Иако себумот сам по себе не е лош бидејќи го одржува скалпот здрав и ја спречува појавата на кршлива и сува коса, ако го имаме премногу, може да доведе до разни проблеми.rnrn
rnrnНајчесто луѓето се жалат на брзо опаѓање на косата, чешање и првут. Како што објаснуваат фризерите, една од главните причини за мрсна коса нема никаква врска со честото миење.rnrnСе работи за стрес. Како што стресот може да се појави на нашите лица преку појава на мозолчиња, акни, темни кругови или црвенило, исто така може да се појави и на нашиот скалп. Експертите велат дека тоа се случува поради промените во нивото на хормоните кои можат да доведат до зголемено производство на маснотии на скалпот, односно себум. Значи, ако косата ни е помрсна од вообичаено, тоа може да биде знак дека треба малку да забавиме во животот и да најдеме време за релаксација.rnrnДруги причини зошто косата станува побрзо мрсна може да се честото или нетемелно миење, користењето на погрешни производи за нега, честото допирање на косата, недостатокот на витамини Б и наглите хормонални промени како што се менопауза или бременост.rnrnОткако прочитавте за стресот како причина за мрсење на косата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Tag: стрес
-

Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?
-

Како се справувате со стресните ситуации? Откријте со помош на овој тест!
Како реагирате на непредвидени ситуации? Дали сте во паника? Или, напротив, полни сте со одлучност за да ја истерате работата докрај? Неуспехот е составен дел од сечиј живот, и затоа е важно секој човек да научи како да се справува со него. Процесот на надминување на неуспехот игра важна улога во личниот раст и развој.rnrn
rnrnОвој тест на личноста може да открие како се справувате со непредвидени и неочекувани ситуации. Треба само да ја погледнете сликата и да одговорите кое животно прво го забележавте:rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лисица” active=”false”]rnrnАко сте виделе лисица, тоа значи дека имате тенденција да бегате од неочекуваното. Кога ситуацијата не се развива како што очекувавте, доживувате стрес. Чувството на непријатност е толку силно што ве исфрла од контрола и ви го отежнува јасното размислување. Проблемот изгледа непремостлив. Се чувствувате безнадежно и целосно беспомошно, а ова во голема мера влијае на вашето расположение. Брзо станувате раздразливи и лути на сè и ја проектирате целата своја фрустрација врз другите.rnrnОва често создава напната атмосфера и дома и на работа. Многу ви е тешко да управувате со емоциите кога сте под стрес. Вашите зборови ги надминуваат вашите мисли, понекогаш повредувајќи ги луѓето за кои се грижите.rnrnКога ќе почувствувате дека стресот преовладува, најдобро е да паузирате неколку минути. Вдишете длабоко за да ги смирите нервите. Понекогаш на мозокот му недостасува кислород, што го блокира размислувањето.rnrnПодеднакво е важно да запомните дека не сте сами. Околу вас има луѓе кои се подготвени да ве поддржат и да ви понудат помош. Не треба сами да го носите товарот на тешкотиите. Згора на тоа, кога ќе го споделите со другите, веднаш ќе се чувствувате многу подобро. Секој предизвик што ќе го надминете ќе ви помогне да растете и да се развивате. Не заборавајте дека е потребно време за да научите како подобро да управувате со стресот и анксиозноста.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лебед” active=”false”]rnrnАко лебедот ви го привлече вниманието, тоа значи дека сте научиле да останете смирени и за време на стресните ситуации. Чувствувате дека нема смисла да експлодирате или да паничите. Одржувате непоколеблив став, без оглед на притисоците кои животот ви ги фрла, и на професионален и на личен план. Ако треба да се справите со професионални проблеми, обидете се да направите чекор назад.rnrnЈа анализирате ситуацијата и ги мерите добрите и лошите страни на секоја одлука. Вие сте природно ладнокрвни и вашите колеги уживаат да работат со вас. Ова не е изненадувачки, бидејќи вие не само што сте мирна личност, туку и имате одговор за сè. Сè што треба да направите е да си дадете време што ви треба за размислување и идеите ќе почнат да ви течат во главата.rnrnВажно е да покажете дека сте многу организирана личност. Тоа значи дека секогаш имате план Б. Никогаш не ви недостасуваат предлози и иновативни идеи за подобрување на вашата работа. Кога станува збор за вашите меѓучовечки односи, се чини дека секогаш сте доверливи. Вие сте многу добри во решавањето на проблемите, вклучувајќи ги и проблемите на вашите најблиски.rnrnОтворени сте за сите можни понуди и сите ги анализирате пред да донесете одлука. Како добар лидер, не се чувствувате загрозени од другите. Напротив, верувате дека секој треба да го направи своето за успехот да биде посигурен.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кој е вашиот најголем животен предизвик.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Како да го намалите нивото на стрес во вашиот живот?
Современиот начин на живот носи многу предизвици и стрес. Разните ситуации на работа, семејните обврски, разните задачи, сето тоа влијае на вашето ментално здравје и расположение.rnrn
rnrnПритисокот и стресот можат негативно да влијаат на вашето тело, ум и дух. Затоа е важно да се трудите секој ден да се намали нивото на стрес преку овие чекори:rn1. Нека грижата за себе ви стане приоритет
rnИсклучително е важно да се грижите за себе. Времето и грижата што ќе си ги посветите можат да ви помогнат да се смирите и да се подготвите за претстојниот ден. Тоа е здрава потреба која секој човек треба да ја има. Постојат основни рутини, вклучувајќи рутини за лична хигиена, рутини за вежбање и време посветено на интересите кои треба да ги вклучите во вашиот секојдневен распоред. Затоа започнете го денот грижејќи се за себе. Пред да направите нешто друго, одвојте неколку минути само за себе и за вашата благосостојба.rn
2. Планирајте ги подобро вашите задачи
rnДоколку ве оптоварува вашиот напорен распоред, распределете го вашето време така што ќе им дадете приоритет на секојдневните активности. Овој начин на планирање навистина може да ви помогне. Спротивно на тоа, ако забележите дека вашиот распоред е полн со работи, обидете се да се ослободите од сè што сметате дека е непотребно. Направете листа на работи што би можеле да ги исклучите од вашиот распоред и заменете ги со работи што ви носат мир.rn
3. Научете да велите НЕ
rnЗапомнете, можете да кажете НЕ без да се чувствувате виновни. Стресот доаѓа од чувството дека треба да направите сè за секого, а ако одбиете, чувствувате дека ги изневерувате другите. Сепак, бидете искрени и кажете НЕ кога навистина го мислите тоа. Ако учтиво одбиете некого, личноста која ве почитува ќе го разбере тоа.rn
4. Поставете граници
rnОвој совет е за способноста да им кажете „НЕ“ на луѓето кога не сакате да направите нешто. Границите се концепт кој може да ви помогне да останете здрави и да имате здрави односи. Имате право да поставувате граници не само околу вашето физичко тело и простор туку можете и да поставувате граници со цел да ги одржите во рамнотежа, вашето време и енергија. Ниту еден друг човек не може да одлучи како го трошите вашето време и во што ја вложувате вашата енергија. Мора да си поставите лични граници и да ги почитувате, но и да размислите дали луѓето кои ги прекршуваат заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за намалување на стресот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!
Во текот на животот наидувате на различни предизвици и препреки, а многу од нив оставаат трага врз вас. Тоа придонесува и за зачестено присуство на стресот, особено доколку не сте подготвени за промени. Во такви случаи важно е да работите на издржливоста.rnrn
rnrnИздржливоста е способност за оптимално прилагодување на неволјите, повредите или екстремниот стрес. Иако одредени фактори може да ги направат некои луѓе поотпорни од другите, издржливоста не е особина на личноста што ја поседуваат само неколкумина. Таа се состои од одредени однесувања, мисли и постапки кои секој може да ги научи и развие. Прочитајте за дел од нив во продолжение:rn1. Изградете значајни односи
rnДајте им приоритет на вашите врски. Дружењето со емпатични и позитивни луѓе кои ве разбираат и прифаќаат ќе ви даде до знаење дека не сте сами. Насочете ја вашата енергија кон доверливи и пријателски луѓе кои ви возвраќаат на вашите чувства и на кои можете да се потпрете. Ова ќе ви помогне да ја развиете и зајакнете вашата издржливост.rn
2. Грижете се за вашата психофизичка благосостојба
rnГрижата за себе вклучува одржување и на менталното, а не само на физичкото здравје. Примената на позитивни ставови како што се правилно јадење, доволно спиење и редовно вежбање може да му помогне на телото да се прилагоди на стресот и да ги намали ефектите од негативните емоции. Вежбањето и шетањето во природа може да ви помогнат да се поврзете со другите и да ја зголемите сопствената издржливост.rn
3. Запрашајте се дали ви е важно она што го правите и она што го доживувате
rnПомагајте им на другите – без разлика дали волонтирате во локално засолниште за бездомници или само му помагате на пријател на кој му е потребна помош, ова ќе ви даде чувство за цел, ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ви помогне да се поврзете со другите. Поставете си реални цели и секој ден правете нешто што ќе ве доближи до остварувањето на вашите цели.rn
4. Побарајте помош кога ви е потребна
rnЕден од најважните знаци дека сте издржливи е фактот дека не се срамите да побарате помош кога ви е потребна. Имајте на ум дека терапевтот, психологот, тренерот или менторот може да ви помогне да ја развиете вистинската стратегија за да продолжите напред.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за зацврстување на издржливоста, можеби ќе сакате да прочитате и како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Намалете ги стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1!
Современиот живот и порано беше стресен, а веќе неколку години по ред стана уште постресен како резултат на пандемијата. Според експертите, сега сме повеќе склони кон паника и анксиозност од кога било.rnrn
rnrnНо, што можете да направите кога ќе почнете да чувствувате дека ја губите контролата?rnrnЈогата и ладниот туш можат да ви помогнат да го смирите вашиот нервен систем и да ја намалат анксиозноста. Но, постои и една корисна техника што може да ви помогне да ја вратите контролата во одреден момент.rnrnПсихологот од Клиниката Кливленд, Сузан Алберс-Булинг, предлага нешто што се нарекува метод 5-4-3-2-1 за брзо намалување на стресот. Идејата е едноставна: со користење на вашите пет сетила се присилувате себеси да се фокусирате на моментот и вашата физичка околина, спречувајќи го на тој начин вашиот мозок да се врти низ најлошите сценарија, заробувајќи ве во циклус на анксиозност и паника.rnrnОбратете внимание на пет работи што ги гледате околу себе. Тоа може да биде молив или точка на таванот – што било во вашата околина.rnНајдете четири работи околу себе кои можете да ги допрете. Тоа може да биде вашата коса, перница или земја под вашите нозе.rnrnПрепознајте три звуци во вашата непосредна околина. Ова може да биде кој било надворешен звук. Ако можете да го слушнете чукањето на вашето срце, тоа исто така се брои! Фокусирајте се и на работи што можете да ги слушнете надвор од вашето тело.rnrnФокусирајте се на две работи што можете да ги мирисате. Можеби сте во вашата канцеларија и го чувствувате мирисот на вашето пенкало. Можеби сте во вашата спална соба и чувствувате мирис на перницата. Ако ви треба кратка прошетка за да најдете мирис, можете да го помирисате сапунот во вашата бања или да излезете надвор на прошетка.rnrnИ фокусирајте се на една работа што можете да ја вкусите. Каков вкус има внатрешноста на устата – гума за џвакање, кафе или сендвич што сте го појадувале?rnrnПоврзувањето со вашите сетила може да биде моќен начин за намалување на стресот и анксиозноста, но тоа не е единствениот начин. Истражувањата покажале дека помагаат и техники на дишење, физички вежби, пишување, излегување во природа и нешто што се нарекува „разговор со себе“. За жал, со оглед на начинот на кој светот се движи околу нас, веројатно ќе имаме многу можности да ги искористиме сите овие трикови.rnrnОткако прочитавте за оваа техника, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs -

Кое време од денот е најстресно?
Иако секое време од денот може да биде стресно, сепак експертите успеале да пресметаат кое е најстресно за повеќето луѓе.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено од група научници во Лондон, во која учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите т.н. утрински стресови.rnrnСтудијата исто така покажала дека има мала разлика во најстресното време од денот помеѓу жените и мажите.rnrnНа првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, пак, првиот индикатор за стрес се појавува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.rnrnИнтересно е тоа што овие утрински драми дури можат да ја намалат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.rnrnСпоред нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не успеваме да направиме сè навреме во утринските часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството, подготвувањето на децата за градинка или училиште се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое кучињата можат да откријат кога сме под стрес.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs -

Кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес?
Анксиозностa може да влијае на квалитетот на животот, а стравот, вознемиреноста и грижата можат да ве натераат да избегнувате одредени ситуации и да започнете нездрави навики. Нутриционистите и психолозите сметаат дека и изборот на храна може да влијае врз подобрување или влошување на анксиозната состојба. Во продолжение прочитајте кои состојки треба да ги избегнувате доколку сте анксиозни.rnrn
rn1. Преработена храна
rnСпакуваната храна што ја наоѓаме на полиците во продавниците вообичаено е полна со преработени адитиви како шеќер и омега-6 масни киселини. Кога се консумираат прекумерно, овие состојки ги хранат лошите микроби во цревата и со текот на времето го влошуваат воспалението и на тој начин доведуваат до стрес. Затоа, обидете се да внесете повеќе свеж или замрзнат зеленчук и протеини во вашата исхрана.rn
2. Рафинирани шеќери
rnДали знаевте дека постојат околу 262 други имиња за скриените шеќери кои денес се наоѓаат во прехранбените производи? Тие не само што се состојат во колачите и десертите туку се наоѓаат и во кечапот, преливите за салата и сосовите за тестенини. Можете да најдете шеќери може да се најдат дури и во солените производи како помфрит.rn
3. Индустриски масла
rnИндустријализацијата на прехранбената индустрија доведе до развој на високо преработени, евтини масла. Овие масла обично се произведуваат од пченка, соја, сончоглед и палма. Со преработка, овие масла стануваат богати со омега-6 масни киселини, но лишени од омега-3. Од друга страна, вишокот на омега-6 масни киселини во исхраната придонесува за вишок на воспалителни молекули низ телото, особено во цревата и мозокот. Избегнувајте ги овие масла со намалување на внесот на пакувана храна и брза храна. За готвење дома, изберете поздрави алтернативи како што се маслиново масло и масло од авокадо.rn
4. Алкохол
rnИако алкохолот може да ја влоши анксиозноста, тој нема ист ефект кај сите. Така, ако се чувствувате нервозни или вознемирени кога пиете, тогаш алкохолот не е за вас. И имајте на ум дека алкохолот има и други негативни ефекти врз вашето физичко здравје.rn
5. Кафе
rnКафето може да ја влоши анксиозноста, но не влијае на сите на ист начин. Внимавајте на нивото на стрес после пиење кафе. Ако после пиење кафе почувствувате зголемен стрес, намалете го внесот на кофеин. Можете да пробате со алтернативни пијалаци кои ќе ви ја дадат потребната енергија како цедените сокови и одредени видови чај.rnrnОткако прочитавте кои намирници треба да ги одбегнувате кога сте под стрес, можеби ќе сакате да гипрочитате и овие 7 едноставни совети за справување со анксиозноста.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

6 совети за опуштање на преоптоварениот ум!
Постојано се чувствувате под стрес поради секојдневните обврски? Прекумерната работа и роковите ве исцрпуваат, но сепак не знаете како да воспоставите рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот?rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте за ефектите од прекумерната работа врз мозокот и вашето ментално здравје:rn1. Намалена продуктивност и креативност
rnПостојаното работење без паузирање доведува до физичка и психичка исцрпеност што на крајот резултира со намалена енергија и намалена способност за фокусирање. Ова може да го отежне и ефективното извршување на задачите и да ја намали вашата севкупна продуктивност.rn
2. Зголемена анксиозност и стрес
rnПрекумерната работа може да го исцрпи вашиот мозок, предизвикувајќи стрес и грижи. И колку повеќе продолжувате да го правите ова, толку повеќе вашата анксиозност расте со текот на времето.rn
3. Ослабен имунолошки систем
rnОва е еден од главните симптоми на прекумерна работа. Хроничниот стрес и прекумерната работа може да го нарушат вашиот имунолошки систем и да влијаат на неговата способност да се бори против разноразните болести. Кога сте под стрес, вашето тело ослободува хормони како кортизол и адреналин, кои можат да го потиснат имунолошкиот систем. Ова може да ве направи поподложни на инфекции и болести.rn
4. Депресија и исцрпеност
rnКога работите долги часови и не водите грижа за себе, за кратко време можете да почувствувате исцрпеност и истоштеност. Ова може да доведе до чувство на безнадежност, безвредност, тага, физичка и емоционална исцрпеност, депресија.rn
5. Намалена способност за концентрирање и донесување одлуки
rnИнтензивната работа може да го попречи нивото на концентрација, што доведува до одредени симптоми на преоптоварување на мозокот како деменција и тешкотии во донесувањето одлуки.rn
6 работи што можете да ги направите за да го опуштите преоптоварениот ум
rn
1. Погрижете се да вежбате секој ден, дури и да е половина час.
rnВежбањето може да биде многу ефикасен начин за опуштање ако чувствувате дека вашиот ум е преоптоварен. Освен тоа, истражувањата покажале дека вежбањето може значително да го намали стресот.rn
2. Вежбајте медитација секој ден.
rnМедитацијата е проверена формула за справување со знаците на прекумерна работа, како што се стресот и анксиозноста. Станува збор за едноставен, но ефикасен начин да го смирите вашиот преоптоварен ум. Не само тоа, таа ќе ви помогне и да се справите со предизвиците со поголема јасност и одлучност. Можете да вежбате медитација 10-15 минути дневно пред спиење за да ја намалите несоницата и заморот. Треба само да се опуштите, да седите исправено, да ги затворите очите и да вдишете длабоко.rn
3. Паузирајте и вдишете длабоко секогаш кога ќе се чувствувате под стрес.
rnДлабокото дишење е еден од најефикасните начини за смирување на нервниот систем и умот под стрес. Според научниците, длабокото дишење ви помага да ги опуштите умот и телото и да ги намалите стресот и анксиозноста. Исто така, тоа може да помогне и во управувањето со негативните емоции и мисли.rn
4. Запишете ги вашите мисли на хартија.
rnЧестопати не ги споделуваме нашите мисли со некого затоа што се плашиме да не бидеме осудувани. Затоа, запишувањето на мислите во дневник или на парче хартија е многу добар и ефикасен начин да ги исфрлите вашите емоции и чувства.rn
5. Разговарајте со некого.
rnАко имате пријатели или блиски луѓе на кои можете да се потпрете, секогаш можете да им се обратите. Разговорот со нив може да ви помогне да стекнете поинаква перспектива; а тоа, пак, да ги ублажи стресот, анксиозноста и преостанатиот емоционален багаж.rn
6. Спијте 7-9 часа секоја вечер за да се чувствувате полни со енергија и одморени.
rnЕден од значајните негативни ефекти од прекумерната работа е заморот. Колку и да се трудите, не можете да спиете доволно во таква ситуација. Знаеме дека не е лесно да се одржува здрав распоред за спиење во овој свет со брзо темпо, особено кога се соочувате со постојан стрес и анксиозност. Како и да е, треба да спиете 7-8 часа секоја вечер за да го опуштите мозокот. Вашиот мозок останува активен кога спиете, но преку спиењето се отстрануваат токсините што се наталожуваат во мозокот додека работите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за смирување на преоптоварениот ум, можеби ќе сакате да прочитате и како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Кои јаткасти плодови можат полесно да им помогнат на студентите да се соочат со стресот при студирање?
Јаткастите плодови во секојдневната исхрана на студентите под стрес имаат позитивни ефекти врз нивното ментално здравје, покажало новото клиничко испитување спроведено на студенти на додипломски студии.rnrn
rnrnСтудијата спроведена од научници од Универзитетот во Јужна Австралија и објавена во научното списание Nutrients, исто така, сугерира дека оревите можат да ги неутрализираат ефектите на стресот врз цревната микрофлора за време на стресни периоди, особено кај жените.rnrnСпоред авторите, студентите доживуваат академски стрес во текот на студирањето, што негативно се одразува врз нивното ментално здравје, а тоа особено се забележува за време на испитните рокови.rnОревите можат да ја намалат депресијата
rnСтудентите кои секој ден консумирале околу половина шолја ореви покажале подобрувања во поглед на менталното здравје, подобрени метаболички биомаркери и подобрување на квалитет на сонот.rnrnПокрај тоа, претходните научни истражувања покажале дека оревите се полни со омега-3 масни киселини, антиоксиданси, како и мелатонин (хормон кој поттикнува сон), полифеноли, фолати и витамин Е, кои заедно придонесуваат за здрав мозок и црева.rn
„Светската здравствена организација неодамна изјави дека најмалку 75 проценти од случаи на нарушувањата на менталното здравје се однесуваат на луѓето помлади од 24 години и тоа особено кај студентите на додипломски студии“, истакнуваат авторите на ова истражување.
rnЗаклучокот на ова истражување е дека нарушувањата на менталното здравје се чести меѓу учениците и можат негативно да влијаат врз нивните академски перформанси и долгорочното физичко здравје, но од друга страна, консумирањето ореви може да го подобри менталното здравје и општата благосостојба на учениците.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да јадете ореви.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
-

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор
Дали и како се разликува состојбата на емоционална исцрпеност од стресот и уморот со кои секојдневно се соочуваме? Емоционалната исцрпеност е хронична состојба на физичко и емоционално исцрпување и може да се појави кога некој ќе доживее период на прекумерен стрес во работата или личниот живот. Ова може да влијае на секојдневниот живот, односите и однесувањето на една личност. Ако искусите некои од овие симптоми на емоционална исцрпеност, тоа може да укаже дека ви треба пауза.rnrn
rn1. Лесно се лутите
rnМенталниот и емоционалниот замор лесно може да ви го расипе расположението. Кога сте емоционално исцрпени, потешко е да ги држите емоциите под контрола. Опкружени сте со негативност, а како што минуваат деновите почнувате да губите надеж. За жал, ова може да ве натера да го исфрлите гневот на оние кои ви се најблиски и кои најверојатно не го заслужуваат тоа.rn
2. Не сте продуктивни и немате мотивација
rnХроничниот стрес може да го отежни фокусирањето и да ја намали вашата мотивација. Така, дури и малите обврски кои не бараат голем напор ќе почнат да ви изгледаат застрашувачки и речиси невозможни.rn
3. Постојано се грижите и сте вознемирени
rnЕден од симптомите на емоционална исцрпеност е претераната анксиозност која постојано ќе ве „предупредува“ дека нешто не е во ред.rn
4. Несоница
rnПотешко е да заспиете кога се чувствувате премногу уморни. Според истражувањето, луѓето кои имаат професии со високи „когнитивни оптоварувања“ искусуваат повеќе симптоми на несоница од оние кои немаат. Освен тоа, недостатокот од сон може да го влоши менталниот замор.rn
5. Нездрави избори
rnДруг симптом на емотивна исцрпеност може да биде употребата на алкохол и дрога. За оние, пак, кои веќе имаат проблем со злоупотреба на супстанции, емоционалната исцрпеност може да биде уште поштетна. Причината за ова, според експертите, е тоа што зависноста од дрога ги менува мозочните региони вклучени во управувањето со стресот и контролата на импулсите.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на емоционална исцрпеност, можеби ќе сакате да прочитате и дали менталната болест станува нашето ново секојдневие.rnrnИзвор: themindsjournal.com