КАФЕ ПАУЗА

Tag: консумирање

  • Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

    Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

    Веројатно сте ја слушнале изреката: едно јаболко на ден за да бидете здрави како дрен. Но, исто како јаболката така и портокалите имаат многу здравствени придобивки. Тие се извор на витамин Ц и антиоксидантски хранливи материи. Сепак, што ќе се случи ако ги јадете секој ден?rnrnШто ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?rn

    Зајакнување на имунитетот

    rnРедовното консумирање портокали и друго овошје и зеленчук може да ја зајакне имунолошката одбрана на вашето тело. Како и сите цитрусни овошја, портокалите се богат извор на витамин Ц. Тие се исто така добар извор на витамин Б фолати. Витаминот Ц и фолатите помагаат во одржувањето на имунолошката бариера на вашето тело.rn

    Поубава и блескава кожа

    rnВитаминот Ц, кој го има во изобилство во портокалите, игра различни улоги во одржувањето на здрава кожа. Витаминот Ц игра клучна улога во формирањето на колаген, протеинот кој ја формира основната структура на кожата. Здравото производство на колаген е поврзано со намалување на предвременото стареење на кожата. Портокалите исто така содржат флавоноидно соединение кое му помага на телото да одржува соодветно ниво на хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина е супстанца која помага во одржување на еластичноста на кожата.rn

    Подобар вид

    rnСтудијата од 2018 година во The American Journal of Nutrition открила врска помеѓу внесот на флавоноиди и намалениот ризик од макуларна дегенерација (AMD) поврзана со возраста – една од главните состојби што доведува до губење на видот и слепило кај луѓето над 65 години. Поточно, истражувачите забележале дека секојдневното консумирање портокали може да обезбеди соодветни количини на флавоноиди кои значително го намалуваат ризикот од развој на оваа состојба за дури 60 проценти.rn

    Хидратација

    rnПриближно 50-70 проценти од телото се состои од вода, а хидратацијата е клучна за одржување на здравјето и секојдневната благосостојба. Дури и малата дехидрација може да предизвика несакани појави како што се замор, главоболки и тешкотии со концентрирањето. Не мора да пиете само вода бидејќи и свежите портокали исто така можат да бидат хранлива и вкусна опција кога станува збор за зголемување на внесот на течности.rnrnОткако прочитавте за влијанието на портокалите врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и како од 1 килограм портокали да направите 10 литри сок.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали знаете колку кафе се консумира секој ден во светот?

    Дали знаете колку кафе се консумира секој ден во светот?

    Во светот дневно се консумираат над 2,25 милијарди шолји кафе! Над 90% од вкупното производство се одвива во земјите во развој, главно Јужна Америка, додека потрошувачката на кафе е најзастапена во земјите со развиена економија.rnrnДали знаете колку кафе се консумира секој ден во светот?rnrnПрочитајте и дали кафето може да ја подобри меморијата.rnrnИзвор: reviews.tn

  • Зошто треба почесто да консумирате краставици?

    Зошто треба почесто да консумирате краставици?

    Дали знаевте дека краставиците не само што се нискокалорична храна туку и изобилуваат со витамини и минерали? Тие потекнуваат од Индија и со векови се користат во традиционалната индиска медицина благодарение на нивните здравствени придобивки. Еве зошто треба почесто да ги консумирате.rnrnЗошто треба почесто да консумирате краставици?rn

    1. Поволни за хидратација на организмот

    rnВодата опфаќа околу 96% од вкупниот состав на краставиците, така што доколку изедете една краставица ќе биде исто како да сте испиле голема чаша вода. Хидратацијата на организмот игра голема улога во регулирањето на неговите функции со оглед на тоа дека помага за елиминирање на отпадот, ја регулира температура и го штити мозокот. Освен тоа, краставиците содржат и калиум кој му помага на телото да го одржува балансот помеѓу електролитите и течностите.rn

    2. Дејствуваат поволно врз работата на дебелото црево

    rnПокрај големото количество вода, краставиците содржат и растворливи влакна кои ја подобруваат функцијата на дебелото црево.rn

    3. Можат да ја подобрат работата на срцето

    rnСо оглед на тоа дека имаат релативно низок состав на натриум и висок процент на калиум, краставиците се одличен избор доколку имате висок крвен притисок. Едно истражување во Индонезија спроведено врз 20 постари луѓе ја открило поврзаноста меѓу пиењето сок од краставица и намалувањето на притисокот што се должи на минералите присутни во овој зеленчук. Сепак, потребни се повеќе испитувања за да се испита докрај неговото влијание врз здравјето на срцето.rn

    4. Помагаат во регулирање на шеќерот во крвта

    rnКраставиците се карактеризираат со низок гликемиски индекс што е особено добра вест за оние кои се борат со дијабетес. Покрај тоа, постојат теории дека одредени состојки во овој зеленчук можат да помогнат при регулирањето на инсулинот. Ова може да се должи на антиоксидантските и антиинфламаторните својства на краставиците.rn

    5. Го одржуваат здравјето на коските

    rnПокрај горенаведените минерали, краставиците содржат и витамин К кој е особено важен за регулирање на протеинскиот состав на коските. Освен тоа, овој витамин помага и во регулирање на количината на калциумот во телото што е особено важно за здрави и силни коски.rnrnОткако прочитавте зошто е важно краставиците да бидат дел од вашата исхрана, можеби ќе сакате да го прочитате и нашиот рецепт за ладни сендвичи со краставица.rnrnИзвор: greatist.com

  • Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Ви се верува дека порано кинеската култура на консумирање чај сосема се разликувала од денешната? Наместо во форма на пијалак, Кинезите го приготвувале чајот како супа, па дури и сос, со состојки како ѓумбир, лушпи од цитрус, бобинки, нане и млад кромид. Тоа било така сè дури Лу Ју, познат и како „мудрецот на чајот“, не се залагал за консумирање на пијалак кој е сварен од листовите чај, без никаков друг вкус. Општопознато е дека Азијците со векови ги јаделе листовите чај, пред да помислат дека може да се пие.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Џорџ ван Дрием, автор на „Приказна за чајот: сеопфатна историја на чајот – од праисториско време па сè до денес“, древниот обичај на јадење чај потекнува од регионот на западна Кина до границата со Мјанмар. Познат како Источни Хималаи, овој раскошен предел изобилувал со диви чајни билки.rnrnПред илјадници години, тамошните жители ги откриле енергетските својства на чајот и го консумирале така што џвакале сирови листови. Подоцна научиле како да ги ферментираат листовите кои дотогаш ги џвакале како бетел или ги додавале во супи.rnrnКинезите ја стекнале навиката за консумирање чај откако нивните владетели ја прошириле државата кон Источните Хималаи. Тие почнале да ја користат оваа билка за подобра концентрација. Така, на пример, Хуа Туо, познат лекар од вториот век од нашата ера, напишал: „Јадењето горчливи лисја е добро за изострување на умот, особено ако се консумираат подолг временски период“. Покрај тоа, Кинезите го користеле чајот и за готвење. Во летните месеци била особено популарна каша од ориз со листови чај бидејќи се верувало дека помага при „исфрлување на топлината од телото“ (многу модерни култури веруваат дека пиењето чај помага да се олади телото).rnrnНа денешното кинеско мени нема да најдете супа од чај, а за тоа можете да му се заблагодарите на Лу Ју. Кога не пишувал трактати, талкал низ шумите и ги барал најдобрите листови чај. Средновековниот љубител на чајот имал голема улога во трансформацијата на чајот од супена храна до оној освежителен пијалак кој ни е познат денес.rnrnЛу не бил првиот кој ги варел листовите чај во топла вода. Будистичките монаси со векови го подготвувале чајот на овој начин. Тие сметале дека овој пијалак можел да ги држи будни, особено за време на долгите сесии за медитација кои најчесто ги правеле на празен стомак.rnrnТака, Лу ја стекнал навиката да пие чај од будистичкиот монах кај кого бил згрижен (Лу бил сирак). Во 760 година од нашата ера, Лу напишал трактат за чајот насловен како „Книга за чајот“ кој бил првиот сеопфатен труд за одгледување, производство и консумирање чај.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Лу, чајот бил еден вид еликсир чии магични својства можеле да се намалат доколку се измеша со обични состојки како оризот. Затоа, инсистирал чајот да се консумира само со вода и малку сол (за да се подобри вкусот на водата).rnrnДелото му донело голема слава на Лу кој станал дури и еден вид светец-заштитник на продавачите на чај.rnrnОткако прочитавте за Лу Ју и неговото дело, можеби ќе сакате да прочитате и кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група.rnrnИзвор: atlasobscura.com

  • 8 здрави намирници со кои не треба да претерувате

    8 здрави намирници со кои не треба да претерувате

    Луѓето се повеќе се свесни за важноста на здравата исхрана, но поради тоа тие честопати претерано консумираат само еден производ. Сепак, дури и при консумирање на некои супер храни не треба да претерувате, бидејќи тие едноставно не можат да ги понудат сите хранливи материи што му се потребни на вашето тело.rn

    1. Морков

    rnМорковот е полн со бета-каротен, а тоа вашето тело го го претвора во витамин А. За жал, вишокот бета-каротен во вашето тело може да предизвика каротенемија, болест што предизвикува жолтеникава боја на кожата.rnrn8 здрави намирници со кои не треба да претеруватеrn

    2. Комбуха

    rnКомбуха е кинески пијалак кој е многу добар за вашиот дигестивен систем. Сепак, содржи и соединение наречено FODMAP – нуспроизвод на ферментација на квасец, кој доколку се консумира во големи количини, може да предизвика надуеност и тешко варење.rn

    3. Премногу вода

    rnПремногу вода може да создаде електролитен дисбаланс со испраќање на количина на натриум што бубрезите повеќе не можат да ја процесираат. Следната последица, во екстремни случаи, е акумулација на вода во мозокот, предизвикувајќи оток и зголемување на притисокот.rn

    4. Авокадо

    rnАвокадото содржи влакна и голема количина витамини. Исто така, може да помогне во намалување на лошиот холестерол и одржување на клетките поради неговата висока содржина на мононезаситени масти. Едно авокадо содржи 240 калории, што е 10 до 20 проценти од идеалниот внес на калории за една личност, а јадењето премногу калории може да доведе до проблеми со запушените артерии. Консумирајте околу половина или едно авокадо на ден.rn

    5. Цвекло

    rnЦвеклото е одличен извор на витамини и минерали. Тоа помага при намалување на крвниот притисок, но избегнувајте да го комбинирате со месо.rn

    6. Морски алги

    rnМорските алги се редок пример на производи од неживотинско потекло кои се богати со витамин Б12, што ги прави одлична замена за месо во веганска и вегетаријанска диета. Тие исто така можат да ви помогнат да во намалувањето на непосакуваната телесна тежина затоа што содржат јод и растителни влакна. Сепак, големиот внес на јод може да доведе до проблеми со тироидната жлезда, па дури и до зголемување на телесната тежина. Морските алги, исто така, можат да содржат големи количини на тешки метали, во зависност од тоа каде пораснале.rn

    7. Соја

    rnСојата е богата со хранливи материи, како што се витамини од групата Б, растителни влакна, калиум, магнезиум и високо квалитетни протеини. Ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини кои телото не може да ги создаде. Но, ако неодамна сте ја смениле вашата исхрана поради проблеми со тироидната жлезда, пазете се: сојата може да им пречи на хормонални лекови што се користат за лекување на хипотироидизам кај пациенти.rn

    8. Чиа семе

    rnИако се знае дека чиа семето е супер храна поради нивната висока содржина на омега-3 масни киселини, досега не се пронајдени докази за нивните здравствени придобивки. Омега-3 што се наоѓа во семето чиа е потешко да се апсорбира од оној што го обезбедува лососот. Покрај тоа, 100 грама семе од чиа содржи околу 500 калории, што е приближно калории содржани во еден хамбургер.rnrnПрочитајте кои 7 намирници што може да ви помогнат во борбата против целулитот.

  • Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Познатиот филозоф од Словенија, Славој Жижек неодамна објави текст во кој објаснува како трендот на здравата исхрана е поврзан со консумеризмот, а пред сè со одредената идеологија што ја „купуваме“ заедно со таквиот животен стил.rnrnrnrnЕве што вели тој во текстот…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„За време на една моја неодамнешната посета на Калифорнија, вечерав во куќата на еден професор, заедно со еден мој словенечки пријател, страстен пушач. Доцна вечерта, мојот пријател стана очаен и учтиво ги замоли домаќините да запали цигара на терасата.rnrnКога домаќинот, не помалку љубезно, рече ‘не’, мојот пријател рече дека ќе излезе на улицата. Домаќинот го одби и тоа. Рече дека пушењето во јавност може да му наштети на неговиот статус во соседството. Но, она што навистина ме изненади беше тоа дека по вечерата домаќинот ни понуди (не баш) лесна дрога. Пушењето не беше никаков проблем сега, како дрогата да не е поопасна од цигарите.rn

    Сè може, но…

    rnОвој чуден настан е сведоштво за безнадежноста на денешниот консумеризам… Од една страна е потрошувачот кој калкулира со задоволството, добро заштитен од сите форми на злоупотреба и закани по здравјето, а од друга страна, зависникот од дрога или самодеструктивниот пушач.rnrnУживањето се толерира, дури и се поттикнува, под услов да е здраво и да не ја загрозува нашата психолошка или биолошка стабилност: чоколадо, да, но без маснотии.rnrnКока пијалак, да, но диетален; кафе, да, но без кофеин; лименка пиво, да, но без алкохол; мајонез, да, но без холестерол; секс да, но безбеден…rnrnШто се случува овде? Во последнава деценија, отприлика, настана ‘културниот капитализам’. Купуваме производ, да речеме, органско јаболко бидејќи е слика за здрав начин на живот. Она што ние всушност го купуваме кога купуваме ‘органска храна’ е одредено културно искуство, искуство на ‘здрав, еколошки начин на живот’.rnrnИстото важи и за секое прикажување на ‘реалноста’. Во реклама што се емитуваше пред десет години ширум САД, група на обични луѓе беа прикажани како уживаат во скара и танцуваат на кантри музика.rnrnПридружниот текст беше: ‘Говедско месо. Вистинска храна за вистинските луѓе’. Иронијата е во тоа што месото, понудено како симбол на одреден животен стил (на ‘вистинската’ работничка класа во Америка), е повеќе хемиски и генетски манипулирано од органската храна што ја консумира „вештачката“ елита.rnrnКупуваме сè помалку и помалку производи (работи) што сакаме да ги имаме, и сè повеќе животни искуства како сексот, јадењето, комуникацијата, културата, начинот на живот. Ние ја купуваме нашата форма на телото во теретаните, купуваме духовно просветлување со запишување на трансцендентални курсеви за медитација и ја купуваме нашата јавна личност со одење во ресторани во кои одат луѓето со кои сакаме да се поврземе.rnrnИ антипотрошувачката екологија е случај на купување автентично искуство.rnrnИма нешто лажно смирувачко во нашата подготвеност да прифатиме вина за заканите по околината – сакаме да бидеме виновни, затоа што ако сме виновни, тогаш сè зависи од нас. Ние ги повлекуваме конците на катастрофата за да можеме да се спасиме живеејќи поинаку.rnrnОна што е навистина тешко да се прифати (барем за западњаците) е дека ни е дадена улогата на пасивен набљудувач кој може само да седи и да гледа каква ќе биде неговата судбина. За да се избегне оваа ситуација, ние имаме тенденција лудачки опсесивно да посакуваме да бидеме вклучени во разни активности, да рециклираме стара хартија, да купуваме органска храна, што и да е, само за да бидеме сигурни дека правиме нешто, да дадеме свој придонес – како кога љубител на фудбалот навива за неговиот тим пред телевизорот, викајќи и скокајќи како да тоа, некако ќе влијае на исходот од натпреварот.rnrnЗарем не купуваме органска храна од истата причина? Кој навистина верува дека полускапаните и скапи органски јаболка се навистина поздрави? Работата е во тоа што со нивно купување, не само што го консумираме производот, туку и го покажуваме нашето загрижено лице и глобалната свест и учествуваме во големиот колективен проект. Ние не купуваме производи заради нивната погодност или затоа што се статусни симболи. Ние ги купуваме за да го добиеме искуството што ни го нудат, ги трошиме за да ги направиме нашите животи попријатни и значајни.rn

    Експлозија на тегобност

    rnНеодамнешната реклама за хотелите ‘Хилтон’ содржи едноставна парола: ‘Патувањето не е само доаѓање од точката А до точката Б. Тоа треба да нè направи и подобри луѓе’.rnrnМожевте ли да замислите ваква реклама пред десет години? Последниот научен израз на овој нов дух е појавата на нова дисциплина, т.н. студија за среќата. Како е тогаш можно, во нашата ера на духовен хедонизам, кога целта на животот е јасно дефинирана како среќа, да експлодираат тегобноста и депресијата?“[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска.

  • Зошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција?

    Зошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција?

    За жените кои се штитат од несакана бременост со помош на контрацепциски пилули или други хормонски помагала, консумирањето кафе може да има негативни последици.rnrnЗошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција?rnrnИмено, хормонските контрацепциски средства го продолжуваат разградувањето на кофеинот, па кафето има посилно влијание кај жените што ги земаат. Поради ова, жените кои користат хормонална контрацепција би требало да го ограничат консумирањето кафе на најмногу две шолји дневно.rn

    Кафето делува поразлично доколку земате контрацепциски пилули

    rnНекои од знаците на претерано пиење кафе можат да бидат несоница или внатрешен немир. Во најлош случај, можат да се појават проблеми и болести на крвните садови. Па доколку користите хормонална контрацепција, обрнете внимание на количеството кафе што го консумирате. Во секој случај, најдобро е да разговарате и со вашиот гинеколог кој ќе ве информира за сите можни ризици и несакани ефекти од хормоналната контрацепција.rnrnПогледнете и што треба да знаете за мешање алкохол со апчиња за контрацепција.

  • Колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?

    Колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?

    Долго се верувало дека здравата и квалитетна исхрана содржи 4 групи намирници – млечни производи, месо, житарици и овошје и зеленчук. Сепак, денешното мислење на експертите драстично се разликува.rnrnКолку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?rnrnПостојат многу дилеми во врска со исхраната – од квалитетот на производите за кои се верува дека денес се полни со секакви супстанци за продолжување на трајниот рок, до нови болести кои се појавуваат и се поврзани токму со оваа храна.rnrnКанадскиот водич за здрава исхрана, сега има само еден фаворит од групата намирници, а тоа се овошјето и зеленчукот. Според мислењето на експертите, на сите нам ни е потребно многу повеќе храна од растително потекло.rnrnНаучниците од Канада сметаат дека половина од чинијата треба да биде полна со овошје или зеленчук, четвртина со квалитетни протеини, а другата четвртина со житарици со цело зрно. Исто така, тие советуваат да се консумираат помалку месо и млечно производи, а протеините да се внесуваат преку храна со растително потекло, како печурки и тофу.rnrnОдлуката за оваа голема промена на водичот за здрава исхрана предизвикала големи расправи. Научниците ја правдаат нивната одлука со тоа дека водичот потекнува од 70-тите години на минатиот век, период кога сè уште не бил откриен гликемискиот индекс и неговото влијание на организмот. Поради ова, храната се третирала многу поразлично.rnrnПокрај зголемениот внес на овошје и зеленчук и намаленото консумирање млечни производи и месо, канадските научници препорачуваат и пиење многу вода. Исто така добро би било да намалите со алкохол и засладени пијалаци што е можно повеќе, бидејќи тие се полни со калории, а немаат никаква хранлива вредност.rnrnДоколку сакате целосно да го исфрлите месото од вашата исхрана, погледнете која храна треба да ја консумирате како замена.

  • Колку овошје е здраво да консумирате?

    Колку овошје е здраво да консумирате?

    Овошјето е клучно за здравата исхрана, но неретко луѓето мислат дека можат да го консумираат во неограничени количини. Па, дали ова е вистина или можете да си предизвика штета?rnrnКолку овошје е здраво да консумирате?rnrnЗа жал, претераното консумирање овошје може да биде лошо. Свежото овошје е богато со витамини и антиоксиданси, но сепак може да предизвика проблеми бидејќи содржи калории и јаглехидрати. Токму овие работи можат да го забават процесот на слабеење.rnrnРазновидното овошје е важен дел од здравата исхрана. Но, постојат многу ситуации кога треба да намалите со консумирањето поради големото количество шеќери.rnrnЗа разлика од гликозата, шеќерот кој завршува во мускулите, мозокот и органите и се користи за енергија, фруктозата може да му наштети на црниот дроб. Постои можност вишокот фруктоза да се претвори во сало, а телото ќе го складира како залиха за енергија.rnrnИмајте на ум дека во процесот на слабеење важно е внесувањето калории и јаглехидрати. Една банана содржи 100 калории и дури 27 грама јаглехидрати, додека едно јаболко може да има и до 30 грама јаглехидрати .rnrnДоколку сакате да ослабите, најдобро е да го намалите консумирањето јаглехидрати на 100 грама дневно. Во овој случај, 2 банани и 1 јаболко дневно би зафатиле околу 84% од препорачаниот дневен внес на јаглехидрати, а со нив ќе внесете и голем број калории. Па како и секој друг вид храна, и кај овошјето е потребна умереност.rnrnПогледнете и кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје.

  • Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

    Зошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?

    Од голема важност е да рециклираме и да штедиме енергија користејќи јавен превоз, обновливи извори на енергија и слично. Но ова се само површни промени и сега веќе е потребно да ја погледнеме поголемата слика. Според науката, најдобриот начин да ѝ помогнеме на планетата е да го намалиме количеството на месо што го консумираме.rnrnЗошто консумирањето помалку месо е најдоброто нешто што можете да го направите за животната средина?rnrnВо 2018-та година, многу научници објавија истражувања кои откриваат колку всушност е штетно консумирањето месо за нашата околина. Консумирањето месо, особено свинско и телешко, го забрзува процесот на глобално затоплување и е одговорно за загадувањето на голем дел од океаните и копното.rnrnИндустријализацијата на агрикултурата, заедно со новостите за нашето бавно движење кон следното масовно истребување, покажува дека луѓето и нашите припитомени животни зафаќаат 96% од сите цицачи на планетата. Иако поголемиот дел од земјата во агрикултурата се користи за добиток, продуктите како месо и млечни производи зафаќаат помалку од 20% од калориите во храната и само околу третина од протеините.rnrnПроблемот со одгледување добиток за месо не е само во неефикасноста. Масовното сечење на дрва со цел да се направи место за фарми, во комбинација со метанот што го ослободува добитокот и разните ѓубрива што ги користат фармерите, емитуваат исто количество стакленички гасови како сите автомобили и авиони на Земјата. Одгледувањето на добиток го зголемува ризикот од истребување и на другите животни на планетата.rnrnМинатиот октомври експертите истакнаа дека драстичното намалување на консумирањето месо е неопходно доколку сакаме да ги спречиме најлошите последици од глобалното затоплување, особено на Западот каде што побарувачката за телешко треба да се намали за неверојатни 90%.rnrnПокрај телешкото, потребно е да го намалиме консумирањето на свинско, јајца и млечни производи, особено кога истражувачите утврдиле дека бројот на населението ќе се зголеми за околу две милијарди во наредните 30-тина години. Ако сакаме да се осигуриме дека температурите на Земјата нема да се зголемат за 2 степени Целзиусови, потребно е сите луѓе да прифатат пофлексибилен начин на исхрана и да го намалат консумирањето месо.rnrnМногумина се обидуваат да најдат начин да се намали побарувачката за месо. Некои од предложените решенија се повисоки даноци за црвеното месо, како и прехранување на добитокот со алги наместо со трева, со цел да се намали емисијата на метан. Некои експерти дури сметаат дека заменувањето на свинското и телешкото со инсекти е можеби н најдобрата опција.rnrnМожеби наједноставното решение би било луѓето да станат вегетаријанци, како и да се зголеми популарноста на месото произведено во лабораторија. Некои алтернативи предложени од веганите, како на пример, вегански бургери со вкус на месо, стануваат сè попопуларни. Без разлика како ќе постапиме, факт е дека е потребна промена која не можеме повеќе да ја одложуваме. Последиците на планетата ќе бидат катастрофални и неповратни доколку не обрнеме внимание на начинот на исхрана.rnrnПогледнете и која е храната што ѝ штети на природата повеќе отколку што мислите.