КАФЕ ПАУЗА

Tag: консумирање

  • Алкохолни шишиња претворени во бебешки цуцли

    Алкохолни шишиња претворени во бебешки цуцли

    Овие провокативни „алкохолни цуцли“, се дел од проектот на италијанската манекенка и дизајнерка Ана Утопија Џордано, која сака да ја покрене свеста кај луѓето за прекумерната консумација на алкохол. Имињата на познатите алкохолни пијалаци се заменети со имињата на производителите на популарните играчки за деца и наместо капаче, шишињата имаат цуцла за бебиња.rnrnАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцлиАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцли
    rn

    Шишињата не се за продажба. Тие се само дел од уметничка изложба. Ова е еден артистички проект, чија цел е покренување на општествената свест за теми како што се консумација на алкохол од страна на тинејџери и бремени жени и незаинтересираноста на некои родители за своите деца, оставајќи ги со денови да се занимаваат само со играчки и видеоигри. Шишињата немаат комерцијален карактер.“ – објаснува Ана

    rnАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцлиАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцлиАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцлиАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцлиАлкохолни шишиња претворени во бебешки цуцли
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Апстиненцијата од алкохол го скратува животот

    Апстиненцијата од алкохол го скратува животот

    Според едно долгогодишно истражување, луѓето кои секојдневно пијат алкохол, значително си ги намалуваат шансите да умрат помлади, за разлика од оние кои тотално го избегнуваат. rnАпстиненцијата од алкохол го намалува животниот текИстражувањето се вршело на мажи на возраст од 55 до 65 години, во временски период од 20 години и било водено од психологот Чарлс Холохан од Тексашкиот универзитет во Остин. Тој открил дека стапката на смртност била поголема кај оние кои никогаш не пробале ни голтка алкохол, помала кај оние кои редовно пијат многу и најмала кај оние кои пијат умерено. Од 1.824 учесници во студијата, починале само 41% од умерените пијачи, за разлика од 69% од оние кои никогаш не пробале алкохол. Оние кои редовно пијат алкохол во големи количини се нашле во средината, со смртна стапка од 60%.rnАпстиненцијата од алкохол го намалува животниот текМожното објаснување за овој резултат е тоа што, алкохолот претставува одличен конектор на социјалните случувања, а добрите социјални поврзувања се многу важни за одржување на менталното и физичкото здравје. Апстинентите покажувале знаци на депресија, за разлика од нивните „колеги“.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Вода за поздрав живот

    Вода за поздрав живот

    Водата е од суштинско значење за здравјето на човекот. Но, на прашањето колку вода треба да се пие дневно е тешко да се даде одговор. Тоа е така, бидејќи одговорот зависи од многу фактори, како на пример каде живеете, на која возраст сте, колку сте активни во текот на денот и слично.rnВода за поздрав животОпшто земено, докторите велат дека здрав возрасен маж, во просек треба да пие по околу 3 литри вода дневно, додека спротивниот пол по 2 литри. Овие бројки се пресметани според тоа колку вода треба да се надомести за онаа која секојдневно ја изнесуваме од телото. Сепак, иако водата е добра за здравјето, не треба да се претерува со нејзиното консумирање. Единствено, количината на вода која се внесува во организмот може да се зголеми на жешко време и после исцрпувачка физичка активност.rnВода за поздрав животКонсумирањето повеќе вода од потребното може да доведе до сериозни проблеми, како што се хипонатермија (прениска количина на натриум во крвта) или интоксикација (труење). Симптомите како вртоглавица, апатија (бесчувственост), дезориентираност, гадење и слично, се најчестите кои можат да се осетат по пиење преголема количина вода и воедно се многу слични на симптомите на дехидрацијата.rnВода за поздрав животСепак, треба да се напомене и дека секојдневно внесуваме течност и преку овошјето и зеленчукот, сите газирани и негазирани сокови и нормално, преку чаевите кои ги пиеме, па така понекогаш и не мораме да внесуваме многу голема количина чиста вода.

  • Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје

    Листата на придобивки од виното е навистина голема, секако доколку се консумира во мали количини. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrnrnСледуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.rn

    1. Ја подобрува меморијата

    rnЕдно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.rn

    2. Помага при согорување калории

    rnПраксата покажува дека луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    3. Го зајакнува имунитетот

    rnЕдна Британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.rn

    4. Заштитник на женските јајници

    rnЕдна чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50%. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.rnrnНеколку причини зошто виното го подобрува вашето здравјеrn

    5. Ги зајакнува коските

    rnВо просек, луѓето кои се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.