Да бидеме искрени ретко кој не е под стрес, но ретко кој му обрнува доволно внимание на стресот кој подоцна може да резултира со фатални последици. Ова се шесте најчести симптоми на стрес за кои најверојатно не сте чуле досега. Штом ги забележите реагирајте соодветно, а пред сè пробајте да се смирите и опуштите бидејќи сепак здравјето е на прво место.rnrn
rnrn
1. Болки во стомакот
rnНервниот систем е поврзан со желудникот, па воопшто не е чудно доколку почнете да чувствувате стомачни тегоби кога сте изложени на голем стрес. Доколку болките ги трпите веќе подолго време задолжително обратете се кај лекар. Медицинското лице може да ви помогне со давање совети, посебна диета или лекарства.rnrnВо меѓувреме за да си помогнете самите движете се што е можно повеќе. Со вежби и пешачење се зголемува нивото на хормонот ендрофин кој придонесува за благосостојбата на умот, а со тоа и на телото.rn
2. Опаѓање на косата
rnОд 3 до 6 месеци по претрпување на голем стрес како губење на работата или прекинување на долга врска, може да забележите зголемено опаѓање на косата (губењето околу 40-120 влакна дневно се смета за нормално). Хормонот андроген кој се зголемува за време на стрес може да влијае на губењето коса.rnrnШтом го забележите зголеменото опаѓање потрудете се да го намалите стресот што е можно повеќе и обрнете големо внимание на исхраната која треба да биде здрава и балансирана .rn
rnrn
3. „Играње“ на очните капаци
rnСтресот може значително да влијае врз имунолошкиот систем предизвикувајќи хибернација. Неконтролираното движење на мускулот од очниот капак трае неколку минути, а стресот се смета за еден од најголемите причинители за оваа појава. Кога ќе ви се случи ова затворете ги очите и обидете се да се опуштите. Вдишете длабоко, држете го здивот неколку секунди, потем долго издишете. Повторете го ова неколку пати, лесно притиснувајќи го местото со врвот на прстот.rnrnВаквата појава може да се случи и поради солзењето кое го суши окото. Доколку ваквото неконтролирано движење се прошири и на други делови од лицето задолжително обратете се кај лекар бидејќи може да станува збор за грч.rn
4. Акни
rnИсто како и за опаѓањето на косата, хормонот андроген е задолжен за појавата на акни кои може да се предизвикани од стресот на кој сте изложени. Најдобро е да се обратите кај дерматолог, особено доколку акните не се повлекуваат. Во меѓувреме трудете се да не ги стискате бидејќи кога сте под стрес ќе биде потребно повеќе време за да ви заздрави местото.rnrnДерматологот може да ви препорача лекови (девојките неретко се одлучуваат за апчиња за контрацепција кои истовремено помагаат при регулирање на акните), кои не смеете да ги земате на своја рака. Исто, проблемот може да се реши со козметички производи како и со промена на исхраната. Препорачливо е жените многу да внимаваат и на шминката која ја користат бидејќи одредени производи придонесуваат за затворање на порите.rn
5. Болки во грбот
rnХормоните кои вашето тело ги произведува за време на стрес го покачуваат пулсот, крвниот притисок и ги затегаат мускулите. Болките во грбот се очекувана појава кога сте изложени на стрес, особено доколку вашето работно место ви налага седење и работа на компјутер.rnrnВежбите се најдобар лек. Трудете се да станувате и да се раздвижувате на секој еден час, протегнете го телото и издвојувајте макар половина час во текот на денот за пешачење.rnrn
rnrn
6. Осип на кожата
rnСтресот може да предизвика осип по целото тело или влошување на веќе постоечки осип. Кога сте под стрес вашиот имунолошки систем не е толку моќен па вашата кожа е подложна на инфекции поради бактеријата стафилокок. Од друга страна, доколку телото автоматски пробува да се заштити може да дојде до преголема чувствителност на кожата и појава на егзема (црвенило и гнојни меури проследени со јадеж на кожата).rnrnРазни медицински креми можат да ви помогнат да се ослободите од осипот, но доколку истиот е придружен со треска и неконтролирано потење, задолжително посетете доктор.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnВо својата книга „Extreme Weather“ (Екстремно време), Бони Шнајдер пренесува совети кои ѝ ги дале ветеринарите Шарлот Круглер и Адам Еичелбергер од Јужна Каролина. Кај кучињата и мачките, најчест симптом е гласното дишење со отворена уста и исплазен јазик, дури и кога лежат. Уште еден знак дека им е топло е потењето на перничињата на шепите. Додатни знаци можат да бидат недостаток на апетит и збунетост.rnrnЗа време на горештините, тие не смеат да бидат изложени на напорни физички активности, бидејќи тоа може да допринесе до прегревање на нивниот организам. Во случај да ги приметите овие симптоми, најубаво ќе биде да го однесете вашиот миленик на ветеринар, каде што ќе му пружат соодветна нега.rnrnДоколку ги чувате вашите миленици надвор, треба да внимавате во текот на денот да имаат сенка, како и секогаш да им менувате свежа вода и да имаат проток на свеж воздух. На овој начин ќе го заштитите вашето милениче од топлотен удар.rnrn rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
Општо земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rn
Консумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rn
Сепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.