Вишокот масни наслаги под вилицата е проблем со кој се соочуваат многу мажи и жени. Голем дел од нив мислат дека елиминирањето на подбрадокот е нерешлив проблем, но тоа не е точно. Доколку сакате мазен врат и убава линија на вилицата треба редовно да правите вежби, кои бараат посветеност, но тие се едноставни и краткотрајни и можете да ги правите додека седите на вашето работно биро.rnrn
rn
1. Исправете го телото
rnПрвото нешто на кое треба да обрнете внимание доколку сакате да се ослободите од досадниот подбрадок, е положбата на вашето тело. Подгрбавеноста може во суштина да биде и една од причините за создавање подбрадок. Држете го вашето тело исправено кога стоите или додека седите, бидејќи тоа ќе ви овозможи затегнување на мускулите на вратот.rn
2. Насмевнете се
rnСмеењето исто така помага за затегнување на мускулите на вратот. Оваа вежба подразбира развлекување на вашата уста во најшироката можна насмевка која можете да ја направите. Звучи чудно, но широката насмевка навистина помага во намалувањето на вишокот масни наслаги под брадата.rn
3. Хранете се здраво
rnНајдобриот совет за отстранување на подбрадокот е правилната исхрана. Како што ќе стареете, масни наслаги ќе почнат да ви се појавуваат на многу непријатни делови од телото, како на пример, на вашето лице. Ако почнете да внимавате што и колку јадете, не само што ќе почнете да губите видливи килограми од вашето тело, туку и од лицето, што ќе доведе до елиминирање и на подбрадокот.rn
4. Бакнете го таванот
rnОва е една интересна и ефикасна вежба за затегнување на опуштените мускули под вратот. Сѐ што треба да направите е да застанете исправено на нозе, да ја наведнете главата наназад така што лицето да ви е свртено кон таванот и потоа да ја наберете уста како за бакнеж. Бакнувајте го таванот околу 5 секунди, опуштете го лицето и повторете го истото 5-10 пати. Движете ги само усните, останатите мускули на лицето треба да ви останат опуштени.rn
5. Ротирајте ја главата
rnЗа оваа вежба можете да изберете дали ќе седите или ќе стоите. Исправете го грбот и кренете ја главата во нормална позиција. Потоа почнете да ја ротирате главата од едното кон другото рамо, движејќи се полека и нежно. Додека ги правите ротациите полека започнете сѐ повеќе да ја навалувате главата накај тилот, за да правите полукругови. Повторете го движењето 10 пати.rn
6. Отворете ја устата
rnОваа вежба е исто така многу едноставна за правење. Сѐ што треба да направите е да ја отворите вашата уста најмногу што можете и да останете во таа позиција околу 10 секунди. Вежбата подобро ќе делува на затегнување на мускулите под вратот, доколку има некаков отпор под вашата брада. За таа цел, потпрете тениско топче или анти-стрес топче под брадата. Исто така можете да ја турнете вашата долна вилица кон напред, во облик на лопатка.rn
7. Џвакајте мастики
rnВерувале или не, еден од наједноставните начини за ослободување од подбрадокот е редовното џвакање мастики, бидејќи на овој начин фацијалните мускули и мускулите околу вилицата се постојано во движење. Поради тоа, џвакањето мастики ќе ја изостри линијата на вашата вилица. Можете дури и да правите смешни фаци, бидејќи сѐ што ги активира мускулите на вашето лице, ви е од полза за решавање на проблемот со подбрадокот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Сите три видеа содржат по 5 вежби кои ги објаснува тренерот на секоја од девојките, додека тие ги извршуваат дадените задачи. Па доколку сакате да го стигнете нивното ниво, почнете да практикувате некоја од програмите на овие три познати модели или пак направете своја програма со комбинација од вежбите.rn
Групата која правела аеробик вежби, стопила во просек околу 16 квадратни сантиметри сало, додека онаа група која дигала тегови и правела аеробик вежби комбинирано, изгубила 9 квадратни сантиметри сало. Истражувачот кој стои зад овој проект, Крис Слентз од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, САД вели:rn
За да имате некаква корист од вашата емоционална интелигенција, мора да бидете самосвесни. Во општество фокусирано на политиката, големината на месечните приходи, бројот на продадени производи во вашата фирма или зголемување на цената на основните прехранбени продукти, самосвеста не е главен приоритет во животот на луѓето, што е погрешно. Подобро е да ви стане приоритет број 1, пред да почне да ве чини пари или да им наштети на врските кои секојдневно ги градите со другите.
Зошто е толку важно да поседувате емоционална интелигенција? Едноставно кажано – бидејќи ја потхранува вашата самодоверба. Сигурноста во себе ја зголемува вашата самосвест да живеете живот кој има значење и да сте способни да постигнувате цели, кои ќе му дадат уште поголема вредност. Па, доколку сметате дека вашите реакции во одредени ситуации се очигледно неефикасни и не ве исполнуваат, тогаш обидете се да ја подобрите вашата емоционална интелигенција, на ист начин како што ги градите другите ваши вештини, преку учење и вежбање.rn
Сочувственоста не значи и согласување со нешто, туку значи дека сте обѕирни за чувствата на другите луѓе, а тоа е основно нешто за постоење ефикасност во тимската работа. Доколку со ништо не се согласувате, ќе запаѓате во ситуации во кои вие и вашиот соговорник постојано ќе носите „заштитен штит“, бранејќи го вашиот став и начин на размислување. Доколку ниту еден не попушти, муабетот ќе прерасне во неконструктивна дискусија и негативизам, кој ќе се прошири како зараза низ останатите луѓе во тимот. Еве во кој правец треба да ги насочувате вашите мисли:rn

rn
…и не само од портокал. Во соковникот ставете моркови, лимони, грејпфрут, јаболка, киви, јагоди…rn
Со помош на четка за триење со долга рачка, убаво истријте го грбот. Тоа ќе ви ја зголеми циркулацијата.rn
Можеби ви се чини по малку чудо уште наутро да почнете да решавате крстозборки или судоку, ама тоа може да ве расони.rn
…само неколку секунди. Тој ќе ве освести во истиот момент.rn
Кога ќе излезете од дома, не ставајте ги веднаш очилата за сонце, туку погледнете му на Сонцето директно во очи. Сончевите зраци веднаш ќе го раздрмаат вашиот внатрешен часовник за будење.rn
Се сеќавате на вежбите кои ги правевме секој час на часовите по физичко за да се размрдаме? Сетете се на една и повторете ја десет пати.rn
Само неколку минути поминати во разместување на предметите во работниот простор, ќе ви го освежи умот и ќе ве направи да се почувствувате задоволно.rn
Понекогаш успева, понекогаш не. Во секој случај, не занемарувајте ги часовите предвидени за 
rnrnНа нашите очи им се потребни посебни витамини и минерали за да функционираат нормално: витамините А, Ц и Е, како и минералите цинк и бакар.rnrnАнтиоксидансите, заедно со бета каротенот и лутеинот ги штитат очите од силните сончеви зраци. Се препорачуваат следниве продукти:
rnrnОвие лесни вежби практикувајте ги секое утро, пред спиење и секогаш кога ќе почувствувате дека очите ви се уморни.rn
rnrnНадворешните фактори најмногу влијаат на оштетување на видот. Еве што влијае негативно на вашите очи: флуоресцентни светла, зрачењето од монитор, хлорот во базените, читање во затемнето светло и постојано триење на очите со рацете.rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
Овие вежби ќе ви одземат максимум 5 минути во текот на денот.rnrnПритоа, додека ги правите вежбите треба:rn
Истегнувањето е добро за мускулатурата и зглобовите, но она што е уште поважно е ефектот од исклучувањето на мозокот од тековната работа и дозволување нормален проток на крвта низ телото.
Долготрајното седење пред компјутер може да предизвика мускулна тензија и болка. Неколку минутни истегнувања во текот на денот можат да направат многу подобро да си го чувствувате сопственото тело. Гледајте да се истегнувате спонтано во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате напнатост. Иако голем број вежби можат да се прават директно од столчето, без да се поместите од работното биро, практикувајте и по некоја вежба во стоечка состојба. Тоа е добро за циркулацијата.
Ако илустрациите ви го привлекуваат вниманието, а текстот ви го зголемува ентузијазмот, силно потрудете се ова да не ве држи само во текот на денешниот ден. Доколку сте тип на човек кому не би му текнувало ова да го прави секој ден, можете да си помогнете со специјален софтвер за таа намена. Корисниците на Мек го имаат на располагање