Филм за судбината и за љубовта, за тоа колку сме подготвени за да излеземе од патот кој ни е зацртан и да се избориме за работите што навистина ги сакаме во животот.rnrnРежија:Џорџ НолфиrnrnУлоги: Мет Дејмон, Емили Блант, Ентони МекиrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 4 март 2011rnrnЖанр: фантастика, трилер, романсаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn—————————————————————————————————————————————————rnОткако со минатите рецензии на маса ставивме неколку горчливи кафиња, за доброто на гостите пожелно е да донесеме и по една лимонада за освежување и разблажување. Таа лимонада е филмот „Агенти на судбината”. Речиси невозможен микс на жанрови – фантастично-романтичен трилер, ова е режисерското деби на сценаристот на „Борновиот ултиматум”, Џорџ Нолфи. Малку од Борн, малку од „Матрикс”, малку од „Градот на ангелите” и ете ти го новиот филм со Мет Дејмон. Сепак, од позитивната страна, „Агенти на судбината” ќе ве релаксира и веќе следниот ден… нема ни да го паметите. Перфектен избор за напорните денови.rn—————————————————————————————————————————————————rn
rn
Приказна:Дејвид Норис (Мет Дејмон) е млад политичар со светла иднина и големи амбиции сè додека не ја сретне младата балерина Елиса (Емили Блант) во која веднаш се вљубува. Сè изгледа перфектно сè додека мистериозни луѓе од „божјата корпорација“ не им застанат на патот затоа што тоа не е дел од нивната судбина, на нивната замислена и трасирана патека. Запишано е таа да биде позната танчарка, а тој претседател, но да трчаат по кариерата, а не да бидат една вљубена двојка. Додека во повеќето филмови, делот од приказната, според кој, имаме вечни „демначи“ над секој наш чекор би бил доминантен, во „Агенти на судбината” сето тоа е во втор план пред љубовната сторија, односно борбата на Дејвид и Елиса и покрај сите пречки да останат заедно. Токму тоа го прави овој филм лимонадест, но може да се очекува таков потег на сценаристот поради еден едноставен факт – гледачите моментално се малку заситени од теориите на завери и од нивното отплеткување.Синтезата на фантастика, трилер и романтика во филмот е сосема функционална, но не го прави исклучителен во ниту еден поглед. На моменти реакциите на ликовите се премногу слаби во однос на настаните во филмот, кои во реалниот живот би го преплашиле секој човек. Актерските остварувања на кратки секвенци изгледаат лажно, но сè на сè може да се карактеризираат како коректни.Кога и како да го гледате: Дефинитивно дома со пуканки и со кока-кола со оглед на тоа што ќе можете да изберете дали да го исклучите или да продолжите да го гледате во зависност од вкусот. Одлично филмче за напорните денови во кои само сакате да седнете и да го одморите мозокот. Дефинитивно романтичните души повеќе ќе уживаат.
Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против насrnrnРежија: Дејвид МишоrnrnИграат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки ВиверrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 3 јуни 2010rnrnЖанр:трилер, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.rn—————————————————————————————————————————————————rn
Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.
rn
На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.
Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrnРежија: Родриго КортесrnrnСценарио:Крис СпарлингrnrnУлога:Рајан РејнолдсrnrnВреметраење:95 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn
rn
Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.
Надреален психолошки трилер за патолошката борба сам со себе и со останатите за професионален успех, за подготвеноста да се направи сé за целта… за тоа како на почетокот една (само) невротична личност под притисок се трансформира во „црниот лебед”.rnrnРежија: Дарен АронофскиrnrnИграат: Натали Портман, Мила Кунис, Винсент Касел, Барбара Херши, Винона РајдерrnrnВреметраење: 108 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 декември 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnРежисерот Дарен Аронофски е дефинитивно уметник. Темен, изопачен уметник. Едгар Алан По во филмскиот свет. Оди на тенката линија помеѓу лудилото и генијалноста и секогаш ја извлекува подобрата карта – генијалноста. Во неговите филмови таман кога ќе помислите дека претерал, ќе ве предомисли, таман кога ќе помислите дека ќе се лизне, ќе успее да избалансира. Во „Црниот лебед”, Аронофски ни ја портретира суровата страна на можеби една од најнежните и најрафинираните професии, балетот. Раскрварени прсти, психолошки малтретирања, страв од нож во грб, за на крај пред нашите очи да излезе едно „Лебедово езеро”. Без пардон приказ на неприродната борба за успех и за тоа кога е време да се каже стоп. Аронофски во овој филм не го интересира толку она што се случува меѓу луѓето туку внатрешните лични (добро наспроти лошо) дуели на амбициозната балерина, Нина.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn
rn
Приказна: Нина (Натали Портман) е балерина во една њујоршка балетска компанија и во текот на целата кариера е „девојката од задните редови”. Живее под претерана, дури перверзна заштита на нејзината мајка Ерика (Барбара Херши) која исто така е нереализирана балерина. Нина е совршена во секој поглед, покорна ќерка која и дозволува на мајка ѝ да ја контролира за сè, а од друга страна балерина која е нежна, кршлива и технички најпрецизна танчарка. Но во нејзе нема емоција, страст, речиси како да е киборг, кој знае што треба, а не што сака.Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна. „Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.Кинематографија: Одличен темен приказ на њујоршкиот балетски натпреварувачки свет. Најголем дел од дејствијата се одвиваат ноќе па се чини како денската светлина за овој растревожен филм да е непотребна. Се користат и специјални ефекти (но умерено) кои сосема солидно ја надополнуваат приказната. Да, филмот би преживеал и без нив, но визијата на Аронофски е таква. Интересен момент кој го надополнува филмското лудило се сцените со рефлексијата на одразот на Нина во огледалата – таа слика ја одразува нејзината вистинита извртена душевна состојба наспроти прибраниот лик во реалноста. Музиката за „Црниот лебед” ја направи Клинт Мансел кој работи на музиката на секој филм на Аронофски (аналогно на тоа и на феноменалниот саундтрак од „Реквием за еден сон”),така што ќе уживате во одлични музички парчиња.Кога и како да го гледате: „Црниот лебед” е филм за во кино, лудилото така подобро се чувствува. Пожелно е да се гледа на крај на денот, како што во филмот недостасува сончева светлина, пожелно е така да биде и додека го гледате. Дали ќе го проследите сами или во друштво е комплетно ваш избор. „Црниот лебед” е психолошки трилер кој ќе ве размрда, но повеќе во насока на разговор, а не толку што ќе ве остави без сон или долго време вознемирени.
Приказна за лагата, стравот, заканите и мистеријата кои стануваат дел од секојдневието на 4 тинејџеркиrnrnГлавни ликови: Тројан Белисарио, Ешли Бенсон, Холи Мери Комбс, Луси Хејл, Шеј Мичел, Ијан Хардинг…rnrnКреатор: Норман БаклиrnrnСценарист: Марлин КингrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 42 минrnrnПремиера: 8 јуни 2010rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnНаша оценка: 8rnrnВашата оценка:: [ratings]rnrn
rnrnКога ќе почнете да ја гледате ТВ серијата „Убави мали лажливки“, најверојатно ќе помислите дека станува збор за уште една тинејџерска серија со еден куп љубовни сплетки и интриги, а во центарот на вниманието во училиштето се петте секси другарки. Но, првиот впечаток може да биде погрешен нели? Режисерот на „Озборувачка“ (Gossip Girl) повторно пријатно ќе ве изненади со сосема различен жанр на тинејџерска серија. Во ова сценарио нема ништо наивно, детско или плитко. Роузвуд е перфектно, мало, тивко гратче, во кое никогаш не би претпоставиле дека можат да се кријат толку многу тајни. Најтешките и најмрачни тајни им припаѓаат токму на овие 5 најубави девојки во градот. Едната од нив исчезнува и во тој момент нивните животи почнуваат да заземаат сосема нов правец.rnrn
rnrnПриказна: Серијата започнува во една куќа во која се собрани петте најдобри другарки Алисон, Спенсер, Хана, Арија и Емили каде пијат алкохол доцна навечер. Тогаш Алисон која е „кралица“ во друштвото, мистериозно исчезнува. Таа оди да се прошета малку на воздух, излегува и Спенсер, но се враќа назад сама, исплашено кажувајќи им на останатите другарки дека Али исчезнала и дека слушнала врисок кој доаѓал од длабоката темнина.rnrn
Алисон: „Пријателите меѓусебно си ги споделуваат тајните. Тоа е она што не прави блиски.“
rnrnИсчезнувањето на Алисон ги разединува четирите другарки, а после една година нејзиното тело е пронајдено во куќата во која што таа живеела. Смртта на Алисон го потресува целиот град, а особено нејзините другарки, на кои почнуваат да им стигнуваат заканувачки СМС-пораки од испраќач потипшан со буквата „А“.rnrn
А: „Уште сум тука кучки. И знам сè.“
rnrnrnrnВо пораките „А“ една по една ги открива тајните на секоја од девојките, кои што единствено Алисон ги знаела. Но, не е возможно таа да им ги праќа зошто е мртва. Или возможно е?rnrn
Спенсер: „Неа ја нема, но таа всушност е насекаде.“
rnrnrnrnКој и да е нивниот демнач, по се изгледа ги знае сите нивни приватни работи и ги следи во секој нивни чекор. Девојките се повторно блиски и строго се придржуваат до нивниот договор да не откриваат ништо на никого, особено не на полицијата, но дали ќе се штитат и кога нивните најмрачни тајни ќе бидат откриени? Останува да видите сами.rnrnrnrnКога и како да ја гледате: „Убави мали лажливки“ е серија во која особено ќе уживаат младите момци и девојки кои не се плашат од хорор филмови или сите оние кои сакаат мало покачување на адреналинот, седејќи на удобниот кауч во дневната соба. Стравот, неизвесноста и мистеријата се присутни во секоја епизода, така што подобар ефект ќе има ако ја гледате навечер, во темница, кога сите во вашиот дом спијат. Ако одлучите да ја гледате со друштво или со вашиот партнер, замолете ги да бидат тивки додека трае епизодата, за да можете да се сконцентрирате на сплетканите детали од минатото на главните ликови и нивните „мали“ гревови, како и да ги почувствувате морниците по вашето тело.rnrnrnrnСлични филмови: Бидејќи не можевме да посочиме некоја популарна ТВ серија од типот на „Убави мали лажливки“, ќе ја споредиме со неколку постари, но популарни „тинејџ-хорор“ филмови. Се сеќавате ли на филмовите „Знам што направи минатото лето“ (1997), „Сè уште знам што направи минатото лето“ (1998), „Урбана легенда“ (1998)? Епа оваа серија доста потсеќа на нив.rnrn
Политички трилер за луѓето зад луѓето. За оние личности кои можеби не се во кадарот, но чии активности се чувствуваат…rnrnРежија:Роман ПоланскиrnrnСценарио: Роберт Харис, Роман ПоланскиrnrnУлоги: Јуан Мекрегор, Пирс Броснан, Ким Катрал, Оливија ВилијамсrnrnВреметраење: 128 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера:19 март 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnКолку е само лесно да влезеш во замка и да го пуштиш овој филм. На хартија изгледа феноменално – режиран е од Роман Полански кој ги има потпишано „Пијанист” и „Розмариното бебе”, а „Писател од сенка” буквално триумфира и на Европските филмски награди. Но, зад целата таа помпа стои филм кој најблаго кажано е само коректен. Нешто што тргнало со идејата за брз политички трилер, завршило како „мрзлива” приказна на која секој следен чекор може буквално да се намириса. Но и режијата, и глумата, и… се толку во средина што како да се направени без многу труд, без многу мерак, туку колку, ете, за да помине редот. Писател од сенка е како најпросечното дете во класот, доволно добро за да не го фати радарот и да ја помине годината, но не толку и за да биде запаметено.rn____________________________________________________________________________________________rn
rnПриказна:Писателот (Јуан Мегрегор) е ангажиран да интервенира во веќе започнатите мемоари на поранешниот британски премиер Адам Ланг (Пирс Броснан). Неговиот претходник починал на мистериозен начин, а само што почнува со работа, и Ланг се соочува со сериозни политички обвинувања. Приказните за моќниците, за задкулисните игри, за тоа кој ги влече конците секогаш се интересни за гледачите. Едноставна човечка психологија – сакаме да знаеме кој е и каков е тој што одлучува за нас. Базата е поставена, но градењето на целото дејство е невешто, филмско „дежа ву”. Решенијата од типот дека главниот лик нема да има име во смисла дека е „дух”, сенка на човекот на кого му ги пишува мемоарите, изгледа просто. Финишот пак на филмот, сцената која треба да нè стресе од корен и да ни расветли сè, повеќе или помалку се насетува уште од многу порано. Нема ништо лошо во тоа да направиш филм кој нема цел да ги преоптоварува гледачите, но не и кога нудиш разврски кои ни ја „навредуваат” интелигенцијата. Но, во името на јин и јанг-филозофијата – во морето од црно мора да има по една точка бело, би кажала дека изведбата на најмалку познатата актерка во екипата, Оливија Вилијамс („Шесто сетило”), е вистинско освежување. Таа ја игра жената на поранешниот премиер и, искрено, убедливо портретира лик кој не е само жена зад успешен маж, туку многу многу повеќе од тоа.Кинематографија: Го кажав еднаш и еве го пак – и во овој аспект Писател од сенка е коректен. Дејството се одвива на остров во Америка, претпоставувам во есенски, т.е. зимски денови, па и атмосферата е темна. Солидно е одработено, но таа тежина можела да се искористи во насока на надополнување на драматичноста, што во овој случај не се прави во потполност. Сепак, како најинтересна би можела да се посочи последната сцена каде што се покажува сè, а не се гледа ништо. Ни се сервира онолку колку што треба да видиме за да ни стане јасно, а немаме пред очи некоја трагична, потресна сцена…, дури сè изгледа и помалку поетично.Кога и како да го гледате?Пожелно е само да не сте уморни затоа што постои опасност за многу кратко време да заспиете и толку од „даунлодираниот” филм, од купената карта… Мислам дека постои еден профил на филмови кои по извесен период се откупуваат од македонските телевизии и стануваат еден од најискористените пополнувачи на дупки во програмата. Е, токму таков е и Писател од сенка – може да ви го пополни времето, но не е нешто по кое треба да трагате и да вложувате екстра-труд за да го гледате.
Филм за болката, љубовта кон семејството и одмаздатаrnrnrnrnГлавни ликови: Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: www.lawabidingcitizenfilm.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnrnrn___________________________________________________________________________________________ Приказна која покажува што може да направи болката за трагично изгубеното семејство, кога љубовта и омразата се сплотуваат, а неправдата само ги поткрепува. Оригинална приказна, одиграна од актери кои ви овозможуваат максимално да се соживеете со дејството и да погледнете еден одличен филм.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Филмот започнува во домот на Клајд Шелтон, каде што двајца разбојници му ги убиваат жената и малата ќеркичка пред неговите очи. Сепак, судот донесува одлука едниот разбојник да ја одлежи казната, а другиот, кој е всушност убиецот на семејството, во договор со обвинителството е пуштен на слобода, заради недостаток од докази.rn.rn
„Не важно што знаеш. Важно е што можеш да докажеш во судот.“
rnСепак, 10 години подоцна Клајд Шелтон, сам, со однапред испланирани потези, решава да го сруши целиот корумпиран судски систем и да ја задоволи правдата. Интересното е тоа што, главниот лик истовремено е и позитивецот и негативецот, па ваше е да одлучите како ќе гледате на приказната.rn.rn
„Тешкиот дел не е да ја донесеш одлуката. Тешкиот дел е да живееш со неа.“
rnФилмот доби негативна критика само за завршетокот, кој што можеби малку би ви бил предвидлив или би ве разочарал, но сепак во целост филмот со сигурност ќе ви се допадне.Кинематографија: Филмот навистина го доловува ефектот на болката на актерот, искажана преку нездравата и морбидната одмазда врз негативците. Режисерот навистина успеал многу добро да ги замисли сцените, а и да ги спроведе во пракса. Сето тоа е збогатено со одлична музика и добро одбрани локации за снимање, за максимално подигнување на адреналинот.Кога и како да го гледате:Овој филм го заслужува вашето внимание, па затоа е препорачливо да го гледате со помирно друштво или пак можете и сами. Обезбедете си освежителен пијалак и дозволете си да погледнете еден несекојдневен филм за време на викендот.Слични филмови: „15 минути“ (15 Minutes), „Фрактура“ (Fracture), „Автопат“ (Freeway)
Приказна за лагата, стравот, борбата и неизвесностаrnrnГлавни ликови: Мартин Компстон, Еди Марсан, Гема АртертонrnrnРежисер: Џеј БлејксонrnrnЖанр: криминалистика, трилер, драмаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 април 2010rnrnМузика: Марк КенхамrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________________rnЖивотот е непредвидлив. Додека се надевате дека ќе ви биде среќен и исполнет, може да ви се случат неочекувани ситуации кои ќе ви го променат засекогаш. Тоа ѝ се случува на прекрасната Алис Крид: еден ден ја живее својата младост, а следниот е заробена во 4 ѕида, надевајќи се дека ќе успее да си го спаси својот живот. __________________________________________________________________________________rnrn
rn
Приказна: Двајца маскирани мажи грабнуваат една убава девојка од улица. Ја носат во напуштена куќа во која има јака звучна изолација, ја врзуваат за кревет и ѝ ја затнуваат устата. Девојката се вика Алис Крид, ќерка на милионер. Киднаперите имаат смислено прецизен и страшно генијален план, кој веруваат дека ќе им се оствари, но паметната Алис не се предава без борба.rnНема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rnКинематографија: Импресивна е првата сцена од филмот, кога киднаперите ги прават подготовките за грабнувањето на девојката, со обрнување внимание на секој детаљ. Ќе помислите дека уште на самиот почеток можете да го предвидите крајот, но се лажете – овој филм е сé само не предвидлив. „Исчезнувањето на Алис Крид“ е филм полн со многу драматични сплетки и неочекувани ситуации. Светлото и ефектите со камерата пренесуваат чувство на клаустрофобија, мрачност и неспокој.rnНа моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.
rnКога и како да го гледате: Препорачуваме да го гледате сами навечер, за да можете најубаво да ги почувствувате неизвесноста, стравот и напнатоста. Пожелно е да го гледате со високо-квалитетна слика.rnСлични филмови: „Одземена“ (Taken), „Лавиринт“ (Labyrinth), „Кошмар пред Божиќ“ (Nightmare Before Christmas)
Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат, филм кој мора да го гледатеrnrnrnГлавни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ, Мајкл Кејн, Мерион Котијард, Џилијан Марфи, Том ХардиrnrnРежисер: Кристофер НоланrnrnЖанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 148 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 2010 (САД)rnrnМузика: Ханс ЗимерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 10/10rn
Исчекувањето во кое не ставија светски познатите филмски критичари по премиерното прикажување на „Почеток“, за многумина беше вистинско измачување. Очекувањето на денот кога „филмот кој е нешто досега невидено“ ќе стигне и во нашите кино сали, беше големо и тешко. Ако сте од оние кои прифаќаат да ги гледаат новите врвни филмски остварувања само со квалитетна слика и звук, тогаш ова е моментот што го чекавте. Почеток е филм кој го заслужи сето внимание кое му го дава публиката, а причините за тоа се многубројни.rn__________________________________________________________________________
rnrn
Приказна: Невозможно е да се раскаже приказната во филмот, без да се откријат деталите кои може да ви го расипат доживувањето. Се чини премногу да се открие и само еден збор кој ќе го опише дејството. Доволно е да очекувате невидена приказна, со толку замрсени елементи вткаени во праволиниска акција, со паралелни дејства, едни во реалноста, други во една друга реалност која ја овозможуваат соништата. Ако ова не ви е доволно, на свој ризик прејдете на следниот пасус.
rn
.
rnrn
„ОК, еве јас ти всадувам идеја во твојата глава и ти велам: „Не мисли на слонови“. На што мислиш?rnrn– На слонови.“
rnДејството е лоцирано во свет во кој постои таква технологија благодарение на која е возможно да се навлезе во умот на човекот за да се украдат важни информации од него. Дом Коб кој го игра Леонардо Дикаприо е лидерот на својот тим од специјалци во разни области (има: хемичар, фалсификатор и архитект), кој треба да заврши една последна задача за да биде повторно во можност да ги види лицата на неговите деца. Тоа е скоро незвомозжна мисија, бидејќи наспроти вообичаеното извлекување информации, овој пат тие треба да успеат да всадат информација во човековиот ум за да спречат конкурентната компанија на нивниот клиент, да стане монопол на пазарот.rnrnrnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn.rn
„Болката е во умот, а судејќи по декорот, ние сме во твојот ум, нели Артур?“
rn
На филмот не му недостасува ниту емотивната компонента, која е всушност стожер на дејството. Приказната во овој момент наликува на онаа во „Островот Шатер“ заради што многумина повлекуваат силна паралела помеѓу ликот на Дом Коб и оној на Теди Дениелс.
rn
rn
Кинематографија и музика: Ништо не недостасува. Совршенството продолжува и во овој сегмент. Без разлика дали имате тенденција да направите анализа на кинематографските елементи или не, не може да не се воодушевите на широките пејзажи и сложени лавиринти, често прикажани од птичја перспектива. Сцените во кои владее состојба на нулта гравитација се просто неверојатни. Тука е споредбата со „Матрикс“, но не ја споредуваме техниката, ниту дали истата напреднала од пред 11 години. Би било неблагодарно.
rn
rn
Иако Матрикс ги воведе овие специјални ефекти во научно-фантастичните филмови, Почеток ги применува сосема сплотени во приказната, толку дозирани за да не преовладуваат, волшебни за да едвај чекаме повторно да се појават. Динамичните сцени магично преминуваат во забрзани снимки, соништата и реалноста се синхронизирани до перфекција, а звукот, на моменти остар и јак, дури ќе ве помрдне од столчето. Убавината на режисерско-музичко-кинематографскиот продукт е несомнена, но и понатаму споредна во однос на перфекционистички развиената приказна, со сите нејзини замрсености.rn.
rnrn
„Доаѓаат овде секој ден за да спијат?rnrn– Не. Доаѓаат за да бидат разбудени. Сонот стана нивната реалност.“
rnКога и како да го гледате: Во моментов имате можност да го гледате филмот во кино и веројатно сега тоа е најдоброто место за тоа. Сепак, со оглед на концентрацијата која ви е потребна во текот на целиот филм, можеби би сакале да ги избегнете поткашлувањата, шушкањата и грицкањето пуканки, звуци кои во стерео мод доаѓаат од присутните во салата.rnrnrnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn.rn
„Кој би сакал да биде заглавен во сон 10 години?rnrn– Зависи од сонот.“
rnАктерска екипа:Веќе навикнавме да го гледаме Леонардо Дикаприо во сериозни филмови со јака приказна. Она што изненадува е улогата на Џозеф Гордон Левит кој сите го паметиме по улогата на детето во „Третиот камен од сонцето“, како и на Елен Пејџ која делува далеку посозреано и посериозно од улогата со која се прослави во „Џуно“. Ефектот на заедничка сплотеност во приказната го надополнува актерската игра на Том Харди и Марион Котијард.rnrnrnrnСлични филмови: „Матрикс“ (Matrix), „Островот Шатер“ (Shutter Island), „Вечен сјај на еден бескраен ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind), Мементо (Memento), „Мрачен град“ (Dark City)
Филм за мистичното, за лудилото, за љубовта и негирањетоrnrnrnrnЛокација:Островот Шатер, крајбрежјето на Нова АнглијаrnrnВреме: за време на Втората светска војна и по неаrnrnГлавни ликови: Леонардо Дикаприо, Марк Рафало, Бен Кингсли, Макс вон Сидоу, Мишел ВилијамсrnrnРежисер: Мартин СкорсезеrnrnЖанр:мистерија, драма, трилерrnrnВреметраење: 138 мин.rnrnПремиера: 19 февруари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Квартет за пијано и сегменти во молски скалиrnrnВеб-сајт:www.shutterisland.comrnrnНаша оценка: 9/10rn———————————————————————————————————————————————–rnИма филмови за кои знаете дека ако кажете што било, може да откриете премногу. Тоа не значи дека филмот нема приказна или дека не вреди да се зборува за него. Напротив, значи дека малку кажаното може да зборува многу за приказната која никој не заслужува да ви ја расипе. „Островот Шатер“ не е филм за кој треба да ви зборуваат другите.rn———————————————————————————————————————————————–rn.rn
rn
Приказна:Федералниот Маршал Теди Дениелс е испратен да реши случај на островот Шатер каде се лекуваат тешко болните луѓе кои како резултат на својата лудост извршиле криминално дело. Тој го истражува случајот на исчезнатата пациента Рејчел Соландо која ги има убиено нејзините три деца. Во текот на истрагата тој открива клучни траги заедно со својот партнер Чак, кои се дел од една поголема загатка чие разрешување е поместено на самиот крај..
rnrn
„Што би било полошо, да живееш како чудовиште или да умреш како добар човек?“
rn
Кинематографија:Островот Шатер не е филм кој нуди уживање за окото на гледачот. Не очекувајте многу живи бои и светли сцени. Напротив, мрачните и придушени сцени се карактеристични за филмот. Сепак, тие се во некаков баланс со јасните, светли, дури бели сцени, кога се присетува главниот лик, во кои доминира јаката боја на крвта или боите на животот кој згаснува.Кога и како да го гледате: Ако почнете да го гледате филмов, не правете паузи за зимање грицки или одење во тоалет. Спремете се добро со сѐ што ви треба и 2+ часа не се помрднувајте од пред екранот. Островот Шатер гледајте го во друштво или сами, а за да ги забележите сите скриени детали, гледајте го два пати.Слични филмови: „Седум“, „Машинист“, „Престиж“, „Неславни копилиња“