КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • 4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!

    4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!

    Есента пристигна! За време на оваа сезонска промена, важно е да бидеме свесни за текот на времето – транзицијата од лето во есен може да ни помогне да се ослободиме од непотребното и да се чувствуваме благодарни за она што го имаме. Одвојте малку време во текот на следните неколку дена за да го прославите доаѓањето на есента преку овие мали ритуали.rnrn4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!rn

    1. Најдете време за размислување

    rnСеднете и размислете за оние работи кои можеби ве кочат во моментот да ги исполните вашите цели. Запишете ги вашите мисли на лист хартија и бидете храбри да започнете со промените.rn

    2. Пробајте нови рецепти

    rnНаместо да жалите по летното овошје, нека изобилството од есенски намирници ви биде инспирација за да испробате нови рецепти!rn

    3. Прошетајте во природа

    rnИзлезете надвор и набљудувајте ја природата околу вас. Вдишете го воздухот и препуштете им се на топлите есенски бои кои имаат смирувачко дејство.rn

    4. Читајте наглас

    rnКако што се менуваат годишните времиња и поминуваме се повеќе и повеќе време во затворени простории, добар начин да се опуштите е да посветите време на добра книга која ќе ја читате наглас. Читањето наглас може да ви помогне да ги подобрите концентрацијата и менталниот фокус.rnrnОткако прочитавте за овие мали есенски ритуали, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 прашања треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!

    Мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!

    Тагата е чувство од кое луѓето често се обидуваат да побегнат, да го игнорираат, па тоа најчесто останува потиснато во многу срца. Сепак, постојат денови и ситуации кога тагата може да влијае лошо врз нашето здравје доколку и понатаму продолжуваме да ја игнорираме и потиснуваме.rnrnМораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!rnrnМногумина од нас забораваат дека тагата е нормална човечка емоција, како и среќата. Тоа е нормален одговор на нашиот мозок на различни аспекти во нашиот живот, околина, на одредени настани, искуства и луѓе. Сосема е нормално да бидеме тажни и затоа не треба да се плашиме како другите ќе гледаат на нас ако ги покажеме нашите емоции, ниту да се трудиме да бидеме насмеани и добри ако не се чувствуваме така.rnrnПсихолозите исто така истакнуваат дека тагата е важна емоција. Сепак, според нив е особено важно да се направи разлика меѓу тагата и депресијата. Тагата, како и сите наши емоции, е здрава и треба да ни помогне подобро да се спознаеме себеси, другите и светот околу нас.rnrnСпоред Карл Јунг, луѓето мора да ја ценат и почитуваат тагата за да уживаат во среќата. Прифаќањето на тагата е навистина важен дел од нејзиното надминување и враќање во нормална состојба.rnrnВажно е никогаш да не ја гледаме тагата како знак на слабост. Луѓето кои имаат развиено емпатија и покажуваат тага се ослободуваат од ова чувство на природен начин, но можат да им помогнат и на другите кои се плашат да ги покажат своите емоции и да им кажат – „во ред е да си тажен/а“.rnrnДруг мит е дека ако некој се препушти на тага, тој ќе остане тажен засекогаш. Емоциите се минливи состојби бидејќи тие се одговор на моменталната состојба. Тоа што моментално чувствувате тага не значи дека сте слаби, ниту дека секогаш ќе бидете тажни, туку дека реагирате синхронизирано со вашата емотивна состојба, во согласност со настаните што ве опкружуваат.rnrnДозволете си да бидете тажни, поврзете се со ова чувство, покажете го отворено и тагата ќе го најде својот пат.rnrnНапомена: Доколку често се чувствувате тажно и несреќно, а тоа влијае на квалитетот на вашиот живот, важно е да побарате помош од стручно лице.rnrnОткако прочитавте за тагата која е сосема нормална емоција, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те разлики помеѓу привремената тага и депресијата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • На кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот?

    На кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот?

    Нашите животи се состојат од безброј мали моменти во времето кои можат да бидат извор на вистинска среќа, љубов и мудрост. Понекогаш, токму овие мали мигови нè водат кон големите и важни значајни моменти од нашите животи.rnrnНа кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот?rnrnСтанува збор за бесценети нешта кои честопати оставаат длабоки траги во животот и ни даваат надеж и верба во борбата со предизвиците на кои секој од нас наидува. Без разлика дали се работи за првата голтка утринско кафе, топлината на утринските сончеви зраци, ненадејниот дожд или насмевката на саканата личност – сето тоа се мали детали кои можат навистина да ни го направат денот поубав. Еве на кој начин можете вистински да уживате во малите нешта во животот.rn

    1. Бидете благодарни

    rnИзразувањето благодарност за добро дело, големо или мало, го отвора патот за понатамошна добрина во вашиот живот.rn

    2.Ценете се себеси

    rnДа се сакате и цените себеси – ова е веројатно една од најважните работи што треба да ги правите додека се обидувате да најдете мир во вашето секојдневие.rn

    3. Бидете „овде“ и „сега“

    rnДепресијата ве тера да живеете во минатото, анксиозноста, пак, се поврзува со претераната загриженост за иднината, а мирот може да се пронајде само доколку научите како да живеете во сегашноста.rn

    4. Не занемарувајте ги малите гестови на грижа и доверба

    rnГестовите на доверба, грижа и љубезност што ни ги покажуваат нашите партнери во основа се причините за живеење и продолжување напред. Ако одвоите време за да ги забележите, ценете ги и возвратете ги бидејќи тие се бесценети.rn

    5. Дишете

    rnОва е нешто што го правиме од раѓање и нешто на кое ретко кога обраќаме внимание. Одвреме-навреме, или кога ќе наидете на одредени тешкотии, оставете ги сите мисли настрана, сиот тој товар и обидете се да ги испразните умот и срцето. И само дишете. Неколку внимателни бавни вдишувања и издишувања ќе ви помогнат одново да го воспоставите внатрешниот мир.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да уживате во малите нешта во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5 -те начини да обратите внимание на малите нешта дури и кога сте премногу зафатени.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

    Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

    Кога посетувате некој град за прв пат, покрај туристичките атракции, обидете се да ги посетите и местата кои им се омилени на мештаните. На тој начин ќе добиете поцелосна слика за градот. Во продолжение прочитајте кои места може да ги посетите во Амстердам кои сепак не се дел од неговите главни туристички знаменитости.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Истражете ја градината Hortus Botanicus

    rnСтанува збор за ботаничка градина која е сместена во областа Плантаџ. Имено, градината изобилува со цвеќиња, разноразни билки, палми и егзотични растенија. Тука се наоѓа и кафуле доколку сакате да се одморите од посетата, а кое може да се изнајми и за приватна забава.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Посетете го киното Tuschinski

    rnКиното Tuschinski е едно од најстарите кина во Амстердам и е прогласено за најубавото кино во Холандија благодарение на неговата Арт Деко фасада и прекрасниот внатрешен дизајн.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Не пропуштајте го пазарот на книги Oudemanhuispoort

    rnИдеално место за секој патник вљубеник во уметноста и литературата бидејќи овде целото шеталиште е преполно со тезги на кои се продаваат книги на старо. Покрај тоа, местото има посебна атмосфера со оглед на тоа дека некогаш и Винсент ван Гог шетал токму на ова пазарче, па кружи легендата дека неговиот дух сè уште лебди овде…rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

    Посетете ја населбата Joordan

    rnJoordan е една од најпопуларните населби во градот. Се работи за место каде малите улички се заменети со канали, а овде ќе наидете и на многу продавници, кафулиња, ресторани и галерии. На секој турист му се препорачува да го посети местото и навечер кога уличното осветлување е вклучено при што му дава посебна магија.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrnrnОткако прочитавте за дел од локациите во Амстердам кои и не се толку познати но вредат да се посетат, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 11 знаци дека не уживате во сексот со вашиот партнер

    11 знаци дека не уживате во сексот со вашиот партнер

    Може да се чувствувате прилично неудобно ако не уживате во сексот со партнерот онолку колку што уживавте порано. Ако не станува збор за привремен проблем, тогаш тоа ќе има негативно влијание врз вашата врска. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека треба да поработите на сексуалниот живот, сето тоа за да поминувате поквалитетно време заедно и да создадете поздрава врска.rnrn11 знаци дека не уживате во сексот со вашиот партнерrn

    1. Го одложувате сексот затоа што секогаш имате некои други обврски

    rnСекогаш имате некоја обврска што треба да ја завршите и се однесувате како работата, училиштето или пријателите да се поважни од поминувањето време заедно со партнерот. За да го решите тоа, размислете дали лутината, повредените чувства или некој друг проблем во врската можеби влијаат врз вашите чувства кон партнерот, а со тоа и врз вашата желба за секс. Откако ќе откриете, обидете се да го решите проблемот заедно.rn

    2. Фантазирате за некој друг за време на сексот

    rnСосема е нормално да фантазирате за време на сексот. Ако мислите на некој симпатичен странец неколку минути, тоа не значи дека не сакате да имате секс со партнерот или дека посакувате некој друг. Но, ако треба да замислите некој друг за да го избегнете партнерот, тогаш тоа е алармантен знак.rn

    3. Сте имале секс со некој друг

    rnФантазирањето е една работа, но неверството е сосема различна. Ако криете нешто такво од партнерот, тогаш нема да можете да се опуштите и да уживате во сексот.rn

    4. Сексот го сметате за обврска

    rnИако не звучи многу романтично, понекогаш е неопходно да закажете секс во врската, само за да поминете време со партнерот. Сепак, тоа не значи дека сексот треба да го чувствувате како обврска. Ако е така, тоа би можело да биде знак дека не уживате во сексот со партнерот онолку колку што би требало.rn

    5. Едвај фантазирате за вашиот партнер

    rnАко не фантазирате за вашиот партнер и не чувствувате потреба да бидете интимни, можеби партнерот веќе не ве привлекува.rn

    6. Вашиот партнер е тој што секогаш иницира секс

    rnПрашајте го вашиот партнер што сака и претворете ги неговите желби во игра под чаршафите. Иако во моментот не сте расположени за секс, ако сепак вие иницирате, можеби партнерот ќе направи и вие да бидете расположени за секс.rn

    7. Не се чувствувате удобно за време на сексот

    rnНевозможно е да уживате во сексот ако не се чувствувате пријатно, без оглед дали е тоа физички поради некоја болест или психички како резултат на депресија или поради недостаток на самодоверба. Најдоброто решение е да разговарате со партнерот и да му кажете како се чувствувате затоа што тој можеби не ни забележува дека не се чувствувате удобно.rn

    8. Се плашите да кажете што сакате во креветот

    rnМожеби ви е чудно да зборувате за тоа што го правите иле не сакате да го правите во спалната соба, но колку повеќе разговарате за тоа, толку полесно ќе ви биде да уживате во сексуалниот чин.rn

    9. Секогаш се чувствувате разочарано по сексот

    rnПонекогаш ќе ви биде многу тешко да уживате во сексот, особено ако вашите потреби не се задоволени. Но, имајте на ум дека сексот не може секогаш да биде совршен. Ќе има ноќи кога двајцата ќе бидете уморни или некој од вас ќе биде болен, па сексот ќе биде здодевен. Тоа е сосема нормално само ако станува збор за некои тековни проблеми што ве загрижуваат.rn

    10. Мислите дека сексот треба да се одвива на одреден начин

    rnАко разговарате со вашите пријатели за вашите сексуални животи, можеби ќе мислите дека вашиот не е доволно добар. Но, ако вие уживате во сексот и се чувствувате поврзано со партнерот, заборавете на коментарите што ги кажале пријателите и кои постојано ви се вртат во главата.rn

    11. Го разочарувате партнерот во спалната соба

    rnНиската самодоверба може да игра огромна улога во тоа дали ќе уживате во сексот или не и на перформансите во спалната соба. Ако постои таков проблем, разговарајте со партнерот. Ако ви е досадно, или се борите со депресија, кажете му. Заедно можете да се потрудите да имате подобар сексуален живот и многу да се забавувате.rnrnПрочитајте во кои ситуации сексот треба да се препише како лек.

  • 5 совети како зимата да ја претворите во магично и пријатно годишно време

    5 совети како зимата да ја претворите во магично и пријатно годишно време

    Зимата може да биде ладна и депресивна, но и магична и пријатна. Сè е до вашата перцепција, а со помош на овие совети засакајте ја уште денес!rnrnПет совети како зимата да ја претворите во магично и пријатно годишно времеrnrnЗимата не е најпријатната сезона за многумина – студено е, магливо, деновите се кратки и луѓето се летаргични и студени. Се затвораме во нашите топли домови и ја минимизираме физичката активност, лути поради ниските температури и непријатните ветрови. Но, зошто да не ја прифатиме ситуацијата таква каква што е и да ја искористиме најдобро што можеме?rnrnАко во близина немате „зимски“ ентузијаст кој ќе ве води низ сите доблести на оваа сезона, не грижете се, ние сме тука да ве одоброволиме со овие 5 едноставни совети:rn

    1. Уживајте во омилениот топол напиток

    rnВо текот на денот, загрејте се со природен чај од билки, а потоа наградете се со вкусно топло чоколадо што можете да го направите дома за многу кратко време.rnrnЈавете им се на пријател(к)ите, испечете здрави колачиња и уживајте!rn

    2. Затоплете се

    rnПротнете се под вашето омилено ќебе, читајте книги, гледајте телевизија, играјте видеоигри.rnrnСе чини премногу едноставно, но има нешто толку смирувачко во мекото ќебе и удобната перница по напорниот ден.rn

    3. Читајте книги

    rnДодека некои читаат во текот на целата година, други се присетуваат на книгите во текот на зимските месеци. Без оглед на која група припаѓате, зимата е одлична сезона за читање.rnrnПикнете се под ќебето со чаша од вашиот омилен напиток и изгубете се во страниците од книгата.rn

    4. Излезете надвор

    rnОдете на прошетка, пешачете, скијајте или одете на лизгалиште. Уживајте во „сонцето со заби“ и впивајте витамин Д.rnrnОблечете се добро, не заборавајќи ги капата и ракавиците и излегувајте на свеж воздух колку што е можно почесто.rn

    5. Запалете свеќи

    rnБидејќи зимските денови се кратки, а ноќите долги, внесете топлина во вашиот дом со миризливи свеќи.rnrnИсклучете ги светлата, вечерајте под романтичната светлина на свеќите, направете си релаксирачка купка и уживајте во златниот сјај.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да останете продуктивни во текот на зимата.

  • Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Познатиот филозоф од Словенија, Славој Жижек неодамна објави текст во кој објаснува како трендот на здравата исхрана е поврзан со консумеризмот, а пред сè со одредената идеологија што ја „купуваме“ заедно со таквиот животен стил.rnrnrnrnЕве што вели тој во текстот…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„За време на една моја неодамнешната посета на Калифорнија, вечерав во куќата на еден професор, заедно со еден мој словенечки пријател, страстен пушач. Доцна вечерта, мојот пријател стана очаен и учтиво ги замоли домаќините да запали цигара на терасата.rnrnКога домаќинот, не помалку љубезно, рече ‘не’, мојот пријател рече дека ќе излезе на улицата. Домаќинот го одби и тоа. Рече дека пушењето во јавност може да му наштети на неговиот статус во соседството. Но, она што навистина ме изненади беше тоа дека по вечерата домаќинот ни понуди (не баш) лесна дрога. Пушењето не беше никаков проблем сега, како дрогата да не е поопасна од цигарите.rn

    Сè може, но…

    rnОвој чуден настан е сведоштво за безнадежноста на денешниот консумеризам… Од една страна е потрошувачот кој калкулира со задоволството, добро заштитен од сите форми на злоупотреба и закани по здравјето, а од друга страна, зависникот од дрога или самодеструктивниот пушач.rnrnУживањето се толерира, дури и се поттикнува, под услов да е здраво и да не ја загрозува нашата психолошка или биолошка стабилност: чоколадо, да, но без маснотии.rnrnКока пијалак, да, но диетален; кафе, да, но без кофеин; лименка пиво, да, но без алкохол; мајонез, да, но без холестерол; секс да, но безбеден…rnrnШто се случува овде? Во последнава деценија, отприлика, настана ‘културниот капитализам’. Купуваме производ, да речеме, органско јаболко бидејќи е слика за здрав начин на живот. Она што ние всушност го купуваме кога купуваме ‘органска храна’ е одредено културно искуство, искуство на ‘здрав, еколошки начин на живот’.rnrnИстото важи и за секое прикажување на ‘реалноста’. Во реклама што се емитуваше пред десет години ширум САД, група на обични луѓе беа прикажани како уживаат во скара и танцуваат на кантри музика.rnrnПридружниот текст беше: ‘Говедско месо. Вистинска храна за вистинските луѓе’. Иронијата е во тоа што месото, понудено како симбол на одреден животен стил (на ‘вистинската’ работничка класа во Америка), е повеќе хемиски и генетски манипулирано од органската храна што ја консумира „вештачката“ елита.rnrnКупуваме сè помалку и помалку производи (работи) што сакаме да ги имаме, и сè повеќе животни искуства како сексот, јадењето, комуникацијата, културата, начинот на живот. Ние ја купуваме нашата форма на телото во теретаните, купуваме духовно просветлување со запишување на трансцендентални курсеви за медитација и ја купуваме нашата јавна личност со одење во ресторани во кои одат луѓето со кои сакаме да се поврземе.rnrnИ антипотрошувачката екологија е случај на купување автентично искуство.rnrnИма нешто лажно смирувачко во нашата подготвеност да прифатиме вина за заканите по околината – сакаме да бидеме виновни, затоа што ако сме виновни, тогаш сè зависи од нас. Ние ги повлекуваме конците на катастрофата за да можеме да се спасиме живеејќи поинаку.rnrnОна што е навистина тешко да се прифати (барем за западњаците) е дека ни е дадена улогата на пасивен набљудувач кој може само да седи и да гледа каква ќе биде неговата судбина. За да се избегне оваа ситуација, ние имаме тенденција лудачки опсесивно да посакуваме да бидеме вклучени во разни активности, да рециклираме стара хартија, да купуваме органска храна, што и да е, само за да бидеме сигурни дека правиме нешто, да дадеме свој придонес – како кога љубител на фудбалот навива за неговиот тим пред телевизорот, викајќи и скокајќи како да тоа, некако ќе влијае на исходот од натпреварот.rnrnЗарем не купуваме органска храна од истата причина? Кој навистина верува дека полускапаните и скапи органски јаболка се навистина поздрави? Работата е во тоа што со нивно купување, не само што го консумираме производот, туку и го покажуваме нашето загрижено лице и глобалната свест и учествуваме во големиот колективен проект. Ние не купуваме производи заради нивната погодност или затоа што се статусни симболи. Ние ги купуваме за да го добиеме искуството што ни го нудат, ги трошиме за да ги направиме нашите животи попријатни и значајни.rn

    Експлозија на тегобност

    rnНеодамнешната реклама за хотелите ‘Хилтон’ содржи едноставна парола: ‘Патувањето не е само доаѓање од точката А до точката Б. Тоа треба да нè направи и подобри луѓе’.rnrnМожевте ли да замислите ваква реклама пред десет години? Последниот научен израз на овој нов дух е појавата на нова дисциплина, т.н. студија за среќата. Како е тогаш можно, во нашата ера на духовен хедонизам, кога целта на животот е јасно дефинирана како среќа, да експлодираат тегобноста и депресијата?“[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска.

  • Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

    Шест работи кои треба да ги избегнувате ова лето

    Месеците на бескрајно лошите временски услови се конечно зад нас, па се чини дека сега можеме да си го исполниме секој сон.rnrnДолги вечерни прошетки, патување на море, капење во базен, возење скутер и секој викенд многу сладоледи – има многу работи што можете да ги правите во текот на летото. Сепак, може да имате многу планови, но мора да бидете сигурни дека ништо нема да ве спречи во нивното остварување.rnrnШест работи кои треба да ги избегнувате ова летоrnrnЕве неколку работи кои треба да ги избегнувате ова лето.rn

    1. Луѓе кои ви го расипуваат расположението

    rnНајлошиот начин да го поминете летото е блиску до луѓе кои ви предизвикуваат само негативни емоции. Размислете колку често се чувствувавте непотребно виновни или непријатно заради вашите „пријатели“. Ослободете се од сите токсични ефекти кои не може да бидат корисни за никого.rnrnШест работи кои треба да ги избегнувате ова летоrn

    2. Социјални мрежи

    rnВо исто време, направете одмор и прекинете ги врските со социјалните мрежи. Исклучете ги сите известувања и оставете го телефонот настрана. Престанете да фотографирате и постојано да ги известувате виртуелните пријатели за сите случувања. Фокусирајте се на она што ви се случува и обидете се да ги зачувате моментите во вашата глава, а не во вашиот телефон.rn

    3. Временски услови

    rnЗадржете го позитивниот поглед на нештата, наместо да тагувате што мора да се одложи одморот во природа. Размислете што друго можете да направите, дури и ако времето не е совршено за прошетка. Летата се долги и температурите се многу високи, но не тагувајте – поминете го целиот ден дома со клима уред. Можете да организирате ручек со вашите пријатели, поканувајќи ги заедно да зготвите нешто необично.rnrnrn

    4. Импулсивна потрошувачка

    rnФактот дека имате ограничен буџет не треба да ви ја уништува забавата. Информирајте се за разните начини кои ќе ви дозволат да заштедите на патувањата и однапред планирајте како ќе ги распределите парите. Нема потреба да ангажирате професионален фотограф, сами можете да креирате креативни фотографии.rn

    5. Чекање вашите пријатели да бидат слободни

    rnАко веќе сте решиле каде сакате да одите, и сè што ви преостанува е да почекате вашиот партнер или пријатели да бидат слободни, подобро следете си ги своите планови. Не мора секогаш да бидете со некој за да уживате во она што го сакате. Покрај тоа, подоцна можете да ги споделите вашите впечатоци со нив.rnrnrn

    6. Нешта кои не ве инспирираат

    rnГодината не трае вечно, така што секоја минута е исклучително важна. Обидете се да ги запишете во дневникот сите работи што не ви носат задоволство. Дали сакате да бидете сами во петок? Дозволете си го себеси ова и не грижете се дека вашиот социјален живот ќе трпи поради тоа.rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Кои хороскопски знаци се најголемите љубители на самотијата?

    Кои хороскопски знаци се најголемите љубители на самотијата?

    Додека некои луѓе ги фаќа нервоза од самата помисла да бидат сами, други едноставно уживаат кога се насамо со своите мисли и секој вид дружење го доживуваат како непотребно вознемирување. Луѓето родени во следниве 4 хороскопски знаци, навистина уживаат во самотијата и можат да го извлечат најдоброто од неа.rnrnКои хороскопски знаци се најголемите љубители на самотијата?rn

    1. Скорпија

    rnНа Скорпиите не им сметаат луѓето, туку тие понекогаш сакаат на мир да ги слушаат нивните мисли. Тие не уживаат во постојната самотија, но на секои неколку денови им е потребна целосна изолација. На овој начин се справуваат со мислите и впечатоците.rn

    2. Девица

    rnДевиците се навистина срамежливи, па не се чувствуваат пријатно во големо друштво. Самотијата е нивната удобна зона во која се кријат со уживање. Кога треба да одберат помеѓу излегување и останување дома, тие дефинитивно ќе останат дома.rn

    3. Рак

    rnИако сакаат да им обрнуваат внимание на саканите, Раковите се навистина повлечени. Долгото дружење им ја троши енергијата, па после секое социјализирање потребен им е одмор.rn

    4. Риби

    rnИако ги сакаат луѓето, за Рибите најдобро е кога можат да бидат целосно сами и да мечтаат. Не сакаат никој да ги вознемирува додека лутаат со нивните мисли.rnrnЗнаете ли кои се најголемите песимисти во Зодијакот?

  • 23 нешта што ги разбираат само луѓето кои сакаат да минуваат време сами

    23 нешта што ги разбираат само луѓето кои сакаат да минуваат време сами

    Овие луѓе едноставно уживаат во своето друштво. Не значи дека немаат пријатели и дека не излегуваат, туку едноставно секогаш повеќе би одбрале да останат дома со книга отколку да одат негде. Ако и вие спаѓате овде, тогаш сигурно ви се познати следниве нешта.rnrnrnrn1. Викендот без планови и одговорности е најдобриот што можете да го имате.rnrn2. Понекогаш пријателите се обидуваат да направат планови со вас, а вие немате друга причина да откажете освен тоа што сакате да бидете сами тој ден.rnrn3. Добриот албум, книга или серија можат подолго да ви го задржат вниманието од која било забава или дискотека.rnrn4. Одењето во некоја далечна колиба сред шума со цел само да постоите одреден период ви звучи како најдобрата идеја за одмор.rnrn5. Нема ништо повозбудливо од планирање соло патување бидејќи знаете дека ќе можете да размислувате, да слушате музика и да правите што сакате со часови.rnrn6. Не ги разбирате луѓето кои не можат да јадат сами во ресторан. Според вас тоа е едно од поубавите нешта во животот.rnrn7. Најлошата карактеристика што може да ја има некој партнер е да биде премногу приврзан. Вам ви е потребен простор. Ако партнерот постојано сака да биде со вас, не би издржале во врската.rnrn8. Дури и кога сте приврзани за партнерот, секогаш ви се потребни по неколку часови сами за да бидете во ред.rnrn9. Би се венчале само со личност која сака да минува време сама. Во спротивно, бракот не би траел долго.rnrn10. Ако некој што ве познава треба да ве опише, би кажал само дека сте независни.rnrn11. Вашата интуиција е многу силна бидејќи поминувате време сами и ја развивате.rnrn12. Додека луѓето околу вас мразат да бидат сингл, вие сметате дека е вистинска радост што можете да уживате во вашата самотија. Ова е уште подобро ако живеете сами бидејќи имате многу нешта за правење.rnrn13. Секогаш работите на некој проект, најчесто уметнички, и се чувствувате лошо ако не сте биле во можност да работите неколку денови.rnrn14. Кога се дружите, повеќе сакате тоа да биде во мала група или само со еден пријател. Колку поинтимен и подлабок е разговорот, толку подобро.rnrn15. Вие сте набљудувач – го гледате и проучувате однесувањето на луѓето. Интересни сте и ве сакаат, а ова е проблем кога ќе се земе предвид колку време сакате да минувате сами.rnrn16. Цел ден поминат сами со себе прави најмногу да се чувствувате како вистинските вие.rnrn17. Го сакате студеното, врнежливо време бидејќи ви дава уште повеќе изговори за да останете во домот и да читате, размислувате или пишувате.rnrn18. Не можете, а да не размислувате за големите животни прашања.rnrn19. Бидејќи минувањето време сами ви е приоритет, поприсутни сте и повнимателни кога сте со другите бидејќи не се чувствувавте како да губите време.rnrn20. Повеќе би оделе на планинарење или на плажа сами отколку со кој било. Ова не значи дека не сакате луѓе, туку искуството е подобро кога сте сами.rnrn21. Одлично е да пиете вино со пријателите, но шише вино по напорен ден додека сте сами? За вас ова е вистински рај.rnrn22. Патувањето на ново место сами е секогаш одлична идеја. Секогаш или планирате или одите или се враќате од некоја соло авантура. Искусувањето на светот само преку вашите очи ви е голема потреба.rnrn23. Со ништо не може да се спореди чувството кога некој ќе ви откаже и добивате повеќе време за себе.rnrnПогледнете и што им е заедничко на луѓето кои уживаат во самотијата.