Позитивните или негативните влијанија од кафето врз нашето здравје е постојан предмет на истражување на универзитетите ширум светот. Повеќето од добиените резултати велат дека кафето не е штетно по нашето здравје, туку напротив може и да го подобри, борејќи се против заболување од некои болести. Сепак, некои доктори на науки имаат поделено мислење околу оваа тема. Погледнете кој е одговорот на двајца професори на прашањето: дали треба да пиеме помалку кафе?rnrn
rn
НЕ
rnСпоред проф. д-р Роб Ван Дам, доцент по здрава исхрана на харвардскиот факултет за јавно здравје, не треба да пиеме помалку кафе, бидејќи од него имаме големи здравствени придобивки. Еве што вели тој на оваа тема:rn
За повеќето од нас, кафето не е штетно
rnТочно е дека кафето може да го покачи крвниот притисок, така што ако имате хипертензија, паметно е да се префрлите на кафе без кофеин. Кофеинот исто така може да ви го наруши спиењето. Ако забележите дека од кафето сте вознемирени навечер кога ќе си легнете и не можете да спиете, намалете ја количината кафе која ја пиете на дневна база.rn
Кафето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес
rnСекоја шолја кафе која ќе ја испиете, го намалува ризикот од заболување од дијабетес. Според истражувањето на архивите од интернационалната интерна медицина, откриено е дека после 3-4 испиени шолји дневно, го намалуваме заболувањето од дијабетес за 25%. Друго истражување покажало дека кафето без кофеин може исто така да го намали ризикот од заболување од дијабетес, што сугерира на тоа дека не е кофеинот тој кој што се бори против оваа болест, туку нешто друго во кафето, најверојатно антиоксидансот таканаречен хлорогенска киселина. Консументите на кафе, исто така поретко заболуваат од цироза и рак на црниот дроб.rn
Кофеинот има свои предности
rnКофеинот може да го намали ризикот од заболување од Паркинсонова болест, а најверојатно и од Алцхaјмерова болест. Тоа не е причина да почнете да пиете кафе доколку тоа не го правите сега, но е добра вест за оние кои уживаат во овој пијалак.rn
ДА
rnСпоред Џејмс Д. Лејн, професор, д-р на науки и директор на универзитетскиот медицински центар „Дјук“ во лабораторијата за психофизиологија, кафето е штетно и треба помалку да се консумира. Тој смета дека:rn
Истражувањата поврзани со бенефициите од кафе се слаби
rnГлавниот проблем во многубројните истражувања, е тоа што во нив се компарираат групи луѓе кои редовно пијат кафе и оние кои не пијат воопшто. Консументите на кафе можеби имаат нешто друго заедничко покрај пиењето кафе, што е вистинската причина зад која стојат овие здравствени придобивки. Само затоа што две нешта се доведени во корелација, не значи дека едното го предизвикува другото.rn
Кафето може да ја влоши здравствената состојба
rnКофеинот во кафето има негативни последици, особено кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес. Во едно истражување, хипертензичниот крвен притисок бил намален кај пациентите кои не пиеле кафе една седмица. Во друго истражување, откривме дека кај дијабетичарите на кои им се даде кофеин пред да им се направи гликоза толеранс тест (ОГТТ) им бил повеќе покачен шеќерот, отколку кога не им се даваше кофеин. Со други зборови, кај луѓето кои веќе имаат дијабетес, по сè изгледа дека кофеинот само им ја влошува состојбата. Кафето без кофеин пак, е сосема безбедно за овие пациенти.rn
Кафето може да ви го зголеми стресот
rnМоите истражувања имаат покажано дека адреналинот ќе влијае повеќе на стресот доколку сте се напиле кафе, отколку ако не сте пиеле. Тоа може да ве направи да се чувствувате напнато, вознемирено и нервозно и да ви направи проблеми со спиењето.rn
Заклучок:
rnДоколку немате дијабетес или висок крвен притисок, навиката за коснумирање кафе најверојатно нема да ви наштети, а може дури и да го подобри вашето здравје. Додека некои истражувања сугерираат на тоа дека некои луѓе се почувствителни на кофеин во однос на други, сепак немате причина да ја намалувате количината кафе која ја внесувате на дневна база, освен доколку сметате дека тоа ви создава несоница или чувство на вознемиреност. Ако тоа е случај, можеби треба да се префрлите на кафе без кофеин. Од друга страна, ако не пиете кафе воопшто, немате ни причина допрва да почнувате. Додавањето повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во вашата секојдневна исхрана, е посигурен начин за намалување на ризикот од заболување од некоја болест.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rn


Носејќи часовник Fruitz, му кажувате на светот кои сте, на начин што кај другите ќе предизвикувате да ве забележат и да ви се насмевнат. Кул и шарени, овие часовници одлично ќе се вклопат во вашиот стил.
Овие часовници можат да ве опуштат и смират, како и да го намалат нивото на стерс. Едно клиничко истражување вели дека учесниците кои носеле уреди со оваа технологија искусиле поживи соништа, се чувствувале посвежи наутро, побрзо заспале и помалку се буделе од оние кои не носеле такви уреди.
Луѓето кои секој ден носат часовници Fruitz потврдуваат дека подобро спијат, помалку се нервираат, пофокусирани се, имаат зголемена концентрација и подобро се чувствуваат во целост.

rnrnСепак покрај големата непријатност кои повеќето од нив ја предизвикуваат, најчесто тие се привремени и можат многу лесно да се излечат и без помош на медикаменти. Пред да пробате проблемот да го решите со апче, обидете се со некој од следниве природни начини.rn
rn
rn
rn
Спонтаноста е една од најважните работи во мојот живот. Не сакам да планирам, искуството ме научило дека плановите понекогаш знаат да разочараат. Дали не се исполнил тој план? Дали не завршил како што сме замислувале? Неважно, во слободните денови и моменти, оставам спонтаноста да биде мојот водич.rnrnВо една статија поврзана со медицински истражувања, прочитав дека кај многу луѓе неостварениот план причинува стрес, разочарување, тага. Се запрашав зошто? Зошто да се разочаруваме за такви работи? Сосема непотребно… Па нели тематиката на животот е што посреќни, тоа поздрави, што поздрави, подолг живот.rnrnНасмевнете му се на денот, пред вас има време кое треба максимално да го искористите. Љубете и некој ќе ве љуби вас, смејте се и некој ќе ви ја возврати насмевката. Ако едно нешто не успеало, наредното сигурно ќе добие висока оцена.rn
rnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn
rnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn
rnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn
rnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrn

rnrnФокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.rn
rnrnОбидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.rn
rnrnВо нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.rn
rnrnИако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.rn
rnrnСтеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.rnrn rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn