КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Варено вино според рецептот на Џејми Оливер

    Варено вино според рецептот на Џејми Оливер

    Што е зимата, ако не совршено време за чаша варено вино. Еве како во домашни услови сами да го подготвите и тоа според рецептот на одличниот Џејми Оливер.rnrn(0) vareno-vino-spored-receptot-na-dzejmi-oliver-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 шишиња црвено вино
    • rn011

    • 2 мандарини
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1 лимета
    • rn011

    • 200 г шеќер
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn011

    • 6 каранфилчиња
    • rn011

    • 3 свежи ловорови листа
    • rn011

    • 1 рендано мускатно оревче
    • rn011

    • 1 стапче ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете поголеми парчиња кора од мандарините, лимонот и лиметата. Во поголемо тенџере, на средна температура, ставете го шеќерот да се стопи. Додадете ги претходно излупените кори од овошјето и исцедете го сокот од мандарините. Потоа, ставете ги каранфилчињата, стапчето цимет, ловоровите листови, изренданото мускатно оревче и преполовеното стапче ванила. Сето тоа полијте го со половина литар вино.rnrnВаквата смеса нека крчка сѐ додека шеќерот целосно не се растопи во виното и оставете да се вари сѐ додека не стане како сируп. Кога сирупот ќе е готов, намалете ја температурата и додадете го остатокот од виното. Промешајте и оставете го да се готви на тивок оган уште пет минути. Веднаш после тоа послужете го во чаши и уживајте во уникатниот вкус.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа

    Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа

    Овој иновативен кауч, осмислен од страна на францускиот дизајнер Даниел Пузе за компанијата за мебел „Dedon’s Island Resort“, е одлична и удобна крошна која благодарение на добриот систем, може да се користи како кауч кој се лула. Совршен за да виси на терасата, да се постави на верандата, па дури и да се користи внатре во куќата, уникатниот концепт создава впечаток како да лебдите во воздух, што го прави фантастично парче мебел за излежување и релаксација.rnrnКауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природаrnrnДизајнот е сочинет од алуминиумска рамка прекриена со ткаенина, масичка чиј горен дел се ротира за 180 степени и специјално изработени јажиња. Кога е нареден со перници, овој едноставен кауч изгледа како неодоливо спокојно место за дремка. Доаѓа во комплет со опционална завеса, која создава сенка и ви овозможува приватност, но истовремено низ неа можете да гледате кон надвор. Идеален е за одмор, нели?! :)rnrnКауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини да одите со семејството во природа

    10 причини да одите со семејството во природа

    Патописецот Дејвид Милер ја обожува природата, која му е едно од омилените места за поминување време со своето семејство. Покрај вообичаеното релаксирање и зближување, тој забележал дека постојат уште неколку придобивки од времето во кое уживаат во природата.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

    Ја буди имагинацијата кај децата

    rnДецата, како и ние, се постојано затворени во определен круг: дома, училиште, маалото… круг кој ним им е добро познат. Добро им се познати и правилата по кои функционира овој нивен свет. rnrnПрошетката во природа им овозможува да осознаат нешто поинакво. Почнуваат да се интересираат од каде доаѓа реката, што има под каменот, какви животни живеат во шумата… Се соочуваат со непознатото и се буди нивната имагинација: замислуваат како изгледа местото ноќе, како изгледа дното на езерото или како се хранат животните. Што и да ги интересира, самото присуство во природата измешано со детската љубопитност ги тера да истражуваат.rn
    rn

    Им дозволува на децата да бидат инвентивни

    rnМожноста за интеракција со природата на децата им овозможува да го искористат сиот свој потенцијал за игра и за какви било активности во неа. Компјутерот и книгите можат добро да се искористат во едукативни цели, но тие не можат да ја распламтат имагинацијата и инвентивноста кај нив како неколку часа поминати надвор.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

    Природата ве прави рамноправни со децата

    rnВо секојдневието точно се знае каква е улогата на децата, а каква на родителите. Во сите случаи децата се оние кои се подредени, кои треба да слушаат, но Милер смета дека кога децата и родителите се сами во дивината тоа ја менува групната динамика, така што децата почнуваат да го ценат тоа што улогата во прошетката не им е подредена и покажуваат поголема одговорност.rn
    rn

    Овозможува да се потроши енергијата на здрав начин

    rnИстражувањето на шумата или трчањето по ридовите и ливадите овозможува да се потроши негативната енергија на многу здрав начин. Кога ќе почувствувате дека сите дома стануваат напнати, организирајте активности во природа.rn
    rn

    Игрите надвор носат здравствени придобивки

    rnВо ера кога прекумерната тежина кај децата е растечки проблем, добро е да се знае дека барем еден час активности надвор во текот на денот носи големи здравствени придобивки. Исто така, истражувањата покажуваат дека недостатокот на квалитетно време надвор во текот на детството носи емоционални проблеми во возрасното доба.10 причини да одите со семејството во природаrnrn

    Учи на емпатија, сочувство и поврзаност

    rnЧувството на поврзаност со природата ги учи луѓето на поврзаност, емпатија и на заедништво. Средбата со природата на детето му дава свест дека потекнува од некаде. Како што водата доаѓа од некаде, а отпадните води од овде одат некаде на друго место, така и луѓето доаѓаат од некаде и се поврзани со остатокот од светот.rn
    rn

    Учи дека крајот не е секогаш предвидлив

    rnВо дигиталниот свет сè е предвидливо. Детето игра видеоигра и точно знае што треба да направи за да стигне до следното ниво. Гледаме некакво ТВ шоу и точно знаеме што можеме да очекуваме и кога ќе заврши. Природата не игра по овие правила. Таа секогаш е непредвидлива, постојано се менува и си живее според сопствено темпо. Соочувањето со неа секогаш укажува на тоа дека работите треба добро да се опсервираат и да се биде трпелив.rn
    rn

    Учи за тркалото на животот

    rnСредбата со мртви животни или поставувањето прашања за менувањето на годишните времиња на децата може да им даде многу информации за тоа како тече животот и за концептот на животот и смртта. Ќе дознаат дека и тие се дел од природата и не треба да се плашат од неа, туку да ја почитуваат.10 причини да одите со семејството во природаrn

    Може да се научат многу нови вештини

    rnМоже да се научи како да се запали оган, како да се најде чиста вода за пиење или храна, да се изгради преноќиште. Но покрај овие вештини, Дејвид Милер особено го цени тоа што може да се научат и некои основни работи како на пример за изгревањето на месечината итн, кои него го направиле повеќе свесен за своето место во природата.rn
    rn

    Може да спаси живот

    rnПред сè сопствениот живот. Ако некој се чувствува поврзан со природата, го знае своето место во неа и ја почитува, ќе знае како да се однесува во ситуации кои можат да бидат опасни по животот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Треба ли да имате секс кога сте во оние денови од месецот?

    Треба ли да имате секс кога сте во оние денови од месецот?

    Многу девојки си го поставуваат ова прашање. Дали е безбедно? Дали ќе биде неуредно? Дали ќе боли? Што ќе си помисли дечко ми?rnrnВистината е дека во овој период од месецот девојките се чувствуваат повозбудено и им се зголемува желбата за секс, што е резултат на зголеменото количество на хормони. Тоа е  сосема нормално, како што е нормално и да одите докрај остварувајќи си ја сексуалната желба.rnrnТреба ли да имате секс кога сте во оние денови од месецот?rnrnДевојките се грижат од неколку причини да имаат секс за време на менструалниот циклус. Еве кои се тие:rnrn1. Дали ќе боли? – Сексот за време на месечниот циклус не боли. Ова не значи дека треба да биде груб. Целиот вагинален дел за време на менструацијата е многу сензитивен, што е добро. Тоа значи дека вашиот секс ќе биде многу позадоволувачки. Внимавајте, не треба да имате длабоко пенетрирачки секс и избегнувајте грубости, бидејќи вашата матка во овој период е поспуштена, па може да осетите болка доколку ви навлезе предлабоко. Вообичаениот секс би требало да биде не само што прифатлив, туку и да ви пружи нови возбудливи сензации. Дури, ако не сте го правеле ова порано, ќе жалите за сите пропуштени прилики секој месец.rnrn2. Може ли да се забремени при секс за време на менструалниот циклус? – Тешко е веројатно. Веројатноста да забремените е многу мала, но не и сосема исклучена. Спермата останува активна до 72 часа, па ако имате секс при крајот на вашиот циклус, а потоа три дена предвремено овулирате, постои многу мала можност спремата да дојде до вашите јајце-клетки. Веројатноста е мала, но превентивно можете да одлучите да имате секс порано во циклусот или пак да користите контрацепција.rnrn3. Дали при секс за време на месечниот циклус полесно се фаќаат сексуално преносливи болести? – Ризикот постои доколку еден од вас има некоја сексуално пренослива болест. Повеќето парови кои би се одлучиле да имаат секс при менструално крвавење, веројатно добро се познаваат и си ја знаат својата здравствена состојба. Дури и да постои здравствен проблем или сомнеж, секогаш можете да изберете да користите кондом. Така нема да мора да ја пропуштате сензационалната забава секој месец.rnrn4. Дали ќе му се згади од крвта? – Од некои причини, при секс за време на менструалниот циклус, крвавењето сопира, па тоа е многу згодно. Во секој случај, добро е прво да разговарате за тоа, наместо да го изненадите. Ако тој се сложи, веројатно е спремен на малку неуредност за време на чинот. Инаку, нередот е многу помал од она што повеќето девојки би го очекувале. Дополнително, можете да го избегнете непосакуваниот неред, така што ќе постелете нешто на душекот или врз чаршавот за спиење, или пак да го направите тоа во бањата. Во вториот случај, двајцата нема ни да забележите дека ви се оние денови.rnrnДоколку тој не се чувствува пријатно да има крв на неговиот пенис, би можел да стави кондом, иако на повеќето мажи ова не им пречи. Доколку вие носите тампон пред сексуалниот чин, тој ќе ја впие сета крв која дотогаш протекла, па откако ќе завршите може да се изненадите дека нема ниту една капка по чаршафите.rnrnСексот за време на менструалниот циклус е прашање на лична преференција. Доколку на двајцата партнери не им пречи, можат да изнајдат начини како да го ослободат сексуалниот нагон во овој период. На некои им е ова незамисливо. Мислата дека кога сè ќе заврши, вашиот чаршав може да изгледа како таму да се случило брутално убиство, може да не ви дозволи ни да почнете да уживате. Но запомнете, вие сте силно возбудени во овој период, па делувате и екстравозбудливо за вашиот партнер. Па, зошто тогаш да се лишите од силните задоволства секој месец? Ќе се изненадите колку луѓе го прават ова.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни лекции кои можете да ги научите од кучињата

    Животни лекции кои можете да ги научите од кучињата

    Кучињата не само што можат да бидат наши пријатели, туку можат да бидат и наши учители. Во ова видео од две минути, кучињата ќе ни презентираат многу важни животни лекции.rnrnЖивотни лекции кои можете да ги научите од кучињатаrnrnТие ќе ви покажат дека е важно да слушате, да вежбате, да уживате во животот, да бидете херои, да споделувате и да сакате и многу други важни работи. Погледнете:rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компактна јахта за луксузно уживање

    Компактна јахта за луксузно уживање

    „Wider 42“ е феноменална јахта која навидум не е многу голема, но на неа можат да уживаат 12 луѓе. Во јавноста е презентирана минатата година непосредно пред Ф1 трката во Монте Карло. Целосно е изработена од карбонски влакна и е придвижувана од два мотори кои имаат моќност од по 370 коњски сили.Компактна јахта за луксузно уживањеНејзиниот средишен дел може да биде отворен или затворен, а е опремена со неколку телевизори, целосна кујна, простор за седење кој може да се приспособи како спална, целосна бања, а има и „паркинг простор“ за скутер на вода.Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање Компактна јахта за луксузно уживање
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Hot Tub Cinema е уникатен начин на гледање филм во кино, за сите оние кои сакаат да ја соблечат својата облека пред да започне филмот и да седат само по костим за капење, опуштајќи се во топла бања. Како што е објаснето на веб-сајтот ова е „луксузен настан кој го прославува филмот на забавен и пријатен начин“. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаНастанот се одржува низ Лондон и делови од Велика Британија, во текот на целата година, во затворен простор во текот на есента и зимата и на отворено напролет и налето. Заинтересираните посетители на киното можат да ги грабнат нивните костими за капење и да купат еден билет или да ја резервираат цела бања, за да ја делат со своето друштво. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаКако што сонцето почнува да заоѓа и воздухот почнува да се исполнува со пареа од топлата бања, гледачите имаат можност да си пијат коктелче и да се социјализираат со пријателите, додека уживаат во несекојдневното окружување и неверојатната глетка. 8 луѓе во една бања можат да се опуштат во амбиентот и да уживаат во добриот филм. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака„Hot Tub Cinema“ бара од посетителите со себе да понесат практични работи, како костим за капење и апостолки, но воедно ги охрабруваат да носат и костими, смешни перики и чувство за авантура. Со план да започнат да се шират интернационално, прашање на време е кога ќе почнат вакви настани да се организираат и во САД. Звучи како забавен начин да се поминат летните ноќи нели? 🙂 Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака (10) Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Се сметате себеси за одговорен и работлив човек, но едноставно не уживате во работата која ја имате. Во ваков случај платата и повремената искра надеж е она што ве одржува и понатаму да останете и да го печалите лебот на тоа работно место. Но, сепак проблемите секогаш испливуваат на површина и кога тогаш, ќе морате да пресечете и да кажете дека е доста. Секогаш треба да го гледате најдоброто за вас и вашите интереси да бидат пред сè друго. Ова се неколку, доволно силни причини да почнете да барате ново работно место, макар и за помала плата, но за поголемо задоволство и поголемо уживање.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Комуницирате со колегите само за да се пожалите од работата

    rnПорано кога бевте свежи и ентузијастички настроени, со сигурност сте се труделе подобро да се запознаете и да се дружите со колегите. Кога уживате во работата, уживате и во социјализацијата со колегите. Сега, сè поретко разговарате, а кога тоа се случува најчесто го озборувате шефот и директорот, се жалите за работните проблеми, работните услови и слично.rn

    Колегите напредуваат пред вас

    rnПогледнете ги колегите кои се понапредни од вас. Дали тие се вклучија во организацијата после вас? Доколку е така, тогаш можеби е време да го промените работното место бидејќи или не давате сè од себе или повисоките раководни лица не ве ценат вас и вашиот труд.rn

    Не можете да се сетите кога последен пат сте научиле нешто ново

    rnБез постојан предизвик не можеме да очекуваме дека ќе бидеме ентузијасти и свежи постојано и дека ќе бидеме возбудени за работата. Без разлика во кое поле работите и на кое ниво сте, доколку не учите нови работи, тогаш е време да продолжите по друга патека.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Не можете да се сетите кога последен пат некој ве пофалил дека одлично си ја завршувате работата

    rnДобро завршената работа и позитивниот фидбек од сработеното одат рака под рака. Доколку не го добивате позитивниот фидбек, не мора да значи дека не си ја вршите работата како што треба. Можеби некој друг не знае доволно добро да си ги мотивира вработените, па лошиот менаџмент може да ви ја убие вашата желба за работење.rn

    Заспивате на работните состаноци

    rnРаботните состаноци знаат да бидат досадни и да бидеме реални, сите после некое време се исклучуваат. Но, почнете да забележувате колку често ви се случува ова. Доколку увидите дека често ви се случува и дека не ви е интересно, а наместо тоа почнувате да размислувате што ќе јадете после или што филм ќе гледате вечер, тогаш почнете да праќате мотивациско писмо и портфолио во други фирми, бидејќи веќе не ви е предизвик да работите на тоа работно место.rn

    Односот со работодавецот ви е ужасен

    rnДоколку односот со вашиот работодавец ви е толку лош, што нема начин како да се врати во нормала, тоа е силна причина да си заминете и да барате нова работа. Голем број работодавци не знаат да признаат грешка и секогаш вината ја бараат во вас, па некогаш едноставно не вреди да трпите стрес и постојано да сте нервозни поради неговиот карактер.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Мисијата на организацијата е спротивна од вашите етички принципи

    rnБез разлика дали работите во бизнис во кој работодавецот ве тера да лажете за квалитетот на продуктот или работите во организација која ги гази вашите претходно утврдени ставови, не вреди вие да си одите спротивно од вашите принципи за да му го полните некому џебот. Точно е дека во денешно време тешко се наоѓа работа и дека понекогаш треба да се подголтне и да се прифати тоа што ни е понудено, но не по секоја цена.rn

    Преголем стрес

    rnНајчесто стресот е правопорционален со тежината на работата и односот на работодавачот кон вас. Неретко сите посветени работници стресот си го носат и дома, а тоа им се одразува на односот со семејството и пријателите. Доколку сметате дека работата е повредна од тоа, продолжете да работите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Патувај, уживај во животот и фотографирај

    Патувај, уживај во животот и фотографирај

    Емануел Росарио е фотограф од Њујорк Сити кој ја овековечува младоста, животот, искуствата, патувањата и истражувањето на сè она што животот може да ни го понуди. Растејќи во брз град, тој самиот немал можност да живее таков живот, па токму затоа со неговата фотографија сака да нè поттикне и инспирира да патуваме и да видиме што е она што животот може да ни го понуди.Патувај, уживај во животот и фотографирајПатувај, уживај во животот и фотографирајПатувај, уживај во животот и фотографирајЕмануел ни се обрати бидејќи неговата цел е да биде инспирација и мотивација за останатите преку неговите фотографии од патувања:rn
    rn

    „Се надевам дека ќе ми помогнете да ги споделам моите патувања со вашите читатели со цел да ја остварам мојата кауза – да ги инспирирам сите да патуваат, да уживаат и да имаат подобар поглед на животот, бидејќи животот е убав и опкружени сме со убави нешта, треба само да застанеме за момент за да ги забележиме“, вели Емануел.

    rnПатувај, уживај во животот и фотографирајПатувај, уживај во животот и фотографирајПа народе, застанете за момент и погледнете околу себе. Животот е убав, па што чекате!? Патувајте, уживајте и документирајте ги малите задоволства. Така и вие ќе бидете инспирација за други.rn
    rn

    „На крајот, не се важни годините што ќе ги доживееш во животот, туку животот во тие години“ – Абрахам Линколн.

    rnПатувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај Патувај, уживај во животот и фотографирај
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 ерогени зони кои често ги запоставуваме

    Топ 10 ерогени зони кои често ги запоставуваме

    Мажите без сомнение во текот на сексот најмногу го допираат задникот, интимната зона и градите на жената, но и покрај тоа што таму се наоѓаат најголемиот број нервни завршетоци, сензорите за уживање се наоѓаат по целото женско тело. Посветувањето внимание на тие занемарени делови може да донесе неочекувано уживање.rnrnТоп десет ерогени зони кои често ги запоставувамеrnrn1. Косата: Поминување со прстите низ косата помага во олабавување на напнатоста.rnrn2. Тилот: Во стара Јапонија тилот се сметал како најголема ерогена зона, бидејќи тоа било едно од ретките места кое не било покриено со облека. Во денешно време, тилот често се игнорира како зона за уживање, но не треба да се потценува моќта на нежните допри и бакнежи во пределот од косата до рамениците.rnrn3. Клучната коска: Убаво обликувана и изразена клучна коска може да биде многу атрактивна и неодолива.rnrn4. Долниот дел од грбот: Ова е деликатно подрачје кое е преполно со нервни завршетоци, па затоа не треба да се запоставува.rnrn5. Зоната под коленото: Ова место е многу чувствително на допир, но често се заборава на него во интимните моменти.rnrn6. Дланките: Луѓето ги користат дланките за стимулација на партнерот, но не размислуваат за тоа дека и тие можат да бидат ерогена зона. Нежно поминување со врвот од прстите по должина на дланката, па сè до коренот е навистина возбудливо.rnrn7. Ушите: Нежно допирање, бакнување, па дури и благо грицкање на ушните школки кај многумина ќе го забрза пулсот и ќе предизвика слатки морници по целото тело, бидејќи ушите се преполни со чувствителни нерви.rnrn8. Стапалата: Масажа на стапалата се смета како нешто многу интимно помеѓу партнерите.rnrn9. Карлицата: Колковите и просторот околу нив се многу сензибилно место поради тенката кожа.rnrn10. Внатрешната страна на бутовите: Галењето и бакнежите во овој дел од телото неизоставно морате да го вклучите во предиграта.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.