Сите ние сакаме да се подобриме, но разликата е во тоа колку ќе се осмелиме да направиме во тој процес. Дали ја одбивате работата што треба да ја направите? Дали активно се движите кон подобар живот? Дали едноставно сте прифатиле дека можеби нема подобро од ова? На крајот сè се сведува на вас. Имате многу повеќе моќ да го промените вашиот живот отколку што мислите. Ова започнува со работење на себе и развивање на љубовта кон себе. Погледнете како да го направите тоа.rnrn
rn
1. Забележувајте ги нештата кои сте ги надраснале, но за кои сè уште се држите
rnОва е многу повеќе од вашата облека, но можете да почнете со чистење на гардероберот. Запрашајте се што е она што не ви дозволува да созреете. Овде може да спаѓаат пријатели, врски, лоша навика, зависност… Откријте што е тоа и исчистете го гардероберот.rn
2. Слушнете како зборувате за луѓето околу вас
rnДали звучите среќни и ги поддржувате, или звучите љубоморно и огорчено? Ова е директна рефлексија на вашите чувства кон себе и на вашата животна состојба. Одличен начин да излезете на вистинскиот пат е да зборувате позитивно за личноста којашто сте, личноста која сакате да станете и за луѓето околу вас.rn
3. Слушнете што и како зборуваат луѓето околу вас
rnДали се потсмеваат на туѓиот успех? Дали постојано се жалат? Дали ве обесхрабруваат или ве поддржуваат? Ова може да биде тешка одлука, но е клучна за вашето ментално здравје. Ако некој ве кочи на кој било начин, најдобро е да се оддалечите од него.rn
4. Најдете една позитивна одлика кај секоја личност што некогаш сте ја сакале
rnОва може да биде навистина тешка задача. Но, не само што ќе ве ослободи од гневот и вината, туку и ќе ви овозможи да се фокусирате на она што го сакате во сегашната или во следната врска. Доколку ви помага, наместо на одлика, можете да се фокусирате на сите нешта што сте ги научиле за себе од овие врски.rn
5. Направете разлика помеѓу она што навистина го сакате и она што „би требало“ да го сакате
rnЧесто се убедувате дека сакате нешто бидејќи другите го сакаат или сметате дека така треба. Ако навистина сакате нешто, нема да застанете додека не го добиете. Ќе се справите со сите тешкотии и пресврти и ќе вложите време и пари во тоа. Ова бара многу труд, па осигурете се дека сте искрени кон себе кога станува збор за вашите цели.rn
6. Откријте во кои делови од животот сакате подобрување
rnПрестанете да се чувствувате лошо затоа што сакате финансиска сигурност. Сакањето повеќе пари не ве прави злобна или плитка личност. Престанете да се чувствувате лошо бидејќи сакате стабилна врска или сакате да бидете сингл. Тоа не значи дека сте личност тешка за сакање. Единственото нешто за коешто треба да се чувствувате лошо е запоставувањето и потиснувањето на вашите вистински желби поради некој друг.rnrnПробајте го и овој 30-дневен предизвик за поголема љубов кон себе.


rnrnСо оваа вежба ќе ги истегнете тетивите, листовите и грбот, а истовремено ќе се чувствувате неверојатно.rnrnЗастанете со раширени нозе и почнете да го спуштате долниот дел од телото. Почетниците нека ги прекрстат рацете и нека се држат за лактите додека се спуштени надолу. Ако сте малку понапредни, обидете се да ги прекрстите рацете и така да ги допрете стапалата. Држете ја положбата 30 секунди.rn
rnrnОваа вежба ги истегнува вашите тетиви и листови.rnrnПочнете во клекната положба и истегнете ја едната нога напред пред вас. Поставете ги рацете на подот покрај истегнатиот лист и почнете да го притискате ‘рбетот кон стомакот за да го задржите исправен. Држете ја положбата 30 секунди, па повторете со другата нога.rn
rnrnОваа вежба е одлична ако сте поминале цел ден во седење бидејќи ги истегнува колковите и квадрицепсите.rnrnЗапочнете во клекната положба и истегнете ја едната нога наназад. Спротивната рака поставете ја на подот. Свртете се и отворете го телото кон предната нога. Кренете ја раката горе и гледајте кон таванот. Држете ја положбата 30 секунди и повторете на другата страна.rn
rnrnСпоред Саси, луѓето често ги запоставуваат листовите кога се истегнуваат, но тие се особено важни за одржување на флексибилност на долниот дел од телото. Оваа вежба ќе ви помогне да ги опуштите мускулите на листовите.rnrnСеднете и испружете ја едната нога напред. Другото стапало ставете го под испруженото колено. Испружете ја напред раката спротивна на ногата и обидете се да го фатите палецот на ногата. Седете исправено и држете 30 секунди. Потоа повторете на другата страна.rn
rnrnОва истегнување изгледа едноставно, но прави многу за вашето тело – ги истегнува грбот, вратот и тетивите.rnrnИспружете ја едната нога на страна а другата свиткајте ја. Странично наведнете се кон испружената нога и држете ги рамената спуштени. Држете ја положбата 30 секунди и повторете од другата страна.rnrnПробајте ги и овие 
rnrnОваа вежба го зголемува дотокот на крв во нозете и ги спречува болките во нив.rn
rnrnОваа вежба го подобрува држењето на телото и церебралната циркулација.rn
rnrnОваа вежба е одлична за болките во грбот и за зајакнување на крвните садови.rn
rnrnПоставете го ластикот над глуждовите. Колку е помал кругот, толку е потешка вежбата. Замавнувањата можете да ги правите настрана, нанапред и наназад. Направете по 10-15 повторувања за секоја нога.rn
rnrnЗастанете со стапалата оддалечени колку рамената. Поставете го ластикот над колената. Направете чекор настрана и повторете 10-15 пати со секоја нога.rn
rnrnОставете го ластикот во истата положба и правете обични чучнувања. Повторете 15-20 пати.rn
rnrnЗастанете со едното стапало врз ластикот, а со рацете фатете ги краевите. Направете по 10-15 исчекорувања со секоја нога.rn
rnrnОваа вежба е малку потешка, но е одлична за мускулите на нозете и стомакот. Фатете го крајот на ластикот со рацете, поставете ги рацете во положба за планк и доближувајте го коленото до градите. Направете 5-10 повторувања со секоја нога.rnrnПродолжува на 
rnrnИако хулахопот воопшто не наликува на вежбање, тој е одличен за кардио. Ја подобрува координацијата, како и фокусот и концентрацијата. Уште подобро ќе биде ако успеете да најдете хулахоп што свети во темно. Сите деца сакаат работи што светат. Исклучете ги светилките во домот и направете мала забава со светлечки хулахопи.rn
rnrnДецата ги сакат натпреварите. Влечењето јаже е одлично за зајакнување на стомачните мускули, бицепсите и листовите. Истовремено ќе се социјализираат и ќе работат на нивната издржливост. Уште поинтересно ќе биде ако играта ја играат по дожд. Можеби ќе се извалкаат со кал, но истражувањата покажале дека некои бактерии од почвата всушност се добри за здравјето.rn
rnrnБоречките вештини се одлична вежба за децата. Тие ќе им помогнат да ги зголемат нивните самодоверба, фокус, издржливост и самодисциплина. Покрај менталните и емоционалните придобивки, боречките вештини се одлични за хиперактивните деца. Можеби ќе биде тешко да го најдете најдоброто училиште за боречки вештини, но потрагата навистина вреди.rn
rnrnЛуѓето кои искачуваат карти се едни од најподготвените атлети. Со овој спорт се развива неверојатна сила и одлични мускули на рацете и нозете. Исто така за овој спорт е потребно и стратегиско размислување. Качувањето карпи се покажало како одлична терапија против анксиозност, депресија и ниска самодоверба.rn
rnrnПливањето е одлично за флексибилност, намалување воспаленија и зајакнување на коските. Повеќето деца навистина сакаат да си играат во вода со пријателите. Истражувањата покажале дека пливачите имаат 50% помали шанси за прерана смрт за разлика од другите спортисти. Па, пливањето буквално може да му го продолжи животот на вашето дете.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnВалентин Дикул е циркуски гимнастичар со навистина тешко детство. Во 1962-ра година за време на перформанс во Каунас се скршил челичен столб и Дикул паднал од височина од 12 метри. Лекарите изјавиле дека никогаш нема да прооди. Но, Дикул не бил очаен. Почнал да вежба, на почетокот со горниот дел од телото, а потоа и со парализираните екстремитети.rnrnНа почеток заврзал јаже на парализираните екстремитети и ги влечел, а со тегови создавал рамнотежа. Тој ја дизајнирал „машината за вежбање“ целосно сам. Благодарение на повеќегодишната упорност, Дикул не само што се вратил на целосно нормалниот живот, туку станал и еден од најсилните луѓе на планетата. Неговото најголемо достигнување е методот за медицинска рехабилитација за луѓе со повреди на ‘рбетот.rn
rnrnДури и ако избегнете сериозни повреди, некои нарушувања се чести проблеми кај возрасните и децата. Вежбите се различни за секоја состојба, но се многу едноставни. Во продолжение погледнете сет вежби за луѓе со хронична болка во грбот и неудобност предизвикана од остеохондроза.rn
rnrnЛегнете на грб, испружете ги рацете со дланките свртени надолу. Држете ги нозете исправени, а стапалата споени. Без да ги подигнете главата, рамената или левото стапало, бавно свртете го левиот колк надесно. Останете во оваа положба 2-3 секунди и бавно вратете се во почетната позиција. Повторете и со другата страна.rn
rnrnЛегнете на грб и раширете ги нозете во ширина на рамената. Прекрстете ги рацете врз градите. Без да ги подигате карлицата и нозете, завртете го левото рамено кон десно. Останете во оваа положба 2-3 секунди и вратете се во почетната. Повторете и со другата страна.rn
rnrnЛегнете на грб, спојте ги стапалата и испружете ги рацете со дланките свртени надолу. Без да ги поткревате рамената и главата, придвижете ги двете нозе најдесно што можете без притоа да ги разделите стапалата. Останете во оваа положба 2-3 секунди и вратете се во почетната положба. Повторете во спротивната насока.rnrnПродолжува на 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗастанете на дланките и колената и исправете го грбот. Подигнете ја едната нога колку што можете и држете ја под агол од 90 степени. Вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
rnrnЗастанете во положба за склекови. Подигнете ја едната нога и држете ја позицијата 1 секунда. Спуштете ја ногата и повторете со другата.rn
rnrnЛегнете на грб и подигнете го задникот. Останете во оваа положба и бавно спуштете се доле. За поголем интензитет можете да ја кренете едната нога, а потоа да повторите и со другата.rn
rnrnЛегнете на страна, а колковите нека ви бидат точно еден на друг. Подигнете ја горната нога и бавно вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
rnrnСеднете со свиткани колена. Малку навалете се наназад и подигнете ги стапалата. Полека завртете го горниот дел од телото на едната страна, вратете се во почетната положба, па завртете се на другата страна.rn
rnrnОва е многу едноставна, но ефективна вежба. Свиткајте ги лактите и поставете ги точно под вашите рамена. Вашето тело треба да формира права линија од главата до стапалата. Држете ја положбата колку што можете. Грбот држете го исправен.rnrnПродолжува на