Менструалните чашки станаа многу популарни. Но, тоа што се достапни и жените зборуваат за нив не значи и дека сите се чувствуваат доволно удобно за воопшто да се обидат да ги користат. Признаваме, овој нов изум е необичен, па сосема е нормално што имате прашања за неговата употреба. Ќе ја собере? Колку често треба да се вади? Што треба да правам кога треба да одам во веце? Ова се веројатно само дел од прашањата кои ве збунуваат.rnrn
rnrnВо продолжение следува кус водич визуелизиран со детални гифови.rn
1. Да, ќе ја собере. Притиснете ја и завиткајте ја како бурито.
rnАко сте користеле тампони, самиот дијаметар на менструалната чашка веројатно ќе ве исплаши и ќе ве натера да ѝ кажете „Не!“ Но, сѐ што треба да направите за почеток е да ја притиснете чашката во средината и да ги здиплите страните. Сега изгледа подобро, нели!?rnrn
rn
2. Потоа, пикнете ја бавно и нежно и почекајте да се отвори.
rnСо чисти раце, отворете ги усните на вагината и почнете полека да ја внесувате чашката внатре. Штом влезе, пикнете ја подлабоко, на истиот начин како што би користеле тампон. Чашката ќе се отвори внатре и веќе можете слободно да заборавите на неа во следните 12 часа.rnrn
rn
3. Веројатно ќе треба да ја поднаместите после одење во тоалет.
rnСосема е нормално ако ви е потребно повеќе време за мокрење со менструалната чашка, а по одење по голема нужда, таа може малку да се извлече нанадвор. Ако се случи тоа, со чисти прсти пикнете ја повторно внатре додека не постигнете удобна положба.rnrn
rn
4. За да ја извадите, само притиснете и повлечете.
rnДајте напор како кога сте по голема нужда и чашката сама ќе се подизвлече од вашата вагина. Штом ја гледате чашката, нежно притиснете ја во долниот дел за да го ослободите вакуумот и извлечете ја. Не грижете се дека ќе направите хаос. Жените обично мислат дека крварат многу пообилно одошто е тоа случај, па голема е веројатноста дека менструалната чашка нема да биде ни блиску до полна кога ќе ја отстранувате. Секако, ова мора да го правите врз шолјата за да можете веднаш да ја испразните.rnrn
rnrnАко имате дополнителни прашања околу постапката на ставање и вадење на менструалната чашка, ве советуваме да го погледнете видеото подолу.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=qgdPI7oqmRE


rnrnПостојат три можни објаснувања за ова. Првото е најочигледно, односно за закачување на кошулата. Второто објаснување е дека порано се користело како помагало за да се зацврсти вратоврската. Третата идеја е најромантична. Еден студент од Универзитет во Америка го отстранил овој дел од кошулата кога започнал врска со една девојка, за да покаже дека е зафатен. Девојката, пак, почнала да носи шал со симболот на неговиот универзитет.rn
rnrnСигурно сте го забележале ова кога сте користеле лаптоп. Неговата функција е да ги потиснува звуците со висока фреквенција во електричните кола. Направено е на многу едноставен начин: Делчето е изработено од железо и околу него е намотан кабелот.rn
rnrnРамките на прозорците во авионот се направени од две парчиња пластично стакло. Кога би била сама, внатрешната стаклена рамка би можела да пукне поради значителната разлика на притисокот во авионот и надвор. Малечката дупка му овозможува на воздухот да се движи помеѓу авионската кабина и просторот меѓу двете рамки, така што го изедначува притисокот.rn
rnrnАко прашате некого зошто постои синиот дел од гумата, ќе ви одговори дека е за да брише пенкало. Но, тоа не е вистина. Оригиналната намена била да отстранува траги од подебела хартија. Розовиот дел честопати остава траги од она што било напишано на хартијата, додека, пак, синиот дел брише сѐ. Производителите на гуми набрзо откриле дека луѓето не ја разбрале вистинската намена и почнале да го промовираат синиот дел од гумата како дел чија намена е да брише траги од пенкало. Отишле толку далеку што некогаш дури и го обележувале со слика од пенкало.rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnАко пак глазурата не се распоредува рамномерно, загрејте ја со топол воздух. Потоа користете ладен воздух за таа да стане мазна.rnrn
rn

rn
rn

rnrn
rn
rn
rn
