Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против насrnrn
Режија: Дејвид МишоrnrnИграат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки ВиверrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јуни 2010rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.rn—————————————————————————————————————————————————rn
Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.
rn
На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.
„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади.
Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.
Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.


rnrn
rnrn
Режија:
Важен е трнливиот пат низ кој младата Ри ќе помине за да си помогне себеси и на своето семејство, а единствен кој ќе и помогне е чичко ѝ Теардроп кој иако е ист како останатите, наоѓа трошка милост за својата внука. Но само трошка, не многу повеќе. И да, Ри на крајот од сè успева да го зачува својот дом, но како што камерата се оддалечува додека таа седи на скалите, не може а да не го составите во вашата глава крајот кој не ни го покажуваат, оној по одјавната шпица – трудна, силувана, тепана или во првите редови во војска.
„Зимска коска” е втор долгометражен филм на режисерката Дебра Граник, но недостатокот на филмско искуство воопшто не се забележува. Таа креира темен филм исполнет со мачно чувство на неизбежната состојба, а иако е жена и главната улога ја толкува жена – ова не е женски филм. Таа ја избегнува замката да направи мекушасто кинематографско парче кое тотално ќе ја одвлече машката публика. „Зимска коска” е пред сè филм со карактер. Се појавуваат актери кои не се толку познати, но воопшто нема утки. Единствена која можеби е препознатливо лице е Џенифер Лоренс (играше покрај Ким Бесинџер и Шарлиз Терон во Burning Plain) која за овој филм е номинирана за Оскар. Дали треба да ја добие статуетката оваа феноменална (само) 20-годишна девојка, одлучете вие. 

Кога и како да го гледате: 


Никол Кидман како и секогаш нежно и женствено, но и доволно драматично, темно и напатено ја претставува Бека. Нејзиниот начин на соочување со тагата можеби не е вообичаен, таа има кратки средби со тинејџерот кој случајно го прегазил нејзиниот син, но кој тука може да суди што е правилно, а што не. Нема точно време кога некој ќе престане да тагува, нема ни точно време кога некој повторно ќе посака секс, друго дете…
На маестралната Кидман (за среќа) сосема достојно и издржано ѝ парира Арон Екхарт, чиј лик Хауви е повеќе свртен кон игнорирањето на тоа што се случува и со опкружување на себеси со секојдневните случувања, со она што треба (а не сака) да се направи… Од друга страна, туку е и мајката на Бека, Нет која низ играта на одличната Даен Вест ја доживуваме како вистинска поддршка, доволно нежна и подготвена да ги прими сите твои „го*на” за да ти е подобро, но и доволно реална за понекогаш да ги каже работите в лице. Овој филм не е за обвинувањата на кого било, за потрага по правдата, за прашањата зошто и како, туку за тагата и за неоспорниот факт дека после некои настани тагата повеќе или помалку останува, независно што и да направиме.



Режија:
Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна.
„Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.




rnrnВо пораките „А“ една по една ги открива тајните на секоја од девојките, кои што единствено Алисон ги знаела. Но, не е возможно таа да им ги праќа зошто е мртва. Или возможно е?rnrn
rnrnКој и да е нивниот демнач, по се изгледа ги знае сите нивни приватни работи и ги следи во секој нивни чекор. Девојките се повторно блиски и строго се придржуваат до нивниот договор да не откриваат ништо на никого, особено не на полицијата, но дали ќе се штитат и кога нивните најмрачни тајни ќе бидат откриени? Останува да видите сами.rnrn
rnrn
rnrn
За делот со јадењето ќе мора да се погрижите сами, но ви нудиме листа на филмови кои одлично ќе ви се најдат на новогодишната листа. Станува збор за филмчиња кои можеби не ги преполнија веснициве изминатата 2010 година, но тоа не значи дека не се добри. За еден дел од нив можно е допрва да се слуша, а останатите едноставно вреди да се видат.rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn




rn







Режија:
Базата е поставена, но градењето на целото дејство е невешто, филмско „дежа ву”. Решенијата од типот дека главниот лик нема да има име во смисла дека е „дух”, сенка на човекот на кого му ги пишува мемоарите, изгледа просто. Финишот пак на филмот, сцената која треба да нè стресе од корен и да ни расветли сè, повеќе или помалку се насетува уште од многу порано. Нема ништо лошо во тоа да направиш филм кој нема цел да ги преоптоварува гледачите, но не и кога нудиш разврски кои ни ја „навредуваат” интелигенцијата.
Но, во името на јин и јанг-филозофијата – во морето од црно мора да има по една точка бело, би кажала дека изведбата на најмалку познатата актерка во екипата, Оливија Вилијамс („Шесто сетило”), е вистинско освежување. Таа ја игра жената на поранешниот премиер и, искрено, убедливо портретира лик кој не е само жена зад успешен маж, туку многу многу повеќе од тоа.










