Телото на различни начини предупредува за недостатокот на важен минерал за бројни функции во телото, но сепак, еден необичен симптом е клучен знак дека ви недостасува цинк.rnrn
rnrnЦинкот е важен минерал неопходен за многу функции во телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, згрутчувањето на крвта и правилното функционирање на тироидната жлезда.rnrnПокрај тоа, цинкот промовира нормален раст и развој за време на бременоста, детството и адолесценцијата. Меѓутоа, често се јавува недостаток на овој минерал, што го ослабува извршувањето на основните функции во телото.rnrnНеколку различни симптоми може да укажуваат на недостаток на цинк во телото, но еден од нив не треба да се игнорира.rnrnСпоред лекарите, станува збор за бавното зараснување на раните.rnВо случај на гребаница, крвта ни се згрутчува на најбрз можен начин. Згрутчувањето на крвта е функција во телото која спречува инфекции при помали повреди и го намалува ризикот од крварење при поголеми повреди.rnrnКога имаме проблем со недостаток на цинк, ослабениот имунолошки систем може да доведе до побавно зараснување на отворените рани бидејќи цинкот е токму она што му треба на нашето тело за обновување на кожата.rnrnДруги симптоми кои може да укажуваат на недостаток на цинк се акни, проблеми со спиењето, болки во стомакот и дијареа, проблеми со слухот или видот и губење на косата.rnrnОткако прочитавте за симптомите на недостаток на цинк во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Tag: симптоми
-

Не смеете да го занемарувате: Главен симптом на недостаток на цинк во организмот
-

Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12!
Сигурно досега сте слушнале многупати дека на вашето тело му треба доволна количина на витамин Б12 за да функционира правилно. Овој витамин игра суштинска улога во формирањето на црвените крвни зрнца и во исто време го одржува вашето тело здраво. Постојат неколку показатели за недостаток на овој витамин, а ова се некои од нив.rnrn
rn1. Вртоглавица при станување
rnАко се борите да останете будни, можеби ви недостасува витамин Б12. Осигурајте се дека добивате доволно часови квалитетен сон во текот на ноќта, а ако сè уште се чувствувате уморни, можеби ќе сакате да размислите за зголемување на внесот на витамин Б12. Недостатокот на овој витамин доведува до чувство на замор и вртоглавица.rn
2. Слабост во мускулите
rnЗа силните мускули потребно е доволно количество црвени крвни зрнца, а како што веќе рековме – недостатокот на витамин Б12 влијае на нивното формирање, додека другите клетки не добиваат доволно кислород, што, исто така, влијае на слабоста на вашите мускули.rn
3. Лоша меморија
rnИ на вашиот мозок му треба кислород. Недоволната количина на кислород резултира со проблеми со меморијата. Не треба да ги мешате симптомите на недостаток на витамин Б12 со Алцхајмерова болест – едноставно не внесувате доволно од овој витамин, тоа е сè.rn
4. Губење на чувството за вкус
rnНедостатокот на овој витамин доведува до мало губење на чувството за вкус, па дури и до болка во задниот дел на јазикот.rn
5. Проблеми со видот
rnНедостатокот на витамин Б12 доведува до оштетување на оптичкиот нерв во очите, што доведува до заматен вид или дури и губење на видот. Сепак, консултирајте се со стручно лице за да одредите точно во што е проблемот и не обидувајте се самите себеси да си поставите дијагноза.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на недостаток на витамин Б12, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12.rnrnИзвор: atma.hrrnrn
-

Дали комбухата може да ги ублажи симптомите на менопаузата?
Експертите откриле дека комбухата може значително да им помогне на жените да се справат со непријатните симптоми на менопаузата. Но, првин да откриеме што претставува комбухата и на кој начин таа може да влијае врз здравјето.rnrn
rnrnОвој пијалак стана вистински хит во последните неколку години благодарение на неговото благотворно влијание врз цревната флора и имунитетот. Станува збор за ферментиран чај кој потекнува од античка Кина, каде со векови се користел како еликсир.rnrnСодржи пробиотици и затоа има големо влијание врз варењето и виталноста на организмот. Се карактеризира со кисел вкус кој потсетува на оцет и како резултат на ферментацијата има и одреден процент на алкохол, иако комерцијално произведената комбуха нема доволно количество алкохол за да се класифицира како алкохолен пијалак, важно е да бидете свесни за овој факт.rnКомбуха и менопауза
rnНе се направени доволно истражувања за да се документира ефектот на комбуха врз симптомите на менопауза, но нејзините докажани придобивки кореспондираат со некои вообичаени симптоми на менопауза, па затоа може да помогне во нивно ублажување.rn
Дигестивни проблеми
rnЗа време на менопаузата, доаѓа до намалено производство на одредени хормони кои влијаат на брзината и ефикасноста на варењето на храната, што може да доведе до надуеност, гасови, гадење, дијареја или запек. Според нутриционистот Лиза Ричардс, комбухата изобилува со бактерии кои се добри за цревната флора, го поддржуваат процесот на варење, но претставуваат и дополнителен извор на енергија. Д-р Су Нуи Ескобар, диететичар и експерт за менопауза, вели дека пробиотиците во комбухата можат да бидат корисни и за жените кои имаат проблеми со надуеност и запек бидејќи го поттикнуваат движењето на дебелото црево и исфрлањето на гасовите.rn
Менување на расположението
rnЗа време на менопаузата се менува работата и излачувањето на хормоните, а тоа особено важи за естрогенот. Влијаат и сите флуктуации на хормоните, а тоа се забележува преку производството на серотонин што многу влијае на расположението. Промената на расположението во комбинација со несоница може да доведе до анксиозност и депресија. Лиза Ричардс објаснува дека постои врска помеѓу мозокот и цревата – што значи дека здравјето на нашиот микробиом влијае врз нашиот нервен систем. Комбухата, од друга страна, е богата со пробиотици и придонесува за здравјето на цревата, а со тоа и индиректно на мозокот.rn
Топли бранови и ноќно потење
rnИ овие два симптоми се заеднички за многу жени кои минуваат низ менопауза и се предизвикани од флуктуациите на хормоните што му отежнуваат на телото да ја регулира температурата. Д-р Ескобар наведува дека комбухата може да ја намали зачестеноста на топли бранови и ноќно потење како и нивниот интензитет.rnСепак, пред да ја воведете комбухата во вашата рутина, имајте на ум дека е важно да ја користите умерено бидејќи прекумерното консумирање може да доведе до болки во стомакот и гасови, а подобро е да ја одбегнувате доколку сте чувствителни на алкохол и кофеин.rnrnОткако прочитавте за ублажувачкото дејство на комбухата, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

7 необични работи кои ги правите поради анксиозноста
Дали знаевте дека илјадници луѓе ширум светот страдаат од анксиозни нарушувања? Анксиозноста е природна реакција на нашето тело на стрес. Многу луѓе се чувствуваат вознемирени додека одат на интервју за работа, додека некои други може да доживеат анксиозност кога присуствуваат на некаков настан. Еве кои необични работи ги правите поради анксиозноста!rnrn
rn1. Секогаш ги замислувате најлошите исходи
rnКога имате анксиозност, имате тенденција да анализирате сè и да ја предвидувате најлошата можна иднина, дури и кога тоа е многу малку веројатно да се случи. Замислувате дека не успевате и почнувате да се плашите од неизвесната иднина. Вашите емоции излегуваат од контрола, па почнувате да паничите и да ги комплицирате работите во вашата глава.rn
2. Избегнувате дружење
rnАнксиозноста ве тера да се плашите од дружењата со другите бидејќи се плашите да бидете осудени. Иако можеби не сте интровертни по природа, откажувате планови и патувања и ги прескокнувате забавите.rn
3. Останувате заглавени во минатото
rnКога имате анксиозност, постојано повторувате непријатни разговори од минатото во вашиот ум што ве спречува да бидете смирени и опуштени. Вашиот ум се навраќа на спомените од минатото што ве вознемируваат. Вашето срце се полни со вина и срам додека жалите за вашите минати постапки кои негативно влијаат на вашето ментално и емоционално здравје.rn
4. Секогаш се обвинувате себеси
rnСекогаш кога ќе се случи нешто лошо, мислите дека тоа е ваша вина. Се обвинувате себеси за исходи кои не се ваша вина и се чувствувате виновни без очигледна причина. Дури и кога сите знаат дека не сте одговорни за тоа, вие ги влошувате работите со покажување со прст кон себе.rn
5. Се споредувате со другите
rnЕдна од најлошите работи во врска со анксиозноста е интензивното чувство на несигурност поттикнато од постојаниот сомнеж во себе и комплексот на инфериорност. Бидејќи верувате дека никогаш не можете да бидете доволно добри, постојано се споредувате со другите. Верувате дека секогаш постои некој кој може да го направи тоа подобро од вас, а тоа ја намалува вашата самодоверба.rn
6. Се нервирате кога работите не одат според планот
rnВашата вознемиреност ве спречува да сфатите дека не можете да го контролирате исходот од секоја ситуација. Така, кога одредени ситуации не одат според тоа како сте ги замислиле, почнува да ве фаќа паника. Стравот од неизвесност го исцрпува целиот оптимизам во вас и предизвикува лутина, разочарување, па дури и напади на паника.rn
7. Не успевате да размислувате логично
rnВашата анксиозност ве тера премногу емотивно да се вложувате кога донесувате одлуки што ја нарушува вашата способност да размислувате логично. Не сте во состојба да ги анализирате опциите кои ви се на располагање и да ја изберете најдобрата поради вашата тенденција претерано да размислувате за најлошите можни исходи, па имате тешкотии да носите важни одлуки. Како резултат на тоа, страдаат вашата кариера и односите со другите.rnrnОткако прочитавте за симптомите на анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 28 лаги анксиозноста нè тера да веруваме.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?
Тешко е максимално да уживате во убавото време кога очите ве чешаат, носот ви тече и постојано кивате или страдате од симптоми поврзани со алергии, познати и како алергиски ринитис.rnrn
rnrnПокрај лековите за олеснување на симптомите, постојат одредени намирници кои не само што ќе го зајакнат вашиот имунитет туку и ќе ви помогнат да се ослободите од алергиите на природен начин.rnКромид
rnКромидот е природен антихистамин (група на лекови која се користи за справување со алергиите), богат со кверцетин, флавоноид кој има силно антиоксидативно дејство. Кверцетинот го блокира производството и ослободувањето на хистамин, процес вклучен во алергискиот одговор на телото, како и помага при инхибиција на други алергиски и воспалителни процеси. Други добри извори на кверцетин се: јаболка, црвено вино, каперси, црн пипер, коријандер, црн и зелен чај, банани и пиперки.rn
Кефир
rnОвој ферментиран млечен производ содржи пробиотици за кои е докажано дека го намалуваат воспалението на носните патишта, ги третираат сезонските алергии и го зајакнуваат имунитетот. Други извори на пробиотици се јогуртот и киселата зелка.rn
Портокал
rnПортокалите се богати со витамин Ц кој делува како природен антихистамин, но и со кверцетин, а комбинацијата од кверцетинот и витаминот Ц помага при намалување на воспалението. Други извори на витамин Ц се: агруми, пиперки, брокула, јагоди, папаја и манго.rn
Мед
rnПокрај веќе познатите антиинфламаторни својства, медот може да ги намали алергиите доколку се зема на самиот почеток на сезоната. Кај луѓето кои редовно консумираат домашен мед, симптомите од алергија на полен се намалени за дури 60%.rn
Куркума
rnОвој зачин содржи куркумин, антиинфламаторно соединение кое го спречува ослободувањето на хистамин и го намалува оксидативниот стрес и алергискиот одговор. Куркуминот исто така го зголемува протокот на воздух во носот и го зајакнува имунолошкиот одговор кај луѓето со алергии. Апсорпцијата на куркуминот се зголемува доколку куркумата ја консумирате заедно со црн пипер.rnrnОткако прочитавте кои намирници ќе ви помогнат да се справите полесно со симптомите на алергија, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те грешки што ги правите кога имате алергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
-

Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?
Пристигнувањето на пролетта најчесто се поврзува со потоплите денови, но многумина во овој период се соочуваат и со поспаност и т.н. пролетен умор.rnrn
rnrnПролетниот замор или пролетната летаргија е природна привремена состојба на расположение која често се манифестира со физички симптоми. Некои од најчестите симптоми се ниско ниво на енергија, замор, мрзеливост, слабост, фрустрација, неконтролирана поспаност (и покрај соодветната количина на сон), главоболки, болки во зглобовите и недостаток на мотивација.rnrnОваа фаза на замор според многумина е нормална и очекувана и во просек потребни се околу две недели за да се надмине пролетниот замор, а најчесто се јавува од средината на март до средината на април.rnrnДоаѓањето на пролетта носи поубаво време и можност за повеќе активности на отворено, за вежбање, прошетка. Сепак, иако пролетта нè потсетува на будењето, може да дојде до замор. Зошто има таква промена во организмот?rnrnЛуѓето, како и сите животни, го регулираат нивото на хормоните како одговор на надворешните дразби како што се светлината и температурата. Кога надвор е студено и темно, телото го забавува метаболизмот во обид да заштеди енергија и да се заштити. Исто така, произведува повеќе хормони за спиење мелатонин, што доведува до изразена потреба за сон. Додека во пролетта, сончевата светлина предизвикува телото да произведува повеќе серотонин или хормон на активност. Температурата на телото се зголемува, крвните садови се шират и крвниот притисок опаѓа – на нашето тело му треба време да се прилагоди на физичките промени. Поради ова, многумина се соочуваат со две предизвикувачки недели на дополнителна поспаност. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да го спречите пролетниот замор.rnПоминувајте повеќе време во природа
rnСончањето помага да се подобри циркулацијата на крвта и ги елиминира токсините од телото. Неопходно е и за апсорпција на калциум за коските. Истражувањата покажале дека престојот на сонце ја стимулира синтезата на витаминот Д3 во човечкото тело што може да го подобри вашето расположение и да придонесе за подобар сон.rn
Дишете свеж воздух
rnСвежиот воздух дава повеќе енергија, го зајакнува имунолошкиот систем, ги подобрува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Доволно е да посветите неколку часа неделно на хоби како градинарство или планинарство.rn
Јадете свежа храна
rnЗа да го подготвите телото за пролетта, можеби ќе сакате да го зголемите внесот на овошје и зеленчук. Ова е најдобриот начин за снабдување на телото со дополнителни витамини и минерали. Сепак, пиењето доволно течности исто така треба да биде превентивна мерка – понекогаш се чувствувате уморни само затоа што сте малку дехидрирани.rn
Обилен појадок за забрзување на вашиот метаболизам
rnМозокот користи гликоза како гориво, па затоа изберете јаглехидрати кои бавно се варат како леб од цели зрна, овесна каша и банани. Урамнотежениот појадок вклучува протеини и здрави масти кои се наоѓаат во јаткастите плодови, јајцата и јогуртот.rn
Хранете се здраво и не прескокнувајте оброци
rnНамалете ја количината на храна богата со масти, шеќер и сол. Обидете се да јадете редовно за да го одржувате нивото на енергија во текот на денот, но не прејадувајте затоа што големите оброци можат да ја исцрпат вашата енергија.rn
Намалете го кофеинот
rnПиењето кафе е веројатно најчестиот начин да се разбудите и да останете будни, но ефектот многу брзо исчезнува. Кофеинот делува како стимуланс на централниот нервен систем преку ослободувањето адреналин, хормон кој е одговорен за брзо активирање на мозокот, но чие дејство брзо исчезнува, па на крајот одново се соочувате со исцрпеноста. Затоа, најдобро би било да намалите со консумирање кафе, црн чај и газирани пијалаци.rnrnОткако прочитавте кои се причините за пролетниот умор, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за зелен пијалак за борба против пролетниот умор.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор
Дали и како се разликува состојбата на емоционална исцрпеност од стресот и уморот со кои секојдневно се соочуваме? Емоционалната исцрпеност е хронична состојба на физичко и емоционално исцрпување и може да се појави кога некој ќе доживее период на прекумерен стрес во работата или личниот живот. Ова може да влијае на секојдневниот живот, односите и однесувањето на една личност. Ако искусите некои од овие симптоми на емоционална исцрпеност, тоа може да укаже дека ви треба пауза.rnrn
rn1. Лесно се лутите
rnМенталниот и емоционалниот замор лесно може да ви го расипе расположението. Кога сте емоционално исцрпени, потешко е да ги држите емоциите под контрола. Опкружени сте со негативност, а како што минуваат деновите почнувате да губите надеж. За жал, ова може да ве натера да го исфрлите гневот на оние кои ви се најблиски и кои најверојатно не го заслужуваат тоа.rn
2. Не сте продуктивни и немате мотивација
rnХроничниот стрес може да го отежни фокусирањето и да ја намали вашата мотивација. Така, дури и малите обврски кои не бараат голем напор ќе почнат да ви изгледаат застрашувачки и речиси невозможни.rn
3. Постојано се грижите и сте вознемирени
rnЕден од симптомите на емоционална исцрпеност е претераната анксиозност која постојано ќе ве „предупредува“ дека нешто не е во ред.rn
4. Несоница
rnПотешко е да заспиете кога се чувствувате премногу уморни. Според истражувањето, луѓето кои имаат професии со високи „когнитивни оптоварувања“ искусуваат повеќе симптоми на несоница од оние кои немаат. Освен тоа, недостатокот од сон може да го влоши менталниот замор.rn
5. Нездрави избори
rnДруг симптом на емотивна исцрпеност може да биде употребата на алкохол и дрога. За оние, пак, кои веќе имаат проблем со злоупотреба на супстанции, емоционалната исцрпеност може да биде уште поштетна. Причината за ова, според експертите, е тоа што зависноста од дрога ги менува мозочните региони вклучени во управувањето со стресот и контролата на импулсите.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на емоционална исцрпеност, можеби ќе сакате да прочитате и дали менталната болест станува нашето ново секојдневие.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Кои симптоми укажуваат на дефицит на витамин Б12?
Витаминот Б12 е хранлива материја која му е потребна на вашето тело за важни процеси, како што се синтезата на ДНК, производството на енергија и нормалната функцијата на централниот нервен систем. Иако витаминот се наоѓа во многу храна, дефицитот на витамин Б12 е проблем кој честопати се јавува. Бидејќи способноста за апсорпција на Б12 од храната опаѓа со возраста, недостатокот е почест кај старите. Сепак, тоа не значи дека децата и помладите возрасни лица, вклучително и оние кои се бремени и дојат, не можат да развијат дефицит на Б12. Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12.rnrn
rn1. Умор
rnАко имате ниско ниво на витамин Б12, веројатно ќе се чувствувате уморни. На клетките на вашето тело им треба Б12 за да функционираат правилно. Недостатокот на витамин Б12 може да го намали нормалното производство на црвени крвни зрнца, што може да ја наруши испораката на кислород. Со други зборови, може да предизвика мегалобластна анемија. Оваа состојба доведува до формирање на големи, абнормални и незрели црвени крвни зрнца и нарушена синтеза на ДНК – се чувствувате слаби и уморни бидејќи вашето тело нема доволно здрави црвени крвни зрнца за да носи кислород до ткивата.rn
2. Бледа или жолта кожа
rnДруг знак што може да укаже на недостаток на Б12 е бледа или жолта кожа. Анемијата поврзана со недостаток на Б12 може да ја направи вашата кожа бледа поради недостаток на целосно созреани, здрави црвени крвни зрнца во телото.rn
3. Главоболки
rnНедостатокот на Б12 може да доведе и до невролошки несакани ефекти, вклучително и главоболки. Всушност, главоболките се меѓу најчесто пријавените симптоми поврзани со недостаток на Б12 и кај возрасните и кај децата. Некои студии покажале дека луѓето кои често доживуваат одредени видови главоболки имаат поголема веројатност да имаат ниски нивоа на Б12.rn
4. Депресивни симптоми
rnВитаминот Б12 е од суштинско значење за правилното функционирање на вашиот централен нервен систем. Како резултат на тоа, дефицитот на Б12 е поврзан со поголем ризик од развој на депресија. Ниското ниво на Б12 може да предизвика покачени нивоа на амино киселина која содржи сулфур наречена хомоцистеин. Оваа амино киселина, пак, може да придонесе за развој на депресија преку зголемување на оксидативниот стрес и оштетување на ДНК.rn
5. Гастроинтестинални проблеми
rnНедостатокот на Б12, исто така, може да предизвика дијареја, гадење, запек, надуеност, гасови и други гастроинтестинални симптоми.rn
6. Други знаци и симптоми на недостаток на Б12
rnПокрај горенаведените симптоми, недостатокот на Б12 може да доведе и до следниве симптоми:rn
- rn 011
- Мускулни грчеви и мускулна слабост. Недостатокот на Б12 негативно влијае на функцијата на сетилниот нерв, што може да предизвика грчеви и слабост во мускулите.
- Нарушена координација. Атаксија, или нарушена рамнотежа и координација, е невролошки симптом што може да биде предизвикан од недостаток на Б12. Како таков, лице со недостаток на Б12 може да има тешкотии при одење.
- Еректилна дисфункција. Мажите со дефицит на Б12 може да доживеат еректилна дисфункција како резултат на зголемено ниво на хомоцистеин во телото.
- Нарушувања на видот. Недостатокот на Б12 може да предизвика нарушувања на видот, веројатно поради оштетување на оптичкиот нерв.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnОткако прочитавте за симптомите кои укажуваат на дефицит на витаминот Б12, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12.rnrnИзвор: healthline.com
-

5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!
Слабата циркулација е проблем кој е најчесто присутен кај лицата постари од 40 години. Сепак, не е исклучиво поврзана со стареењето бидејќи таа може да биде резултат и на одредени здравствени проблеми како дијабетес и срцеви заболувања. Ако не се излечи навреме, може да доведе до сериозни последици како згрутчување на крвта, инфицирани чирови и ампутација. Затоа, експертите препорачуваат да обратите внимание на овие симптоми.rnrn
rnЧувство на пецкање на екстремитетите
rnСпоред специјалистот по физикална медицина, Крис Тат, слабата циркулација може да предизвика чувство на пецкање на екстремитетите. Тоа е бидејќи крвта не доаѓа до овие места во доволна количина.rn
Ладни раце и нозе
rnКрвта носи топлина и хранливи материи до сите делови од нашето тело. Така, намалената циркулација предизвикува рацете и стапалата да бидат поладни од остатокот од телото токму поради фактот дека во овие делови од телото не циркулира доволно крв.rn
Оток
rnОтокот може да се појави на глуждовите, рацете и стапалата.rn
Болка во зглобовите и грчеви во мускулите
rnЛошата циркулација според експертите може да предизвика и болка во стапалата, нозете, рацете и дланките, особено доколку седите или стоите подолго време. Кога циркулацијата на крвта во мускулите е намалена, хранливите материи не можат да стигнат до ткивата на кои им е потребна, а тоа резултира со вкочанетост и грчеви.rn
Промена на боја на кожата
rnСлабата циркулација може да ја промени и бојата на кожата така што на одредени места ќе забележите сина боја. Тоа особено се забележува на прстите, рацете, усните и носот.rnrnНе смеете да занемарите ниту еден од овие симптоми. Освен тоа, начинот на живот и одредени заболувања влијаат врз слабата циркулација како, на пример, дијабетесот и атеросклерозата. Научниците препорачуваат дека здравиот начин на исхрана, откажувањето од лошите навики како пушењето и редовната физичка активност можат значително да ја подобрат циркулацијата.rnrnОткако прочитавте за симптомите на слабата циркулација на крвта во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и сè што треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање.rnrnИзвор: eatthis.com
-

Кои знаци укажуваат на недостаток на калциум?
Проблеми со концентрацијата, кршливи нокти, чувствителни заби, грчеви во мускулите… Проверете кои симптоми укажуваат на недостатоци од калциум.rnrn
rnrnКалциумот е исклучително важен елемент за здрав организам. Тој, меѓу другото, е одговорен за цврсти коски и заби, а истовремено помага и за правилно функционирање на мускулите и срцето. Освен тоа, калциумот е неопходна состојка за нормален раст и развој кај децата.rnКои се причините за недостаток на калциум?
rnНедостатокот може да се јави како резултат на повеќе причини, како на пример:rn
- rn 011
- Несоодветна исхрана
- Земање лекови кои ја инхибираат апсорпцијата на калциум
- Нетолеранција на храната богата со калциум
- Хормонални промени
- Генетски фактори
- Менопауза
- Проблеми со тироидната жлезда
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Знаци на недостаток на калциум
rnНедостатокот на калциум се манифестира преку неколку симптоми. На почетокот знаците не се толку очигледни, но со текот на времето стануваат сè поизразени.rnrnНајчести симптоми кои укажуваат на недостаток на калциум се следните:rn
- rn 011
- Збунетост
- Проблеми со меморија
- Вкочанетост во рацете, стапалата и лицето
- Депресија
- Халуцинации
- Мускулни грчеви
- Чести фрактури или кршливи коски
- Чувствителни заби
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко се сомневате дека имате недостаток на калциум, консултирајте се со вашиот лекар. Сепак, не заборавајте дека калциумот ќе го внесете во организмот преку правилната исхрана.rn
Ова се намирниците кои содржат калциум:
rn
- rn 011
- Тофу
- Лосос
- Грав
- Брокула
- Портокали
- Суви смокви
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnВажно е внесувате доволна количина на витамин Д кој ја подобрува апсорпцијата на калциум.rn
Следниве намирници содржат витамин Д:
rn
- rn 011
- Туна
- Лосос
- Јајца
- Портокали
- Млечни производи
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПокрај правилната исхрана, обидете се да поминувате повеќе време на сонце. Во зимските месеци кога тоа не е можно, се препорачува да се земаат додатоци на витамин Д.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на недостаток на калциум во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и за храната што содржи повеќе калциум од млекото.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs