КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Мали задоволства за кои вреди да се живее

    Не е потребно многу за да бидете среќни. Погледнете кои се малите задоволства во животот, кои речиси секогаш ќе успеат да измамат насмевка на вашето лице.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn1. Седењето на плажа. Ги гледате брановите, слабо ветренце струи во воздухот, а вие не размислувате за ништо и едноставно уживате во моментот.rnrn2. Бебенце кое случајно ви заспало в скут. Мора да признаете дека нема нешто послатко од бебиња кои спијат. Ве обзема некое пријатно и хармонично чувство, кое не сакате да заврши.rnrn3. Одморање во омилената фотелја после напорен ден на работа со шолја кафе или чај. И секој коментар е излишен. Друго ништо не е важно.rnrn4. Седење дома со саканиот/саканата во петок вечер, уживање во омилената пица и гледање добар филм. Не постои подобар начин за почеток на викендот.rnrn5. Кратко патување со тато. Мал излет, прошетка низ планина или само долго возење со вашиот татко навистина исполнува.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живееrnrn6. Будење со мирис на свежо мелено кафе. Со таков почеток на денот, знаете дека сѐ ќе биде во ред.rnrn7. Сладолед. Сладоледот е врвно уживање без разлика на временските услови. Ве прави среќни и задоволни, без разлика колку ви бил утепан денот.rnrn8. Добивање подароци од роднини. Добивањето убава чоколада или бонбониера од роднини што случајно решиле да ве посетат може многу да развесели.rnrn9. Гледање на виножитото. Само што помисливте дека нема ништо позитивно во мрачното и дождливо време, блика сонце и се појавува прекрасно виножито, кое го враќа духот на сите разочарани луѓе на земјата.rnrn10. Слушање на ‘What a Wonderful World’ од Луис Армстронг. Колку и да сте депресивни, лути и нервозни, оваа песна ќе ве потсети на сите добра нешта во светот и ќе направи да сфатите колку прекрасен животот навистина е.rnrnМали задоволства за кои вреди да се живее
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

    Вкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минути

    Ваквите десерти се одлични. Со само малку труд, една шолја и микробранова печка може да направите слатки чуда. Па ајде да почнеме!rn

    1. Колач со боровинки

    rnВкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 30 г замрзнати боровинки
    • rn011

    • 40 г мелено ленено семе
    • rn011

    • 1/2 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • 2 лажици овошен сируп
    • rn011

    • 1/2 лажичка кора од лимон или портокал
    • rn011

    • 1 белка од јајце
    • rn011

    • 1/2 лажичка мускатов орев
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите суви состојки ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Потоа, додадете ја белката од јајце, кората од лимон и овошниот сируп. Земете поголема шолја, премачкајте ја со масло за јадење и ставете ја смесата внатре. Ставете ја во микробрановата печка на 90 секунди и уживајте! За подобар вкус, може да додадете и лажичка стопен путер во целата смеса.rn

    2. Колач црвено кадифе

    rnВкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажици брашно
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 1/2 лажица какао
    • rn011

    • 1/8 лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 2 лажици маштеница
    • rn011

    • 1 лажица обезмастено млеко
    • rn011

    • 1/2 лажица маслиново масло
    • rn011

    • 1/8 лажичка оцет
    • rn011

    • 1/4 лажичка црвена прехранбена боја
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 30 г крем-сирење
    • rn011

    • 30 г путер
    • rn011

    • 4-5 лажици шеќер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки за колачот во голема шолја сѐ додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во микробрановата печка една минута. Потоа, оставете ја смесата да се олади 30-на минути. Додека чекате, направете го филот. Измешајте ги сите состојки со мискер на највисока брзина. По изминувањето на 30-те минути, додадете го филот врз колачот и уживајте во прекрасниот вкус!rn

    3. Колач со банана

    rnВкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици соино млеко
    • rn011

    • 1/4 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1 лажица масло за готвење
    • rn011

    • 1/2 банана
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • Прстофат цимет
    • rn011

    • 50 г шеќер
    • rn011

    • 35 г брашно
    • rn011

    • 1/4 лажичка прашок за печиво
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 3 лажици крем сирење
    • rn011

    • 3 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 2 лажички соино млеко
    • rn011

    • 2 капки екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо шолја, ставете ги шеќерот, прашокот за печиво, брашното, циметот и солта. Потоа, ставете ги сите течни состојки и убаво промешајте. Така подготвена, ставете ја шолјата во микробранова печка на 2 минути. За филот, само ги мешате сите состојки и потоа ги додавате врз колачот.rn

    4. Чизкејк

    rnВкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 2 лажици кисела павлака
    • rn011

    • 3 лажици крем-сирење
    • rn011

    • 1/8 лажичка сок од лимон
    • rn011

    • 1/4 лажички екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/2 изматено јајце
    • rn011

    • 1 обланда или крекер
    • rn011

    • Фил по избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад ставете ги шеќерот, павлаката, крем-сирењето, јајцето и сокот од лимон. Промешајте и ставете го во микробранова печка на една минута. По таа минута, оставете ја вратата од микробрановата печка отворена 20 секунди, потоа повторно затворете ја и нека се готви уште дополнителни 45 секунди. Потоа, извадете ја шолјата и оставете да се излади 10 минути. По тие 10 минути ставете ја во фрижидер 2 часа. Кога ќе биде готово, врз колачот ставете мелен бисквит.rn

    5. Колач со цимет

    rnВкусни десерти што може да ги подготвите за само неколку минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 30 г мелено ленено семе
    • rn011

    • 1 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • 1-2 лажички цимет
    • rn011

    • 1 лажичка кокосово масло
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки измешајте ги во шолја, па ставете ја во микробранова печка на 60 секунди. Почекајте да се олади и потоа уживајте!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 пози за експлозивен орален секс

    4 пози за експлозивен орален секс

    Класичната 69-ка не е ниту најдобриот ниту најзгодниот начин да уживате во оралниот секс.rnrn4-pozi-za-eksploziven-oralen-seks-kafepauza.mkrn

    1. Потполно облечени

    rnДевојката треба да носи фустан или здолниште, бидејќи оваа поза не би можела да се примени доколку носи панталони. Таа треба да седне на работ на креветот, а нејзиниот партнер да клекне помеѓу нејзините нозе. Дури не мора ниту да ја соблекувате долната облека, гаќичките може да ги потргнете настрана и да се препуштите на уживањето. Непосредноста и спонтаноста на оваа секси акција со сигурност ќе ви се допадне на обајцата.rnrnСекако, не мора да се ограничувате само на креветот во спалната соба. Искористете го сиот мебел што го имате на располагање, од каучот, до кујнските столици и фотелјите во трпезаријата. Освен тоа, оваа поза е доста згодна за машкото, па така и целата сеанса може да трае подолго.rn

    2. Странична 69-ка

    rnНаместо да се препуштате на класичната поза 69, која реално е доста незгодна, пробајте ја нејзината странична верзија. Двајцата партнери треба да легнат на страна, свртени секако еден кон друг. Освен што ќе ви биде поудобно, со оваа поза ќе имате и многу подобар пристап.rn

    3. Застаната врз него

    rnМашкото треба да легне на клупа со грб додека девојката треба да застане над него. Од таа позиција девојката ќе има одличен преглед на неговото тело и постојано да го следи додека ѝ пружа задоволство. Освен тоа, и таа може дополнително да го возбудува допирајќи го со рацете по интимното подрачје.rn

    4. Девојката одозгора

    rnДодека партнерот лежи на кревет, девојката треба да се намести над неговото лице и да клекне, доаѓајќи со интимните делови точно над него. Таа треба да гледа право во него, а контактот со очи е клучен за висок степен на возбуда и задоволство во оваа позиција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

    Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

    Пролетта веќе пристигна. Време е да излезете надвор, на чист воздух и да се наполните со свежина и нова енергија. Во продолжение, ви нудиме 7 предлози за како најдобро да се подготвите за пролетта и целосно да уживате во ова годишно време.rnrnКако најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?rn

    1. Средете го домот

    rnПролетта е совршено време за темелно чистење на домот. Направете го тоа и дозволете си неколку мали промени со декорирањето. Тоа на домот ќе му даде нов и свеж изглед. Ако пак имате градина, средете ја тревата и посадете нови дрвца и цвеќиња. Сите тие бои ќе направат навистина да ја почувствувате пролетта.rn

    2. Одете на шопинг

    rnДа, продавниците веќе се полни со пролетни и летни колекции кои чекаат на вас. Пролетта е одлично време за шопинг. Покрај пролетните парчиња облека, ќе најдете и многу производи од зимската колекција по намалена цена.rn

    3. Вратете се во форма

    rnПролетта е време кога треба да се вратите во форма. Запишете се на пилатес, зумба или друг вид физичка активност. Посетете ја теретаната, а доколку сте во можност изнајмете си и личен тренер. Исто така, добар начин за симнување килограми би биле и прошетките на убавото време или возењето велосипед во природа.rnrnКако најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?rn

    4. Одете во спа-центар

    rnОдењето во спа-центар дејствува неверојатно врз кожата, но и врз умот. Дозволете си масажа и релаксирајте се. Потоа, следи педикир и некој убав третман за коса. Да, овие работи можеби ќе ве чинат малку повеќе, но верувајте дека резултатите ќе бидат воодушевувачки.rn

    5. Јадете повеќе зеленчук и овошје

    rnПролетта е одлично време за уживање во сите видови овошје и зеленчук. Наместо да ги правите вообичаените рецепти, зошто да не испробате некои нови, поздрави методи на исхрана? Тоа ќе ви направи детоксикација на организмот, а истовремено ќе се чувствувате поздраво и повитално.rn

    6. Направете торта

    rnДа, ова можеби звучи малку контрадикторно, но едно парче торта понекогаш и не е на одмет. Не бидете престроги со здравата исхрана и вежбањето и дозволувајте си вакви слатки луксузи. На пример, можете наместо шеќер, да користете мед. Наместо бело брашно, да употребите интегрално. Така ќе уживате во процесот и нема да имате грижа на совест за преголемиот број калории.rnrnКако најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?rn

    7. Преуредете го плакарот

    rnОслободете се од непотребните парчиња облека во гардероберот, кои само ви зафаќаат непотребно место. Она што веќе не ви треба, донирајте го во добротворни цели. Зимските парчиња облека складирајте ги во еден куфер. Плакарот уште веднаш ќе изгледа посредено и поорганизирано.rnrnПа, што чекате? Време е да започнете со реализирање на овие предлози и вистински да уживате во пролетта!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Во денешно време сите сме опседнати со технологијата. Нашите телефони неизбежно ги земаме со себе кога го напуштаме домот. Многумина паничат кога ќе го заборават телефонот дома, па веднаш организираат такси или некој од домашните да им го донесе. Како да не може да помине ни еден ден без мобилниот.rnrnEnjoying lifernrnЗададете си еден интересен проект: заборавете го телефонот намерно дома. Еве што сѐ можете да правите и како би изгледал вашиот ден.rn

    1. Сликање

    rnПред ерата на модерните апликации за сликање и цртање, платното и боите беа незаменливи. Вратете им се. Ако сликате секој ден можете да го намалите нивното на стрес и анксиозност.rn

    2. Дремка без аларм

    rnСтудиите покажуваат дека чувањето на телефонот покрај главата може да ви го наруши сонот. Спијте додека ви се спие.rn

    3. Трчање без музика

    rnНаместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Плус, ќе бидете свесни за она што се случува околу вас и ќе бидете подготвени за евентуалните непредвидливи ситуации. Додека слушате музика не можете да го чуете автомобилот зад вас.rn

    4. Дружење со домашниот миленик наместо гледање видеа од други миленици

    rnЛесно е човек да се навлече на смешни видеа со домашни миленици, но многу подобро ќе го поминете времето доколку се дружите во живо со вашиот миленик. Една неодамнешна студија покажала дека 20% од сопствениците на миленици попрво би гледале видеоснимки од миленици одошто да си играат со нив. Играјте со вашето домашно милениче. И тоа е, докажано, добро за намалување на стресот.rn

    5. Одење во кино или во театар

    rnПрестанете да гледате сѐ на вашиот телефон. Излезете сами или со пријателите и појдете на филм во кино или пак на театарска претстава. Ќе видите колку е поинакво тоа доживување.rn

    6. Пишување на хартија

    rnСтудиите откриваат дека запишувањето на работите за кои сме благодарни имаат добро влијание врз општата среќа, а самиот чин на пишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да запишувате во вашиот телефон, вратете се на старомодниот начин.rn

    7. Одење на прошетка

    rnПојдете на прошетка без телефонот. Можеби некој ќе ве бара. Ако. Вие одмарајте малку во природа. Подоцна ќе се јавите.rn

    8. Готвење според рецептите од баба

    rnРецептите од интернет се супер, но најпроверени се рецептите од кои веќе сте го пробале финалниот продукт. Фамилијарните рецепти од баба се оние најдобрите.rn

    9. Одење на вечера со пријателите

    rnВо храната треба да се ужива, не само да се поставува на Инстаграм. Следниот пат кога ќе одите на вечера со пријателите, договорете се да не ги користите телефоните и играјте ја играта „кој прв го допре телефонот, тој ја плаќа сметката.“rn

    10. Читање весник

    rnСекако дека ако читате вести од интернет имате можност први да дознавате што се случува, но хартија си е хартија. Чувството меѓу прстите кога ги вртите страниците, мирисот на печатарската боја, па и благата болка во мускулите од држење на весникот, се едноставно незаменливо искуство.rn

    11. Пополнување енигматика

    rnКога веќе го имате весникот в рака, решете некој крстозбор или судоку наместо да изиграте некоја игра на вашиот телефон.rn

    12. Читање книги

    rnЧитањето е неверојатно корисно за мозокот. Впуштањето во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да ви помогне да спиете подобро и да бидете поемпатични.rn

    13. Возење без цел

    rnСеднете зад воланот и само возете. Без крајна дестинација.rn

    14. Прелистување на старите албуми со слики

    rnОставете ги сликите од Фејсбук и оние со кои го имате наполнето вашиот телефон. Земете в рака вистински албум, сами или со вашата мајка. Ќе ве потсети на минатото и ќе ви даде оптимизам и доза самодоверба.rn

    15. Медитација

    rnНаместо да пуштите смирувачка музика додека правите нешто созема друго, исклучете ги звуците од вашиот телефон и медитирајте во тишина неправејќи ништо. И медитирањето е добро за намалување на стресот, а дополнително може да го зајакне имунолошкиот систем.rn

    16. На пијалак со колегите или старите пријатели

    rnДоговорете се да се видите со некои луѓе со кои се немате видено одамна. Сигурно ќе имате што да си кажете, а телефонот нема да ви биде воопшто потребен во добро друштво и со добар муабет.rn

    17. Набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето

    rnСамо застанете и набљудувајте го излегувањето на сонцето. Немојте да го фотографирате во желба да го „фатите“ моментот. Уживајте во моментот додека се случува пред вашите очи.rn

    18. Ден со семејството

    rnПоминете еден ден со родителите или со вашите деца. Според едно истражување, вредноста на социјалните врски изнесува 131.232 долари годишно, со оглед на нивото на задоволство кое се добива од нив.rn

    19. Сложување сложувалка

    rnНавистина сложувалките не се евтини, но уживањето во поврзувањето не може да се спореди со ваквите игри на вашиот мобилен телефон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

    Наоѓањето добра книга за читање понекогаш може да биде многу тешко. Но, еве една листа од предлози кои веруваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.rn

    The Book Seer

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnПостете ја веб-локацијата Book Seer и врз основа на тоа која книга ја имате претходно прочитано, ќе ви даде предлози базирани на слични автори и книги.rn

    Goodreads

    rn2-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrnНа Goodreads можете да се поврзете со милиони фанови на книжевноста од целиот свет. На овој сајт можете да видите кои книги се највисоко оценети, кои имаат најдобри критики и така да направите соодветен избор.rn

    Нобеловци

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnАко се двоумите, секогаш одберете некој автор-нобеловец, како Жан Пол Сартр, Алберт Ками или други познати писатели. Еве ја и официјалната листа на сите нобеловци во литературата.rn

    Листа на најдобри книги

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnУште еден добар начин е да ја разгледате листата со 100 најдобри дела. Таму сигурно ќе најдете нешто вредно за читање.rn

    WhichBook

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnWhichBook е сајт кој ќе ви даде листа со препорачани книги врз основа на вашите потреби и афинитети.rn

    Одбегнувајте ги бестселерите

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОва можеби звучи чудно, но бестселерите не секогаш навистина вредат. Во повеќето случаи се прославуваат поради звучното авторско име или успешната маркетиншка кампања. Доколку многу сакате ваков тип книги, тогаш најдобро е претходно да прочитате критики за одреден бестселер за да го спречите разочарувањето. Секцијата Книги на Кафе пауза може доста да ви помогне во тоа.rn

    Пингвин класици

    rn6-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrn Пингвин класиците се богати со одлични романи. На крајот од секоја книга стои и листа од дела во нивно издание кои сигурно ќе ви помогнат уште веднаш да се одлучите што следно да прочитате.rn

    Книжари

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВо книжарите има добар избор на стари и нови наслови и сигурно ќе успеете да најдете некоја книга за вас. Читајте ги кратките објаснувања на задната корица или пак прочитајте ги првите неколку страни за посигурен избор.rn

    Совет од вработените

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВработените во книжара обично се големи љубители на книжевноста, па доколку не можете да се решите, прашајте ги нив за мислење. Тие ќе ви ги посочат најквалитетните неодамна издадени книги или пак ќе ви препорачаат други одлични дела.rn

    Совет од пријателите и семејството

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnДоколку во кругот на пријателите или во семејството имате некој обожавател на книжевноста, не двоумете се и веднаш прашајте ги за совет. Сигурно ќе им биде мило да ви препорачаат некоја книга по нивен избор.rn

    Онлајн-курсеви

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnРегистрирајте се на некој онлајн-курс за книжевност. Со тоа ќе добиете список од книги што треба да ги прочитате и есеи кои треба да ги напишете. Ќе истражувате, ќе дознаете за нови автори и нови значајни дела, што ќе ви постават стандарди и ќе ви помогнат во следните избори. На пример, започнете со следнава веб-локација за бесплатен курс.rn

    Библиотека

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnНека вработените во библиотеката ви помогнат при изборот или едноставно изберете некоја книга што во моментот ви изгледа најпривлечно. Убавината на библиотеките е што книгите ги изнајмувате за малку пари, а истовремено можете да си седнете таму и да уживате во моментот.rn

    Класици

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМожеби сте слушнале за Госпоѓа Даловеј, Злосторство и казна и други познати дела, но дали ги имате прочитано? Доколку не, без размислување уште веднаш набавете ги и почнете со читање.rn

    Саем на книга

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnСе ближи саемот на книга, каде има одличен избор на изданија по снижени цени. Дефинитивно вреди да посетите таков настан доколку сакате читање и литература.rn

    Филмови

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМногумина мислат дека најпрвин треба да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Но, не мора секогаш да биде така. Можеби токму филмот ќе ви открие некој одличен роман што уште веднаш ќе сакате да го прочитате.rn

    Книжевен клуб

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОдличен начин да се сретнете со други љубители на литературата. Одбирате книга, ја читате, а по неколку недели се собирате и ја дискутирате. Вака ем ќе запознавате нови луѓе, ем ќе дознаете нови интересни книжевни автори и дела. Прочитајте зошто е добро да основате ваш книжевен клуб.rn

    Авторско дело

    rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnИ за крај, зошто и самите да не се обидете да напишете свое дело? Може да почнете со кратки раскази, а потоа да продолжете со краток роман од 20 илјади зборови. Запомнете, сите во себе носиме животен роман, кој само чека да излезе на површина. Среќно! :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку работи со кои не треба да се оптоварувате во младоста

    Неколку работи со кои не треба да се оптоварувате во младоста

    Стресот е неизбежен дел од живеењето на секој млад човек, но еве кои се работите за кои 20(и нешто)-годишниците не треба да се вознемируваат.rnrnНеколку работи со кои не треба да се оптоварувате со младостаrn

    Минатите случувања

    rnОна што се случило во минатото не може да се смени. Нема потреба да се сосредоточувате на нешто што веќе поминало. Најдобро што може да направите е да учите од грешките и вашето минато, позитивно да влијае на она што допрва треба да се случи.rn

    Успехот на другите

    rnНе ја споредувајте вашата економска моќ со онаа на соседите или другарите. Можеби им завидувате на цимерите што можат да трошат повеќе од вас или не можете да си дозволите да излегувате толку често колку нив, но сепак не треба да се фокусирате на туѓите животи, туку единствено на својот.rn

    Озборувањето

    rnЛуѓето кои немаат доволно исполнет живот се оние кои најмногу имаат време за озборување. Ако вие сте задоволни од себе и својот живот, нема зошто да се преоптоварувате со нечиј друг. Следете го вашиот пат и не губете време за целите на другите.rn

    Очекувањата на семејството

    rnСекако дека сакате да им причините радост на родителите. Тоа се луѓето кои секогаш биле покрај вас и ве поддржувале емоционално и финансиски во сѐ што сте правеле. Но, факт е дека тие припаѓаат на друга генерација и имаат различно сфаќање за тоа што е успех. Не се грижете ако сега тие не ги разбираат вашите мотиви и цели, на крајот сепак ќе ве поддржат во нивното остварување.rn

    Споредувањето со другите

    rnТреба единствено да правите споредба помеѓу вие сега и вие во минатото. Ако нешто не ви се допаѓа кај вас, потрудете се тоа да го смените, а не само да се споредувате со другите. Споредувањето со другите нема да смени ама баш ништо.rn

    Што бившиот/бившата мисли за вас

    rnБившите се дел од минатото и надвор од вашиот сегашен живот. Нема потреба да се мачите што мисли некој/а што повеќе нема никаков контакт со вас. Ако постојано сте преокупирани со нив, никогаш нема да одите напред.rn

    Каде ќе бидете за 10 години

    rnСекако, важно е да се планира иднината, но никој не може да знае што точно ќе ни се случи за десетина години. Можеби ќе ви си случи токму нешто за кое никогаш не сте размислувале и не сте го планирале. Па затоа, сосредоточете се на сегашноста и искористете ја на најдобар можен начин.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите хотели во светот

    Најубавите хотели во светот

    Фотографиите од најубавите хотели во светот ве носат низ ледените пејзажи на Финска, улиците на Париз, па сѐ до Грција. Иако различни, сепак сите имаат нешто заедничко, сите ги спојува  авантурата, одморот и уживањето.rnrn

    Шангри Ла, Париз
    rnrnДенес, хотелската индустрија се залага за што покреативна градба, внатрешен ентериер, необични локации, со што ќе ги направи хотелите уште попривлечни за туристите. Па, затоа на фотографиите ќе можете да видите хотели изградени на карпи, такви изградени во морска пештера и уште многу други неверојатно уникатни и иновативни решенија кои ќе ве остават без текст. Уживајте!rnrn rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за вечера во Париз

    Идеи за вечера во Париз

    Париз – градот на светлината, романтиката, љубовта и секако, храната. За вистински да го доживеете градот и француската кујна, разгледајте ги следниве прекрасни идеи за вечера во Париз.rn

    Пикник

    rnЕдна од најлесно остварливите идеи за вечера во Париз е пикникот. Купувањето состојки и одбирањето на совршеното место е многу забавно. Прошетајте по уличните штандови за храна, пекарниците, слаткарниците, каде сигурно ќе најдете нешто вкусно. Исто така, не заборавајте да изберете некое сирење, месо и француски леб.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Крстарење

    rnКрстарењето по Сена е еден од најдобрите начини да се доживее градот. Во комбинација со добра храна пак, претставува посебно искуство. Уште една интересна идеја за убава и необична вечера во Париз.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Организирана прошетка

    rnПокрај толку многу штандови, продавници, ресторани и вкусна храна во Париз, навистина е тешко да се одбере вистинската храна и ресторан. Затоа, ако сакате да истражувате и повеќе да се информирате, најдобро е да одите на организирана прошетка. Можеби нема да ви ги покажат најдобрите места, но секако ќе откриете места и видови храна за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе си поставите стандарди и потоа полесно ќе се одлучите.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Луксузен ресторан

    rnДоколку ви дозволува буџетот, штета е да не отидете во некој од луксузните ресторани во Париз. Франција е лидер во бројот на ресторани со Мишелин ѕвезди, вкупно 954. Само во Париз има 79 ресторани со Мишелин ѕвезди, од кои 10 се со три Мишелин ѕвезди. Доколку не можете да си дозволите, одете во модерно бистро или вечерајте во хотел со три ѕвезди.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Часови за готвење

    rnВо Париз се организираат часови за готвење кои сигурно ќе ви помогнат да се усовршите, а и подобро да ја запознаете француската кујна. Има работилници каде се изучува изработка на чоколадни производи, слатки, печива итн.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Дегустација на вино

    rnИ при дегустациите на вино, има вклучена храна, иако во помали количини. Можете да посетите некои од античките визби во градот или пак да одите во луксузните ресторани, каде може да уживате во вкусни вина и француска храна.rnrnИдеи за вечера во Паризrnrn

    Домашна вечера

    rnНема ништо поавтентично од домашно зготвена француска храна. Не грижете се доколку вашето семејство и пријатели не се во Париз, бидејќи може да одите на организирана вечера со традиционална француска храна, во типичен француски дом.rnrnИдеи за вечера во Париз
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

    Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт

    Лесно за приготвување, згодно за прилагодување

    rn(0) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 450 г чоколадо
    • rn011

    • 200 г јаткасти плодови по избор
    • rn011

    • 200 г суво овошје по избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исецкајте бело, млечно или црно чоколадо на покрупни парчиња. Во огноотпорен стаклен сад ставете три четвртини од парчињата чоколадо. Ставете го во микробранова, на средна температура, 30 секунди. Извадете го и промешајте со гумена мешалка. Потоа повторувајте ја истата постапка, сѐ додека чоколадото целосно не се истопи. Додадете го преостанатото чоколадо и мешајте за да се стопи.rnrn(1) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrnrn2. Земете тавче, покријте го со хартија за печење или алуминиумска фолија и исипете го стопеното чоколадо.rnrn(2) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrnrn3. Израмнете ја смесата убаво низ целата површина.rnrn(3) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrnrn4. На ред доаѓаат додатоците. Посипете кикиритки, сечкани суви кајсии, брусници, индиски оревчиња или која било друга комбинација по ваш вкус.rnrn(4) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrnrn5. Оставете го чоколадото да се стврдне најмалку 4 часа во ладна просторија или 30-тина минути во фрижидер. После тоа, скршете го во неправилни форми и ставете ги во тегла или погоден сад.rnrn(5) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецептrnrnДоколку пак сакате да го подарите, на теглата врзете убава панделка, прикачете картичка и на неа напишете ги состојките за да знаат за какво слатко доживување станува збор. Бидете креативни, споделувајте и уживајте во прекрасниот десерт.rnrn(6) Чоколадо по ваш вкус за кое не ви е потребен рецепт
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.