КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Хотели со незаборавни погледи

    Хотели со незаборавни погледи

    Без разлика дали удобноста и луксузот на хотелот ви се од примарна важност кога патувате или можеби едноставно ви е важно само да имате чисто место каде да преспиете додека истражувате нови агли на светот, убавиот поглед секогаш додава нова димензија на уживањето. Општо познато е дека најубавите соби се тие со најубав поглед и секако имаат „најинтересна“ цена, но судејќи според сликите подолу, едноставно вреди да се работи цел живот само човек да се разбуди на некое вакво место.rn

    Wolwedans – природниот резерват Намибранд, Намибија

    rnХотели со неверојатни погледиrnrnВолведанс е повеќе од само атрактивна дестинација за сафари искуство. И покрај својата популарност, местото во голема мера останало недопрено од човечката рака благодарение на традицијата за едноставен живот и поврзување со природата. Страсно ја поддржуваат својата парола за екотуризам која повеќе е насочена кон доживување на овој резерват, отколку негово искористување до максимум.rnrnСместен во бескрајните дуни и опкружен со недогледен пустински пејзаж, хотелот Волведанс е совршено место за оние кои сакаат да ги спојат во едно авантурата и луксузот. Внимателно одбраниот ентериер со дрвена платформа дава чувство на интимна камперска атмосфера, но самите услови кои ги нуди можат да се мерат со најсофистицираните хотели во светот. А погледот е дефинитивно уникатно искуство.rn

    Jade Mountain Resort – Соуфриере, Св. Лусија

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnУтрата во овој резорт со поглед кон планините Petit и Gros Piton кои се издигаат од сјајното синило на Карипското море мора да се незаборавни! Архитектот и сопственик Ник Троубецкој (среќник!) има вложено големи напори, а богами и големи пари за да го создаде ова чудо од хотел кое нуди максимално уживање и е во совршена хармонија со природата.rnrnВо резортот кој опфаќа 600 хектари тропска убавина спаѓаат 40-тина „светилишта“ со приватни базени, пристап до преубавите плажи како и плантажа на која си одгледуваат сопствена органска храна. Собите немаат телевизори и слична технологија со цел да се задржи чувството на поврзаност со природата и да им се пружи на гостите вистински одмор и целосно уживање.rn

    Lebua, Стејт Тауер – Бангкок, Тајланд

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnАко се прашувате кое би било најдоброто место на светот да го поставите судбоносното прашање, најверојатно тоа е хотелот Лебуа во Бангкок. Поглед врз прекрасната метропола со безбројните светла кои ја красат ноќта и ниту една девојка не би можела да каже „не“. Ресторанот на отворено Сироко спаѓа во рамките на хотелот и е познат по феноменалниот декор, беспрекорната услуга и секако поглед од кој едноставно запира срцето.rn

    Conrad Rangali Island Resort – Малдиви

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnЗа убавините на ова место може многу да се пишува, но во суштина доволен е само еден збор – рај! Симпатичните вили сместени во азурните, кристално чисти води се навистина најубавото можно сместување за егзотичен одмор. Овој резорт се наоѓа на два приватни острови познати по својата убавина и уникатното доживување кое го нудат.rnrnХотели со незаборавни погледиrnrnЗгора на сè, резортот нуди и вечера скоро 5 метри под вода, каде што можете да пиете шампањ, да пробате разни деликатеси, кои сигурно нема да ги најдете на друго место и секако, да уживате во незаборавниот поглед на океанскиот подводен живот.rn

    Oberoi Wildflower Hall – Шимла, Хималаи

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnОвој хотел е дел од феноменалниот Оберои резорт и има соодветно и специфично име – Сала Диво цвеќе. Вгнезден на 2.515 метри и опкружен со густата борова шума на прекрасните Хималаи, овој хотел е вистинско прибежиште од остатокот на светот. Пријатната атмосфера и вешто дизајнираниот простор со дрвени плафони, богато украсени соби и извонредни уметнички дела создаваат чувство на врвно, луксузно одморалиште.rnrnНо, она што ги привлекува посетителите не е ентериерот на хотелот туку она што ги очекува кога ќе погледнат надвор од своите соби. Пејзажи кои оставаат без здив, а се протегаат од рестораните, надворешното џакузи, топлиот базен и секако бројните патеки за оние кои обожаваат да пешачат. Совршено!rn

    The Twelve Apostles Hotel and Spa – Кејп Таун, Јужна Африка

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnВо овој хотел навистина не е важно на која страна гледа собата, зашто каде и да се свртите ве очекува неизмерна убавина. На едната страна се наоѓа Table Mountain National Park којшто е заштитен од УНЕСКО и скоро се најде на листата на новите 7 светски чуда, а од другата страна широкото пространство на Атлантски Океан чија што површина од време на време ја разигруваат китови и делфини со нивните скокови. Бајковито нели?rn

    Hilton Embassy Suites – Нијагарини водопади, Канада

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnПретседателските апартмани во овој светски прочуен ланец хотели, сместен во близина на популарните Нијагарини водопади, имаат убедливо еден од најспектакуларните погледи. Со самото тоа што станува збор за претседателски апартмани се подразбира дека нудат комоција и луксуз, но погледот кон ова чудо на природата можат да си го дозволат и оние кои немале среќа да бидат сместени во нив. Истиот поглед го има и ресторанот на хотелот кој се наоѓа на 9-ти кат, со огромни прозори за непречено уживање.rn

    Hotel Caruso – Равело, Италија

    rnХотели со незаборавни погледиrnrnСместен на крајбрежјето Амалфи, хотелот Карузо нуди вистинско медитеранско уживање. Станува збор за палата од 11 век која што Италијанците умешно ја имаат претворено во стилски хотел, секако со современи услови и стандарди, но со шмек на класика и историско наследство. А, бисерот на хотелот е всушност бескрајниот базен на покривот за којшто среќниците велат дека е неповторливо искуство и место каде што се спојуваат морето и небото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одмор помеѓу рипките

    Одмор помеѓу рипките

    Одморалиштето „World Sentosa“ кое се наоѓа покрај брегот на Сингапур, пред кусо време ги презентираше своите 11 нови апартмани, за љубителите на луксузот и новите несекојдневни искуства. Инспирирани од природата, новите апартмани им ја нудат можноста на гостите да ја искусат магијата на подводниот свет, додека уживаат во комфорот на нивниот кревет.Одмор помеѓу рипкитеСтаклените ѕидови им овозможуваат на гостите да имаат фантастичен поглед во најголемиот аквариум на светот во кој има над 70 видови водни животни. Приближно, во аквариумот има околу 50.000 водни животни.Одмор помеѓу рипкитеОдмор помеѓу рипкитеДвокатните апартмани им овозможуваат на гостите покрај уживањето од стаклениот ѕид, да се релаксираат во погледот од нивните балкони. Таму гостите можат да уживаат во силното сонце, додека лежат во џакузи. Исто така, хотелот овозможува да најмите и батлер, кој секогаш ќе биде спремен да ве услужи. Ова задоволство чини 1.800 долари за една ноќ.Одмор помеѓу рипкитеОдмор помеѓу рипкитеОдмор помеѓу рипкитеОдмор помеѓу рипкитеОдмор помеѓу рипките
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луксузно одморалиште за будење на сите сетила

    Луксузно одморалиште за будење на сите сетила

    Луксузното одморалиште „Gaya Island Resort“ е прекрасно место вгнездено во островот Борнео. Одморалиштето располага со 121 вила, идилични златни плажи, опколено е со прекрасна прашума, а погледот е бесценет.rnrnЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаrnrnЛесно е достапно, бидејќи е на половина час возење од интернационалниот аеродром „Kota Kinabalu“, но сепак ќе треба да издвоите поголема сума за да уживате во ова парче рај. На располагање ќе ви бидат голем број услуги како третмани во спа-центарот, сафари, нуркање, посета на помали околни острови и што ли уште не.rnrn Луксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетила
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уживањето во расцветаните црешови дрвја во Јапонија

    Уживањето во расцветаните црешови дрвја во Јапонија

    Кога розовите цветови на црешовите и другите дрвја ќе почнат да ја преплавуваат Јапонија во раната пролет, започнува Ханами, древен јапонски обичај на уживање во нивната убавина. Тогаш Јапонците се собираат во парковите засадени со цреши и прават забави под големите крошни.Уживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаОние кои сакаат да уживаат на најубавите места во парковите мораат уште од рано наутро да се појават под крошните кои личат на розово-бели облачиња, затоа што доцнењето може да значи дека нема да има каде да седнат. Штом најдат убаво место, можат да се распостелат и да започнат со целодневниот пикник кој може да продолжи до доцна во ноќта.Уживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во ЈапонијаУживањето во расцветаните црешови дрвја во Јапонија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Двор кој секој би го посакал

    Двор кој секој би го посакал

    Овој многу модерен двор е дело на холандското студио „Centric Design Group“, кое се погрижило сопствениците безгрижно да уживаат во своето фантастично катче за опуштање.Двор кој секој би го посакалДворот содржи прекрасен базен со фонтана, џакузи, туш кабини, огромно сепаре и сауна. Целата оваа убавина е комплетно опколена со зеленило, со што приватноста е загарантирана. Импресивно, зар не?Двор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакалДвор кој секој би го посакал
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот како шолја кафе

    Животот како шолја кафе

    Група поранешни студенти, веќе сите докажани во својата кариера, се договориле да одат да го посетат нивниот стар професор од факултет.rnrnОтишле таму и набрзо разговорот се претворил во поплаки за стресот кој им го предизвикува работата и општо животот.rnrnПрофесорот им понудил кафе на своите гости, па отишол до кујната и се вратил со голем бокал и различни шолји: порцелански, пластични, стаклени, некои кои изгледале обично и други кои изгледале скапо. Им кажал да се послужат самите.rnrnЖивотот како шолја кафеrnrnКога сите студенти земале шолја кафе во рака, професорот им рекол:rn
    rn

    „Ако забележавте, сите убави и скапи шолји се земени, останаа обичните и евтините. Иако е нормално да го сакате најдоброто за себе, тоа е изворот на сите ваши проблеми и стресови. Бидејќи сите вие всушност сакавте кафе, а не шолја, но свесно посегнавте по подобрите шолји и сега меѓусебно гледате во шолјите на другите.rnrnЕ сега, животот е кафе, работата, парите и позицијата во општеството се шолјите. Тие се само алатки кои треба да ги користите за да го издржувате животот, но квалитетот на животот со нив не ви се менува. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, не успеваме вистински да уживаме во кафето што се наоѓа во неа.“

    rnЗатоа пријатели, не дозволувајте да ве води шолјата. Наместо тоа, уживајте во кафето.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секси хотел кој ќе ве вивне во облаците

    Секси хотел кој ќе ве вивне во облаците

    Хотелот „Kempinski Residences & Suites“, лоциран во Доха, Катар им нуди привилегиран животен стил на неговите гости. Со пространи луксузни апартмани и вили вивнати високо во небото, овој хотел претставува олицетворение на животот на висока нога, вгнезден во највисоката кула во Катар.rnrnСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеrnrnСо модерниот екстериер и совршено вклопениот ентериер, хотелот ќе ви понуди чувство на елеганција, ведрина и спокој во текот на вашиот престој. Во некоја од 370-те огромни апартмани и вили, кои располагаат со од 1 до 4 спални соби, може удобно да се сместат гостите кои се во потрага по мирен и интимен амбиент, додека уживаат во беспрекорната услуга, вкусната храна, внатрешните базени, целосно опремениот фитнес-центар и колоритната игротека за најмладите гостинчиња. rnrnСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеrnrnХотелот располага со повеќе угостителски места, кои нудат одлична храна, пијалаци и софистициран, луксузен или релаксирачки стил, кој ќе го задоволи сечиј вкус. Во „Aroma“ можете да уживате во вашиот вкусен оброк, во „Gourmet House“ во вкусни печива и убава кафе-атмосфера во која европската традиција се среќава со културата во модерен Катар. На крајот од денот, можете да се релаксирате со по некој коктел во „The Lounge“, тренди и интересен бар, кој морате да го посетите доколку некогаш се најдете во Доха. Доколку пак не сакате да го напуштите вашиот удобен апартман, дозволете му на персоналот да ве разгали со фантастичната собна услуга.rnrnСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеrnrnИ ова не е сѐ. Хотелот ви препорачува да ја вратите имагинацијата, да го пронајдете мирот, хармонијата и релаксацијата во луксузниот спа-центар „Guerlain Alfardan Spa“. Детоксицирајте се во сауна, предадете им се на разните козметички третмани, подмладете го вашето тело во парната бања и пливајте во фантастичните внатрешни базени кои ги има во „PURE Leisure & Wellness центарот.rnrnСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облаците
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајмуни уживаат во топла бања

    Мајмуни уживаат во топла бања

    Националниот парк Јигокудани во Јапонија е дом на голем број макаки мајмуни кои спасот од ниските зимски температури го бараат во топлите термални извори во долината на реката Јокоју. Се спуштаат од стрмните карпести планини и доаѓаат во оваа бања на отворено за да ги поминат зимските денови во многу поудобен амбиент.rnrnМајмуни уживаат во топла бањаrnrnОвие фотографии се дело на фотографот Бен Тороде, кој веќе еднаш го воодушеви светот со сликите од своето маченце. За фотографирањето на т.н. снежни мајмуни тој вели дека најмногу уживал да ги слика додека посветено се средуваат меѓу себе, но морал да биде внимателен за да не ги исплаши.rn

    „Додека ги фотографирате овие мајмуни не треба долго да зјапате во нив затоа што тоа го доживуваат како знак на агресија, но барем објективите не им пречат. Најмладите се, сепак, пољубопитни за сè што е околу нив, вклучително и луѓето.“

    rnМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бања

  • 39 начини навистина да живеете

    39 начини навистина да живеете

    Премногу често поминуваме низ животот со вклучен „автопилот“ и дозволуваме секој претходен ден да ни помине на ист начин како тој пред него. Постојано се убедувате дека тоа е во ред сè додека не сфатите дека ви поминала уште една година без да направите ништо, без навистина да го живеете вашиот живот. Си велите дека тоа е во ред сè додека не достигнете одредена возраст и не погледнете наназад со каење…rnrnНо, ако навистина сакате да го живеете вашиот живот, вистински да го искусите и да уживате во него најмногу што можете наместо само едвај да допрете на неговата површина и да живеете само колку да се каже дека постоите, тогаш мора да најдете начин да се ослободите од досегашната секојдневна рутина и да почнете да живеете!rnrn39 начини да живеете, а не само да постоитеrnrnТоа што следува е само една листа на идеи кои ќе ве потсетат на вистинските вредности кои можете да ги извлечете од животот. На сите нас одвреме-навреме ни се потребни потсетници. А доколку вие сметате дека овој текст може да ви биде корисен, испечатете го, залепете го на ѕидот покрај кој најчесто поминувате и започнете да го применувате уште денес.rnrn1. Заљубете се – Можеби и најважното нешто на оваа листа. Дозволете си да се заљубите или пак, ако веќе имате посебна личност заљубете се во неа повторно. Не ограничувајте се ниту во чувствата кон најблиските роднини и пријатели…rnrn2. Излезете надвор – Не дозволувајте да сте затворени помеѓу 4 ѕида. Излезете надвор дури и кога врне. Прошетајте на чист воздух и уживајте на топлината од сонцето. Спортувајте или пак, одете боси по трева…rnrn3. Уживајте во храната – Немојте само да ги јадете ваши секојдневни оброци, туку научете како да уживате во нивниот вкус. Јадете полека, без брзање. Уживајте во секој залак поединечно.rnrn4. Направете си утрински ритуал – Разбудете се рано наутро и пречекајте го почетокот на денот. Набљудувајте го изгрејсонцето. Кажете си на глас, самите на себе дека секој ден е подарок и дека нема да го потрошите и денешниот ден бадијала. Живејте го секој момент во целост, медитирајте или вежбајте и секако уживајте во една шолја утринско кафе.rnrn5. Преземете ризици – Сите ние понекогаш знаеме да го живееме нашиот живот премногу претпазливо и постојано се грижиме дека нешто ќе тргне наопаку. Бидете храбри и ризикувајте се. Направете нов план за вашата кариера или пак, конечно викнете го/ја момчето/девојката кој/а веќе подолго време ви се допаѓа на состанок.rnrn6. Следете ја возбудата – Пронајдете ги нештата кои ве возбудуваат и потоа тргнете по нив. Направете го вашиот живот една возбудлива авантура.rnrn7. Пронајдете ја вашата страст – Дознајте што точно ве привлекува. Што е тоа што навистина сакате да го правите и како можете да заработувате од тоа?rnrn8. Излезете од вашата канцеларија – Не губете ги вашите денови така што ќе ја завршувате вашата работа секојдневно на едно исто место. Земете го лаптопот и работете во кафуле, во парк, на брод…rnrn9. Исклучете го телевизорот – Колку време поминувате гледајќи телевизија? Колку време имате за живеење? Направете ја математиката и потоа исклучете го телевизорот од струја. Не знаете што би правеле без него? Продолжете со читање…rnrn10. Тргнете се од интернетот – Ако го читате овој текст, тоа значи дека моментално сте на интернет и губите скапоцено време од вашиот живот кое подоцна нема да можете да го вратите. Исклучете го и компјутерот и излезете веднаш од вашиот дом.rnrn11. Патувајте – Сигурно веќе подолго време планирате да одите некаде на пат, но секојдневните обврски ве спречуваат. И покрај сè, пронајдете начин да го промените тоа и во што поскоро време да бидете на местото од вашите соништа.rnrn12. Одново откријте што е важно за вас – Направете листа од оние нешта кои вие во овој момент ги сметате за најважни. Потоа на листата додадете сè што би сакале да направите во вашиот живот. Откако ќе завршите скратете ја листата на најважните 4-5 работи и сконцентрирајте се на нив. Тоа е вашата основа, најдете време за нив!rnrn13. Елиминирајте сè останато – Отфрлете го сè она што не е на вашата кратка листа. Поедноставете го вашиот живот колку што можете повеќе.rnrn14. Вежбајте – Станете од каучот и одете на прошетка. По некое време почнете и да трчате. Или направете неколку склекови, почнете со пливање или возење велосипед. Што било, само да сте активни и ќе сфатите дека тоа е навистина добро за вас.rnrn15. Бидете позитивни – Научете да ги препознавате вашите негативни мисли и прекинувајте ги секој пат кога ќе се појават. Живејте со мислата: „Јас можам да го направам ова!“rnrn16. Отворете го вашето срце – Не затварајте се во себе ако некогаш сте биле повредени. Научете да се отворите кон нови искуства, бидејќи никогаш не знаете што ве чека зад наредниот агол.rnrn17. Бакнете се на дожд – Зграпчете го моментот и бидете романтични. Надвор врне? Фатете го вашиот партнер под рака и страсно бакнете го на дождот. Возите накај дома? Застанете покрај патот и наберете диво цвеќе за неа…rnrn18. Соочете се со вашите стравови – Што е тоа што навистина ве плаши? Што е тоа што ве спречува да бидете најдобри што можете? Се плашите од височина? Одете до највисоката зграда, качете се на кровот и погледнете надолу. Соочете се со вашиот страв за да се ослободите од него.rnrn19. Кога страдате, дозволете си на себе да го искусите тоа до крај – Животот не е само забава и игри. И страдањето е дел од него. Дозволете си навистина да ја почувствувате болката, таа ќе ве направи посилни.rnrn20. Забавете – Во денешно време животот се движи многу брзо. Тоа не е воопшто здраво. Научете некои основни работи да ги правите поспоро, како јадењето, пешачењето, подготвувањето за на работа…rnrn21. Бидете похумани – Излезете од вашиот дом и најдете начин да им помогнете на оние кои живеат најлошо. Сретнете се со нив, разговарајте, сфатете ги, живејте помеѓу нив и погледнете го светот преку нивните очи…rnrn22. Волонтирајте – Помогнете им на организациите за бездомници. Помогнете им на болните, хендикепираните или на оние кои се на смртната постела.rnrn22. Играјте со деца – Децата најмногу од сите знаат како вистински да живеат. Тие го доживуваат секој момент целосно. Научете нешто повеќе од нив!rnrn23. Разговарајте со постари луѓе – Не постојат помудри и поискусни луѓе од оние кои го поминале поголемиот дел од својот живот. Тие знаат неверојатни приказни од кои можете премногу да научите.rnrn24. Научете нови нешта – Постојано подобрувајте се себеси. Никогаш не стојте во едно место. Прифатете се себеси какви што сте и потоа насочете се кон различни начини на подобрување на вашите досегашни способности.rnrn25. Пронајдете духовност – За некои ова значи пронаоѓање на Бог, Исус, Алах или Буда. За други, значи да се биде во тек со духовите на нашите предци или со природата. Некој пак верува дека тоа е нивната внатрешна енергија. Без разлика што точно значи за вас духовноста, обидете се повторно да ја пронајдете.rnrn26. Направете си кратка пензија – Не оставајте ја радоста на пензионирањето за кога ќе бидете престари да уживате во неа. Направете ја сега додека сте млади и употребете го тој слободен период за сите оние работи кои сакате да ги направите во вашиот живот.rnrn27. Не правете ништо – Понекогаш неправењето ништо има голема вредност за нас. Научете да бидете мирни, во тишина, да го слушате вашиот внатрешен глас и да бидете синхронизирани со вашиот живот. Ако имате можност, правете го ова секојдневно.rnrn28. Прекинете со играњето видеоигри – Тие можеби се забавни, но понекогаш знаат да ни одземаат премногу време. Најдете нешто друго што би можеле да правите, надвор на чист воздух…rnrn29. Секојдневно гледајте го зајдисонцето – Најдете добро место од каде што ќе можете постојано да уживајте во најубавиот дел од денот.rnrn30. Прекинете со читањето на списанијата – Тие постојано ги трошат вашите пари и време. Ако сакате нешто да читате најдете добра книга во која ќе можете целосно да уживате.rnrn31. Прекинете ги секојдневните ритуали – Дали секој ден на ист начин ги завршувате сите работи? Бидете малку креативни и променете го тоа. Пробајте нешто ново, нешто различно. Тргнете по друг пат накај работа, погледнете ги нештата од малку поинаква перспектива…rnrn32. Не гледајте вести – Тие често се депресивни и бескорисни лично за вас. Ако се случува нешто премногу важно, сигурно ќе го дознаете од најблиските.rnrn33. Смејте се додека не почнете да плачете – Смеењето е најдобриот начин за живеење. Кажувајте многу шеги, гледајте добра комедија и опуштете се целосно кога се смеете без разлика каде се наоѓате.rnrn34. Дозволете си да изгубите контрола – Лоша е навиката да имате потреба се да контролирате. Тоа ве држи под постојан стрес и ги прави несреќни оние врз кои имате најголемо влијание. Живејте го својот живот и оставете ги другите да го живеат нивниот.rnrn35. Плачете – Мажите, за разлика од жените многу често ги воздржуваат своите солзи. Но, плачењето е еден од најдобрите начини за ослободување на стресот. Дозволете си одвреме-навреме по некоја солза и многу брзо ќе го сфатите нивното смирувачко дејство.rnrn37. Направете одличен десерт – Сте направиле нешто добро? Сте ја завршиле својата работа навреме? Почестете се со омилениот десерт и уживајте во својот успех.rnrn38. Пробувајте нешто ново, секоја недела – Запрашајте се себеси: „Што ново би требало да пробам неделава?“ И потоа осигурете се дека ќе го направите тоа. Новото искуство во секое време е добредојдено!rnrn39. Живејте го моментот – Наместо да размислувате за нештата кои треба да ги направите или да чекате работите сами да ви се случат, преземете ги работите во свои раце. Никој не може да ја заврши вашата работа подобро од вас самите, без разлика дали се работа за вашата кариера или за обично лично задоволство како десертот…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква долна облека сакаат хороскопските знаци?

    Каква долна облека сакаат хороскопските знаци?

    Долната облека е одличен подарок за празници, родендени и слични пригоди. Но, да се погоди нечиј вкус за долна облека може да биде навистина тешко. Затоа прочитајте што велат ѕвездите за изборот на долна облека.rnrnКаква долна облека сакаат хороскопските знаци?rn

    Овен

    rnОвните најмногу сакаат долна облека во портокалова и црвена боја. Ако сакате да го возбудите мажот овен, облечете долна облека во комбинација од црна и портокалова боја, изработена од свила или сатен. Овните лесно паѓаат на црни подвески и чорапи во комбинација со високи потпетици. На многу овни фетиш им се високите потпетици. За нив важи мотото: „Колку повисоко, толку подобро“. Ремените со ланци и алките на глуждовите ги сметаат за најсекси додатоци.rn

    Бик

    rnБиковите сакаат сè што е или премногу провокативно или премногу детско. Сакаат долна облека во розова и црна боја. Женските бикови обожаваат високи потпетици изработени од кожа, мрежести чорапи, но и униформи на ученички. Машките бикови ги привлекуваат девојки со тетоважи и пирсови. Некои од припадниците на овој знак уживаат во разни игри кои вклучуваат лисици и околувратници.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците обично имаат своја перверзна страна која подразбира склоност кон најразлична опрема за сексуални игри. Сакаат да играат улоги и обожаваат да носат секси униформи. Женските близнаци често може да ги видите облечени во скапо кимоно или кожен костим во стилот на жената-мачка затоа што ги ценат егзотичните елементи во сексот. Многу внимание посветуваат на шминката која понекогаш вклучува вештачки трепки и долги нокти.rn

    Рак

    rnЖенските ракови уживаат да носат долги проѕирни ноќници кои се врзуваат. Сакаат да носат долна облека во зелена и црвена боја и го обожаваат сјајот на сатенот кој се прелева како вода на сонце. За особено привлечни ги сметаат долгите нокти лакирани во бисерно бела боја. Жените родени во овој знак често се однесуваат инфантилно, како девојчиња.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат долна облека со животински принтови. Тие се доста сензуални и исто така сакаат да почувствуваат малку крзно на својата кожа. Ним им е интересен секој костим кој потсетува на (дива) мачка. За лавовите е многу важно на кој начин ги чувствуваат работите, па затоа не е чудно што обожаваат свила, сатен и кадифе. Но, лавовите знаат да бидат и разиграни и да уживаат во долна облека со машнички и чипка.rn

    Девица

    rnЖенските девици се прилично скромни и преферираат практична долна облека, како и долги памучни ноќници. Сепак, ако се подготвуваат за секси акција, се одлучуваат за корсети кои ги затегнуваат околу половината колку што е можно повеќе. Долната облека во комбинација со бела кошула секогаш е нивниот прв избор за во кревет. Удобноста им е најважна, а таква е и долната облека која ја носат.rn

    Вага

    rnСо вагите владее Венера, па затоа припадничките на овој знак секогаш ја одбираат најлудата и најсекси долна облека. Најчесто, нивната долна облека е во розова, жолта и сина боја, но понекогаш знаат да се одлучат и за златната боја. Освен тоа, сакаат и чевли на платформа, мрежести чорапи и провидна долна облека. Чипката е нивниот заштитен знак.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите по природа се многу секси. Нивната долна облека најчесто е во виолетова и црна боја. Нивниот фетиш е опремата која подразбира алки, ланци и најразлични материјали за врзување. Долгите ракавици и високите чизми изработени од кожа ги сметаат за многу секси. Припадничките на овој знак не се плашат да експериментираат со перики, вештачки трепки и впечатлива шминка.rn

    Стрелец

    rnЖенските стрелци сакаат да играат разни улоги и се чувствуваат многу секси кога носат костими. Ја обожаваат сензуалноста на корсетите, но и сексапилноста на долната облека со патенти за полесно соблекување. Сакаат плишани ткаенини, како кадифе, а не можат да им одолеат и на машничките. Стрелците често знаат да облечат долна облека со животински принт или крзно. Нивната долна облека е во виолетова, црвена и зелена боја.rn

    Јарец

    rnЈарците се доста чувствителни и сметаат дека памукот е најсекси ткаенина. За јарците е многу секси висококвалитетна памучна ноќница со многу врвки. Ги возбудува облека со азиски и индиски елементи и сјајни украси. Припадничките на овој знак знаат да облечат чевли на платформа и мрежести чорапи. Нивната омилена долна облека е изработена од сатен во розова, сина или жолта боја.rn

    Водолија

    rnВодолиите се познати како визионери кои обожаваат тесна долна облека, изработена од футуристички и сјаен материјал (пластика, полиестер и ликра) со патенти. Нивната долна облека е во светло црвена или темно виолетова боја. Омилени додатоци им се перјата, маските и свилените ленти и шалови. Ги возбудуваат кожни чизми во викторијански стил и најлонски чорапи.rn

    Риби

    rnСексуалната страна на рибите не е особено дива. Рибите уживаат во памучни ноќници со розови и сини ленти, како и ноќници од ликра со цветен дезен. Обожаваат високи потпетици, посебно ако се сатенски. Жена облечена во машка долна облека или во преголема машка маица за спиење е привлечна за припадниците на овој знак. Најлонските чорапи кај жените и краватите кај мажите се парчиња на кои рибите не можат да им одолеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.