КАФЕ ПАУЗА

Tag: употреба

  • Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?

    Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?

    Ориганото не само што е вкусен туку е и хранлив зачин, а тоа се должи на бројните хранливи материи како витамин К, манган, железо, калциум, витамин Е, бакар, ниацин и бета каротен.rnrnКои се здравствените придобивки на маслото од оригано?rnrnПо потекло е од Медитеранот и е незаменлив зачин во гастрономијата на Италија, Шпанија, Турција, но и кај нас. Самото име оригано доаѓа од грчкиот јазик (орос=рид, ганос=накит), и значи планински накит. Според народното верување, штити од зло и го подобрува расположението.rnrnЗа медицински цели се користел уште од античко време, а го користеле и Грците и Римјаните. Покрај листовите од оригано, неговото масло се користи преку триење на кожата или со вдишување, додека екстрактот од оригано може да се користи како течност или во капсули.rnrnКако хербален додаток, маслото од оригано е познато по своите антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Содржи неколку потенцијално лековити соединенија, како што се: карвакрол, тимол и терпинен.rnrnЛуѓето традиционално го користат маслото од оригано за лекување на симптоми на настинка и грип, но може да се консумира во различни форми во зависност од вашите преференции. Може да се купи како хербален додаток, тинктура или есенцијално масло.rnrnМаслото од оригано е безбедно за употреба, но може да предизвика некои несакани ефекти. Избегнувајте да го користите ако сте алергични на нане, жалфија, босилек или лаванда. Ако сте алергични на некој од овие зачини, веројатно сте алергични на оригано. Не користете масло од оригано ако сте бремени и разговарајте со вашиот педијатар пред да му го дадете на вашето дете.rnrnПостојат неколку начини на употреба на маслото од оригано. Можете да купите масло од тинктура од оригано, кое е мешавина од екстракт и есенцијално масло и е наменето за орална употреба. Следете ги упатствата за дозирање на шишето. Маслото од оригано се продава и во форма на капсули. Внимателно прочитајте ги упатствата за дозирање.rnrnБез оглед на тоа зошто земате масло од оригано, задолжително правете пауза од најмалку една недела на секои три недели од употребата.rnrnМаслото од оригано е моќна супстанција, па затоа најдобро е да започнете со најмала можна доза за да видите како реагира вашето тело.rnrnМожете полека да ја зголемите количината што ја земате доколку не сте имале непријатни несакани ефекти. Само бидете внимателни да не консумирате повеќе од препорачаната количина наведена на пакувањето. Исто така, имајте предвид дека препорачаните дози може да варираат од производител до производител.rnrnОткако прочитавте за здрвствените придобивки на маслото од оригано, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 4 ситуации маслото од оригано ќе ви биде од голема помош.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Постојат 4 вида кујнски крпи – дали знаете која за што е најдобра?

    Постојат 4 вида кујнски крпи – дали знаете која за што е најдобра?

    Веројатно имате неколку различни кујнски крпи дома и веројатно ги користите сите за иста цел. Сепак, секоја крпа има своја специфична намена, па некои се подобри за бришење, а некои за сушење.rnrnПостојат 5 вида кујнски крпи - дали знаете која за што е најдобра? rn

    Фротиски крпи

    rnФротирот е исклучително мек и добро апсорбира, што го прави супериорен во работата со течности. Добро е да имате фротирски крпи во близина за сушење садови и раце, а тие се корисни и за чистење големи излевања и дамки од течности.rnrnИако тие се добра, еколошка замена за хартиените крпи кога станува збор за апсорпција, не треба да користите фротирски крпи за чистење одредени материјали, како што се стакло или не’рѓосувачки челик, бидејќи оставаат многу влакна.rn

    Рамно ткаени крпи

    rnОвие крпи се помали и може да ги чувате при рака за секојдневна употреба. Иако тие се „порамни“ од фротирските крпи и затоа не апсорбираат толку многу вода, тие апсорбираат доволно за да се исушат садовите или да се избрише работната плоча. Бидејќи нема да остават влакна или траги зад себе, тие се одлични за бришење уреди од не’рѓосувачки челик.rn

    Двострани крпи

    rnДвостраните крпи, кои се рамни од едната страна и фротирски од другата страна, го нудат најдоброто од двата света: една апсорбирачка страна за чистење и една без влакна за сушење. Одлични се за бришење влажни садови или за чистење и сушење. Исто така, можете да ги користите двостраните крпи за работи надвор од кујната, како што се миење на надворешноста на прозорците и чистење на мебелот или автомобилот.rn

    Крпи од микрофибер

    rnКрпите од микрофибер се одлични за многу задачи. Кога се влажни, собираат микроби, нечистотија и мали трошки од површините, а кога се суви, добри се за отстранување прашина и влакна од домашните миленици. Исто така, тие функционираат одлично со секое средство за чистење во спреј.rnrnКрпите од микрофибер се одлични за чистење на речиси секоја површина. Можете да ги користите на не’рѓосувачки челик, хром, прозорци и огледала.rnrnТреба да внимавате и да не користите омекнувач при перење на крпите од микрофибер. Омекнувачот може да остане во влакната и подоцна да остави траги на стаклото и на другите површини.rnrnПрочитајте кои површини не треба да ги чистите со алкохолен оцет.

  • Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

    Што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?

    Можеби користите балсам за усни секојдневно, без да знаете каков ефект може да има на вашите усни. Во продолжение погледнете го списокот со работи што се случуваат кога премногу често користите балсам за усни.rn

    1. Вашите усни може да станат уште посуви

    rnШто ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?rnrnСпоред дерматолозите, балсамите за усни содржат состојки што може да ги иритираат или претерано да ги ексфолираат вашите усни. Тие состојки се: фенол, камфор, ментол, мириси, ароми, салицилна киселина и витамин Е. На пример, едно истражување дошло до заклучок дека 33% од пациентите развиле контактен дерматитис од витамин Е.rn

    2. Може да доведе до иритација околу усните

    rnШто ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?rnrnСпецијалистите потврдуваат дека не треба да нанесувате балсам за усни повеќе од 3 пати на ден. По будењето, по јадењето/пиењето и непосредно пред спиење. Ако премногу го користите балсамот за усни, може да почувствувате иритација или може да се појават мали дамки околу пределот на усните.rn

    3. Вашите усни може да станат мрзливи

    rnШто ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?rnrnНекои формули за балсам за усни создаваат вештачка бариера за задржување на влагата, предизвикувајќи вашите усни да работат помалку за да го одржат сопственото ниво на хидратација.rn

    4. Нанесувањето балсам за усни станува зависност

    rnШто ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?rnrnНе можете да бидете зависни од балсамот за усни, но можете да станете зависни од смирувачкиот механизам што го добивате од користењето балсам за усни.rn

    Рецепт за балсам за усни на база на ланолин

    rnШто ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често?rnrnАко сакате да го пронајдете најдобриот балсам за усни и да заштедите пари, следете го овој рецепт за балсам на база на ланолин што можете да го направите сами.rnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 1 лажица шеа путер
    • rn 011

    • 1,5 лажица кокосово масло
    • rn 011

    • 1 лажичка мед
    • rn 011

    • 1 лажица пчелин восок
    • rn 011

    • 1 лажичка ланолин
    • rn 011

    • 5 капки есенцијално масло од лаванда (по избор)
    • rn

    rnСтопете ги кокосовото масло, пчелиниот восок и ланолинот во сад над тенџере со вода. Полека мешајте додека да се стопат состојките. Откако ќе се стопат, тргнете ги настрана. Додајте ги шеа путерот и медот. Мешајте додека да се стопат. Додајте есенцијално масло од лаванда (ова е по избор) и измешајте. Истурете го балсамот за усни со ланолин во соодветен мал сад и оставете го да се зацврсти.rnrnПогледнете кои се 10-те сјајни начини за употреба на балсамот за усни.

  • 7 употреби на млекото надвор од кујната

    7 употреби на млекото надвор од кујната

    Алтернативната употреба на млекото може да биде токму она што ви треба за вашето тело или за вашата коса, па дури и да ви помогне во секојдневните обврски. Во продолжение прочитајте за што може да го употребите млекото.rn

    1. Користете млеко ако ве печат очите

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnЧистењето и плакнењето на очите со млеко може да ви изгледа невозможно, но може да го смири иритираното око. Очите може да почнат да ви лутат од чили пиперки и тие предизвикаат чувство на печење, но обидот да ги измиете очите со вода може уште повеќе да ја влоши ситуацијата.rnrnНаместо тоа, користете млеко. Прво, измијте го лицето со млеко, со затворени очи. Следно, можете да ги исплакнете очите со млеко.rn

    2. Користете млеко како ѓубриво

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото се користело како ѓубриво затоа што помага при раст на растенијата, го спречува недостатокот на калциум и се бори против мувлата. Исто така, може да го спречи растението да се разболи.rnrnИстурете млеко околу растението за да можат корените полека да го апсорбираат или ставете шише со млеко наопаку во почвата. Сепак, запомнете дека не треба да го мешате млекото со други ѓубрива. Ако хемикалиите се мешаат со млекото, тие всушност може да се спротивстават на придобивките од млекото.rn

    3. Можете да ја исправите косата со млеко

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnНанесувањето млеко на вашата коса не само што ќе ѝ помогне да расте и ќе ја направи сјајна и поцврста, туку ќе помогне и во исправувањето. Потребни ви се чешел, шише со прскалка и 80 милилитри млеко.rnrnОткако ќе го наполните шишето, започнете со прскање, триење и чешлање на косата. Оставете го млекото да се впие во косата, а потоа исплакнете го за да нема лош мирис подоцна. Ова може да помогне кај брановидна коса, но нема да ви помогне да ја исправите кадравата коса.rn

    4. Можете да направите боја со млеко

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото е главната состојка во правењето боја затоа што функционира како врзивно средство за пигменти. Всушност, млечната боја се користела во антички Египет. Другите состојки што ви се потребни за да направите ваков вид боја се лимон, сито, газа и акрилна боја или сув пигмент.rnrnНо, треба да ја нанесете бојата брзо за да не се расипе. Киселиот мирис на ѕидовите ќе исчезне откако ќе се исуши.rn

    5. Користете млеко за да ја отстраните шминката

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnМлекото не е добро само за вашата коса, туку и за вашата кожа. Наместо да користите хемиски производи за отстранување шминка, користете млеко. Нанесете малку млеко на лицето и потоа избришете го со памукче. Дополнителната придобивка е тоа што протеините и мастите во млекото можат да ѝ помогнат на вашата кожа да остане хидрирана помагајќи ѝ да ја задржи влажноста.rn

    6. Можете да користите млеко за да го намалите воспалението од убод од инсекти

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnПротеинот во млекото ќе ѝ помогне на кожата да се смири по убодот од комарец. Но, не користете само млеко. Измешајте го со вода, натопете марамче и нанесете го на воспалената кожа. Истата мешавина може да се користи и за изгореници од сонце.rn

    7. Користете млеко за чистење

    rn7 употреби на млекото надвор од кујнатаrnrnБез разлика дали треба да ја исчистите вашата кожена чанта, кожениот кауч или кожените чевли, млекото може да ви помогне при отстранувањето дамки и гребнатинки. Освен што е евтин раствор, млекото не ги отстранува природните масла од материјалот. Меѓутоа, откако ќе го избришете извалканато место, исчистите ја таа област со друга крпа за да го отстраните вишокот млеко и да го избегнете мирисот на расипано млеко.rnrnПрочитајте сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо.

  • 9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

    9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлите

    Можеби не звучи многу привлечно, но има производи што може да ги искористите дури и по истекот на рокот на траење. Од нега на кожата до готвење, овие алтернативни употреби можеби се токму она што ви треба сега. Можеби сметавме дека расипаната храна и производите за шминкање со поминат рок на траење треба да ги фрлите во ѓубре, но во продолжение ќе откриете нови употреби за нив.rn

    1. Авокадо

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко не сте имале можност да го искористите вашето совршено зрело авокадо и сега е веќе расипано, не фрлајте го бидејќи можете да го користите за вашата коса. Расипаното авокадо може да биде одличен навлажнувач ако го нанесете на сува коса. Оставете го да отстои најмалку 6 часа и измијте го со шампонот и со регенераторот што обично ги користите. Вашата коса на почетокот може да биде сува, но откако ќе ја измиете 2 пати, таа ќе биде сјајна и мека.rn

    2. Хартиена маска за лице

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnХартиените маски не се добри за нанесување на лицето откако ќе им помине рокот на траење, но, сепак, можете да ги користите на суви и испукани нозе, на градите, на вратот или на рацете.rn

    3. Хидратантен крем и млеко за чистење на лицето

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnАко имате хидратантен крем или млеко за чистење со поминат рок на траење, можете да ги искористите за чистење и полирање чанти и паричници. Ставете малку од производот на памук и започнете со полирање.rn

    4. Млеко

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnРасипаното млеко сè уште може да се користи за многу различни намени. Можете да направите домашно сирење, да го користите за печење, па дури и за правење палачинки. Освен за готвење, можете да го користите и како маска за лице. Нанесете го на целото лице, оставете го да отстои и исплакнете го. Мирисот можеби не е толку пријатен, но млечната киселина ќе направи чуда за вашата кожа.rn

    5. Крем за бричење

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnКремот за бричење може да се користи на различни начини откако ќе му помине рокот на траење. Одличен е за чистење нечистотија и мрснотии затоа што буквално ги привлекува. Но, може да ја отстрани и нечистотијата под ноктите. Само нанесете малку крем и исчистете ги ноктите со чепкалка за заби.rn

    6. Паста за заби

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnБидејќи пастата за заби содржи детергент, може да помогне во отстранувањето на дамките од тепихот, па дури и да ги исчисти цртежите од ѕидовите. Покрај тоа, можете да ги избелите и да ги исчистите патиките, а може да помогне за отстранување нат киселиот мирис од шишињата за бебиња.rn

    7. Грчки јогурт

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnГрчкиот јогурт може да има големи придобивки, дури и по рокот на траење. На почетокот, може да изгледа чудно, но може да стане одлична пилинг маска за лице. Сè што треба да направите е да го измешате јогуртот со мед и со измешана краставица во блендер, да го нанесете на лицето и да го оставите да отстои 15 минути. Потоа, едноставно измијте го со топла вода.rn

    8. Моливче за очи и усни

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnНе е безбедно да нанесувате шминка со поминат рок на траење на вашите очи или усни. Сепак, не фрлајте ги производите затоа што можете да ги користите за да подвлечете зборови и реченици во книги или како моливи во боја.rn

    9. Путер од кикиритки

    rn9 начини како да ги искористите производите со поминат рок на траење наместо да ги фрлитеrnrnПутерот од кикиритки може да ви заштеди многу време кога ќе останете без крем за бричење. Тој е одлична алтернатива бидејќи е богат со масла, така што ќе ја направи кожата мазна и нема да ја исуши по бричењето.rnrnПрочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.

  • 9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња

    9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња

    Повеќето луѓе секојдневно користат антибактериски влажни марамчиња, но многумина не се свесни дека ги користат погрешно во одредени ситуации. Овие 10 грешки треба да престанете да ги повторувате.rnrn9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчињаrn

    1. Ги користите влажните марамчиња за повеќе од еден предмет

    rnМожеби ви изгледа како добра идеја да заштедите марамчиња и како поедноставен начин да ја исчистите целата кујна со едно или две марамчиња, но постојат неколку причини зошто ова не е баш добра идеја.rnrnКористејќи едно марамче може да ги раширите бактериите од една површина на друга. Исто така, едно марамче не може ефикасно да ја исчисти секоја од тие површини.rn

    2. Не ја читате етикетата

    rnИако тоа може да ви изгледа здодевно, читањето на етикетите може да ви помогне да го извлечете максимумот од влажните марамчиња. Така, можете да откриете колку време површината треба да остане влажна по бришењето за да се уништат сите бактерии, а тоа е околу 3-4 минути. Исто така, на етикетата пишува за кој вид микроби се наменети марамчињата, па затоа не е добра идеја да претпоставувате дека сите марамчиња се за секаква употреба.rn

    3. Ги фрлате во тоалетот

    rnНекои марамчиња може да се фрлат во тоалетот, но дури и да го пишува тоа на етикетата, размислете пред да го направите тоа затоа што можеби е подобро да ги фрлите во корпа за отпадоци.rnrnВлажните марамчиња се подебели од тоалетната хартија, не се распаѓаат лесно и може да се заглават во цевките и да го заглават тоалетот.rn

    4. Го чистите екранот на мобилниот телефон со нив

    rnАнтибактериските марамчиња не треба да ги користите за сè. Важно е да ги исчистите и да ги дезинфицирате вашите мобилни уреди, но со влажните марамчиња можете да направите само штета.rnrnСо влажните марамчиња можете да ги исчистите тастатурата и задниот дел на мобилниот телефон, но не и екранот. Влажните марамчиња содржат хемикалии што можат да ја оштетат површината на екранот.rn

    5. Ги користите на валкани површини

    rnАко ги користите на валкани површини, може да ја раширите нечистотијата и на другите делови од просторијата. Валканата површина ја отежнува дезинфекцијата, па затоа прво исчистете ја површината со сапун и вода, а потоа избришете ја со влажно марамче.rn

    6. Ги користите откако ќе им помине рокот на траење

    rnВеројатно сте забележале дека на секое пакување е наведен рокот на траење. Ако рокот не е наведен на амбалажата, не треба да ги користите повеќе од две години по купувањето бидејќи може да го изгубат мирисот.rn

    7. Ги користите за чистење на детските играчки или на садовите за храна за домашните миленици

    rnВлажните марамчиња за деца имаат поблаги состојки, па затоа не се толку штетни ако детето случајно ги става во уста, за разлика од оние што се наменети за површини. Затоа, избегнувајте да ги користите за чистење на садовите за храна на вашите миленичиња или за чистење на детските играчки.rnrnВлажните марамчиња содржат хемикалии што остануваат на површините што ќе ги исчистите. Кој било предмет што детето или животното може да го стави во уста треба да се исчисти со средства на база на вода што не содржат хемикалии.rn

    8. Не внимавате каде и како ги чувате

    rnНајважно е да бидете внимателни при затворањето на амбалажата, така што марамчињата да не бидат изложени на воздух и на тој начин да не се исушат. Повеќето влажни марамчиња содржат алкохол што ќе испари ако не ги затворите правилно. Исушените марамчиња немојте да ги користите за бришење на површините бидејќи од нив немате никаква корист.rn

    9. Ги користите на дрвени површини

    rnВлажните марамчиња може да ја оштетат дрвената површина бидејќи дрвото може да ја апсорбира течноста од марамчињата и да останат дамки. Ова е уште една причина зошто треба да ја прочитате етикетата. Постојат одредени влажни марамчиња кои се наменети исклучиво за дрвени површини, па затоа внимавајте кога купувате.rnrnПрочитајте кои се 10-те големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека.

  • Бебешката пудра ќе ви помогне кога најмалку очекувате: Исчистете го накитот, отстранете ги дамките и несаканите миризби!

    Бебешката пудра ќе ви помогне кога најмалку очекувате: Исчистете го накитот, отстранете ги дамките и несаканите миризби!

    Коронавирусот ги принуди повеќето луѓе на планетата да останат во своите домови. Некои го користат ова време за конечно да се одморат, некои да ја надоместат дружбата со семејството, а некои да се погрижат за себе и своите домови.rnrnБебешката пудра ќе ви помогне кога најмалку очекувате: Исчистете го накитот, отстранете ги дамките и несаканите миризби!rnrnЗа сите оние кои решија да го искористат времето во изолација за да го исчистат својот дом, пронајдовме совети како да ја искористат бебешката пудра за да ја одржат куќата сјајна и чиста.rnrnБебешката пудра ќе ви помогне во следниве сегменти при чистење на домот:rn

    Отстранување дамки

    rnАко некоја храна падне на чаршавот, посипете го тој дел со пудра, избришете го со крпа и дамката ќе исчезне.rn

    Враќање на сјајот на вашиот накит

    rnАко сакате да го исчистите накитот, прво посипете го со бебешка пудра, а потоа истријте го со стара четка за заби. На крајот само избришете го со крпа.rn

    Неутрализација на мирисот во чевлите

    rnСтавете малку бебешка пудра во чевлите и оставете ја да отстои. Мирисот ќе исчезне.rn

    Чистење на дамки од пот

    rnСтавете бебешка пудра на дамките од пот под пазувите на вашата облека и потоа испеглајте ги тие делови со врела пегла.rn

    Одврзување заплеткани јазли

    rnОдврзувањето на заплетканиот јазол ќе биде многу полесно ако врз него нанесете малку бебешка пудра.rn

    При ставање хируршки ракавици или нивно вадење

    rnЌе биде многу полесно ракавиците да се стават или извадат ако ставите малку бебешка пудра во нив.rnrnАко сметате дека е време за пролетно чистење на домот, со овие совети тоа ќе биде многу лесна задача!rn

  • 8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

    8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

    Пеглата е многу покорисен апарат во домаќинството отколку што мислите. Не само што може да направи вашата облека да изгледа одлично, туку може да ги поправи и неправилностите на вашиот дрвен мебел, правејќи ја површината како нова. И, доколку не можете да извадите гума за џвакање од вашата облека, пеглата и овде може да ви помогне!rnrnДобро е кога луѓето прават нешто неконвенционално користејќи обични работи. Па, затоа споделуваме неколку работи за кои не очекувате дека пеглата може да ви биде од корист!rn

    1. Можете да ги израмните вдлабнатините на мебелот

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnЗа да ја отстраните вдлабнатината од вашата дрвена маса или од кое било друго дрвено парче мебел, потребна ви е пегла, парче ткаенина и вода. Попрскајте малку вода на вдлабнатината, покријте ја со влажно парче ткаенина и пеглајте. Од време на време додавајте вода на ткаенината и повторно пеглајте. Повторувајте го ова се додека вдлабнатината не се израмни.rn

    2. Можете да отстраните восок од свеќи

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnДоколку имате восок од свеќа на облеката, на вашиот тепих или на било која ткаенина, можете да го отстраните со пегла. Едноставно ставете ја областа со восок помеѓу 2 крпи и притиснете со топла пегла (проверете дали е на ниска температура). Восокот ќе се запепи на крпите, а вие ќе се ослободите од дамките на облеката. Истиот трик може да се користи и за отранување на восокот од свеќи од тврди површини.rn

    3. Можете да отстраните гума за џвакање од вашата облека

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnПоставете ја областа со гума за џвакање на парче дебела хартија, така што страната со гума за џвакање да допира на хартијата. Пеглајте на спротивната страна од ткаенината. Гумата за џвакање ќе омекне и ќе се залепи за хартијата, со што ќе овозможи лесно да го отстраните остатокот од вашата облека. Бидете сигурни дека температурата не е премногу висока, во спротивно гумата за џвакање ќе се растопи и ќе биде тешко да се отстрани.rn

    4. Можете да готвите храна

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Maryam Queue (@honeybconfessions) on

    rnrn

    rnrnrnПеглата можете да ја користите за да подготвите скоро сè што нормално би приготвиле на шпорет. Само ставете на неа фолија, додадете малку путер или масло и имате тава за пржење! Друг начин да го направите тоа е да ставите храна помеѓу две парчиња фолија и потоа да загревате со пеглата. На овој начин можете дури да пржете и сланина! За тоа, можеби ќе ви треба и даска за сечење и крпа за да бидете сигурни дека нема да ја оштетите површината, а може лесно да ги исчистете маснотиите од пеглата.rn

    5. Можете да ги отстраните дамките од топлина од дрвените површини

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnАко ставите топла чинија или чаши на дрвена маса, може да се појават дамки од топлината. За да ги отстраните, прво поставете крпа над дамките. Потоа, испеглајте ја областа со пегла на пареа.rn

    6. Може да ги отстраните вдлабнатините на тепихот, направени од мебелот

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnАко одлучите да се ослободите или да преместите парче мебел, ќе забележите дека останало вдлабнатина на тепихот. За да ја остраните, земете влажна крпа и ставете ја над вдлабнатината. Потоа загревајте ја крпата со пегла на пареа. Од време на време подигнувајте ја крпата за да се ослободат влакната од тепихот. Повторете неколкупати, сè додека не ги видите посакуваните резултати.rn

    7. Можете да сочувате цвеќиња

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnОбично, потребни се неколку недели за цвеќината да станат доволно суви за да ги сочувате во книга. Со пегла, ќе бидат потребни само неколку минути. Ставете го цветот помеѓу 2 листови хартија и израмнете го со нешто тешко. Со пеглата загреана на ниска температура, притиснете го горниот дел од хартијата 15 секунди. Потоа, оставете ја хартијата 15 секунди да се олади и повторувајте го процесот додека цветот не се исуши.rn

    8. Можете да ги пластифицирате вашите документи

    rn8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијалниrnrnНе мора да купувате машина за пластифицирање за да ги пластифицирате вашите документи. Само ставете парче хартија помеѓу 2 листови за пластифицирање, ставете парче ткаенина на врвот и пеглајте. Внимавајте температурата да не е премногу висока и да нема вода во пеглата.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?rn

  • Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

    Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

    Постојат многу работи во вашиот дом, навидум безопасни, кои имаат секојдневна примена и може да бидат многу опасни доколку не ги користите правилно. Истражувањата покажуваат дека овие предмети може да имаат сериозни последици врз здравјето на луѓето ако не се користат правилно.rnrnОвие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилноrn

    Алуминиумска фолија

    rnТаа е составен дел на секое домаќинство, но може да биде многу опасна кога ќе дојде во контакт со храната. Поточно, ако ја завиткате храната во алуминиумска фолија, ситните алуминиумски честички навлегуваат во храната, а потоа и во вашето тело. Ако готвите оброци обложени со алуминиумска фолија, ќе внесете многу повеќе алуминиум во вашето тело отколку што е дозволено.rn

    Нелепливи тави

    rnИако се многу практични и ви заштедуваат многу време, овој прибор може да бидат многу штетен за вашето здравје бидејќи е обложен со хемикалија наречена полифлуоралкил, која ослободува токсични гасови при загревање. Истражувањата покажуваат дека дури 98% од луѓето во Америка ја имаат оваа хемикалија во своето тело.rn

    Средства за чистење на одводот и на рерната

    rnОвие средства служат за да ги отстранат мрностиите и содржат хемикалии кои може да предизвикаат сериозни изгореници и респираторни проблеми ако дојдат во контакт со кожата или ако ги вдишете. Затоа, неопходно е да користите маска и заштитни нараквици кога ги користите, а потоа да ги фрлите на место што е изолирано од местото каде што престојувате.rn

    Пластични кутии за храна

    rnПластичните кутии за храна се користат во речиси секој дом бидејќи се практични за чување и за носење храна. Сепак, тие може да ослободат токсични хемикалии во вашата храна ако ги користите кога ја загревате храната во микробранова печка или во рерна. Со затоплување на пластиката, во организмот се внесуваат токсини што предизвикуваат рак, дијабетес и неплодност.rn

    Освежувачи на воздухот

    rnМногу луѓе користат освежувачи на воздухот за да може да се чувствуваат пријатно во својот дом. Но, освежувачите на воздухот може да имаат многу негативен долгорочен ефект врз вашето здравје. Тие предизвикуваат мигрена и проблеми со дишењето и влијаат лошо на репродуктивното здравје.rn

    Батерии

    rnБатериите се неизоставен дел на секое домаќинство, но може да бидат многу опасни и штетни ако не се користат правилно. Најраспространетите литиум-јонски батерии може да бидат многу штетни за здравјето доколку се оштетат, бидејќи потоа ослободуваат токсични материи. Ако забележите дека вашата батерија е оштетена, веднаш треба да ја отстраните и да ја фрлите.rn

    Ласерски печатачи

    rnОвие уреди испуштаат ситни токсични честички во воздухот при секое печатење и ако се вдишат, може да предизвикаат многубројни проблеми во организмот. Ако печатите нешто, напуштете ја просторијата додека не заврши печатењето.rnrnПрочитајте на кои нови начини омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот.

  • Што ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со употреба на лесна шминка

    Што ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со употреба на лесна шминка

    Дали треба целосно да се откажете од шминкањето?rnrnШто ќе се случи ако престанете да се шминкате: 8 сјајни промени само со лесна шминкаrnrnСе разбира дека не!rnrnЗа повеќето дами, шминката е средство за истакнување на природната убавина и на цртите на лицето, за прикривање на недостатоците, за подигнување на самодовербата.rnrnСепак, како што тврдат многу дерматолози, дневната шминка ја оптоварува кожата на различни начини.rnrnЗатоа, обидете се да не носите шминка најмалку една недела и ќе забележите разни придобивки како што се природен сјај на кожата, помали пори и помалку мрсна кожа.rnrnДруг начин е поретко да користите „тешки“ производи и да ја намалите употребата на шминка сведувајќи ја на лесни и иновативни производи.rnrnЗа да се откажете од течната пудра, од палетата за контурирање, кармините и сенките за очи, истражете како ќе изгледа вашата кожа ако престанете да се шминкате.rnrnСе разбира, тоа не значи дека треба да го исфрлите вашиот несесер засекогаш – напротив, периодите како викенди или одмори се одлична можност за природен изглед без шминка.rnrnИсто така, потрудете се секојдневно да го намалувате притисокот врз вашата кожа, па изберете маскара со добар квалитет, многу лесна пудра, добар кармин.rnrnВо продолжение прочитајте што ќе се случи со вашата кожа ако не се шминкате одреден временски период.rn

    1. Порите ќе изгледаат помали

    rnТечната пудра, руменилото и бронзерот изгледаат убаво на кожата, но под површината, овие микрочестички се акумулираат во вашите пори по секое нанесување.rnrnСо загадувањето на воздухот, нечистотијата се собира во порите, така што тие се полнат и се шират со текот на времето.rnrnИако вашите пори нема да се намалат ако не користите шминка, ако престанете со шминкањето, ќе го намалите полнењето на порите, а со редовно чистење, тие ќе бидат потесни, а лицето ќе биде помазно.rn

    2. Ќе имате помалку мозолчиња

    rnКолку повеќе шминка користите, толку повеќе токсини нанесувате на вашата кожа. Особено ако не ги чистите четките редовно, бидејќи така се насобираат уште повеќе бактерии.rnrnОваа нечистотија во комбинација со бактерии не само што ги затнува порите, туку може да предизвика и воспаление, што доведува до болни мозолчиња.rnrnПотоа ќе сакате тие мозолчиња да ги покриете со шминка и така постојано во круг. Затоа, ќе забележите дека лицето ќе ви се исчисти ако не користите шминка најмалку една недела.rn

    3. Ќе ја спасите сувата кожа

    rnСо отстранување на шминката барем краток период, ќе ѝ помогнете на вашата сува кожа да се хидрира и да се одмори.rnrnИмено, шминката го нарушува природниот процес на обновување на клетките на нашата кожа. Освен тоа, знаете колку е штетно кога заспивате со шминка.rnrnКај сувата кожа, процесот на отстранување на мртвите клетки на кожата е побавен, а шминката дополнително го забавува, оставајќи ги мртвите клетки на кожата подолго да останат на површината.rnrnНекористењето шминка значи чиста површина на кожата која може непречено да се обновува.rn

    4. Помалку алергиски реакции

    rnШминката содржи надразнувачки супстанции како парабени, сулфати, метали, парфеми и пигменти, што може да бидат предизвикувачи на алергиски реакции.rnrnМеѓу нив е и контактниот дерматитис, кој се манифестира со црвени и суви делови на кожата, што може да доведе до воспаление.rnrnАко сте склони кон иритација и црвенило на кожата, некористењето шминка е најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кожа.rn

    5. Помалку брчки

    rnДерматолозите се согласуваат за најпознатата контроверзија за шминката: истата шминка со која ги покривате брчките, всушност ги прави повидливи.rnrnСо текот на времето, шминката се наталожува во ситните линии и брчки, привлекувајќи внимание на знаците на стареење што упорно сакате да ги скриете.rnrnСите старееме, па наместо да ги покривате брчките со слоеви течна пудра, сакајте го голото лице и ќе бидете изненадени колку помладо изгледате без шминка.rn

    6. Кожата ќе ви биде помалку мрсна

    rnСо исфрлањето на шминка од вашата рутина за разубавување, ќе ѝ дозволите на вашата кожа да дише и да биде помалку мрсна.rnrnСлојот течна пудра измешан со себум во никој случај не изгледа привлечно: изгледа како да имате слој масло на лицето. Затоа, ќе забележите дека вашата кожа е помалку мрсна и подобро ќе можете да ја контролирате состојбата на вашата кожа.rn

    7. Кожата ќе ви биде сјајна

    rnПо периодот на адаптација на кожата на своите природни процеси кои не се нарушени со шминка, ќе забележите дека вашата кожа изгледа свежо и одморено со природен сјај.rnrnТака, ќе добиете ефект сличен на тој што го добивате со помош на хајлајтер, но комплетно без шминка, под услов да ја храните кожата правилно, со соодветно чистење и хидратација.rn

    8. Поголеми оштетувања од сончевите зраци

    rnИако избегнувањето на шминката има многу предности, таа всушност ја штити вашата кожа од сонцето.rnrnПоточно, повеќето течни пудри содржат заштитен фактор, дејствувајќи како одбрана на кожата против штетните ефекти на УВ-зрачењето.rnrnЗначи, исфрлањето на пудрата ќе го зголеми ризикот од оштетување на вашата кожа од сончевите зраци. Затоа, пред да излезете од дома, нанесете крем со заштитен фактор, особено ако не се шминкате.rn

    Дополнителни придобивки од намалувањето на употребата на шминка:

    rn

      rn 011

    • Ќе имате повеќе време наутро за подготвување – нема да доцните бидејќи правевте контури;
    • rn 011

    • Ќе заштедите пари ако не купувате шминка – пренасочете ги парите кон некои други женски задоволства;
    • rn 011

    • Ќе се зголеми вашата самодоверба – ќе се чувствувате добро во сопствената кожа.
    • rn

    rnСепак, никој не сака целосно да се ослободи од шминката, но интересно е да се знае ова за да можете да го одморите лицето околу една или две недели во текот на летото. На крајот на краиштата, трендот „No make up“ е многу популарен на социјалните мрежи и меѓу познатите.rnrnМожеби сакате да откриете и што можат шминката и килограмите да направат од жените?rn