ТВ серија за барањето правда и душевен мир по пат на ладнокрвна одмаздаrnrn
rnrnГлавни улоги: Емили Ван Кемп, Меделин Стоув, Гејбриел Мен, Џошуа Боуман, Хенри ЧерниrnrnЖанр: драма, трилер, мистеријаrnrnПремиера: 21 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 43 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnПростувањето е можеби исправна верска постапка, но „Одмазда“ нема за цел да ве научи на морал и етика. Ова не е приказна за простувањето, ова е приказна за одмаздата на луѓето кои згаснале еден живот и загорчиле друг. rnrnОва ТВ шоу го наметнува прашањето: Како вие би постапиле, доколку сте живееле хармоничен живот со вашиот татко додека сте биле дете и одеднаш некои моќници, себични луѓе, го сместуваат вашиот единствен родител в затвор за криминал кој не го сторил, со цел да се спасат себеси од извршување на казната? Дали ќе им простите и ќе продолжите да го живеете вашиот живот како ништо да не се случило? Можеби тоа е исправен чекор, но дали е лесно остварлив? rnrnНеправдата боли, осаменоста и тагата го прават човекот ладнокрвен, а ваквите „темни“ чувства одлично ги пресликува главниот лик во серијата.rn———————————————————————————————————————————————————————— rn
rnПриказна: Емили Торн е убава, богата млада девојка со мистериозно минато. Кога била мало девојче, татко ù бил неправедно изманипулиран од моќни луѓе и невин завршил в затвор, каде и згаснал неговиот живот. Емили, која тогаш се викала Аманда завршила во Центар за згрижување на деца, каде што поминала тежок период во своите тинејџерски години, бидејќи таму вработените ја третирале како да се наоѓа во Дом за малолетни престапници, поради „криминалот“ на нејзиниот татко.rnrnВо сета несреќа, светлиот зрак е тоа што татко ù и оставил големо богатство кое ù овозможило да го смени името и да се пресели повторно во нејзиното родно место Хамптонс и еден по еден, да им се одмазди на сите луѓе, кои биле вмешани во уништувањето на неговиот живот. 
Нејзините чекори се интелигентни, промислени и лукави. Преку ден таа се однесува како ангелче, културна девојка која сите ја почитуваат и сакаат, а навечер го смислува следниот одмазнички чекор, служејќи се со можностите на најновите технологии. За целиот нејзин план знае само едно момче – „компјутерџија“ кој работел со нејзиниот татко, благодарение на кој сега тој има милиони и мотив да ù помогне.
Кинематографија: Хамптонс е мало луксузно место во кое живеат најголемите богаташи и моќници. Животот на луѓето од високата класа е прикажан во своето реално светло: неуспешни бракови, нестабилни семејни односи, неискрени пријателства, огромни, луксузни куќи полни со „студенило“ наместо со љубов и наспроти ова, глумење дека го живеат „животот од соништата“.

Глума: Емили Ван Кемп со својата глума, навистина успева да го „продаде“ ова ТВ шоу. Ако таа се однесуваше премногу ладно, немаше да успее да допре до срцето на публиката. Ако беше премногу мила и слатка, ќе ни делуваше цинична и лицемерна. Таа е идеалната комбинација од невиност и зло, што ја прави вистинскиот избор за ваков тип серија. Одличен противник пред камерите ù е Меделин Стоув која ја глуми богаташката Викторија Грејсон – најголемиот виновник за нанесеното зло на таткото на Аманда.
Кога и како да ја гледате: Ова е серија која поради својата мистичност, непредвидливост и необична приказна е подобро да ја гледате навечер, за да ја доживеете во својот целосен облик. Самото дејствие не е вознемирувачко, ниту страшно, туку само интересно за гледање и анализирање на комплексната карактерна природа на главниот лик, поради што не би ви било лошо доколку изгледате една епизода, кога ќе се стуткате навечер под ќебенце.
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Режија:
Еден шеик од Оман го киднапира неговиот ментор Хантер (Роберт де Ниро), знаејќи дека тоа е единствениот начин да го привлече неговото внимание. Станува збор за мисија вредна 6 милиони долари и ослободување на Хантер, во која Дени мора да го одмазди шеикот за убиствата на неговите три синови. Најтешкиот услов што мора да го исполни е убијците да го признаат делото на камера, а потоа да бидат убиени на начин кој ќе изгледа како несреќа за никој да не се посомнева.

Приказната станува комплицирана, бидејќи синовите на шеикот се убиени од страна на британска тајна служба. Од другата страна, Спајк (Клајв Овен) е водач на здружение чија мисија е да ги заштити агентите кои ги имаат извршено тие убиства. Два спротивставени тимови со различна мисија за исти луѓе…
Кога и како да го гледате:
rn
Режија:
Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „



Главни улоги


На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.












Режија:
Кастингот во „Хана“ може да се каже дека е хитовски. Девојчето, Сојрс Ронан досега играла во блокбастери како „Патот назад“, „Убави коски“, и „Искупување“, иако овој пат е целосно поразлична и посурова. Нејзиниот физички изглед е феноменално доловен, проѕирна речиси албино девојка која дава смисол на клише фразата „не суди ги луѓето според изгледот“. Тука се и Ерик Бана кој е суровиот 

rn
Режија:
„Изворен код“ е повеќеслојна приказна во која се разработуваат повеќе линии, а секоја од нив тргнува од капетанот Колтер. Дали е тоа неговата потрага по вистината за себе и за тоа кој е и што е, дали е тоа неговиот однос со една од патничките во возот, дали е тоа неговиот нерешен однос со татко му. Иако вака изгледа комплицирано и опсежно, приказната е поставена прилично лесно, брзо и без дупки на патот. Сепак, можеби еден минус за ова парче е малку исфорсираниот сладникав среќен крај како во романтична комедија. Да тргнеше одјавната шпица само пет минути порано (ако го гледате филмот ќе знаете на кој момент) сè ќе беше некако подобро.




Главни улоги:
Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. 
Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. 





Режија:
Кога ќе земеш филм што се вика „Цимерката“ и по жанр е трилер, веднаш претпоставуваш повеќе или помалку вакво сценарио. Иако има напнати моменти, доколку режисерот го зголемел волуменот на насилството и на комплетните опсесивни акции, ќе го направеше филмот потензичен и погледлив за љубителите на добриот хорор, трилер. Вака е само на половина пат помеѓу трилер и можеби некој женски колеџ филм.
Дефинитивно за „Цимерката“, своја верна публика носи Лејтон Мистер која е позната од хит-серијата „



Режија:
Актерските остварувања се сосема солидни, тргнувајќи, пред сè, од Лијам Нисон кој одлично портретира човек што ја бара вистината за себе и на кој сите сеќавања за сопствениот живот му се покажуваат како неточни. А рамо до рамо со него е и неговата филмска партнерка, Дајан Кругер („

