Автор: ПеперуткаrnrnПостоиш ли?rnВистински си или само те замислувам?rnНо, не само што те замислувам,rnјас те чувствувам!rnТе чувствувам како бакнеж на пеперутка,rnоној најнежен трепетен допирrnшто го прави моето срце живо.rnтолку нежно, а толку силноrnте чувствувам,rnтолку доволно за да постојам.rnНо, постојам само ако постоиш и ти.rnВо постоењето е мојата смисла,rnво постоењето е твојата душа,rnпостоењето е наша мисла.rnПостоиш, затоа што те чувствувамrnи без да те видам, затоа си вистински.rnЗашто правиш да живеам,rnзашто така постојам.rnИ јас сум вистинска кога ме чувствуваш,rnдури и кога не знаешrnи кога не ме гледаш.rnјас постојам.
Животот е она што го доживувавме во сегашноста. Минатото е зад нас, иднината сè уште не е тука. Доколку не ги живееме моментите од сегашноста, не можеме да бидеме во контакт со нашиот сопствен живот. Доколку се фокусираме само на убавите работи кои ги сакаме, тогаш имаме шанса да живееме убав живот. Една убава мисла вели:rnrn
„Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа.“
rnПогледнете ги следните 20 слики кои ги покажуваат едноставните, но прекрасни работи во животот. Почнете веднаш да го чувствувате вашиот поинаку – уживајте во секој момент од сегашноста, бидејќи животот е:rnrnЧувстваrnrnСреќаrnrnРадостrnrnУбавинаrnrnЉубовrnrnЕдинствоrnrnГрижаrnrnВербаrnrnСлободаrnrnМирrnrnКреацијаrnrnФантазијаrnrnУметностrnrnСонrnrnБајкаrnrnЗнаењеrnrnУживањеrnrnОдморrnrnРаскошrnrnПриродаrnrnЖивотот е убав, зар не?rnrn rnrn
Одличен мексикански микс од црно кафе, текила и ликер од кафе за ваше комплетно уживањеrnrnrnrnrnПотребно време за подготовка: 5 минутиrnrnПотребни состојки:rn
rn011
115 ml варено црно кафе
rn011
30 ml ликер од кафе
rn011
30 ml текила
rn011
Шлаг (по избор)
rn011
Цимет за декорација (по избор)
rn011
Какао во прав за декорација (по избор)
rn
rnНачин на подготовка: истурете го вареното црно кафе во висока чаша, а потоа сипете ги ликерот од кафе и текилата. Гарнирајте со високо издигнат шлаг, какао и цимет.rnrn
Времето во кое живееме, развојот на светот и големите стресови кои ги носат секојдневните работи, бараат да се поседува моќ за самоконтрола и спуштање на топката, т.е. трпеливост и поголемо уживање во нештата што ги правиме на смирен и релаксиран, но сепак ефикасен начин.rnrnrnrnЗабавувањето на животното темпо и уживањето во секојдневните работи се основниот начин за имање позитивен став кон животот и исполнетост на секој час од денот. Следниве совети навистина можат да ви помогнат повеќе да уживате во својата кожа и во животот воопшто.rnrn
Уживајте во секој слободен миг
rnСекој слободен миг, направете го да ви претставува уживање на едно повисоко ниво. Ослободете го умот и избистрете ги мислите пред секоја обврска која следува.rnrnrn
Понекогаш ослободете се од часовникот
rnДозволете си еден ден во неделата да не ви биде грижа за времето. Фокусирајте се на работите што ве прават среќни, без притоа да имате строг план за секоја минута.rnrnrn
Јадете разумно
rn„Што и како јадеш, тоа и си“. Дозволете јадењето да ви претставува примарна активност, не секундарна, притоа извршувајќи некоја друга. Приготвувајте здрава и органска храна и правете пауза помеѓу секој залак.rnrnrn
Фокусирајте се на приоритетитe
rnПотрудете се вашето внимание секогаш да е насочено само кон најважните активности и задачи. Делењето на вашиот фокус за различни работи, значи помала ефективност и послаб квалитет на истите.rnrnrn
Потсетете се на детските соништа
rnНајдобра споредба за безгрижноста и безвременото се децата. Па така, потсетете се на нештата кои сте ги посакувале во далечното минато и пробајте да ги остварите денеска.rnrnrn
Променете ја рутината
rnСекоја промена може да резултира со нешто убаво и различно. Дозволете си да избегнете од секојдневното строго поставување на работите и уживајте.rnrnrn
Поминувајте повеќе време надвор
rnСвежиот воздух и сончевите зраци навистина можат да ви го променат расположението. Дозволете си барем 30 минути дневно на отворено и почувствувајте ја разликата.rnrn