Медот има многу придобивки за организмот, особено кога се користи како алтернатива на шеќерот.rnrn
rnrnТој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да го намали нивото на холестерол според неодамнешните истражувања.rn
„Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот содржи околу 80% шеќер. Не велиме дека треба да почнете да јадете мед ако избегнувате шеќер туку повеќе се работи за замена. Ако користите шеќер, сируп или друг засладувач, заменувањето на тие шеќери со мед може значително да го подобри здравјето“, објаснува Таусиф Кан, истражувач и вонреден професор по нутриционистички науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Торонто.
rnИстражувачите откриле и дека консумирањето мед може значително да го намали нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите.rnrnИсто така, тие истакнуваат дека постои разлика помеѓу преработен и суров мед кога станува збор за здравствените придобивки. Конвенционалната обработка на мед вклучува процедување и филтрирање, а потоа загревање за краток временски период, што го оштетува медот и уништува дел од неговите биоактивни соединенија.rnrnКан им препорачува на луѓето да додадат мед во нивната исхрана ако уживаат во вкусот и сакаат да додадат разновидност во нивната исхрана. Тој исто така истакна дека луѓето можат да експериментираат со замена на шеќер со мед, но треба да имаат на ум дека медот има посладок вкус, па затоа се потребни помали количини.rnrnОткако прочитавте за ова резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како да проверите дали медот е природен.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rnrnСпоред експертите, пуканките купени во продавница имаат повеќе калории од домашните пуканки бидејќи содржат повеќе масти.rnrnОвие масти се заситени и треба да се консумираат минимално бидејќи го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Исто така, исхраната богата со сол е поврзана со срцеви заболувања, поради што треба да ја намалите количината на натриум во вашата исхрана.rnrnЗатоа, нутриционистите предлагаат самите да направите пуканки, користејќи сончогледово масло и додавајќи минимална количина сол. Ако не сакате обични пуканки, можете да додадете чили во прав или бибер.rnrnЕве како здравите пуканки можат да ни влијаат:rn
rn
rnrnФакт е дека е пожелно редовно да се внесува течност во нашето тело. Едно американско истражување покажало дека луѓето кои пијат премалку течности имаат 20 проценти поголеми шанси да умрат предвреме.rnrnСепак, правилото за консумирање два литри вода дневно се чини дека веќе не е релевантно и не е научно засновано според еден од авторите на најновото истражување.rnrnСпоред научникот, наметнувањето на навиката за консумирање два литри вода дневно е резултат на успешните маркетинг стратегии на големите производители.rnrnЕдно ново истражување докажало дека луѓето имаат различни потреби за вода. Така, според ова истражување повеќето луѓе треба да пијат помеѓу 1,5 и 1,8 литри вода на дневна основа.rnrnНаучниците наведуваат дека тоа е така затоа што луѓето кои се хранат здраво покриваат до 50 проценти од потребите за вода со храна. Дополнително, поради различната индивидуална потрошувачка на енергија е потешко се даде општа препорака за дневните потреби за вода.rnrnЖените на возраст од 20 до 40 години можат да консумираат околу 3,3 литри вода секој ден.rnrnМажите на возраст од 20 до 35 години можат да пијат до 4,2 литри дневно.rnrnЛуѓето кои вежбаат, пак, треба да пијат околу литар вода повеќе од просекот на дневна основа.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 
rn
rnrnСо оглед на тоа дека лубеницата содржи речиси 92 проценти вода, таа е вистинскиот избор во текот на летото. Правилната хидратација е од суштинско значење за одржување на здраво тело бидејќи помага во варењето, ја регулира телесната температура и е неопходна за виталните функции. Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.rn
rnrnСамо пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна. Смоквите се богат извор и на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.rn
rnrnПоради неговите чудесни својства, лененото семе го користеле и древните Египќани, Грците и Римјаните, а денес често се препорачува во исхраната на веганите и вегетаријанците.rn
rn
rn