Ракот е еден од хороскопските знаци кои вистински го „следи своето срце“ и е длабоко интуитивен. Со оглед на тоа дека само што започна сезоната на владеењето на овој знак, морате да дозволите да ве води интуицијата во следниот период. Меѓу другото, земајќи го предвид фактот дека Раковите се најмногу поврзани со својата женска страна и се блиски со своите мајки, па затоа време е да ја искористите максимално оваа женска енергија и да го добиете најдоброто за вас. Еве на кој начин можете да го сторите тоа:rnrn
rn
1. Препуштете им се на вашите чувства
rnОваа сезона нека ве води срцето. Нурнете во себе и бидете како Раковите кои немаат проблем да ги изразат своите вистински емоции.rn
2. Најдете време за вашето семејство
rnСезоната на рак е најдобро време да стапите во контакт со вашето семејство. Може дури и да почувствувате потреба да подадете рака за помирување со член од семејството со кој можеби сте имале конфликти и недоразбирања.rn
3. Реновирајте го домот
rnРаковите сакаат пријатен дом, а истата инспирација можете да ја имате и вие оваа сезона и да го реновирате вашиот дом.rn
4. Бидете имагинативни
rnОва е најдоброто време од годината за да создадете уметнички дела или едноставно да ги доживеете. Дозволете му на детето во вас да ја преземе улогата додека работите на вашите најкреативни идеи.rn
5. Играјте со децата
rnСо Месечината како владејачка планета, оставете ја вашата мајчинска страна да блесне додека поминувате време со децата, вашите или туѓите.rn
6. Грижете се за себе
rnПо интензивниот период на Близнаци, сега е време да се грижите за себе. Опуштете се, следете ја вашата интуиција и грижете се за вашето ментално и физичко здравје.rn
7. Поминувајте време со саканата личност
rnРаковите се експерти за љубов, па оваа сезона ќе имате поголем поттик да ја покажете и вие вашата љубов кон луѓето кои ви значат. Без разлика дали се работи за вашиот партнер, домашно милениче или пријател – прегрнете ги и пружете им љубов.rnrnСезоната на рак е период на нежност и чувствителност, време кога треба да покажете поголема грижа за себе и за вашето семејство.rnrnОткако прочитавте како најдобро да ја искористите енергијата на сезоната на Ракот, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак.rnrnИзвор: atma.hr


rnrnОна што понекогаш не го сфаќаме е фактот дека одлуките што ги носиме во текот на денот или ни помагаат или ни одмагаат. Некои избори можат да имаат непосредни, додека други можат да имаат долгорочни ефекти. Понекогаш не ни забележуваме дека правиме одредени работи, освен ако не ги анализираме или ако некој не ни го посочи тоа.rnrnСо оглед на тоа дека одредени навики кои ни ја трошат енергијата станаа дел од нашите животи, не ни треба долго време за да ги увидиме ефектите што тие ги имаат врз нашата целокупна благосостојба.rn
rnrnРафинираните јаглехидрати (додаден шеќер и бел леб) брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта и всушност побрзо доведуваат до замор, но на сложените јаглехидрати (овошје, зеленчук, цели зрна) им треба многу подолго време за варење бидејќи постепено го зголемуваат нивото на гликоза во крвта и му даваат на вашето тело повеќе одржлива енергија. Заедно со јаглехидратите, здравите масти како омега-3 масните киселини обезбедуваат одржлива енергија, а храната богата со протеини може да го одржи нивото на енергија со тоа што ќе го спречи гладот и ќе ве одржува сити подолго време. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги консумирате почесто доколку сакате да имате енергија во текот на целиот ден.rn
rnrnДо крајот на месецот веројатно ќе се соочиме со промени и нови можности. За да се подготвиме за сите овие настани, денешната полна Месечина ќе ни биде како светилник.rnrnДали чувствувате дека е време да се одморите, да се опуштите или да ја отворите вратата за нешто ново? Дали сакате да се смирите за момент или сте подготвени да му покажете на светот што знаете и умеете? Толку многу работи се подготвуваат под оваа полна Месечина што сè изгледа возможно, па затоа почитувајте ги сопствените потреби и обратете внимание на она што вашиот ум, тело и душа се обидуваат да ви го соопштат.rnrnХирон, астероид на ранетиот исцелител, и Јупитер, планетата на изобилството, исто така ќе бидат активни за време на оваа полна Месечина. Оваа комбинација може да донесе позитивни промени и да одговори на некои критични прашања. Сепак, може да ги извади на површина и раните кои треба да се зацелат што побргу.rnrnОваа енергија нè поттикнува да се потсетиме на моќта што можеме да ја најдеме кога практикуваме самољубие, кога се залагаме за себе и ја почитуваме нашата интуиција. Оваа енергија ќе нè поттикне првин да ги наполниме нашите енергетски батерии за да имаме доволно енергија да пренесеме и на другите.rnrnНе плашете се да се откажете од работите што не се наменети за вас, бидејќи сè што ќе се случи под оваа полна Месечина веројатно само ве подготвува за нови можности што ќе дојдат во март.rnrnДодека ве придружува оваа лунарна енергија, бидете љубезни, трпеливи и нежни со себе. Обратете внимание на вашите потреби и слушајте го вашиот ум, тело и душа. Универзумот ќе ви даде енергија која ќе ви биде потребна за да го отворите новото поглавје. Доволно е да верувате дека се ќе биде во ред.rnrnОткако прочитавте за влијанието на денешната полна Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и 
rn
rn


