КАФЕ ПАУЗА

Tag: план

  • Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

    Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

    Крајот на годината е време кога размислувате дали изминатата година била онаква каква што сте посакувале. Наместо да се жалите како и оваа Нова година ќе ја поминете сами, како ја мразите својата работа и како ништо не е онака како што сте замислувале, седнете и одговорете на следниве прашања коишто ќе ви помогнат за оваа 2016 година да направите план до којшто ќе се придржувате.rnrnrn

    1. Во што сте успеале?

    rnЗапрашајте се што сте постигнале во 2015 година, на што сте посебно горди. Не се мисли на некои моменти како на пример дипломирањето, купувањето стан или новата генијална работа којашто сте ја добиле (сепак, браво ако сте успеале во нешто од ова). Всушност, се мисли на некои ваши мали, интимни победи. Дури и оние работи коишто ви се чинат неважни, како на пример откажувањето од пушење или зголеменото штедење, може да имаат големо значење.rnrnЗапишете ги на хартија сите оние убави работи коишто сте направиле во изминатата година, од тортата којашто сте ја направиле за мајка ви и сте ја изненадиле за нејзиниот роденден до кучето коешто се изгубило и на коешто сте му помогнале да го пронајде сопственикот. Ќе се изненадите колку сте биле успешни, а не сте го воочиле тоа бидејќи овие работи сте ги сметале за неважни.rn

    2. Во што уживавте најмногу?

    rnРаботните предизвици, патувањата, излегувањата, новиот партнер, новиот јазик којшто сте почнале да го учите или пак можеби трчањето поради коешто сте почнале да учествувате на маратони? Важно е да постои она нешто на коешто ќе се радувате секој ден и што секојдневно ве инспирира, затоа што токму тоа ви дава мотивација за живот.rn

    3. Во што не успеавте?

    rnВоопшто не е лесно да се соочите со сопствените неуспеси, но притоа е важно да посакувате во иднина да напредувате. Бидете искрени со себе и признајте си во што не успеавте оваа година. Можеби ве мачи факултетот или врската којашто безуспешно се трудите да ја поправите. Можеби веќе е време да престанете да се трудите и својата енергија да ја насочите на нешто друго (друг факултет, насока… или можеби друг партнер).rn

    4. За што жалите?

    rnКоја добра прилика сте ја пропуштиле? Во што би сакале повеќе да уживате или на што би сакале да посветите повеќе време? Важно е да го сфатите тоа за да не ги повторите истите грешки.rn

    5. Кои лекции сте ги научиле?

    rnНекои биле корисни, некои болни, некои „скапи“, но секоја од нив ви била вредна. Кога ќе го сфатите тоа ќе ви биде мило што сте поминале преку тешки и тажни моменти. Тие ве зајакнале и ве направиле помудри.rn

    6. Што би ве правело среќни во годината што доаѓа?

    rnНаправете листа и не испуштајте ништо, дури и глупостите како правењето на нова торта за којашто штотуку сте добиле рецепт или отворањето на ново кафуле во вашиот град. Секоја ситница којашто ве развеселува е причина да бидете повеќе расположени и оптимистички насочени кон иднината. На крај, запаметете ја изреката: Позитивната енергија привлекува позитивни работи!

  • Животно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?

    Животно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?

    Луѓето денес од работата не очекуваат да добијат само пари, туку и смисла и задоволство. Со оглед на тоа дека луѓето сè повеќе време поминуваат на работа, можно е да се појават различни кризни ситуации и затоа треба тактички да се одбере кариера која одговара на типот на личноста.rnrnЖивотно школо: Како да ја пронајдете идеалната работа за вас?rnrnОва се шесте почетни чекори од животното школо „The School of Life“ кои водат до работата која ви одговара вам и која нема да ве прави да се чувствувате непријатно секој ден.rn

    1. Прифатете го фактот дека е нормално да бидете збунети околу изборот на работата

    rnВо прединдустрискиот период постоеле приближно 2.000 професии. Денес ги има околу пола милион. Затоа е многу лесно да се случи од нервоза и од преголемиот избор да не избереме ништо. Научниците тоа го викаат „парадокс на изборот“.rn

    2. Спознајте се себеси

    rnОва е основата на психологијата. Не можеме спонтано да знаеме што е тоа што сакаме да го работиме. Не постои некаква предодреденост која ја добиваме на денот на нашето раѓање која ни вели дека ќе бидеме сметководител или фризер. Сепак, кога немаме план, ние се водиме од оние кои го имаат. Спознајте се себеси и преиспитајте се. Не дозволувајте парите да застанат пред вашите интереси. Напишете ги сите работи кои сакате да ги правите и немојте да пресметувате или да бидете критички настроени. На тој список може да се најде сѐ, од правење куќички на дрво до комбинации на облеки. Токму во тој список се крие идеалната професија за вас.rn

    3. Размислете добро

    rnЖивотната цел не се избира преку ноќ и сосема е во ред ако овој процес трае со месеци. Вложете малку повеќе труд за да не ја доживувате работата како ропство или како производ на вашите одлуки од студентските денови. Целосно посветете се на потрагата.rn

    4. Пробајте нешто

    rnНе треба само да замислувате како изгледа да работите на некое место. Така нема да имате никаков увид во реалноста. Пробајте да соберете што повеќе информации за таа работа и за луѓето од таа бранша. Пријавете се на пракса, волонтирајте таму или вработете се на одреден период.rn

    5. Размислете за нештата кои ги прават луѓето несреќни

    rnСекој стрес на некоја друга личност е работна можност за вас. Онаму каде што другите заостануваат, вие можете да ја најдете вашата шанса да тргнете напред. Пронајдете ги и проучете ги туѓите потреби за да започнете свој бизнис. Бидете иновативни и креативни.rn

    6. Имајте самодоверба

    rnСамодовербата може да биде главната разлика кога се споредуваат успехот и неуспехот. Самоуверените луѓе се поуспешни од другите. Тие не мислат дека само одредени личности можат да имаат високи функции. Самоуверените луѓе веруваат во себе и знаат колку вредат.

  • 20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    Сите имаме периоди во животот кога чувствуваме дека тапкаме во место и дека не го даваме најдоброто од себе. Многу често не сфаќаме колку сме направиле и колку далеку сме стигнале. Доколку токму така се чувствувате во моментов, само размислете дека можеби сте успешни, но не сте свесни за тоа. Ова се 20 знаци дека сте постигнале многу повеќе отколку што мислите.rnrn20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоаrn

    1. Не дозволувате платата да ве ограничува и преокупира

    rnМожеби не можете да си ја дозволите најскапата марка часовник во моментов, но барем не се грижите како ќе сврзете крај со крај до следната плата. Знаете дека секогаш може да добивате повеќе и дека во природата на човекот е ништо да не му е доволно, па затоа сте научиле да бидете среќни со она што го имате. Тоа значи дека не само што сте научиле како правилно да ги распоредувате парите за да не влезете во „дупка“, туку и знаете како да бидете задоволни и среќни без постојано да мислите на пари.rn

    2. Не сте опседнати со потребата да се докажете

    rnРетко кога вашите реченици почнуваат со „јас“ и слушате повеќе одошто зборувате. Не чувствувате потреба да се докажете и покажете, едноставно сфаќате дека другите се оние кои треба да ги увидат вашите позитивни страни и вредности. Честитки, бидејќи успешен е токму оној кој нема потреба да се покаже и издигне себеси за да си го нахрани сопственото его.rn

    3. Не драматизирате како порано

    rnЗнаете за неколку минути да се спакувате за викенд надвор од градот, умеете да поднесете доза на несовршенство без да експлодирате од бес и не си ги сфаќате работите толку сериозно. Ако порано драматизиравте за секоја ситница, сега едноставно верувате во себе и знаете дека сè ќе излезе како што треба.rn

    4. Имате план

    rnЕдноставно знаете каде одите, кон што се движите, имате слика за себе по една година и знаете што сакате да остварите. Бидете горди на тоа, бидејќи има многу луѓе кои не знаат што сакаат и кои просто немаат план за себе.rn

    5. Сакате да учите нови работи

    rnПостојано сте жедни за знаење и искуство па ја користите секоја можна шанса. Ништо нема да ве запре и отворени сте на сè што е ново и корисно. Вашата желба за надградување е нескротлива и тоа само по себе е успех.rn

    6. Ранобудници сте

    rnСтанувате рано со нескротлива желба да го освоите претстојниот ден наместо нескротлива мрза да останете во кревет.rn

    7. Често сте социјално активни

    rnМожеби не ви се излегува во секој момент, но многу често сте во интеракција со колеги, пријатели и роднини. Пријателските врски не само што придонесуваат за хармоничен живот, туку ве носат до нови познанства, ги шират вашите видици и ви помагаат да оформите корисни врски за во иднина. Потребните контакти нема да ви затропаат на врата, треба да ги најдете сами.rn

    8. Ги почитувате луѓето

    rnБез потреба да потцените некого за да се издигнете себеси, вие сте доволно исполнети за да ги вреднувате луѓето околу вас и во секого да најдете нешто позитивно.rn

    9. Им помагате на другите

    rnВашата емпатија придонесува за вашиот хуман однос кон луѓето што ве исполнува и ви дава вредност во очите на другите.rn

    10. Водени сте од страста за животот

    rnНе знаете што е меланхолија. Вие како да сте приклучени на струја, едноставно итате кон успеси, знаења и унапредување. Тоа е страста која ја чувствувате за она што го работите и општо за животот.rnrn

  • 11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

    11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

    Дали сте на прагот на вашите 30-ти? Време е да ја почнете новата декада од вашиот живот полни со позитивна енергија и подготвени вашите 30-ти навистина да ги живеете како новите 20-ти. Дали се сомневате во тоа дали сте постигнале доволно до сега? Немојте. Ова се 11 знаци дека вашите 30-ти ќе бидат одлични.rnrn11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!rn

    1. Не се грижите што другите мислат за вас

    rnАко пред 10 години не можевте да излезете од дома ненашминкани и без совршено чиста и уредна облека, сега веќе не го носите тој товар. Кој што сака нека мисли. Вие знаете дека сте одлични, успешни и убави. До сега животот ве научил дека луѓето секако ќе зборуваат, па можеби е подобро да не се преоптоварувате со тоа. Знаете дека има голема вистина во изреката „Големите умови зборуваат за идеи, просечните за настани, а малите за други луѓе.“rn

    2. Сте откриле која е вашата работа од соништата

    rnИ целосно сте ѝ посветени. Среќни сте што знаете дека нема да го минете животот заглавени во работа која не ја сакате, туку преокупирани со нешто кон што ве води страста и желбата. Среќни сте бидејќи знаете дека го работите она што го сакате, па иако ќе има и лоши денови, вие секогаш ги броите добрите моменти. Свесни сте дека доколку некој одбере кариера која ја сака, нема да мора да мине ни ден од животот работејќи.rn

    3. Имате финансиски план

    rnНе сте веќе оние старите – излези, купи сè што сакаш и врати се со празен џеб. Вие сте горди на вашиот финансиски план и заштеда, макар и ако е скромна. Така, имате доволно пари за уживање и патување. Можеби нема да си дозволувате луксузи, но ќе креирате убави спомени и сеќавања.rn

    4. Сте престанале да се однесувате незрело, но детето во вас не ве напушта целосно

    rnНе се будите секое второ утро мамурни и речиси никогаш не доцните на работа. Сега сте сериозни личности. Но, одвреме-навреме знаете да се однесувате по малку детски. Знаете да се смеете гласно, да се напиете, да играте и уживате. Совршениот баланс на зрелост и детска радост е она што ќе ги направи овие години од вашите животи неверојатни.rn

    5. Се грижите за вашето здравје

    rnЗнаете да се облечете убаво кога студи, да се негувате кога сте болни, да внимавате на вашата исхрана и да ги одбегнувате нештата кои ви штетат. Честитки, вие сте возрасни! Слободно уживајте во 30-тите кои ќе ви донесат уште многу среќа и уште подобро здравје.rn

    6. Вашиот ум е истрениран да работи умно и продуктивно

    rnОдамна престанавте да губите непотребно време. Знаете какви одлуки да донесете и во најголем дел од времето тие се остроумни и цврсти. За некој да ви го промени мислењето мора добро да се потруди бидејќи вашите ставови се добро издржани. Ни на крај памет не ви е да го земате предвид она во што некој сака да ве натера да верувате или да потпаднете под влијание.rn

    7. Му посветувате внимание на вашето хоби

    rnЗнаете дека доколку правилно го распоредите времето, ќе имате време и за вашата кариера и за вашето хоби. Хобито ве опушта и релаксира, а вие сте се истренирале од вашето хоби да бидете продуктивни. Уште подобро ако вашето хоби сте го насочиле кон вашата кариера. Сега сте кралеви во она што го работите, честитки!rn

    8. Сфаќате дека животот е онаков каков што сам ќе го направиш

    rnНикој друг не ви стои на патот до среќата освен самите вие. Или ќе си дозволите да бидете среќни или не. Сè зависи од начинот на кој ги гледате нештата, и вие сте го научиле тоа. Затоа не очекувате ништо од никого и свесни сте дека сами сте задолжени за сопствената среќа, успех и благосостојба.rn

    9. Секојдневно ги добивате наградите од вашето добро пријателство

    rnВие сте добри пријатели, негувате долги и искрени пријателства и не ги сфаќате здраво за готово. Затоа сте наградени со прекрасни пријатели кои се тука за вас. Кога и да сте тажни ви го разубавуваат денот, а кога сте среќни ви го прават уште поубав.rn

    10. Секојдневно го збогатувате својот живот со нови искуства

    rnПатувате, запознавате нови личности, ги ширите вашите погледи кон животот. Секој ден учите по нешто ново и секогаш сте отворени за нови искуства. Читате и сте сфатиле дека човек навистина учи додека е жив. За вас секој ден е нова лекција.rn

    11. Сте се помириле и ослободиле од минатото

    rnСфаќате дека секој си има товар од минатото, но вие сте го оставиле таму кај што му е местото – во минатото. Сте им простиле на оние кои ви згрешиле, ослободувајќи се од тежината. Она на што се фокусирате е сегашноста и иднината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

    20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

    Ох, перфекционизмот изморува! Перфекционисти, обединете се, овие проблеми само мал круг на луѓе ги разбираат!rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разбератrnrn1. Не сте задоволни додека не ги видите резултатите. Може сите околу вас да се уморни и да заминат дома, но вие знаете дека нема да можете да спиете сè додека, ако ништо друго, не најдете знак дека сте на правиот пат и работата ќе излезе на добро. Во најголем дел од случаите останувате да ја доработите сами.rnrn2. Некогаш наоѓате начини да ја одбегнете тимската работа особено доколку некои од членовите на тимот не го даваат најдоброто од себе или имаат чудно сфаќање за тоа што е да се даде најдоброто од себе. Станувате ужасно бесни ако некој направи сериозна грешка, а потоа не можете ни сами да ја разберете сопствената реакција.rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разбератrnrn3. Некогаш не можете да се воздржите а да не ја поправите работата на другите, без разлика за што станува збор, бидејќи сè додека не се поправи ќе ве јаде нешто во вас.rnrn4. Ви се има случено да се вратите во 5 наутро по јака журка, полу пијани, мртви уморни, но да не си легнете веднаш. Наместо тоа, вие ќе го вклучите светлото во собата, ќе го отворите прозорецот и ќе почнете да си ја средувате собата сè додека не блесне. Убаво си поминавте кога заедно со другарките се подготвувавте два часа пред да излезете, но не можете да заспиете во тој неред.rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разбератrnrn5. Доколку сте дома и сте слободни а знаете дека некоја од другарките се вратила од пат и ѝ треба распакување или допрва ќе оди и ѝ треба пакување, ќе најдете изговор да ја посетите. Потоа се фаќате за работа и ѝ ги комбинирате чорапите по бои.rnrn6. Кога готвите нешто по рецепт, макар да биде и кафе, нема да се откажете сè додека не добиете резултат како на сликата во списанието.rnrn7. Дури и ако работата на крај излегла супер, вас сепак ќе ве јаде тоа што на патот до успехот сте пропуштиле нешто што ви било во план.rnrn8. Во средно и на факултет ако најдевте печатна грешка во семинарската работа или есејот, а веќе ви бил испечатен, ќе ја поправевте таа една буква и ќе го испечатевте повторно.rnrn9. Што сакаат нека си мислат другите, вие не можете да јадете додека не си ја завршите работата онака како што сте испланирале, макар и ви кркореле цревата.rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разбератrnrn10. За вас не се прифатливи изрази како „па, макар се потрудивме“, или „со оглед на ситуацијата, дадовме сè од себе“. За сè што правите имате потреба да биде исклучително добри, во спротивно е неприфатливо.rnrn11. Кога ќе вработите некој со цел да ви направи услуга, како снимање на некоја свеченост или организирање забава, правење торти и слатки, тој/таа само што ја запознал личноста од својата ноќна мора. Подготвени сте да платите добро за тоа рајско совршенство што сте го замислиле во вашите глави.rnrn12. Во школските денови секој сакаше да биде во група со вас кога имавте за задача да направите проект, бидејќи го завршувавте најголемиот дел од работата и проектот на кој работевте секогаш добиваше добри оценки и пофалби.rnrn13. Кога семејството и пријателите одат со вас на одмор или го напуштаат градот поради која било причина, мора да го следат вашиот зацртан план. Стануваме во толку саат, ги посетуваме овие знаменитости, ручаме ваму. Срцето ви трепери од возбуда кога ќе имате план а никој друг не знае што прави.rnrn14. Знаете дека животот би ви бил многу полесен ако едноставно умеевте да се согласите со нешто помалу од совршенство, бидејќи таа визија во вашата глава знае да заморува.rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разбератrnrn15. Вашиот стремеж кон совршените резултати ги заморува сите околу вас, и кога ќе го сфатите тоа чувствувате по малку грижа на совест.rnrn16. Малите работи и ситници навистина ве заморуваат. Зошто вашата колешка не го послуша вашиот совет, како можеа работите што ви стигнаа по нарачка да бидат посветли од нијансата што ја порачавте, зошто шанкерот не се потрудил да ви направи добро кафе и попатно да не капне неколку капки на тацната, како може вашата сестра да спие мирно откако остави ѓубре на скалите?rnrn17. Ве измачува вашата навика да одложувате а одложувате токму поради вашата потреба од совршен резултат. Ќе минете денови скицирајќи и планирајќи пред да се фатите за работа.rnrn18. Вашиот ум понекогаш не може да престане да скицира совршенства. Совршена куќа, совршен двор, совршен ентериер, совршено организирана забава. Пробувате да не изгледате како некој фрик кога ги местите разместените продукти на полиците од супермаркетот… само разгледувате и се случува да пофатите нешто што не припаѓало таму.rnrn19. Ги памтите вашите грешки и имате навика долго да се сеќавате за да видите што сте можеле да направите за да излезе подобро. Не дека е добра навика, но ви се случува ова. Дури и ја памтите засрамувачката сцена од забавиште кога ја погрешивте песната на рециталот пред сите родители и ученици.rnrn20. Дури и кога има неред во вашата соба, нередот има смисла. Токму таму би требало да стојат употребените лисја или двете шолји за кафе од вчера. Всушност, понекогаш прифаќате мал „неред“, но ако и само ако има смисла.rnrn20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

  • Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Доколку работите од дома изложени сте на многу нешта кои ве деконцентрираат и ви го пренасочуваат фокусот од главните обврски и задачи. Работната средина игра голема улога во продуктивноста. Кога последен пат ви се случило да сфатите дека поминал цел ден а вие одвај сте извршиле дел од планираните обврски? Многу ситни и неважни „обврски“ кои си ги задавате во меѓувреме може да ве направат крајно непродуктивни. Ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да бидете навремени, продуктивни и одговорни ако работите од дома.rnrnКако да бидете попродуктивни ако работите од дома?rn

    1. Подгответе се на целосна изолација

    rnПодгответе се на полно работно време од дома и изолирајте се целосно од надворешниот свет. Не, не сте слободни за кафе-муабет со пријател/ката бидејќи по правило вие сте на работа, иако технички сте дома. Одберете мирна и светла просторија во домот каде никој нема да ве вознемирува. Добро е тоа да не биде вашата спална соба за вашиот мозок автоматски да прави разлика меѓу приватниот простор за одмор и местото каде си ги извршувате обврските.rn

    2. Кафето ви е најголем пријател

    rnЛуѓето кои работат од дома постојано се пред компјутер, изложени на неговото зрачење кое дополнително ја цица енергијата. Кафето е најголем пријател на оние кои работат од дома, токму затоа секој компјутерски гик на филмовите е прикажан со шолја кафе. Мирисот на доброто кафе може да ве инспирира и да ви вдахне позитивна енергија, а доволно јако кафе ќе направи да работите како приклучени на струја. Не претерувајте со кафето, но сепак имајте го при рака.rn

    3. Имајте пишан план и не работете две работи истовремено

    rnВашиот мозок не може да се фокусира на повеќе работи истовремено. Работењето повеќе работи истовремено кои ментално ве исцрпуваат само ќе резултира со куп започнати, но недовршени работи и со нервоза и губење мотивација. Имајте пишан план кој е пожелно да го изготвите една вечер порано. Може да користите некоја кул апликација која ќе ви помогне да се фокусирате на вашите цели и да останете продуктивни.rn

    4. Затворете ги сите прозорци што не ви се потребни

    rnДа, тоа прозорче од Фејсбук на вашиот екран и тоа другото за дневен хороскоп. Не ви требаат и не можете да останете фокусирани на вашите обврски ако постојано ве „ѕиркаат“ разни примамливи содржини крадејќи ја вашата концентрација. Не отворајте 20 прозорци истовремено туку научете пред себе да го имате стриктно само она што ви е потребно. Исто, исклучете го звукот на телефонот. Тешко ќе биде да го искористите вашиот потенцијал максимално ако телефонот упорно ви ѕвони.rn

    5. Дефинирајте го вашето работно време

    rnДефинирајте кога започнува вашето време, кога имате пауза и кога завршува. Пробајте да се однесувате како до вас постојано да е вашиот невидлив шеф кој гледа дали работите или „забушавате“. За време на паузата може да јадете, да проверите мејл или да одговорите на приватните телефонски повици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?

    Како конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?

    Новата година како нов почеток ја користиме за задолжително да донесеме нова одлука и да си поставиме нова цел во животот. Од Нова година ќе ги откажам цигарите, конечно ќе го завршам магистерскиот труд, ќе најдам работа, ќе бидам поодговорна личност, ќе почнам да штедам… и што уште не. Но колку често тие новогодишни одлуки се исполнуваат? Колку често знаеме вистински и цврсто да стоиме зад тоа што сме го рекле?rnrnКако конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?rnrnНовогодишните одлуки се познати по тоа што речиси никогаш не се исполнуваат. Зошто е така? Поради недостаток на мотивација, поради тоа што одеднаш изгледаат премногу тешки и големи за да се исполнат или затоа што не ги сфаќаме вистински сериозно?rnrnСепак, постојат 5 чекори кои водат до сигурно исполнување на зацртаните цели. Кои се тие и зошто е важно да ги следиме?rnrn

    Чекор 1: Вашата новогодишна одлука треба да биде сразмерна со нештата кои најмногу ги вреднувате во животот

    rnВредностите во животот се тие кои го диктираат вашето однесување, вашите сфаќања, ве мотивираат и ве насочуваат. Најголемата грешка која ја правиме при поставувањето новогодишни одлуки е нивната несоодветност со нашите најголеми вредности.rnrnДа ја земеме за пример најчесто поставуваната новогодишна одлука – ќе водам здрав начин на живот, ќе вежбам и ќе бидам во топ форма. Звучи прекрасно, сте ја поставиле како цел и порано, но зошто не се исполнила? Можеби сте обрнале многу повеќе внимание на други аспекти во животот отколку на здравата исхрана, редовното вежбање и тренирање? Ќе речете дека сте зафатени и дека работата ве преокупира и токму тоа е моментот кога вашата одлука се разминува со основните вредности кои ги имате.rnrnКако конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?rnrnПробајте да изградите мост помеѓу двете страни, да ги поврзете. На пример гледајте на физичкиот тренинг како нешто што ви е неопходно за да успеете во вашата кариера. Кога сте во фит форма, тренирате и живеете здраво, вие водите организиран начин на живот и имате повеќе енергија за исполнување на работните обврски.rnrnКлучно е да не ја оставите вашата одлука да мирува „сама“ туку да ја поврзете со другите цели, вредности и навики кои ги имате во секојдневниот живот.rnrn

    Чекор 2: Едноставно запишете ја на парче хартија

    rnМногу истражувања покажале дека запишувањето на вашите цели води кон остварување на истите, па затоа неретко оваа техника се користи во многу терапии за самопомош. rnrnЗапишувањето на вашата цел е на некој начин физичка поврзаност на вашите мисли со поставената цел. По автоматизам се насочувате кон поставената цел и најважно од сè, имате јасна претстава за она што го сакате.rnrnКако конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?rnrn

    Чекор 3: Креирајте прецизен план

    rnКога уште на почетокот себеси ќе си дадете опција дека може да не успеете и дека тоа е во ред, тогаш веројатноста е голема дека навистина нема да успеете. Неуспехот не смее да ви биде опција. Секогаш кога вистински ќе се посветите на нешто во животот, сфаќајќи го сериозно, одите кон успех.rnrnНаправете точен план, запишувајќи го секој ваш чекор. Што, кога и како ќе преземете за чекор напред кон постигнување на целта? Секогаш кога ќе пречкртате една ставка како извршена, самите ќе се мотивирате за повеќе и понапред.rnrnДоколку вашата цел е нешто за што не можете да изработите план (како на пример откажувањето на цигарите), тогаш направете ментален план во вашите мисли. Што би ви помогнало? Можеби за почеток скратување на една цигара помалку дневно, замена на тоа задоволство со друго или наоѓање хоби кое ќе ви ги оттргне мислите?rnrnКако конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?rnrn

    Чекор 4: Опкружете се со личности кои ќе ве поддржат

    rnrnМоже тоа да бидат луѓе кои имаат иста или слична цел како вас. На пример доколку сакате да бидете физички поактивни и да намалите некое кило, тогаш веројатно добро ќе ви годи друштвото на други членови од теретаната кои сериозно се движат напред кон својата цел.rnrnИсто, поддршка може да најдете кај близок пријател, роднина, брат или сестра. Обратете се кај личноста за која знаете дека ќе ве разбере и со која делите слични интереси и сфаќања за животот.rnrnКако конечно да ги исполните вашите новогодишни одлуки?rnrn

    Чекор 5: Преземете го првиот чекор

    rnrnНајтешко е да го направите првиот чекор. Откако ќе го сторите тоа веќе сте во игра. Затоа првиот чекор нека биде лесен и мотивирачки. Истиот ќе ве понесе на едно ново ниво кон остварување на донесената одлука. rnrnСекогаш бидете мотивирани помислувајќи на придобивките кои ќе ги имате доколку ја исполните зацртаната цел. Како ќе се чувствувате? Што ќе се промени во вашиот живот?rnrnДругото останува на вас. Со среќа!rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Дали чувствувате дека можете да направите многу повеќе со својот живот? Мислите ли дека не го искористувате целосно вашиот потенцијал? Проблемот е во тоа што речиси никогаш не сме сигурни колкав е нашиот потенцијал. Првиот чекор кон искористување на сопствениот потенцијал е сфаќањето што нè спречува да го направиме тоа.

    rn

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    rnrn

    Причини поради кои не си го искористувате доволно потенцијалот:

    rnСе потценувате себеси – Можеби имате некаква визија за себе, но во моменти на ниска самодоверба некој глас во вас ви кажува дека не сте доволно добри или дека мечтаете за нешто неостварливо. Дури може да почнете самите да барате изговори зошто не тргнувате кон посакуваната цел. Дали вашиот сон многу често ви звучи како смешна детска идеја и не се осмелувате да почнете да вложувате труд во неговото остварување?rnrnГо знаете вашиот потенцијал, но не знаете како да го достигнете – Можеби сте свесни дека имате потенцијал да направите неверојатни работи, но не знаете како да го достигнете. Ви се чини дека растојанието од точката каде моментално се наоѓате до самиот успех е едноставно преголемо и немате идеја како да го поминете. Тоа е како да гледате полн базен со вода и јасно ви е дека она што треба да го направите е да го испразните, но сè што имате на располагање е една малечка лажица. Можеби токму немањето ресурси ве спречува да тргнете нанапред?rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnЈа насочувате целата ваша енергија во погрешни работи – Можеби знаете дека сте создадени за да работите нешто, но сте преокупирани со други обврски, така што не можете да посветите време за надградување на себеси во таа област. Или едноставно сте заглавиле во шаблонот на секојдневието и не можете да излезете од тој лавиринт и да ја насочите вашата енергија во правилна насока?rnrnДоколку се пронајдовте макар во една од трите наведени причини, продолжете со читање.rn

    Како да го достигнете вашиот потенцијал?

    rnСтивнете ги негативните гласови. Она што треба да ве поведе е жестоката желба за стигнување до посакуваната цел. Нема нешто што е невозможно. Наместо да барате изговори, дејствувајте водени од мислата дека сè што посакувате може да ви се оствари доколку имате желба и вложите доволно труд.rnrnПронајдете ја вашата страст. Издвојте период во кој ќе пробате многу работи во кои барем малку се пронаоѓате. Потоа издвојте ја онаа која најмногу ја буди вашата креативност и желба за успех. Онаа која ве претвора во енергична сила која има капацитет да постигне сè што ќе ѝ падне на памет.rnrnНавивајте самите за себе. Бидете свои навивачи наместо критичари. Не секогаш ќе го направите правилниот избор, но важно е да се задржи позитивната енергија и мотивацијата. За сè може да најдете негативни страни, но поддржувајте се наместо да се кудите. Ќе забележите како за брзо ќе почнете многу повеќе да верувате во себе.rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnБидете свесни за своите позитивни страни. Како може да го достигнете својот потенцијал ако се плашите да признаете дека сте добри во нешто? Заборавете на скромноста. Кога гледате дека во одредено подрачје сте навистина добри, најдете начин тоа да го кажете на глас.rnrnБидете свесни за своите негативни страни. Секако, секој има слабости и предности. Бидете искрени кон самите себе. Ако постојано се залажувате дека сте добри во нешто за што навистина не сте, ќе продолжите да ја насочувате целата ваша енергија во подобрување на тоа поле наместо надградување и усовршување на она што ви е силна страна.rnrnИмајте генерален план. Ретко кога нашите планови ги следиме во секој чекор, но добро е да имате генерален план за да знаете кон каде се движите. Имајте на ум што треба да направите, кон каде треба да се придвижувате и што треба да вложите за понатамошен успех.rnrnКолку сте подготвени да жртвувате? Можеби за постигнување на вашата цел ќе треба да вложите непроспиени ноќи и многу труд. Дали сте подготвени да се жртвувате или ќе се откажете на пола пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сакате рифреш или старт овер аген?

    Сакате рифреш или старт овер аген?

    Во последно време ме мачи прашањето, зошто луѓето толку очајно сакаат да ги повторат врските кои еднаш им пропаднале? Зошто би сакале да си ја повториме несреќата? Зошто повторно би го направиле истиот избор знаејќи дека е погрешен? И дали постои љубовна одмазда?rnrnВсушност, станува збор за ситуацијата, кога на пример, твојот бивши ќе ти заѕвони на телефон и ќе те повика на кафе. Како, зошто, од каде, која е целта, за што би правеле муабет? Работите завршиле така гадно помеѓу вас, повеќе од година дена збор не сте си рекле, еден ден телефонот ѕвони, бројот од негде ти е познат, ама не ти текнува од каде, слушаш познат глас и… „Кога си слободна да пиеме кафе?“ Да пиеме кафе? Во смисла да си направиме муабет? Шо прајш, како си, што има ново, како ти е животот откако во последниот разговор и двајцата се отеравме… на едно лошо место. Само прашалници ми се вртат во глава. Која е целта??Сакате рифреш или старт овер аген?Ама не е така сложено. Ако добро размислиш си има причина. Си го навраќам филмот. Многу разговори, дискусии за љубовните врски, со пријателки, познаници, раскажани случки… Чекај малку, па тоа е љубовна одмазда. Сега ќе ви објаснам, а откако ќе сфатите што мислам, ќе ви стане јасно како бел ден… дека и вие сте ја доживеале, секој ја доживеал!rnrnДвајца се во врска, едниот гадно го повредува другиот, егото на повредениот е фатено со рака, фрлено на улица и згазнато неколку пати. Што прави повредениот? Чека извесен период, крева слушалка, или наоѓа друг начин да ти се приближи, пробува некако да направи да се сретнете на само, па да започнете некаков однос, нешто можеби слично на врска, демек да пробаме пак, ама сè со цел за овој пат, тој/таа да биде онаа страна која остава и повредува. Да, остава и повредува, активен извршител, а не трпител на дејството.rnrnНема врска машко его или женско его, ваквиот нагон за одмазда еднакво го поседуваат и двете страни. И не е само во љубовта, туку речиси за сè во животот. Луѓето сакаат да го кажат последниот збор, да си ја олеснат душата, да го одмаздат повреденото срце, да кажат дека на крај тие се оние кои најслатко се смеат.rnrnНели е глупаво да губиме време планирајќи одмазда? Што докажуваме со кроењето план за одмазда? Дека сè уште не сме ја заборавиле и преболеле личноста и дека уште ни е главна тема на размислување. Љубовната одмазда се состои од две поенти: или пробува да ти се одмазди, или сака да ти докаже дека те преболел/ла и прекрасно му е/ѝ е во животот без тебе… а најверојатно и двете. Јасна да ни биде оваа вистина: Човек кој навистина е среќен и успешен, нема да се труди од петни жили да го докаже тоа. Така што, при секој обид за ваква одмазда, се докажува спротивното од она што сме сакале да го докажеме. Плус, таа одмазда, никогаш, ама НИКОГАШ не успева. Можеш само да завршиш поповреден/а од претходно.rnrnНели едноставно треба да ги оставиме работите да си течат онака како што си течат? Да си продолжиме со животот? Прво не ми беше ни на крај памет да пишувам на темава, си мислев оваа глупост не може да биде толку честа, сè додека не сфатив дека љубовната одмазда му се случила буквално секому. Или сте пробале да ја извршите, или некој пробал да ви се одмазди вам.rnrnНема рифреш опција во реалниот живот, не сме програмирани како компјутерите. Никогаш не сум верувала во поправањето на нешто што еднаш се скршило, секогаш ќе ја гледаш залепената пукнатина и ќе те потсеќа на едно нешто: ова еднаш се распука, кој гарантира дека нема да се случи пак? Затоа станав отпорна на такви глупости. Никогаш не сум гледала поента ни во одмаздувањето, ниту пак во пробувањето да успее пак нешто што еднаш дошло да степен за нигде.rnrnДа тапкаме во место и да повторуваме грешки? Да си го потрошиме животот во одмазда или во докажување некому нешто? Е не, не е баш некој сјаен избор!rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што по завршувањето на факултетот?

    Што по завршувањето на факултетот?

    Крајот на последниот семестар полека се ближи. Наскоро позади вас ќе останат многу семинарски, есеи, професори, истражувања и полагања. Конечно ќе можете да кажете дека сте дипломирале. Но, што потоа? Од кога знаеме за себе сме опкружени со книги и професори и откако сè тоа ќе заврши, поголемиот број од луѓето почнуваат да се чувствуваат малку збунето и не знаат точно кој е следниот чекор во нивниот живот…rn

      rn011

    • Да се запишам ли на постдипломски студии?
    • rn011

    • 16 години учев, можеби заслужувам една година одмор!?
    • rn011

    • Треба ли да почнам веднаш да барам работа?
    • rn

    rnОва се само неколку од прашањата кои се вртат во мислите на оние кои се „свежо“ дипломирани. Кој е вистинскиот одговор? Погледнете ја оваа кратка листа на совети кои ќе ви помогнат да одлучите кој би можел да биде следниот чекор по вашето дипломирање.Што по завршувањето на факулетот?1. Идентификувајте ги вештините кои ги поседувате – Набрзо ќе почнете да аплицирате за работа, ако веќе и не сте почнале. Затоа многу е важно да ги познавате вашите способности и да знаете точно што можете да им понудите на различните организации, институции и фирми. Направете листа на вашите постигнувања, желби и интереси од најраното детство, па сè до денес. Во кое поле сте биле одлични од секогаш?rnrn2. Одредете си дестинација – Ако не знаете каде сакате да одите, тешко дека ќе можете да го одберете патот кој ќе ве одведе до таму. Откако ќе ги идентификувате вашите вештини, направете листа на кариери во кои ќе можете да ги употребите. Не дозволувајте им на вашите таленти да пропаднат. Најдобро е доколку одлучите каде би сакале да бидете за 5 години од сега и полека да почнете да го реализирате вашиот план.rnrn3. Поставете си цели – Целите се оние кои ќе ви помогнат да се движите напред. Погрижете се во вашите цели да опфатите повеќе аспекти од вашиот живот, не само за кариерата: вклучете ги и финансиите, фамилијата, домот, врските и останатите работи кои ви се многу важни…Што по завршувањето на факултетот?4. Преиспитајте се – Можеби ви успевало да се појавите на утринското предавање во 8 часот, мамурни од претходната вечер, но тоа нема да ви донесе многу поени на новата работа која сте ја започнале. Одредете ги вашите приоритети и пробајте да се придржувате до нив.rnrn5. Организирајте ги финансиите – Веднаш по првата плата пробајте да стекнете навики за разумно трошење на парите. Секогаш трудете се да знаете точно што се случува со вашите пари и не дозволувајте уште во првата недела целосно да ги снема.rnrn6. Никогаш не престанувајте со учење – Ова се однесува на сите аспекти од вашиот живот. Бидете во тек со новостите од вашето поле и кариера. Секогаш интересирајте се за повеќе и никогаш не престанувајте да прашувате. Доколку продолжите да учите, вашиот успех може да иде само нагоре…Што по завршувањето на факулетот?Имајте ги на ум овие неколку совети. Не мора веднаш да започнете со овој голем чекор во вашиот живот. Одморете се некое време, разговарајте со најблиските и размислете добро што очекувате од себе и каде се гледате за неколку години од денес…rnrnСекако не заборавајте дека неуспехот е дел од животот – а вашата работа е никогаш да не се откажувате. Анализирајте го секој ваш потег и бидете отворени да ги согледате грешките кои ги правите, бидејќи само на тој начин можете да ги надминете. Исто така идејата да имате резервен план никако не може да ви наштети. Баш напротив, во одредени моменти може да биде совршен излез од лоша ситуација.rnrnИ за крај не заборавајте да уживате во животот. Хенри Дејвид Торо еднаш рекол: „Движете се со голема самодоверба во насока на вашите соништа. Живејте го животот којшто сте си го замислувале.“ Со среќа!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.