КАФЕ ПАУЗА

Tag: хигиена

  • Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

    Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

    Кога станува збор за хигиената на усната шуплина, повеќето луѓе се свесни за фактот дека треба да ги мијат забите најмалку двапати на ден, да користат конец и да ја менуваат четката за заби на секои три месеци.rnrnКако и колку често треба да ја чистите четката за заби?rnrnНо, она што многумина не го знаат кога станува збор за четкањето на забите и за оралната хигиена е фактот дека четките за заби, покрај редовната замена, треба и редовно да се чистат. Устата е полна со различни бактерии и во нормална средина добрите бактерии ги држат лошите бактерии под контрола. Но, лошите бактерии можат да се насоберат на четката за заби и затоа треба редовно да ја чистите.rn

    Како и колку често треба да ја чистите четката за заби?

    rnЕкспертите велат дека најдобро е да ја чистите четката за заби на секои две недели. Најдобар начин за чистење на четката е миење во топла вода и детергент за миење садови. Потоа, треба да ја потопите во 3% хидроген пероксид и да ја оставите да стои 15 минути. Овие два чекори ќе бидат доволни за да се отстранат преостанатите наслаги од пастата за заби и да се уништат сите бактерии.rnrnПоследниот чекор е плакнење на четката со млака вода за да се измие водород пероксидот, а потоа сушење. Она што е важно да се знае е дека четката за заби треба добро да се исплакне со вода и со чисти прсти по секое миење на забите и да се остави на суво место за да се исуши. Во никој случај не треба да ја затворате четката во футрола или да ставите капак на неа бидејќи тоа може да предизвика насобирање бактерии на влакната, што е исклучително лошо за вашата усна шуплина.rnrnПрочитајте зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби.

  • 6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правите

    6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правите

    За да бидете здрави, не треба само да ги следите правилата за хигиена, туку треба и правилно да го правите сето тоа. Во спротивно, ефектот нема да бидат ист. Ќе бидете изненадени кога ќе откриете дека многу работи сте ги правеле погрешно целиот живот, дури и најобичните. Погледнете кои се најчестите грешки што ги правите и како правилно да се грижите за себе.rn

    1. Се туширате премногу често

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnМожеби звучи чудно, но туширањето премногу често е исто толку лошо колку и воопшто да не се туширате. Според експертите за заразни болести од Универзитетот во Колумбија, честото туширање ја прави вашата кожа сува и испукана, а тоа им овозможува на микробите полесно да навлезат во вашето тело преку овие рани. Експертите препорачуваат туширање не повеќе од еднаш во текот на денот.rn

    2. Не ги миете рацете пред да одите во тоалет

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnМожете да најдете бактерии не само на тоалетот, туку низ целата куќа. Ова значи дека ако не сте ги измиле рацете долго време, бактериите веројатно се присутни и на нив. При одење во тоалетот, допирате делови од телото за коишто микробите се многу опасни. Така, миењето на рацете пред да одите во тоалет е многу поважно отколку миењето потоа.rn

    3. Пуштате вода во тоалетот со отпечатокот на прстот

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnТоалетот е веројатно највалканото место во домот. Набљудувањата покажуваат дека дури 90 минути по пуштањето вода во тоалетот, десетици капки со бактерии се сè уште на површината. Затоа, обидете се да пуштите вода со надворешната страна на прстот. Ова може да ви помогне многу, во случај да допрете нешто пред да ги измиете рацете. На тој начин, нема да ги раширите бактериите насекаде.rn

    4. Спиете на истата перница долго време

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnПердувите се рај за честичките прашина и за мувлата. Со текот на времето, тие може да стигнат до лицето и да предизвикаат проблеми како што е демодикозата. Ова е уште една честа причина за проблеми со кожата. Едно истражување открива дека честичките прашина може да предизвикаат алергии, што подоцна предизвикуваат назална конгестија, отеченост и иритација на горните респираторни патишта. Исто така, експертите препорачуваат да ја перете перницата секоја недела на температура од најмалку 55 °C.rn

    5. Им дозволувате на миленичињата да спијат со вас

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnПравилата за хигиена треба да ги следите дури и во текот на ноќта. Тоа значи дека не треба да им дозволувате на мачките и на кучињата да спијат во ист кревет со вас. Дури и најдобро негуваните миленици носат многу бактерии на своето крзно. Можеби нема да верувате, но некои од нив може да предизвикаат бубонска чума. Статистиката вели дека помеѓу 1977 и 1998 година имало 23 случаи на инфекција од оваа смртоносна болест што ја пренесуваат домашните мачки.rn

    6. Го миете лицето со сапун

    rn6 хигиенски грешки што е крајно време да престанете да ги правитеrnrnМногу луѓе мислат дека ако двапати на ден го мијат лицето со сапун, тоа ќе биде многу чисто и ќе ги избегнат воспаленијата. Но, тоа мислење е погрешно затоа што сапунот ги затнува порите и предизвикува воспаленија на кожата. Дерматолозите потенцираат дека сапунот не бил првично наменет за лице. Кога го користите, ја уништувате заштитната бариера и го нарушувате нивото на pH-вредноста на вашата кожа.rnrnПрочитајте кои други хигиенски пропусти морате веднаш да престанете да ги правите.

  • Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

    Пристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?

    Прашањето е старо колку и самото туширање – Дали е подобро да се истуширате во вечерните часови или наутро? И додека повеќето се раководат според личните потреби, експертите од Универзитетот „Харвард“ конечно пронашле одговор и на ова прашање.rnrnПристигна одговорот на ова популарно прашање: Кога е подобро да се истуширате?rnrnОткриле дека не постои никаква разлика во чистотата на телото помеѓу луѓето кои се тушираат наутро или навечер, така што од хигиенска гледна точка, времето не влијае на самиот чин.rnrnНо, постојат и други нешта кои влијаат на туширањето – пред сè, состојбата на организмот.rnrnЗначи, не е добро да се ограничите само на утринско или на вечерно туширање, туку треба да се прилагодите и на ситуацијата во која се наоѓате.rnrnСпоред психологот на Универзитетот „Харвард“, Шели Карсон, утринскиот туш е подобра опција кога работите под стрес, или кога треба да бидете креативни. Ваквиот туш ќе ве релаксира, па когнитивните процеси ќе се регенерираат и решенијата сами ќе ви надоаѓаат.rn

    Забавната страна на туширањето

    rn

      rn 011

    • Околу 8% од луѓето пеат под туш,
    • rn 011

    • Околу 2% од нив се посветени на самото туширање,
    • rn 011

    • Околу 90% од нив донесуваат животни одлуки за време на туширањето.
    • rn

    rn

    Вечерен туш

    rnСтудијата покажува дека тушот пред спиење е добро решение за луѓето кои имаат проблем вистински „да се одморат“ и да се наспијат, затоа што туширањето го намалува нивото на хормонот на стрес, кортизол. Тушот ја регулира температурата на телото и има ефект на ладење, а тоа е природен начин да се подготвите за спиење.rnrnДерматолозите, исто така, сметаат дека туширањето во вечерните часови е подобро за оние со проблеми со кожата бидејќи себумот и разните загадувачи се акумулираат во кожата во текот на денот.rnrnНе користете сапун или гел за туширање секогаш!rnrnЕкспертите предупредуваат дека секојдневното туширање, колку и да е пријатно и пожелно во услови на изложеност на топлина и потење, не е толку здраво за кожата бидејќи ги суши природните масти кои служат како заштита. Агресивните агенси во многу хигиенски средства како СЛС (содиум лаурет сулфат) и парабените, може да предизвикаат прекумерно сушење на кожата, па дури и потење, па затоа се советува само повремено да користите гелови за туширање и почесто да се туширате само со обична вода.rnrnНавиките за туширање се често и културолошки, па така во Азија, на пример, луѓето се тушираат почесто во вечерните часови, додека во САД луѓето обично се тушираат наутро.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

  • 10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не сте се капеле неколку дена

    10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не сте се капеле неколку дена

    Тушот ни помога да останеме чисти и заштитени. Сепак, има моменти кога немаме време да се истушираме, на пример, додека патуваме. Дури и кога тоа ќе се случи, сè уште е добро да се применат некои навики за да се спречи лошиот мирис.rn

    1. Користете масло за тело

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnПодобро е да користите парфимирано масло за тело отколку парфем, во овој случај, затоа што мирисот на маслото за тело трае подолго. Исто така, секогаш можете да изберете посуптилна арома, со поприроден мирис и да го нанесувате на вашата кожа во текот на целиот ден.rn

    2. Користете влажни марамчиња

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnВлажните марамчиња се добра опција која ќе придонесе да се чувствувате чисто до одреден степен, бидејќи тие може да ги елиминираат бактериите одговорни за лоши мириси.rn

    3. Користете повеќе дезодоранс

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnКористењето дезодоранс ви помага да го „убиете“ мирисот на пот. Користењето во поголема количина може да го зголеми неговиот ефект, како и да ги убие бактериите.rn

    4. Променете ја долна облека

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnМногу се потите околу вашите интимни делови и тие честопати се топли. Промената на долната облека може да го минимизира лошиот мирис што произлегува од потење.rn

    5. Променете ги чорапите

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnСтапалата се дел од телото што најмногу се поти, предизвикувајќи многу непријатен мирис. Редовната промена на чорапите ќе го минимизира лошиот мирис. Исто така, добра идеја е да додадете талк во прав во чевлите.rn

    6. Избегнувајте храна со кромид, лук и зачини

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnНие сме тоа што јадеме и овие продукти може да го засилат лошиот мирис. Во овој случај, во вакви моменти, подобро е да јадете зеленчук и овошје наместо нив.rn

    7. Избегнувајте тесна облека

    rnrnrnТесната облека може да загрее некои делови од вашето тело, предизвикувајќи потење што ќе резултира во лош мирис. Пошироката облека ќе ви помогне да останете посвежи.rn

    8. Користете сув шампон

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnСувиот шампон ќе ја оживее вашата коса и таа ќе престане да изгледа мрсно. Тоа ќе ѝ даде на вашата коса посвеж изглед и мирис, а може да го зголеми и нејзиниот волумен.rn

    9. Носете ленти за коса и стегачи

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnВо случај да немате сув шампон, секогаш може да користите ленти за на глава и стегачи за коса за да ја заржите косата на место. Изборот на соодветна фризура ќе ја затскрие нечистотијата и лошиот мирис на вашата коса.rn

    10. Хидрирајте ја кожата

    rn10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не се капеле неколку денаrnrnХидратацијата може да ви помогне да мирисате посвежо. Треба да пиете многу вода, а и да користите добри кремови за телото со цел да ја навлажнете кожата.rnrnМожеби сакате да прочитате и овие совети кои велат: Соодветна долна облека, нежен сапун и чист пешкир: Најдобрите совети за интимна нега.

  • Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

    Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

    Нашите домови и начинот на кој се грижиме за нив се огледало на нас самите. Иако сите би сакале да кажат дека се уредни, знаеме дека тоа не е секогаш случај. Некои сметаат дека може да функционираат само ако сè е чисто, додека на други не им пречат ниту валкани садови што стојат во мијалникот со денови.rnrnrn

    Девица

    rnЛуѓето родени во овој хороскопски знак не само што се уредни, туку се и целосно „луди“ по чистењето. Тие сакаат сè да е совршено организирано, на свое место и да е апсолутно чисто. Никогаш нема да видите хаос во нивниот дом.rn

    Бик

    rnТие многу се трудат и се грижат за себе, а нивниот дом е само продолжение на тоа, затоа што тие едноставно не може да се опуштат во нередот. Покрај тоа, тие не сакаат да им дадат на другите причина да им се суди за нешто.rn

    Јарец

    rnТие се посветени и вредни во сè што прават и тоа не се менува кога станува збор за нивниот дом. Иако на домашните обврски не им даваат предност, тие имаат силна желба да биде сè организирано и на место.rn

    Скорпија

    rnТие сакаат да ги чуваат работите околу себе и заради тоа многумина можеби мислат дека се склони кон неуредност. Сепак, тие сакаат да го одржат просторот чист затоа што тоа е нивно приватно засолниште од остатокот од светот.rnrnМожеби ќе вложат малку повеќе во личната хигиена отколку во домашните обврски, но тоа не го менува фактот дека поголемиот дел од времето, сè околу нив е прилично чисто.rnrnrn

    Рак

    rnУдобноста им е важна, но не само сопствената. Тие сакаат и на другите што доаѓаат кај нив да им биде пријатно. Внимаваат нивниот простор да биде барем минимално исчистен во случај некој неочекувано да наврати.rn

    Овен

    rnОвните може да бидат или уредни или неуредни, во зависност од тоа што им се случува во животот. Тие не им даваат приоритет на домашните работи, туку на излегувањето со пријателите затоа што мислат дека животот е премногу краток и сакаат „да дишат со полни гради“.rnrnПонекогаш тие се малку немирни, особено кога само седат дома. Не е невообичаено да исчистат ако им стане здодевно. Нивниот дом е прилично уреден, па ако работите почнат да се трупаат, нема да им треба многу време за да ги средат.rn

    Лав

    rnОвој хороскопски знак сака да остави добар впечаток. Не сака нечистотија, но реално нема многу време во неговиот зафатен живот да го задржи својот дом во совршен ред.rnrnНивниот домашен простор не е валкан или неуреден, но честопати трупаат работи за кои не пронашле место. Нивниот дом е репрезентативен и можат да го исчистат брзо без многу мака, но најголемиот проблем им е времето.rn

    Водолија

    rnВо главата на Водолијата се случува сешто. Ќе се обиде да го среди нередот, но не сака сè да ѝ се сведе на извршувањето домашни обврски.rnrnСо оглед на нејзината неконвенционална природа, Водолијата не чувствува потреба да импресионира некого, но лесно ѝ се распрснува енергијата што ја има, па затоа треба јасно да ја постави целта што треба да ја постигне.rnrnrn

    Близнаци

    rnТие секогаш имаат добри намери, но кога треба да започнат со чистење секогаш се појавува „нешто поважно“. Поминува уште еден ден пред да стигнат нешто да зачистат. Поинаку е кога нешто се организира во нивниот дом, зашто тогаш тоа им дава мотивација да одржат сè уредно. Инаку секогаш нешто друго им е поважно и нивното внимание постојано е насочено на нешто друго, наместо кон чистењето.rn

    Вага

    rnНив ги привлекуваат убавите работи, но тоа не значи дека тие сè одржуваат уредно. Вагата нема да се заморува премногу за сè да одржи чисто. Како и Близнаците и таа секогаш бара причина да не направи нешто, освен кога очекува гости.rn

    Риби

    rnТие секогаш се трудат да им биде удобно и да се опуштени, па затоа не изненадува тоа што овој вид размислување важи и за нивните навики при чистењето. Не им пречи тоа што работите се расфрлени затоа што тие навистина уживаат во малку хаос.rn

    Стрелец

    rnТие мислат дека некои работи во животот се неверојатно важни, како што се нивната независност, авантурата, среќата и хуморот, но чистењето во домот не им е „јака страна“.rnrnОбично тие се толку зафатени со планирање на следната авантура, па ретко се дома и се водат со помислата „зошто да се исчисти нешто што подоцна секако ќе се извалка?“.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа кои мажи се најдобри според хороскопските знаци.

  • Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?

    Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?

    Кога ќе размислите, со комбинацијата од бакнување, пот и размена на останати телесни течности кои се појавуваат за време на сексот, станува збор за навистина неуредна активност. Токму затоа и постојат неколку прашања за хигиената по сексот кои е добро да ги знаете.rnrnrn

    1. Како да се измиете по сексот?

    rnКога станува збор за чистење на вагината, таа по сексот се чисти самата, дури и ако во неа остане сперма. Покрај тоа, ако се обидувате да ги преземете нештата во своите раце, можете да направите повеќе штета отколку корист. Тоа што можете да го направите е нежно да ја исперете вулвата со топла вода, особено ако сте склони на иритации и инфекции на уринарниот тракт.rn

    2. Мора ли да мокрите одма по сексот?

    rnМокрењето по сексуалниот однос може да помогне при спречување на вагинални, односно уринарни инфекции. Теоријата зад оваа метода е дека доколку телото не се ослободи од течностите, бактериите би можеле да останат во уретрата. Мокрењето по сексот не е воопшто лоша идеја, а може да ви донесе и психолошко олеснување. Сепак не мора да брзате веднаш да одите во тоалет по завршувањето на односот, слободно можете да почекате и до 30 минути за да уживате покрај партнерот.rn

    3. Што ако сте имале анален секс?

    rnПо аналниот секс веднаш истуширајте се и измијте ја целата генитална област со цел да се ослободите од какви било потенцијални бактерии. Туширајте се со топла вода и користете сапун што не е агресивен.rn

    4. Како се одржува хигиената на креветот?

    rnМоментите по сексот се одлични за поврзување со партнерот и уживање во чувствата кои се создаваат со ослободувањето на хормонот за среќа. Токму затоа и немојте одма по односот да бидете опседнати со миење и чистење на креветот. Сосема нормално е некогаш и да заспиете по односот без да се средите, особено ако и двајцата редовно се грижите за својата хигиена.rn

    5. Што ако сте бремени?

    rnСексот за време на бременоста во поголемиот дел од ситуациите е сосема сигурен, но тоа е и период кога многу лесно се добиваат инфекции на уринарниот тракт. Доколку сте трудница, уринирајте по секој однос, и измијте ги рацете и областа околу вагината со топла вода. Исто така испијте и една чаша вода.rnrnПрочитајте и за овие сексуално преносливи болести што се пренесуваат и без секс.

  • Девојки, еве што се случува ако два дена по ред ги носите истите гаќички

    Девојки, еве што се случува ако два дена по ред ги носите истите гаќички

    Дали ќе ви се случи нешто ако ги носите истите гаќички два, па дури и три дена по ред? Експертите за здравје велат ДА!rnrnНашата долна облека треба многу работи да издржи. Покрај тоа што на неа се лепат остатоците од кожата и влакненцата, често се насобира пот, исцедоци од вагината и честички фекалии. Токму така и се создава совршена околина за развој на бактерии и микроби кои се множат неконтролирано на таа температура. Замислете си да ги носите тие работи со вас неколку дена по ред. Бактериите ќе се размножат, ќе почнат лошо да мирисаат и може да предизвикаат воспаление. Дури и два дена е сосема доволно за сè ова да се случи.rnrnrn

    1. Чешање

    rnПотта и токсините го напуштаат телото низ кожата, па на тие места може да се појави чешање. Ако бактериите и габите се размножат на кожата, тие само дополнително го влошуваат чешањето. Со редовното менување на долната облека, вие се заштитувате од оваа ситуација.rn

    2. Осип

    rnКога кожата доаѓа во контакт со микроби, таа веднаш реагира. Најчесто се појавува црвенкаст осип кој чеша. Ако не ги менувате гаќичките секојдневно, комбинацијата од вагинален исцедок и честички фекалии ќе го поттикне размножувањето на бактериите што предизвикуваат осип.rn

    3. Воспаление на мочниот меур

    rnАко подолго време носите едни гаќички, големи се шансите да ги пренесете бактериите од нив во мочниот тракт и со тоа да предизвика воспаление на мочниот меур.rn

    4. Срамни вошки

    rnЛошата хигиена и нередовното перење на долната значително го зголемува ризикот од појава на срамни вошки кои можат да предизвикаат цела низа нови здравствени проблеми.rnrnДевојки, прочитајте ги и овие 10 причини зошто да не носите гаќички.

  • 5 хигиенски пропусти кои морате веднаш да престанете да ги правите

    5 хигиенски пропусти кои морате веднаш да престанете да ги правите

    Спречувањето на ширењето на бактериите од еден на друг предмет е навистина тешка задача. Бактериите се шират и преку воздухот и имаат можност да завршат на места за кои инаку мислите дека се совршено чисти. Кога станува збор за тоалетот, сите ќе се согласат дека тој е одлично место за настанување и множење на бактерии поради постојаната влага. За да го избегнете и додатното ширење на бактерии, морате да престанете со следниве хигиенски пропусти.rnrn5 хигиенски пропусти кои морате веднаш да престанете да ги правите rn

    1. Не го спуштате капакот на тоалетната школка

    rnСтанува збор за капакот со којшто се затвора школката. За да го спречите ширењето бактерии низ целиот простор во тоалетот, пред да пуштите вода не заборавајте да го спуштите капакот.rn

    2. Одите во тоалет со телефон

    rnСакате ли траги од урина и фекалии на нешто што го ставате на вашето лице? Бидете трпеливи за одговарањето на пораките и разгледувањето на социјалните мрежи. Откако ќе завршите со физиолошките потреби, тогаш можете да им се посветите.rn

    3. Ретко ја менувате четката за заби

    rnСпоред мислењето на експертите, четката за заби треба да се менува на секои 2 до 3 месеци, за насобраните бактерии да не предизвикаат воспалување на забното месо.rn

    4. Сушите облека во тоалетот

    rnСигурно не сакате да ја сушите долната облека во најпогодното опкружување за бактерии. Облеката е најдобро да ја сушите на отворено, а кога е студено сушете ја во соба без влага.rn

    5. Не ги чистите четките за шминка

    rnПриборот за шминкање бара темелно чистење барем еднаш неделно. По чистењето, најдобро е да го исушите на воздух. Покрај тоа, не заборавајте редовно да ги менувате крпите за лице и тело – барем на секои 3 дена.rnrnПогледнете и кои работи во вашиот дом треба да ги чистите секојдневно.

  • Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

    Што сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?

    Перењето на ниски температури реално ја намалува потрошувачката на енергија, но во исто време носи и голем ризик за здравјето, бидејќи не ги чисти сите микроорганизми насобрани на постелнината, крпите и облеката. Перењето на 30 до 40 степени Целзиусови отстранува само мал дел од микроорганизмите и прашинските грини. Од друга страна, кога переме на 60 степени, нивното отстранување е речиси 100%.rnrnШто сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?rnrnПоради тоа, пред перење, облеката, крпите и постелнината треба да се селектираат, а за белите препорачливо е да се користи и избелувач. Особено внимание треба да се обрне на детската облека, бидејќи често се валка. Користете и соодветен детергент и средство за дезинфекција при перење. Луѓето кои се целосно здрави нема да почувствуваат негативни влијанија од недоволниот хемиски третман на испраните ткаенини, што не е случај кај болните и лицата со намален имунитет, особено оние кои штотуку излегле од болница.rnrnОсвен визуелно, облеката треба да биде и хемиски чиста. Сетете се дека вашите баби, а можеби и мајките, белата долна облека, навлаките за перница и чаршавите ги вриеја на 100 степени. За машинско перење, најдобро е тоа да биде на најмалку 60 степени Целзиусови, за да бидете сигурни дека се отстранети сите мртви клетки кои паднале од кожата, прашинските грини и невидливиот дел од инсектите.rnrnШто сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?rn

    Како да изберете детергент?

    rnПостојат два вида детергенти, небиолошки (содржи избелувач и дезинфекциски честички) и биолошки, со ензими и протеини кои реагираат со нечистотиите. Исто така, дајте му предност на прашокот за перење, наместо на течниот детергент, бидејќи според експертите, содржи поголема концентрација на избелувач и дезинфициенс.rn

    Долна облека

    rnДолната облека, заедно со крпите и постелнината, може да содржат голем број бактерии како што се стафилокока и ешерихија коли. Затоа треба да се перат на високи температури, а потоа и да се испеглаат, за целосно да бидат исчистени од штетните микроорганизми. Особено е важно да се внимава на перењето на долната облека на лица кои страдаат од некоја болест.rn

    Бебешка облека

    rnОблеката на бебињата и малите деца треба да се пере одвоено од онаа на возрасните, со специјален детергент. Особено треба да се внимава во истата тура во машината да не се перат крпи од тоалетот и кујната.rnrnШто сè мора да се пере на најмалку 60 степени за навистина да биде чисто?rn

    Кујнски крпи и готвачки униформи

    rnТие често се контаминирани со остатоци од храна и бактерии како ешерихија коли и салмонела. Перете ја облеката за готвење одделно од останатата и секако, на повисока температура, за да избегнете овие бактерии да ги пренесете на останатите членови на семејството.rn

    Чистење на машината за перење

    rnМашините за перење задржуваат дел од нечистотијата од облеката и поради тоа треба најмалку еднаш месечно (а може и еднаш неделно) да се пушти да испере „напразно“ со силен детергент на највисока температура. Исто така, ефикасно е и чистењето со оцет и сода бикарбона. Содата се става во делот за прашок, а оцет во преградата за омекнувач и се пушта на 90 степени. Редовно чистете го и филтерот на машината, но и дезинфицирајте ја фиоката за детергент.rnrnПрочитајте и што сè може да исчистите во машината за перење.

  • Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

    Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

    Многу одамна, не можеше да се замисли домаќинство без дрвена даска за сечење во кујната. Потоа, излегоа модерните тврдења дека дрвото не е хигиенски материјал, па ги заменивме со пластични. Но, ни тие не се толку чисти колку што се сметаше дека се.rnrnДали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?rnrnВсушност и дрвената и пластичната даска се еднакво безбедни, односно штетни, доколку не се следат основните правила за употреба. Дрвото во себе впива остатоци од храната, а доколку има пукнатини ризикот е уште поголем. Исто така, браздите што се создаваат на пластичната даска поради употребата на нож, може да се наполнат со илјадници бактерии што тешко се отстрануваат.rnrnrnrnЗатоа, најдобро е да имате една посебна даска за месо и риба и уште една за леб, овошје и зеленчук. По употребата даската мора да се измие со топла вода и со средство за миење садови, а пластичната може и да се мие во машина. Два до три пати месечно потребно е даските длабински да се дезинфицираат со медицински хидроген или алкохол и потоа да се исплакнат под млаз вода. Внимавајте по миењето да ја оставите даската целосно да се исуши, бидејќи влажната средина е идеална за развивање бројни бактерии.rnrnКога купувате даска, внимавајте да е изработена од што поцврст материјал, за да се избегне создавањето вдлабнатини кои собираат нечистотии. Исто така, препорачливо е на одредени временски периоди да се ослободите од старите даски и да ги замените со нови.rnrnПогледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои ќе посакате веднаш да ги имате.