КАФЕ ПАУЗА

Tag: план

  • Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Понекогаш, соочувањето со траумите од поранешната љубовна врска е една од најтешките работи во животот. Дали сметате дека вашата сегашна врска ќе функционира нормално ако не се справите со траумата од претходната?rnrnКако да се справите со траумата од претходната љубовна врска?rnrnКолку и да сакаме во веруваме во старата поговорка дека „времето лечи сè“, сепак тоа е лага. Дури и ако сме доживеале траума пред десетици години, сè уште може да ги чувствуваме негативните последици. Таквите последици можат да остават длабоки траги, особено во нашите односи со другите.rnrnСепак, постојат начини како да ја надминете траумата од претходната врска така што нема да ви влијае врз сегашната. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.rn

    Споделувајте ги вашите чувства со партнерот

    rnМожеби една од најтажните работи кај луѓето е тоа што честопати нивните мисли остануваат неискажани па затоа тие не наидуваат на разбирање од другите. Токму затоа, неопходно е да зборувате со партнерот и да му оставите до знаење како тие трауматски настани влијаеле врз вас. Освен тоа, неопходно е партнерот да биде во тек со она што ви се случува. Ова ги вклучува сите непријатни мисли, кошмари и чувства на лутина или срам. Не заборавајте дека партнерот нема да може да ви помогне доколку не му дозволите.rn

    Направете план за справување со вашите мисли и споделете го со партнерот

    rnКога еден куп мисли ве мачат, тешко е да се ослободите од нив преку процесот на исцелување. Но, доколку го споделите планот со вашиот партнер, тој сигурно ќе ви помогне. Важно е да им дозволите на негативните емоции да излезат на површина. Доколку продолжите да ги чувате во себе не само што ќе биде нарушено вашето ментално здравје туку најверојатно тоа ќе биде причина и за влошување на односот со партнерот.rn

    Траумата нека ви послужи како инспирација

    rnЗа побрзо ослободување од негативните чувства, можете да ги пренесете на лист хартија. Сепак, доколку пишувањето не е ваша силна страна, можете да користите и други форми преку кои ќе направите длабока анализа на она што ви се случило – танц, песна, уметност, сè што ќе ви овозможи да го раскажете она што ви се случило. Сигурно ќе се чувствувате подобро на крајот од целиот процес.rn

    Разговарајте со терапевт

    rnСосема е нормално да чувствувате страв од опишување на траумата која веќе сте ја доживеале. Не е воопшто лесно да се сеќавате на болните искуства од минатото, без одново и одново да почувствувате болка. Во тој случај можете да контактирате терапевт кој ќе ви ги даде потребните насоки за како најдобро да се справите со тоа.rnrnОткако прочитавте како да се справите со траумата од претходната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?

    Како вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?

    Веќе подолго време планирате да воведете одредени новини во негата на вашата кожа со цел да обезбедите помлад, посветол и посвеж изглед на кожата, но никако да го спроведете тој план на дело бидејќи не сте сигурни од каде да започнете. Овој план ќе ви ги обезбеди потребните насоки како да направите вашата кожа да изгледа помлада и да ви помогне да ја постигнете целта. Но, важно е да бидете доследни.rnrnКако вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици?rn

    ПРВА НЕДЕЛА

    rn

    Не излегувајте од дома без заштитен фактор

    rnБез сомнение, секојдневното нанесување крем со заштитен фактор е најважната работа што можете да ја направите за да ја заштитите кожата од (предвремено) стареење. Нанесувајте крем за сончање на вашата кожа секое утро.rn

    Зголемете ја дозата на антиоксиданти

    rnМожеби ви звучи премногу, но експертите сепак препорачуваат пет порции овошје и зеленчук на ден. Некои од овие намирници ефикасно го забавуваат процесот на стареење. Исто така, дерматолозите веруваат дека антиоксидантите што ги консумирате се подеднакво ефикасни како и оние од козметиката.rn

    Обезбедете повеќе (квалитетен) сон

    rnНедостатокот на сон се манифестира со очигледни знаци на стареење (темни подочници, губење на сјајот на кожата итн.), како и со помалку очигледни (зголемување на телесната тежина, намален имунитет и сл.). Затоа, обидете се да обезбедите седум до девет часа квалитетен сон ноќе. Обидете се да легнувате и да станувате во приближно исто време бидејќи организмот сака рутина.rn

    ВТОРА НЕДЕЛА

    rn

    Освежете ја кожата

    rnНајефикасен начин за да го направите тоа е пилингот. Правете пилинг двапати неделно.rn

    Сменете ја вашата рутина за шминкање

    rnАко имате повеќе од 34 години, обидете се со овие методи:rn

      rn 011

    • Извиткајте ги трепките. Со текот на годините, трепките стануваат потенки, па затоа треба да ги виткате секој ден.
    • rn 011

    • Руменило. Сега веројатно не мора да се смеете додека нанесувате руменило, бидејќи масното ткиво на лицето се намалува со текот на годините. Шминкерите советуваат да се нанесува руменило на јаболчните коски во нормална положба.
    • rn 011

    • Нацртајте ги очите. Нацртајте тенка линија со темно моливче по должината на работ на горните трепки. Надворешниот крај треба да биде малку подебел и повлечен нагоре.
    • rn

    rn

    ТРЕТА НЕДЕЛА

    rn

    Пијте многу течности

    rnПиењето доволно вода во текот на денот е апсолутно најдобриот начин за правилно хидрирање на кожата и на телото.rn

    Хидрирајте ја кожата како професионалец

    rn

      rn 011

    • Ограничете ја употребата на сапун. Некои експерти советуваат дека наутро е доволно да се миете само со топла вода.
    • rn 011

    • Обезбедете ги потребните состојки. Глицерин, хијалуронска киселина и церамиди се трите супстанции кои обезбедуваат правилна хидратација.
    • rn 011

    • Нанесете го производот на влажна кожа. Откако нежно ќе ја апсорбирате водата од лицето со крпа, веднаш нанесете хидратантен крем. На тој начин, ќе ја задржите влажноста на кожата подолго време.
    • rn

    rn

    ЧЕТВРТА НЕДЕЛА

    rn

    Заштитете ја кожата

    rnИсто како кожата на лицето, мора да ги заштитите и рацете и вратот со крем со заштитен фактор.rn

    Внесете масти во вашата исхрана

    rnСе разбира, мислиме на здрави масти – оние што се подеднакво корисни за здравјето и за изгледот на кожата. Незаситените масти се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото и лененото семе. Исто така, јадете по 30 грама јаткасти плодови повеќето денови во неделата и мрсна риба три пати неделно.rn

    Забрзајте го сјајот на кожата

    rnКупете масло од семе од шафран и чувајте го во бањата. Оваа намирница е богата со линолеинска киселина, која телото ја користи за синтеза на церамидите, кои се клучен дел од заштитната бариера на кожата. Нанесете го ова масло на кожата на телото додека е сè уште влажно (по туширањето).rnrnПрочитајте кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожата.

  • 7 венчавки кои не поминале според плановите, но сепак изгледале прекрасно

    7 венчавки кои не поминале според плановите, но сепак изгледале прекрасно

    Сите венчавки изгледаат прекрасно кога ги гледаме на Инстаграм. Тие исто така се неверојатно убави и во живо, но сепак, секогаш постојат работи кои не можеме да ги видиме за време на овие церемонии. На пример, цвеќињата можеби пристигнале 2 часа подоцна од што требало или угостителот се разболел во последната минута, па потребни биле часови да се најде негова замена и слично. Постојат многу приказни за венчавки кои не поминале според планираното, но тоа не значи дека тие не изгледале прекрасно на социјалните мрежи подоцна. Всушност, дури не мора да значи и дека не биле прекрасни за време на нивната изведба.rnrn(1) 7-venchavki-koi-ne-pominale-spored-planot-no-sepak-izgledale-prekrasno-www.kafepauza.com.mkrnrnСмешни, возбудливи, а понекогаш и застрашувачки, овие приказни кои не поминале како што биле планирани ни покажуваат дека љубовта е единствената работа која е важна.rn

    1. Бесплатна торта

    rn

    „Пијан цвеќар ни ја турна нашата прекрасна торта на подот 2 часа пред да пристигнеме на приемот. Слаткарот имаше друга торта слободна, па направил импровизација. Планерот на свадби го криеше ова од мене, бидејќи мислеше дека ќе почнам да паничам. А јас дури не ни забележав дека тоа не е вистинската торта. Цвеќарот ја плати тортата и цвеќињата ни беа бесплатни.“ – Лиса, 56

    rn

    2. Нека силата биде со тебе

    rn

    „Поголемиот ден од венчавката се одвиваше според мојот план, но на татко ми не му се допадна воопшто тематската мелодија на Дарт Вејдер која свиреше кога тој беше претставен.“ – Ешли, 31

    rn

    3. Што се случува во Вегас…

    rn

    „Свадбена капела во Вегас: Кошмар!“ – Миси, 33

    rn

    4. Персоналот стана безобразен

    rn

    „Само што се венчав на 8-ми јуни! Нашиот службеник излезе дека е луд и згора на сите останати проблеми, нашите бармени не ја вршеа работата како што треба.“ – Наталија, 30

    rn

    5. Ураганот Упс!

    rn

    „Мојата венчавка се одвиваше за време на ураган. Имавме покането гости од сите страни на Америка, за да дојдат и да прослават со нас во Алабама, но тогаш се појави ураганот Нејт. Завршивме само со околу 35 гости. Но, сè друго беше магично.“ – Моника, 28

    rn

    6. Совршена глетка

    rn

    „Требаше да се венчаме на кровот на облакодерот во Чикаго, но дождот нè натера да се венчаме пред најдобриот професионален тркач со автомобили, Џои Амато.“ – Меган, 24

    rn

    7. Каде е прстенот?

    rn

    „Тој го изгуби прстенот. Ја направи единствената работа која не смеете да ја направите. Ја изведовме церемонијата со прстенот на мајка му, а подоцна тој го пронајде изгубениот. Знаев дека ќе биде смешно во ретроспектива, но во тоа време не беше воопшто.“ – Кери, 33

    rnКако што можете да забележите, постои простор за грешки на венчавките, и тоа е сосема во ред. Не е ваша вина што венчавката не поминала според планот, и се надеваме дека со овие приказни ќе сфатите дека тоа се случува често. Подоцна кога ќе се присетите, ќе се смеете, исто како луѓето што ги споделија овие приказни. Доколку правите венчавка наскоро, без разлика што и да се случи, уживајте во вашиот специјален ден! Не станува збор за тортата, декорациите или музиката… Станува збор за вашата љубов!rnrnПогледнете ги и овие урнебесни и чудни фотографии од руски венчавки.

  • 10 начини да имате епско лето кога сте млади, шворц и отворени за авантура!

    10 начини да имате епско лето кога сте млади, шворц и отворени за авантура!

    И покрај тоа што повеќето од нас сакаат да го дочекаат летото со отворено срце и најмодерните шапки, постои едно нешто што можеби нѐ држи приземјени. За жал, нашите „лесни“ паричници не можат да го поднесат притисокот на следната сезона колку што можат да си замислат нашите надежи и желби. Битката е многу реална кога сте млади, спонтани авантуристи што истовремено се и шворц. Токму затоа погледнете ги следниве 10 начини на кои сѐ уште ќе можете да го имате најдоброто лето досега, дури и ако вашиот паричник е целосно празен.rnrn(2) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mkrnrn1. Ако живеете во близина на плажа, обидете се да испланирате што е можно повеќе денови што ќе ги поминете таму. Едноставно „паркирајте“ си го задникот на песокот и впијте што е можно повеќе сончеви зраци.rnrn2. Соберете ги пријателите и тргнете на планинарење. Спакувајте ранци со закуски, вино и чоколадо… и направете си огромна авантура без да дадете ниту еден денар за превоз. Кога ќе уживате од врвот, ќе сфатите дека тоа е живеење!rnrn3. Наместо да ги трошите парите што ги немате за фестивали или концерти, направете тематска забава во вашиот двор. Назначете диџеј или оформете бенд од поталентираните пријатели (доволна е и само една личност што знае да пее и микрофон), ставете светки во косата и лудувајте цел викенд!rnrn(1) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mkrnrn4. Соберете ги пријателите и организирајте натпревар во правење пици. Поделете се во тимови, засукајте ги ракавите и нека победат најдобрите! Поделете се во повеќе групи, облечете тимски бои и тргнете во луда авантура.rnrn5. Направете пикник во вашиот дом, така што ќе постелите ќебе во дневната соба и ќе ги соберете сите друштвени игри што ги имате во домот. Кажете им на пријателите да донесат по нешто за јадење и пиење, што потоа ќе го ставите на средина и подгответе ја камерата за забавен ден на затворено.rnrn6. Наместо да одите на вечера, испланирајте скара на плажа или во парк, во близина на вашиот дом. Направете го искуството уште подобро така што ќе донесете топка или рекети и ќе се забавувате со пријателите до доцните вечерни часови.rnrn(4) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mkrnrn7. Истражете ги најевтините летови за околните држави, и ако сте вистински авантурист, впуштете се во „сурфање на каучи“. Станува збор за веб-сајт што ќе ви помогне да најдете бесплатно сместување во нечиј дом и шанса за евтино разгледување на сосема нов град.rnrn8. Почнете со волонтирање. Ќе запознаете цел тон нови луѓе, додека истовремено ќе правите и нешто што ќе ја „храни“ вашата душа.rnrn9. Направете спа во сопствениот дом. Подгответе малку сангрија, направете си пенлива бања во којашто ќе можете да уживате и прочитајте неколку глави од новиот романтичен роман што го купивте на последниот саем на книги.rnrn(3) 10-nachini-da-imate-epsko-leto-koga-ste-mladi-shvorc-i-otvoreni-za-avantura-www.kafepauza.mkrnrn10. Нацртајте мапа со скриено богатство низ вашиот град. Поделете се во повеќе групи, облечете тимски бои и тргнете во луда авантура.rnrnПогледнете ги и овие 15 фотографии со брзи решенија кои ќе ги разберат само студентите кои се шворц!

  • 5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та година

    5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та година

    Како што се приближува крајот на оваа година, така повеќе луѓе почнуваат со подготвувањето за претстојната 2017-та. Тие ги планираат своите цели што сакаат да ги остварат, обврските што им следуваат, а ги подготвуваат и своите финансиски планови. Иако е добро да ги намалите трошоците за наредната година, сепак, постојат некои работи кои треба да ги вклучите во вашиот буџет, а кои ќе ви го направат животот поубав и поисполнет. Еве за што станува збор.rnrn5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та годинаrn

    1. Патувања

    rnПатувањето е инвестиција која секогаш е исплатлива. Животот е премногу краток за да чекате што било. Затоа, во вашите финансиски планови за наредната година, вклучете некое големо патување. Изберете дестинација која веќе одамна сакате да ја посетите и посветете се на организирањето.rn

    2. Домашни миленици

    rnВие можете да имате многу предности доколку имате крзнен пријател во вашиот дом. Тој ќе ве научи како да се грижите за некој покрај вас, а ќе ви даде и безусловна љубов. Исто така домашните миленици може да ве направат поздрави, односно, одредени студии покажуваат дека луѓето кои чуваат домашни миленици вообичаено имаат понизок крвен притисок и пониско ниво на холестерол. Затоа, не двоумете се да го збогатите вашиот живот со некој крзнен, четвороножен пријател.rn

    3. Образование

    rnОбразованието е тековен процес. Само затоа што сте добиле диплома, не значи дека сте го завршиле вашето учење. Па, одвојте дел од вашите финансиски средства за да изучувате некој нов јазик, нова вештина или нов спорт. Пронајдете го она што најмногу ве интересира и збогатете го вашето знаење оваа година што доаѓа.rnrn5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та годинаrn

    4. Технологија за во вашиот дом

    rnБидејќи живееме во свет управуван од технологијата, потребно е да почнете да вложувате во современи апарати за вашиот дом. Затоа, при планирањето на финансискиот буџет за претстојната година, имајте ги предвид и вложувањата во технологијата за вашиот дом, што ќе ви помогнат да заштедите време, да бидете организирани, а понатаму дури и да заштедите пари.rn

    5. Фитнес

    rnГубењето тежина и останувањето во форма се цели кои многумина луѓе си ги поставуваат во новата година. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш зачленете се во фитнес група или пак инвестирајте во домашна опрема за вежбање. Иако од почетокот ова бара повеќе вложување, на долг рок придобивките ви се јасни. Здравиот начин на живот може да ви го намали стресот, да ви ја зголеми енергијата и да ви го продолжи животниот век.rnrnДоколку сакате претстојната 2017-та година да ја направите поубава од претходната, погледнете кои нешта треба да ги заборавите, за да донесете големи и позитивни промени во вашиот живот!

  • Зошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?

    Зошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?

    Постои општо верување дека никој не може да успее во животот доколку не дипломира. Токму затоа и многумина се запишуваат против нивната желба на факултет за кој и не се заинтересирани многу. Главната мотивација им е самата диплома и идејата што таа би можела некогаш во иднина да им донесе. И да, понекогаш тоа навистина и случува. Вие ќе го завршите факултетот и со помош на вашата диплома ќе ја најдете работата од соништата. Но, најчесто реалноста е многу спротивна.rnrnЗошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?rnrnСпоред едно неодамнешно истражување, голем број студенти се запишуваат на факултет со план Б. Со други зборови, имаат 2 различни идеи на каде би сакале животот професионално да им се движи. На пример, да замислиме дека сакате да бидете професионални танчари, бидејќи цел живот сте танцувале и навистина сте добри во тоа – но, под притисок на најблиските, сте запишале правен факултет за да можете да имате подобро платена работа. Во овој случај, план А е дипломата, а план Б е вашата кариера како танчари.rnrnРезултатите од истражувањето покажале дека имањето план Б го прави планот А малку потежок за остварување. Кога имате „безбедносна мрежа“, паѓањето веќе не ви се чини толку страшно. Токму затоа и нема да се трудите толку многу за да ја остварите вашата основна цел. Баш напротив, и особено ако не ви се допаѓал изборот на факултетот, вие повеќе ќе се стремите кон резервниот план, несвесно саботирајќи го основниот. Вие би биле просечен правник, некој кој го ја работи својата работа само колку да добие плата и нема воопшто да се борите за напредок. Па, тогаш зошто за џабе да го губите времето за нешто што со сигурност води кон неуспех? Замислете само колку би постигнале како танчари доколку тие 4 или 5 години поминати во студирање или дупло повеќе во рамките на таа кариера, сте ги посветиле на усовршување на вашата техника. Можеби би успеале и да се здобиете со светска слава.rnrnНе велиме дека треба веднаш да се откажете од факултетот или од работата и да се предадете целосно на вашата страст. Особено ако веќе имате изградено стабилна кариера, дури и ако не сте задоволни од своето работно секојдневие. Но, сепак размислете – што би работеле, доколку со сигурност знаете дека би успеале?

  • 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

    3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициран

    Живееме во ера на експлозија од информации. Од сите страни до нас допираат различни вести, слики, зборови… Поради тоа чувствуваме голема загуба на квалитетот на нашето време бидејќи постојано се обидуваме да го поделиме вниманието и да бидеме во тек со сите нешта нешта. Пред нас се компјутерите, смартфоните, телевизијата… Секојдневно имаме огромна листа на задачи кои треба да ги завршиме, а најмногу страда нашиот мозок, кој некогаш едноставно не може да се справи со толкав број информации.rnrn(0) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициранrnrnЗатоа, мора да подзастанеме понекогаш и да размислиме на што го трошиме најчесто нашето внимание. Кога ќе се почувствувате исцрпено и ќе почнете да чувствувате дека животот ви станал премногу комплициран, при што повеќе значење давате на квантитетот, отколку на квалитетот, можете да преземете неколку едноставни чекори. Писателката и животниот тренер, Марта Бек, препорачува три начини преку кои ќе успеете да ја зачувате едноставноста во моментите кога ќе почувствувате дека животот станува премногу комплициран и полн со обврски.rn

    1. Прифатете дека не можете сè да постигнете

    rn(1) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициранrnrnЕдноставно прифатете дека не можете да го прочитате секој имејл, да одговорите на секој повик, да бидете дел од секој настан и да го комплетирате секој проект во предвидениот рок. Поедноставете си го животот со тоа што ќе го контролирате времето преку управување на вашето внимание. Поставете си приоритети и дајте сè од себе да ги исполните нив, а останатите работи, кои најчесто само ви го одвлекуваат вниманието, запишете ги најдолу во вашата листа на обврски.rn

    2. Започнете го денот со чист план

    rn(2) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициранrnrnБек препорачува секој ден да се започнува со чист план за тоа на што ќе го посветите вашето внимание. Во спротивно, вашето внимание може да се распрска на сите страни, а на крајот од денот да бидете сосема незадоволни затоа што не сте завршиле ниту една од поставените задачи и цели. Листата со приоритетни обврски мора да биде подготвена од вечер или рано наутро. Затоа, кога ги планирате обврските, замислете си слика во која ќе го визуализирате денот кој следува, како и блиската иднина за да имате точна претстава за тоа како би било најдобро да ги поставите обврските. Најважно е да почувствувате дека имате контрола над времето и дека можете да го организирате според вашите потреби.rn

    3. Ослободете се од нештата кои ви го одвлекуваат вниманието

    rn(3) 3 начини да ја зачувате едноставноста кога животот станува комплициранrnrnСекогаш фокусирајте се директно и целосно на задачата пред вас. На тој начин, ќе успеете да се ослободите од нештата кои непотребно ви го одвлекуваат вниманието, а ќе почувствувате дека вашата концентрација се подобрува со текот на времето. Затоа, кога ќе почнете да работите една работа сосредоточете ги мислите единствено на таа работа, без телефоните и компјутерите околу вас, кои се најголемите одвлекувачи на вниманието.

  • 6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен план за личен развој

    6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен план за личен развој

    Без оглед на тоа колкаво е нашето животно искуство и колку сме работеле на тоа да се запознаеме себеси, секогаш има простор за личен развој. Но, секогаш се јавува прашањето од каде да се почне и како да се организира целиот тој процес на личен напредок. Следниве 6 совети за создавање на вашиот план за личен развој ќе ви помогнат да добиете појасна слика за она што сакате да го постигнете и како да го сторите тоа.rnrn6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен планrn

    1. Запишувајте ги вашите идеи

    rnПостојат неколку работи кои веднаш се појавуваат во умот кога размислувате за личниот напредок. Ако ги запишете тие работи, вашите идеи ќе продолжат да течат и ќе можете да ги согледате претходно незабележаните врски помеѓу различните аспекти од вашите особини и способности.rnrnМногу корисно е користењето на ментални мапи. На пример, можете да ставите неколку клучни теми во непосредна близина на централниот дел од листот (како што се „тело“, „интелигенција“, „креативност“ и „емоции“) и потоа да нацртате гранки кои ќе излегуваат од секоја тема.rnrnПотоа, можеби ќе сфатите дека има простор за емоционален развој во областите на позитивно размислување и самодоверба, додека запишувате работи како што се „научи нов инструмент“ и „најди повеќе време за читање“ во полето посветено на креативноста. Овој процес може да ви даде јасна слика за она што е важно и да ви ја прошири перспективата на вашиот начин на живот.rn

    2. Размислете за вашите постоечки таленти

    rnПри изработката на вашиот план за личен развој, не треба да се фокусирате само на вашите потешкотии, на работите кои ги игнорирате или на она што го сметате за ваша слабост. Направете листа на сите ваши вештини, а потоа запишете некои работи во кои сте навистина добри. Тоа се таленти кои можат да бидат усовршени и кои ќе ја стимулираат вашата самодоверба, така што ќе можете да ги постигнете сите ваши замислени цели.rn

    3. Бидете точно одредени

    rnДоколку сте запознаени со законот на привлечност, веројатно веќе знаете колку е важно да се биде точно одреден. При поставувањето на какви било цели, паметно е да експериментирате со зборовите додека не ја најдете апсолутно точната верзија на вашата цел. Па, така, ако една од областите на вашиот план за личен напредок вклучува стекнување поголема самодоверба, обидете се тоа да го прецизирате. На пример, можете да одлучите да направите две презентации во следните 6 месеци, да го намалите нивото на социјална анксиозност во поголеми групи и да научите да го цените вашиот физички изглед.rnrn6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен планrn

    4. Не поставувајте премногу цели одеднаш

    rnЛичниот развој е доживотен проект, затоа немојте да мислите дека веднаш морате да работите на секоја област. Наместо тоа, одберете неколку цели на кои ќе се фокусирате во наредните неколку месеци или година, во зависност од големината на тие цели.rnrnЗамислете си што би се случило доколку одлучите истовремено да почнете со учење нов јазик, да излегувате повеќе, да развивате позитивно размислување, пољубезно да се однесувате кон вашето тело и да го негувате вашиот талент за свирење пијано. Голема е веројатноста дека една или повеќе од тие цели ќе отпаднат или ќе продолжите да работите на нивното остварување, но на многу површен начин. Одвојте ги најважните области за развој кои навистина ќе ви помогнат да живеете живот каков што отсекогаш сте посакувале и усовршувајте ги само нив.rn

    5. Чекор по чекор до успехот

    rnВистинските резултати од секоја област во вашата програма за личен развој, многу подобро ќе ги воочите доколку имате јасен план за постигнување на целите. Обидете се да изведете неколку чекори кои треба да ги преземете (мини цели на патот кон вашата голема цел) и извршувајте ги систематично.rnrnНа пример, доколку сакате да ја зголемите вашата самодоверба, можете да започнете со намерна интеракција со нова личноста секој трет ден, а потоа да продолжите со изразување на вашето мислење на поголеми собири, пред конечно да се одлучите на тежок јавен говор или некој друг вид на јавна изведба.rnrnСепак некои цели ја немаат таа линеарна структура. За тие видови цели можеби ќе ви биде покорисно да наброите 5-10 активности кои би можеле секојдневно да ги извршувате во служба на вашата цел. Ако сакате да станете попозитивни, можете да водите дневник на благодарноста, да изговарате позитивни афирмации или да биде хумани преку разна волонтерска работа.rn

    6. Редовно размислувајте за себе

    rnБез оглед на тоа каков е вашиот план на личен развој, важно е да го следите вашиот напредок и да размислувате за тоа како се чувствувате. Пишувањето дневник на личен развој може да ви помогне да ги препознаете и совладате пречките и ограничените верувања кои би можеле да ви застанат на патот.

  • 6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас

    6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас

    Кога имате некаква идеја или проект во кој верувате, тоа е исто како да имате дете или милениче. Вам ви е грижа, ги браните, поминувате голем дел од времето мислејќи на нив, им помагате да растат и да се развиваат. Идеите се едни од нашите најголеми дарови и од нив никогаш не треба да се откажуваме.rnrn6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за васrn

    1. Постои разлика помеѓу одложувањето и откажувањето од идеите

    rnПостои фундаментална разлика помеѓу откажувањето и остварувањето на идеите до крај, и потоа одлуката донесена со мирна и ладна глава, дека е време да се премине на нешто друго. Кога се откажувате, вие продолжувате да го носите тој товар и понатаму – мислите на него, се прашувате „Што би било кога би било…“, а можеби дури и жалите. Тоа се разликува од борбата за идејата, која завршува така што ќе продолжите понатаму.rn

    2. Го поврзувате откажувањето со неуспехот

    rnКога вложувате во своето срце, а потоа сфаќате дека тој пат не е тоа што сте очекувале или сакале и потоа преминувате на нешто друго, тоа е една работа. Но, ако се впуштате во нешто и потоа веднаш се откажувате, тоа е нешто сосема поинакво. Немојте да се откажувате уште на самиот почеток. Немојте да се задоволувате со неуспехот. Борете се за идејата, а ако сакате да се откажете тогаш направете го тоа откако ќе бидете сигурни дека сте дале сѐ од себе.rn

    3. Се претвора во навика

    rnСемејното воспитување има голем удел во истрајноста. Кога постојано се откажувате од работите, тогаш целата работа ќе ја гледате како пропуштена шанса и ќе се навикнете да размислувате на тој начин.rn

    4. Ја уништува вашата репутација

    rnАко се откажете од работата која вклучува повеќе луѓе, тие тоа нема да го заборават. И нареден пат, кога ќе се појави нова шанса, тие ќе ве гледаат како „оној кој се откажува“. Сосема е во ред ако сакате да преминете на некој друг проект или идеја, но направете го тоа на професионален и прикладен начин.rn

    5. Никогаш нема да дознаете како можело да биде

    rnАко не дозволите идејата да созрее, никогаш нема да знаете што можело да биде, како тогаш би се развивала ситуацијата, во која насока би одел вашиот живот. Можеби не би донело големи промени, туку чекор по чекор би ве однело во друг правец.rn

    6. Ја губите самодовербата

    rnИ за крај, најглавната причина зошто никогаш не треба да се откажувате е тоа што ќе се посомневате во својата способност да се соочувате со проблемите во иднина. Создавањето на нешто вредно, работата на креативноста секогаш се сведува на тоа колку верувате во себе и своите идеи. Не мора да имате врска со талентот или со тоа „кого го познавате“. Сѐ се сведува на суровата основа на самодовербата и подготвеноста да ги водите идеите до крај. Некогаш откажувањето изгледа како брзо решение на моменталните проблеми, но прашањето е што е добро на долгорочен план?rnrnНе откажувајте се. Не вреди.

  • Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

    Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

    Животот може да биде навистина стресен, но дали некогаш сте забележале дека одредени жени изгледаат постојано енергично? Дури и во оние ситуации кои делуваат како да избегале од контрола, овие жени покажуваат неверојатна ведрина. Изгледа тие имаат неколку трикови скриени во нивните ракави, што им помагаат дури и во најтешките моменти да изгледаат ведро, енергично и силно. Откријте кои се нивните тајни.rnrnТајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“rn

    Тие одржуваат детален календар (но, не му дозволуваат да владее со нивниот живот)

    rnПодготовката е клучна, но и адаптирањето е исто толку важно. Направете распоред и држете се до него, но имајте на ум дека е сосема во ред доколку одвреме-навреме направите одредена промена. Без разлика дали вашиот колега работи премногу бавно или пак, вашите деца се задржале на курсот по странски јазик, постојано потсетувајте се дека некои нешта се едноставно вон ваша контрола и најдобриот начин да се справите со нив е да се адаптирате.rn

    Тие секогаш тргнуваат порано

    rnКолку пати ви се случило да верувате дека можете да стигнете некаде за 20-тина минути, но реално да станува збор за саат време. Размислете, потребни ви се околу 5 минути да излезете од дома, па како и секогаш, да заглавите во сообраќај и згора на сè да мора да поминете и од бензинската станица за да го наполните вашиот празен резервоар… Одеднаш сфаќате дека веќе доцните 30 минути, а потребни ви се барем уште 30 минути за да пристигнете до вашата дестинација. Токму затоа и секогаш додавајте барем 20-тина минути плус на вашата претпоставка за потребно време да пристигнете некаде со цел да не доцните често и притоа да се нервирате.rn

    Тие знаат како да кажат „не“

    rnНајдобриот начин да се почувствувате под стрес е доколку преземате повеќе обврски одошто можете да завршите. Размислете, дури и да успеете да стигнете да завршите сè, колкави се шансите крајниот резултат да биде добар според вашите стандарди? Со совладување на уметноста на кажување „не“ вие нема да ги разочарувате луѓето околу вас, туку баш напротив, кога ќе дојде време за потврден одговор, тие ќе бидат многу позадоволни од добро завршената работа отколку што би биле ако само претрчате околу обврската која сте ја прифатиле, а за која воопшто сте немале време.rn

    Тие се грижат за себе

    rnОва значи дека одвојуваат доволно време за спиење, како и за сите оние ситни задоволства, како повремен маникир или пиење пиво со пријателите со цел да ја одржат својата среќа. Тоа е единствениот начин да се наградите себеси за добро завршената работа и да се опуштите од секојдневните проблеми и обврски со кои се среќавате на вашето работно место. Со неколку зборови, доколку не сакате постојано да изгледате „истрошено“ во очите на луѓето околу вас, мора да најдете начин секојдневно да си издвојувате време наменето само за вас.