КАФЕ ПАУЗА

Tag: хигиена

  • Како правилно да го чистите папокот?

    Како правилно да го чистите папокот?

    Папокот е дел од телото на кој често не му обрнуваме доволно внимание. Овој белег кој го добиваме по раѓањето и пресекувањето на папочната врвка треба да се чисти како и секој друг дел од телото. Но, добро е што одржувањето на папочната хигиена е многу едноставно, па ако не сте го практикувале досега, отсега веќе ќе немате причина да го занемарувате.rnrnКако правилно да го чистите папокот?rnrnВообичаеното туширање не е доволно за чистење на овој дел од телото кој е склон на собирање бактерии (тука се наоѓаат околу 65 различни видови). Папокот треба да го одржувате чист на следниот начин:rnrnАко имате вовлечен папок, еднаш неделно чистете го со стапче за уши кое претходно ќе го натопите во вода и сапун, а можете и да го пребришете со алкохол.rnrnАко пак вашиот папок е испапчен, еднаш неделно избришете го со крпата за бањање натопена во вода и сапун.rn

    Зошто е важно папокот да се одржува чист?

    rnБидејќи во него се собира многу нечистотија и ако се натрупа премногу, може да се развие инфекција пропратена со црвенило, чешање, иритација на кожата како и непријатен мирис.rnrnАко папокот веќе го зафатила инфекција и не можете сами да ја отстраните со чистење, за помош обратете се кај вашиот матичен лекар или директно кај дерматолог.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги признала

    11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги признала

    Постои општо мислење дека девојките се чисти и уредни. За машките секогаш се зборува дека се грозни заради одредени навики кои ги имаат. Тоа е така, но истото важи и за девојките. Работата е само што девојките никогаш не зборуваат за тоа и секако, не си дозволуваат да бидат видени.rn

    1. Ја душкаат неперената облека пред да одлучат дали да ја облечат или не

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnА во очајни ситуации неопходни се очајни мерки, па затоа може да се случи и забздено парче облека да заврши на вашето тело.rn

    2. Оставаат влакна насекаде низ туш-кабината и бањата воопшто

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnПосле вас, таму е како да умрел Чубака.rn

    3. Носат облека со дамки од крв

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnПа што има врска што има малку дамка од мајката природа на вашите гаќи! Тоа не е доволна причина да се откажете од најудобното парче долна облека баш тогаш кога ви е најпотребно.rn

    4. Стискаат акни во огледало

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnПри што гнојот прска точно на него. Потоа секако го бришете огледалото пред вас. Нема да си дозволите некој да го види она што останало од таа страсна борба со тој грд дел од себе.rn

    5. Не се тушираат со денови

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnВсушност, машките можеби и се тушираат почесто од девојките.rn

    6. Носат тампон или влошка подолго одошто треба

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnСè додека сосема не се наполни.rn

    7. Ги носат истите фармерки, пантолони или хеланки цело време, без перење, додека не станат смрдливи

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnИзненадување! Нашите препони не мирисаат на рози.rn

    8. Гласно ждригаат после јадење

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnТоа е природна потреба, независно од полот. Некогаш едноставно не можете да го задржите тоа во себе.rn

    9. Носат градник во кој се испотиле ден претходно

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnТоа е најдобриот градник кој го имате. Затоа има логика да го облечете пак.rn

    10. Го засмрдуваат тоалетот

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnСекој што некогаш живеел со жена знае дека кога се оди по голема нужда, неизбежно е да засмрди, некогаш многу. Особено во оние денови од месецот. Пуф!rn

    11. Прдат

    rn11 грозни работи што секоја девојка ги прави, но никогаш не би ги призналаrnrnПонекогаш девојките дури си ги мирисаат своите прдежи под прекривките. Но, чисто да проверат дали се осеќа. :)rnrnПравите нешто од ова? Без грижа, знаеме дека девојките за овие нешта не зборуваат. 🙂

  • 4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето

    4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето

    Средствата за хигиена се полни со најразлични состојки, кои само во еден продукт се над десет, а некои од нив можат да бидат опасни по здравјето. Мажите не користат многу средства за хигиена како што тоа е случај со жените, но и во она што го користат понекогаш може да се најде некоја од тие штетни состојки.rnrn4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат но можат да бидат штетни по здравјетоrn

    1. Парфем и колонска вода

    rnРечиси сите видови колонска вода кои ги знаете во себе содржат синтетички хемиски супстанци наречени фталати кои штетно влијаат на спермата. Тие ја намалуваат количината и мобилноста на сперматозоидите. Затоа треба да се потрудите да најдете парфем или колонска вода која не содржи вакви супстанци.rn

    2. Дезодоранс и антиперспирант

    rnТие се полни со разни состојки како триклозан, BHT, алуминиумски соли, засилувачи на продирањето во кожата и вештачки мириси. Некои од нив можат да бидат опасни за вашето здравје. Иако во средствата за хигиена се наоѓаат во мали количини, некои од нив се поврзуваат со Алцхајмерова болест, рак на дојката, нарушување на хормоните, негативни ефекти на нервниот систем итн. Обидете се да користите нешто што е направено на природна база.rn

    3. Крем за бричење

    rnПовеќето кремови за бричење содржат триетаноламин, којшто се поврзува со ракот, потоа парабен, кој не се разградува туку се таложи во телото и исто така предизвикува рак, како и синтетички мириси кои, како што веќе рековме, лошо влијаат на сперматозоидите. Предолгото изложување на телото на сите овие хемикалии може да биде многу штетно.rn

    4. Лосион за после бричење

    rnПовеќето лосиони содржат алкохол кој го суши лицето наместо да му ја даде потребната влажност. Миењето на лицето со студена вода е добра алтернатива.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 28 хигиенски навики благодарение на кои секогаш ќе мирисате убаво

    28 хигиенски навики благодарение на кои секогаш ќе мирисате убаво

    Само туширањето не е доволно. Може и да се бањате редовно, но пак да произведувате некои лоши мириси. Следете ги овие совети за да го избегнете тоа.rnrn27 хигиенски навики со кои секогаш ќе мирисате убавоrnrn1. Убаво мијте го делот зад ушите. Ако не го правите тоа ќе мирисате како некои стари луѓе.rnrn2. Не штедете на тоалетна хартија после голема нужда, користете уште и уште додека последното парче не биде сосема бело.rnrn3. За истата работа користете влажни марамчиња наместо тоалетна хартија. Тие се многу поефикасни. Треба само да се наменети за интимна нега и да можат да се фрлаат во шолја.rnrn4. Менувајте ја навлаката на перницата на неколку дена. Нечистотијата која останува врз неа предизвикува појава на акни.rnrn5. Чистете ги забите со конец за да го избегнете лошиот здив.rnrn6. Тријте го јазикот со четката за заби за да го избегнете лошиот здив.rnrn7. Користете хидроген пероксид или физиолошки раствор за миење на устата.rnrn8. Кивајте во внатрешноста на лактот.rnrn9. Чистете го папокот.rnrn10. Убаво мијте го просторот помеѓу прстите на нозете.rnrn11. Убаво мијте го перинеумот, односно просторот помеѓу гениталиите и анусот. Тој дел од телото може да произведе многу лоши мириси.rnrn12. Одете на лекар заради чистење на ушите. Дома не можете да ги исчистите како што можете таму.rnrn13. За мажи: Користете бебешка пудра за одржување на хигиената на вашите тестиси.rnrn14. За мажи: Скратете ги или избричете ги срамните влакна и оние под мишките.rnrn15. За мажи: Секојдневно мијте ги тестисите, и по повеќе пати ако треба.rnrn16. Избришете го врвот на пенисот со хартија после мочање.rnrn17. Користете бебешка пудра и за деловите каде што тестисите се тријат од нозете.rnrn18. За жени: Избегнувајте да ја миете внатрешноста на вагината со средства за хигиена. Лекарите велат дека со тоа ја нарушувате вагиналната флора и предизвикувате лоша миризба.rnrn19. За жени: Користете ph-балансиран сапун за вагинална хигиена и не користете жешка вода.rnrn20. Имајте предвид дека дезодорансот за тело не може да надомести за пропуштеното туширање.rnrn21. Мијте го задникот, секој ден.rnrn22. Исчистете ја мртвата кожа од надворешноста на носот.rnrn23. Туширајте се навечер пред да си легнете и ослободете со од килимот. Немојте нечистотиите собрани во текот на денот да ги носите в кревет или да го чувате килимот на кој ги оставате.rnrn24. Тријте си го грбот со четка. И таму се собираат нечистотии.rnrn25. После туширање, исушете ги со фен сите делови на телото каде што имате влакна.rnrn26. Ноктите постојано нека ви бидат уредни – исечени и чисти.rnrn27. За луѓе со прекумерна тежина: Мијте го делот на половината, онаму каде што почнува задникот. Таму се создаваат многу лоши мириси поради потењето.rnrn28. Ако во моментот не можете да се истуширате, под мишките ставете средство за дезинфекција на рацете. Тоа брзо ќе ја елиминира миризбата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    Сте знаеле ли дека сода бикарбоната може да има безброј придобивки во вашиот живот? Погледнете го ова одлично видео кое ќе ви покаже 5 одлични начини на кои таа може да ви помогне во вашето секојдневие…rnrnrnrn1. Храна за вашите растенија – Освежете ги вашите цвеќиња така што одвреме-навреме ќе ги полевате со 1 лажичка сода бикарбона, растворена во 2 литри вода. Вашите цвеќиња ќе ви бидат благодарни!rnrn2. Помош при изгореници – Следниот пат кога ќе се изгорите на шпоретот, брзо турете малку сода бикарбона во сад со вода со мраз, потопете крпа или газа во неа и потоа поставете ја на изгореницата. Нанесувајте сè додека изгореницата не престане да ви предизвикува чувство на топлина.rnrn3. Одржување на хигиената – Последниот оброк ви содржел премногу лук или кромид? Нема проблем. Во половина чаша со вода турете една лажица сода бикарбона и потоа прочистете го вашето грло со помош на оваа мешавина која веднаш ќе ја неутрализира непријатната миризба. Таа исто така е и природен дезодоранс, па и покрај тоа што нема да мирисате на цвеќиња по нанесувањето на една лажичка сода бикарбона под вашите пазуви, сепак нема да мирисате ни на спротивните екстреми.rnrn4. Омекнување на месото – Нанесете малку сода бикарбона на сировото месо, оставете го во фрижидер од 3 до 5 часа и потоа добро исплакнете го пред готвење. Местото ќе биде толку меко, што ќе се топи во вашата уста.rnrn5. Освежувач на простории – Доколку сакате да ги неутрализирате непријатните миризби во просторијата, шкафот или фиоките, тогаш турете 3 до 5 супени лажици сода бикарбона во чист чорап и заврзете го на врвот и сместете го некаде каде што нема да се забележува. Во текот на месецот вашата просторија ќе биде многу посвежа од претходно…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    1. Јадење во кревет

    rnОсвен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.rn

    2. Јадење брза храна

    rnДа, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.rn

    3. Губење време со лоши партнери

    rnИ самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.rn

    4. Неконтролирано трошење на парите

    rnЕден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.rn

    5. Гледање серии по цела вечер

    rnИако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.rn

    6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови

    rnНе, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.rn

    7. Споредување на себеси со други

    rnКако вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.rn

    8. Потфрлање со личната хигиена

    rnНе сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.rn

    9. Постојан мамурлак

    rnВо ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.rn

    10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи

    rnДа, корисно е да се вежба комуникација во живо.rn

    11. Спиење до пладне

    rnНекогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.rn

    12. Озборување

    rnНе, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.rn

    13. Губење на професионалноста на работното место

    rnМлади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    14. Неодржување хигиена во домот

    rnИако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.rn

    15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи

    rnКако што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.rn

    16. Неконтролирање на сопствените емоции

    rnАко размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.rn

    17. Неодговорно однесување

    rnАко сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.rn

    18. Позајмување и не враќање на позајменото

    rnВаквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    19. Постојано доцнење за да фатите автобус

    rnИ не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.rn

    20. Наивно размислување

    rnНе, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.rn

    21. ФБ прогонување на старите љубови

    rnЕдноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.rn

    22. Непланско пазарење

    rnЗнаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.rn

    33. Дозволување гордоста да надвладее со нас

    rnВо ред е да побарате помош и да признаете слабост.rn

    25. Неследење на временската прогноза

    rnМожеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.rn

    25. Заборавање да се каже „благодарам“

    rnОва за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Засрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

    Засрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

    Знаеме дека криете нешто, дека имате тајни. Исто, знаеме што криете. Но, не грижете се, не сте сами. Многумина ги прават овие работи иако никогаш не би признале.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Кога немате перена долна облека користите костим за капење за истата намена

    rnАко долната облека не е испрана, а вие мора да излезете веднаш од дома, и немате што да облечете, ќе наврете набрзинка долен костим за капење. Кога мора да се снаоѓаш, мора. А и не е толку страшно. Кој ќе знае што носите на себе?rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Ги „демнете“ пријателите на социјалните мрежи

    rnОк, здодевно ви е, нема што да правите, плус сте љубопитни за нечиј живот. Фаќате и прегледувате сè што му/ѝ се случувало на ФБ. Да, знаеме, звучи лошо. А знаете што е уште полошо? Знаеме дека одвреме-навреме ќе ѕирнете и во профилите на бившите, иако мина долго време и сте го/ја преболеле.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Јадење лоша храна и остатоци од храна

    rnКако вчерашната пица со тврда корка, или ненаситното ждерење на последните неколку колачиња или пудингот со сомнителен рок на траење што се правите дека не го забележувате. Во ред е, сите знаеме да бидеме дрчни понекогаш.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Потфрлате со личната хигиена

    rnНе сте понеле со себе четка за заби на викенд на место кое нема допир со цивилизација и се „четкате“ со прст. Или, немате време да измиете заби и набрзинка лапате мастика. Може и да доцните негде па да не се истуширате туку да потрошите пола дезодоранс. Упс.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Кажување „бели“ лаги

    rnДа, знаеме, но не грижете се, вашата тајна е безбедна со нас. Не, не бевте толку зафатени едноставно заборавивте да ѝ ѕвоните, и не треба да одите таму и таму едноставно не сакате да се видите со личноста. И да, не ве боли стомак туку не ви се работи по дома.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Преправање дека имате супер живот на социјалните мрежи

    rnДа се разбереме, ничиј живот не е совршен, а луѓето, кој помалку кој повеќе, ги користат социјалните мрежи за да покажат дека живеат посреќен, поудобен и побогат живот.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

  • Грешки кои веројатно ги правите при одржување на хигиената

    Грешки кои веројатно ги правите при одржување на хигиената

    Одржувањето на хигиената е навика и нешто што на сите ни доаѓа природно да го правиме. Иако мајките нè имаат научено на основите како мали, подоцна сами развиваме специфични навики потпирајќи се на инстинктите и нашето знаење за тоа како треба да се бањаме, да миеме заби, да чистиме уши итн. Ќе се изненадите, ама овие грешки при одржување на хигиената ги прават многумина од нас.rnrngreshki-koi-verojatno-gi-pravite-pri-odrzhuvanje-na-higienata-kafepauza.mkrnrn1. Ставате премногу шампон. Обично е доволно околу ½ лажичка, секако зависно од должината и густината на косата.rnrn2. Исто така пречесто ја миете косата, што предизвикува губење на нејзиниот сјај. Правете го тоа преку еден ден.rnrn3. Ја користите луфата премногу долго. Нивната текстура собира бактерии, па затоа треба да ја менувате на секои 4 недели.rnrn4. Ги чепкате ушите со стапчиња за уши. Но, тие всушност не се баш добри за ушите. Со нивна употреба, ушната маст ја туркате подлабоко во увото или пак премногу ја отстранувате, што пак може да предизвика инфекции. Затоа, замотајте парче тоалетна хартија околу прстот, и така чистете си ги ушите.rnrn5. Си ги миете забите во погрешно време. Миењето на забите веднаш после оброк ја оштетува глеѓта. Затоа, мијте ги забите 30 минути по оброкот.rnrn6. Мислите дека е подобро да користите антибактериски сапуни? Обичните сапуни се подеднакво добри, сè додека правилно ги користите за да си ги измиете рацете. Тријте го сапунот во рацете барем 20 секунди пред да се исплакнете.rnrn

  • Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Дали припаѓате на оние жени кои водат многу грижа за својата хигиена на интимното подрачје, но сепак чувствувате непријатен мирис? Постојат неколку причини за тоа, но и неколку начини да се изборите со овој проблем. Прво и основно, треба да ја откриете причината за да може да го третирате проблемот.rnrnneprijaten-miris-na-vaginata-od-shto-se-pojavuva-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mkrnrnПојавата е многу непријатна, а може да биде последица на лоша хигиена, влошки и носење несоодветна облека, но сепак треба да знаете кога е време да се обратите кај вашиот гинеколог.rn

    „За жал, не постојат доволно студии и истражувања кои се занимаваат со проблемот на вагиналниот мирис, ниту е точно објаснето кoј мирис е нормален, а кој не е“, вели Рахив Гала, професор на отсекот за гинекологија на медицинскиот факултет во Њу Орлеанс.

    rnСепак, треба да знаете дека доколку забележите премногу јак мирис, големи се шансите проблемот да лежи во некоја инфекција. Исто така, некои инфекции манифестираат непријатен вагинален мирис, а други не.rnrnБактериската вагиноза – претеран развој на бактерии во вагината, предизвикува јак мирис, кој потсеќа на мирисот на риба. Истиот мирис го произведува и трихомонијазата, полово пренослива болест, која го предизвикува паразитот Трихомонас вагиналис. Но, кај третина од жените кои имаат вагинален мирис, сепак се работи за некој друг причинител.rn

    „Хроничен запек, претерано потење, лоша хигиена и урина на долната облека може да бидат причина за непријатен мирис“, објаснува Гала и додава дека носењето тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на вагината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите остануваат заробени на кожата.

    rnПричината може да биде и преголема телесна тежина. Доколку постои вишок кожа, се создаваат набори и на тие места потта останува заробена и предизвикува непријатна миризба.rnrnВагиналниот мирис може да се менува во текот на менструалниот циклус. Исто така, се случува кај жените додека вежбаат да им се излачува малку урина, па со носење влошка во тие ситуации може да се предизвика лоша миризба.rnrnДоколку сте загрижени за вашата вагинална миризба, треба да посетите гинеколог кој ќе ја открие причината преку низа рутински тестови и ќе увиди дали проблемот може да се реши без терапија. Од друга страна, доколку причината е инфекција, ќе добиете соодветен антибиотик или некој друг третман за отстранување на непријатниот мирис.rn

    „Она што можете да го направите за да го спречите овој непосакуван мирис е да носите памучна долна облека, како и редовно да ја менувате, и да практикувате облека која не е претесна“, советува Гала. Слабеењето исто така ќе помогне доколку проблемот е во вишокот кожа околу вагиналниот регион.

    rnМожеби ќе паднете во искушение да купите некој производ кој ќе ја маскира непријатната миризба, но Рахив Гала советува тоа да не го правите бидејќи таквите препарати немаат никакви здравствени бенефити, туку само нудат моментално решавање на проблемот и чувство на олеснување. Спротивно на тоа, постојат сомнежи дека тие го зголемуваат ризикот од развој на бактериска вагиноза, габични инфекции и запаление на карлицата.

  • Направете ја најевтината течност за борба со лошиот здив

    Направете ја најевтината течност за борба со лошиот здив

    Покрај редовното миење на забите, испирањето на усната шуплина е клучно за одржување на оралната хигиена. Со оваа течност, која е многу едноставна за подготовка, ќе ги отстраните насобраните остатоци од храна и бактериите од устата кои го предизвикуваат лошиот здив.rnrn?????????????????????????????????????????????????????????rnrnИако течностите за уста се достапни на полиците во сите продавници, треба да се избегнуваат заради нивните агресивни состојки, па затоа ви препорачуваме да си направите сами природен и евтин производ за чистење на усната празнина кој ќе ви даде свеж здив.rn

    Потребни состојки

    rn

      rn011

    • ½ рака свеж магдонос
    • rn011

    • ½ литар вода
    • rn

    rn1-napravete-ja-najevtinata-technost-za-borba-so-loshiot-zdivrnrnЗелените ливчиња од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја укажува на изобилство на хлорофил кој е најдобар природен борец против лошиот здив заради тоа што поседува антибактериски својства.rnrnИако џвакањето ливчиња магдонос се препорачува веднаш по јадење храна која предизвикува непријатна миризба, чајот од магдонос е попрактична и поделотворна метода во елиминирањето на бактериите и лошиот здив.rn

    Начин на подготовка:

    rnВо тенџерче ставете ја водата и додајте го исечканиот магдонос, а потоа оставете да се вари околу 5 минути. Потоа процедете ја течноста, оладете ја и конзумирајте ја после секој оброк.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.