КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Топ 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!

    Топ 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!

    Викендот е пред вас, а вие сè уште немате никакви планови? Вашите пријателки се зафатени со работа, вашето момче е заминато на пат, а вашата сестра е ангажирана на училишниот проект на кој треба потполно да се сконцентрира. И покрај ова, вие сакате да излезете, да се релаксирате, а пред сè добро да се забавувате. Па затоа, „напишете“ сценарио за вистински викенд со уживања и секако не заборавајте: Вие ја играте главната улога.rnrnТоп 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!rn

    1. Време е за десерт!

    rnОвој петок заборавете на калориите, диетите, костимот за капење… И разгалете го чувството за вкус. Свртете се кон царството на чоколадите и вкусните кремови. Па затоа, посетете ја најдобрата слаткарница во вашиот град, храбро нарачајте го најголемото парче и уживајте. Ова е ден кој е посветен на вас и на вашето царство на слатки.rnrn2-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_rn

    2. Негувајте се!

    rnЗнаеме дека тоа го правите секојдневно, но денес дозволете си некој поразличен третман од вообичаениот. После туширањето нанесете лосион за тело од истата колекција од која е вашиот омилен парфем.rnrn3-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_rn

    3. Правец во кино!

    rnПризнајте, кога последен пат сте биле во кино и тоа сами? Многу одамна, зар не? Време е нешто да направите за да го промените тоа. Одберете некоја романтична комедија или пак нешто од вашиот омилен жанр. Дозволете им на чувствата да ве понесат.rnrn4-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_rn

    4. Наспијте се!

    rnИма ли нешто поубаво од „природно“ будење во недела? Ќе се сложите дека часовникот и алармот кој секојдневно ве потсетуваат дека е време за на работа делуваат фрустрирачки. Затоа исклучете ги сите уреди кои имаат аларм и спијте колку што ви пријае. Никаде не брзате.rnrn5-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_rn

    5. „Нурнете“ во светот на книгите!

    rnНеделното попладне е идеално време за да прочитате некоја топла, емотивна, остроумна, а воедно и духовите книга. А, доколку се запрашувате дали постои книга со сите овие карактеристики, тогаш ве предизвикуваме да „нурнете“ во светот на книгите и да ја пронајдете вистинската.rnrn6-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_

  • 30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

    30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

    Пролетта е во полн ек, па зошто да не ја искористите оваа сезона најдобро што можете така што ќе направите дел (или сите) од активностите подолу? Затоплувањето на времето, чистото сино небо и расцутените цвеќиња се само дел од нештата што ја прават пролетта полна со можности, како едноставно сè што ќе намислите да ви е лесно достижно. Епа ајде, што чекате? Започнете уште сега!rnrn30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓатеrnrn1. Носете повеќе фустани.rnrn2. Веднаш зажалете затоа што сте носеле повеќе фустани бидејќи вашите голи нозе допираат до сè врз што ќе седнете.rnrn3. Направете пикник.rnrn4. Веднаш зажалете за пикникот бидејќи вашите алергии одеднаш ќе ве нападнат под влијание на поленот во паркот.rnrn5. Уништете ги вашите омилени чевли во неочекувана пролетна бура.rnrn6. Застанете и помирисајте ги ружите.rnrn7. Разгледајте ги фотографиите на Инстаграм кои ќе ја направат пролетта уште посветла во вашите очи.rnrn8. Направете си круна од цвеќиња.rnrn9. Соберете ги пријателките во вашиот двор и испијте по една чаша вино на отворено додека уживате во топлото сонце.rnrn10. Запрашајте се дали би можеле секојдневно да живеете вака.rnrn11. Издвојте дел од вашата плата за нешто што одамна посакувате.rnrn12. Не ѝ дозволувајте на вината да ве одвлече при купувањето на она што одамна го посакувате.rnrn13. Купете ѝ на вашата мајка сладок и мал подарок, за и таа да се порадува на пролетта.rnrn14. Поминете квалитетно време со вашиот татко и разговарајте за сите оние нешта кои никогаш не сте имале време.rnrn15. Вежбајте на отворено.rnrn(2) 30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓатеrnrn16. Одете во кино на дождлив ден.rnrn17. Понесете со вас мало шише вино, кога ќе одите во кино на дождливиот ден.rnrn18. Облечете се подобро за време на студените утрински утра и потоа носете ја вашата јакна во раце бидејќи температурата одеднаш ќе скокне на 20-тина степени.rnrn19. Прочитајте не помалку од 15 статии за како да го добиете вашето совршено „бикини тело“.rnrn20. Тајно пребарајте ги на Гугл вежбите на Бијонсе и надевајте се на чудо.rnrn21. Размислете да почнете со ваша лична градина пред да одлучите дека никогаш нема да се сетите да ја наводнувате.rnrn22. Почнете редовно да ги депилирате или бричите вашите нозе.rnrn23. Смислете нови начини да ја стилизирате вашата немирна коса.rnrn24. Како и различни начини да ги криете вашите дамки од пот.rnrn25. Исчистете го целиот дом и бидете горди на тоа.rnrn26. Ставете забавен лак за нокти.rnrn27. Измачкајте ги целите прсти со лакот за нокти, изнервирајте се и посетете салон за убавина.rnrn28. Јадете повеќе сладолед.rnrn29. Јадете повеќе сладолед на отворено.rnrn30. Прочитајте ја оваа листа со намера да ги направите сите нешта на неа, а потоа пуштете нова ТВ серија на Нетфликс и уживајте во вашиот дом додека не дојде летото.

  • Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

    Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

    Најпознатиот факт за мачките е дека тие го преспиваат најголемиот дел од својот живот. Од друга страна, кога не спијат, тие подготвуваат план за освојување на светот. Но, има уште едно нешто кое го прават, во ситуациите додека спијат и не коваат планови за освојување на светот… Тогаш бараат место на кое можат да се стоплат.rnrnrnrnДоказот за ова ќе го најдете во галеријата која следува. Како што може да видите, понекогаш мачката е подготвена да направи сѐ за да ја исполни третата задача во својот живот. Нема сонце? Радијаторот ќе заврши работа. Не може да најде човек врз кој ќе заспие? Тука е неговиот лаптоп. Нема радијатор, ниту лаптоп? Тука е рерната. Мачките се бескрајно инвентивни кога станува збор за барање место за спиење или топло место за починка. Да се надеваме дека не се така инвентивни кога се работи за плановите за освојување на светот.rnrn

  • 7 вистини за нашиот живот кои треба да научиме да ги прифатиме во раните 20-ти години

    7 вистини за нашиот живот кои треба да научиме да ги прифатиме во раните 20-ти години

    20-тите години се период кога започнува самостојното патување низ животот. Со една торба на рамото, бескрајна храброст и силна верба дека вашата задача е да го позлатите патот до крајот на вашиот живот. Но, тоа не е точно. Вие имате 20 години и најважно е да знаете дека сѐ што треба е да се опуштите, да престанете со бркањето сенки и да уживате во патувањето.rnrn7 вистини за нашиот живот кои треба да научиме да ги прифатиме во раните 20-ти годиниrn

    1. Прифатете дека не можете да ги контролирате луѓето

    rnНе можете да ги натерате да останат. Не можете секогаш да ги натерате да си заминат. Не можете да ги натерате да ви останат верни. И дефинитивно не можете да ги натерате да ве сакаат.rn

    2. Прифатете дека можете да си заминете

    rnВие сте единствените кои можат да ги променат своите околности. Ако не ви се допаѓа облеката што ја носите, не носете ја. Ако не ви е забавно на некоја забава, одете си дома. Ако ја мразите вашата работа, најдете друга. Ако не ви добро во врската, раскинете.rn

    3. Прифатете дека никој не е совршен и сите се помалку луди

    rnНиедна врска во животот нема да ви биде беспрекорна. Престанете да ги обвинувате родителите затоа што не сте совршена личност. Не ги обвинувајте вашите љубовници затоа што не разбираат што сè ве фрустрира. Наместо тоа, опкружете се со несовршени, луди луѓе кои ќе ве направат среќни.rn

    4. Прифатете го фактот дека ништо не е вечно

    rnПрекрасните летни зајдисонца се претвораат во горчливи зимски ноќи. Луѓето се менуваат. Врските еволуираат. Понекогаш сте подготвени за овие промени, но во други случаи со сите сили се борите сè да остане како што е. Прифатете го фактот дека убавото зајдисонце наскоро ќе исчезне. Соочете се со вистината дека нашето време на Земјата е ограничено. Сè што може да направите е да ги цените убавите денови и да верувате дека тешките моменти наскоро ќе завршат.rn

    5. Прифатете дека целта на вашето патување не е да добиете сè што ќе посакате

    rnТоа може да значи дека треба да научите да живеете без некогаш да ја најдете работата од соништата. Тоа може да значи никогаш да не стапите во брак, да немате деца, да не дипломирате или да немате милион евра. Тоа може да значи прифаќање на неочекуваните пресврти кои животот го прават вреден за живеење. Потиснете ги настрана идеите за тоа што мислите дека би требало да бидете, за да направите простори за личноста која навистина сте.rn

    6. Прифатете дека нема да имате одговор на сите проблеми

    rnЗошто сè уште се грижите за личноста која ве повредила најмногу во животот? Зошто ужасни нешта им се случуваат на прекрасни луѓе? Некои работи не се едноставни. Животот не е фер. Прифатете дека секој следен момент од животот е како подарок. Некогаш сè што може да направите е да не се грижите премногу и едноставно верувајте дека сè е дел од поголемиот план.rn

    7. Најважно од сè, прифатете се себеси

    rnПрифатете ги сите вашите мисли. Прифатете го вашето тело. Прифатете ги вашите порази и недостатоци, научените лекции и лузните. Живејте без каење. Живејте храбро и слободно. Не дозволувајте им на другите да ја дефинираат вашата вредност. Вие сте прекрасни и храбри. И ако сè уште дишете, имате време да го живеете животот кој го посакувате.

  • Ако научите да уживате во животот без овие 11 работи, ништо нема да ви биде толку тешко

    Ако научите да уживате во животот без овие 11 работи, ништо нема да ви биде толку тешко

    Среќата понекогаш е тешко да се достигне. Посегнувате по одредени цели, па кога ќе ги добиете, тие не ви носат среќа. Тогаш посегнувате по нови желби, се вртите во круг и останувате несреќни. Будистите би рекле дека желбите водат кон несреќа, а постои и одредена мудрост во тоа. Наместо тоа, погледнете ги овие 11 работи коишто мислите дека се важни, но вистината е дека не ви се потребни за да бидете среќни.rnrnrn

    1. Вести

    rn„Незнаењето е благослов“ е сосема погрешно верување, но тоа не значи дека треба да бидете преполни со информации. Нашето општество е презаситено со вести за светот и луѓето околу нас. Не мора да значи дека секоја интрига којашто ќе се случи, треба да ве интересира. Факт е дека ваквите информации имаат преголемо влијание врз начинот на којшто размислувате. Оставете го тоа и научете да уживате во животот.rn

    2. Интернет

    rnКако на вас влијаат информациите коишто ги добивате преку интернетот? Онлајн комуникацијата ја попречува редовната комуникација. Речиси никој којшто го запознавате онлајн не може да ви значи толку колку што ви значат вашите блиски пријатели и семејството, со кои можете да се гледате лице в лице.rn

    3. Коцкање

    rnКоцкањето е забавно. Но, како што тоа станува сè позастапено во нашето општество, луѓето ги занемаруваат неговите недостатоци. Коцкањето ги троши парите на очајните, а дури може да ве направат зависни со тоа што ќе сонувате за лесно богатство. Коцкањето не е добро ниту за вашата врска, ниту пак за вашиот партнер.rn

    4. Хоби во коешто не уживате

    rnСекој има потреба од хоби. Но, многу често луѓето одбираат хобија што се прифатливи за општеството, а не такви во коишто навистина уживаат и за коишто се навистина заинтересирани. Планинарењето и велосипедизмот се навистина прекрасни, но не секој ужива во нив. Не одбирајте хоби со чија помош ќе сакате да ги импресионирате другите. Нема да уживате на ваков начин. Изберете нешто што ќе правите во вашето слободно време, а што ќе го правите со задоволство.rn

    5. Скап одмор

    rnНе мора да значи дека скапиот одмор може да ви донесе убави спомени. Посетата на вашите роднини и одржувањето на семејните врски може да ви обезбеди прекрасни незаборавни моменти.rn

    6. Голема куќа

    rnНајчесто, големата куќа значи место каде што ќе треба да поминувате повеќе време во нејзино чистење и одржување. Оние луѓе кои ги имаат најголемите куќи, понекогаш се и помалку среќни од останатите. Поголемата куќа носи и поголеми тековни трошоци. Па, размислете, во што би сакале повеќе да уживате: во удобен живот или голема куќа?rn

    7. Забава

    rnЗабавата е убава и понекогаш потребна. Но, доколку на забавата гледате како на излез од напорната работа, тоа значи дека вие би потрошиле повеќе пари на забава отколку на други работи во животот.rn

    8. Скапи љубовни состаноци

    rnКога излегувате со други, честопати се обидувате да ги импресионирате со тоа што ќе ги одведете на скапи места. Ова не води никаде. Најдобрите состаноци, исто како и најдобрите одмори, се оние каде што ќе ги запаметите самите настани подобро отколку местата каде што сте биле.rn

    9. Членување во теретана

    rnВежбањето е добро за одржување на вашето здравје. Но, тоа не значи дека е потребно да посетувате теретана или пак да купите справи за вежбање во домашни услови. Редовното трчање може да ви помогне во одржувањето на добрата здравствена состојба. Оваа активност е поевтина и нема да ве разочара како лентата за трчање којашто собира прашина во вашата соба.rn

    10. Најновата технологија

    rnТехнологијата е средство коешто помага во потрагата по подобар живот. Но ова не значи дека треба секогаш да ја имате најновата технологија, туку само тогаш кога мислите дека тоа може да ги реши вашите проблеми или на некој начин да ви го подобри животот.rn

    11. Одобрување од другите луѓе

    rnРечиси сè што споменавме претходно се однесува на една работа: сакате да им се допаднете на другите. Затоа сакате голема куќа, скап одмор или ја следите технологијата. Запаметете: не постои човек на светот којшто е повеќе омразуван од оној којшто сака да ги направи сите како него. Бидете свои. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за да бидете среќни!

  • Животни кои ќе ве насмеат додека јадат

    Животни кои ќе ве насмеат додека јадат

    Логично е да се согласиме дека мора да јадеме за да преживееме и дека живеењето за да јадеме може да биде нездраво. Но, погледнете ги овие слатки животни како уживаат во храната! Од зајаците што јадат јагоди (еве од каде се инспирирале Монти Пајтон), до повеќето животни кои се насладуваат од лубеница, освен видрата која очигледно не ужива во слаткиот вкус, се работи за зоолошки раскош од убавина.rnrnГалерија од животни кои ќе ве насмеат додека јадатrnrnИмајќи го тоа на ум, исхраната на животните не е лесна како што изгледа. Од екстремно небулозните правила за мачките и лактозата, до фактот дека кучињата не би требало да јадат чоколади, убаво е најпрво да проверете на интернет дали вервериците смеат да јадат салата од макарони. Во меѓувреме, погледнете како овие слатки животни уживаат во своите оброци.rn

    Понекогаш ви треба само хрчак под ќебе кој грицка морков.

    rnГалерија од животни кои ќе ве насмеат додека јадатrn

    Слатко кученце е вљубено во своето парче пица!

    rnГалерија од животни кои ќе ве насмеат додека јадатrn

    Мњам, мњам, мњам…

    rnГалерија од животни кои ќе ве насмеат додека јадатrnrn

  • 36 причини зошто никогаш не треба да практикувате сноубординг

    36 причини зошто никогаш не треба да практикувате сноубординг

    Секој што тврди дека ужива во сноубордингот лаже. Никој не може да ужива во овој недефиниран спорт, кој нуди многу малку возбуда и е без одредени правила. Истовремено ве ограничува во просторот каде што можете да го практикувате, а најлошото е во тоа што ви ја убива индивидуалноста и не дозволува да го искажете вашиот сопствен стил. Ако некој ви вели дека со нетрпение ја очекува зимата за да ужива во снегот и сноубордингот, не верувајте му.rnrn36 причини зошто никогаш не треба да практикувате сноубордингrnrnПогледнете ги следниве фотографии и дознајте дали горенаведените тврдења се точни…rnrn

  • Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

    Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

    Некој ќе каже дека во Италија се слабее, бидејќи Италијанците секогаш јадат свежо подготвена храна. Но, после неколку недели во Италија ќе бидете среќни што со вас сте ги понеле растегливите хеланки за вежбање. Веројатно поради тоа Италијанците се толку среќни – секогаш имаат можност да јадат свежа и вкусна италијанска храна.rnrn(5)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnВо продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви посочат како вистински да уживате во италијанската храна, како што тоа го прават Италијанците.rnrnИталијанска храна – тоа е љубов!rn

    1. Кафе

    rn(1)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnКапучиното и макијатото се всушност американски навики за пиење кафе. Вработен во кафе бар во Милано вели дека Италијанците пијат по неколку топли еспреса, и тоа наутро, после ручек и после вечера. После јадење сите се чувствуваме поспано, па затоа се пие еспресо за расонување.rnrnВо ред е: Да се напиете вода пред да се напиете кафе. Така ќе го почувствувате вистинскиот вкус на кафето.rnrnНе е во ред: Да додавате млеко и шеќер (кафето се пие црно и горко).rn

    2. Аперитиви

    rn2-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnИталијанците секогаш пијат кога јадат, па затоа треба внимателно да се избере соодветното вино. Ако не знаете од каде да почнете, пробајте просеко (бело вино) со сирење пекорино, мерлот со салама или каберне со пршута.rnrnВо ред е: Да го промешате и да го помирисате црвеното вино пред да се напиете.rnrnНаздравете или кренете ја чашата ако личноста со која наздравувате седи далеку од вас. И не заборавајте да ги макнете бисквитите во слаткото винсанто.rnrnЗа закуските користете чепкалка. Во петок може и да ја прескокнете вечерата и да се заситите од предјадењата.rnrnНе е во ред: Да пиете на празен стомак, тоа никогаш не завршува добро. Исто така, не служете пенливо вино во тенки високи чаши.rn

    3. Пица

    rnFresh italian pizzarnrnОчекувајте тенко тесто и едноставни состојки (без претерувања и полнето тесто). Во Италија прифатливо е да јадете пица со или без прибор за јадење.rnrnВо ред е: Да ги ставите лактите на масата и да гестикулирате со нив додека јадете.rnrnНе е во ред: Да оставите нешто од пицата. Изедете ја цела!rn

    4. Тестенини

    rn4-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnПовторно, колку помалку состојки, толку подобро. Во Италија, чинија со свежо приготвени тестенини се служи како прв дел од оброкот, пред протеинскиот дел. Може да побарате лажица, но обидете се долгите тестенини како шпагетите да ги навиткате на виљушката, почнувајќи од врвот, а потоа со вртење да направите совршен залак.rnrnВо ред е: Да јадете тестенини и сосови во зависност од регионот во кој се наоѓате. Во Рим тоа е „cacio e pepe“ што во превод значи сирење и пиперка. Во Сиена пробајте „pici“, тестенини кои личат на дебели шпагети. Изненадувачки, во Болоња не постои автентичен болоњезе сос. Кој би рекол?!rnrnНе е во ред: Да додавате премногу состојки или дополнително сос или сол.rn

    5. Џелато

    rn5-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnИталијанците редовно имаат десерт и за време на вечерната прошетка после вечерата јадат сладолед или поточно кажано џелато. Џелатото наводно содржи помалку масти од сладоледот.rnrnВо ред е: Да бирате според бојата – вкусот треба да одговара на бојата. На пример, ако е од ф’стаци тогаш џелатото треба да е бледо зелено, ако е од банана не треба да е баш жолто.rnrnДополнително барајте знаци на кои пишува „produzione propria or artigianale“ (направено тука) и места каде што џелатото се чува во метални кутии.rnrnНе е во ред: Да се залетувате на места каде што има огромни количества џелато. Тоа значи дека џелатото е од индустриско производство. Најважно, не бројте ги калориите и не чувствувајте вина.

  • 13 стари филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

    13 стари филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположение

    Се чувствувате тажно? Пуштете некој од овие филмови. Тие не само што ќе ви го активираат чувството на носталгија за минатото, туку истовремено ќе направат да се чувствувате и радосни. Истражувањата ни покажуваат дека вашите омилени филмови се неодоливи за вашиот мозок. Со други зборови, во човечката природа се наоѓа потребата за прегледување на филмовите и ТВ сериите во кои сме уживале во одреден среќен момент од нашиот живот. Без разлика дали се работи за филмско ремек-дело или за некој светски блокбастер, омилениот филм може да ви го промени начинот на размислување. Во продолжение следуваат 13 филмови кои дефинитивно треба да ги имате на дофат доколку сте лошо расположени.rn

    1. Изгубена (Clueless)

    rn(0) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnОвој филм е малку смешен и бесмислен, но многу примамлив и интересен. Нешто слично како актерот Пол Руд. И секако, да не заборавиме на музиката во филмот која е едноставно совршена.rn

    2. Филмот на Шиљо (A Goofy Movie)

    rn(2) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnОвој филм ќе ве потсети на периодот кога сте имале 8 години, како и на крајот кој е прекрасен. А замислете, сите ликови се кучиња! Колку е тоа неверојатно?!rn

    3. Принцезата невеста (The Princess Bride)

    rn(6) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnОвој филм има сѐ што можете да замислите. Пирати, мечување, глодачи со невообичаена големина, Били Кристл, вистинска љубов! И секако да не заборавиме на познатата изјава: „Здраво, моето име е Иниго Монтоја. Вие го убивте мојот татко. Подгответе се да умрете!“rn

    4. 27 фустани (27 Dresses)

    rn(7) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnОваа романтична комедија е толку лоша, што поради тоа станува одлична и секогаш ќе ве направи среќни откако ќе завршите со гледање.rn

    5. Еден убав ден (One Fine Day)

    rn(3) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnЏорџ Клуни + Мишел Фајфер + Њујорк = Совршенство. Нема потреба да се каже ништо повеќе.rn

    6. Љубовта нема правила (Something’s Gotta Give)

    rn(8) 13 одлични филмови кои имаат моќ скоро инстантно да ви го подобрат лошото расположениеrnrnОвој филм од почетокот на новиот милениум има незаменлив саундрак и драгоцена актерска екипа.rnrn

  • Ова се најдобрите методи за опуштање во кои максимално ќе уживате

    Ова се најдобрите методи за опуштање во кои максимално ќе уживате

    Стресните денови знаат да бидат долги и исцрпувачки, па затоа потребно е да знаете добро да се опуштите.rnrnova-se-najdobrite-metodi-za-opushtanje-vo-koi-kje-uzhivate-maksimalno-kafepauza.mkrnrnПотрошената енергија мора да се надополни. Следејќи ги овие методи, ќе можете потполно да се опуштите и да бидете спремни за предизвиците кои ве очекуваат наредниот ден.rnrn1. Седнете пред телевизорот и дозволете си филмски или сериски маратон.rnrn2. Подгответе си одлична, миризлива бања со меурчиња и не излегувајте од када сè додека водата има добра температура.rnrn3. Придушете го светлото, запалете миризливи свеќи и уживајте во омилената музика.rnrn4. Легнете на кревет во некоја симпатична долна облека (чисто за да се чувствувате подобро) и уживајте во омилената книга или магазин.rnrn5. Направете си чај, кафе или топло чоколадо и составете листа на работи кои сакате да ги направите.rnrn6. Шетајте по продавници без да потрошите ниту денар. Не можете ни да замислите колку опушта шетањето низ продавници без стресот кој произлегува од барањето на тоа што сакате да го купите.rnrn7. Уживајте во сите можни ритуали за убавина кои ви доаѓаат на памет. Средете си ги веѓите, налакирајте ги ноктите, направете пилинг на целото тело, нанесете маска на лицето, напрскајте се со омилениот парфем и слични работи кои прават да се чувствувате добро.rnrn8. Вежбајте и наполнете го телото со среќни хормони кои веднаш го подобруваат расположението!