Дали ви се има случено да купите нов крем и по една недела да сфатите дека воопшто не ви одговара: премногу е мрсен, не е доволно хидратантен или предизвикува иритација. Во продолжение прочитајте неколку корисни совети како да ги искористите производите за убавина за други цели.rnrn
rn
1. Крем за лице
rnАко кремот е премногу мрсен, искористете го како крем за петици, за раце, за лакти и сл. Ова се делови на телото на коишто им е потребен крем со помрсна текстура. Покрај тоа, кремот што ви предизвикува иритација на кожата можете да го користите за мачкање на кожените чевли, нараквици или чанти.rn
2. Балсам за усни
rnНесоодветниот балсам за усни користете го за мачкање на кутикулите на рацете и на нозете.rn
3. Шампон за коса
rnАко шампонот за коса ви предизвикува првут или ја прави вашата коса премногу мрсна, едноставно искористете го за перење на нежните алишта што ги перете на раце – чипка, хулахопки или градници. Освен тоа, со шампонот можете да ги измиете четките за шминкање и детските играчки.rn
4. Регенератор и маска за коса
rnАко регенараторот или маската за коса не се соодветни за вашата коса, искористете ги како пена за бричење. Бричот ќе се лизга по кожата, нема да имате исекотини, а кожата ќе ви биде совршено мазна.rn
5. Пилинг за лице
rnДали пилингот за лице ви е премногу груб? Во тој случај, можете да го искористите како пилинг за рацете и за стапалата или како пилинг за целото тело.rn
6. Млеко за тело
rnНесоодветното млеко или лосионот за тело можете да ги искористите на многу начини. Ако вашата коса е наелектризирана или неуредна, ставете мала количина млеко за тело на рацете и поминете низ вашата коса за да ги приберете разлетаните прамени. Исто така, со млекото за тело отстранете го лепилото откако ќе ја извадите налепницата, негувајте ја кожената фотелја или користете го како пена за бричење.rn
7. Масло за нега на тело
rnДали ви пречи мирисот на маслото за тело или има претерано мрсна текстура? Не фрлајте го, туку искористете го на следниот начин: натопете ги нозете во маслото и потоа ставете ги во кеса за замрзнување и одозгора ставете памучни чорапи. Кожата на нозете ќе биде многу мека. Ставете две лажици масло во бањата за да ја омекнете кожата додека лежите во кадата. Исто така, маслото можете да го искористите за подмачкување на кваките на вратите или на синџирите на велосипедот.rn
8. Дезодоранс
rnДезодорансот што не е ефикасен можете да го користите против непријатниот мириси на стапалата: нанесете го навечер пред спиење за да бидете заштитени следниот ден. Исто така, несоодветниот дезодоранс во стик можете да го користите како освежувач на плакарот така што ќе го оставите отворен внатре во плакарот. Ако ви се тријат нозете во текот на летото, решете го проблемот со ставање малку дезодоранс во стик на внатрешната страна на нозете.rn
9. Серум за лице
rnНесоодветниот серум за лице можете да го користите како серум за вратот и за деколтето. Освен тоа, можете да го користите и за нега на рацете, пред да нанесете крем за раце.rnrnПрочитајте кои се 12-те необични примени на активниот јаглен.

rnrnЗборуваме за пчелиниот восок – магичната состојка што ја создаваат пчелите за да го изградат своето саќе. Кога пчеларите собираат мед, нус-производ во процесот на екстракција е пчелиниот восок. Тој потоа се топи во плочка и може да се купи. Зошто дефинитивно треба да го купите? Пчелиниот восок е природна супстанција која може да се користи во домот, за разубавување, па дури и при готвењето. Исто така, има долг рок на траење и низа заштитни својства.rnrnСе прашувате што друго освен свеќи и балсами за усни можете да направите од оваа долготрајна и природна состојка?rnrnПрочитајте во продолжение!rnrn
rn


rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ги и овие 
rnrnПосле 30-тата година од животот, кај луѓето почнува да се појавува отекување на нозете. По правило, ова се случува поради вишокот сол во ткивата на телото. Можете да го решите овој проблем со сода бикарбона. Измешајте 1,5 лажичка сода бикарбона со 1 чаша зовриена вода. Ставете памучни чорапи во растворот, исцедете ги и облечете ги. Околу стапала ставете пластична фолија за храна, а врз неа облечете суви чорапи. Можете да ги оставите чорапите во текот на целата ноќ. После 8 часа, сигурно ќе ги забележите резултатите.rn
rnrnТаа може да ви помогне да се справите и со тврдоглавите митесери. Ја неутрализира рН вредноста на кожата, па се лачат помалку масла, со тоа намалувајќи ги митесерите.rn
rn
rnrnЗа варената брокула да ја задржи зелената боја, додајте 1 лажица сода бикарбона во садот со вода. Зеленчукот ќе изгледа навистина вкусно.rn
rnrnКомбинацијата од сода бикарбона и пченкарен скроб е одлична смеса за моделирање што се стврднува. За да ја направите, измешајте 1 лажица сода бикарбона и 60 грама пченкарен скроб. Додајте околу 100 милилитри топла вода. Измешајте добро за да ги отстранете грутките и ставете ја смесата во тенџере на средна температура. Продолжете со мешање додека се „готви“. Кога ќе згусне, тргнете ја смесата од шпоретот и оставете ја да се излади.rn
rnrnАко измешате сода бикарбона и ПВА лепило во однос 1:1, ќе добиете паста со која ќе можете да ги пополните пукнатините во керамичките предмети.rnrnПродолжува на 
rnrnВо Викторијанската ера, хистеријата кај жените се поврзувала со матката, па масажата на карлицата која резултира со оргазам изгледала како совршен лек. Според оваа теорија, оргазмот би требало целосно да ја излечи жената.rn
rnrnОвој метод помеѓу „хистеричните жени“ бил многу популарен, па некои пациенти сè поретко се враќале во ординацијата. Ова само ја потврдувала „ефикасноста“ на магичниот лек. Кога ќе се земе предвид дека на почетокот терапијата се изведувала рачно, лекарите биле соочени со замор и физички напор. Поради ова посегнале по хидротерапијата, односно меѓуножјето на жените било масирано со млаз вода.rn
rnrnОчигледно, ова не било долготрајно решение, па во 1880-тите британскиот лекар Џосеф Мортимер Гранвил го измислил електричниот вибратор за да им ја олесни работата на лекарите. Жените веднаш биле воодушевени од ова електромеханичко чудо, а производителите виделе можност за заработка, па почнале да прават вибратори за домашна употреба. Во 1902-ра година бил патентиран првиот вибратор за домашна употреба.rnrnЕдна реклама од овој период тврдела дека вибраторот ги закрепнува нервите и целиот систем, добро делува на тенот и ја стимулира циркулацијата по природен пат. За најефикасно делување, се препорачувало да се користи после капење или вежбање, а некои од производителите тврделе дека може да излечи над 200 болести, вклучувајќи глувост, парализа и несоница.rnrnДенес вибраторите постојат во разни форми и бои и имаат различни функции. Иако денес нивната употреба е далеку од медицинска, некои истражува покажале дека луѓето кои користат секс играчки, имаат подобро физичко и ментално здравје. Доколку сте љубопитни, слободно тестирајте го, бидејќи вибраторите одамна не се табу тема.rnrnСигурно ќе ве интересира и 
rnrnПред пржењето треба да ги измиете со млаз ладна вода и добро да ги исцедите за да се испржат рамномерно. Важно е постојано да ги мешате за да не загорат. Кога ќе почнат да мирисаат и кога ќе ја променат бојата, тоа е знак дека се готови. Додека се сè уште жешки можете да ги прелиете со малку соја сос и добро да промешате – влагата од семките веднаш ќе испари, а солта од сосот ќе се распореди рамномерно. Испржените семки оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во тегла.rnrnИ семките од коноп се многу повкусни доколку кратко ги пропржите. Правот од семе од коноп е популарен протеински додаток во пијалаците и исхраната на спортистите и физички активните луѓе. Тие се одлични за луѓето кои сакаат да ја одржат мускулната маса, а не сакаат да консумираат додатоци на база на сурутка.rnrnТрите вида семиња во себе имаат околу 50% масти, па откако ќе ги испечете можете од нив да направите и намаз така што ќе ги смелете во блендер. Нивните масти можат да го заменат обичното масло и се добар прелив за салата. Маслата од семиња се додаваат во чорбите и варивата за побогат вкус и кремаста текстура.rnrnДруг интересен начин за употреба на овие семиња е правење растително млеко. Доколку сировите семиња ги потопите неколку часа во вода, ги измелете и добро ги исцедите, ќе добиете пијалак со боја и текстура слична на млекото. Ова растително млеко е одлична основа за смуди, вегански сладолед и додаток во чорбите и преливите. Доколку сте алергични на ореви или бадем, овие млека се одлична замена.rnrnЛененото семе и чиа семето се одличен извор на омега 3 масни киселини. Овие семиња можете да ги обработите на два начина.rnrnБидејќи содржат околу 30% хранливи влакна, од кои четвртина се влакна на гуми, кога ќе ги потопите во вода овие семиња создаваат густ гел. Овој гел е одличен за констипација. Една лажица семиња прелијте ја со 100 милилитри вода и оставете да отстои во текот на ноќта. Следното утро испијте ја целата содржина – и семето и гелот. Ако сакате секојдневно да ги консумирате на овој начин, можете да потопите неколку лажички, па да ги чувате во тегла во фрижидер една недела. Со овој гел ќе го подобрите и варењето, но организмот нема да апсорбира многу од хранливите состојки бидејќи зрната се цели.rnrnПоради тврдата лушпа, речиси невозможно е да ги соџвакате, па можете да направите прашок од сировите семиња. Можете и да ги ставите во блендер со вашето омилено смуди. Никогаш немојте да купувате однапред смелени семиња бидејќи со стоењето, тие ја губат хранливоста. Мелете само по неколку лажички одеднаш, а остатокот чувајте го фрижидерот и искористете го во рок од неколку денови.rnrnПогледнете и кои се 

rnrn
rnrn
rnrn