КАФЕ ПАУЗА

Tag: дружење

  • Community (Заедница)

    Community (Заедница)

    ТВ серија за пријателството, различностите и хуморот во секојдневниот студентски животrnrnrnCommunity (Заедница)Главни улоги: Џоел Мекејл, Џилијан Џејкобс, Дени Пуди, Ивет Никол Браун, Алисон Бри, Доналд Гловер, Чеви Чејс, Кен ЈонгrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Ден ХармонrnrnВреметраење: 22 минrnrnБрој на сезони: 2rnrnПремиера: 17 септември 2009rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn——————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си група во која дружењето делува невозможно, а истовремено многу забавно. Тие ни самите не знаат како функционираат, но знаат дека сакаат да го задржат и одржат тоа што го имаат и тешко би пуштиле нов член внатре. Тие се студенти на колеџот Комјунити, место каде и најголемите лузери добиваат втора шанса. Групата е спој од секакви, меѓусебно многу различни луѓе, кои првенствено имаат желба полесно да си поминат на часовите по шпански јазик. Но, набрзо стануваат цврсто поврзани луѓе, кои желбата за дружење и забава, се чини, вечно ќе ја бараат во изговорот дека треба да се состанат за учење.rn——————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џеф Вингер е млад, згоден адвокат, кој секогаш има што да каже, без разлика дали е тоа решение на проблем или иронична шега, најчесто успешно комбинирајќи ги двете. За жал, неговата диплома за завршен факултет испаднала неважечка, па тој мора да помине низ целиот процес повторно од почеток. Стигнува на едно необично место, на колеџот Гриндејл комјунити, каде доаѓаат сите кои не успеале да завршат факултет во вистинското време и на вистинскиот начин.Community (Заедница)Community (Заедница)Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

    rn

    Некаде на страна од сите, а сепак сосема сплотен во групата е ликот на Абед, брзозборесто момче кое делува како да не разбира ништо за животот, а всушност покажува способност за анализирање на животите на другите, така како што тие ни самите не можат да се анализираат себеси. Тој ги гледа сите низ филмската камера, а често режира сцени од познати филмови во салата во која се состанува групата. Тој во серијата настапува спонтано и скоро незабележително, но многу е веројатно дека по неколку изгледани епизоди ќе ви стане омилениот лик и со нетрпение ќе ги очекувате следните негови непредвидливи потези.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.Community (Заедница)Глума: Ликовите се толку различни, а сепак, толку сплотени во приказната и меѓу себе, што дури е чудно како е воопшто возможно да функционираат во целина. Еден религиозен, друг атеист, еден црн, друг расист, еден самоуверен, друг повлечен… ваквата споредба нема крај. Ликовите не само што се прецизно донесени од страна на фантастичната актерска екипа, туку нив скоро и да не можете да ги одвоите од самите актери. Ако се загледате повеќе епизоди од „Заедница“ едно по друго, веројатно е дека набрзо ќе се почувствувате како дел од групата или барем ќе сакате да добиете билет за членство.Community (Заедница)Кога и како да ја гледате: Заедница е забавна комедија од типот ситком, па како и другите серии од овој тип, не е за секој. Ранг-листите за ТВ серии ја поставуваат многу високо, но тоа не значи дека секој ќе ужива да ја гледа. Епизодите се кратки, па кога ќе почнете, брзо ќе станете зависни од свежите шеги, кои се разликуваат од оние кои сме навикнати да ги гледаме во серии како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Градот на пумите“, па дури и „Теоријата за Биг Бенг“. Совет: не претерувајте, до 3 епизоди на ден се сосема доволни за да ви остане серијата што подолго интересна и секогаш со иста возбуда, едвај да чекате да ја пуштите.Community (Заедница)Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.

  • Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

    Тајните на најстариот човек во светот за подолг живот

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnВолтер Брунинг има 114 години и е најстариот човек во светот. Бидејќи сите се стремиме кон подолг и здрав живот, прочитајте кои се шесте работи кои Волтер Брунинг нескромно ги споделува со сите.Тајните на најстариот човек во светот за подолг животrn

    1. Не прејадувајте се

    rnБрунинг вели:rn
    rn

    „Јас јадам само два пати во денот.“

    rnНеговиот избор се појадокот и ручекот. Вечерата ја избегнува веќе 30 години.rn
    rn

    „Луѓето не треба да јадат многу.“

    rnТајните на најстариот човек во светот за подолг животrn

    2. Јадете здраво

    rnНеговиот омилен оброк е џигер со кромид. Тој е обожувач на овошјето.rn
    rn

    „Јадам многу овошје.“ Омилени ми се бананата и портокалот.“

    rnЉубовта на Волтер кон овошјето му е добро позната и на градоначалникот на Монтана, Брајан Швајцер, кому за неговиот роденден му подарил кошница со овошје. Волтер вели дека овошјето е клучот на неговото добро здравје и освен тоа што пие по едно апче аспирин секој ден, тој никогаш не примал никакви лекови.Тајните на најстариот човек во светот за подолг животrn

    3. Бидете љубезни кон луѓето

    rnБрунинг волонтирал во клубот Шринер се до неговата 99-та година.rn
    rn

    „Бидете љубезни кон другите. Важно е да правите нешто добро за луѓето околу вас.“

    rn

    4. Бидете дружељубиви

    rn
    rn

    „Сакам да зборувам со луѓето“

    rnБрунинг добива стотици писма од многу луѓе низ светот. Понекогаш дури и го посетуваат во пензионерскиот центар во кој престојува. Посетителите со него разговараат за неговиот живот и внимателно го слушаат овој мудар старец.Тајните на најстариот човек во светот за подолг животrnrn

    5. Активирајте ги вашите тело и мозок

    rnЗаради неговиот слаб вид, Волтер не може да чита весници, но затоа слуша радио.rn
    rn

    „Секогаш активирате го вашиот мозок без оглед колку години имате.“

    rn

    6. Работете напорно

    rn
    rn

    „Работете се додека можете. Напорната работа нема да ве убие. Социјалното осигурување нема да трае вечно. Луѓето имаат многу пари, но ги трошат на автомобили. Тие пари треба месечно да ги штедат.”


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn