Сигурно знаете дека медитацијата е еден од најдобрите методи за справување со стресот. Со секојдневното забрзано темпо, секој бара некаков начин да се опушти и да остане здрав. А, медитацијата служи токму за тоа. Започнете со некоја медитација што трае една минута, тоа е доволно време да забавите, да дишете правилно и да ги насочите мозокот и мислите кон нешто друго.rnrn
rnrn1. Основна медитација за дишење: ставете ја едната рака на градите, а другата на срцето. Вдишете преку нос четири пати, а издишете броејќи до четири. Продолжете да го правите тоа додека не помине една минута. Оваа вежба е најдобро да се прави наутро, бидејќи ќе ви помогне подобро да го започнете денот.rnrn2. Медитација на ноздрите: за да ја балансирате енергијата, наизменично користете ги ноздрите. Затнете ја десната ноздра и вдишете низ левата. Потоа затнете ја ја левата ноздра и издишете низ десната страна. Правете го тоа една минута.rnrn3. Медитација за истегнување на вратот: спуштете го десното уво на десното рамо и вдишете полека, а потоа полека издишете низ устата. Повторете четири пати, а потоа сменете ги страните. Ова ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста.rnrn4. Подвижна медитација: застанете исправено со споени дланки и длабоко вдишете низ носот. Ставете ја едната рака на половината, спуштете ја другата рака и малку свиткајте се настрана. Вратете се на средина, вдишете и издишете, свиткувајќи се малку на другата страна. Фокусирајте се на дишењето додека ја изведувате оваа вежба.rnrn5. Медитација во поза на дрво: ставете ја едната нога цврсто на земја и ставете ја другата нога на спротивната нога над коленото. Спојте ги дланките и фокусирајте се на лесно дишење. Ако ви е тешко да одржите рамнотежа, обидете се да се фокусирате на една точка. Дишете така 60 секунди, а потоа повторете на спротивната страна.rnrnПрочитајте како да се справите со претераното размислување без медитација.
Tag: стрес
-

Едноставни медитации што ќе го смират вашиот ум за 60 секунди
-

Знаци на синдром на нервозно дебело црево (IBS) за кои треба да знае секоја жена
Синдромот на нервозно дебело црево (IBS) е хронично гастроинтестинално нарушување придружено со болка во стомакот и изменети движења на дебелото црево.rnrn
rnrnЗа да ви биде дијагностициран овој проблем, треба да имате симптоми најмалку три месеци. IBS е почесто кај жените, а жените не се ни свесни за нивниот проблем во голем број случаи. Друг проблем лежи во фактот дека ова нарушување е тешко да се утврди, бидејќи нема тестови што ќе ја потврдат дијагнозата. Дијагнозата се базира само на симптомите.rnrnСимптомите на синдром на нервозно дебело црево се поврзани со болки во стомакот и промени во работата на цревата. Но, болката во стомакот може да се манифестира на различни начини. Ова се некои од најчестите симптоми:rn- rn 011
- стомачна болка
- грчеви
- подуеност
- дијареја
- констипација
- бавно варење
- депресија или анксиозност
- губење на апетит
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnСимптомите најчесто започнуваат во детството и генерално ова нарушување не се јавува по 40-та година од животот. Не е утврдено што точно го предизвикува овој проблем, но научниците го поврзаа со низа работи. Синдромот на нервозно дебело црево се јавува поради прекумерна или слаба функција на дебелото црево, а научниците веруваат дека тоа е поврзано со стрес, (добри) бактерии во цревата и дека е генетски наследно. Ако имате некој од овие симптоми и откривте дека траат три месеци или повеќе, контактирајте професионалец за да утврдите дијагноза и третман.rnrnПрочитајте за овие 7 животни навики за здраво срце.
-

Не ја сакате жолтата боја? Еве што може да открие тоа за вашето здравје
Погледнете ја вашата гардероба. Кога ќе земете маица или џемпер од закачалка, каква боја на облека избирате најчесто? Дали е светла, црвена или темна? Дали избирате смирувачка сина или вампирска виолетова боја? Боите што ве привлекуваат може да ве доведат до некои аспекти на вашата благосостојба.rnrn
rnrnНа пример, ако погледнете во сончево жолтата маичка и помислите „Зошто воопшто ја купив?“, може да има доста добра причина за вашата ненадејна одбивност бидејќи тоа е еден од знаците на стрес.rnВрската помеѓу жолтата боја и вашето расположение
rnВеројатно веќе знаете дека сончевата жолта нијанса е главно поврзана со среќа и радост, а тоа го потврдува и науката.rnrnПред неколку години било спроведено истражување во кое луѓето одговарале на прашањето која е нивната омилена боја, а потоа било оценето нивното расположение.rnrnА, она што го откриле е дека светлата и пријатна жолта нијанса е поврзана со среќата. Луѓето кои ја избрале жолтата боја биле помалку депресивни или вознемирени.rnrnНо, ако целосно ја избегнувате жолтата боја, може да го имате феноменот „предозирање со жолто“, што може да се манифестира како стрес и вознемиреност. Секогаш кога луѓето бегаат од жолтата боја, има голема шанса да се под стрес.rnrnОсвен тоа, голем број луѓе денес јадат многу жолта храна, не само храна како жолти пиперки или лимони полни со хранливи материи, туку обработена храна на база на пченка. Оваа рафинирана жолта храна може да го зголеми шеќерот во крвта, што е поврзано со кортизолот, хормонот на стресот.rnrnАко имате ненадејна одбивност кон жолтата боја или едноставно не ја претпочитате таа боја во моментов, можеби треба да го проверите нивото на стрес.rnrnНаправете тест: обидете се да ја наполните чинијата со ладна, сино-виолетова храна (боровинки, грозје и сл.). Сино-виолетовите пигменти се одлични за балансирање на расположението. Едно истражување открило дека исхраната полна со овој вид полифеноли е поврзана со намалениот ризик од депресија за 39%.rnrnИма уште многу работи што научниците треба да ги проучат во врска со боите, вклучително и нивната поврзаност со здравјето на луѓето. Сепак, постои докажана причина зошто жолтата боја се поврзува со среќата и што значи ако стоите понастрана од таа боја.rnrnПрочитајте кои растенија ги намалуваат стресот и вознемиреноста.
-

Грицкање нокти: Иако најчесто се поврзува со стрес, еве што друго може да значи
Грицкањето нокти секогаш го поврзуваме со стрес, но прочитајте што друго може да значи. Сигурно ќе се изненадите.rnrn
rn1. Можеби сте перфекционист
rnСпоред многу истражувања, повеќето луѓе кои грицкаат нокти се перфекционисти. Истражувачите испитале група луѓе, од кои половина ја имале оваа навика, а половина не. Се покажало дека оние кои ги грицкале ноктите се лица кои работат премногу.rn
2. Вие сте попаметни отколку што мислите
rnЛуѓето кои грицкаат нокти се често оние луѓе кои не ги извршуваат своите задачи со вообичаеното темпо. Многу луѓе имаат тенденција да ги гризат ноктите во моментите на интензивна концентрација кога се обидуваат да решат проблем.rn
3. Можеби сте нетрпеливи
rnДосадата и фрустрацијата може да бидат важни предизвикувачи за грицкање на ноктите. Штом стане навика, го правите кога ви е здодевно или додека чекате нешто.rn
4. Можеби не сте задоволни со себе
rnГрицкањето на ноктите може да биде нервна навика што ги тера луѓето привремено да се чувствуваат подобро. Оваа навика често ја споделуваат луѓе кои имаат големи очекувања. Кога не можат да ги постигнат своите цели, тие често се чувствуваат разочарано и засрамено.rn
5. Може да биде поврзано со психолошки проблем
rnГрицкањето на ноктите може да биде поврзано со опсесивно-компулсивно нарушување, односно кога луѓето чувствуваат потреба да прават нешто одново и одново.rnrnПрочитајте зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?
-

Знаци на замор на надбубрежните жлезди и како да си помогнете за да го решите овој проблем
Заморот на надбубрежните жлезди се јавува кај речиси 80% од светската популација. Се развива поради постојан стрес и поради обидот на организмот сам да ги реши проблемите со физичкиот, менталниот и емоционалниот стрес.rnrn
rnКлучни знаци на замор на надбубрежните жлезди:
rn
- rn 011
- болки во телото
- тешкотии во концентрацијата
- раздразливост
- промени во расположението
- постојан замор
- хормонална нерамнотежа
- желба за слатко и солено
- паѓање на косата
- зголемување на телесната тежина во пределот на стомакот
- мускулни грчеви
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Што треба да знаете за надбубрежните жлезди?
rn
- rn 011
- Тие се наоѓаат над бубрезите.
- Дејствуваат како дел од ендокриниот систем.
- Дејствуваат во синтезата на педесетина хормони.
- Функционираат заедно со хипоталамусот и хипофизата.
- Играат клучна улога во одговорот на стресот.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnКога телото не може да се справи со стресот, прво страдаат надбубрежните жлезди.rn
Како да се излечи заморот на надбубрежнте жлезди?
rn
- rn 011
- Намалете го физичкиот и менталниот стрес.
- Направете детоксикација на телото.
- Избегнувајте негативни мисли.
- Балансирајте ја вашата исхрана.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Намирници што не треба да ги јадете и да ги пиете:
rn
- rn 011
- кафе
- индустриски произведен шеќер и слатки
- масла
rn 011
rn 011
rn
rn
Храна што им помага на надбубрежните жлезди да закрепнат:
rn
- rn 011
- авокадо
- зелена салата
- мрсна риба
- ореви и семиња (мала количина)
- морски алги
- маслиново масло
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Што да направите за да им помогнете на надбубрежните жлезди?
rn
- rn 011
- Спијте од 20 до 22 часот.
- Вежбајте и движете се на свеж воздух.
- Комуницирајте само со позитивни луѓе.
- Одвојте време за себе.
- Правете паузи почесто.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПрочитајте кои заболувања можат да се олеснат со чај од цимет.
-

5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот
Издржавме и пристигнавме скоро до 2021 година, можеби единствената за која никој не те праша „Каде одиш за Нова година?“ и тоа е со добра причина. Време е да влеземе во следната година ментално и физички организирано, да йа ставиме на прво место грижата за себе и да бидеме, колку што можеме, позадоволни од себе.rnrn
rnrnАко работите од дома, треба да вклучите работни практики и да вежбате мали трикови што ја зголемуваат продуктивноста, ги подобруваат перформансите и му донесуваат мир на умот.rnrnИскористете го почетокот на годината за новогодишни резолуции со цел да ја зголемите вашата енергија, ефикасност и да го отстраните стресот од работниот ден. Еве пет основни навики што треба да ги вметнете во вашата дневна рутина за да ги направите месеците пред вас попродуктивни и помалку стресни.rn1. Поставете рекорд
rnПоставете време за рутинска задача. На пример, колку време ви треба за да подготвите појадок? Да прочитате и да одговорите на 12 пораки? Или да подготвите неделен извештај? Свртете ги овие рутински задачи во конкуренција со самите себе и видете колку брзо можете да ги решите. Ќе бидете изненадени колку можете да постигнете за еден ден, наместо да „влечете“ две задачи до крајот на работното време.rn
2. Бизнис аутфит и дома
rnОблечете се во облека што ќе ве направи самоуверени, професионални и продуктивни. Има неколку истражувања и докази кои ја поддржуваат теоријата дека облеката влијае на тоа како се чувствуваме и се однесуваме. Според д-р Нина Васан, психијатарка и клинички асистентка на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд облеката ја обликува вашата ментална состојба и продуктивност. Кога сте заглавени дома цел ден, она што го носите може да го постави тонот на она што го правите. Облечете го парчето во кое најдобро се чувствувате психички да се подготвите за работа.rn
3. Организирајте го просторот
rnСредете го вашиот работен простор, архивирајте ја вашата е-пошта или сортирајте ги зачините по азбучен ред. Потоа застанете за момент, одвојте време да си честитате за добро завршената работа и само тогаш преминете на првата задача на списокот. Докажано е дека секоја успешно завршена задача, дури и ако станува збор за редење на теглички со зачини, ни дава мотивација за следната.rn
4. Подигнете го нивото на енергија
rnГо слушате ова цело време, но со причина. Многу е важно да се движите! Во студија на Универзитетот во Џорџија, истражувачите ги поделиле субјектите во три групи: низок интензитет, умерен интензитет и контролни групи (оние без вежбање). За време на шестнеделниот експеримент, двете групи за вежбање пријавиле зголемување на нивото на енергија во споредба со контролната група. Дури и оние со помал интензитет на вежбање пријавиле помал замор. Трчајте по скалите, шетајте низ зградата или направете неколку јога пози или пилатес.rn
5. Прославете ги вашите успеси
rnВо домашна работна средина, тешко е да добиете потврда и пофалби што често сте ги чуле во канцеларијата. Поминаа деновите кога колегите можеа да ве тапнат по грбот за време на пауза или вашиот шеф може да ви честита на „одличната презентација“ додека одите покрај неговата канцеларија. На вас е да ги признаете и прославите вашите достигнувања и успеси.rnrnПрочитајте и како да ја задржите самодовербата откако ќе ја изгубите работата?
-

Хобија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, да ја подигнете самодовербата и да ја поттикнете креативноста!
Неодамна се зборуваше многу на оваа тема, бидејќи овој месец се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Знаеме дека разните техники на дишење и дневната рутина не се доволни за да се смириме, па затоа денес ќе ви претставиме хобија кои навистина ќе ви помогнат.rnrn
rnrn rn1. Слагалки и нега на цвеќињата: За повеќе трпеливост
rnВеројатно имате барем една слагалка во вашиот дом. Тие се погодни за луѓе од различна возраст, се користат за забава, но и за подобра просторна ориентација. Тоа им помага на многумина да ја подобрата трпеливоста трпеливост и ги изострува сетилата за набљудување. Од друга страна, грижата за растенијата и цвеќињата во станот или на терасата ни помага да станеме понежни и пољубезни и помалку загрижени за секојдневниот живот. Одгледувањето цвеќиља е добар начин за ублажување на тагата и досадата.rn
2. Направи сам проекти: За да се ослободите од стресот и да ја подигнете самодовербата
rnКога создаваме нешто се чувствуваме исполнето и гордо на себеси. Затоа, наместо да се потпирате на другите во ситуации за кои е потребно креативно решение или поправка, обидете се да се потпрете на себе. Се разбира, не треба да се бега од помош, бидејќи станува сè поинтересно во друштво!rn
3. Чистење на домот: За да постигнете внатрешен мир
rnОтстранувањето на нештата од просторот за живеење кои не ни требаат, преку рециклирање или подарување, е одличен начин да постигнеме внатрешен мир. Одеднаш, се ослободува просторијата од целиот вишок, и тоа носи чувство на леснотија и поголема удобност.rn
4. Шиење и готвење: За да се поттикне креативноста
rnШиењето е одлична идеја во време кога не можеме да се фокусираме, а поголемиот дел од денот го поминуваме дома. Тоа е добро познато сценарио, кое не прави нервозни и создава проблеми и главоболки. Меѓутоа, кога ја користиме имагинацијата, уметникот се буди во нас. Готвењето е исто така вештина што се усовршува, но упорните луѓе се наградени.rnrnПрочитајте и кои 10 хобија кои ќе ве направат посреќни.
-

Дали стресот може да доведе до покачена температура?
Стресот може да има големо влијание врз функционирањето на организмот. Може да предизвика нарушување на сонот, да има ефекти врз варењето на храната, па дури и да влијае на менструалниот циклус.rnrn
rnrnБидејќи стресот влијае многу на организмот на човекот, разбирливо е зошто многумина се заинтересирани за одговорот на прашањето дали стресот може да доведе до покачена температура, односно дали неговите симптоми ги имитираат оние на вистинска болест.rnrnИмено, истражувањето за врската помеѓу стресот и температурата, особено за видот треска наречена „психогена треска“, не се доволно разработени, но постои некоја поврзаност што експертите се обидуваат да ја објаснат.rnДали стресот може да предизвика покачена температура?
rnВозрасно лице има покачена телесна температура кога е таа над 37,2 °C до 37,5 °C, во зависност од периодот на денот. Иако се смета дека нормалната телесна температура е околу 37,2 °C, нормалниот опсег е некаде помеѓу 36,1 °C и 37,2 °C.rn
„Покачената температура обично укажува на инфекција или на друга болест и нема значајни истражувања кои докажуваат каква било врска помеѓу стресот и покачената телесната температура“, вели д-р Доналд Форд. „Стресот може да предизвика некои физиолошки промени, како вцрвенување. Но, тоа не влијае на температурата на телото.“
rnСепак, иако стресот сам по себе не може директно да предизвика покачена температура, тој може да предизвика сериозни оштетувања на вашето тело и тоа индиректно може да резултира со покачена температура. Поточно, кога сте под стрес подолг временски период, тој може да го ослаби имунитетот. Слабиот имунитет ве прави повеќе подложни на вирусни или на други инфекции, а тоа може да предизвика покачена температура.rn
Што е психогена треска?
rnПовеќето информации за психогената треска доаѓаат од едно истражување од 2015 година, кое ја опишува како „психосоматска болест поврзана со стрес, особено забележана кај млади жени“. Авторот на истражувањето, д-р Такаказу Ока, објаснува дека високата телесна температура кај некои луѓе може да биде резултат на психолошки стрес. Важно да се напомене дека „психогено“ значи дека има психолошко потекло, за разлика од физичкото.rn
„Некои пациенти добиваат висока температура кога се изложени на емоционални настани, додека други имаат ниска температура што трае со месеци, па дури и со години, за време или по ситуации што доведуваат до хроничен стрес“, објаснува д-р Ока.
rnИстражувањето објаснува дека механизмот на психогена треска не е сè уште целосно откриен, но истражувањата спроведени врз животни покажале дека психолошкиот стрес може да ја зголеми или да ја намали температурата на телото.rnrnПрочитајте што се случува кога телесната температура е прениска.
-

Растенија кои го намалуваат стресот и вознемиреноста
Грижата за вашето ментално здравје е исто толку важна како и грижата за забите или одењето на лекар кога сте болни. Стресот е проблем што влијае на повеќе луѓе отколку што мислиме, а со оглед на состојбата во 2020 година, ништо не е изненадување.rnrnАко се чувствувате вознемирени и барате некои идеи за тоа како да ги подобрите чувствата на смиреност и благосостојба дома, размислете за зголемување на количината на растенија во домот.rn
1. Нане
rnНе само што нането е вкусен додаток во храната, но едно истражување открило дека мирисот на нане може да ги намали чувствата на фрустрација.rnrn
rn2. Јасмин
rnСпоред едно истражување, јасминот може да ве смири дури повеќе од диазепамот.rnrn
rn3. Алое Вера
rnОва растение е одлично против изгореници од сонце, црвенила на кожата, хидратирање на кожата, а исто така и го прочистува воздухот од канцерогени и емитува кислород навечер.rnrn
rn4. Лаванда
rnЛавандата се користи во ароматерапијата со векови, затоа што, вдишувањето мирис на лаванда за десет минути има значително влијание врз нервниот систем на жените кои страдаат од предменструални симптоми. Особено ги намалува чувствата на депресија.rnrn
rn5. Босилек
rnБосилекот е прекрасен за песто, но исто така содржи соединение наречено линалол за кое е откриено дека ја намалува активноста на одредени гени кои „претеруваат“ за време на стресни ситуации.rnrn
rn6. Сансеверија
rnСансеверијата е позната како една од најдобрите за прочистување на воздухот, според НАСА. Тие го прочистуваат воздухот преку ден, а испуштаат кислород ноќе.rnrn
rnrnПогледнете кои апликации ќе ви помогнат во грижата за растенијата. -

3 визуализации што ќе ви помогнат да се ослободите од вознемиреноста и од негативноста во вашиот живот
Пандемијата на коронавирусот и сите други лоши настани што ја одбележаа оваа чудна година продолжуваат да имаат влијание врз сите нас. Една од тие последици е зголемниот број луѓе кои се борат со стресот, со анксиозноста и со разни ментални нарушувања. Не е лесно да не знаете што ве чека, не е лесно да ги апсорбирате вестите за новозаболени, за природните катастрофи и сите оние „неправилности“ на кои едноставно не сте навикнати. Овие три визуализации ќе ви помогнат да ги отстраните сите лоши работи насобрани во вас и да се справите со одредени стравови, со стресот и со негативните емоции. Пред да започнете со визуализацијата, пронајдете удобно и мирно место.rnrn
rnНечистотија што поминува низ одвод
rnЗамислете како стоите над бел мијалник низ кој тече млака вода, а вие ги миете рацете. Замислете го тој процес колку што можете пореално. Почувствувајте ги температурата на водата, сапунот меѓу прстите и мирисот на тој сапун. Исплакнете ги рацете под млазот и замислете дека нечистотијата од рацете се спушта низ цевките и исчезнува. Таа нечистотија ги претставува вашите црни мисли, сè што ве мачи и ви создава товар. Додека ги миете рацете и гледате во темната вода во одводот, помислете на сите овие тешки работи и ослободете се од нив.rn
Густ чад што исчезнува
rnЗамислете дека седите во природа. Моментално е вашата омилена сезона, уживате во свежиот воздух и во природата околу вас, го чувствувате мирисот на растенијата и гледате во небото. Потсетете се на сè што ве мачи, а тоа може да бидат финансии, невозвратена љубов, проблеми на работа и слично и замислете облак од густ темен чад што излегува од земјата. Колку повеќе ослободувате лоши мисли, тој облак полека се крева во воздухот и станува поредок и посветол, сè додека целосно не исчезне заедно со тие мисли.rn
Сонце што се пробива низ облаците
rnПовторно замислете дека сте во природа. Надвор е убав и сончев ден. Сето она што ве мачи замислете го како облаци што го кријат сонцето и замислете го сонцето како сè добро во вашиот живот. Откако ќе ги ослободите сите лоши мисли, замислете како зраците се пробиваат низ сè што е негативно, сè додека сонцето не пробие целосно низ облаците.rnrnПрочитајте какво е влијанието на хроничниот стрес врз секој дел од организмот.