КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергија

  • Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Едно истражување спроведено на Универзитетот во Билефелд, покажало дека растенијата можат да црпат енергија од други извори, како на пример од растенијата што им се во близина. Ова неверојатно откритие може да се примени и на други животни форми покрај растенијата. Станува збор за истражување што може да доведе до нови откритија во областа на биоенергијата, но и да докаже дека луѓето можат да црпат енергија од други луѓе исто како во случајот на растенијата.rnrnЛуѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrnrnТимот, предводен од страна на професорот доктор Олаф Круз, нашол докази дека зелената алга по латинското име „Chlamydomaonas“ не само што врши фотосинтеза за да произведе енергија, туку и зема енергија од растенијата што се наоѓаат во нејзина непосредна близина. На сите растенија им треба сончева светлина и вода за да растат, исто како и на луѓето. Нашите тела се како сунѓери што ја впиваат енергијата од средината што нѐ опкружува. Ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат вознемирено кога се во близина на одредени поединци. Според докторката Оливија Бадер-Ли, ним им пречат измешаните емоции и енергијата што ги опкружуваат.rnrnВо истражувањето, доктор Олаф Круз покажал дека во случај на недостаток од енергетски извори зелената алга црпи енергија од други едноклеточни растенија во форма на целулозни ензими. Овие целулозни ензими потоа се расчленуваат на едноставни шеќерни елементи со кои клетките се хранат и ги користат како извори на енергија. На овој начин, дури и кога нема светлина и вода и условите не се поволни за фотосинтеза, алгата продолжува да расте. Ова е првиот експеримент од ваков вид кој дошол до револуционерно откритие.rnrnСпоред докторот Круз, растенијата јадат други растенија. Научниците се обидуваат да ги потврдат овие откритија и кај други видови алги и растенија. Бадер-Ли верува дека со развојот на технологијата, научниците ќе можат да ја докажат оваа појава и кај луѓето во блиска иднина. Човечкиот организам не е многу поразличен од оној на растенијата, бидејќи и на неговите клетки им треба енергија за да се размножуваат. На човечкото тело му треба енергија за да надмине некои емоционални состојби и може да произведува кортизол во клетките за да ги задоволи емоционалните потреби.rnrnБадер-Ли исто така верува дека во блиска иднина ќе биде лесно да се покаже биоенергијата, а науката ќе докаже дека луѓето и животните можат да се лекуваат меѓусебно само со пренесување енергија. Таа верува дека луѓето се способни да впиваат енергија од нивната околина и да се лечат со неа. Тоа може да е вистина ако го земеме предвид фактот што поврзаноста со природата им помага на луѓето побрзо да заздрават од емоционалните стресови и болести.rnrn(2) Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrn

    Па, како да го заштитите вашиот простор и како да го спречите трошењето на вашата енергија?

    rnБидете фокусирани и приземни. Мора да бидете поврзани со вашата духовност за да почувствувате кога некој ви го нарушува просторот. Ако сте смирени и спиритуално сконцентрирани, ќе можете своеволно да се ослободите од туѓата негативна енергија.rnrnМногу е важно да не давате отпор. Кога давате отпор, негативната енергија се натрупува во вас. Нареден пат кога ќе бидете опкружени со луѓе кои прават да се чувствувате непријатно, обидете се да не давате отпор. Можеби мислите дека на тој начин ќе се заштитите себеси и вашиот простор, но ќе се случи токму спротивното бидејќи негативната енергија ќе почне да се насобира во вас. Обидете се да останете опуштени, замислете си како вашето тело е проѕирно и негативната енергија ќе помине низ вас.rnrnБидете господари на вашата лична аура. Сите ние имаме енергетско поле што ги опкружува нашите тела. Тоа е вашата аура. Многу е важно да го познавате вашиот личен простор и неговите граници. Овие граници се околу една рака долги во сите правци од вашето тело. Обидете се да го замислите ова поле и заштитете го од туѓата енергија. Само така ќе можете да го заштитите вашиот духовен простор.rnrnОдржувајте ја вашата енергија чиста. Тука боите играат многу важна улога. Златната е живописна боја која ќе ви послужи да го исчистите вашиот простор од туѓата енергија. Дозволете ѝ на чистата златна енергија да тече низ вашата аура и тело и ослободете се од туѓата енергија. Тоа ќе ви помогне да се почувствувате свежи и чисти.rnrnПовикајте ја вашата енергија. Ако вашата енергија ви го исполнува просторот, нема да има место за друга непозната енергија да влезе внатре. Со текот на времето, честопати губиме голем дел од нашата енергија поради нејзино трошење.rnrnБез оглед на тоа каде отишла вашата енергија, многу е важно да ја вратите назад. Обидете се да си замислите како ве врне златен дожд и тоа нека биде вашиот енергетски магнет. Дозволете му да ја впие вашата енергија. Замислете го како чиста златна енергија. Откако ќе ја впиете енергијата, ослободете ја во вашиот личен простор.rnrnВо продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.

  • 5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

    5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијата

    Најчесто луѓето одбираат секс пози што ќе им овозможат навистина да се поврзат со партнерот и ги практикуваат на крајот од денот, обично пред спиење. Но, сексот не мора секогаш да ви ја истроши енергијата, напротив! Постојат секс пози што можат да ви ја зголемат енергијата. Можете да ги практикувате на средината од денот или наутро веднаш штом се разбудите. Долгото и исцрпувачко водење љубов заменете го со секс набрзина што ќе ви пружи задоволство и истовремено ќе ве наполни со енергија. Ова се секс позите што треба ги пробате уште денес…rn

    1. Обратна каубојка

    rn5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијатаrnrnКако да ја изведете? „Јавнете“ го партнерот така што ќе бидете свртени кон неговите стапала и благо наведнете се надолу. Можете да се лизгате нанапред или наназад, но погрижете се да ви биде удобно и на двајцата.rnrnЗошто ќе ви ја зголеми енергијата? Оваа поза ќе направи да се чувствувате како вистинска ѕвезда! Употребете ги рацете за да си играте со клиторисот и поврзете се со вашата скриена божица. По оваа поза ќе бидете подготвени да го освоите светот.rn

    2. Кучешка поза

    rn5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијатаrnrnКако да ја изведете? Клекнете на колена и потпрете се со рацете. Раширете ги нозете за вашиот партнер да може да клекне помеѓу нив. Пробувајте различни висини и спуштете се на лактите, ако така ви е поудобно. Не заборавајте дека можете да ја искористите раката за да си ги допирате градите или клиторисот. Опциите се неограничени!rnrnЗошто ќе ви ја зголеми енергијата? Станува збор за животинска поза која со сигурност ќе ви го разбуди инстинктот и ќе ви го покачи адреналинот.rn

    3. На столче

    rn5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијатаrnrnКако да ја изведете? Додека вашиот партнер седи на столче, „јавнете“ го и спуштете се малку надолу. За да бидете поинтимни, свртете се со лицето кон него, но можете и да ја свртите главата на страна и да се свиткате наназад, што е исто толку секси.rnrnЗошто ќе ви ја зголеми енергијата? Не мора воопшто да легнувате на кревет. Оваа поза е совршена за секс набрзина во секое време и на секое место. Не мора ни да бидете во вашата соба, што ќе ви даде чувство на опасност и ќе ве подготви за претстојниот ден.rn

    4. Куче со три нозе

    rn5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијатаrnrnКако да ја изведете? Застанете во близина на ѕид или кревет во случај да изгубите рамнотежа и потоа полека кренете ја едната нога и ставете ја околу колкот на вашиот партнер. Вие диктирајте го темпото и слободно користете лубриканти.rnrnЗошто ќе ви ја зголеми енергијата? И оваа поза ќе можете да ја изведете каде било. Освен тоа, ќе се чувствувате многу моќни поради тоа што сте успеале да имате секс стоејќи. Станува збор за многу интимна и интензивна поза што ќе ви ја даде потребната сила за да се соочите со секојдневните предизвици.rn

    5. Малку поинаква мисионерска поза

    rn5 секс пози што ќе ви ја зголемат енергијатаrnrnКако да ја изведете? Многу е слична на традиционалната мисионерска поза, но вашите колкови треба да се спуштени надолу, додека колковите на партнерот треба да се поставени повисоко од вашите. Завиткајте ги вашите нозе околу неговите колкови и на тој начин ќе си овозможите подобра стимулација на клиторисот.rnrnЗошто ќе ви ја зголеми енергијата? Со оглед на тоа што оваа поза е одлична за доживување оргазам, ќе ви го подобри расположението и ќе ви помогне да го почнете денот со позитивни мисли. Освен тоа, многу е интимна и овозможува длабока пенетрација поради што ќе почувствувате вистинска поврзаност со партнерот.rnrnСексот може да ви ја зголеми енергијата на многу различни начини, па затоа не треба да го прескокнувате дури ни тогаш кога сте уморни. Ако најдете време за водење љубов наутро или напладне, ќе забележите дека целиот ден ќе ви биде многу поубав и попозитивен.rnrnПогледнете ги и следниве 9 секс пози кои ќе ви помогнат да се заљубите.

  • Духовни лекции кои можеме да ги научиме од летото

    Духовни лекции кои можеме да ги научиме од летото

    Циклусот на годишните времиња совршено го прикажува патувањето кое сите го правиме низ животот. Ако ја набљудуваме природата, ќе сфатиме дека таа ни ја покажува духовната работа што треба да ја правиме во различни периоди низ годината. Кога ја собираме енергијата на секоја сезона, ние растеме најмногу што можеме.rnrnduhovni-lekcii-koi-mozheme-da-gi-nauchime-od-letoto-kafepauza.mkrnrnПогледнете ги овие 5 лекции кои ги учиме од природата во текот на летото.rn

    1. Почитувајте го вашиот оган

    rnОгнот е елемент на летото. Моќта на огнот од сонцето ги храни сите растенија додека не дојде есента и периодот за берба. Како и моќното сонце кое го има Земјата, секој од нас има внатрешен оган, сонце во нас кое ги храни нашите соништа и желби. Вашиот внатрешен оган е опасниот, моќниот дел од вас. Дајте си време да го препознаете тој дел и искажете благодарност што го имате, исто како што сте благодарни за сонцето во топлите летни денови.rn

    Прашања кои треба да си ги поставите:

    rn

      rn011

    • Што постигнавте оваа година со помош на вашиот внатрешен оган?
    • rn011

    • Како овој дел од вас се манифестира во вашиот живот?
    • rn011

    • Кои благослови беа разбудени кај вас оваа година од вашиот внатрешен оган?
    • rn

    rn

    2. Кога нешто ќе заврши во вашиот живот, пуштете го да си оди

    rnЗа време на летната рамноденица, ние го славиме доаѓањето на летото, но исто така сме го стигнале и најдолгиот ден во годината. Ова значи дека деновите повторно почнуваат да се намалуваат. Сонцето „пораснало“ најмногу што можело, и сега повторно се „смалува“. Секоја година сонцето нè потсетува на овој прекрасен циклус на ширење, растење и враќање назад. Како и сонцето, постојат моменти кога сте „пораснале“ најмногу што можете за овој циклус. Сега е време да почнете со процесот на пуштање на работите во вашиот живот кои завршиле. Иако можеби е тажно да напуштите партнер, работно место или некои навики, запомнете дека тоа е дел од циклусот.rn

    Прашања кои треба да си ги поставите:

    rn

      rn011

    • Што го достигнало врвот во вашиот живот?
    • rn011

    • За која промена и раст сте возбудени?
    • rn

    rn

    3. Спознајте ја и славете ја вашата машка енергија

    rnЛетото е сезона на јанг, машката енергија. Оваа енергија нè поттикнува да градиме и да создаваме. Во секој од нас има елементи и на мажественост и на женственост. И двата се важни и неопходни. Општеството настојува машката енергија да ја поврзе со бес и агресија, но таа е исто така и заштитничка енергија. Кога ќе ја насочите вашата машка енергија кон создавање на животот што го сакате, таа станува многу моќна.rn

    Прашања кои треба да си ги поставите:

    rn

      rn011

    • Како машката енергија ве направила посилни оваа година?
    • rn011

    • Која ситуација побарала од вас да бидете моќни и гласни?
    • rn011

    • Што ќе направите ова лето со вашата машка енергија?
    • rn

    rn

    4. Најдете рамнотежа помеѓу интензивните летни активности и времето за летна релаксација

    rnЦелата машка енергија го прави летото период за интензивни активности. Оваа сезона секогаш е преполнета со планови, проекти, активности и авантури. Повеќето од овие работи се забавни и едвај чекаме да почнат. Но истовремено, нашата душа сака долги, мрзливи часови поминати во одмарање, пиење ладни пијалаци и читање добра книга. Важно е да направите рамнотежа помеѓу овие работи.rn

    Прашања кои треба да си ги поставите:

    rn

      rn011

    • Како планирате да се одморите ова лето? Направете си листа за релаксација која вклучува книги што сакате да ги прочитате, плажи што сакате да ги посетите и места на кои само сакате да лежите во тревата.
    • rn

    rn

    5. Бидете вредни, а потоа бидете трпеливи и верувајте

    rnВерувајте во семето што сте го посеале. Верувајте во напорната работа што сте ја извршиле. Вашите соништа и желби ќе „созреат“ кога ќе им дојде време. Универзумот веќе е подготвен да ви даде сè за што сте работеле оваа година. Само треба да бидете трпеливи.rn

    Прашања што треба да си ги поставите:

    rn

      rn011

    • Кои идеи и намери сте ги посадиле за кои верувате дека ова лето ќе созреат?
    • rn

    rnПогледнете ги и животните лекции кои се учат во 20-тите години.

  • Попладневно смуди за борба против дремката

    Попладневно смуди за борба против дремката

    Природно зголемување на енергијата

    rnПопладневно смуди за борба против дремкатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 милилитри незасладено бадемово млеко
    • rn011

    • 2 лажици бадемов путер
    • rn011

    • 6 сливи
    • rn011

    • 1 лажица цимет
    • rn011

    • 1 мала зрела банана
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки одеднаш во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја смесата во 2 стаклени шишиња или тегли и ставете ја во фрижидер да се олади. Може да трае до 2 дена во фрижидер.

  • 7 природни засилувачи на енергијата што ќе ве натераат да заборавите на енергетските пијалаци

    7 природни засилувачи на енергијата што ќе ве натераат да заборавите на енергетските пијалаци

    Енергетските пијалаци се преполни со кофеин. Овие пијалаци кои содржат и премногу шеќер исто така имаат и други состојки кои можат да бидат опасни по вашето здравје. Ако навистина ви треба зголемување на енергијата, тогаш зошто да не ги пробате следниве природни алтернативи?rnrn7-prirodni-buster-na-energija-koi-kje-ve-nateraat-da-g-zaboravite-energetskite-piajloci-kafepauza.mkrn

    1. Добијте го потребниот одмор навечер

    rnМногу луѓе не спијат доволно и го решаваат овој проблем на своја рака користејќи кофеин и други засладени работи како што се засилувачите на енергијата. Ова навистина функционира, но не за долго. Тоа не го менува фактот дека телото има недостаток од неопходниот сон. Недостатокот на сон исто така води до намалување на нивото на лептин, хормонот кој е одговорен за потиснување на апетитот. Неспиењето цела вечер не би требало да ви е навика. Квалитетниот сон е траен засилувач на енергија кој сите треба да го користат.rn

    2. Справете се со депресијата

    rnДепресијата е многу честа состојба што ја намалува енергијата. Кога сте депресивни, не сакате да излегувате или да поминувате време со вашите пријатели, ниту пак имате мотивација за вежбање. Доколку сте во депресија, разгледајте некои од природните терапии бидејќи лековите можат да имаат несакани ефекти. А ако мора да користите лекови, направете детално истражување за нив и консултирајте се со вашиот психотерапевт при изборот.rn

    3. Проверете да не сте анемични

    rnДоколку немате доволно железо во вашата крв, сигурно ќе се чувствувате изнемоштено. Ова е многу честа причина за појава на замор кај жените. Можете да земате суплементи со железо за да надополните за недостатокот. Исто така, додајте храна богата со железо во вашето мени. Овој вид храна има витални хранливи материи и ензими што ќе му помогнат на вашето тело да го апсорбира железото. Сусамот, црната меласа, цвеклото и јаболкото се одлични за луѓе со анемија. Следењето на железото во крвта е многу важно за одржување на нивото на енергија.rn

    4. Пијте вода

    rnЗаморот може да биде знак дека на вашето тело му недостигаат течности. Тој исто така е првиот знак за дехидратација. Водата ги подобрува перформансите за активностите кои бараат издржливост, а истовремено влијае и на метаболизмот. Според Институтот за Медицина, околу 13 чаши на ден се доволни за мажите, а 9 за жените.rn

    5. Престанете со диети кои имаат јо-јо ефект

    rnЈадењето погрешна храна, или мали количини од истата, со сигурност ќе ви ја намали енергијата. Иако ќе добиете одредена енергија од шеќерите, тоа ќе биде за кратко, исто како што е кога не спиете доволно. Шеќерот дури ви ја „краде“ долгорочната енергија. Ова се случува кога се изгладнувате. Наместо постојано да чувствувате глад, пробајте да ги промените вашите животни навики и отфрлете ја храната што не е добра за вас. Ова не мора да значи дека треба да ги исфрлите сите ваши омилени јадења.rn

    6. Проверете се за хипотироидизам

    rnСтанува збор за состојба што се карактеризира со нерамнотежа во работата на хипофизата и тироидната жлезда. Ова има влијание на многу луѓе што не се ни сомневаат дека можеби имаат таков проблем. Хипотироидизмот го создава поголем ризик да се биде изложен на радијација. Може да се лекува на природен начин или преку лекарства препишани од доктор.rn

    7. Исчистете го дебелото црево

    rnЧистењето на дебелото црево може да ви го зголеми нивото на енергија, а воедно ќе ви помогне и да го подобрите целокупното здравје. Редовното чистење на дебелото црево е сигурен начин да ја повратите вашата енергија. Ова исто така ќе му помогне на вашето тело подобро да ги апсорбира хранливите материи кои даваат енергија. Постојат ферментиран отпад, паразити и кандида кои непотребно стојат во вашето дебело црево, и редовното чистење ќе ви помогне да се ослободите од нив.rn

    Што заклучивме од ова?

    rnАко имате проблем со вниманието во текот на денот, ако се чувствувате мрзливо, ако се мачите со замор или едноставно сте истоштени, тогаш време е за промена. Пробајте ги прифатливите и лесни начини да го оттргнете заморот по природен пат. Ако морате да користете лекови за некои заболувања, како што се анемија, депресија или хипотироидизам, прво консултирајте се со вашиот лекар.

  • Како оваа пролет да привлечете пари и добра енергија во вашата куќа?

    Како оваа пролет да привлечете пари и добра енергија во вашата куќа?

    Според Фенг шуи, областа поврзана со пари, финансиски просперитет и изобилство, го зафаќа југоисточниот дел од вашиот дом или канцеларија. Па, време е да создадете добра енергија во него. Кога областа на парите е соодветно уредена, вашиот дом или канцеларија се во состојба да ја привлечат и задржат енергијата на богатството. Ова дефинитивно ќе се одрази во вашиот живот, па затоа потрудете се да ги применувате овие совети кои следат.rnrnСо помош на овие работи привлечете пари и добра енергија во вашата куќаrnrnЕлементот на богатството во Фенг шуи е токму дрвото, а веќе знаете дека тоа е збогатено со вода, која заедно со земјата го негува и му дава солидна основа за раст. Декорот во вашиот дом или канцеларија во областа на парите треба да биде составен од токму овие елементи.rnrn1. Внесете здрави и бујни зелени растенија, како што е бамбусот и други билки кои го прочистуваат воздухот, а исто така можете да искористите и други силни билки кои ќе напредуваат усогласени со природното осветлување во таа област.rnrn2. Поставете фонтана, огледало или пејзаж со вода. Ако сте доволно креативни, можете да ставите и цела фонтана во областа на парите, а ако не сте сигурни за овој чекор, можете едноставно и да закачите слика со прекрасен водопад, езеро и слично. Само бидете сигурни дека водата е чиста и дека тече. И огледалото е одлично за оваа област, а не е голема инвестиција.rnrn3. Нагласувајте специфични форми во оваа област. Секој Фенг шуи елемент е изразен во одредени форми, па можете да дојдете до посакуваната енергија правоаголни (дрво), квадратни (земја) и брановидни (вода) облици. Тоа може да бидат примероци, рамки, ткаенини или тапети. Овие форми ќе донесат добра енергија во оваа област.rnrn4. Сликите од шуми, паркови или диви зеленила ќе донесат добра енергија. Исто така можете да закачите слики со интересни форми на земјиште, како што се песочни плажи, планини и слично.rnrn5. Одберете ги најдобрите Фенг шуи бои за декорација на просторот за пари, а тоа може да бидат ѕидови, ткаенини или декор. Зелената, виолетовата и црвената боја се најмоќни за привлекување изобилство.rnrn6. Украсете ја областа со слики кои прикажуваат или симболизираат изобилство. Можете да изберете нешто модерно или слика која за вас претставува богатство и раскош.rnrn7. Размислете за класични Фенг шуи декорации, само бидете сигурни дека одговараат на вашиот ентериер.rnrn8. Секогаш држете ја енергијата свежа и жива со помош на убави природни мириси, свежи цвеќиња и неколку свеќи. Одржувањето на таа област добро осветлена и пуштањето смирена музика, одвреме-навреме може да привлечат добра енергија. Препорачливо е да набавите црвен свеќник, затоа што црвената боја ќе го исполни просторот со сјајна енергија, а квалитетниот свеќник симболизира долг живот.

  • Мудроста на Карл Густав Јунг: Не може од човекот да излезе она што го нема

    Мудроста на Карл Густав Јунг: Не може од човекот да излезе она што го нема

    Карл Густав Јунг е еден од најпознатите психијатари и психотерапевти. Тој го истражувал човечкиот ум целиот негов живот и дошол до многу интересни сознанија. Јунг навлегол во сржта на природата на човекот барајќи одговор на прашањата зошто постојат лоши луѓе на светот и како да се доживее вистинска среќа.rnrnМудроста на Карл Густав Јунг: Не може од човекот да излезе она што го немаrn

    „Зборот ’среќа’ би го изгубил своето значење ако не е балансиран од тагата.“ – Карл Густав Јунг

    rnНеговата мудрост е неоспорлива, а доказ за тоа е и неговото толкување за човечката енергија кое ќе ви ги отвори очите и ќе ве наведе на размислување…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПостојат луѓе кои мислат дека ширењето позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои создаваат позитивна енергија сами по себе.rnrnНе е така.rnrnЕнергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот.rnrnНе може од човекот да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мора најпрво да се наполниме со мир. За да можеме да шириме радост, мора најпрво нашето срце да биде радосно.rnrnВо спротивно и најутешните зборови ќе звучат како напад од устата на незадоволниот човек.rnrn[/message_box]rnrnДоколу ви се допаднаа овие мудри зборови, прочитајте што вели Карл Густав Јунг за животот, психологијата и постоењето.

  • Прочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од кревет

    Прочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од кревет

    За сите оние моменти кога умот ви делува потежок од вашето тело, кога мислите ви ги парализираат нозете и на срцето полека му снемува биења – запомнете го ова!rnrnПрочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од креветrnrnЗапомнете дека сè уште има цел за вас во овој свет, дека сè уште сте тука со причина, дека вашата приказна не е завршена и дека не смеете да се откажете од себеси. Вие мора да се борите за себе и да ја завршите вашата приказна, мора да го најдете вашиот вистински повик и да бидете активно вклучени во животот бидејќи сè уште има место за вас во овој свет!rnrnЗапомнете дека некој се смее само затоа што знае дека сте тука. Вие некому му го разубавувате денот, и правите да се чувствува како да има за што да се бори низ тешките денови. Нечиј свет е подобар бидејќи вие сте во него.rnrnЗапомнете дека постојат луѓе што сè уште веруваат во вас и мислат дека сте способни да ги постигнете вашите цели. Некој сè уште навива за вас, верува во вашите таленти, детали, креативност, во умот и во вашето срце. Некој гледа во вас нешто што вие сè уште не можете да го видите во себеси.rnrnЗапомнете дека вашиот збор е важен. Вие сè уште имате право да кажете каков сакате да ви биде животот, но и покрај тоа што немате контрола над сè, тоа е доволно за да се насочите во вистинската насока. Вие сè уште имате избор. Сè уште можете да одберете различен пат, различна насока што ќе ви помогне да се смените. Вие сè уште можете да одберете да бидете среќни!rnrnЗапомнете дека никогаш порано не сте се чувствувале вака, дека сте преживеале тешки денови со скршен дух, трагедии и болка, но секогаш сте наоѓале начин да најдете излез, секогаш сте знаеле како да почнете од почеток, секогаш сте знаеле како да се составите од парчињата што ви останале. Можете сè да направите одново. Вие отсекогаш сте биле борци, биле посилни од сите пречки што животот ви ги поставил пред вас и сте биле похрабри од вашите стравови.rnrnЗапомнете дека иако денес можеби не можете да се натерате да станете од кревет бидејќи светот одеднаш ја изгубил смислата во вашиот ум, утре е сосема нов ден и ќе имате нова шанса да ја пронајдете повторно светлината. Можеби токму утре ќе сретнете некој или ќе дознаете нешто што целосно ќе ви го промени животот, засекогаш. Запомнете дека утрешнината никогаш не ја губи моќта да ви го промени животот.rnrnЗапомнете дека со тек на време, сè полесно ќе ги надминувате овие лоши денови. Теговите нема да ви бидат толку тешки и ќе можете самите да си се носите. Утре вие ќе сфатите дека сè уште сте тука, со причина, и ќе научите како да живеете. На тој начин ќе сфатите и дека светот не е толку лошо место колку што сега ви изгледа.

  • Како секое утро да се будите смирени и полни со енергија?

    Како секое утро да се будите смирени и полни со енергија?

    Која е првата мисла што ви поминува низ глава кога ќе се разбудите наутро? Дали е тоа некоја намерна мисла или само си изговарате „Ох, 6 часот е“? Доколку денот ви почнува на овој начин, тогаш најверојатно тој ќе биде исполнет со анксиозност и стрес. Всушност, ова не е најпродуктивниот начин за да ги остварите работите што ви се потребни. Имајте на ум дека прашањата може да бидат многу моќни, доколку се користат на правилниот начин.rnrnКако секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?rn

    Како да ги користите утринските моќни прашања?

    rnКога ќе се разбудите наутро, вие секогаш се прашувате дали сте свесни или не. Додека ги миете вашите заби, го пиете утринското кафе или го јадете појадокот, низ вашата глава поминуваат илјадници мисли. Вие може да си мислите зошто сте уморни, зошто не сте се решиле да си легнете порано, што да јадете во текот на денот и слично. Но, генерално, овие работи не ви служат за корисни цели, а во некои случаи дури може и да ве повредуваат. Многу е важно со користењето на прашањата да земете контрола врз насоките на вашиот живот. Така, наместо тие прашања, наутро можете да си поставите некое од следниве:rn

      rn011

    • Што треба да очекувам од денешниот ден?
    • rn011

    • Што е тоа што е прекрасно во мојот живот?
    • rn011

    • Како можам да го направам денешниот ден неверојатен?
    • rn011

    • Што најдоброто нешто што може да ми се случи денес?
    • rn

    rnСо поставување на овие прашања вие ќе почнете да го префрлате фокусот на вашиот ум кон работите што сакате да ви се случат. Интересно е да се напомени тоа дека вашите прашања не треба да имаат некоја основа во реалноста, затоа што вашиот мозок ќе одговори буквално сѐ што ќе го прашате. За да биде ова ефективно, треба да го практикувате 30 дена по ред. На овој начин вашиот мозок ќе создаде врска помеѓу состојбата која ја создавате со вашите прашања и будноста наутро.rn

    Најважното прашање за секое утро

    rnВажно е секој ден да го започнувате така што ќе бидете благодарни. Па, навикнете се наутро да си го поставувате прашањето „За што сум благодарен/благодарна?“ Ако го поставувате ова прашање неколку дена по ред, вие секојдневно ќе се будите со возвишено чувство. Откако ќе почнете да гледате на светот и на работите околу вас со благодарност, тогаш сѐ повеќе и повеќе од тоа ќе внесувате во вашиот живот. Секој човек има многу работи за кои треба да биде благодарен, а најчесто сите се фокусираат на она што не е добро, но оваа рутина може многу да ви помогне да го промените вашиот фокус.rnrnКако секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?rn

    Неколку начини да ја промените вашата утринска рутина

    rnДоколку сакате да го промените почетокот на вашиот ден, потребно е да имате предвид неколку работи. Освен моќните прашања кои треба да си ги поставувате наутро, важно е и да го започнете вашиот ден на помирен и потивок начин отколку оној што сте го практикувале претходно. Еве што треба да имате предвид.rn

    Не вклучувајте ги компјутерот и телевизорот

    rnМногу луѓе имаат навика веднаш штом се разбудат да го посветат своето внимание на компјутерот или телевизорот. Но, не е здраво да го започнете вашиот ден така што ќе се натрупате со информации одма штом отворите очи. Наместо тоа, уживајте во вашето кафе или појадок околу дваесетина минути. Вестите од телевизорот може да имаат негативно влијание врз вас, без вие и да го забележите тоа. Не е добра идеја да се изложувате себеси на негативните случувања во светот уште во раните утрински часови.rn

    Слушајте музика која ќе ви го подобри расположението

    rnПронајдете такви песни кои ќе ви го подобруваат расположението или некои кои ќе ве смируваат. Исто така веднаш штом ќе се разбудите можете да слушате и некои инспиративни и поучни приказни, па замислете колкав ефект ќе имаат тие ако го практикувате ова во период од 30 дена.rn

    Медитирајте

    rnМедитирањето може да ви помогне да се ослободите од мислите. Така, рано наутро вашиот ум е во мирна состојба, па дури и 5 до 10 минути длабока медитација може да направат голема разлика за претстојниот ден.rnrnНаправете го вашиот ден прекрасен, така што ќе се инспирирате и со овие неколку цитати кои ви овозможуваат одличен почеток на вашето утро.

  • Мачка – Волшебно животно кое ве штити вас и вашата куќа од негативна енергија

    Мачка – Волшебно животно кое ве штити вас и вашата куќа од негативна енергија

    Спротивно на она што го мислат луѓето, мачката е животно со позитивна аура. Таа под своја заштита го зема не само нејзиниот сопственик, туку целото семејство со кое живее, домот и околината. Не мислете дека мачката само ви пречи ако се врти околу вас. Со ова таа ги споделува со вас своите астрални сили и магијата која се содржи во секоја нејзина постапка. Ако ја отфрлите, вие се лишувате од позитивната енергија која сака со вас да ја сподели ова животно.rnrn1-machka-volshebno-zhivotno-koe-ve-shtiti-vas-i-vashata-kukja-od-negativna-energija-kafepauza.mkrnrnСо мачките не постои втор пат. Тие не можат повторно да ви дадат такви астрални сили, туку дури може и да го земат назад она што ви го дале во минатото. Тие се заштитници на вашиот дом и ве бранат од зли духови. Областа која мачката ја смета за своја е благословена со позитивна аура. Нејзиното присуство помага дури и кога некој ќе се всели во стара куќа каде што претходно живеел некој друг.rn

    Мачката и злите духови

    rnКога мачката ќе пронајде зли духови во куќата, таа ќе се обиде да ги утврди нивните намери, а потоа целосно ќе ги отстрани од куќата. Ако забележите дека вашата мачка седи на одредено место во куќата и долго време гледа во нешто, тоа значи дека овде постојат зли духови. Астралната способност на мачките е толку силна што може да ги исплаши и да ја ослободи куќата од нив.rn

    Мачката и домаќинството

    rnЛуѓето кои ви се љубоморни може да ве урочат, при што ќе почувствувате намалување на здравјето, благосостојбата и просперитетот. Ако се сомневате во нешто вакво, тогаш допрете ја вашата мачка со двете раце, милувајте ја нејзината лева шепа и продолжете сѐ до опашката. Тоа ќе ви овозможи поблизок контакт со неа, а додека го правите ова, вие сте во согласност со моќното животинско царство кое може да ги отстрани и најсилните магии. Мачките се канали преку кои се пренесува космичката енергија и тие може да донесат многу позитивни работи во домаќинството каде што живеат. Во Русија постои ритуал каде пред вселувањето во домот, внатре се пушта мачка. Доколку се работи за стара куќа, мачката ќе ја отстрани негативната енергија која ја оставиле претходните сопственици. Мачките привлекуваат силна енергија во домот затоа што научиле да живеат во високо енергетски зони.rnrnrn

    Лекување со мачките

    rnМачките имаат голема магична моќ која може да излекува една личност. Тоа се однесува на сите видови и сите бои. Тие ќе лежат на заболените места на личноста и несвесно ќе ја излечат. Можете да практикувате континуиран процес на заздравување со едноставно галење на мачките, затоа што оваа активност го ублажува емоционалниот и менталниот стрес, а тоа е најлесен начин за лекување.rn

    Како бојата игра важна улога кога сакате да ги искористите моќите на мачката?

    rnАко сакате да ги искористите моќите на мачката, многу е важно да ја имате предвид нејзината боја.rnrnЦрна: Црните мачки се поврзуваат со окултни сили, вештерки, магија и заштита. Верувале или не, црните мачки имаат голема моќ да ја апсорбираат негативната енергија. Нивната присутност носи мудрост и моќ за добро расудување.rnrnЦрвена: Овие животни се поврзани со машката енергија и силата на сонцето, како и со енергијата Јанг. Црвените мачки привлекуваат пари и богатство.rnrnСива: Нивната позитивна енергија помага за одржување среќа, љубов, мир и емоционална стабилност.rnrnБела: Белите мачки може да го намалат стресот. Тие поседуваат енергија која може да им пружи добро здравје на членовите во домаќинството.rnrnДвобојни мачки (како сијамските): Тие може да донесат долговечност, успех, соларна магија и енергијата Јин.rnrnТробојни мачки: Тие го штитат семејството од какво било зло, каде и да се наоѓа и привлекуваат просперитет и среќа.rnrnПругасти мачки: Овој вид мачки се идеални за оние кои сакаат да привлечат среќа, радост и живост во своите животи. Тие привлекуваат вибрации кои ги држат стресните ситуации подалеку, пренесувајќи им добро расположение на луѓето кои живеат во нивната околина.