Користено со векови за лекување рани, кожни инфекции, навлажнување на кожата и одржување на нејзиното здравје, ова „течно злато“ има моќ да се бори со акни, дијабетес, болести на срцето и црниот дроб, па дури и со ракот. Аргановото масло не само што е добро кога се користи надворешно, туку има и неверојатни придобивки доколку го консумирате. Антиоксидансите ги има во аргановото масло повеќе отколку во кое било друго растително масло.rnrn
rn
Од каде доаѓа аргановото масло?
rnМаслото се прави од дрвото арган во Мароко. Центарот, или семката на аргановото овошје се крши и нејзината внатрешност се притиска за да се извлече маслото. Оваа работа е напорна и потребно е многу време.rn
Постојат два вида масло: Козметичко и масло за исхрана
rnПостојат два вида арганово масло – едниот може да се јаде, а другиот е направен само за надворешна, козметичка употреба. Секој вид се произведува различно. За маслото кое се јаде, семките прво се печат, па потоа се вади маслото од нив. Тоа може да се додава во салати и зеленчук. Исто така може да се користи и за готвење, но не е добро за долго пржење.rnrnКозметичката верзија најчесто се користи како навлажнувач на кожата и за коса. Често е состојка на кремите за лице и тело. За негово производство, семките се притискаат свежи, а не печени.rn
Кои се придобивките од аргановото масло?
rn
1. Акни и други проблеми со кожата
rnАргановото масло ги намалува воспаленијата на кожата, како што се акните и егземата. Неговата употреба ги обновува и оксидира клетките на кожата.rn
2. Го подобрува здравјето на црниот дроб
rnИстражувања покажале дека консумирањето арганово масло го штити црниот дроб од болести. За време на тестовите кои предизвикувале нарушувања кај црниот дроб, аргановото масло го регулирало производството на инсулин.rn
3. Го спречува ракот
rnПолно со антиоксиданси, аргановото масло помага во намалувањето на туморите и другите канцерогени израстоци. Исто така штити и од рак на кожата.rn
4. Лекува рани и изгореници
rnАргановото масло го забрзува процесот на заздравување и ја спречува појавата на инфекции. Едно неодамнешно истражување спроведено на жртви со изгореници од втор степен, покажало дека пациентите кои биле третирани со арганово масло, закрепнале многу побрзо.rn
5. Ја подмладува кожата
rnИзложувањето на УВ зраци може да го забрза оштетувањето на кожата. Користењето арганово масло ја поттикнува обновата на клетките на кожата и го спречува појавувањето на дамки и лузни. Аргановото масло ја прави кожата поеластична и помазна.rn
6. Го подобрува кардиоваскуларното здравјето
rnМасните киселини во аргановото масло помагаат при намалување на лошиот холестерол, со ова спречувајќи ги срцевите удари и болести.rn
Како да го внесете аргановото масло во вашата дневна рутина?
rn
1. Навлажнувач на кожата
rnСтавете една капка масло на вашата рака и нанесете ја на рацете, нозете, вратот и лицето. Повеќе внимание обрнете на грубите делови, како лактите и колената. Можете со многу малку масло да го поминете целото тело.rn
2. Регенератор за коса
rnВо зависност од должината на вашата коса, користете една или две капки што ќе ги втриете во косата, почнувајќи од скалпот. Можете да го нанесете и само на испуканите врвови за да ги навлажните.rn
3. Додаток во храната (само маслото наменето за јадење!)
rnКористете го наместо другите масла, во салати, преливи, сосови, па дури и во макала.rn
Постојат ли несакани последици од употреба на арганово масло?
rnАргановото масло се добива од јаткаст плод, па ако имате алергија на кој било од овие плодови, бидете внимателни. Секогаш правете тест за алергија на мал дел од вашата кожа пред да почнете со употреба на маслото.rn
Каде да го најдете и колку чини?
rnАргановото масло се произведува само во Мароко и не е евтино. Тешката работа која ја бара неговото производство доаѓа со цена. 50 милилитри масло обично се продава за 35 евра за козметичка употреба, и 100 евра за 3 литри масло кое се јаде.rnrnНо, имајте на ум дека ќе потрошите многу повеќе за други козметички препарати во обид да ги постигнете истите резултати. А овие препарати обично се полни со хемикалии кои постепено се таложат и насобираат во вашето тело.rnrnМаслото можете да го најдете во добро снабдените парфимерии и во аптеките.rn
Како да се осигурите дека купувате вистинско арганово масло?
rnАко е евтино, не е арганово масло. На амбалажата треба да пишува дека производот е 100% арганово масло и треба да биде мазно, а не многу мрсно на допир. Исто така може да се забележи и некаков талог на дното на шишето.rn
Како да го чувате аргановото масло?
rnВистинското арганово масло има краток животен век: 24 месеци за козметичкиот вид, и само 12 за маслото за јадење. Најдобро е да го чувате во стаклено шише, настрана од сончева светлина.rn
Арганово наспроти масло од чајно дрво, кое да го одберете?
rnДруго масло со многу придобивки е маслото од чајно дрво. Тоа е одлично во борбата против акни и помага при заздравувањето на раните. Додека е многу поевтино од аргановото, јакоста и силната арома на маслото од чајно дрво не можат сите да ја поднесат. Исто така, маслото од чајно дрво е само за надворешна употреба. Ова масло може да предизвика некои несакани ефекти како иритација и отоци, сувост на кожата, чешање и боцкање.rnrnПогледнете и кои природни масла се добри за вашето лице.