Млечните производи, вклучувајќи го и кравјото млеко, се важен дел од исхраната на луѓето на запад. Многу луѓе консумираат млеко за појадок секое утро, а редовно јадат и други млечни производи како јогурт и сирење. Ова се случува најчесто во САД и државите од северна Европа, како Финска и Шведска.rnrn
rnrnНе е изненадувачки што консумирањето млечни производи е често во овие делови од светот. Повеќето луѓе кои живеат овде можат да консумираат храна со лактоза без да имаат проблеми со стомакот. Покрај тоа тие веруваат дека е навистина здраво да се консумираат млеко и млечни производи. Ова верување е всадено во нашите умови со текот на генерациите, најмногу помогнато од млечната индустрија и властите кои го нагласуваат фактот дека овие прехранбени производи се богати со калциум, протеини и витамини.rnrnНо, она што го забораваме често е дека млечните производи се додадени во нашата исхрана неодамна. Во речиси 99,6% од историјата на луѓето, ниту еден човек не консумирал редовно млеко од друго животно. Покрај тоа млекото е посебен вид храна чија цел е индуцирање на развојот и созревањето на цицачите. Со други зборови, од гледна точка на Дарвин, млекото не се совпаѓа со биологијата на луѓето.rn
Дали млекото навистина ни прави добро?
rnМлечните производи како сирење и јогурт содржат многу штетни состојки. Покрај тоа млечните протеини можат да предизвикаат многу проблеми со здравјето од кои многу се поврзани со стомакот. Еден експерт, доктор Бодо Мелник решил да објасни зошто млекото не е добро за нас.rn
Што е она што луѓето не го знаат за млекото?
rnМногу луѓе се научени дека млекото е полно со квалитетни протеини, калциум и витамини и е важен дел од здравата исхрана. Но какво е влијанието на консумирањето млеко од друго животно? Што го прави млекото поразлично од другите делови од исхраната?rnrnМлекото не е едноставна храна туку софистициран ендокрин систем за сигнализирање на цицачите што го поттикнува растењето. Млекото овозможува две клучни нешта за да ја изврши оваа задача: есенцијални разгранети аминокиселини и софтвер за регулирање на гените. Овие нешта ја зголемуваат активноста на протеинот mTORC1. Претераната активност на овој протеин предизвикува разни болести како дебелина, дијабетес тип 2, рак и невродегенеративни болести.rn
Кои се „лошите“ супстанци во млекото?
rnПретераната активност на mTORC1 предизвикува болести што зависат од возраста. Овие протеини се активираат од разгранети аминокиселини кои ги има во изобилство во протеините од сурутка и казеин. Микро РНК добиена од млеко не само што ја поттикнува лактацијата кај луѓето, туку ја поттикнува и адипогенезата. Со селекцијата на млечните крави, пастеризацијата и чувањето во фрижидер, луѓето се постојано изложени на микро РНК од млеко. Целта на микро РНК од кравјото млеко е да го поттикне растењето на телињата, но не и кај луѓето. Бидејќи ферментацијата и кој било третман со топлина го уништуваат РНК системот на млекото, ферментираните млечни производи се со помал ризик.rn
Кои болести се појавуваат со консумацијата на млеко?
rnБолестите кои се појавуваат со честото консумирање млеко и млечни производи се акни, дебелина, дијабетес тип 2, рак на простата и Паркинсонова болест.rn
Која е поврзаноста помеѓу исхраната и акните?
rnПостојат многу докази од контролирани клинички истражувања кои покажуваат дека консумирањето млеко предизвикува акни. Изминативе 3 години дерматолошките здруженија се премислија и ја прифатија поврзаноста помеѓу исхраната и акните. Постојат 2 најголеми предизвикувачи на акни – млеко и хипергликемични јаглехидрати. И двете го активираат mTORC1. Консумирањето млеко го зголемува нивото на разгранети аминокиселини и инсулин. Храната со висок гликемичен индекс исто така го зголемува нивото на инсулин. Млекото и шеќерот, едни од најчестите состојки во исхраната на западниот човек, ја поттикнуваат активноста на mTORC1.rn
Какво е влијанието на другите млечни производи врз mTORC1?
rnПостојат многу истражувања кои покажуваат влошување на акните со претерано внесување протеини. Ова не е редок случај кај бодибилдингот и фитнесот. Во Германија консумирањето на сирење се зголемило 5 пати од 1950-та година до денес. Ова покажува колку многу млечни производи се консумираат во развиените земји.rn
Која е врската помеѓу здравјето на коските и консумирањето млеко?
rnНеодамнешните истражувања дале цврсти докази дека консумирањето млеко и млечни производи го зголемува ризикот од скршеници на коски, особено на колковите, кај постарите луѓе. Покрај тоа се открила и цврста врска помеѓу консумирањето млеко и ризикот од смрт.rn
Која храна ќе ви помогне да внесете доволно калциум во организмот?
rnМногу зеленчуци, како брокулата, и минералната вода се богати со калциум. Она што е важно за здравјето на коските е редовна физичка активност и витамин Д кој се добива од сончевата светлина. Количеството калциум во кравјото млеко има за цел да го поттикне растот на коските кај телињата кои ја дуплираат нивната тежина по само 40 денови. Кај луѓето за ова се потребни 180 денови. Покрај тоа, тежината на скелетот на возрасните крави и луѓето е многу различна.rnrnПогледнете и што друго се случува со вашето тело кога консумирате премногу млечни производи.


rnrnСигурно родителите и возрасните ви викале да јадете овошје и зеленчук додека сте биле мали. Според Центарот за контрола и превенција на болести или го игнорирате овој совет, или воопшто не сакате овошје. Истражувањата на центарот покажале дека само околу 12% од возрасните во САД ги консумираат препорачаните 2 порции овошје дневно. Кога станува збор за зеленчук, само 9,3% од луѓето го следат советот.rnrnКога ќе земете предвид колку е лесно да се вметне овошјето во секојдневната исхрана, навистина е чудно што луѓето не го консумираат толку често. Но можеби проблемот не е начинот на јадење, туку времето во кое треба да се консумира.rnrnОвошјето содржи многу шеќер, но природните шеќери се многу поразлични од вештачките засладувачи кои се наоѓаат во преработената храна. Имајте го ова на ум ако шеќерите се причина што не јадете доволно овошје. Според Кери Гласман, основач на компанијата Nutritious Life, речиси и да нема доказ кој покажува кој период од денот е погоден за консумирање овошје или неговите шеќери. Она што е важно е видот на овошјето и со што го комбинирате.rnrnНајчесто овошјето се јаде за појадок, како на пример во овошно смуди. Според Џеси Росен, сертифициран тренер за здравје, најдобриот дел од денот за јадење овошје е кога ви е празен стомакот. Па, овошје за појадок е одличен избор.rnrnЕдинственото нешто на коешто треба да обрнете внимание ако појадувате овошно смуди е големината на порцијата. Овој оброк може да содржи многу природни шеќери кои брзо го покачуваат нивото на шеќер во крвта. Како резултат на ова може многу брзо по оброкот да чувствувате глад. За полесно да ги контролирате порциите, најдобро е да го комбинирате овошјето со зеленчук, протеини и здрави масти за да го забавите апсорбирањето на шеќерите.rnrnКога станува збор за ноќна ужина, можете цела вечер да консумирате овошје. Сепак важно е да имате на ум што ви е потребно. Некои видови овошје ви помагаат во спиењето. Бананите и црешите имаат мелатонин, а кајсиите витамин Ц.rnrnЗа да го избегнете консумирањето нездрава храна навечер, најдобро е да го наполните фрижидерот со овошје. На овој начин ќе ја задоволите потребата за благо и ќе го намалите чувството на глад, па нема да посегнете по чоколадо.rnrnПогледнете и кое е 
rnrnСпоред едно ново 
rnrnАко прстените ви се малку тесни, ако ви отекуваат стапалата или ако наутро ви отекува лицето, веројатно внесувате премногу сол. Ова е состојба во која вашето тело почнува да задржува вишок вода како резултат на големото количество сол. Нарушувањето е наречено едема и се третира со строга диета.rn
rnrnНатриумот во солта помага да се направи рамнотежа во течностите во вашето тело. Кога јадете премногу сол, на телото му се потребни повеќе течности за да ја исфрли од системот за вашите мускули и органи да можат да функционираат правилно. На овој начин вашето тело го изедначува односот на вода и натриум, а пиењето вода е одличен начин да ги вратите нештата во нормала. Исто така не заборавајте дека нередовното пиење вода може да го присили вашето тело да собира течност од клетките и да ве дехидрира.rn
rnrnПо правило, преголемото количество натриум во телото предизвикува сериозни промени во урината поради 2 причини:rn
rnrnПрекумерното консумирање сол може да им наштети и на коските. Кога внесувате премногу кујнска сол, бубрезите не можат целосно да ја исфрлат, а ова го зголемува губењето на калциумот. Хроничниот недостаток од калциум резултира со слаби коски, проблеми со забите, па дури и остеопороза.rn
rnrnОдржувањето на рамнотежата на натриумот и калиумот е клучна за вашето здравје. Овие хемиски елементи се одговорни за контракциите на мускулите. Ако ја нарушите рамнотежата со премногу сол и солена храна, ќе чувствувате грчеви или болка во мускулите.rn
rnrnВисокиот крвен притисок предизвикан од вишокот сол може да ги оштети артериите кои водат до вашиот мозок. Ова може да има влијание на вашата способност за размислување и да ви го отежни фокусирањето на дневните задачи. Покрај тоа, дехидратацијата може да предизвика проблеми со сеќавањето, замор и бавно реагирање.rn
rn

rnrnНивото на пиење алкохол во САД останало стабилно од 2000-тата година, со по 8 литри на една личност. Американците сакаат пиво, го пијат речиси 3 пати повеќе отколку виното, а исто така тука се наоѓаат и најголемите потрошувачи на шпиритус.rn
rnrnКонсумирањето алкохол не ја надминал ознаката од 10 литри според евиденцијата во 2000-тата година, односно, од 2010 година ова ниво е во опаѓање. Иако Нов Зеланд е познат по тоа што има квалитетно вино, таму повеќе се пие пиво.rn
rnrnИако во 2012-та година се забележало намалување, 2013-та година покажала дека пиењето алкохол кај Данците повторно се враќа. Бројките биле највисоки во 2000-та година со 11,69 литри по лице.rn
rnrnВкупните нивоа на пиење во Велика Британија опаѓаат. Во 2004-та година, Британците пиеле 11,73 литри по лице, додека пак во 2012-та година тие изнесувале 9,56 литри. Иако Велика Британија е седмиот најголем потрошувач на вино, луѓето пијат слични количини и пиво и вино.rn
rnrnБелгија е позната по пивото, па не е изненадување фактот дека се пие повеќе од виното.rn
rnrnКонсумирањето алкохол во Швајцарија, општо земено, се намалува од 2000-тата година. Оваа земја е трет најголем потрошувач на вино од листата.rn
rnrnКонсумирањето пиво во Австралија е на најниско ниво според податоците од Светската здравствена организација од 2000-тата година, но постои раст во количината на пиење вино. Сепак, пивото сѐ уште е најпопуларниот алкохолен пијалак.rn
rnrnПолјаците се најголемите пијачи на пиво од листата, со просек од 6,9 литри по лице во 2012-та година, но не пијат многу вино, наместо тоа претпочитаат шпиритус, во просек од 4,18 литри по лице во 2013-та година.rn
rnrnПо тешка 2007-ма година за пиење, со 12,12 литри по жител, жителите во Латвија пијат помалку, а омилен пијалак им е пивото, па потоа шпиритусот.rnrnПогледнете кои земји се наоѓаат на првите десет позиции, на 

rn
rn
rn
rn
rn
rnrn



















