КАФЕ ПАУЗА

Tag: план

  • Најдобриот начин за создавање нови навики

    Најдобриот начин за создавање нови навики

    Дали ви се случува да решите да вежбате, да почнете со редовно учење, да станувате порано или да започнете со нешто сосема ново и вашата решителност во остварувањето на овие планови да трае само неколку дена? Доколку имате проблем со создавањето нови навики, погледнете ја оваа техника наречена „не крши го синџирот“. Станува збор за едноставна, ефективна и интересна техника која ќе ве натера брзо и лесно да се придржувате до вашата листа на нови активности.Најдобриот начин за создавање нови навикиОдберете една или повеќе навики до кои би сакале да се придржувате секојдневно – Започнете со нешто поедноставно, нешто што нема да ви одзема многу време.rnrnНајдете календар – Се препорачува да биде поголем и да го поставите на некое централно место во домот за постојано да ве потсетува на тоа што треба да го направите.rnrnУпотреба на моќното „X“ – После секое завршување на активноста која сакате да ви премине во навика, прецртајте го денот на календарот со „X“ додека пак, за оние деновите кои ќе ги прескокнете – напишете кратко објаснување зошто не сте биле во можност да се придржувате до вашиот план.rnrnИстражувањата покажале дека ефективноста на оваа техника произлегува од нашата потсвесна желба за успех. Некое време по започнувањето, ќе забележите дека ќе правите буквално сè за да не го „скршите долгиот синџир“. Колку подолго се придржувате, толку повеќе ќе сакате да ги одржувате новите навики.rnrnДоследноста е клучот. Со секојдневното повторување на навиките тие стануваат постабилни, но доколку прескокнувате денови и пробувате постојано да го надокнадувате изгубеното ќе тргнете во сосема спротивна насока… Не заборавајте дека е подобро секој ден да правите по еден чекор во вистинската насока, отколку на секој трет ден по 3 неуспешни чекори одеднаш.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Must do“ листа за девојки до 25 години

    „Must do“ листа за девојки до 25 години

    Сите ние го искусуваме животот на различен начин и секоја од нас си има свои планови и очекувања. Но, ова се работите кои секоја девојка треба да ги искуси до својата 25-та година од животот. Некои се можеби банални и навидум небитни, други се од животна важност, но едно е сигурно – секој треба да се труди да извлече најмногу од тоа што му го нуди животот, но пред сè, да створи убави спомени кои се непроценливи.rnrn„Must do“ – листа за девојки до 25 годиниrnrn1. Да има завршено високо образование.rnrn2. Да има работено каква било сезонска работа.rnrn3. Да има направено сопствена фотосесија, макар со фотограф-аматер.rnrn4. Барем еден нејзин труд да биде јавно објавен.rnrn5. Да има 5-10 пара чевли кои ги обожува.rnrn6. Да има искусено сериозна љубовна врска.rnrn7. Макар еднаш да замине на одмор надвор од државата со своите пријателки.rnrn8. Да има определено свое хоби во кое ќе ужива.rnrn9. Да аплицира за работно место за кое нема доволно квалификации.rnrn10. Да има летна авантура.rnrn11. Да замине на егзотично патување.rnrn12. Да има членувано во некаква хуманитарна организација.rnrn13. Да има колекција од нејзините омилени работи.rnrn14. Да посетува часови по танцување, дури и ако мисли дека е вистински антиталент.rnrn15. Да си направи тетоважа со некаква порака и значење, може и привремена.rnrn16. Да има вистински и верен машки другар кој ќе го гледа како брат.rnrn17. Да организира нечија моминска вечер најмувајќи стриптизер.rnrn18. Да присуствува на некаков спектакл, како доделување награди, ексклузивни премиери и промоции.rnrn19. Да научи вистински да се цени и сака себеси, да го вреднува својот живот и да научи како да ги истакнува своите добри страни и да ги прикрива недостатоците.rnrn20. Да си има поставено јасна цел во животот и да започне да инвестира во својата иднина.rnrn21. Да најде сериозна работа и целосно да ù се посвети, градејќи ја својата кариера.rnrn22. Да почне да живее одделно од своите родители и да се осамостои.rnrn23. Да има прочитано барем неколку добри книги и романи.rnrn24. Да научи како малите работи да ги доживува како огромни.rnrn25. Да има организирано барем неколку забави.rnrn26. Да презема ризици.rnrn27. Да оди на кампување.rnrn28. Да си има свое преслатко домашно милениче.rnrn29. Да направи неколку значителни промени во својот имиџ.rnrn30. Да научи потези за самоодбрана.rnrn31. Да флертува бестрашно и смело.rnrn32. Конечно да се ослободи од старите работи на бившите кои останале во нејзиниот дом колку да прават неред.rnrn33. Да се гледа со „опасен“ тип.rnrn34. Да има најмалку 10 навистина незаборавни вечерни лудувања со пријателките во град и да земе активно учество во што е можно повеќе караоке забави.rnrn35. Да скрши неколку машки срца.rnrn36. Да запознае некој од своите идоли.rnrn37. Да направи неколку забранети работи.rnrn38. Да пробува венчаници со своите пријателки, и покрај тоа што ниедна не стапува во брак во блиска иднина.rnrn39. Да најде маж кој ќе ја третира како божица.rnrn40. Да се вљуби, вистински да се заљуби, чуствувајќи ги пеперутките во стомакот.rnrnЗапомнете, секогаш е во ред да имате свои планови и цели кон кои ќе се стремите, но во меѓувреме ако животот ви понуди повеќе од очекуваното, зграбете ја можноста без колебање, а ако постои нешто што сте сакале да го направите, но не сте успеале, знајте дека никогаш не е доцна. Животот можеби е краток, но е вистински прекрасен, па вреди да уживате во секој негов момент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

    Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

    Периодот во кој се слават новогодишните и божиќните празници, најчесто е проследен со многу алкохол. Се дури се слави, никој нема никаков проблем, но утрото после една весела вечер со алкохол е мачниот период. Тогаш сите велат дека тоа било нивото последно консумирање алкохол. Нормално, мамурлакот е многу мачна состојба, но сепак постојат начини како да го избегнете. Д-р Арон Мичелфердер од Универзитетот Лојола нуди неколку трикови како да се справите со ова грозно чувство. Сè што треба е да ги следните неговите инструкции.rnrnКако да го избегнете мамурлакот за новогодишните празнициrn

    Пред забавата:

    rnИспланирајте како да пиете умерено. Ова значи дека за период од 3 часа, најдобро е да се испијат 5 пијачки за машки и 3 за девојки. Поволно е однапред да знаете каков алкохол ќе пиете и да не мешате неколку видови пијалаци.rnrn

    За време на забавта:

    rn

      rn011

    • Прво јадете па потоа пијте, никако обратно. Храната ја забавува апсорпцијата на алкохолот.
    • rn011

    • Пијте бавно, не брзајте.
    • rn011

    • За да се заштитите од дехидрирање, после секој алкохолен пијалак пијте по една чаша вода.
    • rn011

    • Напијте се витамин Б.
    • rn

    rn

    По забавта:

    rn

      rn011

    • Не возете 🙂
    • rn011

    • Наспијте се убаво, не станувајте по само неколку часа спиење.
    • rn

    rn

    Следното утро:

    rn

      rn011

    • Напијте се уште еден витамин Б.
    • rn011

    • Пијте многу вода.
    • rn011

    • Направете еден тренинг, доколку можете. За време на вежбањето крвта циркулира низ телото три пати побрзо, отколку при седењето на кауч. Колку побрзо крвта исциркулира низ црниот дроб и бубрезите, толку побрзо ќе се ослободите од токсините во крвта.
    • rn

    rn

    Не е препорачливо:

    rn

      rn011

    • Пиење кафе, бидејќи може ќе ве направи суперактивни, но мамурлакот ќе ви остане.
    • rn011

    • Не водете се по народната „клин со клин се избива“. Доколку мислите дека со уште алкохол ќе го победите мамурлакот, само ќе си направите поголем проблем.
    • rn

    rnПрочитајте уште неколку бонус совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стекнете нови навики и променете си го животот

    Стекнете нови навики и променете си го животот

    „Вашата нето вредност за светот е обично одредена од она што ќе остане откако лошите навики ќе се одземат од добрите.“ – Бенџамин Френклин

    rnСтекнете нови навики и променете си го живототrnrnСекој може да си го подобри животот, воведувајќи некоја нова навика. Една по една, навиките кои ќе изберете да ги стекнете, можат да направат позитивна промена во вашата иднина и во иднината на луѓето околу вас. Еве како да го постигнете тоа низ 5 лесни чекори:rn

    1. Направете си план

    rnЗаборавете на вашите неуспеси од минатото. Закажете си датум и почнете од почеток со добар план. Планот може да вклучува некоја ваша секојдневна рутина, односно мала промена во дел од неа. На пример, сакате да почнете да медитирате наутро откако ќе станете од спиење. Вашата рутина може да гласи: будење, тоалет, медитација. Така, секој ден ќе се стремите да не правите отстапка од вашиот план. Набрзо ова ќе ви стане навика.rn

    2. Изберете си поттикнувач

    rnПоттикнувачот е некаква ситуација која ја поттикнува навиката. Ако вашата навика претходно била да пиете кафе откако ќе завршите со миењето во тоалетот, тогаш подготовката за денот во бањата била поттикнувач за пиењето кафе што било навика. Сега, навиката е променета според планот. После бањата, ќе бидете веднаш поттикнати на медитација.rn

    3. Добијте позитивен фидбек

    rnЛесно е да се откажете без признание и поддршка. Затоа треба да се фалите со вашите постигнувања и да добивате охрабрување во тешките моменти. Покрај споделувањето на чувството и постигнувањата во однос на вашата навика, добро е доколку секојдневно се потсетувате и на придобивките од неа. На пример, во случајот со медитацијата, тоа би биле задравствените придобивки.rn

    4. Кажете им на пријателите за новата навика

    rnИзвестете ги вашите следачи на Твитер, пријателите на Фејсбук и воопшто на сите социјални мрежи од ваков тип за вашата нова навика. Побарајте помош и поддршка од семејството и пријателите. Кажете им дека сте цврсто решени да успеете. Правете го ова секој ден за да не се обесхрабрите. Тоа ќе ви помогне во вашата упорност и решеност да успеете.rn

    5. Наградете се себеси

    rnНаградете со со машина за кафе или нешто друго што би ви правело мерак, но добро е да биде поврзано со вашата навика. Ако вашата навика е медитација, тогаш вашата награда може да биде убаво кафе потоа. Но, мора да се запази редот, прво медитација, после кафе. Полесно ќе си ја остварувате зацртаната цел за секое утро, доколку знаете дека како награда за тоа ќе го добиете првото утринско кафе.rnrnСтекнете нови навики и променете си го животот rn

    Вистинска приказна:

    rnТес Маршал имала 27 години кога решила да ги остави цигарите. Во тој момент била мажена, со 4 деца, две ќерки на возраст 7 и 5 години и 3-годишни близнаци. Таа не сакала да пуши пред децата, па ги користела приликите кога тие биле со бебиситерката или кога спиеле. Едно време почнала да пуши во тоалетот, со отворен прозор. Еден ден нејзината 5-годишна ќерка и затропала на вратата велејќи дека нешто мириса од внатре. Тогаш се сепнала, но брзо се прибрала, излегла од тоалетот како ништо да не се случило, иако секако била вознемирена од случката. Откако ова го споделила со нејзиниот сопруг, тој и рекол: „Тес, како што гледам имаш две опции: да ги оставиш цигарите или да почнеш да пушиш пред децата.“ Нејзината одлука била да ги остави цигарите.rnrnИсто така, таа решила да ја замени старата навика со нова, па почнала да трча. Од почетокот постојано губела воздух, но нејзината цел била да додава по една милја плус секој месец за да може да ѝ се придружи на својата сосетка во трка на 10 километри. По само 6 месеци, таа успешно ја поминала линијата за финиш. По некое време, почнале да трчаат и нејзиниот сопруг и ќерките. Набргу, сите почнале заедно да се тркаат за време на викендите.rnrnДенес, 30 години подоцна, двете ќерки на Тес работат за атлетски компании, едната трча на маратони, другата учествува во тријатлони. Така, со нејзината нова навика, таа направила промена во целото семејство.rnrnМенувањето на навиките е вештина. Многу луѓе се откажуваат бидејќи немаат добар план и се обидуваат да сменат многу работи одеднаш.rnrnСтекнувањето нови навики во иднина ќе стане уште полесна цел за вас. Ќе ја имате вештината да направите таква промена.rnrnКоја навика би сакале да ја стекнете?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    Многумина од нас, мислат дека кога нешто не им оди во животот, потребна им е некоја драстична промена. Напротив, менувајќи мали нешта во вашето секојдневие можете да си го подобрите животот на долг рок. Во овие 60 точки се содржани совети за вакви мали промени кои можете да ги практикувате во следните 100 дена, а резултатите од нив ќе ги почувствувате и многу порано.rnrnНе мора да одите по оваа листа за да направите драстична промена во вашиот живот. Од неа земете инспирација и дадете си завет пред самите себе дека според некои од нив ќе го живеете животот секој ден во текот на следните 100 дена, без исклучок.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дом

    rn1. Забележете во календар 100 работи што треба да ги средите, означувајќи по една обврска за секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Ден 1: средете ги старите списанија
    • rn011

    • Ден 2: средете ги дивидијата
    • rn011

    • Ден 2: средете ги книгите
    • rn011

    • Ден 4: средете го приборот во кујната…
    • rn

    rn 2. Во наредните 100 дена придржувајте се до овие 4 правила за да го одржите редот во вашиот дом.rn

      rn011

    • Ако извадите нешто надвор, вратете го назад.
    • rn011

    • Ако отворите нешто, не заборавајте да го затворите.
    • rn011

    • Ако нешто ви падне долу, кренете го.
    • rn011

    • Ако тргнете нешто од едно место, вратете го назад.
    • rn

    rn3. Прошетајте низ домот и пронајдете 100 работи кои сте ги толерирале, а на кои им треба поправка. Поправајте по една секој ден. На пример:rn

      rn011

    • Сменете прегорена сијалица!
    • rn011

    • Зашијте го копчето на омилената кошула!
    • rn011

    • Секогаш кога ќе отворите некој елемент во кујната, предметите паѓаат? Направете нешто околу тоа.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Среќа

    rn4. Секој ден запишувајте по 5 работи за кои сте благодарни.rnrn5. Направете листа со 20 мали нешта кои обожавате да ги правите и гледајте да правите барем по една од нив секој ден. Листата може да содржи:rn

    rn6. Запишувајте си ги важните разговори кои ги имате во вашата глава во текот на 10 дена, како позитивните, така и негативните. Бидете прецизни.rn

      rn011

    • Колку пати во текот на денот се преморувате?
    • rn011

    • Дали се чувствувате неспособно?
    • rn011

    • Дали постојано ви навираат критички мисли за другите?
    • rn011

    • Колку позитивни мисли ви доаѓаат во текот на денот?
    • rn

    rnИсто така водете забелешки за емоциите кои ги чувствувате додека ги имате овие мисли. Потоа, во текот на следните 90 дена, почнете да ги менувате вашите ментални прашања кон подобро за да почувствувате и емоционално подобрување.rn

    7. Во следните 100 дена, добро изнасмејте се барем еднаш во текот на секој ден. Посетувајте веб-сајт за вицови, купете книга со шеги или смислете нешто друго што ќе ве засмева секој ден.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Учење и личен напредок

    rn8. Изберете некоја книга која бара напор и концентрација и читајте по малку од неа секој ден, така за да ја завршите до 100-иот.rnrn9. Учете по една нова работа секој ден. Тоа може да е името на некој цвет, главниот град на некоја далечна држава или изведувачот на некоја класична музика. Ако денот ви помине без да научите нешто ново, отворете го речникот и научете нов збор.rnrn10. Престанете да се жалите во следните 100 дена. Негативните муабети предизвикуваат негативни мисли, негативните мисли произведуваат негативни резултати.rnrn11. Наместете си го алармот да ви ѕвони по една минута порано секој ден во следните 100 дена. Станувајте од кревет, штом ќе го чуете алармот. Отворете го прозорецот за да ви влезе малку сончева светлина и истегнете си го телото. За 100 дена ќе се будите час и 45 минути порано одошто сега.rnrn12. Пишувајте по 3 „утрински страници“ секој ден во следните 100 дена. Овој метод претставува едноставно празнење на совеста преку пишување на рака на оние мисли кои први ќе ви дојдат наутро.rn

    13. Во следните 100 дена, настојувајте да си го храните мозокот со оние мисли, зборови и слики кои имаат најмногу врска со она што сакате да бидете како личност, она што сакате да го поседувате или она што сакате да го постигнете.

    rn

    Подобрете си го секој аспект од животот во следните 100 дена

    rnrn

    Пари

    rn14. Направете си буџет, односно план за трошење на вашите пари. Водете сметка за секој денар што ќе го потрошите во текот на следните 100 дена за да бидете сигурни дека се придржувате до направениот план.rnrn15. Применувајте мудри тактики за трошење пари во текот на следните 100 дена:rn

      rn011

    • Наместо да појдете во маркет со вашата кредитна или дебитна картичка, појдете со кеш и со дигитрон или користете го оној кој го имате на мобилниот телефон.
    • rn011

    • Направете листа пред да одите да пазарите за да не купувате работи кои веќе ги имате во домот.
    • rn011

    • Запрашајте се дали ви е навистина потребен фиксен телефон.
    • rn011

    • Откажете ја претплатата за дополнителните ТВ канали кои реално не ви требаат.
    • rn011

    • Планирајте завршување на повеќе работи при едно излегување за да не трошите бензин или пари за автобус повеќе пати одошто е потребно.
    • rn

    rnЗабележете колку пари сте трошеле во текот на овие 100 дена благодарение на овие совети.rnrn16. Плаќајте само со хартиени пари и чувајте ги ситните кои ги добивате како кусур. Ставајте ги железните парички во касичка или во тегла и видете колку можете да заштедите за 100 дена.rnrn17. Не купувајте ништо што не ви е апсолутно потребно. Сите пари што ќе ги зачувате на овој начин, употребете ги на некој од овие:rn

      rn011

    • Раздолжете си го долгот.
    • rn011

    • Тргнете пари настрана „за не дај Боже“.
    • rn011

    • Почнете да штедите за некоја инвестиција.
    • rn

    rn18. Трошете по еден час секој ден за да смислите нов начин за пасивно добивање приход.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Време

    rn19. Во следните 100 дена, постојано носете тетратка со себе со цел да си го одржите редот во умот. Забележувајте сè на едно место. Вака ќе можете да одлучите дали да му се навратите на напишаното подоцна или не. Запишувајте вакви работи:rn

      rn011

    • идеи за работни задачи
    • rn011

    • датуми за состаноци
    • rn011

    • To Do листи
    • rn

    rn20. Забележете како го трошите вашето време во следните 5 дена. Искористете ги сознанијата од ова ваше мини-истражување за да направите паметна прераспределба на вашето време, така за процентуално да поминувате онолку време колку што сакате на секоја конкретна активност:rn

      rn011

    • превоз
    • rn011

    • работа низ дома
    • rn011

    • одмарање
    • rn011

    • активности за генерирање приход
    • rn

    rnДржете се до планот во текот на следните 95 дена.rnrn21. Идентификувајте некоја работа на која губите време, а не е многу важна и наместо на неа, посветете го тоа време на друга работа која има повисок приоритет во вашиот живот.rnrn22. Идентификувајте 5 нешта на кои редовно трошите време и ограничете си го времето кое ќе го трошите на овие активности во следниот период. На пример:rn

      rn011

    • Не гледајте телевизија повеќе од половина час на ден!
    • rn011

    • Не посветувајте повеќе од половина час дневно на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер!
    • rn011

    • Не трошете повеќе од 20 минути на ден играјќи видеоигри!
    • rn

    rn23. Во следните 100 дена, престанете со мултитаскингот. Правете ги работите една по една, без да си го одвлекувате вниманието.rnrn24. Во следните 100 дена, планирајте си го секој ден претходната вечер.rnrn25. Секој ден правете ја прво најважната задача од вашата To Do листа пред да фатите што било друго.rnrn26. Направете преглед на секоја од следните 14 недели, запрашувајќи се:rn

      rn011

    • Што постигнавте?
    • rn011

    • Дали нешто тргна наопаку?
    • rn011

    • Што тргна наопаку?
    • rn

    rn27. Во следните 100 дена, трошете по неколку минути секој ден за средување на вашето биро. Така, секој ден кога ќе пристигнете на работа ќе ве пречека чиста и организирана работна средина.rnrn28. Напишете ги сите обврски и социјални планови што ги имате за својата блиска иднина (100 дена). Потоа, со црвен фломастер пречкртајте ги оние кои не ве прават вистински среќни во животот или пак не придонесуваат кон постигнување на вашите главни животни цели.rnrn29. Во следните 100 дена, секогаш кога работејќи нешто ќе се префрлите на друга активност, запрашајте се: дали вака најдобро го користам моето време?rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Здравје

    rn30. За да ослабете 1 кг, треба да изгорите 7700 калории. Ако го намалите внесот на калории за 200 на дневна основа, за 100 дена ќе тежите 2,5 кг помалку.rnrn31. Во следните 100 дена, јадете по 5 мали порции зеленчук секој ден.rnrn32. Во следните 100 дена, јадете по 3 мали порции овошје секој ден.rnrn33. Изберете едно јадење кое постојано ви го саботира успехот во вашата диета: чипсот, пицата или омилените тестенини и откажете се од него во следните 100 дена.rnrn34. Јадете од помала чинија за да ја контролирате количината на храна што ја внесувате.rnrn35. Купувајте 100% џусови наместо оние со додадени шеќери и конзерванси.rnrn36. Наместо газирани пијалаци пијте вода.rnrn37. Направете листа со 10 здрави јадења за доручек кои лесно можете да ги подготвите.rnrn38. Направете листа со уште 20 лесни, но здрави јадења што можете да ги подготвите за ручек или за вечера.rnrn39. Изберете си 10 здрави грицки кои брзо можете да ги направите.rnrn40. Со овие листи планирајте што ќе јадете во текот на секоја недела. Планот правете го однапред за сите 14 недели.rnrn41. Во следните 100 дена, водете дневник на вашата исхрана за да забележите доколку отстапувате од планот или внесувате екстра калории.rnrn42. Вежбајте секој ден по 20 минути.rnrn43. Носете педометар и одете по 10.000 чекори секој ден. Секој чекор се важи.rnrn44. Закачете си графикон за вашата телесна тежина во бањата и секоја недела забележувајте ја вашата тежина, мастите и обемот на струкот.rnrn45. Наместете си го часовникот да ви бипка на секој час или подесете го компјутерот или мобилниот телефон. Целта е да имате потсетник за редовно пиење вода.rnrn46. Направете си дневен ритуал – медитирајте, дишете или визуелизирајте нешто во главата за да останете смирени.rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Врската со партнерот

    rn47. Следните 100 дена, секој ден барајте по некоја позитивна карактеристика кај вашиот партнер и запишувајте ја.rnrn48. Направете споменар од сите работи кои сте ги правеле со вашиот партнер. На крајот, предајте му ја листата со неговите позитивни работи, како и споменарот на вашата заедничка среќа и љубов.rnrn49. Изберете 3 работи кои ќе ги правите секој ден со цел да ја зацврстите вашата врска. На пример:rn

      rn011

    • Кажете му „Те сакам“ и посакајте му убав ден наутро.
    • rn011

    • Гушнете го вашиот сакан веднаш штом ќе се видите после работа.
    • rn011

    • Одете на заедничка прошетка секој ден после вечера притоа држејќи се за рака.
    • rn

    rnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrn

    Дружење

    rn50. Поврзувајте се со некоја нова личност секој ден во наредните 100 дена, без разлика дали ќе поздравите некој сосед со кој порано не сте си рекле „Здраво“, ќе почнете да следите некого на Твитер или пак ќе искоментирате на блог или веб-сајт каде немате коментирано порано. На пример, почнете со коментар на овој пост.rnrn51. Поставете си за цел да се дружите со луѓе на кои им се воодушевувате, ги почитувате и сакате да бидете како нив.rnrn52. Кога некој ќе каже или направи нешто што ќе ве вознемири, подзастанете за момент и размислете како да изреагирате, наместо веднаш да го испукате првото нешто што ќе ви дојде на памет.rnrn53. Не осудувајте додека не ги чуете двете страни на секоја приказна.rnrn54. Правете нешто добро за некого секој ден, макар да е и некоја мала работа како на пример упатување благослов.rnrn55. Пофалете ги и дајте им признание на оние кои тоа го заслужуваат.rnrn56. Слушајте внимателно. Кога некој ви зборува, фокусирајте се на тоа што го слушате наместо да мислите во главата што ќе одговорите.rnrn57. Сочувствувајте. Ако не се согласувате со некого, обидете се да ги видите работите од негова перспектива, ставете се во неговите чевли. Бидете љубопитни за уверувањата на другата личност, нејзините животни искуства, начинот на размислување кој ја довел до таквите заклучоци.rnrn58. Живејте го само вашиот живот без да се споредувате со други.rnrn59. Толкувајте ги акциите на другите на најдобар можен начин.rnrn60. Во следните 100 дена, запомнете дека секој го прави најдоброто што може. Исто така и вие!rnrnПодобрете си го секој аспект од животот во следните 100 денаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни фитнес совети за избегнување на жештините

    Летни фитнес совети за избегнување на жештините

    Дали сте знаеле дека вежбањето во жештина може да му нанесе стрес на срцето и на вашите гради? Вежбањето во комбинација со висока температура на воздухот, ја зголемува температурата на телото и го забрзува чукањето на срцето. Нормално, вашето тело моментално ќе се прилагоди на состојбата, но доколку премногу долго се изложите на вакви услови, можете да се доведете во ситуација на тотална исцрпност, да добиете топлотен удар и грчеви. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да си ја одржите температурата на телото на нормално ниво и да уживате во вежбањето.rnrnЛетни фитнес совети за избегнување на жештинитеrn

    1. Појдете на вежбање рано наутро или покасно попладне

    rnИзбегнувајте да вежбате во средината на денот кога сонцето е најсилно, односно во периодот од 11 до 17 часот. Доколку сепак се решите да вежбате во овој период, тогаш засолнете се под сенка, избегнувајте директна изложеност на сонце или пак правете вежби во базен.rn

    2. Намачкајте се со фактор за заштита од сонце

    rnФакторите за заштита од сонце нема да ви држат ладно, но ќе ве заштитат од горење, што ќе му овозможи на телото полесно да се излади самото. Исто така, со тоа ги намалувате шансите за рак на кожата. Без разлика каков тен имате, купете некој препарат со повисок заштитен фактор.rn

    3. Пијте течности

    rnПијте многу течности. Најпрепорачливо е да пиете вода и тоа дури и да не чувствувате жед, потпивнувајте по малку на секои 15 минути во топлите денови. Ако се потите многу, тогаш можете да вклучите и некој пијалак за спортисти, кој содржи електролити и минерали.rn

    4. Облечете се соодветно

    rnДури и да се чувствувате дека црната облека ќе ве направи да изгледате секси, подобро оставете ја и облечете бела или некоја посветла комотна маичка. Црната и другите темни бои ја апсорбираат топлината. Препорачливо е маичката да е од лесен материјал, кој ја неутрализира топлината, како што се ленот и свилата.rn

    5. Имајте резервен план

    rnИспланирајте во топлите денови да вежбате во затворен простор, а не на отворено. Најдете климатизирана сала или теретана и повторно појдете порано, бидејќи сигурно нема да сте единствените на кои им текнала оваа идеја. Исто така, доколку имате базен во близина можете да појдете таму.rn

    6. Не претерувајте

    rnКога е толку топло што и асфалтот почнува да се топи, престанете и избегајте од жештината, особено ако имате симптоми на слабост, главоболка, вртоглавица, грчеви во мускулите, забрзан пулс или гадење и повраќање. Во тие моменти застанете, појдете под сенка, пијте вода и намокрете ја кожата за да ви се олади. Доколку не ви стане подобро после 60 минути, појдете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Oстварете си ги соништата – направете план

    Oстварете си ги соништата – направете план

    Сигурно сонувате за многу работи. Поради вашите соништа веројатно многу пати во денот фаќате друг правец со мислите, а често не можете око да склопите додека навечер се обидувате да заспиете. Соништата се убави, мотивирачки и охрабрувачки, понекогаш страшни и неизвесни. Но, сами по себе соништата не ви вршат работа. Она што ви треба е план да ги остварите. Планот е всушност мапа по која треба да се раководите за да стигнете до целта – остварувањето на вашите соништа. Еве како да почнете со мапирање:rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 1: Запишете си го сонот

    rnЧинот на преточување на сонот во зборови на хартија или пак во документ на вашиот компјутер, значи дека се посветувате на него, а ова понатаму моќно ќе влијае за конечно да си го реализирате. Исто така, кога треба да запишете нешто, мора да вложите екстра напор за да размислите подобро што е она што сакате да го евидентирате како ваш сон. Можеби имате сон да станете многу богати, но ако направите план да заработувате 20.000 евра годишно, веќе имате многу поконкретна цел кон која можете да се стремите.rn

    Чекор бр. 2: Разгледајте ги можностите

    rnШто  и да претставува вашиот сон, секогаш има повеќе од еден начин за да го остварите. На пример, ако сакате да направите многу пари, можете:rn

      rn011

    • да ја смените вашата кариера, во некоја попрофитабилна
    • rn011

    • да работите повеќе за да бидете унапредени на актуелното работно место
    • rn011

    • да се запишете на факултет, за да ги завршите студиите или пак да продолжите на постдипломски студии, за да бидете поквалификувани
    • rn011

    • да започнете сопствен бизнис како претприемач
    • rn011

    • да штедите пари за некоја крупна цел
    • rn011

    • да си земете богат маж/жена
    • rn011

    • да играте игри на среќа
    • rn

    rnПостојат многу опции. Запишете ги сите, дури и оние кои не ви изгледаат реално, па дури и оние кои сметате дека се глупави и смешни. Но, некогаш глупава идеја може да ве доведе до некоја добра. Не пропуштајте ги таквите.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 3: Изберете јасна цел

    rnОткако ги разгледавте сите можности, посветете се на избирање на вистинската. Можеби на пример ќе одлучите да се пробате во друго поле на работа или пак во друга компанија, каде ќе можете да ја заработувате посакуваната плата.rnrnИзберете цел која ќе ви претставува предизвик да ја реализирате, но истовремено која е возможно да се реализира. Нема поента да изберете цел која е поставена премногу високо на скалилото. На тој начин, само повторно ќе им се вратите на соништата и на мечтаењето по нешто, за што немате конкретен план за да го постигнете.rn

    Чекор бр. 4: Поставете си краен рок

    rnМногу е полесно кога ќе си поставите рок. Но, бидете реални и не плашете се да си поставите предизвик. Колку е поголема вашата цел, толку подолг рок треба да си оставите и обратно. Доколку вашиот сон е како оној во примерот, добро е да си поставите рок од околу 3 години за да направите промена во кариерата и да заработувате колку што сакате. Добро е крајниот рок да го врзете со некој конкретен датум или настан, на пример, вашиот 35-ти роденден или пред да почне вашиот син/ќерка да оди на училиште.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 5: Запишете ги конкретните чекори за да стигнете до крајната цел

    rnОва е финалниот чекор кога треба да се посветите максимално на планирањето. За големи соништа и цели, може да ви биде од помош доколку погледнете малку наназад:rn

      rn011

    • Што се бара на работното место кое треба да го прифатите за да ја работите таа работа?
    • rn011

    • Како можам да станам квалификуван/а за работата (на пр. забрзан курс по англиски)?
    • rn011

    • Треба ли нешто да знаете/поседувате претходно (на пр. пари за да го платите курсот)?
    • rn011

    • Како можете да го реализирате тоа?
    • rn

    rnТреба да дојдете до чекор кој ќе ви постави јасна цел за да се поместите од точката каде што сте во моментот. Таква цел би била доколку на пр. решите да тргате на страна по 100 евра секој месец во наредната година.rnrnАко наидете на чекори кои не знаете како да ги завршите, обидете се да им се навратите подоцна. Најважно е да сфатите што точно сакате да постигнете за да си го остварите сонот, а тоа е првиот чекор кон негово реализирање. Имајте храброст, тоа може да ви го промени животот.rnrnКои се вашите соништа? Преземате ли нешто за да ги остварите или само мечтаете по нив?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете план на вашиот живот

    Направете план на вашиот живот

    Има една изрека која вели: „Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги твоите планови“. Но, ако ја разгледаме оваа мисла од поинаква перспектива, можеме да и дадеме една нова димензија: „Ако сакаш да го расплачеш Господ, кажи му дека немаш никакви планови“. Сите бизниси започнуваат со добар план и секој спортски тим влегува во игра, со однапред определена стратегија. За да се чувствувате исполнето и за да можете да ги реализирате вашите замисли во денешнава ера, потребен ви е добар план напишан на хартија. Во продолжение следуваат 10 причини зошто треба да направите план на вашиот живот, најбрзо што можете.rnrnНаправете план на вашиот животrnrn

    1. Правењето план ви дава насока

    rnТочно е дека животот е патување, а не дестинација до која треба да пристигнете, но човековата тенденција е секогаш да се насочи кон подобар правец во животот. За да се чувствувате хармонично и задоволно, треба самите да дефинирате што сакате и да го создадете тоа. Ако еднаш ја дефинирате вашата насока на движење, ќе можете да направите и прогрес. Ова не е лесна задача и затоа е ставена под број 1.rn

    2. Јасната насока ви дава фокус

    rnКога ќе го дефинирате патот кон кој се движите со цел да ги реализирате вашите соништа, животот веднаш станува црно–бел, во позитивна смисла на зборот. Постојат нешта кои ќе ве туркаат по тој пат, но постојат и препреки кои ќе ви го забавуваат целиот тој процес. После неколку мали обиди, ќе сфатите дека повеќето од работите кои ви се случуваат, не се одвиваат онака како што сте си замислиле. Затоа во секој момент треба да имате на ум план Б, кој веднаш ќе ви го оттргне сомнежот дека нема да успеете.rnrnНаправете план на вашиот животrn

    3. Да се има фокус, значи да се има повеќе мотивација

    rnЗа реализација на секој план е потребна енергија, исто како што на автомобилот му е потребно гориво за да може да вози. Прецизно дефинираните планови, ја поттикнуваат вашата мотивација. Кога ќе си зацртате во глава што сакате да ви се случува во животот, направете план кој ќе биде составен само од нешта кои ги сакате и во кои уживате и во кој имате верба.rn

    4. Фокусирањето кон реализација на плановите, ви помага да ги поставите приоритетите

    rnПостојат многу нешта кои треба да се направат во текот на животот. Колку поамбициозни планови кроите, толку повеќе нешта ќе треба да реализирате. Но, јасно конструираниот план на живот, ќе ви помогне да ги забележите оние активности кои најмногу придонесуваат за негово успешно реализирање.rn

    5. План на животот

    rnЕдна од најбитните причини зошто треба да си го организирате вашиот живот, е бидејќи правењето планови ќе ги потенцира вашите недостатоци. Дали можеби сте неискрени, вештачки, тврдоглави, површни или имате некоја друга мана во вашиот карактер? Со самото тоа што ќе ги запишете работите кои не ви се допаѓаат кај себеси и кои сакате да ги промените, природно ќе бидете мотивирани да започнете да работите на себе, за да ги елиминирате препреките на патот кон вашиот успех.rnrnНаправете план на вашиот животrn

    6. Елиминирањето на вашите „слаби точки“ ќе ви ја зацврсти самодовербата

    rnКога еднаш ќе ги идентификувате вашите слаби точки и ќе ги забележите на лист хартија за да не ги заборавите, ќе почнете да работите на нивно коригирање, а со самото тоа вашата верба во себеси ќе почне да расте. Се разбира, основата на која се базира вашиот план на животот, е токму вашата непоколеблива верба во себеси, дека вие можете да направите буквално сè.rn

    7. Да се има самодоверба и енергија, значи да се има душевен мир

    rnКога работите во вашиот живот се неизвесни, мозокот почнува да ви лута на милион различни страни, што ви ги зголемува чувствата на нервоза и немир. Но, кога нештата се јасно дефинирани и запишани за да можете секојдневно да се потсетувате на вашите животни амбиции, не би и дозволиле на нервозата да завладее со вас. Резултатот од тоа е смиреност и хармонија.rnrnНаправете план на вашиот животrn

    8. Добро смислениот план носи резултати

    rnПлановите ги создаваме со цел да постигнеме некаков резултат. Многу е полесно нешто да реализираме, ако претходно го дефинираме тоа што се обидуваме да го постигнеме. Докажано е дека поуспешно ќе ја завршите работата од секаков тип, ако претходно за истата имате изготвено план по кој ќе се држите.rnrnНаправете план на вашиот животrn

    9. Неуспешноста на некој план значи стекнување искуство

    rnАко работите не ви се одвиваат според планот, тогаш променете го. Имате насоки, имате цели, но реалноста се променила. Способноста за квалитетно обмислување планови е процес на учење, така што мора да сфатите дека успесите и неуспесите се дел од него.rn

    10. Крајна цел: среќа

    rnСите претходни точки за тоа како да правите планови, се базираат на последнава – чувството на среќа, хармонија и задоволство од сами себе кога ќе постигнете некаков успех во животот. Тежнеењето кон среќа, е причината зошто правите планови во животот, зошто воопшто правите што било. Ако целта на вашиот план е да бидете среќни и имате смислено што сè треба да направите за да се случи тоа, тогаш со самото тоа, значително ги зголемувате шансите тоа навистина да се случи.rnrnНаправете план на вашиот животrnrnЗапомнете дека планови се прават само за крупните нешта. А вашиот живот е крупна работа. Запишете на лист хартија кои работи ве прават да се чувствувате исполнето и започнете да работите во насока на нивно реализирање, со голема жар и енергичност како да работите на некој голем проект. Размислувајте што сакате, зошто токму тоа го сакате и што (во најситни детали) треба да направите за тоа да се случи. Кога вие ќе станете сериозни за вашите планови, никој нема да ви се смее за нив.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.