КАФЕ ПАУЗА

Tag: трилер

  • Жената во црно (The Woman in Black)

    Жената во црно (The Woman in Black)

    Филм за жената која му се одмаздува на целиот свет поради големата загуба која ја претрпела…rnrnrnЖената во црно (The Woman in Black)Режија: Џејмс ВоткинсrnrnУлоги: Даниел Редклиф, Џенет МекТир, Киаран Хајндс, Лиз ВајтrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 февруари 2012rnrnЖанр: хорор, трилер, мистерија, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка:[ratings]rn
    rn


    rnАко ви кажат дека ова е хорор филм во кој главниот лик треба да надитри дух кој што опседнал една стара куќа, веднаш ќе помислите дека веќе сте виделе сè што има тој да ви понуди. Сепак, по неколку години ова е првиот холивудски производ кој може да ви втера страв во коски, да ве полазат морници по телото и да направи срцето да ви бие како да сте виделе дух…rnrnДаниел Редклиф го глуми главниот лик, адвокат кој од својот шеф ќе добие задача да ги среди документите за продажба на една куќа во која веќе не живее никој. Тој ќе мора да влезе во неа, незнаејќи дека е опседната од жената во црно. Нејзе ù било одземено единственото дете од страна на сестра ù, кое потоа починало како резултат на недоволна грижа. Тогаш таа за заколнала дека никогаш нема да им го прости тоа. Ќе тргне во одмазда во која ќе го истури сиот свој гнев со силна решителност, предизвикана од нереализираниот мајчински инстинкт и болката поради загубеното дете.rn



    rn

    rn

    Приказна: Артур Кипс (Даниел Редклиф) е адвокат, вдовец и татко на четиригодишниот Џозеф. Работата не му оди баш најдобро кога од својот шеф ќе добие задача да оди во едно мало гратче, за да ја среди документацијата за продажбата на една стара голема куќа во која веќе не живее никој. Тој не сака да го напушти синот на неколку дена, но шефот ќе му даде до знаење дека ако не ја заврши оваа обврска тоа ќе значи губење на работното место.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Кога Артур ќе пристигне во малото неименувано гратче нема да биде топло пречекан. Ќе има проблем да најде сместување, но за среќа ќе ги сретне Семјуел Дејли (Киаран Хајндс) и неговата сопруга Елизабет (Џенет МекТир) кои ќе го примат во својот дом. Потоа ќе оди да се сретне со својот колега г-дин Џером, но од него нема да добие помош. Тој ќе се обиде веднаш да го прати назад во Лондон со неколку документи, но Артур ќе се спротистави затоа што знае дека во куќата има уште многу од нив кои треба да ги разгледа.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Тој ќе отиде во куќата, ќе ги најде документите, но нема да може да ги разгледа на мира. Од целата куќа се слушаат разни звуци, шумови, чекорење… и најпосле се појавува и една жена во црно која по кратко време исчезнува. Артур се сомнева дека има некој во куќата и ќе оди во полиција за да пријави. Таму ќе пристигнат три деца барајќи помош за едно од нив, кое испило нешто од кое ќе умре во неговите раце.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Веќе следниот ден Артур ќе се врати во куќата за да ја доврпи работата за која е дојден, иако месното население му се спротиставува по вчерашниот настан. Таму, во големиот куп од хартија ќе налета и на писмата од Алис Драблоу, неодамна починатата сопственичка на куќата која се продава, и нејзината ментално болна сестра Џенет Хемфри. Од тој момент работите почнуваат да се отплеткуваат.Жената во црно (The Woman in Black)Кинематографија: Дејствието е сместено во едвардијанската ера, а кадрите се поделени помеѓу опседнатата куќа и малото заспано гратче. Сцените се темни и целосно ги доловуваат самотијата која владее во куќата, како и амбиентот во гратчето каде што во фокусот се ставени неколку семејства кои изгубиле дете.Жената во црно (The Woman in Black)Жената во црно (The Woman in Black)Звучни ефекти: Звучните ефекти се брилијантни. Играат значајна улога во пренесувањето на атмосферата од филмот. Веројатно тие се најзаслужни што ќе ве полазат морници по телото кога ќе ги слушнете мистериозните чекори и непредвидливите шумови.Кога и како да го гледате: Ако сте фан на жанрот хорор, гледајте го филмот сами навечер, во сосема темна просторија и со слушалки на ушите. Така ќе се почувствувате како да сте во опседнатата куќа од филмот.

    rnАко, пак, тешко ги поднесувате страшните филмски сцени, најпрепорачливо е филмот да го гледате во друштво.Жената во црно (The Woman in Black)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • The Avengers (Одмаздниците)

    The Avengers (Одмаздниците)

    Филм за тим од суперхерои наречени „одмаздници“ кои се борат против Локи и неговата армија за да ја спасат Земјата

    rnThe Avengers (Одмаздниците)Режија: Џос ВидонrnrnУлоги: Крис Хемсворт, Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Марк Рафало, Скарлет Јохансон, Џереми Ренер, Том Хиделстон, Семјуел Л. ЏексонrnrnВреметраење: 143 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 мај 2012rnrnЖанр: акција, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrn


    rnrnДиректорот на интернационалната агенција за одржување на мирот собира група луѓе со неверојатни моќи и сила со надеж дека тие ќе успеат да ги надминат своите недостатоци и ќе научат да се борат тимски против најголемото зло кое ù се заканува на Земјата. Групата која се нарекува одмаздници ја сочинуваат големите суперхерои од Марвел – Железниот човек, Неверојатниот Хулк, Тор, Капетан Америка, Црната вдовица и Соколовото око.rnrn


    rnrn rnrnrnrnПриказна: Сè започнува со итна евакуација на истражувачка установа. Ник Фјури (Семјуел Л. Џексон) пристигнува таму и набрзо открива дека истражувањето на објектот кој бил пронајден на Земјата за кој се верува дека може да продуцира неограничено количество на енергија малку избегало од контрола. Научниците не можат да објаснат зошто не можат да го исклучат, но нивните претпоставки се дека порталот кој бил отворен со неговата употреба е пронајден и контролиран од другата страна.rnrnThe Avengers (Одмаздниците)rnrnМногу брзо нивните најлоши стравови се остваруваат и низ порталот преминува Локи, братот на Тор кој е еден од боговите во Асгард. Тој го краде објектот кој тие го истражуваат и успева да избега така што „влијае“ на Соколовото око (Џереми Ренер) и на голем број од научниците да му се придружат. Фјури одвај успева да се извлече од целата ситуација и решава дека е време да ги собере најмоќните луѓе на планетата за да може да му се спротистави на Локи.rnrnThe Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)rnrnСтив Роџерс (Крис Еванс), кој е познат по името Капетан Америка е првиот на кој тој ќе му пристапи. Роџерс бил долго време замрзнат, но поради тоа што дошол во контакт со непознат извор на енергија успеал да преживее. По 70 години откако се разбудил, светот бил сосема различен од тоа како тој го памтел. Капетан Америка е исклучително силен човек, но тој најмногу се одликува според неговите способности да биде водач.rnrnThe Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)rnrnНаташа Романоф (Скарлет Џохансон), односно Црната вдовица е одличен агент и испитувач и таа работи за агенцијата како шпион. Нејзината задача ќе биде да го убеди Брус Банер (Марк Рафало) – Неверојатниот Халк, исто така да се придружи на новиот тим кој ќе треба да се бори со Локи. Но, неговата задача нема да биде борба, туку тој им е потребен за лоцирање на украдениот објект. Како што знаеме од претходно, Халк нема контрола на себе и во тие моменти може да ги повреди сите околу него…rnrnThe Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)rnrnАгентот Фил (Кларк Грег) му пристапува со сите досегашни податоци на Железниот човек – Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор), кој е малку комплициран за работа во тим, бидејќи е човек кој сака да ја има сета слава за себе, но и покрај сè, решава да им помогне. Во меѓувреме на Земјата пристигнува и Тор откако ги дознава лошите плановите на неговиот посвоен брат Локи…rnrnThe Avengers (Одмаздниците)The Avengers (Одмаздниците)rnrnКога и каде да го гледате: Одмаздници е совршен избор за викенд-филм со вашите најблиски. Тој со сигурност ќе ги надмине сите ваши очекувања и ќе успее да го задржи вашето внимание до самиот крај. Уникатната комбинација на хуморот со посериозните сцени ќе успее истовремено да ве насмее до солзи, но и да ве држи на „штрек,“ додека пак различноста на ликовите ќе направи секој од вас да се пронајде помалку или повеќе во некој од овие неверојатни херои.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прометеј (Prometheus)

    Прометеј (Prometheus)

    Филм за еден научен тим кој ќе отиде до најтемните делови на универзумот за да проба да го открие почетокот на човештвотоrnrnПрометеј (Prometheus)Режија: Ридли СкотrnrnУлоги: Нуми Рапеис, Мајкл Фесбендер, Шарлиз Терон, Логан Маршал-ГринrnrnВреметраење: 124 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јуни 2012rnrnЖанр: авантура, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnНаучен тим во блиска иднина открива необични цртежи во пештера кои укажуваат на посета од вонземјани. Научниците, сметајќи дека се работи за покана, решаваат да тргнат накај планетарниот систем од цртежот со надеж дека ќе дознаат нешто повеќе за човековото настанување. Но, тоа што ќе го најдат таму ќе биде пострашно од сè што си замислувале…



    rn

    rnПриказна: Сè започнува со откривање на несекојдневни цртежи во пештера на кои еден човек покажува накај ѕвезден систем. По кратко истражување, научниците кои работеа на овој проект, откриваат дека тој систем навистина постои, но дека е толку многу далеку од Земјата што не може да се забележи со голо око на ноќното небо. Поради тоа тие претпоставиле дека вонземјани кои нè посетиле пред многу години, ни оставиле покана за посета.Прометеј (Prometheus)Теоријата на Елизабет Шо (Нуми Рапеис) и Чарли Холовеј (Логан Маршал-Грин) е дека овие вонземјани ги создале луѓето. Поради тоа ги нарекле „градители“ и предложиле да се организира мисија до нивната планета. Целта е да ги прашаат зашто нè создале и дали нашиот живот има некаква смисла. Мисијата била одобрена и за неколку години по нивното откритие тие тргнуваат со вселенскиот брод „Прометеј“ накај непознатата планета.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Бидејќи патувањето трае околу 2 години, целиот екипаж меѓу кои се и Шо и Холовеј се во некој вид на хибернација. Со бродот управува робот наречен Дејвид (Мајкл Фесбендер) кој меѓу другото постојано пробува да воспостави комуникација со планетата. Но, тој никогаш не добива одговор. Набрзо тие стигнуваат на својата дестинација и полека се будат од долгиот сон.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Барајќи место за слетување, Холовеј забележува патека за која верува дека не е настаната од природата. Тие се упатуваат натаму и слетуваат пред една голема градба која на прв поглед изгледа сосема природно. Но, многу брзо ќе дознаат дека всушност таа била изградена со страшна намера и под себе крие уште поголема мистерија која може да значи крај за целото човештво.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Кога и како да го гледате: Овој филм дефинитивно не е за сечии очи. И покрај тоа што во поголемиот дел има само истражувања на објектите и формите на живот на кои тие ќе налетаат, има и делови кои се проследени со многу насилство, крв и непријатни сцени. Но, доколку сте фанови на филмовите од видот „8-ми патник“ (Alien), тогаш на крајот на овој филм ве очекува големо изненадување кое не смеете да го пропуштите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

    Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

    Доколку не заминувате некаде за овој продолжен викенд, тогаш сигурно оваа куса листа со интересни филмчиња одлично ќе ви дојде. За секого по нешто, филмови кои се за сечиј вкус и кои можат да се гледаат во поголемо друштво. Па така, спремете огромна количина пуканки и опуштете се со овие интересни приказни.Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендrn

    Човек на работ (Man on a Ledge)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Сем Ворингтон, Елизабет Бенкс, Џејми Бел…rnrnЖанр: трилер, криминалистикаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Поранешен полицаец се заканува дека ќе рипне од еден хотел во Менхетен, бидејќи е лажно осуден за кражба која не ја извршил. Полицискиот психолог Лидија Мерсер е повикана да го разубеди да не го стори тоа, не знаејќи дека зад неговата закана за скок од високата зграда се развива уште една точно синхронизирана акција.rn

    rn
    rn

    Безбедно засолниште (Safe House)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Дензел Вашингтон, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик…rnrnЖанр: акцијаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: На младиот агент на ЦИА, Мет Вестон, му е доделена задачата да го држи под надзор еден злосторник сместен во безбедно засолниште. Кога засолништето ќе биде нападнато, негова задача ќе биде да се погрижи „гостинот“ да остане жив и здрав.rn

    rn
    rn

    Кражба на кулата (Тower Heist)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2011rnrnАктери: Еди Марфи, Бен Стилер, Кејси Афлек…rnrnЖанр: акција, комедија, кримиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: Кога една група од работници кои навистина добро си ја вршат својата работа, ќе дознае дека се жртви на измамите на нивниот богат работодавец, бизнисменот Понѕи, тие прават план како да ја ограбат неговата висока резиденција. Навистина интересна приказна.rn

    rn
    rn

    Ова значи војна (This means war)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Рис Витерспун, Крис Пајн, Том ХардиrnrnЖанр: акција, комедија, романсаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Два агенти на ЦИА, кои воедно се најдобри пријатели се наоѓаат во незгодна ситуација, откако ќе дознаат дека излегуваат со иста девојка, која им се допаѓа и на обајцата. Тие се сложуваат дека ќе ја остават таа да одлучи со кого ќе остане, но „тајно“  да си ги саботираат романтичните состаноци еден на друг. Супер филмче кое ќе ве насмее.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

    Филм за проблемите и предизвиците на британската разузнавачка служба во времето на студената војна…rnrnСкитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Режија: Томас АлфредсонrnrnУлоги: Гери Олдман, Џон Харт, Колин Фирт, Том Херди, Марк СтронгrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англиски, руски, француски, унгарскиrnrnПремиера: 6 јануари 2012rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    „Скитник, кројач, војник, шпион“ е филм снимен по истоимениот роман на Џон Ла Каре, напишан во 1974 година. Зборува за британската разузнавачка служба во времето на студената војна, за начинот на кој се справувала со проблемите, внатре и надвор од неа. Иако, екранизацијата на романот беше окарактеризирана како исклучително ризичен потег на шведскиот режисер, филмот сепак стигна до три номинации за Оскар, за најголемо филмско музичко достигнување, за најдобра главна улога и за најдобра адаптација на сценарио. rnrnЗа разлика од досегашните шпионски филмови, во ова остварување куршумите се помалк убројни, драматичните „бондовски“ акции сведени на минимум, а интелигенцијата искачена на пиедесталот. Сцените се уникатни, тензични и непредвидливи, а фотографијата навистина беспрекорна.



    rn

    rnПриказна: Шефот на британската разузнавачка служба – МИ6 (Џон Харт) се сомнева дека меѓу нив има шпион, кој со години им дава доверливи информации на Русите. Тој одлучува да поведе истрага, потпирајќи се на неговиот лојален пријател, агентот Џим (Марк Стронг). Го испраќа на тајна задача во Будимпешта, за да се сретне со унгарски генерал, кој треба да му продаде информации и да му го открие идентитетот на шпионот во нивните редови. Но, не оди сè по планираното, агентот е застрелан и операцијата се откажува.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Немајќи друг избор, шефот на МИ6 познат под шифрата „Контрола“ ја напушта функцијата, односно се пензионира заедно со неговиот пријател и колега Џорџ Смајли (Гери Олдман). Кусо после повлекувањето, умира. На чело на службата застанува Перси (Тоби Џонс). Во новонастанатите околности, Смајли одлучува да ја преземе истрагата која ја започна „Контролата“ и да го пронајде предавникот. Во таа мисија ги вклучува неговите луѓе од доверба, Питер (Бенедикт Кумбербат) и Рики (Том Херди). Но, шпионот ниту на повидок, се наоѓаат на крстосница без ниту еден знак…Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Филмот е мистерија до самиот крај. Колку и да се обидувате, нема да можете да ја одгатнете предвреме. Низ безброј заплети и неочекувани пресврти, прецизно е прикажано како британската разузнавачка служба функционирала за време на студената војна. Во текот на целиот филм службата ја нарекуваат „Циркус“. Тоа се должи на нејзината местоположба, бидејќи се наоѓала во близина на циркусот Кембриџ, а името на филмот доаѓа од старата англиска бројалица  „Tinker, Tailor, Soldier, Sailor, Rich Man, Poor Man, Beggar Man, Thief“.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Глума: За улогите не би зборувале многу. Само ќе ви кажеме дека речиси сите глумци сме ги виделе во остварувања каде се надминале себеси. Ова не е едно од нив. Би ја издвоиле единствено руската актерка Светлана Кодченкова, за која можеме да кажеме дека одлично се снаоѓа во друштвото на големите ѕверки. Карактеристично е и тоа што покрај Кодченкова, во филмот се појавуваат само уште неколку жени. Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Кога и како да го гледате: За викенд! Бидете добро одморени и потрудете се концентрацијата да ви биде на исклучително високо ниво. Во спротивно или предвреме ќе заспиете или ќе останате со прашалници во главата. Филмот го заслужува вашето внимание, но не два пати. 🙂Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Буден (Awake)

    Буден (Awake)

    ТВ серија за еден детектив, кој живее два паралелни животи, едниот со неговата сопруга, другиот со неговиот синrnrnБуден (Awake)Главни улоги: Џејсон Ајзекс, Лора Ален, Стив Харис, Дилан Минет, Вилмер Валдемара, Б.Д. Вонг, Чери ЏоунсrnrnЖанр: криминалистика, драма, трилерrnrnКреатор: Кајл КиленrnrnПремиера: 1 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Кога имаме лоши соништа, сакаме само да се разбудиме за да најдеме утеха во реалноста, а понекогаш дури сакаме да продолжиме да сонуваме за да го решиме случајот кој ни создавал мака додека сме спиеле. Замислете како би изгледал животот кога будењето од еден сон веднаш би нè сместувало во друг и кога двата последователни соништа всушност креираат само една реалност. Сон или јаве, впрочем не е ни важно, важно е да ни се допаѓа она што притоа го искусуваме.rnrn



    rn

    rnПриказна: Семејството на полицискиот детектив Мајкл Бритн е жртва на ужасна сообраќајна несреќа, во која животот го губи еден од неговите членови. Ќе помислите дека тоа е жена му, додека не ја видите следната сцена во која Мајкл се буди наидувајќи на синот во својата кујна. Нормално, во второто сценарио, недостасува сопругата.Буден (Awake)Буден (Awake)Во едниот живот тој носи црвено ластиче на раката, на тој начин помагајќи ѝ на публиката да го следи дејството во кое преживеаниот член на семејството е неговата сопруга Хана. Во другата реалност носи зелено ластиче за да го симболизира животот со неговиот син. Двајцата преживеани во двете паралелни реалности на различен начин се обидуваат да излезат на крај со загубата, но интересно е дека Мајкл функционира сосема добро. Тој има можност да го живее животот со двајцата, не обидувајќи се да навлезе во суштината на неговиот необичен животен тек.Буден (Awake)Во двата животи, Мајкл посетува двајца различни психотерапевти кои го убедуваат дека она што го искусува во другиот живот е само многу реален сон и репрезентација на неговата загуба.Буден (Awake)Буден (Awake) Тој има и различен партнер во секој од паралелните животи, кои пак не знаат за неговата друга реалност.Буден (Awake)Паралелно со неговиот двоен приватен живот, имаме можност да го следиме и напредокот во неговата детективска кариера. Ова пак е резултат на тоа што одредени знаци од едниот живот му помагаат во решавањето на случаите од другиот.Буден (Awake)Што е причината за постоењето на двете подеднакво реални реалности во кои живее детективот Мајкл Бритн сè уште не ѝ е откриено на публиката, но дознаваме дека сообраќајната несреќа е наместена од „високите фаци“ во неговиот полициски оддел.Буден (Awake)Кога и како да ја гледате: Гледајте ја кога сте одморени за да можете да ги поврзувате знаците кои се испреплетуваат меѓу случаите од двата животи на детективот Бритн. Уште поважно, не гледајте ја токму пред спиење, бидејќи може да се разбудите во некоја неочекувана реалност. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двојничка (Ringer)

    Двојничка (Ringer)

    ТВ серија за прикривање на криминалот со нов, користејќи ја физичката идентичност како бесплатна карта за впуштање во туѓ живот и напуштање на проблемите од својот поранешенrnrnДвојничка (Ringer)Главни улоги: Сара Мишел Гелар, Кристофер Полаха, Јоан Грифед, Нестор Карбонел, Мајк Колтер, Зои ДучrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 44 минутиrnrnПремиера: 13 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Сите ние, кои немаме свој двојник во светот, имаме проблем да ги перципираме близнаците како различни личности. Но, покрај нивната физичка сличност, која понекогаш е импресивна, што дури и нивните родители не можат да ги разликуваат, тие се свои личности со свој живот, луѓе кои ги сакаат, луѓе кои ги мразат и сакаат да ги убијат, свои проблеми, тајни и желби за одмазда. Кога одмаздата ќе се сврти на еден од нив кон друг, најдобриот начин да се истера правдата е да се заменат идентитетите.


    rn
    rn

    rnПриказна: Дејството во „Двојничка“ се врти околу двете сестри близначки Шавон Мартин и Бриџет Кели, кои од непознати причини, го изгубиле контактот и не се блиски како порано. Шавон живее луксузен живот во Њујорк, ги троши парите на нејзиниот сопруг Ендјру, организира скапи отмени забави и е постојано во круг на луѓе кои се како неа. За разлика од неа, сестра ѝ живее во Вајоминг, работи како стриптизета, а во слободно време е зависник од дрога и алкохол. Таа е и сведок на убиство извршено од страна на нејзиниот работодавач во клубот, за што ѝ е понудена заштита од агентот Мачедо, но знаејќи што може да ја снајде, решава да избега и да ја посети својата сестра во Њујорк.Двојничка (Ringer)Шавон ја носи сестра си на брод, каде успешно ја исценира својата смрт, а Бриџет ова го користи како прилика да го напушти својот живот од порано. Таа одлучува да го промени својот идентитет и комплетно да го преземе животот на нејзината сестра. Ова вклучува глумење соодветен однос со „нејзиниот“ сопруг, прифаќање на арогантниот однос од неговата ќерка Џулиет, дружење со „нејзината“ најдобра пријателка Џема и соочување со фактот дека Шавон му е љубовница на нејзиниот сопруг. Во овие замрсени љубовни триаголници, дополнителна мистерија е сомнителниот бизнис на Ендјру, кој е партнер во фирмата со директната и дрска Оливија.Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)Единствен кој ја знае тајната на Бриџит е Малком, нејзиниот „спонзор“ во процесот на апстиненција од алкохол и дрога. Но, приказната е замрсена и повеќе од ова, најмногу поради фактот дека Шавон не е вистински мртва.Двојничка (Ringer)Глума: Се чини се појавува некој тренд, ТВ сериите да ги зачинуваат со улоги на двојнички („Лажливата игра“, „Вампирски дневници“), но глумата на Сара Мишел Гелар е навистина импресивна и претставува освежување на ТВ екраните. Нејзиниот лик, во двете улоги ѝ дава посебен сјај и длабочина на приказната. Нејзиниот израз, држење, нејзините реплики се толку соодветни на улогата што моментално ја игра, што по првата епизода, веќе ќе препознавате за која од сестрите се работи, дури и пред таа да изусти збор.Двојничка (Ringer)Кога и како да ја гледате: Мистерија по дифолт не се гледа денски. Добра е за гледање во домашна интимна атмосфера, после работните обврски, значи попладне или навечер. Но, не гледајте ја сосема пред да си легнете, освен ако не сакате да ве копкаат деталите од следната епизода цела вечер. 🙂Двојничка (Ringer)Двојничка (Ringer)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кожата во која живеам (The Skin I Live In)

    Кожата во која живеам (The Skin I Live In)

    Филм за вечната потрага по совршенство и за ужасните животни судбиниrnrnКожата во која живеам (The Skin I Live In)Режија и сценарио: Педро АлмодоварrnrnУлоги: Антонио Бандерас, Елена Анаја, Бланка Суарез, Јан Корнет, Мариса ПаредесrnrnКостимографија: Жан Пол ГотјеrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: шпанскиrnrnПремиера: 17 август 2011rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Ако сте фасцинирани од Франкеншатјн, преку последното остварување на Педро Алмодовар, ќе запознаете негова блага варијанта, прилагодена на современите општествени текови. Феноменот, човечкото тело е во фокусот и на овој филм на непредвидливиот шпански режисер. Во време кога пластичните операции го дрмаат модерното општество, тој нè води во една мрачна приказна, во која потрагата по совршена човечка фигура, се граничи со лудило. Во негов препознатлив стил, низ доза иронија, по малку црн хумор и силни бои и дезени, ви ги врежува сцените од филмот долго потоа. rnrnТемата ви е добро позната, но верувајте, начинот на кој Алмодовар ја обработил, ни од далеку не изгледа како остварувањата кои досега сте ги погледнале. Повторно докажува дека е единствен и неповторлив, а неговите фантазија и визија за иднината одат до бесконечност… Алмодовар сопствениот филм го опишува како „Хорор приказна без врисок и плашење“. Филмот е адаптација на романот „Тарантула“ на францускиот писател Тјери Жонке.rnrn


    rn
    rn

    rnПриказна: Дејствието се одвива во Толедо, Шпанија. Генијалниот пластичен хирург Роберто (Антонио Бандерас) е опседнат со идејата да создаде совршена кожа за човекот, која ќе биде отпорна и на најсилните надворешни влијанија. Забранетиот експеримент го започнува откако неговата сопруга ќе добие страшни изгореници во сообраќајна несреќа, и не можејќи да се помири со таквиот изглед, се самоубива фрлајќи се од прозорец пред очите на нивната ќерка Норма (Бланка Суарез).rnrnРоберто во неговата современа домашна ординација креира синтетичка кожа, на која огнот не би можел да ù наштети. Научната јавност го предупредува да сопре со експериментот, но тој не сака ниту да помисли да ги земе предвид нејзините укажувања. Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Неговата ќерка Норма, по самоубиството на мајка си, со траумите се бори во душевна болница. После одреден период, таа е пуштена на домашна нега и се враќа да живее во семејната куќа. Роберто одлучува веднаш да започне со нејзина ресоцијализација и вечерта ја носи на една забава, на која таа несвесно влегува во флерт со младиот и симпатичен Винсент (Јан Корнет), кој погрешно го толкува нејзиното наивно однесување и ја принудува на секс.Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Кожата во која живеам (The Skin I Live In) После ова на Норма драстично ù се влошува состојбата, почнува татко ù Роберто да го гледа како нејзин силувач и повторно се враќа на терапија. Но, нејзината состојба станува сè полоша и полоша и за кусо време и таа си го одзема животот. Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Роберто започнува одмазда. Го киднапира Винсент, го измачува, му го менува полот и го претвора во негова муза, на која со неверојатна прецизност го спроведува експериментот. Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Глума: Можеме слободно да кажеме дека режисерот точно знаел кому ги доверува улогите. Антонио Бандерас перфектно глуми брилијантен научник и хирург. Покрај него, и останатите актери во филмот, како долгогодишни соработници на Алмодовар, очигледно немаат проблем да се соживеат и со најоткачените и најконтроверзни ликови, кои може да ги креира оскаровецот.Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Кога и како да го гледате: Како и за останатите филмови на Алмодовар, така и за овој, најпрво добро подгответе се психички. Секако погодно време за ваша домашна премиера на филмот е доцна навечер, па ако ве измори, ќе можете да му се препуштите на сонот.rnrnОвој филм на Алмодовар отскокнува од сите негови останати остварувања, кои горе-долу не обединуваа во критиките. Овојпат, Алмодовар успеа да ги подели во ставовите, како филмските критичари, така и публиката. Некои филмот го сметаат за најголем неуспех на режисерот, но поголемиот дел се фасцинирани од новата визија и потег на Алмодовар. Погледнете го, па дефинирјте во која категорија спаѓате вие. Знаеме само едно, со сигурност нема да ве остави рамнодушни.Кожата во која живеам (The Skin I Live In)Кожата во која живеам (The Skin I Live In)
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible – Ghost Protocol)

    Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible – Ghost Protocol)

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnФилм кој целосно го оправдува слоганот: „без план, без бекап, без избор“ и кој успешно ќе ве воведе во ултравозбудлива двочасовна акциона авантураrnrnНевозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Режија: Бред Брдrn rnrnГлавни улоги: Том Круз, Сајмон Пег, Пола Патон, Џереми Ренерrn rnrnВреметраење: 133 минутиrn rnrnЈазик: англискиrn rnrnПремиера: 16 декември 2011rn rnrnЖанр: трилер, акцијаrn rnrnНаша оценка: 8/10rn rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Доколку ви се допадна „Брзи и бесни: Рио“, ќе го обожавате и најновиот дел од „Невозможна мисија“ на Брд, кој ќе ја исполни желбата за една добра шпионска трчаница на сите љубители на добри акциони трилери. Филмот е посебно погоден доколку ви здосадија сите оние зимско-божиќни филмови, кои веќе од средината на декември се вртат по телевизиите. Обрнете  посебно внимание на три сцени: бегството од рускиот затвор, опасното искачување по највисоката зграда на светот во Дубаи (однадвор) и борбата во Бомбај со која и кулминира приказната. Овие три сцени се рангирани меѓу најдобрите, не само во изминатата година, туку воопшто во филмската индустрија.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Во четвртото продолжение од серијата „Невозможна мисија“, Итан Хант и неговиот тим се борат со времето за да најдат еден опасен терорист по име Хендрикс (го глуми Швеѓанецот Мајкл Њуквист, чија глума нема да ви остави некој посебен впечаток), кој во неговите раце ги држи кодовите од руските нуклеарни ракети, планирајќи напад на САД. Првиот обид да го запрат завршува безуспешно, притоа уништувајќи го половина Кремлин и приморувајќи го рускиот претседател да се повика на Протоколот дух. Непоколебливиот Итан и неговата дружина го бркаат Хендрикс до Дубаи, а од таму до Бомбај, но и по неколку спектакуларни акции, сѐ уште немаат голема шанса да го запрат.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)За волја на вистината, во приказната и нема некоја посебна девијација од основниот, веќе и рутински, модел кога станува збор за филм со шпиони и тајни агенти. Има нов лудак, во случајот Хендрикс, кој сака да го доведе светот на работ на војна. Тој верува дека светот мора да го помине патот на нуклеарната војна за да настапи вечен мир.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Но, од друга страна, она што го комплетира филмот и што го прави интересен е специфичниот шарм на Том Круз, чувството дека не постои гравитацијата, мајсторските егзибиции и неверојатната акција. Се разбира, како и секогаш во филмовите со Том Круз, тука е и огромната брзина која ќе ве вовлече во авантурата на Итан Хант толку многу, што во ниту еден момент филмот нема да ви биде здодевен или неинтересен.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Според Rotten Tomatoes филмот доби 93% позитивни критики и оценка 7.6/10. Досега само од американската публика заработил 170 милиони долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Празнична филмска листа

    Празнична филмска листа

    За време на новогодишните и божиќните празници, голем дел од времето го поминуваме седејќи дома со блиските и уживајќи во топлата атмосфера, најчесто стуткани на каучот пред телевизорот. За таа цел, тимот на Кафе пауза ви подготви листа на филмови кои ги доживеаја своите премиери во текот на 2011 и кои овие денови ќе ви ги исполнат со неверојатни приказни, смешни ситуации и потресни моменти.Празнична филмска листаrn

    1. Нашиот брат идиот (Our Idiot Brother)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 26 август 2011rnГлавни улоги: Пол Рад, Елизабет Бенкс, Зои Дешанел, Емили МортимерrnВреметраење: 90 минутиrnКратка содржина: Нед е непоправлив оптимист со позитивен пристап кон сè во животот. Сака да биде добар со сите, па непомислувајќи дека некој воопшто може да го намести, завршува во затвор заради продажба на марихуана на полицаец. Излегува од затвор обидувајќи се да си го врати животот, додека истовремено прави хаос од животите на неговите 3 сестри.rn

    rn.

    rn

    2. Кој е твојот број (What’s Your Number)

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Ана Фарис, Крис ЕвансrnВреметраење: 106 минутиrnКратка содржина: Али е девојка која има спиено со многу мажи во животот, но ниеден не останал доволно долго за да стане нејзин потенцијален сопруг. Во едно списание случајно ќе прочита дека просечно жените спијат со по 10,5 мажи во текот на својот живот и сфаќа дека одамна ја поминала таа граница. Случајно сретнува едно поранешно момче кое се има трансформирано во прекрасен згоден маж. За жал, тој е на пат да ѝ го подари срцето на друга девојка – неговата вереница.rnrnТака таа одлучува да апстинира од влегување во нови врски и да провери што се случува со сите нејзини поранешни момчиња. Во тоа ѝ помага нејзиниот сосед Колин, кој пак и самиот завршува со различна девојка во кревет секоја вечер.rn

    rn.

    rn

    3. (Новогодишна ноќ) New Year’s Eve

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 9 декември 2011rnГлавни улоги: Сара Џесика Паркер, Хилари Свонк, Џесика Бил, Ештон Кучер, Мишел Фајфер, Роберт де Ниро, Хали БериrnВреметраење: 118 минутиrnКратка содржина: Приказната на филмот ја градат многу ликови и нивните врски кои се испреплетуваат, а дејството се одвива во Њујорк, за дочекот на новата година. Филмот доби доста негативни критики, но приказната е новогодишна, играат многу познати глумци и е многу нов, па затоа и се најде на оваа листа.rn

    rn.

    rn

    4. Настанокот на планетата на мајмуните (Rise of the Planet of the Apes)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драма, акција, научна фантастикаrnЈазик: англискиrnПремиера: 5 август 2011rnГлавни улоги: Џејмс Франко, Фрида Пинто, Џон ЛитгоуrnВреметраење: 105 минутиrnКратка содржина: Вил Родман се обидува да пронајде лек за својот татко кој боледува од Алцхајмерова болест. Тестирањата ги изведува на мајмуни, при што еден од нив се здобива со неверојатно интелигентни својства кои ќе му помогнат во ослободувањето на целиот негов вид и менување на планетата засекогаш.rn

    rn.

    rn

    5. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, фантазија, романсаrnЈазик: англиски, француски, шпанскиrnПремиера: 10 јуни 2011rnГлавни улоги: Овен Нилсон, Рејчел Мекадамс, Кети БејтсrnВреметраење: 94 минутиrnКратка содржина: Гил и Инес одат на краток одмор во Париз, како придружба на родителите на Инес, кои се таму на службено патување. Гил се заљубува во градот и додека неговата вереница ги поминува вечерите со нејзините пријатели кои таму ги среќаваат, тој секоја вечер на полноќ го открива Париз во најинспиративниот период, во 1920 година. Овие полноќни прошетки го доближуваат до неговата страст кон пишувањето и до некои ликови од минатото на кои целосно им се воодушевува, но истовремено се оддалечува од неговата вереница Инес.rn

    rn.

    rn

    6. The Lincoln Lawyer (Адвокатот со Линколн)

    rnПразнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, тирлерrnЈазик: англискиrnПремиера: 18 март 2011rnГлавни улоги: Метју Меконахи, Мариса Томеи, Рајан Филипrn Времетраење: 118 минутиrnКратка содржина: Мик е адвокат-бранител кој е препознатлив по неговиот автомобил Линколн. Тој е повикан да го застапува случајот на Луис, кој доаѓа од богата фамилија, а е обвинет за убиство на проститутка. Мик сака да ја знае вистината, а Луис тврди дека ја кажува. Но, копајќи по стари докази, Мик наоѓа нешто што овој случај го поврзува со поранешен случај против Луис. Тоа го усложнува целиот процес и повлекува нови криминални дејства.rn

    rn.

    rn

    7. The Tree of Life (Дрвото на животот)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 17 мај 2011rnГлавни улоги: Бред Пит, Шон Пен, Џесика ЧестејнrnВреметраење: 139 минутиrnКратка содржина: Приказната се развива околу животот на едно семејство во 1950 година, кое се соочува со голема трагедија, загуба на еден член. Дејството го следи животот на најстариот син на семејството О’Брајан, Џек, од неговите невини, безгрижни години, па сè до неговото постење како возрасен, разочаран човек. Тој бара одговори за неговото потекло и за значењето на животот, додека истовремено ја преиспитува судбината.rnrnФилмот изобилува со апстрактни сцени, надреални експериментални елементи, нелинеарно дејство и карактеристичен спој на визуелното и аудитивното. Низ ваквиот спој со приказната, гледаме како бруталната природа и духовната милост ги обликуваат нашите животи, животите на нашите семејства, но и животот генерално.rn

    rn.

    rn

    8. 50/50

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Џозеф Гордон-Левит, Сет Роген, Ана КендрикrnВреметраење: 100 минутиrnКратка содржина: Адам е 27-годишно момче кое има одличен живот, работи во радиостаница, има девојка и пријател кој му го прави секојдневието интересно. Открива дека боледува од редок тип рак на ‘рбетот, но додека се бори со болеста, заедно со неговата мајка, неговиот најдобар пријател и една млада терапевтка, сфаќа кои се всушност најважните нешта во животот.rn

    rn.

    rn

    9. Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo)

    rnПразнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 20 декември 2011rnГлавни улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер ПламерrnВреметраење: 158 минутиrnКратка содржина: Блумквист е новинар кој неславно си го нарушува својот имиџ откако ја губи правната битка за изречена клевета против еден милијардер. Набрзо потоа е повикан од страна на Хенрик Вангер, кој е пензиониран директор на корпорацијата Вангер за да го истражува исчезнувањето на неговата внука од пред 40 години. Во тоа му помага испирсаната, тетовирана хакерка Лизбет Саландер. Работејќи заедно тие откриваат ужасна семејна тајна.rn

    rn.

    rn

    10. (Развод) Jodaeiye Nader az Simin

    rnПразнична филмска листаЖанр: драмаrnЈазик: персискиrnПремиера: 16 март 2011rnГлавни улоги: Пејман Маади, Лејла Хатами, Сарех БајатrnВреметраење: 123 минутиrnКратка содржина: Брачна двојка живее во Иран, но ги разгледува можностите за селење со цел да ѝ овозможи подобри услови на својата ќерка. Симин сака да живее на друго место, додека нејзиниот сопруг смета дека треба да остане за да се грижи за неговиот болен татко кој пати од Алцхајмерова болест. Ова ќе доведе до нивно разделување.rn

    rnВо продолжение, листата ја дополнуваме со филмови од 2011 година, за кои веќе сме пишувале:rnrnrn11. Лоша учителка (Bad Teacher) – комедијаrn12. Зараза (Contagion) – трилер, драмаrn13. Меланхолија (Melancholia) – драмаrn14. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.) – романтична комедија, драмаrn15. Возење (Drive) – акција, драма, трилерrn16. Само продолжи со тоа (Just go with it) – романтична комедијаrn17. Изворен код (Source Code) – научна фантастика, трилерrn18. Ужасни шефови (Horrible Bosses) – комедијаrn19. Живот во еден ден (Life in a Day) – документарецrn20. Послуга (The Help) – драмаrn21. Непознат (Unknown) – трилер, мистеријаrn22. Срам (Shame) – драмаrn23. Хана (Hanna) – акција, мистеријаrn24. Ранго (Rango) – анимација, комедија, авантураrn25. Деверуши (Bridesmaids) – комедијаrn26. Пуштени од ланец (Hall Pass) – комедијаrnrnИ ако сето ова не ви е доволно, погледнете ја и листата на романтични филмови.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.