КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергија

  • Дали луѓето имаат способност да апсорбираат енергија од другите?

    Дали луѓето имаат способност да апсорбираат енергија од другите?

    Неодамна научниците открија дека растенијата можат да ја апсорбираат енергијата од другите растенија. Поради ова откритие, целиот научен свет може да биде превртен. Овој факт нуди докази дека и луѓето можат да апсорбираат енергија едни од други слично како и растенијата.rnrnlugjeto-apsorbiraat-energija-edni-od-drugi-kafepauza.mkrnrnИстражувањето било под водства на доктор Олаф Круз. За прв пат научниците докажале дека зелената алга научно позната како „Chlamydomonas reinhardtii“ не само што се вклучува во процесот фотосинтеза, туку таа може да собира и алтернативна енергија. Оваа енергија доаѓа од разни растенија кои се наоѓаат околу алгата.rnrnЗа да растеме, потребна ни е енергија како калории од храна, минерали од вода, кислород и сончева светлина. Сето ова го добиваме од нашето опкружување. И на растенијата им е потребна сончева светлина, храна, вода и јаглероден диоксид. За ова истражување, Круз и неговиот тим ја засадиле алгата и ја набљудувале кога не можела да добие енергија од вообичаените извори. Поради овој недостаток, алгата почнала да „собира“ енергија од растенијата околу неа. Таа создавала ензими кои ја обработувале целулозата од другите растенија со цел да расте.rn

    „Ова е прв пат да се забележи вакво однесување кај вегетативен организам. Фактот дека алгата обработува целулоза се противи со секој учебник. На некој начин гледаме дека растенијата јадат други растенија“, изјавил Круз.

    rnПодоцна тој решил да го спореди ова со однесувањето на луѓето.rn

    „Токму ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат неудобно во одредена група каде што има мешавина од енергии и емоции.“

    rnОд овде потекнува прашањето: Какво влијание ќе има ова на истражувањата врз луѓето и дали тие би можеле да се хранат еден од друг? Бадар-Ли, една од истражувачите објаснила:rn

    „Кога истражувањата за енергијата ќе станат понапредни, ќе можеме ова да го видиме и кај луѓето. Човечкиот организам е многу сличен на оној на растенијата. Потребна му е енергија за да ја нахрани емоционалната состојба, а ова може да им даде енергија на клетките или да го зголеми нивото на кортизол, во зависност од емоционалната причина.“

    rnСпоред неа, сега е совршениот период да почнеме да го истражуваме полето на биоенергијата.rn

    „Луѓето можат да апсорбираат енергија и да се лекуваат преку други луѓе, животни или кој било дел од природата. Поради ова се чувствуваме многу убаво и енергично кога сме во природа.“

    rnИмајќи го ова на ум, за да се заштитите од потенцијални „крадци“ на енергија, пробајте некој од следниве совети.rn

    1. Заземјување

    rnКога се чувствувате навистина истрошено, излезете надвор и прошетајте боси. Можете и да седнете на земјата. Земјата ја враќа рамнотежата на нашите енергии и ова ќе ви помогне да се „наполните“.rn

    2. Исчистете се

    rnНаправете си купка со солена вода или запалете жалфија за да се исчистите кога се чувствувате негативно. Иако звучи лудо, многу луѓе го прават ова и тврдат дека е навистина ефективно.rn

    3. Држете се настрана од негативност

    rnНе мора да ви кажуваме дека одредени луѓе, места и нешта се полни со негативна енергија. Оваа негативна енергија има големо влијание и на вас. Ако е возможно, избегнувајте секаков контакт со такви луѓе и места. Ако не можете, употребете некој од претходните совети за да се исчистите.rnrnНауката има откриено навистина многу работи, а со секој напредок научниците стануваат сè поотворени за можностите на енергијата. Иако многу луѓе ги кажувале овие работи со години, полесно е да верувате кога гласините се поткрепени од науката.rnrnПогледнете ги следниве подетални инструкции за тоа како да се заштитите од луѓето кои зрачат со негативна енергија.

  • Дали на човештвото му е потребен сериозен разговор за сексуалноста?

    Дали на човештвото му е потребен сериозен разговор за сексуалноста?

    Малку се зборовите кои го предизвикуваат човечкиот ум како зборот секс. Нашата колективна свест е соочена со него од сите страни – започнувајќи од Интернетот и телевизијата, до сите видови реклами и пораки со кои секојдневно сме преплавени.rnrnrnrnМногумина од нас се свесни за тоа како сексот се користи за продавање идеи и работи кои всушност не ни се ни потребни. Со зголемувањето на бројот на насловите за педофилија во Холивуд и доказ за духовната епидемија на културата за силување со кампањата #MeToo, избегнувањето да се зборува за сексуална енергија веќе не е опција за никого.rnrnЗа повеќето, запознавањето со нашата сексуална енергија е навистина чудно и непријатно. Напишаното во учебниците и предавањата за заштита од бременост не можат да ја доловат комплексноста и убавината на сексуалната енергија. Всушност, биолошкиот дел е само мал дел зад нашата вистинска сексуална природа. Но, поради стигмата поврзана со сексот, многу луѓе стануваат возрасни без да ги научат разните делови од нивната биологија. Ова многу често предизвикува енергетски блокади во нивните тела поради срамот кој го чувствуваат.rnrnПовеќето тинејџери ретко разговараат за секс со своите родители, како и за ризикот од бременост и сексуално преносливите болести. Или пак, се соочени со сексот преку културата за запознавање на забави и слични настани. За жал, многу луѓе се прв пат изложени на информации за секс преку силување, злоупотреба и малтретирање. Ова најмногу е мотивирано преку сè поголемиот број „хардкор“ порнографски филмови кои на некој начин ја дехуманизираат интимноста која доаѓа со сексот. Порнографијата станува единственото место за едукација за секс за многу млади луѓе, а покажано е дека штетата која ја нанесува е и социјална и невролошка.rnrnСексуалната енергија е енергија на креирање. Од сексот создаваме живот, страст и креативност. Сексуалната енергија е дел од нас во секојдневниот живот – од растенија до животни. Но нашите условувања нè спречуваат да го користиме овој моќен дар во наша корист. Навистина е тешко да разбереме како се поврзани сексуалната енергија и креативноста, кога секој обид да се истражува тоа бил притиснат од нашите религиски и културни доктрини.rnrnВажно е да го промениме начинот на кој разговараме за сексуалната енергија. Ако не за нас, барем за наредните генерации кои заслужуваат да знаат нешто наместо да се соочени со тишина, срам и тајни. Сексот е моќен и убав феномен кој заслужува да го славиме како дел од нашето постоење. Проблемот со тишината е тоа што се зголемува бројот на мали деца кои имаат пристап до Интернет и се изложени на секс уште од најрана возраст без разлика на безбедносните мерки кои ги користите.rnrnОд нас зависи како ќе се однесуваме со сексуалната енергија, а ова однесување треба да доаѓа од безусловна љубов и разбирање. На нас е оставено да го спречиме циклусот на сексуалната траума која е резултат на сексуалното потиснување, незнаење и губење контакт со нашето повисоко јас. Кога навистина ќе го разбереме дарот на нашата сексуална енергија како човечки суштества, ќе сфатиме дека треба да се слави, а не да се чува како тајна. Сексуалната енергија е неверојатна. Зошто ја поврзуваме со зборот „валкано“? Креативноста и сексуалноста не се валкани, тие се искажување на универзумот преку нас.rnrnСексуалната трансформација е начин на кој ја повикуваме нашата сексуална енергија и мисли, тие се физичко искажување од друго ниво. Сексуалноста е дел од она што сме и заслужуваме да знаеме како да ја користиме во наша корист. Младите треба да знаат дека врските се лекуваат со сексуална и креативна енергија. Сексуалната моќ не е само изборот со кој ќе имате односи и како, тоа е и да бидете свесни за можностите на вашата сексуална енергија. Ова се постигнува само ако ги отвориме срцата и умот кон оваа енергија. Таа е многу повеќе од стравот од бременост и сексуално преносливи болести.rn

    Сексот е дел од танцот на животот

    rnПа како да ја насочиме нашата креативност преку нашата сексуалност? Порнографијата ги намалува нашите идеи за разменување сексуална енергија. Брзиот оргазам всушност може да ја намали сексуалната енергија со текот на времето, особено кај мажите кај кои спермата е нивната енергетска животна сила (Таоистите ја нарекуваат Чи). Но убавината на сексуалната енергија е тоа што може да се користи како медитација за создавање тензија во нас. Оваа тензија може да се користи за идеја која сакате да ја создадете. Со други зборови, на другата страна на сексуалната тензија се наоѓа креативната моќ – моќта идеите да станат реалност.rnrnВо многу песни од популарната поп музика мета се тинејџерите, а тоа не е случајно. Тинејџерите влегуваат во нова фаза од животот, а нивниот нагон за секс може да биде голем. Па кога се изложени на песни за секс, страст или барање признание преку нивниот сексуален статус, нивниот сексуален нагон се користи за профит. Ова важи и кај возрасните.rnrnА со нашето, и лечењето на следните генерации, можеме наново да ја запишеме иднината, само ако сакаме навистина да научиме нешто за сексуалната енергија. Токму поради ова е потребно луѓето да почнат да зборуваат за сексот. Замислете си дека седите пред вас кога сте биле збунет тинејџер. Замислете како си кажувате: Добредојде во новиот дел од твојот живот каде што можеш да ја повикаш моќта на твојата сексуална енергија за да создаваш. Можеш да создадеш човечки живот, но и идеи, па дури и цела иднина. Нема ограничувања за доброто кое можеш да го направиш кога паметно ќе одбереш да ја насочиш оваа енергија преку најчистата моќ – безусловната љубов. Изборот е твој.rnrnПогледнете и како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот.

  • 9-те фреквенции кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух

    9-те фреквенции кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух

    За да ја перципираме реалноста која ја сакаме, потребно е да ја чувствуваме фреквенцијата која ја посакуваме. Кога ќе се фокусираме на фреквенцијата, можеме да воспоставиме контрола над некоја тешка ситуација. Знаеме дека енергијата е магнетизирана кон еднакви фреквенции, па кога ни се влошува ситуацијата и кога имаме ниска вибрација, јасно е што добиваме за возврат. На пример, ако проблемот е тага и осаменост, чувствувајте љубов и среќа. Ова е основниот механизам на законот за привлекување. Многу често забораваме дека енергијата е онаму каде што е и вниманието.rnrn9-te-frekvencii-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izlechite-vashite-telo-um-i-duh-kafepauza.mkrn

    „Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте за енергија, фреквенција и вибрација.“ – Никола Тесла

    rnОваа процедура станува многу полесна штом ќе преземете контрола над некои важни фактори, како потсвеста, фреквенцијата на умот која ја собираме и механизмите за одбрана. Размислете, ако постојано сте во одбранбена состојба, што всушност привлекувате тогаш? Привлекувате уште повеќе причини за да бидете во таа состојба. Токму на овој начин вие самите ја создавате вашата реалност.rnrnЗа да се ослободите од ова, промената на фреквенцијата ќе ја постигнете кога ќе се чувствувате навистина подготвени. Важно е да верувате, да го отворите срцето и да бидете искрени кога размислувате и зборувате. Па како да го привлечете ова „богатство“? Ценете го и сакајте го она што веќе го имате. Ширете љубов кон сите, но и кон себе.rn

    „Сè е енергија, ова ни е познато досега. Енергијата се манифестира во фреквенција. Сè има фреквенција, тоа е факт. Па, како оваа информација може да ни ги промени животите? Изедначете ја фреквенцијата на реалноста што ја сакате и сигурно ќе ја добиете таа реалност. Не може да има друг начин.“ – Алберт Ајнштајн

    rnВистинското време да почнете со ова е сега. Не кога ќе лутате во вашето минато, тоа само ќе ве потсети на уште повеќе работи. Ниту пак кога се надевате за иднината. Единственото вистинско време за промена е сега, во овој момент. Во овој момент вие го создавате следниот.rnrnПрименувањето на фреквенциите не е нешто ново. Тоа е древно знаење кое се применува одамна. Користењето фреквенции за лекување и воспоставување рамнотежа постоело отсекогаш. Се користело во многу религии. Знаеме дека звукот е вид вибрација, а кога ќе се намести на вистинската фреквенција создава неверојатни резултати. Постои древна музичка скала која е позната како 9-те фреквенции и која докажано ги смирува духот, телото и умот создавајќи совршена хармонија.rnrn147Hz – 12 (3): Отстранување болка.rnrn185Hz – 15 (6): Влијание на енергетските полиња.rnrn396Hz – 18 (9): Ослободување од вина и страв.rnrn417Hz – 12 (3): Поништување на ситуации и олеснување на промената.rnrn528Hz – 15 (6): Трансформација и чуда (поправање на ДНК).rnrn639Hz – 18 (9): Поврзување/врски.rnrn741Hz – 12 (3): Изразување/решенија.rnrn852Hz – 15 (6): Враќање на духовниот ред.rnrn963Hz – 18 (9): Поврзување со космосот, будење.rnrnНекои други корисни фреквенции се шумановата резонанса чија фреквенција е иста со онаа на Земјата, 7,38Hz (18) (9), што ја прави одлична за заземјена медитација и поврзување со природата. Фреквенцијата на Ом е иста со онаа на сонцето, 126Hz, и е добра за срцето. Секоја од овие фреквенции има уште по некоја древна тајна која за човештвото сè уште е кодирана. Низата 3-6-9 и духовниот број 9 се поврзани со физиката на создавањето. Како што кажал Никола Тесла:rn

    „Ако само ја знаевте неверојатноста на броевите 3, 6 и 9, тогаш ќе го држевте клучот на универзумот“

    rnДали знаете што се случува со нашето тело кога одиме боси по земјата?

  • 8 совети за победување на попладневната поспаност без кофеин

    8 совети за победување на попладневната поспаност без кофеин

    Има нешто во попладневните часови, веднаш по ручекот. Многу луѓе чувствуваат голем замор помеѓу 14 и 17 часот и навистина им е тешко да го поминат тој период. Ако ја немате слободата сами да ги правите распоредот, голема е веројатноста тој период да сте на работа и да мора да останете будни. Во овој случај, повеќето посегнуваат по кафе мислејќи дека ќе го решат проблемот. Но ако сакате да го намалите внесот на кофеин, оваа опција не е за вас. Сепак, постои и решение за ова. Следниве совети ќе ви помогнат да ја победите попладневната поспаност без кофеин.rnrn8-soveti-za-namaluvanje-na-popladnevnata-pospasnost-bez-kofein-kafepauza.mkrn

    1. Прошетајте

    rnПонекогаш излегувањето надвор и дишењето свеж воздух може да направи многу за вашата психа. Ако ви дозволуваат временските услови, излезете и прошетајте малку. Пуштете си музика која ќе ве расони и возбуди, а потоа вратете се свежи на работното место.rn

    2. Пијте вода

    rnНа телото му е потребна вода за да преживее и напредува. Па, почнете да се навикнувате да пиете многу вода. Вашето тело ќе функционира подобро, нема да се чувствувате мрзеливо а вашето внимание ќе стане подобро. За да го избегнете честото одење во тоалет, немојте да пиете многу вода одеднаш. Доволно е по една голтка одвреме-навреме за подобро да се апсорбира.rn

    3. Слушајте музика

    rnПонекогаш самите звуци во канцеларијата можат да ве заспијат. Ако ви е дозволено, ставете си слушалки и пуштете музика додека работите за да го стимулирате вашиот мозок. Се разбира, внимавајте да не им пречите на вашите колеги.rn

    4. Направете пауза од 10 минути за вежбање

    rnАко не можете да ја напуштите канцеларијата за прошетка, пронајдете скали и неколку пати качете се и симнете се по нив. Направете неколку скокови, и неколку јога вежби за истегнување. Чукањето на вашето срце ќе забрза а вашиот ум ќе биде стимулиран.rn

    5. Решавајте загатки

    rnЗагатките се одличен начин да го стимулирате вашиот ум. Можете да симнете некоја апликација на вашиот смартфон или пак да изиграте брза партија шах со некој колега. Научниците препорачуваат да се играат вакви игри, особено во староста бидејќи го стимулираат мозокот и го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмер и деменција.rn

    6. Јадете нешто полесно за ручек

    rnАко вашиот ручек бил обилен, големи се шансите да ви биде тешко да останете будни. Јадете храна која е лесна за вашиот стомак и гледајте да внесете повеќе растенија. Ќе бидете заситени, но и будни.rn

    7. Искористете ја моќта на природните тревки и масла

    rnАко сакате да го избегнете кафето, направете си чај, додајте природен засладувач (како мед) и ќе добиете природен зголемувач на енергија. Есенцијалните масла се терапевтски, па можете да ги користите на работното место. Ако имате навлажнувач за воздух, ставете неколку капки масло од нане. Исто така можете да го нанесете маслото и на пулсирачките точки на вашето тело.rn

    8. Земете витамин Б12

    rnМногу луѓе ги сакаат додатоците за исхрана со Б12 бидејќи тој дава енергија. Постојат неколку начини на кои можете да го консумирате. Можете да го купите како прашок или како капсули. Дури можете да добиете и инјекција со Б12.rn

    Намалете го кафето, но не и енергијата

    rnПоради популарноста на кафето, многу луѓе не ни размислуваат за алтернативните решенија кои се достапни. Иако шолјата кафе има одличен вкус, сепак не треба да се претера со негова консумација. Овие совети навистина ќе ви помогнат во тоа.rnrnПогледнете и кои се природните додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор.

  • Моќта на законот за привлекување: Дали во вашиот живот владеат високи или ниски вибрации?

    Моќта на законот за привлекување: Дали во вашиот живот владеат високи или ниски вибрации?

    Сè е составено од енергија која се разликува во количината и квалитетот. Она што е најважно е што таа вибрација, висока или ниска, може да влијае на начинот на кој го користите законот за привлекување. Со неа можете успешно да ги манифестирате своите цели.rnrn32-glavni-znaci-za-visoki-i-niski-vibracii-kafepauza.mkrnrnВисоката вибрација е поврзана со позитивноста, љубовта, сочувството и мирот. Ниската вибрација е поврзана со стравот, тагата и депресијата. Колку е повисока вибрацијата, толку сте поспособни да ги манифестирате вашите желби. Постојат неколку начини за подигање на вашата вибрација, но важно е да знаете каква е онаа што ја имате во моментот.rn

    Кога е можно е да имате ниска вибрација?

    rn

      rn011

    • Се чувствувате како да немате вистинска насока. Се чувствувате парализирано кога мислите на иднината.
    • rn011

    • Се обидувате да ги потиснете чувствата како љубомора и завист.
    • rn011

    • Иако сметате дека физички сè е во ред со вас, сепак се чувствувате уморно и после квалитетен сон.
    • rn011

    • Не знаете што сакате од животот и кои се вашите главни цели.
    • rn011

    • Чувствувате дека не ве интересира што ви се случува, или пак повеќе се грижите за другите отколку за себе.
    • rn011

    • Секогаш се чувствувате виновни за нешто.
    • rn011

    • Можете да се опишете како цинична личност.
    • rn011

    • Размислувате како да сте центар на универзумот и не размислувате како вашите постапки влијаат на другите.
    • rn011

    • Премногу се жалите.
    • rn011

    • Тешко ви е да ја видите убавината во животот.
    • rn011

    • Имате многу лоши навики кои сакате да ги промените, но се чувствувате како никогаш да нема да се случи тоа.
    • rn011

    • Постојано се карате со другите.
    • rn011

    • Немате физичка кондиција и немате енергија за тренинг или спорт.
    • rn011

    • Вашиот ум постојано наоѓа негативни страни во вашите планови.
    • rn011

    • Тешко ви е да простите, без разлика дали станува збор за себе или за некој друг.
    • rn011

    • Ги трошите ресурсите на другите, па секогаш ви се потребни повеќе.
    • rn

    rn

    Кога е можно да имате висока вибрација?

    rn

      rn011

    • Вие сте личност која размислува за себе и ги разбирате вашите мотиви, чувства и мисли.
    • rn011

    • Живеете во сегашниот момент наместо опсесивно да размислувате за минатото или да се грижите за иднината.
    • rn011

    • Имате стабилно расположение. Вие сте личност со емоционална рамнотежа.
    • rn011

    • Дисциплинирани сте и секогаш ги извршувате своите обврски.
    • rn011

    • Имате изразена емпатија.
    • rn011

    • Често сте благодарни за она што го имате, за луѓето и за искуствата во вашиот живот.
    • rn011

    • Вие сте грижлива личност и можете да се грижите и за себе и за другите.
    • rn011

    • Многу сте креативни и полни сте со инспирација.
    • rn011

    • Вие сте во хармонија со вашето тело и знаете што му е потребно.
    • rn011

    • Не се грижите премногу за пречките, особено ако тие не се во ваша контрола.
    • rn

    rnПогледнете ги и знаците на предупредување кои ви ги праќа универзумот.

  • Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

    Нумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?

    Секој број поседува одредена енергија што може да има позитивно или негативно влијание на нашиот живот. Истото важи и за бројот на куќата или станот каде што живеете. Па, што открива бројот на живеалиштето за станарите?rnrnНумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?rnrnЗа да дознаете, најпрво мора да направите неколку пресметки. Ако живеете во куќа, ќе го земете предвид нејзиниот број, а ако живеете во зграда, ќе сметате со бројот на зградата и станот во којшто живеете. Сето тоа ќе го соберете и сведете на едноцифрен број. Добиениот број ќе го соберете со бројот на вашиот биоритам. Така ќе дознаете каква е енергијата во вашиот дом, какво влијание има на вас и како да ја зголемите позитивната енергија.rnrnНа пример:rnrnБројот на зградата е 47 = 4 + 7 = 11 = 2rnrnБројот на станот е 4 = 4 + 2 = 6rnrnБиоритам = денот + месецот на раѓањеrnrnНа пример, ако сте родени на 23.09, вашиот биоритам е: 2 + 3 + 9 = 14 = 5rnrnНа крајот ги собирате сите бројки: 6 (збирот од броевите на зградата и станот) + биоритам = 11 = 2 (енергијата на вашиот дом)rnrnПресметајте и потоа прочитајте нешто повеќе за енергијата во вашиот дом…rnrn1 – Овој број означува индивидуалност и оригиналност. Во овој дом постојат се даваат нови идеи, се почнуваат проекти и се поставуваат нови предизвици. Но, бројот 1 носи помал успех во емоционалниот живот. Тој поттикнува осаменост и критичност во однос на другите. Единицата носи и неодлучност околу некои важни животни одлуки. Најдобро е да го уредите домот во тонови на златна, жолта или темно зелена боја, бидејќи тие ја зголемуваат позитивната енергија.rnrn2 – Овој број симболизира промени. Во овој дом многу ретко е досадно и монотоно. Обично станува збор за едноставен дом, со блага неуредност и опуштеност. Двојката поттикнува на љубов, а станарите честопати работат од дома или работата ја носат дома. Ги интересираат области како технологија, патувања и алтернативна медицина. Понекогаш се случуваат брзоплети и погрешни потези, поради што мора да се почне од почеток. Почесто проветрувајте го домот, одржувајте ја светлината и фрлајте ги непотребните работи. Во овој дом се јавуваат чести проблеми со водата, како што е протекување на бојлерот во тоалетот.rnrnНумерологијата открива: Каква е енергијата во вашиот дом?rnrn3 – Жителите во овој дом се перфекционисти. Тие се љубезни и лојални пријатели, духовити и по малку екстравагантни. Имаат многу цврсти ставови кога станува збор за личната слобода и религија. Склони се кон непромислено трошење пари. Во овој дом добредојдени се сините тонови и дрвото. Мора да бидете разумни и практични.rnrn4 – Ова е комплицирано место за живот. Четворката е симбол на конфликти каде што енергиите се борат за стабилност и промени. Бројот 4 носи чувствителност, духовност и помагање на блиските. Ова е место за издржливи луѓе со голема внатрешна сила. За нив, најважно е да си ги одредат приоритетите.rnrn5 – Место на хармонија и емоции. Друштвеноста, смеата и комуникативноста се најизразени. Домашните се успешни во нивната работа. Тие можат да ги надминат сите препреки ако се фокусираат на приоритетите. Ова е дом каде што се случуваат некои ситни пропусти како што се губење на клучевите или заборавање да се исклучат куќните апарати. Металните предмети можат да ја намалат негативната енергија.rnrn6 – Овој број симболизира одлучност и цврсти ставови. Или станува збор за дом на тишина и рамнотежа или пак за место со бучава и постојани промени. Бројот 6 ги извлекува емоциите од луѓето. Домашните се многу креативни и посветени на хобијата што ги релаксираат. За да ја зголемите позитивната енергија, во домот треба да преовладуваат жолти и зелени бои, а дневната соба да биде удобна.rnrn7 – Број на сонување и фантазирање. Седмицата носи духовност, но и ранливост. На домашните понекогаш им е тешко да ја одвојат реалноста од фантазијата, па затоа имаат поинакви ставови од другите. Во овој дом највпечатлива е креативноста на луѓето. Тие исто така сакаат да чуваат домашни миленици.rnrn8 – Симбол на почитта, силата и постојаноста. Овој број ќе им донесе углед, авторитет и слава на домашните. Тие се многу одговорни и сакаат да им угодат на луѓето. Осмицата носи и традиционални вредности, пријателство, љубов и работа.rnrn9 – Симбол на големи поделби, различен темперамент на домашните и различни начини на размислување. Луѓето коишто живеат во овој дом се големи иницијатори, знаат што сакаат и се трудат да го добијат тоа. Тие се снаодливи и успешни во својата работа. Но, понекогаш доаѓа до повремена напнатост и збунетост помеѓу домашните.rnrnДознајте и што открива личниот број за вашиот карактер.

  • 10 знаци кои покажуваат дека сте под влијание на негативна енергија

    10 знаци кои покажуваат дека сте под влијание на негативна енергија

    Постојат моменти кога сè во вашиот живот изгледа дека е во ред, но вие едноставно не сте среќни. Постојано се чувствувате мизерно и не можете да ја најдете причината за тоа. Голема е веројатноста да сте под влијание на негативна енергија, па поради ова да не можете да чувствувате радост.rnrn10-znaci-deka-ste-pod-vlijanie-na-negativna-energija-kafepauza.mkrnrnНегативната енергија може да се појави во вашиот живот на неколку начини. Еден од нив е поминување премногу време со негативни личности. Препорачливо е да не се грижите премногу околу овој феномен, бидејќи тој не е тоа што мислите. Ако одвоите малку време и го анализирате вашиот живот, лесно ќе го откриете изворот на оваа негативност. Во продолжение прочитајте кои се знаците кои покажуваат дека сте под влијание на некоја негативна енергија.rn

    1. Тешко ви е да заспиете

    rnРечиси е невозможно да заспиете ако сте прогонувани од негативни мисли и грижи. Секогаш кога ќе ги затворите очите се појавува анксиозноста. Колку повеќе размислувате за овие работи, толку е поголемо нивното влијание.rn

    2. Ги сфаќате критиките премногу сериозно

    rnВреме е да пораснете. Луѓето најчесто не ве критикуваат за да бидат неучтиви кон вас. Наместо да ја губите мотивацијата поради критиките, гледајте на нив како можност да работите на вашите недостатоци.rn

    3. Премногу сте емоционални

    rnЗабележавте дека станувате премногу емоционални. Емоциите почнуваат да владеат со вас а вие губите секаква контрола. Време да им забраните да ве контролираат и да научите како вие да управувате со нив.rn

    4. Ретко ја напуштате удобната зона

    rnСтравот од судење и песимизмот ве натерале да се заклучите во вашата соба. Вие ретко излегувате и ретко комуницирате со други луѓе. Важно е да запомнете дека не можете да постигнете ништо ако само седите дома и не делувате.rn

    5. Повеќе ништо не ве возбудува

    rnИмате само сеќавања од минатото кога сте правеле работи кои сте ги сакале. Сега сето тоа задоволство ви изгледа далечно. Повеќе ништо не ве прави среќни.rn

    6. Постојано се грижите

    rnНема момент кога не сте преплавени со грижи. Постојано се борите и никогаш не успевате да се справите со нив.rn

    7. Се споредувате со другите

    rnВие сте опседнати со вашите грешки и недостатоци. Многу често се критикувате и сте премногу строги кон себе. Треба да прифатите дека секој има недостатоци и дека е човечки да се греши. Никој не е совршен.rn

    8. Им дозволувате на другите да ви кажуваат што да правите

    rnСамо една личност може да ви кажува што треба да правите, а тоа сте вие самите. Никој не ве познава подобро отколку вие. Ако сметате дека ќе ја пронајдете среќата постојано слушајќи ги наредбите на другите, многу грешите.rn

    9. Не можете да разберете зошто сè има големо влијание врз вас

    rnДодека живеете во вашиот свет од грижи, времето поминува. Губите многу од него, а сигурно сте свесни дека времето не се враќа. Станете имуни на негативноста. Ако е потребно земете и одмор.rn

    10. Постојано сте изморени

    rnПостојаниот стрес и анксиозноста ја цедат вашата виталност. Вие ретко чувствувате ентузијазам и речиси никогаш немате енергија. Негативноста почнала да влијае и на вашето физичко здравје.rnrnАко сакате да се борите против негативноста, најважно е прво да се опуштите. Го имате целото време на светот. Обидете се да ги разберете вашите емоции. Дајте си време да откриете што е она што ве прави среќни и прифатете ја личноста којашто сте. Ослободете се од негативните луѓе и фокусирајте се на позитивните работи во вашиот живот.rnrnДоколку се пронајдовте, овие совети ќе ви помогнат да го исчистите вашиот дом од негативната енергија.

  • 10 начини да ја исчистите енергијата на вашата аура

    10 начини да ја исчистите енергијата на вашата аура

    Секој од нас природно привлекува одредени луѓе и ситуации. Сите ние треба да научиме некои лекции во овој живот, па во зависност од тоа ги привлекуваме луѓето кои ни се од помош. Ова е вистински благослов, но понекогаш е и тешко. Иако секое искуство ни е потребно, сепак треба редовно да ја отстрануваме токсичната енергија. Овие начини ќе ви помогнат во тоа.rnrn10-nachini-da-ja-ischistite-energijata-na-vashata-aura-kafepauza.mkrn

    1. Горење тревки

    rnОва е стара индијанска традиција која вклучува горење разни тревки за прочистување. Најчесто се користат лаванда и кедар за прочистување на просторот и за подобрување на расположението.rn

    2. Есенцијални масла

    rnОвие масла можат значително да ви го подобрат расположението. Вие постојано реагирате на енергијата во вашето опкружување. Есенцијалните масла ќе ви помогнат да ја исчистите таа енергија и ќе ја зголемат фреквенцијата на вашите вибрации. Најдобро е да употребувате масло од роза, нане или лаванда.rn

    3. Медитација

    rnМедитацијата е поврзана со многу работи кои го подобруваат фокусот и меморијата. Зголемената концентрација е поради зголеменото ниво на енергија кое доаѓа со медитирањето.rn

    4. Лекување на чакрите

    rnПрва чакра: Јас сум полн/а со скромност. Јас сум си доволна онаква каков што сум.rnrnВтора чакра: Јас сум убав/а и силен/а и уживам во здравиот и убав живот.rnrnТрета чакра: Се прифаќам целосно. Прифаќам дека имам силни страни, но и дека имам слабости.rnrnЧетврта чакра: Љубовта е одговор на сè во животот, а јас ја давам и ја добивам безусловно.rnrnПетта чакра: Моите мисли се позитивни и секогаш се изразувам јасно и искрено.rnrnШеста чакра: Јас сум мудар/мудра и го разбирам вистинското значење на ситуациите во животот.rnrnСедма чакра: Јас сум едно со божествената енергија.rn

    5. Практикувајте простување

    rnБудистичката филозофија нуди неколку техники со кои ќе го развиете простувањето. Како и сочувството, така и простувањето не ја игнорира вистината за страдањето. Но, простувањето и љубовта можат да ви го дадат потребниот мир.rn

    6. Водете дневник

    rnНекои од највлијателните луѓе во светот воделе дневници. Овие дневници имале две цели: траен запис за нивните потомци и опуштање за луѓето кои ги пишуваат. Дури и ако сметате дека не ви треба, ако почнете да водите дневник уште веднаш ќе ги почувствувате придобивките.rn

    7. Одете во природата

    rnНаправени се многу истражувања за физичките и менталните придобивки од природата. Природата ги намалува менталниот замор и стресот. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ви ги подобри сеќавањата и вниманието.rn

    8. Поставете граници

    rnКога ќе одлучите кои ситуации се удобни ако се лоши за вас, ќе знаете повеќе за вашите потреби и како да се грижите за себе. Тогаш ќе можете да донесувате одлуки со зголемена самодоверба и ќе ја насочите енергијата кон работите кои ги сакате.rn

    9. Одете на терапевт

    rnКога вербално ќе ги искажете вашите чувства, вие ќе го намалите стресот и нема да се чувствувате осамено. Со други зборови, кога ќе ги споделите вашите грижи, дури и оние „неважните“, значително ќе ја подобрите вашата ментална состојба.rn

    10. Кристали

    rnТрадиционалните лекови како тревките, хомеопатијата и терапијата со кристали се природна алтернатива за лековите. Сè повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за овие третмани за кои тврдат дека навистина им помагаат.rnrnПрочитајте нешто повеќе, но и научете како да ја гледате вашата аура.

  • 18 знаци дека имате природна исцелувачка енергија

    18 знаци дека имате природна исцелувачка енергија

    Сите ние сме родени со уникатен карактер и поради тоа живееме со различни типови луѓе. Едни од нив се поединците кои имаат природна исцелувачка енергија. Сите ние имаме потенцијал да правиме добри дела во светот, но луѓето со исцелувачки моќи се посебни. Тие се родени со посебна светлина што блеска околу нив и ги уверува останатите дека можат да им веруваат. Доколку сметате дека имате исцелувачки моќи, искористете ја вашата дарба за да го направите светот подобро место за живеење. Ова се 18-те знаци дека сте едни од луѓето кои зрачат со природна исцелувачка енергија…rnrn18 знаци дека имате природна исцелувачка енергијаrn

    1. Луѓето ви кажуваат дека се чувствуваат смирено покрај вас

    rnСекогаш им помагате на луѓето да се смират. Кога вашите пријатели имаат лош ден, вие успевате да им го подобрите расположението. Можете да го сторите тоа и без да кажете или направите ништо конкретно.rn

    2. Знаете како да ги насмеете луѓето

    rnКога ќе забележите дека некој е лошо расположен, вие сте подготвени да направите сѐ за да го смените тоа и да го насмеете. Не сакате да ги гледате луѓето тажни и тие веднаш се чувствуваат подобро кога се во ваше присуство.rn

    3. Секогаш мислите на другите луѓе

    rnПоминувате многу време мислејќи на другите луѓе. Поради тоа, честопати си го жртвувате вашето сопствено здравје и среќа, што може да прерасне во проблем.rn

    4. Луѓето ве бараат за да им дадете совет

    rnКога луѓето имаат проблем, вие сте првиот човек кому му се јавуваат за совет. Вие им ги давате одговорите што им треба да ги чујат, без разлика дали сакале да го кажете тоа или не. Вие секогаш ги давате вистинските совети.rn

    5. Вие сте брутално искрени

    rnВие отворено им кажувате на луѓето како стојат работите. Не ги ублажувате нештата и секогаш сте директни. Ова е многу важен елемент од вашата личност.rn

    6. Сакате да им помагате на животните

    rnВие сакате да ги спасувате животните, бидејќи се чувствувате поврзани со нив на многу длабоко ниво. Тие ја покажуваат невиноста што сакате да ја зачувате кај себе.rn

    7. Најверојатно страдате од анксиозност

    rnВие сте жртва на анксиозноста поради тоа што сте толку несебични. Постојано се грижите за нешто, а тоа може многу да фрустрира. Запомнете дека не мора да имате променливо расположение за да поседувате исцелувачки моќи.rn

    8. Непознати луѓе ви ги доверуваат нивните проблеми

    rnТолку е лесно да се разговара со вас што дури и луѓе кои не ги познавате ви се отвораат и ви ги откриваат нивните најскриени тајни, само затоа што се чувствуваат пријатно во ваше друштво.rn

    9. Сакате да им помагате на луѓето

    rnСакате да работите во област што ќе ви овозможи да им помагате на другите. Тоа е вашата вистинска страст. Вашата животна цел е да му помогнете на светот.rnrn(2) 18 знаци дека имате природна исцелувачка енергијаrn

    10. Многу сте поврзани со природата

    rnСакате да поминувате време надвор и обожувате да одите боси. Кога сте сами во природа, чувствувате дека сте поблиску до вашето вистинско „јас“. Тоа чувство ви носи мир и спокој.rn

    11. Чувствителни сте кога добивате критики

    rnНавистина се растажувате кога луѓето ве критикуваат од злоба. Иако понекогаш многу лично ги сфаќате критиките, некои луѓе многу ви љубоморат поради тоа што сите ве сакаат.rn

    12. Имате многу пријатели

    rnЛуѓето просто ве обожуваат. Вие сте љубезни и секогаш сте подготвени да помогнете. Кој не би сакал пријател кој толку многу се грижи за другите?!rn

    13. Многу сте зрели за ваши години

    rnВие сте на повисоко интелектуално ниво од вашите врсници. Поради тоа, понекогаш чувствувате дека другите не ве разбираат, но тоа не е толку страшно. Опкружени сте со пријатели кои знаат дека имате стара душа.rn

    14. Често ви се јавуваат пеперутки во стомакот

    rnОва може да се случува поради вашата анксиозност, но и поради вашата интуиција. Кога ќе ви се појават овие пеперутки во стомакот, точно знаете што ќе се случи.rn

    15. Имате поголема интуиција од останатите

    rnВие си го слушате срцето кога ви зборува. Иако повеќето луѓе би ја игнорирале, вие знаете дека интуицијата секогаш ви праќа моќна порака. Ова ве спасило од голем број ужасни ситуации.rn

    16. Ве интересираат работи како што се акупунктура, лечење со енергија и слично

    rnВе фасцинираат ваквите работи. Верувате во нивните исцелувачки моќи и би сакале да станете дел од тој свет. Само напред!rn

    17. Честопати ви поминуваат ненадејни морници низ телото

    rnОва се случува затоа што вашата исцелувачка енергија е многу силна. Таа енергија се насобира и можете да ја почувствувате одвреме-навреме доколку не ја користите. Кога ќе забележите дека ви се случува ова, најдобро е да медитирате.rn

    18. Се грижите за вашето семејство

    rnОва ви доаѓа толку природно, што секогаш проверувате два пати дали членовите од вашето семејство имаат сѐ што им треба. Ги чувствувате многу блиски и имате потреба да ги заштитите и излечите на многу подлабоко ниво.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за дланките и нивната моќ на исцелување.

  • Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

    Дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија

    Сигурно познавате човек кој е секогаш полн со енергија. Знаете на кого мислиме? Мислиме на вашиот пријател кој станува со изгрејсонцето, завршува со вежбање пред 8 часот наутро и секогаш е подготвен за нови работни предизвици, но и за вечерни излегувања. Дали и вие спаѓате во оваа група луѓе? Доколку не можете да се пронајдете, не грижете се. Има и многу други луѓе кои се постојано исцрпени, бараат помош од големата шолја кафе, а единствениот спас по напорниот работен ден го наоѓаат во каучот. Дали сте изморени од тоа да бидете изморени? Ако одговоривте потврдно, дознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергија и станете едни од нив…rnrnДознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергијаrn

    Јадете здрав и калоричен појадок

    rnДали постојано се чувствувате уморни? Обрнете внимание на вашата исхрана. Доколку најчесто консумирате обработена храна полна со шеќери или ги прескокнувате најважните оброци како што е појадокот, штотуку ја најдовте причината за вашата исцрпеност. Појадокот секогаш треба да биде добро балансиран и да ви даде доволно енергија, а притоа да го одржи шеќерот во крвта на нормално ниво. Шеќерот во крвта најчесто е покачен наутро, поради ослободувањето на разни хормони, како што е кортизол на пример.rnrnЗа да го спречите наглиот пораст на енергијата по што ќе следува нејзин драстичен пад, најдобро е да јадете појадок богат со добри јаглехидрати како што се житарките, зеленчуците што содржат скроб и овошје. Слободно можете да ги комбинирате овие состојки со протеини и маснотии. Тоа ќе ја одржи рамнотежата на нивоата на шеќерот во крвта и ќе ги спречи енергетските падови. Па, како би требало да изгледа вашиот појадок? Потпечено парче од леб со цели зрна, авокадо, јајце или димен лосос. Овој појадок ќе ви даде одличен, вкусен, здрав и енергичен почеток на денот.rnrnДознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергијаrn

    Развијте ги вашите комуникативни вештини

    rnАко вашата работа бара од вас постојано да бидете активни, тоа може да ја исцрпи вашата психичка енергија. Иако постојат луѓе кои обожаваат да запознаваат и да разговараат со нови луѓе, некои поединци не можат да се справат со постојаната социјална интеракција, бидејќи ги истоштува. Овој проблем ќе можете да го решите, доколку работите на вашите комуникативни вештини. Добрата комуникација може позитивно да се одрази на вашиот приватен и професионален живот. На пример, почнете со тоа што внимателно ќе ги слушате вашите соговорници со намера навистина да ги разберете. Потиснете ја вашата потреба од тоа веднаш да си го кажете мислењето и дајте им шанса на луѓето да се искажат.rnrnДоколку страдате од социјална анксиозност и не ви е пријатно да разговарате со непознати луѓе, најдобро е едноставно да почнете да им приоѓате на луѓето. Секој ден развивајте ги вашите комуникативни вештини. На тој начин, ќе бидете поенергични и нема да се грижите околу тоа дали треба се запознаете со некого.rn

    Секој ден развивајте ја вашата креативност

    rnНема да погрешите доколку го почнете денот со вежбање, но ако не можете веднаш да се помрднете од кревет, обидете се да поработите на еден од најважните мускули: Мозокот. За да го активирате мозокот рано наутро, направете нешто креативно веднаш штом се разбудите. Некои луѓе го почнуваат денот со свирење пијано. Свирењето инструменти ги активира сите делови од мозокот одеднаш, особено визуелниот, аудитивниот и моторниот кортекс. Оваа ментална вежба може да го замени утринското кафе и да ја зголеми вашата продуктивност во текот на целиот ден. Ако не сте многу музикални, не грижете се. Можете да се обидете со која било друга креативна активност. Плетете, цртајте, танцувајте, пишувајте… Сами одберете како ќе го започнете денот.rnrnДознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергијаrn

    Пијте повеќе вода

    rnЗвучи многу едноставно, но сепак многу луѓе се истоштени поради дехидратација. Според едно неодамнешно истражување од Велика Британија, 50% од луѓето не знаат колку вода треба да пијат, а оние кои пијат помалку вода честопати се уморни, нерасположени, неспособни да се сконцентрираат и постојано чувствуваат потреба од нездрава храна. За да го спречите ова, експертите препорачуваат да пиете по 8 чаши вода дневно и да одбегнувате газирани пијалаци, кафе и сокови, кои можат да ве дехидрираат уште повеќе.rn

    Заборавете на телефоните и наспијте се

    rnНа просечниот возрасен човек му требаат од 7 до 8 часа спиење секоја вечер. Бидете искрени, колку часа спиевте минатата вечер? Ако сте спиеле помалку од потребното, тогаш би требало да си легнете порано вечерва. Луѓето кои наоѓаат време да водат успешни бизниси, да му посветат време на партнерот и да се дружат со пријателите не се откажуваат од нивниот сон, особено не поради гледање телевизија или седење на Интернет. За да се разбудите полни со енергија, исклучете го телевизорот, оставете го телефонот и запомнете дека сите тие возбудливи пораки, имејлови и серии ќе можете да ги погледнете и утре.rnrnДознајте ги навиките на луѓето кои секогаш се полни со енергијаrnrnПогледнете ги и следниве 11 екстремно чудни навики на успешните луѓе.