КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергија

  • Симптоми на труење со негативна енергија (и како да се излечите!)

    Симптоми на труење со негативна енергија (и како да се излечите!)

    Дали некогаш сте се почувствувале како темен облак да ви го скрил сонцето во вашиот живот? Дали понекогаш ви е тешко да се ослободите од негативните емоции? Сите ние сме минале низ ваков период во својот живот, и понекогаш сè што ни е потребно е мала помош за да се вратиме на сопствениот пат.rnrnrnrnВо продолжение следуваат знаците дека негативна енергија го блокира светлото во вашиот живот, како и начините на кој можете да си помогнете да се извлечете од сенката…rn

      rn 011

    • Повеќето луѓе ве нервираат или ве вознемируваат
    • rn 011

    • Повлечени сте
    • rn 011

    • Не се гледате со луѓето што ги сакате
    • rn 011

    • Доживувате непријатни ситуации
    • rn 011

    • Вашата куќа изгледа темно и постојано е неуредна
    • rn 011

    • Чувствувате дека другите не ве ценат доволно
    • rn 011

    • Се чувствувате уморно и тажно
    • rn

    rnДоколку чувствувате барем еден од овие симптоми, тоа е знак дека сте обвиени со негативна енергија. Во колку повеќе точки се најдовте, толку е подебел нејзиниот слој. Но, не грижете се. Со помош на следниве совети можете брзо и едноставно да си помогнете.rn

    1. Средете го вашиот животен простор

    rnДали сте знаеле дека просторот во кој минувате најмногу време ја одразува и вашата внатрешност? Со други зборови, ако вашите домови, спални соби, автомобили и работни простори се неуредни и хаотични, тогаш нема сомнеж дека со вас владее негативна енергија. Колку повеќе време поминувате во ваква околина, толку полошо се чувствувате.rnrnОд друга страна пак, кога просторијата е уредна, чиста, топла, светла и пространа, едноставно нема да можете да не се чувствувате сигурно и задоволно. Токму затоа и средувањето на вашиот животен простор е еден од најдобрите начини да си го средите и животот и да се ослободите од негативната енергија.rn

    2. Поминувајте повеќе време со луѓето што ве прават среќни

    rnСите луѓе имаат свое „енергетско поле“ што можете да го почувствувате во истиот момент кога сте во нивна близина. Доколку сакате да го ослободите својот живот од негативната енергија, важно е да минувате што повеќе време со позитивни луѓе, а да ги избегнувате оние што ве полнат со непријатности, грижи и други лоши чувства.rn

    3. Научете да се ослободите од негативните емоции

    rnНегативната енергија се храни со негативните емоции. Сосема е во ред ако одвреме-навреме се чувствувате тажно, луто или фрустрирано. Но, проблемот настанува кога не се обидувате да се справите со овие емоции па тие почнуваат да гнијат во вас, правејќи ви го секој ден полош од претходниот.rnrnЗа да се справите со овој проблем, најпрво мора да научите како да ги прифатите своите емоции во целост, без разлика колку лошо ви делуваат, а потоа чекор по чекор, да најдете начин како да се соочите со нив и да ги надминете. Па, наместо да им дозволите да ви го контролираат животот, станете господар над својот ум и научете се како да реагирате во негативните ситуации.rnrnПрочитајте и како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.

  • Која планета ве привлекува најмногу? Одговорот ја открива вашата универзална енергија

    Која планета ве привлекува најмногу? Одговорот ја открива вашата универзална енергија

    Планетите претставуваат целосни саморегулирачки системи и може да се каже дека се живи, со оглед на активноста што настанува на нивната површина. Како што луѓето со своите вибрации си влијаат еден на друг, така е и со небесните тела. Секоја планета има своја единствена вибрација, а пак, онаа планета која вас ве привлекува открива многу за вашата лична вибрација, односно за темелот на вашата душа.rnrnКоја планета ве привлече најмногу? Одговорот ја открива вашата универзална енергијаrnrnОдберете една од планетите на сликата и откријте што вашиот избор кажува за вас.rnrnПронајдете ги одговорите на следната страница…rn

  • 8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќ

    8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќ

    Речиси на секого му се има случено да сака да заспие на работното место. Но за среќа постои храна која може да ве држи будни без разлика колку малку сте спиеле претходната ноќ. Бидејќи секоја храна има различни материи, можно е некоја храна да делува подобро од друга. Ако ви е потребна енергија, избегнувајте едноставни јаглехидрати како тестенини, или што било со многу шеќер.rn

    1. Додајте лосос во салатата

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnЛососот е богат со омега 3 масни киселини кои телото лесно ги претвора во енергија. Парче лосос во вашата салата ќе ви го даде потребното количество протеини и ќе ви помогне да останете будни.rn

    2. Старото сирење ќе ве разбуди веднаш

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnИако ова не е најздравата опција, мало парче постаро сирење може да ви биде од помош. Аминокиселината наречена тирамин се наоѓа во ферментираната храна и го стимулира мозокот помагајќи ви да се чувствувате посвежо.rn

    3. Темно чоколадо за фокус

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКолку потемно, толку подобро. Темното чоколадо е добро за енергија поради високата концентрација на какао. Какаото го намалува стресот и ја зголемува вашата енергија и способноста за фокусирање.rn

    4. Чиа семе за хидратација

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКолку похидрирани сте, толку посвежо ќе се чувствувате. Токму поради ова чиа семето е одлично за овие ситуации. Овие семки ќе ви помогнат да ја задржите водата што ја пиете во текот на денот. Покрај тоа, чиа семето е богато со протеини и влакна, па нема да се чувствувате изморено по зголемувањето на енергијата.rn

    5. Бананите се подобри од енергетските пијалаци

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnСпоред едно истражување од 2012-та година, бананите го подобруваат вашиот перформанс и вашата енергија многу повеќе од енергетските пијалаци. Сличен ефект имаат и крушите.rn

    6. Бадемите се одличен начин за зголемување на енергијата

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnЕдна рака бадеми не само што е најлесната ужина, туку е одличен начин да се ослободите од заморот. Бадемите се полни со здрави мононезаситени масти кои ќе го одржат нивото на вашата енергија.rn

    7. Кељот ги има сите витамини кои ќе ве одржат будни

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnКељот, заедно со другиот зелен лиснат зеленчук, е полн со витамини Ц и К, калциум и бета каротен. Сите овие материи го одржуваат нивото на вашата енергија. Една голема порција кељ е одлична опција за вашата енергија.rn

    8. Едамаме за попладневна поспаност

    rn8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќrnrnАко ја сакате јапонската кујна, сигурно ќе ве израдува фактот дека едамаме гравот е одличен за подигнување на нивото на енергија. Тој е полн со хранливи влакна и е непреработен вид соја што го прави вистинска енергетска машина.rnrnПрочитајте и кои витамини и минерали ќе ја зголемат вашата енергија.

  • 6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

    6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

    Ако имате деликатен нервен систем, добро знаете колку напорен може да биде секојдневниот живот. Гласната врева, силните светла, зборливите луѓе и дневните задачи се доволно за да се чувствувате изморено уште пред да започне денот. За да биде уште полошо, кафето и енергетските пијалаци кои ги консумирате само ја влошуваат вашата состојба. Без кофеин сте слаби и изморени, а со кофеин сте нервозни и раздразливи. Но, за луѓето како вас постојат многу природни засилувачи на енергија кои ќе ви помогнат, а истовремено се добри и за вашето тело.rn

    Што се природни засилувачи на енергија?

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnОвие засилувачи најчесто се тревки, цветови и зачини. Тие се многу поздрава алтернатива за енергетските пијалаци бидејќи не содржат адитиви и се полни со витамини, минерали и хранливи материи. Од друга страна, едно истражување од 2015-та година покажало дека енергетските пијалаци имаат негативно влијание на срцето, метаболизмот, цревата, забите и мозокот и дека ја зголемуваат анксиозноста.rnrnБидејќи сте чувствителна личност, вашата издржливост за кофеин е многу помала за разлика од другите луѓе. Поради ова важно е да се грижите за себе кога станува збор за консумирање енергетски засилувачи. Во продолжение погледнете 6 од најдобрите природни засилувачи на енергија.rn

    1. Корен од мака

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnКоренот од мака можете да го земате во прав кој ќе го додадете во вашето смуди или појадок, или пак можете да го консумирате како чај. Ова растение ја поддржува вашата надбубрежна жлезда и потекнува од Андите во Перу. Луѓето од овој регион го користат коренот од мака илјадници години како засилувач на енергија.rnrnПридобивки: Се смета за суперхрана. Мака коренот не само што ја зголемува вашата енергија, туку се користи и за неплодност, како афродизијак и за урамнотежување на хормоните.rnrnВкус: Има добар вкус кој наликува на јачмен.rnrnКофеин: Мака коренот нема кофеин.rnrnВитамини и минерали: Калциум, фосфор, цинк, магнезиум, витамини Б1, Б2, Б12, Ц и Е.rn

    2. Јерба мејт

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnЈерба мејт потегнува од Бразил, Парагвај и Аргентина каде што долго се бере од локалните жители. Листовите и стеблата на растението јерба мејт се потопуваат во вода и се создава силен стимуланс на нервниот систем.rnrnПридобивки: Ова растение не само што ја зголемува вашата енергија, туку е полно и со антиоксиданси, ги зголемува концентрацијата и физичката издржливост, добро е за срцето, па дури е добро и за слабеење бидејќи создава чувство на ситост.rnrnВкус: Јерба мејт има вкус на горко кафе, но може да биде засладено со други тревки или замена за шеќер, како брашно од кокос или агаве нектар.rnrnКофеин: Јерба мејт има кофеин, но е една од најдобрите алтернативи за кафе бидејќи ретко има несакани последици.rnrnВитамини и минерали: Содржи витамини Ц, Б1, Б2, како и цинк, хром, калиум, бакар, железо и манган. Исто така има многу аминокиселини и масни киселини.rn

    3. Сенча и мача зелен чај

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrn

    Сенча чај

    rnСенча е зелен чај кој се одгледува во Јапонија. Всушност, овој чај е најпопуларниот во Јапонија и се приготвува со зовривање на цели листови.rnrnПридобивки: Ја зголемува енергијата, богат е со антиоксиданси, го стимулира умот, го намалува крвниот притисок, го регулира нивото на шеќерот во крвта, ги зајакнува забите, го поттикнува слабеењето и го намалува ризикот од рак.rnrnВкус: Сенча чајот има малку сладок вкус кој потсетува на трева.rnrnКофеин: Сенча чајот содржи кофеин.rnrnВитамини и минерали: Танин, хлорофил, флуор, калиум, железо, калциум, манган, фолна киселина, витамини Ц, Б2 и Е.rn

    Мача чај

    rnМача чајот се користи во традиционалните кинески и јапонски ритуали. Во зен будизмот, мача чајот се подготвува за време на церемонија и се користи за да го зголеми вниманието.rnrnПридобивки: Мача чајот е опишуван како смирувачки стимуланс. Добар е за детоксикација на телото, го зголемува нивото на енергија и физичката издржливост, ја подобрува меморијата, го намалува ризикот од рак и од предвремено стареење и го одржува здравјето на срцето.rnrnВкус: Мача чајот има вкус сличен на млеко.rnrnКофеин: Мача чајот содржи кофеин.rnrnВитамини и минерали: Л-танин, хлорофил, катехини, полифеноли, витамини А, Б, Ц, Е и К.rn

    4. Гинко билоба

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnОва дрво веќе илјадници години се користи во кинеската медицина. Всушност, ова е едно од најстарите дрва и неговото потекло датира од пред 270 милиони години.rnrnПридобивки: Гинко билоба ја зголемува вашата енергија и концентрација со тоа што ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува стресот. Исто така ги ублажува ПМС симптомите, ги лекува главоболките и го смирува нервниот систем. Гинко билоба е познато и по способноста за намалување на анксиозноста и депресијата.rnrnВкус: Има малку сладок и малку горчлив вкус.rnrnКофеин: Гинко билоба не содржи кофеин.rnrnВитамини и минерали: Високо ниво на флавоноиди и терпеноиди (антиоксиданси).rn

    5. Сирово какао

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnСировото какао е ферментирана семка од растението какао. Се прави со ладно цедење на сирови какао зрна со цел да се зачуваат хранливите материи. Не го мешајте со обичното какао кое е печено на високи температури.rnrnПридобивки: Сировото какао не само што го зголемува нивото на енергија, туку е познато и како природен антидепресив. Какаото го намалува крвниот притисок, го штити нервниот систем, ја намалува отпорноста на инсулин, го штити телото од токсини и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.rnrnВкус: Сировото какао има вкус на чоколадо. Може да биде малку горчливо, но можете да го засладите со кокосов нектар или шеќер, агаве сируп или стевија.rnrnКофеин: Сировото какао содржи кофеин, но добро е и за луѓето кои се чувствителни на него.rnrnВитамини и минерали: Какаото е најдобриот природен извор на железо. Исто така е богато со магнезиум, калиум, цинк, бакар, калциум, манган и витамини Е, Б2, Б1, Б5, Б3 и Б9.rn

    6. Масала чај

    rn6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓеrnrnОваа мешавина потекнува од Индија и содржи цимет, ѓумбир, ливчиња од црн чај, бибер… Иако обично се подготвува со млеко и шеќер, можете да го консумирате и без овие состојки.rnrnПридобивки: Ја зголемува енергија, го намалува воспалението и го лекува телото поради големиот број антиоксиданси. Исто така го подобрува варењето на храната.rnrnВкус: Има одличен егзотичен вкус кој е малку сладок и лут.rnrnКофеин: Масала чајот има многу малку кофеин.rnrnВитамини и минерали: Антиоксиданси, калиум, калциум, тиамин, магнезиум, манган, железо, витамини А, Б, Ц, Д, Е и К.rnrnПрочитајте ги и овие совети за засилување на вашата енергија.

  • Чаша полна со енергија: Зелен пијалак за борба против пролетниот умор

    Чаша полна со енергија: Зелен пијалак за борба против пролетниот умор

    Често зевање, безволност, брзо уморување… ова се само дел од симптомите што ги чувствуваме во периодот меѓу зимата и пролетта. Оваа состојба е позната и како пролетен умор, па доколку сакате брзо да го подигнете нивото на енергијата, притоа подобрувајќи си го и здравјето, пробајте го овој одличен рецепт!rnrnchasha-polna-so-energija-zelen-pijalak-za-borba-protiv-proletniot-umor-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 милилитри вода
    • rn011

    • 4 поголеми листови од блитва
    • rn011

    • 1 изрендан морков со средна големина
    • rn011

    • 1 исцеден портокал
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 2 лажички лимонов сок
    • rn011

    • 1/2 лажичка куркума
    • rn011

    • Прстофат изрендано цвекло
    • rn011

    • Прстофат изрендан ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер или во соковник, добро изматете и уживајте во енергетската бомба полна со здравје! Добар апетит.rnrnПробајте го и ова здраво и вкусно смуди што ќе ви го намали апетитот!

  • Таоист објаснува какво влијание има негативната чи енергија врз нашето здравје

    Таоист објаснува какво влијание има негативната чи енергија врз нашето здравје

    Велат дека енергијата оди таму каде што има внимание. А поради денешниот луд свет на медиумите, нашето внимание е насекаде. Ова значи дека нашата енергија е насекаде и не е онаму каде што ни е најпотребна – за нас и за нашето здравје.rnrnТаоист објаснува какво влијание има негативната чи врз нашето здравјеrnrnОва е особено важно во кризни периоди кога трагичните настани го преплавуваат општеството со страв, анксиозност и грижа, со тоа предизвикувајќи стрес. Кога луѓето функционираат во оваа состојба, духовната енергија е исцрпена, а физичкото и менталното здравје страдаат.rnrnОва не е само чувство туку е наука за чи, нашата животна енергија. Таоистот и автор на бројни книги за личен енергетски развој, Мантак Чиа објаснува:rn

    „Но што е ова чи и од каде потекнува? Чи е исконската животна сила. Почнува со човечкиот живот кога сперматозоидот влегува во јајце клетката. Од оваа фузија се развива ново комплексно човечко суштество. Чи е постојаниот тек на енергија што поврзува разни ткива, органи и мозочни функции во едно цело – личност. Чи исто така ја поврзува оваа личност со нејзиното опкружување.“

    rnЗачувувањето, штитењето и зајакнувањето на вашата чи денес може да биде вистински предизвик со сите работи што ни го одвлекуваат вниманието и сите негативни емоции околу нас.rn

    „Во таоизмот на исцелувањето, физичкото здравје, менталното здравје и духовниот развиток се разни делови од истиот процес. Сите се поврзани со одржувањето на јачината на протокот на чи низ нашето тело. Нашите емоции се поврзани со нашето здравје и со нашиот духовен развиток. Негативните емоции, како гневот, експлодираат и ја исфрлаат енергијата од нашето тело. Слично на ова, кога сме исплашени толку многу се згрчуваме што буквално ја цедиме чи енергијата од нашите тела. Ова не значи дека никогаш не смеете да се чувствувате исплашено или гневно. Овие емоции се природни и потребни во одредени ситуации, а ако не ги чувствувате тогаш, можеби нешто не е во ред. Но, ако овие емоции станат вашиот хроничен начин на одговарање, вашата енергија останува заробена во нив и ќе почнете да ги чувствувате и кога не треба. Вашата Чи ќе се блокира и ќе се исцеди. Емоциите се најодговорни за намалување на нашата енергија. Без силна чи енергија, здравјето ќе страда, а духовниот развој ќе биде тежок или невозможен.“

    rnЧиа објаснува дека е важно да го насочиме нашиот фокус кон нашето тело. Ако мозокот постојано е фокусиран на надворешниот свет, тој не е во можност да ги регулира органите на телото. Фокусирањето внатре кон нас и смирувањето на умот се клучни за здравјето, особено кога опкружувањето е полно со негативни емоции.rnrnПрочитајте ги и овие животни вистини од Лао Це кои ќе ви го променат животот.

  • 3 необични начини за зголемување на човечката енергија според Никола Тесла

    3 необични начини за зголемување на човечката енергија според Никола Тесла

    На човечките суштества им е потребна енергија. Го живееме животот обидувајќи се да ја „спасиме“ нашата енергија и сме во постојана битка помеѓу продуктивноста и заморот. Секогаш кога треба да сработиме нешто повеќе се чувствуваме заморно и едвај чекаме тоа нешто да заврши.rnrn3 необични начини за зголемување на човечката енергија според Никола ТеслаrnrnШто и да правите во животот што прави да се чувствувате добро и да уживате е психолошки одговор кој ви покажува како да ја зачувате вашата енергија. Поради ова, вашите тело и ум секогаш потсвесно ја одбираат опцијата за помал отпор. Имањето повеќе енергија резултира со подобра моќ над вашите ум и тело. За да ја подобрите вашата интелигенција и свест, потребно е да ја зголемите вашата енергија. Веројатно се прашувате кој е изворот на оваа енергија, а Никола Тесла се обидел да го објасни тоа. Тој го открил главниот и најважниот извор на човечката енергија и открил начин и како истата да ја зголемиме. Изворот е сонцето кое е нашата движечка сила и го „напојува“ целиот живот. Според Никола Тесла постојат 3 начини на кои можете да ја зголемите вашата енергија.rn

    1. Зголемување на човечката маса

    rnСо ова Тесла препорачува да се јаде повеќе храна која е поблиску до сонцето. Овошјето и зеленчукот кои ги консумираме содржат СНО молекули кои се произведени од растението. Па енергијата што ја консумираме од нив ја користат растенијата за да ги спојат овие молекули. Овие молекули се произведени по пат на фотосинтеза, па на тој начин додавате маса со подобар квалитет. Од друга страна, ако јадете месо, вие консумирате СНО молекули од „втора рака“. Односно, консумирате веќе консумирани молекули, бидејќи тие настануваат само при процесот на фотосинтеза. Консумацијата на храна од втора рака е една од главните пречки во нашата еволуција кон поинтелигентен и подобар вид. И Никола Тесла бил вегетаријанец, а веројатно сега ви е јасно зошто.rn

    2. Намалување на силата што ја хендикепира човечката маса

    rnСилата што го забавува движењето на човекот нанапред е делумно фрикционална, делумно негативна. Ова значи дека силата на триење ќе резултира само во губење енергија, без разлика каде е насочена. Од друга страна, негативната сила може да биде претворена во позитивна и да предизвика зголемување на човечката енергија доколку е насочена во правилна насока.rnrnОва може да се објасни со одржување рамнотежа помеѓу нашите таленти и недостатоци. Користете ги вашите недостатоци со тоа што ќе создадете мир помеѓу вашата „темна“ и „светла“ страна и ќе ги споите кон заедничка, поголема цел. Ова ќе го постигнете следејќи ја вашата љубопитност, учејќи нови работи и борејќи се против незнаењето за универзумот околу нас. Пронајдете мир и отстранете ја силата на триење во вас и околу вас.rn

    3. Зголемување на силата што ја движи човечката маса

    rnТретиот чекор е можеби и најважниот. Можете да ги направите претходните чекори трошејќи повеќе енергија на ефикасен и продуктивен начин. Но што кога нема да можете да работите веќе? Кога повеќе луѓе ќе ја спојат својата енергија и заедно ќе работат кон една цел, ќе се постигнат подобри резултати со помалку енергија. Односно ќе има зголемување на заедничката енергија. Енергијата што ја создаваме останува во универзумот. Енергијата е вечна во место каде што речиси ништо друго не е. Вашата енергија, без разлика каква е или каде ќе ја потрошите, засекогаш останува во универзумот. Поради тоа важно е да ја фокусирате вашата енергија. Кога трошите енергија во една насока, со текот на времето таа се акумулира, па ќе ви биде потребно помалку за да постигнете повеќе. Замислете што сè би постигнале ако сите се фокусираме на чистење на Земјата или запирање на гладот?rn

    Заклучок

    rnЗа да ја добиете енергијата од вистинските извори значи да добиете повеќе енергија од помалку. Никогаш не престанувајте да учите, фокусирајте се кон една цел во вистинската насока и со текот на времето ќе постигнете повеќе со помалку труд.rnrnПрочитајте ги и овие 7 лекции од Никола Тесла за подобар живот!

  • Прецизен тест што ќе ве воодушеви: Дознајте со каква енергија зрачите!

    Прецизен тест што ќе ве воодушеви: Дознајте со каква енергија зрачите!

    Психијатарите познаваат разни техники и методи со чија помош ги откриваат особините на луѓето кои не се толку очигледни. Тие најчесто се служат со интересни тестови што ги откриваат длабочините на човечката потсвест. Ова еден од тие тестови! Доколку сакате да дознаете со каква енергија зрачите, земете лист хартија и пенкало и „фатете“ се за работа…rnrnПрецизен тест што ќе ве воодушеви: Дознајте со каква енергија зрачите!rnrn1. Кога се чувствувате најдобро?rnrnа) Наутро (2 бода)rnrnб) Попладне и навечер (4 бода)rnrnв) Доцна навечер (6 бода)rnrn2. Кога одите, одите…rnrnа) Доста брзо, со долги чекори (6 бода)rnrnб) Релативно брзо, со ситни чекори (4 бода)rnrnв) Не многу брзо, со исправена глава, гледајќи пред себе (7 бода)rnrnг) Не многу брзо, со наведната глава (2 бода)rnrnд) Многу бавно (1 бод)rnrn3. Кога зборувате со луѓето…rnrnа) Стоите со вкрстени раце (4 бода)rnrnб) Рацете ви се склопени (2 бода)rnrnв) Ги држите едната или двете раце на колкови (5 бода)rnrnг) Ја допирате или ја туркате личноста со која разговарате (7 бода)rnrnд) Си играте со увото, ја допирате брадата или ја вртите косата (6 бода)rnrn4. Кога се одморате, седите…rnrnа) Со свиткани колена, нозете се опуштени, една покрај друга (4 бода)rnrnб) Со вкрстени нозе (6 бода)rnrnв) Со рамно испружени нозе (2 бода)rnrnг) На една нога свиткана под вас (1 бод)rnrn5. Кога навистина ве забавува нешто, вие реагирате…rnrnа) Со гласно смеење (6 бода)rnrnб) Со смеење, ама не гласно (4 бода)rnrnв) Со тивко насмевнување (3 бода)rnrnг) Со срамежлива насмевка (2 бода)rnrn6. Кога одите на некој настан, вие…rnrnа) Многу сте гласни на влезот, така што сите можат да ве забележат (6 бода)rnrnб) Доаѓате незабележано и гледате наоколу во потрага по познати луѓе (4 бода)rnrnв) Потполно сте незабележани и се обидувате никој да не ве види (2 бода)rnrn7. Задлабочени сте во нешто, многу сте зафатени и некој ве прекинува…rnrnа) Среќни сте поради прекинот (6 бода)rnrnб) Крајно сте изнервирани поради тоа (2 бода)rnrnв) Се наоѓате некаде помеѓу двете крајности (4 бода)rnrn8. Која боја ви е омилена?rnrnа) Црвена или портокалова (6 бода)rnrnб) Црна (7 бода)rnrnв) Жолта или светло сина (5 бода)rnrnг) Зелена (4 бода)rnrnд) Темно сина или виолетова (3 бода)rnrnѓ) Бела (2 бода)rnrnе) Кафеава или сива (1 бод)rnrn9. Навечер, кога сте во кревет, неколку моменти пред да заспиете, вие…rnrnа) Испружени сте на грб (7 бода)rnrnб) Испружени сте на стомак (6 бода)rnrnв) Свиткани сте на страна (4 бода)rnrnг) Сте ја потпреле главата со една рака (2 бода)rnrnд) Главата ви е под јорган (1 бод)rnrn10. Често сонувате дека…rnrnа) Паѓате (4 бода)rnrnб) Се тепате или се борите (2 бода)rnrnв) Барате нешто или некого (3 бода)rnrnг) Летате или лебдите (5 бода)rnrnд) Најчесто не сонувате (6 бода)rnrnѓ) Соништата ви се секогаш пријатни (1 бод)rn

    Сега соберете ги бодовите и прочитајте ги резултатите!

    rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Над 60 бодови” active=”false”]rn

    ДОМИНАЦИЈА

    rnДругите ве сметаат за личност со која треба да бидат внимателни. Мислат дека сте по малку арогантни, егоцентрични и изразено доминантни. Некои ви се восхитуваат и сакаат да бидат како вас, но не ви веруваат секогаш и се колебаат дали да остварат подлабока врска со вас.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Од 51 до 60 бодови” active=”false”]rn

    ТЕМПЕРАМЕНТНОСТ

    rnДругите ве сметаат за возбудлива личност со експлозивен темперамент. Оставате впечаток на импулсивни и родени лидери кои брзо донесуваат одлуки, што не се секогаш правилни. Луѓето ве гледаат како храбри авантуристи кои секогаш преземаат ризици и уживаат да пробуваат нови работи. Уживаат да бидат во ваше друштво поради возбудливоста со која зрачите.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Од 41 до 50 бодови” active=”false”]rn

    ПРАКТИЧНОСТ

    rnДругите ве сметаат за директна, шармантна, забавна, практична и интересна личност која секогаш е во центарот на вниманието, но е доволно урамнотежена за да не дозволи да ѝ удри тоа во глава. Освен тоа, луѓето мислат дека сте љубезен и внимателен човек кој е полн со разбирање и е секогаш подготвен да помогне и да развесели некого.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Од 31 до 40 бодови” active=”false”]rn

    ЛОЈАЛНОСТ

    rnДругите ве сметаат за разумна, внимателна, грижлива, паметна, талентирана и скромна личност. Не се спријателувате многу брзо, но многу сте им лојални на луѓето кои ќе станат ваши пријатели и ја очекувате истата лојалност за возврат. Оние кои ве познаваат вистински, знаат дека треба да се случи нешто многу сериозно за да се разниша вашата доверба во пријателите, но исто така знаат дека ви треба многу време да простите доколку дојде до нешто такво.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Од 21 до 30 бодови” active=”false”]rn

    ПРЕТПАЗЛИВОСТ

    rnПријателите ве сметаат за совесна и педантна личност. Ве гледаат како многу внимателен и грижлив човек кој работи бавно, но напорно. Многу би се изненадиле кога би реагирале импулсивно, со оглед на тоа што секогаш прво детално ги набљудувате работите, па дури потоа дејствувате. Причината за тоа е вашата претпазлива природа.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Помалку од 21 бод” active=”false”]rn

    НЕОДЛУЧНОСТ

    rnЛуѓето ве сметаат за срамежлива, нервозна и неодлучна личност која секогаш сака некој друг да одлучува наместо неа и која не сака во ништо да се меша. Оставате впечаток на вечно вознемирен човек кој само ги гледа непостоечките проблеми. Некои луѓе ве сметаат за здодевни. Само оние кои добро ве познаваат знаат дека тоа не е вистина.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnРасположени сте за уште еден забавен тест? Дознајте дали ве води срцето или разумот.

  • Кофеински дремки: Зошто тие се најдобриот метод за дополнителна енергија во текот на денот?

    Кофеински дремки: Зошто тие се најдобриот метод за дополнителна енергија во текот на денот?

    Зборовите „кафе“ и „дремка“ најчесто не се спомнуваат во една реченица, но една необична стратегија што ги спојува може да биде енергетската бомба што ја баравте за лудите денови. Едноставно напијте се една шолја кафе, а веднаш потоа дремнете. И покрај тоа што ова можеби ви изгледа контраинтуитивно, на кофеинот му се потребни барем 30-тина минути пред да почне да делува, па дремнувањето веднаш по неговото консумирање ќе ви овозможи дополнителна енергија, но исто така и ќе ги подобри вашите перформанси.rnrnkofeinski-dremki-zoshto-tie-se-najdobriot-metod-za-dopolnitelna-energija-vo-tekot-na-denot-www.kafepauza.mkrnrnИдеалната „кофеинска дремка“ трае 30 минути, што значи дека ќе се разбудите во истиот момент штом кофеинот почнува да делува. Резултатот – ќе се чувствувате одморено и стимулирано.rnrnПостојат неколку помали студии што го поддржуваат овој концепт. Едно истражување објавено во 1997 година во журналот „Psychophysiology“, открило дека поспаните возрасни, кои комбинирале 200 милиграми кофеин и потоа дремнале, имале подобар перформанс за време на симулираните тестови за возење во споредба со оние што пиеле само кофеин или плацебо.rnrnДруга студија објавена во „Clinical Neurophysiology“ во 2003 година, вклучувала десет млади возрасни распоредени во пет експериментални групи. Тие требало да направат различни видови интервенции за време на компјутерски задачи. Испитаниците од едната група преспале 20-тина минути, од другата испиле 200 милиграми кофеин пред дремката, од третата по дремката веднаш си ги измиле лицата, од четвртата биле изложени на силна светлина по будењето, а од петтата група само одмарале. Кој бил најефективниот метод за перформанс? Сигурно погодивте – кофеинот во комбинација со дремката.rnrnПа, дали и вие треба да станете кофеински дремач? Да, дефинитивно вреди да се проба доколку веќе пиете кафе и вашиот распоред го дозволува тоа. Овие дремки исто така можат да ве спречат и да не пиете толку голема количина кафе во текот на денот, резултирајќи со побрзо заспивање и поквалитетен сон во текот на ноќта.rnrnИсто така, обидете се да дремнете порано во текот на денот. Генералното правило е да го избегнувате кофеинот барем 6 часа пред легнување во кревет, за да не ве држи будни во текот на ноќта. И запомнете: Кофеинските дремки вклучуваат една шолја кафе, не цел бокал и 15-30 минути дремка, а не 2-часовен маратон.rnrnЉубители сте на кафето? Можеби ќе ве интересираат и овие 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.

  • Едноставна мудра за привлекување богатство

    Едноставна мудра за привлекување богатство

    Денес многу луѓе се соочени со финансиски проблеми и покрај тоа што вредно работат. Можеби причината за тоа се наоѓа во енергетскиот сектор. Понекогаш се случува протокот по кој тече енергијата на парите да биде нестабилен или да се блокира.rnrnЕдноставна мудра за привлекување богатствоrnrnЗа воспоставување нормален тек, се препорачува користење посебни мудри кои во себе носат информации, свети гестови и пози. Во будизмот и хиндуизмот мудрите се користат со векови, а денес стануваат сè попопуларни. Зошто да не се обидете и вие?rnrnОваа мудра гарантира редовен проток на енергија и материјални добра. Се разбира, ова не значи дека ќе добиете финансиски средства преку ноќ. Приходот ќе се случува рамномерно и ќе добивате онолку колку што ви е потребно.rn

    Што треба да направите?

    rn

      rn011

    • Ставете ги рацете пред себе со дланките свртени нагоре. Спојте ги дланките и малите прсти.
    • rn011

    • Спојте ги палецот, показалецот и средниот прст на двете раце.
    • rn011

    • Концентрирајте се и замислете си дека точката помеѓу вашите веѓи е полна со енергија.
    • rn011

    • Запловете во сигурноста и неисцрпноста на овој енергетски извор.
    • rn011

    • Правете го овој ритуал 2 пати дневно по 2-3 минути. Најдобро е наутро и навечер.
    • rn

    rnОваа мудра е добра за сите кои сакаат да ја подобрат својата финансиска состојба.rnrnПогледнете и како да привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение.