КАФЕ ПАУЗА

Tag: дружење

  • 18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

    18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

    Нештата се многу поразлични денес. Луѓето и околностите се сменија заедно со напредокот на технологијата, па заборавивме да ги правиме нештата што порано нè правеа среќни. Во продолжение е листа од 18 нешта на кои треба да им се вратиме и да им посветиме време.rnrn18 работи кои треба да почнеме одново да ги правимеrnrn1. Да пишуваме рачно. Без разлика дали се тоа писма до нашите пријатели, список за во продавница, целите кои сакаме да ги постигнеме во текот на неделата, пораки до нашите сакани, картички со кои ќе им се заблагодариме на нашите соработници…rnrn2. Да имаме време да уживаме не правејќи ништо. Како во прединдустриското општество и кај културите кои имаат време и за попладневен одмор и долги седенки во кои уживаат заедно.rnrn3. Да размислуваме пред да одговориме. Станавме условени да ги бараме нештата веднаш. Некој ќе постави прашање и ние веднаш треба да одговориме. Не беше така пред инстант пораките. Знак на вистинска интелигенција и самодоверба е кога на некој му треба време да размисли за прашањето и да го продлабочи, а потоа да одговори.rnrn4. Да зготвиме убав оброк само заради тоа што така ни текнало. Поради тоа блиските ќе бидат благодарни, а готвењето ќе ни донесе радост.rnrn5. Да се дотераме без некоја посебна пригода.rnrn6. Книги. Вистински книги на кои можеме да пишуваме забелешки од страните и да ги мириснеме, да го слушаме звукот на вртењето на страниците и да ставаме обележувачи за да знаеме до каде сме стигнале со читањето.rnrn7. Да им се јавиме на нашите роднини без некоја посебна причина и да ги прашаме како се.rnrn8. Да славиме за некој повод со долги вечери и многу луѓе со кои ќе разговараме и ќе пиеме заедно.rnrn9. Да чистиме, да ги офарбаме ѕидовите, да ставиме цвеќе на полиците. Тоа многу терапевтски ќе делува на нас.rnrn10. Да бидеме со нашите деца и да си играме со нив.rnrn11. Да одговараме на испратените покани навреме, а не да ги игнорираме само затоа што можеме.rnrn12. Да се исклучуваме повремено од технолошките уреди, за да не жалиме за работите кои долго сме ги посакувале, а не сме ги направиле.rnrn13. Да бидеме сигурни дека нашата врска со партнерот се базира на времето кое го поминуваме заедно. Комуникацијата преку електронските уреди е оправдана за врските на далечина, но физичкото присуство е единственото нешто што ќе ни даде чувство на поврзаност.rnrn14. Да седнеме и да слушаме музика. Иако постојано во позадина има музика, треба понекогаш да седнеме и само да ја слушаме.rnrn15. Да патуваме со воз, или ако тоа не е возможно, барем да ја истражиме околината околу нас. Особено ако живееме во некој голем град, а во близина има интересно местенце за кое не сме знаеле.rnrn16. Нашето здравје и благосостојба треба да ни бидат на прво место. Треба да користиме денови од нашиот одмор во кои ќе се релаксираме, ќе си дремнеме и ќе одмораме. Тоа не нè прави стари. Тоа е здраво.rnrn17. Да планираме нешто заедно со другите. Без разлика дали е тоа заедничка вечера или годишниот одмор за следната година. Секогаш треба да имаме нешто што едвај го чекаме.rnrn18. Да застанеме за да поразговараме со луѓето во текот на денот. Љубезно да комуницираме, затоа што тоа е важно, а ние сме го подзаборавиле. Да ги исклучиме нашите телефони за време на вечерата и да не размислуваме што сè сме поставиле на социјалните медиуми. Тоа нè оддалечува од вистинското доживување на нештата.rnrnДополнително, ако научите да уживате во животот без овие 11 работи, ништо нема да ви биде толку тешко.

  • 7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

    7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

    Кога започнувате врска, нормално е дека таа личност ви станува најважна, а може и да се случи некои пријатели (ненамерно) да ги занемарите. Дури и гледањето со најдобрата пријателка станува поретко, но во следните седум ситуации секогаш пријателката треба да ви биде поважна од партнерот.rnrnСедум ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнеротrn

    1. Кога ќе раскине со партнерот

    rnСигурно ќе ѝ бидете потребни кога ќе прекине љубовна врска, посебно ако била оставена. Без разлика дали е неочекувано или се гледало крајот, треба да бидете тука за вашата пријателка за да ја сослушате и утешите.rn

    2. Кога таа ќе го остави партнерот

    rnДури и доколку дечкото на вашата пријателка никогаш не ви се допаѓал и потајно се радувате зошто го оставила, треба да бидете со неа во овие моменти. Немојте да ѝ кажувате дека тоа е супер, туку дајте ѝ поддршка на начин што ѝ е потребен. Без разлика дали таа го направила тој потег, сигурно не ѝ е лесно.rn

    3. Кога поминало шест недели од вашата последна средба

    rnНикогаш не ја заборавајте исполнетоста која ви ја носи дружењето со пријателките. Ако последен пат сте се виделе со пријателката на кафе или вечера пред повеќе од месец и половина, тогаш е време тоа да го повторите.rn

    4. Кога сте се скарале

    rnМногу е веројатно дека ќе барате утеха во својот партнер откако ќе се скарате со пријателката. Нема ништо лошо во тоа ако ве смирува, но потоа јавете ѝ се на пријателката и пробајте да се смирите. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен.rn

    5. Кога ѝ треба друштво за венчавка

    rnАко вашата пријателка е „сингл“ и е поканета на венчавка, одете со неа. Ќе биде одлична можност да се забавувате и да играте, баш како што сте правеле кога и двете сте биле сингл. Вашиот партнер тоа време може да го искористи да излезе со своите пријатели.rn

    6. Кога се запрашува дали е тој вистинскиот

    rnАко се двоуми во својата љубовна врска, се прашува дали е тој вистинскиот, бидете тука за неа доколку ѝ е потребен совет. Бидете личноста која објективно ќе ги гледа работите и ќе ја упати со совет.rn

    7. Кога ќе ѝ почине некој близок

    rnНема што да се додава – кога на вашата најдобра пријателка ќе ѝ почине некој близок, таа секогаш треба да ви биде на прво место.rnrnДоколку барате уште една причина за дружење со пријателката, прочитајте како дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените.

  • Хороскопски парови кои многу брзо се спријателуваат

    Хороскопски парови кои многу брзо се спријателуваат

    Пријателството во астрологијата е под контрола на Меркур – планетата на комуникацијата. Познато е дека оваа планета им помага на луѓето да пронајдат заеднички јазик и да почувствуваат хармонија меѓу себе. Но, оваа планета е вклучена само кај оние парови од Зодијакот кои имаат заеднички елемент или владетел – Меркур овозможува енергиите да се одржуваат во рамнотежа. Астролозите откриваат кои парови од хороскопските знаци можат многу лесно да станат пријатели.rnrnrnrn

    Овен + Скорпија

    rnОгнените Овни се под закрила на Марс – планетата на одлучноста која ги дарува со голем животен потенцијал. Покрај длабоките Скорпии со кои покрај Плутон владее и Марс, Овните ја смалуваат брзината и се вклопуваат во филозофски бран. Ова пријателство им помага на двата знака сè да гледаат од различни агли и да забават кога е потребно. Покрај тоа, Скорпиите секогаш наоѓаат поддршка во Овните која се заснова на идентичните погледи на животот и вредностите.rn

    Бик + Вага

    rnБикот е насочен кон материјалната страна на животот, сака елегантен стил и е главен хедонист во хороскопот. Поради тоа најудобно се чувствува покрај Вагата – знак кој е управуван од Венера. Планетата на убавината, парите и задоволството му овозможуваат на овој тандем да најде нова мотивација за подвизи и во кариерата како и во можноста да се живее убаво.rn

    Близнаци + Водолија

    rnОвие два знака имаат за што да разговараат – се одликуваат со оригинални мисли, одлична смисла за хумор и љубов кон животот во сите негови манифестации. Близнаците како главни интелектуалци во хороскопот ја опсипуваат Водолијата со храна за размислување, а таа им помага на Близнаците да размислуваат надвор од кутијата и жедта за знаење да ја претворат во работа. Покрај тоа, Водолијата може да биде одличен тренер и гуру, а токму Близнаците го откриваат тој потенцијал.rn

    Рак + Риба

    rnИнтуитивните Ракови и поетичните Риби не само што можат да создадат пријателство туку формираат и величествен креативен тандем. Двата знака се фокусирани на естетската страна на животот и често имаат слични вкусови. Ракот им помага на Рибите да стекнат самодоверба, а Рибите за возврат му помагаат на Ракот да воспостави внатрешна врска со себе. Покрај тоа, во овој сојуз двата претставника можат психолошки да си помогнат бидејќи се најдобри кога станува збор за емпатија.rn

    Лав + Стрелец

    rnВториот владетел на Лавот, надмоќниот Јупитер, исто така управува со Стрелците – знак одговорен за ширење на знаењето и патувањата. Овој огнен пар сака да ги претвора идеите во акции, па често покрај пријатели тие стануваат и деловни партнери. Што се однесува до размена на енергиите, Лавовите им помагаат на Стрелците да се движат кон целта.rn

    Девица + Јарец

    rnПријателството на Девиците и Јарците е спој на две личности кои буквално се опседнати со работата и високите постигнувања во кариерата. Двата знака имаат цел за стекнување висок општествен статус, па нивното пријателство се одликува со меѓусебно разбирање. Девицата целосно му верува на одговорниот Јарец, а Јарецот во Девицата гледа најдобар советник кој секогаш може да биде објективен.rnrnДознајте кои хороскопски знаци не се романтични и од нив не се очекуваат изненадувања.

  • Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

    Дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените

    Доколку ретко се гледате со вашите пријателки, сигурно веднаш ќе го промените тоа штом ќе ги дознаете резултатите од едно неодамнешно истражување.rnrnДружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на женитеrnrnСпоред научниците од Оксфорд, жените би требало да се гледаат со пријателките барем два пати неделно за да го одржат нивното целокупно здравје.rnrnРобин Дунар, психолог и автор на истражувањето, изјавил дека здравјето на жените значително се подобрува кога два пати неделно излегуваат на пијачка или на кафе со нивните пријателки.rn

    „Ова ги поттикнува жените да се социјализираат, да пијат и да се смеат. Здравствените придобивки се брзо опоравување од болести, посилен имунитет, намалена анксиозност и зголемена великодушност, поради што жените се чувствуваат подобро.“

    rnЗа време на истражувањето, научниците откриле дека само две од пет жени излегуваат на вечера со пријателките, и тоа само еднаш неделно. Ова се случувало уште поретко доколку жените имале семејства. Исто така, во просек, жените посветувале премалку време на нивните пријателски односи.rnrnИстражувањето покажало дека жените најдобро комуницираат преку смеа, шеги и раскажување смешни ситуации, а важен фактор била и големината на групата пријателки. Во помало друштво постои поголема можност за смеење, па научниците препорачуваат жените да излегуваат најмногу со четири пријателки.rn

    „Жените треба да ги одржуваат пријателските врски, можеби дури и повеќе од мажите. Ова го зголемува нивото на серотонин и окситоцин“, изјавила психологот Алиса Руби Баш, чија теза го потврдува истражувањето.

    rn

    „Одржувањето на овие врски станува уште поважно како што старееме. Стануваме вработени, имаме сè поголеми одговорности, а пријателите ни се потребни за да не бидеме осамени“, додала Алиса.

    rnЖените имаат навистина стресни животи и понекогаш се чувствуваат виновно кога го напуштаат семејството поради работа или дружење. Меѓутоа, важно е да најдете време за себе бидејќи на овој начин излегувате од рутината и се опуштате. Смеата сепак е најдобриот лек, а ова истражување само го потврдува тоа.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека не излегувате доволно.

  • Хороскопска сложувалка: Кој знак најмногу ви одговара за работа, љубов и дружење?

    Хороскопска сложувалка: Кој знак најмногу ви одговара за работа, љубов и дружење?

    Астрологијата може многу да ни каже за нас, но исто така може да ни каже и кои личности се најдобри за нас. Погледнете го овој „водич“ кој ќе ви помогне да го најдете совршениот партнер, најдобриот пријател или пак да откриете со кој треба да соработувате.rnrnrn

    Овен

    rnЉубов: Љубовта која ви е потребна ќе ја пронајдете кај Стрелецот. Ќе бидете воодушевени од нивниот широк поглед кон светот. Ќе ви се допаѓа и тоа што Стрелецот никогаш не заглавува во минатото и секогаш гледа кон иднината.rnrnДружење: Најдобар пријател би ви биле Рибите. Тие најдобро ќе ги разберат вашите интимни дилеми.rnrnРабота: Јарецот е совршениот знак за соработка. Ќе бидете одлични во создавање нови проекти, но ќе ви треба некој упорен кој ќе ве тера да ги завршите работите до крај.rn

    Бик

    rnЉубов: Девицата е љубовниот партнер за вас. Нејзината склоност кон анализирање и нејзиниот пристап кон животот совршено ќе ви одговараат.rnrnДружење: Кога сакате квалитетна забава и добра музика, побарајте го Лавот. Преку него можете да сретнете и идни соработници.rnrnРабота: Кога станува збор за работење, најдобриот избор за вас е Водолија. Вам ви е потребен советник и визионер кој ги забележува новите трендови.rn

    Близнаци

    rnЉубов: Вашиот идеален партнер е Вагата која ќе ви помогне да ги решите сите проблеми. Таа ќе ви помогне полесно да донесувате одлуки.rnrnДружење: Најмногу ќе се забавувате со Скорпија. Таа е совршеното друштво за ноќно скитање кога ќе сакате да се одморите од натрупаниот распоред.rnrnРабота: Најдобро ќе соработувате со Стрелец. Од него ќе научите да го гледате доброто и во најтешките моменти.rn

    Рак

    rnЉубов: Вистинската љубов ќе ја пронајдете кај Јарецот, кој е доволно стабилен и упорен да ја стекне вашата доверба. Ќе ги цените неговите емотивни и семејни вредности.rnrnДружење: Најопуштени ќе бидете во друштвото на Бик. Нивниот пристап кон решавање на проблемите ќе ви помогне да ги надминете привремените тешкотии со заморот и меланхолијата.rnrnРабота: Најдобриот соработник за вас е Скорпијата. Нејзината интуиција и неуморното темпо на работа ќе ви бидат одличен водич во нејасните ситуации.rn

    Лав

    rnЉубов: Водолијата е вашиот идеален партнер кој секогаш ќе ги слуша вашите интелектуални и духовни проблеми. Кому му е потребен секс кога можете да разговарате до раните утрински часови?rnrnДружење: Вашиот најдобар пријател е Овенот бидејќи не мора многу да му објаснувате како се чувствувате. Понекогаш шопингот и кафето се најдобрата пријателска поддршка.rnrnРабота: Најдобро ќе соработувате со Вага. Вам ви се потребни нејзините дипломатски способности кога ќе се најдете сред оган.rn

    Девица

    rnЉубов: Најдобар партнер за вас е Бикот кому пак, му одговара вашата оптимистичка енергија. Најинтересните работи во вашата врска ќе се одвиваат далеку од љубопитните погледи.rnrnДружење: Најдобриот партнер за забава и дружење е Ракот. Неговиот стил совршено одговара со вашиот објективен поглед кон светот.rnrnРабота: Најдобриот соработник ќе го пронајдете кај Рибите. Тие правилно ќе ги сфатат вашите креативни идеи и ќе ве поддржуваат во текот на промените.rn

    Вага

    rnЉубов: Совршениот партнер за вас е Овенот кој е спремен заедно со вас да ги руши сите пречки. Вие ќе го „омекнете“ неговиот цврст карактер, а тој ќе ви даде мотивација за нови авантури.rnrnДружење: Забавните моменти, но и сериозните разговори најдобро ќе ви одат со Близнаците. Тие ќе ја разберат вашата природа и ќе ве насмеат и во најтешките моменти.rnrnРабота: Најдобро ќе соработувате со Водолијата која знае да ја цени тимската работа и со која ќе развивате нови идеи.rn

    Скорпија

    rnЉубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај Рибите кои ги чувствуваат вашите желби и мисли уште пред да ги кажете.rnrnДружење: Вашиот најдобар пријател е Скорпија бидејќи само вашиот знак знае како навистина се чувствувате.rnrnРабота: Најдобриот партнер за работа за вас е Бикот кој е тврдоглав како вас и секогаш ги бара најдобрите решенија.rn

    Стрелец

    rnЉубов: Најдобар партнер за вас е Лавот кој ќе ја цени вашата внимателност и храброст.rnrnДружење: Вашиот партнер за авантури се Рибите. Добро ќе се разбирате во потрагата кон вистината која води низ кулинарски излети и добро вино.rnrnРабота: Најдобро ќе соработувате со Близнаци. Тие добро знаат како е да седите на пет столчиња а да размислувате што се случува на шестото и седмото.rn

    Јарец

    rnЉубов: Љубовта ќе ја најдете кај Ракот. Тие никогаш не престануваат да ги покажуваат своите емоции кога имаат добра публика.rnrnДружење: Во друштвото на Девицата ќе пронајдете многу заеднички интереси. Ќе пронајдете личност која го сака нејзиното хоби исто колку и вас, а можеби и таа е вашата сродна душа.rnrnРабота: Идеалниот соработник за вас е Скорпијата. Таа ја разбира вашата егоистична борба за позиција, желбата да сработите сè и тоа предвреме, како и тежината на тимската работа.rn

    Водолија

    rnЉубов: Најубавите љубовни моменти ќе ги доживеете со Стрелец. Тој има доволно страст да ве одведе на вистинско емотивно патување.rnrnДружење: Вашиот социјален живот би бил празен без Лавот. Заедно ќе поминете низ многу друштва, и од секое ќе го извлечете најдоброто.rnrnРабота: Идеалниот партнер за соработка е Овенот, но само ако сте подготвени да го следите неговото темпо. Тој умее да ги препознае вашите квалитети и од вас никогаш нема да бара повеќе од вашите способности.rn

    Риби

    rnЉубов: Возбудливата врска ве чека со Ракот кој не може да престане да гледа во вас.rnrnДружење: Забавата за која нема да можете да престанете да зборувате почнува и завршува со Стрелците. Сте нашле некој кој е ист како вас и нема да престанете со забава додека едниот не падне од столот.rnrnРабота: Добриот соработник секогаш можете да го најдете кај Лавот. Од него можете да научите како елегантно да прескокнете неколку скали и да стигнете до врвот.rnrnПрочитајте го и овој детален хороскоп кој ги открива мааните на секој знак.

  • Дружењето е поважно одошто мислите: 11 интересни знаци дека не излегувате доволно

    Дружењето е поважно одошто мислите: 11 интересни знаци дека не излегувате доволно

    Потребно е да поминувате време сами. На тој начин ќе можете да се опуштите, да ги наполните батериите и да уживате. Но, ако го правите ова премногу често, ќе почнете да се отуѓувате од вашите пријатели. Треба да знаете кога е време да излезете надвор, да ги видите пријателите или барем да ги поздравите соседите. Дружењето е од големо значење за вашето психичко здравје, бидејќи кога сте опкружени со луѓе, немате голема можност да заглавите во сопствените негативни мисли.rnrnДружењето е поважно одошто мислите: 11 интересни знаци дека не излегувате доволноrnrnСепак, треба самите да одредите колку дружење ви е доволно. Не треба да се дружите онолку колку што се смета за општествено прифатливо, туку онолку колку што вам ви е потребно. Социјализирањето не подразбира само одење по дискотеки, клубови, кафулиња, концерти, театри и други културни настани. Можете да се социјализирате и ако волонтирате, отидете во музеј или ги посетите вашите роднини. Сите овие работи ќе ве извадат од дома, ќе ви ги прошират видиците и ќе ви помогнат да ги развиете вашите комуникативни вештини. Прочитајте ги следниве 11 интересни знаци дека не излегувате доволно…rn

    1. Вашите пријатели престанале да ви се јавуваат

    rnАко постојано сте ги одбивале сите неодамнешни покани, тогаш можеби сте забележале дека вашите пријатели не ви се јавуваат толку често. Сфатете го ова како знак за предупредување. Луѓето ќе престанат да ви се јавуваат и да ви праќаат пораки, бидејќи никој не сака постојано да добива „не“ како одговор. Секако дека не мора да заборавите на вашите обврски само поради еден телефонски повик, но многу е важно да ги негувате вашите пријателства со тоа што ќе се дружите повеќе.rn

    2. Не можете да се сетите кога последен пат сте се дотерале

    rnПогледнете го вашиот куп од валкани алишта. Дали гледате само пижами, тренерки и хеланки? Ако одговоривте потврдно, тоа е знак дека почнувате да се отуѓувате. Секако дека нема ништо лошо во тоа да носите удобна облека и да поминувате време сами, но важно е одвреме-навреме да се дотерате и да излезете во град.rn

    3. Се чувствувате непријатно секогаш кога ќе излезете

    rnАко не излегувате надвор доволно често, тоа може да влијае на вашата друштвеност. Ќе почнете да забележувате дека се однесувате чудно кога сте со вашите пријатели или дека сте необично нервозни. Тоа е знак дека треба поредовно да се социјализирате.rnrnДружењето е поважно одошто мислите: 11 интересни знаци дека не излегувате доволноrn

    4. Сите ваши разговори се вртат околу она што сте го гледале на телевизија

    rnНормално е тоа што понекогаш сакате да разговарате за омилените серии и ТВ емисии, но доколку сите ваши разговори се вртат околу тоа, најверојатно не се дружите доволно. Ние сме дружељубиви суштества и човекот не може да опстане доколку го набљудува светот преку екраните. Ако и вие живеете затворени во телевизорот или немате доволно нови искуства, можеби е време да го промените тоа.rn

    5. Помислата на тоа дека треба да излезете ве прави нервозни

    rnАко имате проблеми со анксиозноста, веројатно мислите дека полесно е да останете дома. Но, на тој начин само ги влошувате работите. Треба да излезете и постепено да ги зголемувате вашите друштвени активности. Почнете со нешто едноставно како што е кафе со близок пријател. Тоа е одличен прв чекор.rn

    6. Не сте расположени

    rnКога сте нерасположени, се чувствувате осамени и демотивирани. Иако можете да правите многу продуктивни работи дома како што е вежбање, цртање, пишување, гледање документарци, многу е важно да го одржите контактот со вашите пријатели. Истражувањата покажале дека дружењето може да ја зголеми вашата креативност и да ги подобри мозочните функции.rn

    7. Не паметите кога последен пат сте ги виделе пријателите во живо

    rnСосема во ред е да ги одржувате пријателствата преку Фејсбук, но тоа не е замена за разговорот очи во очи. Токму затоа, треба да обрнете внимание на тоа колку време поминувате на социјалните мрежи. Ако сте онлајн два пати повеќе отколку што сте со вашите пријатели, време е да излезете од дома.rnrnДружењето е поважно одошто мислите: 11 интересни знаци дека не излегувате доволноrn

    8. Постојано се чувствувате депресивно

    rnНедостатокот на дружење може лесно да доведе до појава на депресија кај повеќето луѓе, особено ако нивната изолација траела со недели. На луѓето им треба социјализација, така што обидете се да издвоите време за дружби.rn

    9. Вашата сексуална желба е намалена

    rnИзолацијата може да доведе до депресија, а еден од симптомите е намалена сексуална желба. Токму затоа, треба да обрнете внимание на ненадејниот пад вашето либидо. Тоа може да е знак дека треба да излегувате почесто и да поработите на вашите односи со луѓето.rn

    10. Тешко ви е да го замислите животот од туѓа гледна точка

    rnАко сметате дека вашите проблеми се во центарот на универзумот, време е да си ги проширите видиците. Социјалниот живот ни помага да ги погледнеме работите од друга перспектива. На тој начин ние можеме пообјективно да ги разбереме околностите во кои живееме. Без разлика дали ќе се видите со пријателите, ќе волонтирате или ќе поразговарате со соседите, сето тоа може да ви помогне.rn

    11. Заборавате како да разговарате и да се шегувате

    rnАко не паметите кога последен пат сте излегле во јавност, можеби ќе забележите дека не сте толку вешти во дружењето. Социјалните вештини се губат со текот на времето, доколку не ги употребувате редовно. Ако не се дружите, ќе ја изгубите вашата самодоверба, смисла за хумор па дури и блискоста со вашите пријатели.rnrnДоколку се пронајдовте во овие знаци, почнете да излегувате почесто и со сигурност ќе забележите огромна разлика во вашето расположение.rnrnПрочитајте ги и овие 15 знаци дека сте интроверт иако не се чувствувате така.

  • Како да го заведете според неговиот хороскопски знак?

    Како да го заведете според неговиот хороскопски знак?

    Момците сакаат да заведуваат, но многу често уживаат и кога првиот чекор го презема девојката. Тоа внесува возбуда во односот, кој потоа може да прерасне во прекрасна љубовна врска. Доколку не сте сигурни што сака човекот кој ви е интересен, забавен и кој едноставно ви се допаѓа, прочитајте што може да го привлече неговото внимание, според хороскопскиот знак. Можеби ќе добиете некаква идеја и ќе соберете сила да му пријдете на момчето кое веќе подолго време се „мота“ низ вашите мисли.rnrn(1) Како да го заведете според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnОвие момци сакаат девојки кои ќе направат сè да го добијат она што го посакуваат. Тие обожуваат да имаат конкуренција, но внимавајте да му покажете дека токму ТОЈ е оној кој го посакувате. И запомнете… Искреноста е клучна. Затоа немојте ниту да помислувате да му раскажувате работи за вас кои не се точни. Нема да биде воопшто среќен доколку дознае дека девојката во која се вљубил не се претставила во вистинското светло.rn

    Бик

    rnОвие момци веруваат дека трпението води кон убави нешта, па затоа ако сакате да го привлечете неговото внимание можеби е најдобро да стартувате како пријатели. Дозволете му полека да открие колку сте прекрасни, преку моментите поминати заедно и преку долгите и искрени разговори. Бикот сака девојки кои знаат да комуницираат со него и да зборуваат на различни теми. Затоа, без двоумење, покажете му колку сте посветени на вашето пријателство, пред тоа да прерасне во нешто многу повеќе. Совет: Насмејте го! Извадете го барем на кратко од сериозните теми и прашања кои најчесто го окупираат неговиот ум.rn

    Близнаци

    rnЉубопитните близнаци обожуваат да откриваат нови и интересни работи во врска со девојките. Организирајте некое неочекувано патување на место каде што никогаш претходно не сте биле, ниту вие, ниту тој. На новото место истражувајте и разговарајте за најразлични теми, а кога денот ќе заврши и ќе се врати дома, ќе мисли само на вас.rn

    Рак

    rnДоколку сакате да привлечете внимание на Рак, единствено што треба да направите е нежно да го допрете. Но, тој допир да биде речиси незабележлив и таен. Дадете му до знаење дека сте заинтересирани за него, без да му одвлекувате вниманието со непотребно оптоварување. Не ја излудувајте неговата сензитивна страна со непотребни и претерани движења и изливи на емоции. Одете полека. Трпеливоста, исто како и кај Биковите, е клучна во освојувањето на момците Ракови.rn

    Лав

    rnПонекогаш, кога станува збор за Лавовите, потребен е голем труд за да го привлечете неговото внимание. Потрудете се да оставите еден прекрасен сочен бакнеж на неговите усни. Да, тоа најчесто успева.rn

    Девица

    rnОвие момци можат да бидат малку покомплицирани – тие се супер лојални, но нивната природа и потреба да ги анализираат премногу работите, може да ги отежни работите. Затоа, најлесно до срцето на Девицата ќе стигнете доколку бидете целосно и дефинитивно свои. Ако сте излезени во кафуле, земете пиво, имајте вистински разговор и покажете ја својата магнетска природа – но, без никакви претерувања. Тој е постојано активен во моментот во кој се наоѓа и ги забележува дури и најмалите детали, затоа однесувајте се природно и дајте сè од себе на површина да излезат вашите квалитети. Ако му се допаднете, знајте дека веднаш ќе се приврзе за вас и работите ќе се движат во вистинскиот правец.rn

    Вага

    rnОвие момци сакаат добра забава, па зошто не направите една кај вас дома и не го поканите како специјален гостин? Ако сте премногу забавни и носите нешто неодоливо (но, истовремено и практично), без двоумење ќе се заинтересира за вас. И не заборавајте да го купите неговото омилено пиво, со тоа секако ќе го импресионирате.rn

    Скорпија

    rnГледајте го право во очи. Да, толку е едноставно. Овие момци се многу страсни и го земаат веднаш она што го посакуваат, па така и брзо ќе ви дадат до знаење дали има некаква врска меѓу вас. Но, внимавајте… Малку знаат да бидат љубоморни. Затоа кога ќе флертувате, покажете му дека само тој е во игра.rn

    Стрелец

    rnАко сакате да си го отворите патот до неговото срце (или пантолони), однесете го на комедија или испланирајте филмска вечер со неговите омилени смешни филмови и храната што ја обожува. Што и да правите, најважно е да се смеете двајцата и да поминете прекрасно време заедно. Кога ќе види колку убаво може да му биде со вас, никогаш повеќе нема да ве пушти.rn

    Јарец

    rnЈарците знаат да бидат многу одговорни и сериозни, па затоа испланирајте заедно да одите на некој концерт за да му се разбистри главата и да си помине убаво и релаксирано. Секогаш е подготвен да се врзе со девојка што ќе го освои неговиот шарм. Покажете му дека знаете што сака.rn

    Водолија

    rnНајчесто е едноставно да се освои вниманието на овие момци, затоа што тие се отворени за дружење. Однесете го на некое место каде што има премногу луѓе, како фестивал или на плажа, и уживајте. Ќе се воодушеви од вашата личност и ќе биде импресиониран што можете да го следите неговиот чекор. Испробајте и ќе се уверите!rn

    Риби

    rnМомците Риби се преполни со емоции, затоа доколку сакате да го освоите, мора целосно да му се посветите. Ништо лажно, ништо чудно… Само покажете му која сте вистински, гледајте го во очи и водете разговори за убави нешта. Ќе го освоите за секунда.

  • Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

    Еве зошто понекогаш вреди да ја исклучите конекцијата и да го оставите вашиот телефон

    „Луѓето се осамени бидејќи градат ѕидови, наместо мостови.“ – Џозеф Њутон

    rnМожете ли да си го замислите животот без мобилен телефон? Тешко е, се разбира. Повеќето од нас секојдневно го користиме мобилниот телефон, без разлика дали е за да зборуваме со нашите блиски, да добиеме некаква информација или пак за забава. Но, сте се запрашале ли што би се случило доколку не сте во можност во секое време да се потпрете на вашиот мобилен телефон? Тогаш сигурно би погледнале и би забележале различни убави нешта околу себе.rnrnИронично е тоа што уредот што е измислен да ја олесни комуникацијата, може да биде пречка за комуницирање во реалниот живот. Постојат четири поголеми причини поради коишто треба да ја намалите употребата на вашиот мобилен телефон, а нив проследете ги во продолжение.rnrnrn

    1. Не мора да бидете достапни во секоја секунда од денот

    rnСигурно повеќето од вас сте во таква позиција којашто ви овозможува одвреме-навреме да ги исклучите своите телефони. Освен ако не сте на работна позиција којашто од вас бара да бидете постојано достапни на телефон, можете да се оддалечите од електронските уреди. Не грижете се доколку веднаш не оговорите на некоја порака или на некој имејл, затоа што не е крај на светот. Всушност, ова може да ви помогне подобро да размислите како ќе одговорите, а исто така ви дава мир. Научете повеќе да го цените сегашниот момент.rn

    2. Телефоните се направени за комуницирање со луѓето, а не за нивно избегнување

    rnДали ви се случило некогаш да зборувате со некој, а сè што слушате како одговор е слабо мрморење додека тој/таа зјапа во својот телефон или лаптоп? Или пак можеби некогаш сте биле премногу зафатени со случувањата на вашиот телефон, па не сте забележале некој околу вас? Ако ви се случило ова, тогаш запрашајте се: Зошто се чувствувате поудобно во некои моменти додека го користите вашиот телефон? Дали тоа се случува поради тоа што имате итна потреба или пак едноставно сакате да го избегнете чувството на неудобност? Не сите неудобности се лоши. Неудобноста може да биде знак на раст. Всушност, тоа е еден вид можност да се поврзете со другите и притоа да научите нешто ново.rn

    3. Телефонот не го заменува дружењето

    rnИако телефонот ја олеснува комуникацијата на која било далечина, сепак, во никој случај тоа не е подобро отколку средбата лице в лице. Дури и кога би поминувале месеци или години комуницирајќи со некој преку телефон, не би можеле да се чувствувате исто сè додека вистински не се запознаете со личноста. Имајте на ум дека треба да ја одржувате рамнотежата помеѓу времето поминато на телефон и времето поминато во средби со луѓето.rn

    4. Телефоните се корисни, но користете ги мудро

    rnБез сомнение, телефоните се одлични за многу нешта. Тие може да ви помогнат при закажувањето состаноци, со нив имате брз и лесен пристап до информации и многу други корисни работи коишто може да ви го олеснат секојдневието. Но, не заборавајте да поставите граница помеѓу електронските уреди и вашите животи. Со сигурност можеме да кажеме дека телефоните не можат да ја заменат радоста и смеата споделени со вашите блиски, ниту пак може да ви откријат нови места и да ве запознаат со нови луѓе. Затоа, користете ги правилно доколку сакате да бидете исполнети и среќни.

  • Неочекувано: Разочарувања кои ги носи завршувањето на факултетот

    Неочекувано: Разочарувања кои ги носи завршувањето на факултетот

    После години и години образување, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш. Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања. Ова се најголемите меѓу нив.rnrn(0) Neochekuvano:Razocharuvanja-koi-gi-nosi-zavrshuvanjeto-na-fakultetot-kafepauza.mk.jpgrn

    Работата нема да ви „падне од небо“

    rnИако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение.rn

    Ниедна работа не е лесна

    rnИлузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство.rn

    Дружењата со пријателите ќе бидат поретки

    rnИако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат.rn

    Врските стануваат посериозни

    rnЉубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.rn

    Најубаво е кај родителите

    rnИако е убаво да имаш свој стан и сопствен мир, на секој му е најубаво кога ќе се врати под родителскиот кров – таму каде што сѐ е секогаш испрано, испеглано и зготвено.

  • 5 начини на кои стареењето ја менува нашата идеја за забавен викенд

    5 начини на кои стареењето ја менува нашата идеја за забавен викенд

    Кога влегувате во пубертет, сѐ што ви се врти низ глава се момчиња или девојки и излегување за викендите. Хормоните почнуваат да си го прават своето, па не е ни чудо кога за главна тема на писмената по македонски, најголемиот дел од учениците пишуваат за љубовта и излегувањата. Но, додека на тие години едвај сме го чекале викендот замислувајќи си во глава секакви забави и лудории кои ќе ги правиме, идејата за забавен викенд ни се менувала со текот на годините. А еве и како, опишано преку 5-те главни периоди на младоста.rnrn(6)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    1. Средношколски викенд

    rnСе сеќавате ли на средношколските викенди? Веројатно сите до еден ви биле исполнети со многу дружење и излегување во различни кафулиња, барови и/или по градските паркови. Викендот претставувал период од неделата кога конечно не морало да се оди на училиште, па уште од петокот вечер се собиравте со сите ваши пријатели кај некого дома, се смеевте и правевте глупости, пиевте алкохол за кој не им кажувавте на родителите, излегувавте да се забавувате правејќи се повозрасни отколку што навистина сте. Многу е можно секој следен викенд да спиевте кај различен пријател, разговарајќи до раните утрински часови и спиејќи додека не ве разбудеа за ручек. Правевте сè и сешто, но седењето дома не беше опција ни под разно.rnrn(1)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    2. Бруцошки викенд

    rnДа се биде прва година на факултет значи една од две работи: или сте меѓу оние кои не пропуштаат ниту една можна забава во градот или сте во онаа група луѓе на кои испитите им се поважни од излегувањето. И додека викендите на припадниците на втората група се исполнети со учење, овие другите уживаат во слободата која со себе ја носи студентскиот живот. Забави, лудување, дружење и многу алкохол се дефиниција за бруцошки викенд. А додека сме кај дефинициите, викенд за бруцошите е секој ден од неделата.rnrn(2)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    3. Апсолвентски викенд

    rnВреме е за малку сериозност. Или можеби од следната недела? Кога сте при крај со студиите, викендите веќе не се само за забава. На глава ви висат милион испити како последица на годините поминати во забавување, а тука се и вашите родители кои очекуваат во скоро време да одат на бранење на вашата дипломска работа. Па, наместо да одлучувате помеѓу саботното излегување и учење за испитот во вторник, решавате дека подоцна ќе размислувате за тоа додека отворате лименка пиво која заедно со пуканките ќе ве дружи додека ја гледате новата епизода од вашата омилена серија. Па така, не се чувствувате лошо што не учите бидејќи сепак сте останале дома, но истовремено и не ви е жал што не сте излезени бидејќи уживате на свој начин. А дури и ако подоцна излезете на уште едно пиво со пријателите, тоа нема да биде голема работа со оглед на тоа дека во секој случај ќе биде веќе касно за учење, а и не е дека посебно ќе се подготвувате за излегувањето.rnrn(3)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    4. Постфакултетски викенд

    rnКолку и да се обидувате да се вратите во годините кога викендот за вас претставувал само журки и забава, ужасниот мамурлак следното утро ви покажува колку е тоа всушност лоша идеја. Да, навистина се забавувавте во новиот бар кој тукушто се отвори, но дискотеката после тоа и не беше така добра идеја со оглед на тоа што во понеделник ве чека многу работа. И додека полузаспани и со едно око ги гледавте студентите кои неуморно танцуваа околу вас, истовремено се прашувавте од каде им е таа енергија и зошто вие не го можете истото кога само 2 години претходно бевте како нив? Соочете со ситуацијата – време е да бидете возрасни.rnrn(4)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    5. Возрасен викенд

    rnВикендот е единствениот период во неделата кога навистина може да се одморите и немате никакви намери да правите планови кои ќе го загрозат тоа. После напорната работна недела и сите останати обврски по завршување на работното време, голема е веројатноста дека петокот вечер ќе го поминете во кревет со добро филмче. А наместо вечер со гласна музика и многу алкохол во некој задушлив бар, сигурно дека ќе одберете мирна и тивка саботна вечер во некој ресторан каде може да уживате во добра храна со добро друштво. И да, се прашувате со кој памет младите остануваат надвор до раните утрински часови и како ли можат да ја издржат задушливата смрдеа на цигари и пот во пренатрупаните барови додека вие среќни уживате во вашата, за нив бапско-дединска вечера.rnrn(5)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrnrnВо која група се пронаоѓате вие?