Филм за тоа како е да се гази по лешови за да се изгради мултимилионски бизнис, но и за онаа мала (сé уште постојна) трошка на совест. Каков човек треба да бидеш за да станеш најмладиот милијардер во светот?rnrn
Режија: Дејвид ФинчерrnrnСценарио: Арон СоркинrnrnГлавни улоги: Џеси Ајсенберг, Ендрју Гарфилд, Џастин ТимберлејкrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 1 октомври 2010rnrnЈазик: англискиrnrnОфицијален веб-сајтrnrn
Наша оценка: 9/10rn___________________________________________________________________________________________rnМарк Зукерберг е претенциозно копиле кое не знае нормално да комуницира со луѓе освен ако не се во чет-прозорче. Но, Марк Зукерберг е и основач на социјалната мрежа Фејсбук и милијардер, а има само 26 години. Најверојатно, мора во исто време да бидеш и двете за да го поминеш патот до мултимилионски бизнис? Кеш, слава, почит, но и одлуки од типот дали да го оставиш на цедило најдобриот пријател, дали да украдеш нечија идеја, дали да играш валкано. И пак мора да бидеш толку самозадоволен за на крајот на денот да се погледнеш во огледало и да го сакаш тоа што го гледаш. Што е вистина, а што е лага во овој филм? Не си даваме за право да судиме. Сепак, и покрај сé, приказната те фаќа веќе во првите 5 минути и никако да те пушти. А таков филм, независно за кого е направен, секогаш вреди да се види.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnПриказна: Фокусот на филмот е правното сослушување на Марк Зукерберг, на луѓето кои велат дека идејата за Фејсбук е нивна и на неговиот најдобар пријател Едуардо Саверин со кого го почнале бизнисот. Преку нивните искази, приказната оди уште од почетокот на целата историја кога Фејсбук не им бил ни на крај памет, а Зукенберг бил студент на „Харвард“. Филмот е преполн со остар саркастичен хумор, со динамични дијалози… Да, вака кажаната приказна звучи целосно неатрактивно – ех, па кој би сакал да гледа филм за правно сослушување? Иако станува збор за големи пари, ниту еден живот не е загрозен. Сепак, впечатокот е дека „Друштвена мрежа“ посилно го катапултира адреналинот и од повеќето акциони филмови.
Кинематографија: Кога ќе го видите филмското си-ви на Друштвена мрежа – режисерот Финчер ги потпишал и филмовите „Седум“, „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а сценаристот Соркин го напишал и „Неколку добри луѓе“, грешки би биле непростливи. Брзи кадри и приказна, феноменални актерски остварувања (буквално ниту еден актер не ја утна работата)… Интересно е што приказната е проследена со исклучително динамична музика, што на почетокот е малку смешно (па, добро, не е толку напната приказната за таа музика), но како што навлегуваш, сфаќаш дека посоодветна музика не може да се најде. Го засилува филмското случување за 100 степени.
Кога и како да го гледате? Да го имавме во некое од нашите кина, ќе ви кажев да го погледнете таму, но како и секој блокбастер така и овој нé заобиколи, па воопшто и не е потребно да давам некаков коментар – едноставно ќе морате да го проследите дома. Секако, навечер и со изгаснати светла. Филмот е доволно интересен и сленговски кажано „ве вози“, така што можете да го гледате и подоцна во ноќта, верувајте, нема да заспиете. Иако глумат само момчиња, и тоа некои од моментално најсексапилните на планетата како Џастин Тимберлејк, сепак, приказната во Друштвена мрежа е и машка и женска така што може да го гледате во секаква комбинација – со пријатели, со девојка/момче, сами…



Режија: Рајко ГрлиќrnrnСценарио: Анте Томиќ и Рајко ГрлиќrnrnГлавни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnПремиера: 9 март 2010rnrnЈазик: хрватскиrnrn
Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.

Кинематографија:















Главни ликови: Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: 




Нема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rn
На моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.





















rnrn




rn









rnrnГлавни ликови: Џонатан Прајс,rnrnРоберт де Ниро, Кетрин Хелмонд, Јан ХолмrnrnРежисер: Тери ГилиамrnrnЖанр: драма, фантазија, научна фантастикаrnrnВреметраење: 132 мин.rnrnПремиера: 18 декември 1985rnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Ари БаросоrnrnНаша оценка: 10/10rnrn
rnrnКинематографија: Бразил е помеѓу првите пет од 20те најдобри филмови со научно-фантастична тематика, како и меѓу првите 10 на листата од 50 култни филмови. Изгласан е за најдобар филм во 1985 година. Филмот го има визуелниот стил и имагинацијата што го прави прекрасен за гледање, но и неговите идеи кои го прават филмски класик.rnrn
rnrnКога и како да го гледате? Филмот е „измислен“ да биде гледан во оние моменти кога знаете дека сакате да видите нешто квалитетно, легендарно, нешто од што ќе можете да научите многу и нешто што ќе ве натера да размислувате. Тој можеби засекогаш ќе го смени начинот на кој ги резонирате работите околу вас.rnrnСлични филмови: „Дванаест мајмуни“ (Twelve Monkeys), „Имагинариумот на доктор Парансус“ (The Imaginarium of Doctor Parnassus), „В за Вендета“ (V for Vendetta)












