КАФЕ ПАУЗА

Tag: употреба

  • 15 поинакви намени на вотката

    15 поинакви намени на вотката

    Еден од светски најконсумираните алкохолни пијалаци, вотката, има многу други намени кои можат да ни се најдат некогаш во животот. Ова се само дел од нив, но интересно е да се знаат бидејќи можат да бидат многу корисни.

    rn

    15 поинакви намени на вотката

    rn

    1. Вотката може да ја употребите за безболно да отстраните залепен завој или ханзапласт. Натопете го завојот со вотка бидејќи таа го растопува лепилото.

    rn

    2. Многу лесно можете да ги исчистите затнатите одводи и тушеви. Во едно празно шишенце од спреј-распрснувач ставете вотка и испрскајте околу деловите кои сакате да ги исчистите. Оставете да постои 5 минути и потоа убаво измијте. Алкохолот во вотката ја убива мувлата.

    rn3. Со помош на вотката многу лесно можете да ги исчистите стаклата на вашите очила. На сува и мека крпа сипете малку од пијалакот и вашите очила ќе светнат за секунда. Алкохолот ги убива и бактериите кои се наоѓаат на нив.rnrn4. Вотката може да ви помогне и при продолжувањето на рокот на употреба на жилетите за бричење. После употребата, оставете го жилетот да стои во чаша со вотка. Вотката ќе го дезинфицира сечивото и ќе го спречи неговото кородирање.rnrn5. Можете да ја користите и за отстранување на разни дамки. Нанесете малку вотка на дамката и потоа поминете ја со мека четка. Пота исплакнете, оставете да се исуши и на крај исперете го она што го чистите.rnrn6. На мало памукче, нанесете вотка и дезинфицирајте си го лицето. Таа ќе ви помогне убаво да ги исчистите и затегнете порите.rnrn7. Додадете 45 милилитри вотка во вашиот шампон од 300 милилитри. Алкохолот ќе ви помогне за подобро чистење на скалпот, ќе ги отстрани токсините од косата и ќе го стимулира растот на здравата коса.rnrn8. Во шишенце-распрснувач наполнете вотка и прскајте за да ги разбркате осите и пчелите.rnrn9. Во кесичка на затворање сипете 250 милилитри вода и 250 милилитри вотка и ставете ја да се замрзне. Кашестиот мраз искористете го за покривање на деловите на кои чувствувате болки или пак ставете го на темните подочници.rnrn10. Наполнете празна чиста тегла со цветови од лаванда и потоа дополнете ја со вотка. Оставете ја да стои на сонце 3 дена и потоа процедете ја течноста. Неа можете да ја употребувате за масажа или против болки.rnrn11. За да се ослободите од треска, намачкајте ги градите и грбот со вотка натопена на памучна крпа.rnrn12. За да ја отстраните непријатната миризба на вашите нозе, измијте ги со вотка.rnrn13. Вотката може да се употреби и за дезинфекција и ублажување по убод од медуза.rnrn14. Сипете вотка на подрачјето зафатено од отровен бршлен за да го отстраните алергенот од кожата.rnrn15. Со една чаша вотка направете жуборење низ вашата уста за да ја намалите болката на вашиот заб. Дозволете непцата да апсорбираат малку од алкохолот, кои потоа пополека ќе ја анулираат болката.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.rnrnrnrnЕве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.rn

    Полирање на мебел и покуќнина

    rn

    Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.

    rnrn

    Купка од пиво

    rnСон на секој маж. Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна.rn

    Маринада

    rnБифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко.rn

    И помага на тревата да расте побрзо

    rnСтавете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот и ќе порасне побрзо.rn

    Уништува полжави и штетници

    rnНаполнете една конзерва со 1/4 пиво. Конзервата закопајте ја во земјата во вашата градина. Штетниците ќе се опијат од мирисот и ќе се удават.rn

    Стапица за глувци

    rnНаполнете една кофа со евтино пиво. До кофата ставете една штица како би можеле глувците да се искачат до кофата. Тие ќе се намамат од миризбата и ќе се удават во кофата со пиво.rn

    Го смирува стомакот

    rnОва ќе ви се допаѓа најмногу. Седнете и напијте се пиво. После кратко време, вашите болки во стомакот ќе се смират. Алкохолот ќе ја намали болката. Важно: Овој совет не го земајте предвид ако имате гастритис или чир.rn

    Полирање на злато

    rnНамокрете парче ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато (прстен, синџирче, брош) додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако има вметнати скапоцени камења во накитот.rn

    Гответе со пиво

    rnВо пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    После уживањето во шолја ароматично кафе, талогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.rn

    1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче

    rn

    Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    2. Дезодоранс за фрижидер

    rn

    Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    3. Пилинг за лице

    rn

    Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    4. Отстранувач на миризба од чевли

    rn

    Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    5. За посјајна коса

    rn

    Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    6. Ослободете се од домашните мравки

    rn

    Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rnrn

    7. Боја за сликање

    rn

    Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.

    rn

    Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.