Многу работи можат да доведат до стрес, но начинот на кој се грижите за себе кога се чувствувате изнемоштени игра голема улога во тоа како се справувате со него. Покрај јогата, ароматерапијата, медитацијата и топлата бања, постојат одредени хранливи материи кои можат да ви помогнат да го контролирате нивото на стрес. Проверете за кои состојки станува збор во продолжение.rnrn
rn
Протеини
rnКога јадете храна богата со протеини, му помагате на вашето тело да произведува серотонин, кој ви помага да се чувствувате среќни и опуштени. Повеќето луѓе добиваат одредена количина на протеини на дневна основа, но ако сте вегетаријанец или веган, можеби ќе имате потреба од поголема количина протеини. Рибата, пилешкото, говедското месо, гравот, сирењето, јајцата и јаткастите плодови се одличен избор на протеини.rn
Антиоксиданти
rnПримарна улога на антиоксидантите е да помогнат во борбата против оштетувањето на клетките како резултат на слободните радикали во вашето тело. Освен тоа тие му помагаат на вашиот имунолошки систем да се бори со разноразни болести почнувајќи од обична настинка до срцеви заболувања и рак. Овошјето и зеленчукот се одлични извори на антиоксиданси, затоа обидете се, на пример, да додадете боровинки, диња, моркови и киви во вашето дневно мени.rn
Фолати
rnБ витаминот или фолната киселина придонесува за зголемување на производството на хормонот допамин кој помага во зајакнувањето на расположението. Кога имате високи нивоа на допамин се чувствувате посмирени и релаксирани. Дополнително, некои истражувања покажале дека консумирањето храна богата со фолати може да помогне и во борбата против депресијата. Лиснатиот зеленчук, како што се кељот и спанаќот изобилуваат со фолна киселина.rn
Омега-3 масни киселини
rnОваа хранлива материја има антиинфламаторни својства кои можат да се борат со хормоните на стрес. Всушност, студиите покажале дека кај луѓето кои редовно внесуваат омега-3 масни киселини се забележува намалување на анксиозноста и стресот за дури 20 проценти. Лососот е главен извор на омега-3 киселини, но тие може да се најдат и во ленено семе, ореви, туна и маслиново масло.rn
Сложени јаглехидрати
rnИстражувањата откриле дека диетата со прости јаглехидрати не е здрав избор. На вашето тело му требаат сложени јагленихидрати кои ќе ви помогнат да се зголеми производството на серотонин, а истовремено ќе го контролираат шеќерот во крвта. Добри извори на сложени јаглехидрати вклучуваат овесна каша, кафеав ориз, овошје и зеленчук.rn
Пробиотици
rnПробиотиците може да се најдат во јогуртот и другата ферментирана храна. Според истражувањата, жените кои редовно консумираат пробиотици подобро ги контролираат гастроинтестиналните проблеми кои можат да доведат до стрес. Јогуртот е исто така добар извор на протеини кој може да помогне во борбата против стресот.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да се изборите со стресот, можеби ќе сакате да прочитате и како кучињата можат да откријат кога сме под стрес.rnrnИзвор: allwomenstalk.comrnrn









