КАФЕ ПАУЗА

Tag: дружење

  • Погледнете ја слатката дружба на бувчето Фуку и мачето Маримо

    Погледнете ја слатката дружба на бувчето Фуку и мачето Маримо

    Јапонија е земја позната по својата авангарда и необични трендови. После кафулињата за мачки и баровите за пингвини, Јапонците се одлучија на нешто навистина екстремно и нешто што вреди да се посети. А тоа се кафулињата за бувови.rnrnЛоцирани насекаде низ Јапонија, овие кафулиња станаа огромен хит за многу кратко време. Разликата помеѓу обичното кафуле и кафулето за бувови е тоа што во второто можете да јадете и да пиете додека држите був на рацете. Во некои од нив, дури и служат храна инспирирана од овие ноктурални животни.rnrn0-poglednete-ja-slatkata-druzhba-na-buvcheto-Fuku-i-macheto-Marimo-kafepauza.mkrnrnБувчето Фуку и мачето Маримо се дел од овие интересни кафулиња. Тие се најдобри пријатели кои обожуваат да се дружат, да си играат и да спијат заедно во нивниот дом во кафулето „Хукулоу“ во Осака, Јапонија. Погледнете ги нивните интересни дружби и дозволете им да ви го стопат срцето.rnrn

  • Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

    Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

    Кога вашата најдобра пријателка е некој со кого сте пораснале, можеби помислата дека нема да живеете секогаш толку блиску ве плаши. Но, животот е таков и луѓето се преселуваат. Благодарение на технологијата, светот е помал за разлика од тоа што беше. Можеби вие ќе немате толку заеднички излегувања и долги разговори како некогаш, но тоа не значи дека нема да останете блиски како што сте биле. Еве зошто да имате најдобра пријателка во друг град има свои предности.rnrn1-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_rnrn1. Патувања. Без разлика дали ќе отпатувате за викенд во нејзиниот град, ќе испланирате заеднички одмор некаде или пак ќе се најдете во некој ресторан на ручек на пола пат, супер е што имате прилика да прошетате и да поминете некое време заедно надвор од вашиот град.rnrn2. Секогаш ќе имате каде да преноќите кога сте во нејзиниот град. Без хотелски соби и супер поминато време заедно. Што може да биде подобро од тоа?rnrn3. Забавата може да започне порано. Кога се немате видено повеќе од еден месец, гарантирано ќе започнете да се забавувате веднаш штом се најдете на исто место. Нема да сакате да потрошите ниту една минута без забава, бидејќи не знаете кога повторно ќе бидете заедно.rnrn4. Никогаш нема да си досадите една на друга. Ретките видувања и фокусирањето на добрите работи што ви се случиле додека сте биле разделени ќе направи никогаш да не си досадите една на друга.rnrn 5. Знаете дека не мора да се гледате секојдневно за да бидете блиски. Никогаш нема да имате преголеми барања и очекувања кога ќе се видите бидејќи сте научиле да бидете самостојни и да функционирате и кога не сте постојано заедно. Секако, најважен ви е квалитетот, а не квантитетот на времето поминато заедно.rnrn2-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_rnrn6. Имате пријател за допишување. Секако дека си пишувате секојдневно, но навистина е убаво понекогаш да добиете долго писмо. Секој сака да добие писмо кое секако не е сметка за плаќање, па слободно напишете го и изненадете ја.rnrn7. Практикувате маратонски Скајп разговори. Виното е секако вклучено. Не е исто пиењето вино со некого во иста соба додека носите пижами, но исто така не мора да се нашминкате ниту пак да излегувате од дома.rnrn8. Правите детални планови за следниот пат кога ќе се видите. Ајде да одиме во Куба? Можеби е подобро низ Европа? На крај завршувате правејќи си маникир, ручек, или одите во клуб како и секогаш. Но, секогаш може да сонувате.rnrn9. Таа не е вклучена во некој настан од вашиот град, па секогаш можете да разговарате со неа за тоа. Секогаш е добро да добиете мислење „од страна“ за она што ви се случува во вашиот живот. Откако таа добро ќе ве ислуша ќе може да ви даде пообјективно мислење.rnrn10. Ќе можете да создавате пријателства без да ја имате нејзе како потпора. Кога бевте деца, сигурно ги правевте сите работи заедно. Но без неа, вие треба да создавате нови пријателства сами. Колку многу и да ја сакате, кога имате две различни групи пријатели тоа ве прави повеќе друштвени.

  • Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

    Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

    Во некоја етапа од животот, сите барем еднаш се одделуваме од најблиските. Без разлика дали станува збор за заминување поради школување или едноставно ни се укажала можност да заминеме, факт е дека збогувањата се една од најтешките работи со кои се соочуваме. Но, заминувањето во друг град/држава не значи и крај на пријателство. Токму во таквите моменти всушност гледаме колку пријателството е силно и вистинско. Ако вашето пријателство ги издржи ваквите моменти, тогаш вие сте спремни на сѐ. Затоа не очајувате и погледнете ги нашите 6 совети кои ќе ви помогнат да го пребродите ваквиот тежок период.rnrn0-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    1. Прескокнете ги социјалните мрежи

    rnСите сме сведоци на преголемите изливи на љубов по социјалните мрежи и вистината е дека на сите ни е смачено од тоа. Еден пост до два на нивниот ѕид е сосема доволно, но повеќе од тоа е веќе смешно и апсурдно. Потпирањето на социјалните медиуми не е добра идеја ако сакате да го зачувате вашиот досегашен однос. Мора да се потрудите малку повеќе. Затоа, следниот пат кога ќе посакате да ретвитнете/објавите нешто од нив на социјалните мрежи, подобро пишете им порака или свретете им и потсетете се на вашите долги разговори.rn

    2. Патувајте заедно

    rnАко едната страна не е во можност да дојде во родниот град на другата, консултирајте се со мапата и роковникот за да видите кога сте слободни и испланирајте мало патување.rnrn1-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    3. Праќајте им видеа

    rnИако телефонските повици се секогаш добра опција, искористете ги можностите кои ни ги нуди 21-от век – направете кратко видео во кое ќе им кажете сѐ што сакате да им кажете. Снимете го новото место на живеење или пак некоја слатка порака. Направете да се чувствуваат како да се сѐ уште дел од вашиот живот, иако не учествуваат активно во него. А, добра идеја се и редовните видео разговори преку Скајп.rn

    4. Направете да се чувствуваат дека ви се потребни

    rnАко не излегувате заедно и не се дружите како порано, многу лесно може да се почувствуваат дека не ви се потребни и дека можете целосно добро да функционирате и без нив. Избришете ја таквата можност така што ќе ги потсетите дека ништо не е променато. Сѐ уште прво јавувајте им ним кога ќе запознаете интересно/а момче/девојка, прашувајте ги за совет и обраќајте им се кога ви е лошо, кога ви е потребно тешење и рамо за плачење.rnrn2-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    5. Изненадете ги

    rnИспратете им разгледница од новото место на живеење или рачно напишано писмо. Тоа сигурно позитивно ќе ги изненади. Замислете или потсетете се како изгледаат работите во врска на далечина. Исто како и љубовната врска, и на пријателите им е потребно внимание, љубов и поддршка. Покажете им дека сѐ уште ви значат.rn

    6. Размислете за имејл

    rnНекои луѓе едноставно не се луѓе кои веднаш ќе кренат слушалка и ќе речат „ми недостасуваш“. Затоа, ако на пример имате многу за кажување, одвојте се од ТВ екранот и напишете им имејл после напорниот работен/училиштен ден. Раскажете им за сѐ што ви се случува во животот, од работните/училишните обврски до тоа како се релаксирате. Дури, после ова, постои можност да бидете поблиски со нив од кога било порано.rnrn3-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот

    10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnВо свет во кој сè помалку се ценат вистинските вредности, неверојатно е тешко да најдеш вистински пријатели. Тие се составен дел на нашиот живот. Кога и да сме тажни, тие се нашето рамо за плачење. А кога сме среќни, тие се првите на кои им кажуваме зошто. Никој не може да живее сам и изолиран од светот. Затоа тука се пријателите. Секому е потребна личност со која ќе ги споделува тајните, која ќе го советува кога тоа му е потребно, личност која ќе биде тука дури и кога ни е само потребно да не бидеме сами. Тие се луѓето со кои можеме да бидеме луди, свои и слободни. Можат да нè искараат и да нè налутат, но без нив животот би ни бил досаден, монотон и осамен. Да, семејството секогаш доаѓа на прво место, но покрај нив, пријателите се нашата најголема поддршка.rnrn10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnСледниве неколку причини објаснуваат зошто пријателите се многу важен дел од сечиј живот.rn

    1. За да се опуштиме и да уживаме

    rnСо никого не сме поопуштени и послободни отколку со пријателите. Со нив можеме да ги правиме и најлудите работи, да се смееме на секакви зезанции и дури и најдосадните моменти да ги направиме забавни.rn

    2. За да бидеме во својата комфорна зона

    rnСо пријателите можеме секогаш да бидеме тоа што сме. Тие нè познаваат и, штом се сè уште тука, нè прифаќаат такви какви што сме. Прават да се чувствуваме убаво и опуштено, дури и во најтешките моменти.rn

    3. За да добиеме искрено мислење

    rnВистинскиот пријател нема да нè излаже. Колку и неговото мислење да се коси со нашето, тој го кажува тоа што го мисли и чувствува за дадена ситуација. Дали се работи за некој проблем или едноставно ни е потребен совет, вистинскиот пријател ќе биде тука да нè посоветува. И без разлика на сè, да ни ја каже вистината. А тоа е реткост овие денови.rnrn2-10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    4. За да споделиме тајни и да бидеме некому лојални

    rnСо пријателите споделуваме сè. Од наједноставните секојдневни случувања, до нашите најголеми тајни и проблеми. Секому му е потребна таква личност, некој кому ќе можеме да му кажеме сè без да се грижиме дека нашите зборови ќе бидат прекажани. Таквата личност нè прави посилни.rn

    5. За да ни помогнат и да нè поддржат

    rnБезусловна поддршка во секој момент. Секогаш се на наша страна, дури и кога ние самите не сме. Можеби имаме различни мислења, но секогаш можеме да се потпреме на нив, тие се секогаш тука за нас и се подготвени да ни помогнат во секој момент и во секое време.rn

    6. Безусловно да нè сакаат и да се грижат за нас

    rnПонекогаш ни е потребна само една прегратка. Не зборови, не совети, туку безусловна љубов од некој кој се грижи за нас. Некој кому му значиме. Некој кој е тажен кога сме ние тажни, кој е среќен кога сме ние среќни. А тоа се пријателите.rn

    7. За да научиме животни лекции и да ги почитуваме меѓусебните разлики

    rnПријатели не се луѓе кои за сè мислат исто како нас, кои се согласуваат со нас постојано или кои се однесуваат како и ние во секоја ситуација. И тоа е позитивна работа. Секој треба да е своја личност. Покрај вистинските пријатели ќе научиме да ги почитуваме меѓусебните разлики, да се прифаќаме без разлика на нив и секогаш, да научиме нешто ново еден од друг.rnrn3-10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    8. За да ни понудат нова перспектива на работите

    rnЕдна од попозитивните работи е токму оваа. Кога имаме некој проблем ние разговараме со нашите пријатели. Некогаш сме свесно или несвесно слепи за некои наши грешки, работи кои ги правиме, а не би требало или нешта кои ги кажуваме, а повредуваат некого. Тогаш на сцена настапуваат пријателите кои, бидејќи ни мислат добро и сакаат да сме среќни, ни даваат нова и свежа перспектива. Доколку станува збор за некоја расправија, ќе ни помогнат да го согледаме проблемот од страната на личноста со која се караме. Ако сме можеби разочарани од нешто, ќе ни кажат како тие гледаат на нештата. Нивниот збор знае да смени многу нешта.rn

    9. Ни ја зголемуваат самодовербата и самопочитта

    rnСекој се нашол во ситуација кога самодовербата му е на ниско ниво. Дали некој направил да се чувствуваме лошо или само сме имале лош ден, тие ќе нè расположат и ќе нè натрупаат со мал милион работи поради кои ќе се чувствуваме подобро. Способни се да не подигнат дури и кога не сакаме самите себе да се погледнеме во огледало.rn

    10. За да созрееме индивидуално

    rnЗаедно, но сепак разделени. Секој со свој живот и на своја страна, но сепак заедно кога и да ни е најпотребно. Тие се фактор кој има огромно влијание врз нашиот живот, директно или индиректно. Добриот пријател го прави денот поубав. Да знаеш дека постои некој на кој можеш да се потпреш за сè и секогаш е непроценливо. А таквите личности те прават подобра и поуспешна личност.rnrnВелат дека не знаеш кој ти се вистински пријатели сè додека не се искараш со нив. А ако успеете да го решите проблемот, тогаш пријателство ќе биде посилно од кога било. Тие те познаваат и те сакаат. Способни се да те расположат кога ти е најпотребно. Да те научат нешто кога се однесуваш како мало дете. Пријателите имаат неверојатно големо влијание на тоа каква личност си, а со самото тоа нивната улога во нечиј живот е непроценлива. Дали можеш воопшто да си замислиш како твојот живот би изгледал доколку ги немаш пријателите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патувате

    Каучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патувате

    Каучсурфинг е заедница на луѓе кои „го споделуваат со другите нивниот живот, нивниот свет, нивниот пат“. Тоа го прават така што се спремни да го понудат својот кауч на некој патник кој не го познаваат, а кому му е потребен за да преспие и кои бараат нечиј кауч за да преспијат кога тие се на пат. И не само што меѓусебно си овозможуваат бесплатен престој додека патуваат, туку членовите на оваа прекрасна мрежа своето патување го претвораат во социјално искуство кое вклучува склопување на нови пријателства, дружење и автентично запознавање на градот и локалната култура.rnrnКаучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патуватеrn

    Квалитети на каучсурфингот

    rnОва е можност за бесплатно сместување додека патувате. Концептот е сличен на случаите кога некој роднина или пријател ви е на гости и преспива кај вас. Никој, никогаш и никаде не платил ниту денар за својот престој во нечиј дом преку каучсурфинг.rnrnБлиска средба со други култури. Тоа што ќе се сретнете со некој од локалното население ќе ви овозможи одблизу да се запознаете со културата која владее на тоа место. Хотелите и хостелите се полни со странци, а персоналот се труди да им угоди на сите преку постигнување на одредени стандарди на услугата кои честопати немаат ништо заедничко со начинот на живот на локалното население, па на тој начин нивниот краен впечаток почнува и завршува со услугата во хотелот. Но, доколку престојувате кај некого што живее таму, разговорите, раскажувањето на интересни случки од животот или патувањата, пренесувањето на анегдоти поврзани со градот ќе ви остави сосема поинаков впечаток. Дури и ако сте дома, каучсурфингот ви овозможува да се запознаете со друга култура. Примете кај вас дома странец на неколку дена и ќе почувствувате дека си имате работа со друга култура.rnrnМожност подобро да го запознаете местото што го посетувате. Доколку немаат други важни обврски, вашите домаќини ќе ве прошетаат низ нивниот сакан град. Ќе ви ги покажат важните знаменитости на градот, но и некои кои не ги пишува во туристичките водичи. Локалците секогаш знаат каде е најевтината храна, во кој бар има најдобра забава или од која точка најубаво се гледа зајдисонцето. Овие информации веднаш ќе ви бидат ставени на располагање.rnrnКаучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патуватеrn

    Како функционира каучсурфингот?

    rnЗа да се вклучите во оваа авантура неопходно е да си направите профил на couchsurfing.com, кој е целосно бесплатен. Колку покомплетен профил направите, толку ви се поголеми шансите да најдете домаќин. Внесувате прилично едноставни работи, од типот на краток опис за себе, во друштво на каков тип луѓе уживате, вашите интереси, книги, музика или филмови кои ви се омилени итн. И ставањето на ваша слика многукратно ги зголемува шансите за успешно пронаоѓање на кауч.rnrnИсто така, потребно е да ставите информации за вашиот кауч кој можете да им го понудите на други сурфери и колку најмногу денови може некој да престојува кај вас. Може да им понудите голем кревет, обичен кауч, душек на подот, или само подот, на кој може да се спие со вреќа за спиење и добра подлога под неа. Но, и доколку немате услови да примате луѓе дома, сè уште можете да си направите профил за во случаите кога ќе патувате. На каучсурфинг има луѓе кои примат патници и кои сурфаат, но има и такви кои само примаат патници или, пак, само сурфаат. Има и уште една категорија на луѓе на оваа мрежа, луѓе кои немаат кауч за вас, но ви се ставаат на располагање ако сакате со нив да се напиете пијачка или да ви го покажат градот додека сте сместени на друго место.rnrnКаучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патуватеrnrnСледно што можете да направите е да си најдете кауч за вашето следно патување. На сајтот има поле за пребарување во кое ја внесувате вашата дестинација, одбирате број на сурфери за кои барате кауч и пребарувачот ќе ви даде листа на потенцијални домаќини. Од таму ги бирате оние профили кои најмногу ви се допаѓаат и им испраќате барање за да ве примат. Секогаш е пожелно да испратите повеќе барања затоа што не можете да бидете сигурни колку од луѓето што сте ги избрале ќе бидат дома или се слободни во периодот во кој сакате да ги посетите.rnrnБарањето се состои од два дела. Во првиот се претставувате и внесувате детали за вашето патување, како на пример на која дата пристигнувате, а кога заминувате, дали сте сами или со некој друг, дали можеби ги барате за само да ви го покажат градот итн. Во вториот дел на домаќинот му кажувате зошто сте одбрале да го контактирате токму него или неа. Овој дел повеќе се однесува на заедничките интереси кои ги делите со другиот.rnrnДоколку пак се работи за примање на гостин, добивате известување дека некој ви испратил барање на кое одговарате позитивно или негативно. Вие самите одлучувате, според ваши критериуми, дали ќе го прифатите барањето или не.rnrnКаучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патуватеrn

    Откако ќе најдете кауч

    rnОткако некој ќе ви одговори дека може да ве прими во определениот период, ќе почнете да се договарате за прашањата поврзани со вашиот престој. Може да се договорите дали да ве чекаат на аеродром или на станица, или да ви ја дадат адресата па вие сами да се снајдете. Може да ви речат да понесете вреќа за спиење или да ви понудат чаршафи и ќебиња. Може да ги поделат со вас сите оброци во нивниот дом или да ви ја отстапат кујната и да ви овозможат сами да си зготвите нешто. Некои домаќини ќе побараат од вас да го напуштите станот додека нема никој дома и да се вратите кога и тие ќе се вратат, а други може да ви дадат резервните клучеви. Некои ќе ве прошетаат, па и ќе ве запознаат со нивните пријатели, а други само ќе ве упатат каде би требало да одите. Секој домаќин ќе се однесува различно, во зависност од личните навики и уверувања, и секако културата на која ѝ припаѓа.rnrnСо оглед на тоа што добивате бесплатен престој би било љубезно да се појавите со некој мал подарок. Однесете сувенир од вашата земја, шише вино или пак згответе нешто за нив.rnrnНа крај, откако ќе се поздравите, можете повторно да се логирате на сајтот и да оставите препораки за вашиот домаќин, или ако сте примиле некого, за вашиот гостин. И тие можат да остават препораки за вас. Тоа ќе им биде од корист на другите сурфери.rnrnКаучсурфинг – дружење и бесплатно сместување додека патуватеrn

    Безбедност

    rnМногу луѓе се скептични околу ваквиот начин на патување поради грижата за личната безбедност. Сепак, нема место за загриженост. Дури 7 милиони луѓе ја користат оваа мрежа и немаат проблеми со безбедноста. Ако сè уште не познавате некого тоа не значи дека е лош. Секогаш сме скептични за сите оние непознати луѓе кои ги среќаваме на улица додека не ги запознаеме, сфатиме дека се добри и посакаме да ни бидат пријатели. На крајот на краиштата, секогаш можете прво да погледнете во референците пред да гостувате или примите некого.rnrn

    За крај

    rnКаучсурфингот е извонредна можност да не потрошите ниту денар за сместување кога патувате некаде. Покрај оваа организација постојат уште неколку слични, како Hospitality Club и Global Free Loaders, но Couchsurfing е онаа со најмногу членови и најголеми шанси за наоѓање кауч. Тоа дава можност не само да одите некаде и да видите некое место, туку ќе ви овозможи и да го почувствувате. Оваа мрежа е доказ дека на светот постојат многу добри луѓе и затоа не се двоумете да ги искористите можностите што ги нуди.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

    5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

    Сакате да читате книги? Имате круг на пријатели кои исто така уживаат во книжевните дела? Еве една интересна идеја, зошто да не формирате книжевен клуб? Соберете ги сите ваши пријатели за кои знаете дека ќе бидат заинтересирани и закажете состаноци еднаш или два пати во месецот. Во меѓувреме секој од вас ќе треба да ја прочита книгата која заедно сте ја одбрале или пак некој ја предложил. Нели е тоа одлично?rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrnОва се само дел од причините зошто е паметно да основате ваков клуб со пријателите.rnrn

    За да читате повеќе

    rnСигурно имате список со книги за кои сте прочитале или сте чуле добри препораки, но никако не можете да најдете време да седнете и конечно да ги прочитате. Всушност секогаш имаме макар малку слободно време само што неретко ќе одбереме да го поминеме правејќи други активности. Основањето книжевен клуб е одлична мотивација да се дружите повеќе со книгата отколку со телевизорот или интернетот.rn

    Да откривате нови книги

    rnСекогаш ќе бидете во тек со настаните и ќе знаете што е ново на книжевниот пазар. Ќе бидете информирани и со сигурност ќе откривате нови работи кои ви се допаѓаат, нови книги кои ќе ви го одземат здивот. Често и некој друг ќе одбере книга која ќе треба да ја прочитате, што ќе ве направи отворени за нови, поинакви авантури.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

    За да го зацврстите вашето пријателство

    rnСо брзото темпо на живот често се случува да немаме време за кафе со пријателите. Со основањето на ваков клуб ќе мора да бидете присутни на одредено место во одредено време. За да ви успее овој клуб најважно е да бидете флексибилни. Кога некој од членовите не е во можност да присуствува (да речеме дека е надвор од градот), искористете ги погодностите на интернетот и комуницирајте онлајн.rnrnТоа што во изминатата недела или две сите сте прочитале една иста книга и сега имате можност да дискутирате за неа, да поделите мислења, критики и импресии, навистина ќе го „зачини“ кафе муабетот. Секогаш ќе имате нова, интересна тема на разговор и ќе видите како времето просто ќе „лета“.rn

    За да го збогатите својот речник

    rnДали воопшто би требало да дискутираме? Сте чуле за тоа дека оној кој чита живее илјадници животи додека пак оној кој не чита живее само еден? Секоја прочитана книга е ново искуство во животот, рамно на патување до некоја далечна дестинација во светот. Искусувате нешто ново, се внесувате во сосем незнаен свет за вас, и најважно од сè, си го збогатувате сопствениот речник. Плус, во какви било социјални збиднувања совршено ќе можете да се вклопите дискутирајќи за најновата книга што сте ја прочитале.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

    Бидејќи книгите ве опуштаат

    rnЗамислете, се враќате од работа/училиште и вашиот стрес не прекинува тука. Можеби ќе слушате вести или ќе застанете пред компјутер. Сте помислиле ли дали тоа е вистинскиот начин да се одморите и опуштите? Секако дека не. Но кога ќе се сместите удобно во креветот со книга во рака, веќе зборуваме за опуштање и заслужен одмор.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чаша за пиво што го поттикнува дружењето во ноќните клубови

    Чаша за пиво што го поттикнува дружењето во ноќните клубови

    Чашата за пиво т.н. „The Offline Glass“ е дизајнирана така за да може да се користи само доколку се потпре на мобилен телефон. Дизајнот е едноставен, всушност само еден дел од дебелата основа е отсечен и со тоа се добива чаша на која нужно ѝ е потребна потпора за да го задржи пивото внатре.Чаша за пиво што го поттикнува дружењето во ноќните клубовиЧашата е креација на агенцијата за огласување „Fischer & Friends“, а презентирана е во барот „Салвие Жоржи“ во Сао Паоло, Бразил со цел да ги поттикне гостите да ги спуштат своите телефони на масата и повеќе да се дружат со пријателите, а помалку со своите „паметни придружници“.rn
    rn

    Еден од сопствениците на барот, Флавиус Синера за Телеграф вели: „Салвие Жоржи има дух кој сака да ги доближи пријателите и секојдневните борци, како што порано велевме, во среќна средина опкружени со добра храна и со ладно пиво“.

    rn

    Вандерлеј Романо, ко-сопственик на барот додава: „Офлајн-чашата токму тоа го прави. Таа е покана за луѓето да дојдат овде после дневната битка, да се исклучат од онлајн-светот, да помуабетат со нивните пријатели и да ја живеат реалноста околу нив, барем неколку часа“.

    rnОвој изум има една очигледна цел – да ги стимулира луѓето повеќе да зборуваат лице в лице, наместо да се ѕверат во нивните мобилни телефони.rnrnЧашата е варијација на традиционалната бразилска чаша за точено пиво и е така направена за да одговара на разни модели на мобилни телефони. Производителите тврдат дека формата и големината на чашата спречуваат појава на кондензација и оштетување на телефонот од влагата.rnrn

    rnБразил забележува зголемен број на корисници на мобилни телефони со влегувањето на телекомуникацискиот оператор Анател, каде што на 100 лица има 134 мобилни телефони. Во Македонија, според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, изминатата година се регистрирани 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони. Очигледно изумов треба да допатува и кај нас.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќни завршетоци (Happy Endings)

    Среќни завршетоци (Happy Endings)

    ТВ серија за нераскинливото пријателство на „бандата“, кое може да продолжи и по една непријатно раскината венчавка помеѓу двајца од нејзините членовиrnrnСреќни завршетоци (Happy Endings)Главни улоги: Закари Најтон, Елајза Куп, Елиша Катберт, Кејси Вилсон, Адам Пали, Дејмон Вајанс ЏуниорrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 13 април 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 2rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————rnДали друштво кое е оформено околу еден љубовен пар може да опстане откако тој пар ќе се раскине? Што ако раскинувањето се случи на денот на венчавката? Може ли по ваков непријатен настан да се остане во добри пријателски односи? Ако да, како, ако не, кој ќе го добие остатокот од друштвото, напуштениот или оној кој го иницирал немилиот чин? Околу овие прашања се врти приказната во ТВ серијата „Среќни завршетоци“.rn———————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во оваа хумористична ТВ серија се зборува за пријателството, за секојдневното дружење, за врските помеѓу еден брачен пар, помеѓу еден поранешен пар, раскинат на денот на венчавката и помеѓу еден сега пријателски пар, кој некогаш бил и повеќе, но ситуацијата се сменила откако се открила хомосексуалната ориентација на едниот од нив. Но, врските се испреплетуваат уште повеќе, тука има сестри, најдобри пријатели и најдобри пријателки. Сите се дружат со сите.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.Среќни завршетоци (Happy Endings)Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.Среќни завршетоци (Happy Endings)Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „Пријатели“ и иако не може да се оспори сличноста во поставеноста на меѓусебните врски, сепак „Среќни завршетоци“ е сосема поинаку обликувана. Дејството е подинамично, хуморот е вгнезден во него, а карактерите се изградени на свој начин.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Кога и како да ја гледате: Ова не е серија која ќе ве навлече да ја гледате, но ќе ве релаксира и ќе ве оттргне од секојдневието. Затоа, најдобро е да ја гледате по завршувањето на работниот ден, токму кога ќе сакате да се опуштите и да заборавите на актуелните грижи.Среќни завршетоци (Happy Endings)Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.rnrnСлични серии:Пријатели за секс“ (Friends with Benefits), „Заедница“ (Community), „Совршени парови“ (Perfect Couples), „Градот на пумите“ (Cougar Town), „Како ја запознав мајка ви“, „Пријатели“ (Friends)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Многумина од нас, мислат дека кога нешто не им оди во животот, потребна им е некоја драстична промена. Напротив, менувајќи мали нешта во вашето секојдневие можете да си го подобрите животот на долг рок. Во овие 60 точки се содржани совети за вакви мали промени кои можете да ги практикувате во следните 100 дена, а резултатите од нив ќе ги почувствувате и многу порано.rnrnНе мора да одите по оваа листа за да направите драстична промена во вашиот живот. Од неа земете инспирација и дадете си завет пред самите себе дека според некои од нив ќе го живеете животот секој ден во текот на следните 100 дена, без исклучок.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дом

    rn1. Забележете во календар 100 работи што треба да ги средите, означувајќи по една обврска за секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Ден 1: средете ги старите списанија
    • rn011

    • Ден 2: средете ги дивидијата
    • rn011

    • Ден 2: средете ги книгите
    • rn011

    • Ден 4: средете го приборот во кујната…
    • rn

    rn 2. Во наредните 100 дена придржувајте се до овие 4 правила за да го одржите редот во вашиот дом.rn

      rn011

    • Ако извадите нешто надвор, вратете го назад.
    • rn011

    • Ако отворите нешто, не заборавајте да го затворите.
    • rn011

    • Ако нешто ви падне долу, кренете го.
    • rn011

    • Ако тргнете нешто од едно место, вратете го назад.
    • rn

    rn3. Прошетајте низ домот и пронајдете 100 работи кои сте ги толерирале, а на кои им треба поправка. Поправајте по една секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Сменете прегорена сијалица!
    • rn011

    • Зашијте го копчето на омилената кошула!
    • rn011

    • Секогаш кога ќе отворите некој елемент во кујната, предметите паѓаат? Направете нешто околу тоа.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Среќа

    rn4. Секој ден запишувајте по 5 работи за кои сте благодарни.rnrn5. Направете листа со 20 мали нешта кои обожавате да ги правите и гледајте да правите барем по една од нив секој ден. Листата може да содржи:rn

    rn6. Запишувајте си ги важните разговори кои ги имате во вашата глава во текот на 10 дена, како позитивните, така и негативните. Бидете прецизни.rn

      rn011

    • Колку пати во текот на денот се преморувате?
    • rn011

    • Дали се чувствувате неспособно?
    • rn011

    • Дали постојано ви навираат критички мисли за другите?
    • rn011

    • Колку позитивни мисли ви доаѓаат во текот на денот?
    • rn

    rnИсто така водете забелешки за емоциите кои ги чувствувате додека ги имате овие мисли. Потоа, во текот на следните 90 дена, почнете да ги менувате вашите ментални прашања кон подобро за да почувствувате и емоционално подобрување.rn

    7. Во следните 100 дена, добро изнасмејте се барем еднаш во текот на секој ден. Посетувајте веб-сајт за вицови, купете книга со шеги или смислете нешто друго што ќе ве засмева секој ден.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Учење и личен напредок

    rn8. Изберете некоја книга која бара напор и концентрација и читајте по малку од неа секој ден, така за да ја завршите до 100-иот.rnrn9. Учете по една нова работа секој ден. Тоа може да е името на некој цвет, главниот град на некоја далечна држава или изведувачот на некоја класична музика. Ако денот ви помине без да научите нешто ново, отворете го речникот и научете нов збор.rnrn10. Престанете да се жалите во следните 100 дена. Негативните муабети предизвикуваат негативни мисли, негативните мисли произведуваат негативни резултати.rnrn11. Наместете си го алармот да ви ѕвони по една минута порано секој ден во следните 100 дена. Станувајте од кревет, штом ќе го чуете алармот. Отворете го прозорецот за да ви влезе малку сончева светлина и истегнете си го телото. За 100 дена ќе се будите час и 45 минути порано одошто сега.rnrn12. Пишувајте по 3 „утрински страници“ секој ден во следните 100 дена. Овој метод претставува едноставно празнење на совеста преку пишување на рака на оние мисли кои први ќе ви дојдат наутро.rn

    13. Во следните 100 дена, настојувајте да си го храните мозокот со оние мисли, зборови и слики кои имаат најмногу врска со она што сакате да бидете како личност, она што сакате да го поседувате или она што сакате да го постигнете.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Пари

    rn14. Направете си буџет, односно план за трошење на вашите пари. Водете сметка за секој денар што ќе го потрошите во текот на следните 100 дена за да бидете сигурни дека се придржувате до направениот план.rnrn15. Применувајте мудри тактики за трошење пари во текот на следните 100 дена:rn

      rn011

    • Наместо да појдете во маркет со вашата кредитна или дебитна картичка, појдете со кеш и со дигитрон или користете го оној кој го имате на мобилниот телефон.
    • rn011

    • Направете листа пред да одите да пазарите за да не купувате работи кои веќе ги имате во домот.
    • rn011

    • Запрашајте се дали ви е навистина потребен фиксен телефон.
    • rn011

    • Откажете ја претплатата за дополнителните ТВ канали кои реално не ви требаат.
    • rn011

    • Планирајте завршување на повеќе работи при едно излегување за да не трошите бензин или пари за автобус повеќе пати одошто е потребно.
    • rn

    rnЗабележете колку пари сте трошеле во текот на овие 100 дена благодарение на овие совети.rnrn16. Плаќајте само со хартиени пари и чувајте ги ситните кои ги добивате како кусур. Ставајте ги железните парички во касичка или во тегла и видете колку можете да заштедите за 100 дена.rnrn17. Не купувајте ништо што не ви е апсолутно потребно. Сите пари што ќе ги зачувате на овој начин, употребете ги на некој од овие:rn

      rn011

    • Раздолжете си го долгот.
    • rn011

    • Тргнете пари настрана „за не дај Боже“.
    • rn011

    • Почнете да штедите за некоја инвестиција.
    • rn

    rn18. Трошете по еден час секој ден за да смислите нов начин за пасивно добивање приход.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Време

    rn19. Во следните 100 дена, постојано носете тетратка со себе со цел да си го одржите редот во умот. Забележувајте сè на едно место. Вака ќе можете да одлучите дали да му се навратите на напишаното подоцна или не. Запишувајте вакви работи:rn

      rn011

    • идеи за работни задачи
    • rn011

    • датуми за состаноци
    • rn011

    • To Do листи
    • rn

    rn20. Забележете како го трошите вашето време во следните 5 дена. Искористете ги сознанијата од ова ваше мини-истражување за да направите паметна прераспределба на вашето време, така за процентуално да поминувате онолку време колку што сакате на секоја конкретна активност:rn

      rn011

    • превоз
    • rn011

    • работа низ дома
    • rn011

    • одмарање
    • rn011

    • активности за генерирање приход
    • rn

    rnДржете се до планот во текот на следните 95 дена.rnrn21. Идентификувајте некоја работа на која губите време, а не е многу важна и наместо на неа, посветете го тоа време на друга работа која има повисок приоритет во вашиот живот.rnrn22. Идентификувајте 5 нешта на кои редовно трошите време и ограничете си го времето кое ќе го трошите на овие активности во следниот период. На пример:rn

      rn011

    • Не гледајте телевизија повеќе од половина час на ден!
    • rn011

    • Не посветувајте повеќе од половина час дневно на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер!
    • rn011

    • Не трошете повеќе од 20 минути на ден играјќи видеоигри!
    • rn

    rn23. Во следните 100 дена, престанете со мултитаскингот. Правете ги работите една по една, без да си го одвлекувате вниманието.rnrn24. Во следните 100 дена, планирајте си го секој ден претходната вечер.rnrn25. Секој ден правете ја прво најважната задача од вашата To Do листа пред да фатите што било друго.rnrn26. Направете преглед на секоја од следните 14 недели, запрашувајќи се:rn

      rn011

    • Што постигнавте?
    • rn011

    • Дали нешто тргна наопаку?
    • rn011

    • Што тргна наопаку?
    • rn

    rn27. Во следните 100 дена, трошете по неколку минути секој ден за средување на вашето биро. Така, секој ден кога ќе пристигнете на работа ќе ве пречека чиста и организирана работна средина.rnrn28. Напишете ги сите обврски и социјални планови што ги имате за својата блиска иднина (100 дена). Потоа, со црвен фломастер пречкртајте ги оние кои не ве прават вистински среќни во животот или пак не придонесуваат кон постигнување на вашите главни животни цели.rnrn29. Во следните 100 дена, секогаш кога работејќи нешто ќе се префрлите на друга активност, запрашајте се: дали вака најдобро го користам моето време?rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Здравје

    rn30. За да ослабете 1 кг, треба да изгорите 7700 калории. Ако го намалите внесот на калории за 200 на дневна основа, за 100 дена ќе тежите 2,5 кг помалку.rnrn31. Во следните 100 дена, јадете по 5 мали порции зеленчук секој ден.rnrn32. Во следните 100 дена, јадете по 3 мали порции овошје секој ден.rnrn33. Изберете едно јадење кое постојано ви го саботира успехот во вашата диета: чипсот, пицата или омилените тестенини и откажете се од него во следните 100 дена.rnrn34. Јадете од помала чинија за да ја контролирате количината на храна што ја внесувате.rnrn35. Купувајте 100% џусови наместо оние со додадени шеќери и конзерванси.rnrn36. Наместо газирани пијалаци пијте вода.rnrn37. Направете листа со 10 здрави јадења за доручек кои лесно можете да ги подготвите.rnrn38. Направете листа со уште 20 лесни, но здрави јадења што можете да ги подготвите за ручек или за вечера.rnrn39. Изберете си 10 здрави грицки кои брзо можете да ги направите.rnrn40. Со овие листи планирајте што ќе јадете во текот на секоја недела. Планот правете го однапред за сите 14 недели.rnrn41. Во следните 100 дена, водете дневник на вашата исхрана за да забележите доколку отстапувате од планот или внесувате екстра калории.rnrn42. Вежбајте секој ден по 20 минути.rnrn43. Носете педометар и одете по 10.000 чекори секој ден. Секој чекор се важи.rnrn44. Закачете си графикон за вашата телесна тежина во бањата и секоја недела забележувајте ја вашата тежина, мастите и обемот на струкот.rnrn45. Наместете си го часовникот да ви бипка на секој час или подесете го компјутерот или мобилниот телефон. Целта е да имате потсетник за редовно пиење вода.rnrn46. Направете си дневен ритуал – медитирајте, дишете или визуелизирајте нешто во главата за да останете смирени.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Врската со партнерот

    rn47. Следните 100 дена, секој ден барајте по некоја позитивна карактеристика кај вашиот партнер и запишувајте ја.rnrn48. Направете споменар од сите работи кои сте ги правеле со вашиот партнер. На крајот, предајте му ја листата со неговите позитивни работи, како и споменарот на вашата заедничка среќа и љубов.rnrn49. Изберете 3 работи кои ќе ги правите секој ден со цел да ја зацврстите вашата врска. На пример:rn

      rn011

    • Кажете му „Те сакам“ и посакајте му убав ден наутро.
    • rn011

    • Гушнете го вашиот сакан веднаш штом ќе се видите после работа.
    • rn011

    • Одете на заедничка прошетка секој ден после вечера притоа држејќи се за рака.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дружење

    rn50. Поврзувајте се со некоја нова личност секој ден во наредните 100 дена, без разлика дали ќе поздравите некој сосед со кој порано не сте си рекле „Здраво“, ќе почнете да следите некого на Твитер или пак ќе искоментирате на блог или веб-сајт каде немате коментирано порано. На пример, почнете со коментар на овој пост.rnrn51. Поставете си за цел да се дружите со луѓе на кои им се воодушевувате, ги почитувате и сакате да бидете како нив.rnrn52. Кога некој ќе каже или направи нешто што ќе ве вознемири, подзастанете за момент и размислете како да изреагирате, наместо веднаш да го испукате првото нешто што ќе ви дојде на памет.rnrn53. Не осудувајте додека не ги чуете двете страни на секоја приказна.rnrn54. Правете нешто добро за некого секој ден, макар да е и некоја мала работа како на пример упатување благослов.rnrn55. Пофалете ги и дајте им признание на оние кои тоа го заслужуваат.rnrn56. Слушајте внимателно. Кога некој ви зборува, фокусирајте се на тоа што го слушате наместо да мислите во главата што ќе одговорите.rnrn57. Сочувствувајте. Ако не се согласувате со некого, обидете се да ги видите работите од негова перспектива, ставете се во неговите чевли. Бидете љубопитни за уверувањата на другата личност, нејзините животни искуства, начинот на размислување кој ја довел до таквите заклучоци.rnrn58. Живејте го само вашиот живот без да се споредувате со други.rnrn59. Толкувајте ги акциите на другите на најдобар можен начин.rnrn60. Во следните 100 дена, запомнете дека секој го прави најдоброто што може. Исто така и вие!rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето во нашите животи

    Кафето во нашите животи

    Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.Кафето во нашите животиКафе-барови има на секој чекор, нови видови кафиња, машини и други кафе-продукти излегуваат секој ден, а реченицата „Ај да одиме на кафе“ е типично да се слушне дури и од човек кој не го консумира овој напиток. Па, зошто кафето е толку застапено во нашите животи? Што е толку зависно во врска со него? Веројатно, првата причина лежи во самото негово дејство.rnrnКофеинот е супстанца која предизвикува зависност. Тој е причината поради која не можете да заспиете доколку консумирате кафе доцна навечер, но и за вашата силна главоболка кога ќе го испуштите утринското. Но, она што создава дополнителна зависност, веројатно и многу поголема, е неговиот социјален аспект. rnrnКафето оди одлично во друштво со пријателите, овозможува со некого да се запознаете подобро, да надокнадите за пропуштеното, да озборувате… Кафе-баровите претежно ги одликува опуштена атмосфера со свеж мирис и удобни столчиња, заради што тие се прв логичен избор при договарање средби.Кафето во нашите животиВо време кога сите сме презафатени со многу обврски, немаме време или пари за да излегуваме често во град или пак пријателите со кои одамна не сме се виделе, живеат на другата страна од градот, пиењето кафе во некој кафе-бар кој се наоѓа на пола пат, излегува како сосема очекувана опција. Еве што може да се прави на кафе:
    rn

      rn011

    • да се видите со пријателите
    • rn011

    • да решите нечиј проблем, да споделите мака или само да озборувате
    • rn011

    • да појдете со колега кој сакате подобро да го запознаете
    • rn011

    • да се запознаете со симпатијата кој ви е сè уште незгодно да го поканите на вистински состанок
    • rn011

    • да гледате во згодни момци/девојки кои исто така се „на кафе“
    • rn011

    • да решавате задачи по математика или да спремате испит од друга област
    • rn011

    • да разменувате идеи и да кроите планови
    • rn011

    • да се видите со братучед/ка, кој/а ви е врсник, но вообичаено го/ја среќавате само на свадби
    • rn011

    • да викнете некој дома или да му „се трупнете“ на некого ненајавено – со кафе ова се простува 🙂
    • rn011

    • да уживате сами со шолјата кафе и весник или лаптоп
    • rn

    rnКафето во нашите животиПовеќето кафе-барови сега имаат безжичен интернет пристап, па ова ги прави згодна дестинација за состанок со колеги и соработници од работа, како и со колеги од факултет. Не е воопшто чудно што првата идеја за средба која на многумина им паѓа на памет е за „на кафе“. Изборот за местото е голем, може да се работи и да се ужива во исто време, плус имате можност да пробате некој нов кафе-напиток.rnrnrnНа нашето прашање: Како најмногу сакате да го пиете вашето попладневно кафе?, несомнено најмногу одговори добивме од оние кои сакаат да посетуваат кафе-барови со пријателите или подетално:rn

      rn011

    • Со пријателите во кафе-бар: 144 гласа
    • rn011

    • Сам/а, сервирано во огромна шолја: 48
    • rn011

    • Дома, со најблиските: 49
    • rn

    rnОстанатите одговори имаа помалку гласови, а само 8 од 302 гласачи не пијат кафе.rnrnrnГолемата понуда на разни кафе-машини е уште една погодност за љубителите на кафе. Тие удобноста за состанување со блиските ви ја овозможуваат директно во вашиот дом. Да не забораваме дека домашната подготовка ви отвора многу можности за експериментирање со разни вкусови.rnrnЗаклучокот би бил дека без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате кога одите „на кафе“, социјалната улога на кафето односно пиењето кафе во друштво, предизвикува исто толку зависност колку и самото кафе.rnrnСе сложувате? Колку кафето е значајно во вашиот живот?rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn