Автор: АнаrnrnДраги мои, вие кои од другата страна, ги читате моите мисли, вие, на кои им подарувам дел од мојот свет, мало парче душа за да ве стопли во овие ладни моменти, тука започнува нашето дружење.rnrnКако што кажал Виктор Борг:rn.rn
„Насмевката е најблиската оддалеченост помеѓу двајца“.
rnПа јас ќе се обидам да ви украдам по една насмевка и да направам денот да ви почне со ведрина.
Спонтаноста е една од најважните работи во мојот живот. Не сакам да планирам, искуството ме научило дека плановите понекогаш знаат да разочараат. Дали не се исполнил тој план? Дали не завршил како што сме замислувале? Неважно, во слободните денови и моменти, оставам спонтаноста да биде мојот водич.rnrnВо една статија поврзана со медицински истражувања, прочитав дека кај многу луѓе неостварениот план причинува стрес, разочарување, тага. Се запрашав зошто? Зошто да се разочаруваме за такви работи? Сосема непотребно… Па нели тематиката на животот е што посреќни, тоа поздрави, што поздрави, подолг живот.rnrnНасмевнете му се на денот, пред вас има време кое треба максимално да го искористите. Љубете и некој ќе ве љуби вас, смејте се и некој ќе ви ја возврати насмевката. Ако едно нешто не успеало, наредното сигурно ќе добие висока оцена.rn.rn
„Сомнителни нешта, навики. Луѓето, самите по себе, не секогаш се свесни дека ги имаат“rn- рекла Агата Кристи.
rnЈас велам, не сите навики се сомнителни. Створете навика за која ќе бидете и повеќе од свесни, навика која ќе прави телото да ви заигрува, да сакате да запеете, што ќе го разбуди вашиот дух и ќе ви даде енергија за целиот ден.rnrnСтавете ја вашата омилена песна да ви ѕвони како аларм, така ако наутро немате огромна желба да ја напуштите вашата топла постела, нема да ви биде толку тешко да го поздравите денот… Сварете го вашето омилено кафе и наздравете за она што следува.rnrnНе чекајте посебни пригоди за да се почестите себеси, најважна е вашата насмевка, вашата среќа, зошто ако вие сте исполнети со позитивна енергија, вашата околина ќе ја почувствува моќта и позитивноста која ја ширите. Гледајте низ шарени прозорци, секој момент нека ви биде различен. Безличното е досадно. Бидете свои. Креирајте го вашиот ден. Насмевнете се.rnrnДо наредно читање,rnrnСо љубов, насликана од сè срце,rnrnАна




Телефонот се карактеризира со бакарно куќиште и термогенератор во внатрешноста кој топлинската енергија ја претвора во електрична.
Надворешниот дизајн на телефонот се одликува со гравирани топлотни процепи кои симболизираат ефект на пресушена земја како резултат на загревањето на животната средина.
Годишно, непотребните полначи за телефони создаваат 51 000 тони отпад, покрај создадената количина на карбон диоксид од произведувањето на електрична струја која била потребна за да се наполнат.
Телефонот може да се полни во џеб или пак од кој било извор на топлина, на пример поставувајќи го на радијатор.



rnrnОктоподот има 3 пати повеќе нервни клетки отколку човекот.rnrn
rnrnЗа да доживее девојката оргазам во текот на сексот, центарот во мозокот кој ги контролира стравот и анксиозноста, мора да е исклучен. Совет плус: Загрејте ѝ ги стапалата.rnrn
rnrnАко крвните садови на мозокот се извадат, би можело да се направи патека долга 100.000 милји, која би ја заобиколила Земјата повеќе од 4 пати.rnrn
rnrnКога нѐ боли глава, сигурно не е мозокот, зашто тој нема рецептори за болка. Докторите може да го оперираат мозокот дури и кога сме потполно будни, без анестезија и нема да чувствуваме ништо.rnrn
rnrnЉубовта боли – и тоа буквално, зашто рецепторите во мозокот за физичка и емоционална болка се исти.rnrn
rnrnМозокот лачи хормон кој ни помага да не реагираме во сон. Затоа човекот е „парализиран“ додека спие и не ги прави дејствата што ги сонува. Ви олесна, нели?rnrn
rnrnСите фетуси на почетокот се женски, но по осмата недела, ненадеен напад од машки хормони доаѓа од мозокот и ги убива женските гени.rnrn
rnrnНе можеме да се скокоткаме самите себе, заради малиот мозок кој го предупредува човековиот систем.rnrn
rnrnГолемината е важна – особено кога се работи за онаа на рецепторот на хормонот вазопресин што влијае на исфрлањето вода преку урината. Колку што е подолг – толку е поверојатно човек да биде доверлив, лојален и верен.rnrn
rnrn rnrn