КАФЕ ПАУЗА

Tag: хигиена

  • Време е да заборавите на нив: Хигиенски навики кои воопшто не се корисни!

    Време е да заборавите на нив: Хигиенски навики кои воопшто не се корисни!

    Се случува претераната грижа за здравјето да создаде токму спротивен ефект од посакуваниот, а претераната хигиена може да биде причина и за некои болести. Следуваат трите навики кои ви носат повеќе штета, отколку корист…rn

    1. Миење на забите после секој оброк

    rn1-vreme-e-da-zaboravete-na-niv-higienski-naviki-koi-voopshto-ne-se-korisni-www.kafepauza.mk_rnrnПодолго време важеше правилото дека миењето на забите после секој оброк е одличен начин за одржување на денталното здравје под контрола, но современите забари тврдат дека тоа и не е баш најдобра идеја. Храната остава киселини на забите, што може да ја ослаби нивната глеѓ, а миењето во моментот кога глеѓта е ослабена, може да доведе до тоа да ја оштетиме.rnrnСе препорачува да ја миете устата со вода после секое јадење и да ги миете забите наутро и навечер. Обидете се да го правите тоа со кружни движења, бидејќи на тој начин подобро се отстрануваат штетните бактерии помеѓу забите и забното месо. Миењето на забите со движења горе-долу или напред-назад може да ги остави штетните бактерии, кои потоа може да предизвикаат болести на непцето.rn

    2. Претерано користење на гел за дезинфекција на рацете

    rn2-vreme-e-da-zaboravete-na-niv-higienski-naviki-koi-voopshto-ne-se-korisni-www.kafepauza.mk_rnrnАко имате навика постојано да нанесувате гел за дезинфекција на рацете, бидејќи сметате дека на тој начин ќе спречите контактот со надворешниот свет да ве „извалка“, тогаш започнете да размислувате да ја исфрлите таа навика. Дури и ако се наоѓате таму каде што сигурно концентрацијата на бактерии е висока (на пример, чекалната кај докторот) обичните сапун и вода ќе ви помогнат да се ослободите од нив без никакви проблеми. Точно е дека геловите за дезинфекција служат кога немате прилика да ги измиете рацете, но кога ќе избирате гел внимателно читајте што пишува на етикетите. Неодамнешните истражувања покажале дека геловите кои содржат триклосан може само да ги зајакнат вирусите и бактериите и да ги направат отпорни на антибиотици (истото важи и за антибактериските сапуни). Изберете брендови кои содржат најмалку 60% алкохол и кои ќе убијат 99% од бактериите на прв допир.rn

    3. Чистење на домот со средства за дезинфекција

    rnrnrnКако и во случајот со антибактериските гелови и сапуни, иако изгледа дека редовната дезинфекција помага при борбата против бактериите и го чува здравјето на домашните, вистината е дека антибактериските или дезинфекционите средства може да имаат сосема спротивно дејство. Овие производи не се докажале дека се ниту малку поделотворни од обичните производи за чистење, а со тоа постојат докази дека хемикалиите во дезинфекционите средства може да доведат до астма. Кај производите за чистење, избегнувајте ги оние кои содржат „2butoxyethanol“, за кој се смета дека е канцероген, „alkylphenol ethoxylatesm“ кој може да доведе до нарушување на хормоните, и етаноламин, кој може да предизвика астма. Но, бидејќи компаниите кои произведуваат средства за чистење не се обврзани со закон да ги наведуваат состојките на етикетите, се препорачува чистењето да го извршувате на старински начин – со мешавина од вода и оцет (пола-пола) или со сода бикарбона. Двете варијанти имаат антибактериско дејство и никаков штетен ефект. Клучот на добрата хигиена во домот е да се чисти често, а не постојано да се обидувате да ги убиете сите бактерии со помош на хемикалии.rnrnОткако ќе ги избришете овие лоши хигиенски навики од вашиот живот, време е да ги усвоите нови хигиенски навики благодарение на кои секогаш ќе мирисате убаво.

  • Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

    Работи кои можете да ги исчистите во машината за перење облека

    Можеби не сте знаеле, но вашата машина за перење покрај облека, може да исчисти и многу други работи. Погледнете ја листата со работите кои е безбедно да ги чистите во перална.rn

    1. Простирка за автомобил

    rn(1)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnПростирките можете да ги чистите и со правосмукалка, но за навистина да изгледаат како нови, ставете ги во машината за алишта. Исперете ги со студена вода, а потоа оставете ги на сонцето да се исушат. Немојте премногу да ги перете бидејќи може да се оштети гумата на нив.rn

    2. Перници

    rn(2)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnБез правилно чистење, на вашата перница се собираат многу мртви кожни клетки и бактерии. Перете ги перниците една по една и тоа со жешка вода. Можете да ги исушите во сушилница.rn

    3. Чевли

    rn(3)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnНајлесниот начин да ги исчистите вашите чевли е да ги ставете во машината за алишта. За да не тропаат кога ќе ги перете, ставете и неколку крпи со нивrn

    4. Крпа од џогер

    rn(4)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnОткако ќе го исчистите подот, вашиот џогер секако ќе биде валкан. Наместо да го фрлате, можете да го исперете во машината за алишта. Не само што ќе заштедите пари, туку ќе ја заштитите и природата.rn

    5. Завеси

    rn(5)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnНе мора често да ги перете завесите, но правете го тоа еднаш секоја сезона. Прочитајте ги инструкциите на самата завеса пред да ја перете, исто како што правите и со секое парче облека.rn

    6. Кадифени играчки

    rn(6)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnМожете еднаш неделно да ги перете кадифените играчки на вашето дете. Се разбира, доколку немаат никаква електроника во нив. Исперете ги со топла вода и немојте да користите премногу средства .rn

    7. Завеса за туш

    rn(7)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnНемојте да ја фрлате вашата завеса, едноставно исперете ја. Ќе ви биде многу поевтино да ги перете со ладна вода отколку постојано да купувате нова.rn

    8. Простирки од тоалетот

    rn(8)raboti-koi-mozhete-da-gi-isperete-vo-mashina-za-perenje-obleka-kafepauza.mkrnrnАко простирката е доволно мала, можете да ја перете во машината. Користете топла вода, бидејќи жешката и ладната можат да ја оштетат гумата на простирките.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Пижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!

    Пижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!

    Облеката што ја носиме во текот на денот, најчесто завршува во корпата за валкани алишта по само едно носење. Сепак, кога се работи за пижамите, никој не помислува дека треба да ги смени по едно преспивање со нив.rnrnИако ги носиме секоја вечер барем по неколку часа, едно истражување утврдило дека луѓето обично ги менуваат пижамите на секои 13-17 дена во просек. Веројатно ова се должи на претпоставката дека во текот на ноќта нашето тело не се валка, па затоа и не чувствуваме потреба да ги ставиме пижамите на перење штом станеме од кревет. Но, ова е далеку од вистината.rnrnПижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!rnrnЕве ги причините поради кои пижамите треба да ги менувате секој ден.rn

    1. Насобирање на бактерии

    rnСите ние постојано носиме бактерии на површината на нашата кожа, во носот и во устата. Во повеќето случаи, овие бактерии не се штетни за организмот. Но, кога постојано спиеме во истата облека, тие се насобираат на неа и тоа може да доведе до опасно ширење на бактериите. При опаднат имунитет, во случај на некоја посекотина или опекотина на кожата, тие почнуваат да го напаѓаат нашето тело, што пак може да доведе до инфекција.rn

    2. Создавање на акни и цисти

    rnСпиењето долго време во исти пижами овозможува на нив да се насоберат сите можни видови бактерии со мешавина од отпадната кожа, масла, прашина и други микроорганизми. Доближувајќи ги пижамите до телото, ние всушност нанесуваме слој од тие предизвикувачи на акни врз себе, запушувајќи ги порите, што доведува до формирање на нови иритации на кожата.rn

    3. Акумулирање на грини од прашина

    rnКреветите и пижамите се вистински рај за грините. Овие микроскопски организми секогаш нѐ следат и научниците тврдат дека од нив не можеме да се ослободиме дури ни во совршено чисти услови. Тие се хранат со мртва кожа. Па, што подолго ги носиме истите пижами неперени, толку повеќе на нив се акумулираат грини, кои можат да предизвикаат алергиски реакции, како што се кашлање, течење на носот и проблеми со дишењето.rnrnПижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!rn

    4. Непријатен мирис

    rnВо текот на спиењето нашите тела интензивно се потат, таа пот се впива во пижамите и тоа создава непријатен мирис. Па, доколку имате навика да се туширате навечер, непосредно пред да влезете во вашите комотни пижами, миризливите купки немаат многу поента ако вашата ноќна гардероба не сте ја испрале повеќе од десет дена.rn

    5. Отсуство на утринска свежина

    rnНосењето нечисти пижами создава чувство на нечисто тело. Дури и ако наутро облечете чиста облека, доколку вашето тело не е сосема чисто, може да се чувствувате непријатно. Тоа е така затоа што одредена количина нечистотии се собираат на пижамите, а потоа се пренесуваат на вашето тело.rn

    6. Несоница

    rnКога одиме на спиење во чисти пижами се чувствуваме поопуштено и спремни за сладок сон. На тој начин ни е многу полесно да заспиеме. Освен тоа, така се подобрува квалитетот на сонот, а на кожата се насобираат помалку микроорганизми кои можат да предизвикаат иритација или чешање.rnrnДобрата хигиена помага да се чувствуваме подобро. Тоа е важно, не само за нашето физичко здравје, туку и за менталното. Затоа, менувајте ги вашите пижами што почесто.

  • 5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

    5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

    Уште од мали нè учат дека забите треба да ги миеме три пати дневно, по секој оброк, и редовно да одиме на заболекар, најмалку два пати годишно. Исто така, се препорачува барем еднаш на ден да ги чистиме темелно со забен конец. На тој начин нема само да ја спречиме појавата на кариес и други забни заболувања, туку ќе го заштитиме и здравјето на секој орган од телото. Доколку не обрнувате многу внимание на оралната хигиена, овие 5 страшни работи што може да ви се случат ќе ве натераат веднаш да ја грабнете четката за заби:rnrn5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовноrn

    1. Стрес

    rnКај луѓето кои се постојано под притисок поради тоа што имаат напорна работа или се во врска која емоционално ги исцрпува, постои поголема веројатност да им се расипат забите. Во вакви случаи грижата за здравјето на забите треба да се сфати како време за одмор кој ќе ви даде оддишка по напорниот ден.rn

    2. Дијабетес

    rnАко само еден ден не ги измиете забите, сигурно нема веднаш да се разболите, но сува уста и многу бактерии може да ги влошат заболувањата кои веќе постојат, како што е дијабетесот. Доколку имате предиспозиции за оваа болест, секогаш имајте забен конец и гума за џвакање без шеќер со вас, за во секое време да можете да ја исчистите усната празнина од остатоците од храна, кои би можеле да предизвикаат проблеми при регулацијата на шеќерот во крвта.rn

    3. Психички проблеми

    rnВашиот мозок многу подобро ќе функционира кога ќе бидете постари, ако сега се грижите за здравјето во устата. Според некои истражувања, заболувањата на непцата предизвикани од лоша орална хигиена го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест и други слични ментални нарушувања кои се јавуваат подоцна во животот.rn

    4. Остеопороза

    rnДоколку се грижите за здравјето на вашите заби и јазик, вашите коски ќе бидат посилни. Барем оние кои се наоѓаат во устата. Според Националниот институт за здравје, премногу бактерии помеѓу образите можат да го уништат сврзното ткиво кое ги држи забите на место и да го ослабат имунитетот доколку навлезат во организмот. Остеопорозата која се јавува на постари години се смета за последица од лошата орална хигиена.rnrn5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовноrn

    5. Срцево заболување

    rnБактериите во усната празнина можат да создадат поволни услови за развој на патогени кои доведуваат до создавање плака во артериите. Артериската плака го зголемува ризикот од срцев удар и напад. Мијте ги забите редовно за да ги намалите шансите да се случи ова.rnrnИмајте ги овие опасности предвид и грижете се за здравјето на вашата усна празнина. Практикувајте ги советите на голем број заболекари: чистете ги забите со забен конец пред спиење за да ги отстраните остатоците од храна кои може да предизвикаат кариес, одвојте по 2 минути најмалку 2 пати дневно за да ги измиете забите, менувајте ја четката за заби на секои три месеци и никако не користете туѓа. Ако не сте во можност да ги измете забите, земете гума за џвакање без шеќер. Луѓето кои ги следат овие совети немаат кариес и забен камен, а имаат посилни заби. И не заборавајте да се смеете! Луѓето коишто се посреќни и позадоволни во животот имаат подобро орално здравје. Овие неколку минути што ќе ги посветите секој ден на вашите заби ќе придонесат да се чувствувате многу подобро физички, но и психички.

  • Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

    Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

    Најчесто пред да влеземе во нашиот дом си ги собуваме чевлите затоа што нашите мајки воспоставиле таков ред и дисциплина. Тоа најчесто го правиме за да се одржува хигиената во домот. Но, сега и научниците советуваат дека никогаш не треба да влегуваме пред да ги соблечеме чевлите. Еве зошто…rnrnЕве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевлиrn

    На вашите чевли живеат бактерии

    rnСпоред научниците, се работи за нешто повеќе од само чисти подови. Всушност, носењето чевли внатре го зголемува ризикот од внесување некоја бактерија од надворешниот свет. Истражувањата покажуваат дека на надворешноста на чевлите има 421.000 бактерии од 9 различни видови. Тука спаѓаат ешерихија коли и клебсиела пневмонија која може да предизвика инфекции на мочниот тракт, како и serratia ficaria, која предизвикува респираторни инфекции.rnrnОвие бактерии можат да се закачат на нашите чевли бидејќи поминуваме низ места кои претставуваат легла на бактерии како што се јавните тоалети, нечистата вода, животинскиот измет и така натака. Органските остатоци по кои газиме всушност им помагаат на бактериите да живеат на вашите чевли, што значи дека на нив сега сигурно има бактериски колонии.rnrnИстражувањата откриле дури 77.000 различни видови бактерии и вируси во јавните тоалети, а од земените примероци најзастапени биле стафилококите.rn

    Но, има и други опасности освен бактериите

    rnПреку чевлите дома може да внесете отрови од вештачки ѓубрива и инсектициди со кои се прскаат тревниците. Тоа е навистина играње со вашето здравје. Да не ги заборавиме и валканите вирови во кои сте стапнале, а кои покрај вода, содржат остатоци од бензин, нафта, моторни масла и што ли уште не, кое лесно може да се најде на вашиот под во дневната соба.rn

    Што треба да правите?

    rnЕдноставно е. Соблекувајте ги чевлите кога влегувате дома. И не јадете храна од подот, иако вам ви се чини дека е чиста. Или послушајте ги научниците и перете ги чевлите со детергент во машина за перење. Можеби затоа се верува дека научниците не знаат ништо за модата.

  • 11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваат вашето здравје

    11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваат вашето здравје

    Некои од начините на кои ја подготвуваме храната можат да бидат многу погрешни и да се причина за предизвикување многу болести. Бактериите се сериозна работа и доколку не внимаваме при готвењето, тие драстично се развиваат и размножуваат. Ова се неколку грешки кои не би смееле да ги правите и совети како да го спречите внесувањето бактерии во организмот.rnrn11 навики на подготвување на храната кои го загрозуваaт вашето здравјеrn

    1. Сировото и термички обработено месо треба да се чува во посебни садови

    rnЗа подготвувањето на сирово, варено или печено месо секогаш употребувајте различни чинии или садови. Причината за тоа е што бактериите од сировото месо можат да се префрлат на термички обработеното месо. Истото важи и за морските плодови и птиците.rn

    2. Одмрзнување на месото на кујнската работна маса

    rnСо оглед на тоа што бактериите многу брзо се размножуваат на собна температура, месото никогаш не смеете да го одмрзнувате на кујнската работна маса. Најдобар начин за одмрзнување на состојките е во фрижидерот, во чинија со ладна вода или во микробранова печка.rn

    3. Миење на месото

    rnСпротивно на логиката, миењето на месото во мијалникот не е воопшто хигиенски. На тој начин бактериите можат да се прошират во мијалникот и на останатите кујнски површини.rn

    4. Ладење на храната пред да ја ставите во фрижидер

    rnМногумина се уверени дека треба да ја оладите храната пред да ја стават во фрижидер. Меѓутоа, оставањето топла храна на собна температура значи отворен повик кон бактериите. Во лесно расипливата храна, бактериите кои предизвикуваат болести можат да се развијат за два часа, освен ако храната брзо не се стави во фрижидер. Но, имајте на ум дека штотуку зготвената, врела храна не смее да се стави во фрижидер бидејќи ќе ослободува топлина, при што ќе биде загрозена останатата храна внатре.rn

    5. Јадења кои содржат живи јајца

    rnПредупредувањето за опасноста од консумирање живи јајца е потполно издржано. Термички необработените јајца може да имаат салмонела или други штетни бактерии.rn

    6. Маринирање на кујнската работна маса

    rnМаринирањето на кујнската работна маса е подеднакво опасно како и одмрзнувањето на храната на истата. Штетните бактерии брзо се размножуваат на собна температура, затоа маринираната храна задолжително чувајте ја во фрижидер. rn

    7. Користење на маринадата како сос

    rnИако се чини дека е економично да ја користите маринадата како сос, треба да имате на ум дека бактериите од сировото месо може да ја заразат вашата храна. Маринадата може да ја користите само ако пред консумирање ја загреете до температура на вриење.rn

    8. Недоволно термички обработено месо

    rnПремногу сувото месо, недопеченото месо или вареното месо во себе може да содржи опасни бактерии. „Крвавиот бифтек“ не се наоѓа на листата на забранети или нездрави јадења, но правилно зготвеното месо во секој случај е посигурен избор.rn

    9. Немиење на рацете

    rnВажност на миењето раце е добро позната мерка за безбедност. Сепак, многумина поради брзање или забораваат да ги измијат рацете или тоа не го прават како што треба. Рацете треба да се мијат 20 секунди со сапун, а потоа убаво да се исплакнат со вода.rn

    10. Пробување на храната за да се утврди нејзината исправност

    rnАко сте од оние луѓе кои го пробуваат млекото за да се уверат дали е расипано, тогаш подобро откажете се од оваа навика. Иако во случајот со млекото може да добиете само стомачни тегоби, само еден залак од некоја друга расипана храна може да предизвика сериозни здравствени проблеми.rn

    11. Неизмиеното овошје е опасно ако се сече на даската за сечење

    rnДури и ако планирате да го излупите овошјето или зеленчукот пред употреба, сепак најдобро е прво да го измиете, затоа што пестицидите од овошјето можат да се префрлат на другите површини во кујната.

  • Еве што се случува доколку не ги миете забите

    Еве што се случува доколку не ги миете забите

    Колку се чисти вашите бисерно бели заби?rnrnСпоред статистиката спроведена од две организации за орално здравје, повеќе од 30 проценти од Американците не ги мијат доволно своите заби (се мисли на времето), а дури 23 проценти од возрасните, два или повеќе дена воопшто не ги измиле забите во текот на минатата година.rnrn(0)-eve-shto-se-sluchuva-dokolku-ne-gi-miete-zabite-kafepauza.mkrnrnЗнаејќи го ова, се прашуваме: Што точно се случува ако не ги миеме забите?rnrn1 ден: По 24 часа, тенок слој од нечистотија се формира на надворешниот дел од забите. Веројатно ништо страшно не се случува во еден ден, но штетата на забите напредува релативно брзо, а лошиот здив веќе значително се чувствува после вториот ден.rnrn1 недела: После 7 дена немиење, слојот од нечистотија станува подебел и во овој момент веројатно веќе смрди. Исто така, помеѓу третиот и седмиот ден се забележува зачетокот на гингивитис, еден вид болест на непцата. Всушност непцата веќе се иритираат и крварат само на допир.rnrn1 месец: После 30 дена немиење на забите, бактериите што живеат во вашата уста почнуваат процес на кршење на забите. Не само што се забележува црвенило на непцата, туку и ако се конзумира храна со многу шеќер, значително се зголемува ризикот од гниење на забите.rnrnВо овој период се формираат бели дамки на забите. Додека овие бели дамки се појавуваат поради разни причини (исхрана, генетика или прекумерно внесување флуор), во овој случај тие индицираат на декалцификација на забната глеѓ, а тоа е првиот видлив знак за влошување на состојбата на забите.rnrn1 година: Додека поминат 365 дена без употреба на четка за заби и паста, плунката – посебно ако во исхраната се користи шеќер – дополнително придонесува кон распаѓањето на забите и формирање дупки во нив, покрај нечистотијата која секојдневно се таложи на надворешниот дел од забот. Непцата веќе се црвени и воспалени.rnrnНо, она што треба да се потенцира е дека штетата зависи од возраста. Човековото тело е дизајнирано да се штити себеси, па во ваков случај помалку последици ќе има помлад човек од повозрасен. Ако некој човек на 50 години не ги мие забите во текот на една година, посебно ако тој бил болен, тогаш неговите заби брзо ќе почнат да паѓаат.rnrn5 години: Уште еднаш, возраста има важна улога за тоа во каква состојба би биле вашите заби после 1.800 денови без миење. Млад човек вообичаено ќе помине без големи последици и ќе заврши со воспаление на непцата и по некој изгубен заб. Но, постар човек со помал телесен имунитет, тешко дека ќе сочува макар еден заб во устата после пет години нехигиена.

  • Здравиот живот започнува од домот!

    Здравиот живот започнува од домот!

    Едно неодамнешно истражување покажа дека на Европејците здравиот дом им е поважен за здравјето отколку избегнувањето на цигарите или редовната физичка активност. Па така, создавањето на здрав дом станува важен фактор за здравиот животен стил. Ова е заклучокот од новото истражување на „Healthy Home Barometer“, коe го спроведе групата VELUX.rnrn1-zdraviot-zhivot-zapochnuva-od-domot-www.kafepauza.mk_rnrnЖивотот во нездрави услови може да доведе до астма, хроничен замор, лошо да влијае на работата и да ја наруши способноста за учење кај децата. Научниците предупредуваат на овие и на другите опасности со кои се соочуваме доколку живееме во нездрав дом. Меѓутоа, кога се во прашање конкретните активности за отстранување на овие опасности, иако сме свесни, не преземаме ништо за да ги елиминираме или да ги надминеме.rnrnОва е уште еден заклучок од оваа студија, која е спроведена помеѓу жителите на 12 европски земји. Идејата на ова истражување била да ги стави во фокус нашите размислувања и постапки кога е во прашање нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.rn

    „Европејците сакаат домови кои се енергетски ефикасни, додека истовремено им обезбедуваат удобност и здрав живот. Луѓето едноставно сакаат здрави домови“ – вели Мишел К. Расмусен, член на VELUX групата и иницијатор на ова истражување.

    rnФакторите за создавање на нездрав дом се движат од нередовно проветрување и сушење на алиштата внатре во домот, па сè до живот со премало осветлување во текот на денот или спиење во премногу осветлени соби.rnrn2-zdraviot-zhivot-zapochnuva-od-domot-www.kafepauza.mk_rn

    Свежиот воздух и дневната светлина се поважни од здравиот режим на исхрана

    rnСпоред оваа неодамнешна студија, испитаниците им дале предност на свежиот воздух и дневната светлина во однос на исхраната богата со овошје и зеленчук. Логично е да се заклучи дека испитаниците попрво би ја унапредиле внатрешната клима во своите домови, отколку да се активираат за да се занимаваат со физички активности и вежбање, подготовка и консумирање на здрава храна или откажување од цигарите.rnrnМеѓутоа, ова воопшто не е реалност. Поголем дел од Европејците ја сушат облеката во внатрешните простории од домот, без оглед на фактот што ова го зголемува нивото на влажност, што пак води до респираторни заболувања. Исто така, главно се спие во недоволно замрачени простории, што значи дека телото има помали шанси да се одмори и опорави после долгиот и напорен ден. Дури една четвртина од популацијата одбива да ги проветрува своите домови во текот на зимскиот период.rnrnИако здравиот дом за многумина од нас претставува приоритет, сепак живееме во услови кои ги нарушуваат нашето здравје и благосостојба.rn

    „Oбезбедувањето природна, дневна светлина во текот на денот и потполн мрак во текот на ноќта значително многу влијае на нашето општо здравје и благосостојба. Исто така и свежиот воздух. Сите овие фактори се дел од здравиот животен стил, како што е и здравиот режим на исхрана и одењето во теретана“ – вели Мишел.

  • 4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни делови

    4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни делови

    Поради зголеменото потење и топлината, вашите интимни делови во текот на летото бараат подобро и повнимателно одржување на хигиената. Токму затоа држете се до следниве 4 закони за хигиена и свежина таму долу со цел да можете опуштено да уживате во летните и топли денови.rnrn4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни деловиrn

    1. Користете сапун без миризба

    rnБлагодарение на способноста на вагината сама да се чисти, најдобро би било доколку ја миете само со обична вода. Но, доколку сакате да додадете дополнителен начин на чистење, користете само неутрален сапун, односно оној кој нема мирис. Вагината не смее да се мие од внатре бидејќи на тој начин се отстрануваат и здравите бактерии кои ја штитат од полово преносливи болести, воспаленија и други видови инфекции. Доколку чувствувате непријатен мирис кај вагината, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог.rn

    2. Внимателно одбирајте ја долната облека

    rnГаќичките од чипка, сатен и синтетика би требало да ги избегнувате во текот на целото лето. Овие модели ја задржуваат влагата, поради која најчесто под влијание на топлината може да настане габична инфекција. Најдобриот избор за летни гаќички се оние кои се направени од 100% памук бидејќи ѝ овозможуваат на кожата да дише и не ја задржуваат влагата. Исто така, не седете долго време во облека која е мокра од вежбање или пак, во мокри костими за капење по пливањето.rn

    3. Користете добри интимни марамчиња

    rnСекогаш покрај себе имајте еден пакет интимни влажни марамчиња со цел да можете да се освежите. Купете ги оние марамчиња кои се целосно природни, кои не содржат алкохол и кои се биоразградливи.rn

    4. Справете се со внатрешните влакненца

    rnЕдна од несаканите последици од депилацијата со восок е зголемената склоност кон внатрешните влакненца, кои ниту една жена не ги сака во својата бикини зона. За да ја спречите нивната појава, направете пилинг на кожата 2 дена по депилацијата. Користете го оној пилинг кој содржи само природни состојки, а по неговата употреба на сува кожа нанесете препарат против внатрешни влакненца чија цел е да ја смири кожата и дополнително да ја намали нивната појава.rnrnДоколку сепак ви се појават, не се обидувајте да ги извадите. Бактериите на вашите раце можат да направат повеќе штета отколку добро, така што ќе ве изложат на голем ризик од инфекции и лузни.

  • Како да одберете правилна четкичка за заби?

    Како да одберете правилна четкичка за заби?

    Можеби не можете да ја процените важноста на добрата орална хигиена, не само за здравјето на забите, туку и за целокупното здравје на вашето тело. Болеста на непцата е главен фактор за ризикот од развој на сериозни здравствени состојби, вклучувајќи болести на срцето и дијабетес.rnrnkako-da-odberete-pravilna-chetkichka-za-zabi-kafepauza.mkrnrnПримената и користењето на четката за заби е една од основните хигиенски задачи, па затоа е потребна редовна употреба за да се зачуваат забите и непцето здрави.rnrnПрвите четки за заби се појавиле во 1930 година и биле со најлонски влакна, па потрошувачите немале многу опции. Меѓутоа, сега е многу поразлично. Луѓето имаат голем избор на различни типови четки за заби, како што се четките за еднократна употреба, но и електричните четки.rnrnПостојат одредени карактеристики според кои би требало да барате четка за заби, без разлика дали е рачна или на напојување.rn

    Големина

    rnГлавата на четката за заби е многу важна и таа мора да има пристап кон целата усна шуплина. Иако постојат поголеми глави на четките за заби, сепак некои тешко достигнуваат до одредени места во устата. Затоа тие треба да се соодветно поставени или свитливи за да овозможат целосен пристап. Исто така треба да бидат едноставни за држење во рака.rn

    Тврдост на влакната

    rnАко одите да купувате четка за заби, имате можност да одберете четка со меки, средни и тврди најлонски влакна. За повеќето луѓе, меките влакна се најудобни и најсигурен избор. Зависно од тоа колку цврсто ги миете забите, средните и тврдите влакна можат да нанесат штета на непцето, на површината на коренот и на глеѓта на забите.