг низ целиот филм, а тоа е глумицата Александра Роуч која ја глуми Тачер во младоста и дефинитивно е најдобар можен избор за таа улога.Челичната дама (The Iron Lady)Кога да го гледате: Можеби не е толку важно кога да го гледате, туку со кого ќе го гледате овој прекрасно изграден филм. Бидејќи самата приказна се врти околу моќта и храброста на жената, најверојатно би бил одличен за да се проследи во женско друштво. Припадниците на машкиот пол, можеби нема толку да ги привлече филмот од самиот почеток, но топло ви препорачуваме да му дадете шанса.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двојничка (Ringer)

    Двојничка (Ringer)

    ТВ серија за прикривање на криминалот со нов, користејќи ја физичката идентичност како бесплатна карта за впуштање во туѓ живот и напуштање на проблемите од својот поранешенrnrnДвојничка (Ringer)Главни улоги: Сара Мишел Гелар, Кристофер Полаха, Јоан Грифед, Нестор Карбонел, Мајк Колтер, Зои ДучrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 44 минутиrnrnПремиера: 13 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Сите ние, кои немаме свој двојник во светот, имаме проблем да ги перципираме близнаците како различни личности. Но, покрај нивната физичка сличност, која понекогаш е импресивна, што дури и нивните родители не можат да ги разликуваат, тие се свои личности со свој живот, луѓе кои ги сакаат, луѓе кои ги мразат и сакаат да ги убијат, свои проблеми, тајни и желби за одмазда. Кога одмаздата ќе се сврти на еден од нив кон друг, најдобриот начин да се истера правдата е да се заменат идентитетите.


    rn
    rn

    rnПриказна: Дејството во „Двојничка“ се врти околу двете сестри близначки Шавон Мартин и Бриџет Кели, кои од непознати причини, го изгубиле контактот и не се блиски како порано. Шавон живее луксузен живот во Њујорк, ги троши парите на нејзиниот сопруг Ендјру, организира скапи отмени забави и е постојано во круг на луѓе кои се како неа. За разлика од неа, сестра ѝ живее во Вајоминг, работи како стриптизета, а во слободно време е зависник од дрога и алкохол. Таа е и сведок на убиство извршено од страна на нејзиниот работодавач во клубот, за што ѝ е понудена заштита од агентот Мачедо, но знаејќи што може да ја снајде, решава да избега и да ја посети својата сестра во Њујорк.Двојничка (Ringer)Шавон ја носи сестра си на брод, каде успешно ја исценира својата смрт, а Бриџет ова го користи како прилика да го напушти својот живот од порано. Таа одлучува да го промени својот идентитет и комплетно да го преземе животот на нејзината сестра. Ова вклучува глумење соодветен однос со „нејзиниот“ сопруг, прифаќање на арогантниот однос од неговата ќерка Џулиет, дружење со „нејзината“ најдобра пријателка Џема и соочување со фактот дека Шавон му е љубовница на нејзиниот сопруг. Во овие замрсени љубовни триаголници, дополнителна мистерија е сомнителниот бизнис на Ендјру, кој е партнер во фирмата со директната и дрска Оливија.Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)Единствен кој ја знае тајната на Бриџит е Малком, нејзиниот „спонзор“ во процесот на апстиненција од алкохол и дрога. Но, приказната е замрсена и повеќе од ова, најмногу поради фактот дека Шавон не е вистински мртва.Двојничка (Ringer)Глума: Се чини се појавува некој тренд, ТВ сериите да ги зачинуваат со улоги на двојнички („Лажливата игра“, „Вампирски дневници“), но глумата на Сара Мишел Гелар е навистина импресивна и претставува освежување на ТВ екраните. Нејзиниот лик, во двете улоги ѝ дава посебен сјај и длабочина на приказната. Нејзиниот израз, држење, нејзините реплики се толку соодветни на улогата што моментално ја игра, што по првата епизода, веќе ќе препознавате за која од сестрите се работи, дури и пред таа да изусти збор.Двојничка (Ringer)Кога и како да ја гледате: Мистерија по дифолт не се гледа денски. Добра е за гледање во домашна интимна атмосфера, после работните обврски, значи попладне или навечер. Но, не гледајте ја сосема пред да си легнете, освен ако не сакате да ве копкаат деталите од следната епизода цела вечер. 🙂Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnЕдна доза бес. Една доза правда. Три дози рум. Промешај добро!rnrnДневник на румот (The Rum Diary)­Автор: Хантер С. ТомсонrnrnАдаптација и режија: Брус РобинсонrnrnГлавни улоги: Џони Деп, Амбер Херд, Мајкл Рисполи, Џовани Рибиси, Арон ЕкхартrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 октомври 2011 (САД)rnrnВреметраење: 120 минутиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnПо излегувањето на големото платно, „Страв и параноја во Лас Вегас(Fear and Loathing in L.A., 1998) премина од критички омразен до „неочекувано“ популарен хит. Како резултат на овој филм публиката остана со сува уста, жедна за уште од алкохолот, дрогата, лудилото и генијалноста на Хантер С. Томсон да биде пресликана на големото платно. Па изгледаше дека пријателот на Хантер и главниот јунак во претходниот филм Џони Деп скоро и да нема друг избор освен да му овозможи на стариот доктор по новинарство, повторно да оживее преку филмската лента.


    rnrnДневник на румот е интересен филм во кој на прилично точен и реалистичен начин се прикажани новинарските почетоци на Хантер во Пуерто Рико потопени во многу рум. Но, овој филм не е она што го очекуваше публиката. Ова е повеќе една меланхолична приказна измешана со (бес)краен алкохолизам и социјална нееднаквост (како критика, но и протест кон општествената криминална политика) за разлика од лудото халуциногено патување во потрага по Американскиот сон кое го гледавме во „Страв и параноја…“rnrnХантеровиот хумор и глас нè следат низ целиот филм, но идеалот кој е врежан во сите дела на Томсон тука е за нота потивок и повнимателен што може да биде разочарувачки фактор за сите оние кои очекуваа динамична забава во стилот на „Fear and Loathing“. Сепак овој филм дефинитивно го заслужува вниманието на сите следбеници на д-р Гонзо, како и на фановите на Џони Деп и недоволно почитуваниот британски режисер Брус Робинсон.rn

    rnПриказна: Филмот, како што веќе споменав, зборува за почетоците на младиот, наивен и полн со ентузијазам новинар кој пишува под псевдонимот Пол Кемп како репортер за „Сан јуан стар“ – весник кој е на работ на пропаст. Пол е еден чуден млад човек кој е повеќе од среќен поминувајќи ги карипските ноќи пиејќи 470 (да, четиристотини и седумдесет!) процентен алкохол и тестирајќи непознати халуциногени супстанци.rnrnНо, овој млад писател сè уште не го пронашол својот авторски глас, својот стил на пишување кој подоцна ќе прерасне во едно цело движење и идеологија позната како „Gonzo Journalism“. Сепак, овој период од неговиот живот е пресуден за развој на омразата кон „копилињата“ кои го држат светот во своите раце претставени преку ликот на главниот антагонист Сандерсон. Оваа омраза и презир кон неправедните авторитети подоцна ќе прерасне во движечка сила и главен мотив кој ќе биде еден од основните елементи во сите неговите книжевни дела, како и во предизборната претседателска кампања од 1972 година која ја покривал пишувајќи за американскиот весник „The Rolling Stone“.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Секако, во филмот има и многу забава. Сцените во кои се појавува хистерично загубениот репортер Моберг, кој генијално е одигран од Џовани Рибиси, се екстремно траги-комични и крајно непредвидливи. Самата атмосфера во Пуерто Рико е мистична и едноставна, но сепак полна со авантури и опасности кои постојано го демнат главниот лик и неговиот цимер и колега Сала. Не недостасува ни сексапил, напротив ликот на Амбер Херд изобилува со него и како митска нимфа го маѓепсува Пол Кемп, будејќи го либидото во него, но и страста кон автомобилската брзина.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Како и кога да го гледате: За да го доловите елементот на овој филм и вистински да го осетите на своја кожа, високо пожелно е да соберете лудо друштво и да се снабдите со многу алкохол (+18), по можност рум. Тоа ќе создаде идеална атмосфера за да се претопите во филмското дејство и целосно да се соживеете со приказната.Дневник на румот (The Rum Diary)­
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.