КАФЕ ПАУЗА

Tag: симптоми

  • Како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена

    Како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена

    Вестибуларна мигрена е невролошка состојба што може да доведе до нарушување на чувството за рамнотежа. За разлика од другите видови на мигрена кои предизвикуваат силни главоболки, овој тип честопати е пропратен со симптоми на вртоглавица. Во продолжение прочитајте како да ја препознаете и како да се справите со ваквиот вид мигрена.rnrnКако да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигренаrn

    Симптоми на вестибуларна мигрена

    rnСпоред Американската фондација за мигрена, овој тип е втората најчеста причина за вртоглавица кај возрасните. Ова се нејзините симптоми:rn

      rn 011

    • Зашеметеност
    • rn 011

    • Гадење или повраќање
    • rn 011

    • Главоболка
    • rn 011

    • Чувство на губење рамнотежа
    • rn 011

    • Оштетување на слухот
    • rn 011

    • Оштетување на видот
    • rn 011

    • Чувствителност на светлина
    • rn 011

    • Заматен вид
    • rn

    rn

    Кои се најчестите причинители на овој вид мигрена?

    rnСè уште не е истражена докрај вестибуларната мигрена, но се чини дека постојат одредени фактори кои можат да ја зголемат веројатноста од нападот на мигрена, како на пример:rn

      rn 011

    • Недостаток на спиење
    • rn 011

    • Дехидратација
    • rn 011

    • Стрес
    • rn 011

    • Менструација
    • rn 011

    • Временски промени
    • rn

    rn

    Ризик фактори

    rnИстражувањата покажале дека средовечните жени имаат поголема веројатност да доживеат напади на вестибуларна мигрена за разлика од мажите. Ризик факторите вклучуваат:rn

      rn 011

    • Генетика – едно истражување покажало дека генетиката може да игра голема улога во развојот на вестибуларна мигрена.
    • rn 011

    • Возраст и пол – студиите сугерираат дека жените имаат поголема веројатност да искусат мигрена од ваков вид.
    • rn 011

    • Нарушување на внатрешното уво – Мениеровата болест или хроничното нарушување на внатрешното уво може да биде пропратена со вестибуларна мигрена.
    • rn

    rn

    Кога треба да посетите лекар

    rnДоколку се сомневате дека се справувате со напади на вестибуларна мигрена веднаш закажете состанок на лекар. Вашиот лекар ќе започне со физички преглед (мерење на вашиот крвен притисок, проверка на вашиот слух). Не постои специфичен тест за дијагностицирање вестибуларна мигрена, но следењето на симптомите како вашата семејна историја на случаи со мигрена може да му помогне на вашиот лекар да утврди во што е проблемот.rnrnОткако дознавте како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена, ви препорачуваме да прочитате и кои 8 чудни лекови за мигрена навистина функционираат.rnrnИзвор: greatist.com

  • Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

    Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

    Причината за големиот број пациенти со стомачен вирус е тоа што лесно се пренесува, а маските во овој случај и не се толку ефикасни. Најчесто се внесува во организмот преку валканите раце. Во услови на пандемија со ковид-19 имунитетот на сите е генерално послаб што дополнително го олеснува преносот на вирусот.rnrnСовети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирусrn

    Симптоми

    rnСимптомите на стомачниот вирус вклучуваат чувство на гадење и омалаксаност, повраќање и дијареа, а се резултат на губење на електролитите од организмот.rn

    Дијагноза

    rnПациентите најпрвин доставуваат примерок за микробиолошка анализа. Доколку дигестивните проблеми се проследени со висока температура, пациентите се испраќаат на тестирање во ковид центар. Кај голем дел од пациентите, стомачниот вирус се појавува како резултат на вирусот ковид-19.rn

    Третман и исхрана

    rnПри лекувањето на стомачен вирус се препорачува да се внесуваат колку што може повеќе течности во организмот. Пијте чај, јадете двопек и избегнувајте јајца и млечни производи. Не заборавајте дека треба да продолжите со правилната исхрана и хидратација и откако ќе поминат тегобите. Во првите денови не треба да јадете ништо мрсно или премногу зачинето што би можело да го иритира желудникот. Наместо тоа, внесувајте полесна храна, супи, како и доволно количество на натриум и калиум.rn

    Дополнителна терапија

    rnНа пациентите кои боледуваат од стомачен вирус, честопати им се дава инфузија како и клометол кој ја намалува мачнината и ги ублажува симптомите. Исто така, пожелно е да се внесуваат витамин Ц и витамин Д во организмот.rnrnОткако прочитавте кои се симптомите и како да се справите со стомачниот вирус, можеби ќе ве интересира да дознаете и кои 6 есенски намирници можат да го зајакнат имунитетот.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • 9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

    9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

    Кога нешто не е во ред, вашето тело ќе најде начин да ве извести за тоа. Ви испраќа знаци или, со други зборови, симптоми за да преземете нешто во врска со тоа. Првиот чекор што треба да го направите е да ги лоцирате и да ги третирате областите каде што чувствувате непријатност. Тогаш, од суштинско значење е да се обидете да спречите одредени движења или практики што ја предизвикале таа болка. Во продолжение прочитајте кои работи што ги правите секој ден може да ви предизвикаат болка.rn

    1. Лошо држење на телото пред вашиот лаптоп кога работите

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКога поминувате многу време седејќи со свиткан грб, може да развиете болка во долниот дел на грбот и болка околу централното подрачје на грбот. Покрај тоа, многу е вообичаено да чувствувате непријатност во вратот или во горниот дел од рамената бидејќи вратот треба да се справи со долготрајната напнатост кога гледате во екранот со часови.rnrnПравилен начин на седење: Опуштете ги рамената, а лактите потпрете ги на телото. Со грбот потпрете се на задниот дел од столот. Исто така, направете агол од 90 до 100 степени на колковите и на колената. Не треба да ги свиткате нозете во висина на колковите или да ви висат во воздухот. Можете да го поставите горниот дел од екранот на лаптопот на дофат на хоризонталната линија на видот, така што вратот нема да вложува толку многу напор.rn

    2. Кревање предмети од земја со наведнат грб

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКога станува збор за кревање тежина, голема е веројатноста дека не го правите тоа правилно. Помислете кога треба да земете кутија од подот. Секако, првото нешто што треба да се земе предвид е дали имате доволно сила да кренете одредена количина тежина. Правењето погрешно движење или преценувањето на вашиот капацитет за подигнување тежок предмет може да доведе до сериозни повреди на грбот. Но, покрај тоа, еден од најважните фактори што треба да се разгледа е свиткувањето на грбот или на половината кога вршите толку тежок напор.rnrnПравилен начин да кренете некој предмет: Раширете ги нозете и свиткајте ги колената. Затегнете го стомакот додека го кревате предметот и држете го колку што е можно поблиску до вашето тело и користете ги мускулите на колковите и на колената. Грбот треба да ви биде исправен постојано и да не го виткате ‘рбетот напред.rn

    3. Спиење со лицето надолу

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnСпиењето е една од најважните работи што ги правите и тоа е единствената активности што телото ја користи за да закрепне и да се подготви да ги извршува многуте функции што ги барате од него секој ден. Многу луѓе обожаваат да спијат со лицето надолу, но оваа позиција може да доведе до здравствени проблеми. Додека лежите со лицето надолу, вратот и вилицата се во неприродна положба. На крајот на краиштата, ова може да доведе до оштетување на мускулите, болка во вратот, па дури и тортиколис.rnrnПрепораки: За да се ослободите од оваа лоша навика, можете да лежите со лицето надолу додека не заспиете. Потоа, можете да ја смените положбата и да лежите со лицето нагоре или настрана. За да не се разбудите повторно на истиот начин, можете да поставите перница покрај вас и да ја гушкате во текот на ноќта за да избегнете враќање на какво било неправилно држење на телото додека спиете.rn

    4. Носење на ранецот само на едното рамо

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКога носите ранец или чанта само на едното рамо, вашето тело има тенденција да ја балансира таа тежина со другата страна на телото. Тоа може да предизвика контрактури и болка во вратот, особено ако тежината што ја носите е голема или ако не ја менувате тежината на другото рамо одвреме-навреме. Проблемите можат да се влошат ако немате активен начин на живот бидејќи вашето тело не може да издржи преоптоварување поради недостаток на отпор во мускулите.rnrnПравилен начин за носење тежина: Дајте му приоритет на она што сакате да го носите во ранецот и префрлете го товарот од едното рамо на другото за да го избалансирате влијанието на тежината врз вашето тело. Ако носите ранец, треба да ги ставите најтешките работи на дното, а најлесните работи на врвот за да не го оштетите вратот.rn

    5. Се движите додека гледате надолу во телефонот

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnДенес, повеќето луѓе шетаат гледајќи ги својот телефон. Но, кога гледате како некој друг го прави тоа, можете да видите дека грбот и вратот страдаат поради тоа. За да постигнете правилно држење на телото, вашиот ‘рбет треба да биде во оптимална положба. Во спротивно, веројатно ќе се исцрпи и ќе ги изгубите рамнотежата и правилниот начин на движење на зглобовите. Освен тоа, може да се повредите или да почувствувате болка во мускулите.rnrnПравилен начин за одржување добро држење на телото: Правете вежби кои ги зајакнуваат мускулите на грбот, карлицата и стомакот. Исто така, одржувањето здрава телесна тежина е клучно за да се избегнат проблемите со грбот. Обидете се да избегнувате многу високи и непријатни потпетици и проверете дали работите што најчесто ги гледате или ги користите се на соодветна висина.rn

    6. Возење со лактот надвор од прозорецот или со седиштето премногу назад

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnПовторувањето на одредено движење со текот на времето, особено она што вклучува повторувачки движења кои вршат притисок на тетивите, може да резултира со повреда. На пример, кога возите и ја потпирате раката надвор од прозорецот на автомобилот или ако седите премногу назад, го присилувате лактот или рамото да бидат во неприродна положба, што може да доведе до развој на тендинитис.rnrnПрепорака: Намалете ги сите активности што може да предизвикаат болка во зглобовите. Ако тоа не е можно, обидете се да ги релаксирате зглобовите комбинирајќи ја оваа активност со полесни вежби, како што се возење велосипед или пливање. Се разбира, не заборавајте да се истегнете по секоја активност. Се подразбира дека треба да обрнете внимание и да го исправите секое погрешно држење на телото што го имате при возење или извршување други задачи што вклучуваат користење на зглобовите.rn

    7. Седнување со паричникот во задниот џеб на панталоните

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКога не седите во правилна положба, првиот дел од вашето тело што може да претрпи последици е ишијасниот нерв. Тоа е нервот што ги поврзува вашите нозе со ‘рбетот. Понекогаш, овој вид штета се нанесува при извршување на секојдневните активности и вие не сте ни свесни што се случува. Класичен пример за тоа би било да седите на стол со паричник во задниот џеб. Оваа навика, покрај тоа што е непријатна, може да доведе до силна болка во ишијансиот нерв, кој го поврзува ‘рбетниот мозок со надворешниот бут. Ако не го смените начинот на седење со текот на време, оваа состојба може да стане трајна.rnrnПрепорака: Седете правилно, со празни џебови и со нозете на земја. Не ставајте ги нозете под задникот.rn

    8. Седење со прекрстени нозе подолг временски период

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКолку и да изгледа пријатно, прекрстувањето на нозете подолг временски период е една од главните причини што може да доведат до проширени вени. Исто така, прекрстувањето на нозете може да ве направи повеќе склони кон развој на згрутчување на крвта.rnrnПрепорака: Постојано држете ги нозете паралелно. Вашите нозе секогаш треба да имаат некаква поткрепа, без разлика дали е тоа подот или некој друг предмет. Грбот секогаш треба да биде исправен.rn

    9. Чистење стакло и други површини

    rn9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефектиrnrnКога ги чистите прозорците, може да ги изморите зглобовите. Ова може да придонесе за развој на повреда од постојан притисок. Тоа значи дека можеби нема да можете да ја движите раката или зглобот ако се појават компликации.rnrnПрепорака: Развијте силни коски со соодветен внес на калциум и избегнувајте да паѓате колку што е можно повеќе. Исто така, кога правите повторувачки движења, правете паузи почесто.rnrnПрочитајте кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот.

  • Колку долго е заразна настинката?

    Колку долго е заразна настинката?

    Обичната настинка е многу честа појава што многу луѓе ја имаат неколкупати годишно, но е и многу заразна. Имено, според експертите, настинката се шири преку воздухот, преку близок контакт со заразени лица, па дури и преку фекалните материи на заразеното лице (ако некој што е болен не одржува хигиена на рацете по употреба на тоалет).rnrnКолку долго е заразна настинката? rnrnДури и ако ги преземете сите потребни мерки за да се заштитите: темелно ги миете рацете, избегнувате да го допирате лицето и стоите понастрана од болни луѓе, големи се шансите да дојдете во контакт со бактерии и вируси. Но, дури и во тој случај, сепак можете да преземете чекори за да заштитите некој друг.rnrnКако прво, експертите велат дека периодот на инкубација или времето помеѓу инфекцијата и првите симптоми е околу два до три дена. Но, тогаш можеби сте најмногу заразни. Најчесто, настинките се предизвикани од вируси, а периодот кога сте најмногу заразни е обично еден до два дена пред појавата на симптомите и во текот на првите два до три дена по појавата на симптомите. Станува збор за типичните симптоми на настинка: воспаление на грлото, течење на носот, кашлица, кивање, главоболка и болки во телото.rn

    Колку долго е заразна настинката?

    rnКога се појавуваат симптоми на настинка, тие можат да траат од неколку дена до две недели, а во повеќето случаи, обичната настинка обично не е заразна по првата недела. Сепак, ова не е правило без исклучок. Имено, сè додека продолжувате да кашлате или покажувате какви било симптоми, сепак можете да бидете заразни.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за да се заштитите себеси и другите во текот на сезоната на грип е да ги преземете потребните превентивни мерки, како што се миење на рацете и физичка дистанца од болни луѓе. Ако настинете, најдобро е да се обидете да се изолирате колку што е можно повеќе во текот на првите неколку дена кога настинката може да биде заразна. Но, и потоа треба да бидете внимателни, сè додека не се чувствувате подобро.rnrnПрочитајте дали стресот може да доведе до покачена температура.

  • Ако не ги чувствувате овие мириси, можеби имате ковид-19

    Ако не ги чувствувате овие мириси, можеби имате ковид-19

    Сигурно веќе знаете дека еден од првите симптоми на коронавирусот е отсуството на вкус и мирис. Ако се сомневате дека го имате овој вирус, постои еден лесен начин што може да ви помогне да проверите. Едно неодамнешно истражување покажа дека повеќе од 87% од пациентите кај кои е потврдено присуството на коронавирусот имаат симптоми на отсуство на мирис и вкус.rnrnАко не ги чувствувате овие мириси, можеби имате ковид-19rnrnЗнаејќи дека овој симптом што медицински е наречен аносмија може да послужи како клучен индикатор за дијагностицирање, било направено едно истражување за да се пронајдат одредени мириси кои би можеле да послужат како валиден тест за ковид-19. Истражувањето е спроведена во Индија и се избрани мириси што многу често се користат во индиските домаќинства. Откриено е дека луѓето заразени со ковид-19 потешко го чувствуваат мирисот на нане и на кокосово масло, а на тој список се додадени уште три мириси – анасон, лук и кардамон (растение од семејството на ѓумбирите).rnrnПостојат неколку причини зошто луѓето заразени со ковид-19 може да го изгубат чувството за мирис. Прво, тоа е болест на горниот респираторен тракт, која се изразува во форма на назална конгестија. Покрај тоа, вирусот предизвикува воспалителна реакција во внатрешноста на носот што доведува до губење на мирисните неврони. Ако се сомневате дека имате коронавирус, проверете дали ги чувствувате следните мириси:rn

    Кафе

    rnНема ништо помоќно од кафето што ги стимулира вашите сетила. Меѓутоа, ако не ги чувствувате слатката арома и нежниот мирис, би било добро да се консултирате со лекар.rn

    Лук

    rnЛукот е уште еден јасен индикатор што треба да се земе предвид ако се обидувате да утврдите дали имате ковид-19. Невозможно е да не го почувствувате неговиот екстремно силен мирис, освен ако не ве нападнал коронавирусот.rn

    Шампон

    rnАко се туширате и не го чувствувате мирисот на омилениот шампон, особено ако е со арома на кокос, тоа може да биде јасен знак дека имате ковид-19.rn

    Цитрусно овошје

    rnДруга опција што ви е понудена за тестирање на ковид-19 дома е мирисот на јужните овошја, како што се лимон, мандарина, портокал, грејпфрут итн. Ако не можете да го почувствувате мирисот на свежо исечено овошје, тоа е алармантен знак.rn

    Есенцијални масла

    rnАко не ја чувствувате слатката арома на вашето омилено есенцијално масло, особено ако е од лаванда или нане, тоа е знак дека треба да се тестирате за ковид-19.rnrnПрочитајте по колку време е безбедно да се видите со некој што имал коронавирус.

  • Како да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?

    Како да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?

    Многумина избираат високопротеинска диета за да бидат во форма, односно да градат мускули. Протеините се ефикасни за намалување на тежината, но се важни и за вашето тело затоа што содржат аминокиселини и помагаат во закрепнувањето и во градењето мускули.rnrnКако да препознаете дали внесувате премногу протеини во организмот?rnrnПрепораката е да се консумираат 0,8 грама протеини на 1 килограм телесна тежина, а тој број се искачува до 1,2-1,7 грама на 1 килограм ако кревате тешки тегови или ако тренирате напорно.rnrnНо, можете да претерате со внесот на протеини во организмот. Еве како да го откриете тоа.rn

    Се здебелувате

    rnИако исхраната богата со протеини помага во намалувањето на тежината, ако претерате, се собираат калории што имаат спротивен ефект, па се здебелувате.rn

    „Дополнителните калории се претвораат во мрснотии. Ова е особено случај ако јадете протеини од многу мрсни извори како што се сирење и мрсно месо“, објаснува диететичарката Лиз Вајнанди.

    rn

    Имате проблеми со варењето на храната

    rnВнесувањето премногу протеини може да доведе до запек или дијареја, објаснуваат експертите од клиниката „Мајо“.rnrnДиетата базирана на протеини понекогаш го намалува внесувањето влакна кои го регулираат варењето на храната. Без доволно влакна, веројатно ќе имате болен запек. Од друга страна, ако јадете премногу млечни производи богати со протеини, може да добиете дијареја, особено ако сте нетолерантни на лактоза.rn

    Ве болат бубрезите

    rnАко внесувате навистина големи количини протеини подолг временски период, тоа е стресно за бубрезите, како што вели Вајнанди.rn

    „Кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес или земаат лекови кои влијаат на бубрезите, исхраната што вклучува многу протеини може да предизвика проблеми со бубрезите или болка“, објаснува Вајнанди.

    rnНејзиниот совет е да вклучите повеќе растителни протеини во вашата исхрана, на пример леќа и јаткасти плодови, кои имаат понежен ефект врз овие органи.rnrnПрочитајте кои 6 додатоци во исхраната навистина може да го зајакнат имунитетот.

  • Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Сонови што укажуваат на некои здравствени проблеми

    Психолозите се согласуваат дека пораките од соновите не треба да се игнорираат бидејќи токму од нив можете да прочитате важни информации за вашата здравствена состојба. Истото го тврди и народната традиција. Симболите од сонот може да бидат знаци на депресија, срцев удар или може да предупредат на ризикот од Алцхајмерова или од Паркинсонова болест.rnrnСонови што укажуваат на некои здравствени проблемиrnrnПостојат конкретни докази дека соновите, почнувајќи од оние што се повторуваат секоја ноќ, преку живописни соништа и кошмари до бизарни ноќни визии, можат да предупредат на некоја болест пред да се појават првите симптоми.rn

    „Ако често страдате од кошмари, тоа може да предупреди на проблеми со срцето, мигрена или недоволно спиење. Непријатните кошмари можат да бидат предизвикани и од лекови за крвен притисок од редот на бета-блокаторите“, вели професорот Џим Хорн, експерт за сонови од Универзитетот во Лофборо.

    rnОвие лекови ги прошируваат крвните садови, но експертите веруваат дека тие, исто така, можат индиректно да ја нарушат рамнотежата на одредени хемикалии во мозокот и затоа сонувате кошмари. Лошите соништа, исто така, можат да бидат поврзани со слабо срце, според истражувањето спроведено на повеќе од 6.000 испитаници чии резултати биле објавени во холандското издание на „Journal of Medicine“.rnrnНаучниците откриле дека оние кои страдаат од неправилно чукање на срцето имаат трипати поголем ризик од кошмари, а кај оние кои чувствуваат болка во градите се јавува седумпати поголем ризик. Луѓето кои имаат проблеми со срцето се, исто така, повеќе склони кон проблеми со дишењето, што го намалува нивото на кислород во мозокот.rnrnКошмарите и грдите соништа полни со бес и агресија може да бидат предупредување дека имате мигрена. Без разлика дали секоја вечер сонувате како ве прогонуваат или ве напаѓаат, ваквите стресни соништа можат да бидат предзнак на некое заболување на мозокот или на невродегенеративни болести како Алцхајмерова или Паркинсонова болест.rn

    „Предупредувачките сонови се случуваат и десет години пред првите симптоми на болеста, како што е губењето на меморијата“, истакнува д-р Оскорфт од болницата Папворт во Кембриџ.

    rnСе верува дека луѓето кои редовно сонуваат како некој ги напаѓа или ги прогонува, страдаат од нарушувања во однесувањето во РЕМ-фазата на спиењето. Акутната форма на ова нарушување може да се појави и при откажување од алкохолот или од лекови за смирување.rn

    „Бизарните соништа може да предупредуваат на инфекција или на почеток на менопаузата. Инфекциите можат да предизвикаат полубудна состојба, што е причина за бизарни соништа“, вели неврологот д-р Патрик Мекнамара од Медицинскиот факултет во Бостон.

    rn

    „И пиењето доцна во ноќта може да биде причина за такви живописни соништа, што најчесто се јавуваат во зори затоа што тогаш ефектите на алкохолот ослабуваат, а тоа влијае на хемикалиите во мозокот и создава чудни соништа“, открива професорот Џим Хорн.

    rnПокрај тоа, според сведоштвата на многу жени, живописните соништа се карактеристични за менопаузата и се смета дека се знак за хормонални промени.rn

    „Ако ви се чини дека сонувате повеќе од вообичаено, причината за тоа може да биде флуктуацијата на хормоните, поради што жените често сонуваат многу повеќе за време на менструацијата“, вели проф. Хорн.

    rnИако ноќе за време на РЕМ-фазата „минувате“ низ 4-6 епизоди од соништата, повеќето луѓе не се сеќаваат на тоа. Луѓето сонуваат 28-42 соништа за време на една седмица, но се сеќаваат само на два или три сонови, а остатокот е избришан. На сонот можете да се сетите само ако се разбудите додека сонувате.rnrnАко „филмот заврши“ и продолжите да спиете, ќе го заборавите тој сон. Се претпоставува дека жените се сеќаваат на соништата многу повеќе од мажите токму затоа што имаат полесен сон и почесто се будат.rnrnАко сонувате повеќе од вообичаеното, тоа може да биде резултат и на хронична болка, откажување од употребата на антидепресиви или ако во просторијата е премногу топло или ладно. Сето ова му пречи на спиењето и предизвикува почести будења во текот на РЕМ-фазата, поради што се сеќавате на повеќе соништа и верувате дека сонувате повеќе од вообичаеното.rn

    „Ако сонувате и се будите ноќе и рано наутро, тоа може да предупреди на депресија и да биде знак дека сте под зголемен стрес или дека имате прекумерна тежина. Мрсната храна, исто така, може да биде причина за лошите сонови. Оние кои се под стрес или страдаат од депресија, влегуваат порано во РЕМ-фазата, порано „минуваат“ низ соништата и порано се будат“, вели проф. Хорн.

    rnСите такви сонови се пораки дека е време малку да забавите.rnrnМногу мајки сведочат дека имале живописни и вознемирувачки соништа за време на бременоста, но тие имале помал ризик од постпородилна депресија. Исто така, стресот често се манифестира со панични соништа и многу луѓе сонуваат дека доаѓа голем бран или дека доцнат некаде.rnrnПрочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.

  • 12 промени во расположението што може да бидат првиот знак на сериозна физичка или ментална болест

    12 промени во расположението што може да бидат првиот знак на сериозна физичка или ментална болест

    Кога станува збор за сериозни болести, сигурно претпоставувате дека најраните знаци ќе се манифестираат на телото. Се разбира, никогаш не треба да ги игнорирате физичките симптоми, но важно е да обрнете внимание и на промените на психичката состојба. Иако некои чувства, како што се нервоза или раздразливост, може да се појават поради лош ден на работа или расправија со сопругот или со некој пријател, промените во расположението всушност можат да бидат првите знаци што откриваат дека во телото се развиваат сериозни болести.rnrn12 промени во расположението што може да бидат првиот знак на сериозна физичка или ментална болестrn

    1. Очај: Срцеви заболувања

    rnЧувството како сè да пропаѓа може да биде знак на срцеви заболувања или на срцев удар. Овој симптом се јавува поради недостаток на кислород во мозокот. Жените треба да бидат особено внимателни затоа што се повеќе склони кон ова чувство кога ќе се развијат срцеви заболувања или кога се изложени на ризик од срцев удар.rn

    2. Депресија: Паркинсонова болест

    rnШтетата што ја предизвикува допаминот предизвикувајќи промени во расположението кај луѓето со Паркинсонова болест предизвикува депресија. Депресијата може да се појави во која било фаза на болеста, дури и пред дијагнозата. Многумина доживуваат депресија многу години пред да се појават проблеми со моториката што инаку се поврзани со оваа дегенеративна болест.rn

    3. Промени во расположението: Паркинсонова болест

    rnОва е уште еден знак на Паркинсонова болест. Ова се должи на недостатокот на допамин, невротрансмитер кој е одговорен за доброто расположение. Кога мозочните клетки кои произведуваат допамин умираат, ефектот се гледа и во расположението и во движењата на пациентот. Во случај на Паркинсонова болест, промените во расположението се симптом, а не реакција на дијагнозата.rn

    4. Анксиозност: Менопауза

    rnКога средновечните жени почнуваат да чувствуваат вознемиреност, тоа веројатно значи дека се приближува менопаузата, иако тие сè уште имаат редовни циклуси. Оваа вознемиреност е предизвикана од промените во нивото на хормоните, особено естрогенот и прогестеронот.rn

    5. Дезориентација: Белодробни заболувања

    rnЛуѓето со хронични белодробни заболувања имаат зголемен ризик од конфузија и дезориентација. На пример, кога едно лице кое има хронична опструктивна белодробна болест добива пневмонија, има намалување на кислородот во крвта, што предизвикува конфузија.rn

    6. Апатија: Алцхајмерова болест

    rnАпатијата или губењето на мотивацијата е најчестата промена во однесувањето кај луѓето со Алцхајмерова болест. Овој симптом се појавува заедно со когнитивните симптоми и е предизвикан од истите невролошки проблеми.rn

    7. Раздразливост: Хантингтонова болест

    rnСпоред студијата објавена во 2012 година во списанието „Psychiatry Research“, раздразливоста е чест симптом на Хантингтоновата болест. Оваа дегенеративна болест предизвикува влошување и смрт на клетките во одредени делови на мозокот. Особено е погодено каудатното јадро и тоа е причината зошто пациентот ја губи контролата врз емоциите.rn

    8. Раздразливост: Дијабетес

    rnРаздразливоста се јавува како резултат на промените во нивото на шеќер што предизвикуваат дијабетес.rn

    9. Екстремна среќа или тага: Биполарно растројство

    rnБиполарното растројство се манифестира преку екстремни промени во расположението. Овие пациенти имаат дисбаланс на неколку невротрансмитери поради што нивното расположение драстично варира.rn

    10. Краток фитил: Хипотироидизам

    rnНедоволно активната тироидна жлезда може одеднаш да предизвика недостаток на трпеливост, предизвикувајќи раздразливост и експлодирање.rn

    11. Нервоза: Хипертироидизам

    rnТироидните хормони Т3 и Т4 го стимулираат нервниот систем. Ако тироидната жлезда лачи премногу од овие хормони, нервниот систем станува преоптоварен. Затоа многу луѓе со хипертироидизам се чувствуваат нервозни, вознемирени и понекогаш имаат проблем со концентрацијата.rn

    12. Еуфорија: Мултиплекс склероза

    rnИако симптомите како тага, страв, вознемиреност и депресија се многу почести, може да се појави и чувство на еуфорија. Оваа емоција се јавува поради когнитивните проблеми што ги предизвикува болеста, а пациентите стануваат неверојатно среќни и целосно забораваат на проблемите.rnrnПогледнете кои рани симптоми може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести.

  • Бидете му поддршка на вашиот партнер затоа што машката менопауза може да се појави без предупредување

    Бидете му поддршка на вашиот партнер затоа што машката менопауза може да се појави без предупредување

    За женската менопауза се разговара многу почесто, иако и кај мажите во 50-тите години се јавуваат хормонални промени, што може да доведат до знаци на менопауза.rnrnБидете му поддршка на вашиот партнер затоа што машката менопауза може да се појави без предупредувањеrnrnЧестопати се дискутира и се пишува за тоа како менопаузата влијае врз психофизичката состојба и врз целокупното здравје на жените, до тој степен што сите промени во расположението на жената или здравствените проблеми што се појавуваат по 50-годишна возраст ги поврзуваме со менопаузата. Од друга страна, многу малку се зборува за истиот проблем, односно за хормоналните промени што влијаат на мажите на возраст од околу 50 години, иако тие минуваат низ малку поразлични симптоми.rnrnЛекарите се поделени околу мислењето дали станува збор за состојба слична на промените што се случуваат кај жените и за процентот на мажи кои доживуваат симптоми на менопауза, но нема сомнение дека се случуваат промени.rnrn„Машката менопауза“ е стручно наречена андропауза, што значи период во кој паѓа нивото на тестостерон и на другите хормони кај мажите.rnrnТестостеронот е хормон што доведува до промени за време на пубертетот: управува со физичкото и со менталното здравје, ја одржува мускулната маса, го стимулира сексуалниот нагон и други важни функции во машкото тело, така што промените во нивото на хормоните во 50-тите години може да предизвикаат големи промени и кај мажите.rnrnСостојбата може да кулминира со недостаток на тестостерон, познат како хипогонадизам (намалено лачење на тестостерон).rnrnСпоред многубројни истражувања, оваа состојба може да предизвика различни симптоми и компликации кај мажите, вклучувајќи:rn

      rn 011

    • ниско ниво на енергија
    • rn 011

    • депресија или тага
    • rn 011

    • чувство на намалена мотивација
    • rn 011

    • неможност за фокусирање на работите
    • rn 011

    • развој на градите
    • rn 011

    • еректилна дисфункција
    • rn 011

    • неплодност
    • rn 011

    • намалено либидо
    • rn 011

    • намалена густина на коските и мускулна маса
    • rn 011

    • опаѓање на косата
    • rn 011

    • топлотни бранови
    • rn

    rnАко забележите некој од овие симптоми или повеќе од нив, посетете го вашиот лекар. Врз основа на тестовите на крвта, може да се утврди нивото на тестостерон во организмот и дали е потребен третман. Во повеќето случаи, подобрувањето може да се постигне со промена на навиките или со поздрав начин на живот. Ова првенствено значи квалитетна и урамнотежена исхрана, редовно вежбање, доволно сон и помалку стрес.rnrnПрочитајте кои рани симптоми може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести.

  • 5 болести што се лекуваат со секс

    5 болести што се лекуваат со секс

    Сексот е природна потреба на секоја личност, но не служи само за забава и репродукција, туку може да ви помогне да ублажите дури 5 симптоми и заболувања. Тоа е дополнителна причина да уживате во интимните односи уште повеќе.rnrn5 болести што се лекуваат со сексrn

    1. Алергии

    rnСексот може да ги ублажи алергиите и симптомите на астма. Како прво, го отстранува стресот (како и грижите и вознемиреноста кои се честа причина за овие проблеми). Исто така, ја полни крвта со кислород и го зголемува снабдувањето со крв на респираторните органи, што го олеснува дишењето и ги ублажува симптомите.rn

    2. Стрес и младоликост

    rnИстражувачите во Кралската универзитетска болница во Шкотска ги проучувале навиките и здравјето на 3.500 луѓе на возраст од 18 до 102 години и заклучиле дека луѓето кои имаат редовен секс (барем еднаш неделно) изгледаат и се чувствуваат многу помлади. Сексот помага да се неутрализираат несаканите ефекти на стресот и го подобрува квалитетот на спиењето – двата фактори кои најмногу влијаат на забрзаното стареење.rn

    3. Слаб имунитет

    rnДоколку сакате да го зајакнете имунитетот за дури 30%, сè што треба да направите е да имате секс двапати неделно. Тајната е во тоа што сексот го зголемува нивото на имуноглобулин А, кој е одговорен за способноста на организмот да се спротивстави на болестите. Покрај тоа, истражувањата ја потврдија врската помеѓу редовниот секс и намалениот ризик од појава на мозочен удар, срцеви заболувања, некои видови рак, па дури и вируси.rn

    4. Вишок килограми

    rnНе е дека може да го замени вежбањето, но со 20-минутен секс ќе потрошите 96 калории.rn

    5. Болка

    rnМигрена, болки во зглобовите, менструални грчеви – сексот ги намалува сите овие симтпоми.rnrnПрочитајте во кои ситуации сексот треба да се препише како лек.